Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Хаг го поддржува почетокот на преговорите со Албанија и Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

netherlands_-_windmill

Холандската влада сега ги поддржува кандидатурите на Албанија и Македонија за ЕУ, иако во 2019 година го блокираше почетокот на преговорите заедно со Франција и Данска.

Владата и коалициските партии во Претставничкиот дом сега се залагаат двете земји, кои се надеваат на почеток на преговори за членство, да влезат во ЕУ, пишува холандски NL Times.

— реклама —

Почетокот на преговорите со Скопје го блокира ветото на Бугарија за спорот за јазикот и историјата, додека напредокот на Тирана на патот кон ЕУ е поврзан со напредокот на Македонија.

Во мај, Европскиот парламент побара од Европскиот совет за Албанија и Македонија да го започнат преговарачкиот процес, посочувајќи на „геостратешкиот контекст на односите со Русија и руската агресија против Украина“.

— реклама —

Холандскиот премиер Марк Руте сега се залага Албанија и Македонија да го започнат преговарачкиот процес, објави холандската ТВ Телеграф (Де Телеграф).

— реклама —

Во 2018 година, Руте рече дека Албанија и Македонија ќе ја „ослабнат целата Унија“, укажувајќи на корупцијата и недостатокот на слобода на медиумите.

Една година подоцна, Холандија, заедно со Франција и Данска, го блокираа почетокот на преговорите за членство во ЕУ за двете земји.

Хаг го промени својот став и покрај значителниот пад на слободата на медиумите во Албанија и фактот дека корупцијата, особено на високо ниво, останува важно прашање, пишува EURACTIV.

Рут сега бара поддршка од цела ЕУ. Тој на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во мај рече дека сите во ЕУ се обидуваат да направат се што можат за да го одржат стабилен Западен Балкан и да најдат решение за проблемите во регионот, особено во Македонија и Бугарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5harqe7l9t2tfbvRJBI

(Видео) „Брука“: Автобуси од Македонија со поддржувачи на Вучиќ тргнале кон митингот во Ниш, па застанале да уринираат покрај автопат

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryocadhgvj2dks651gdsg

„Не сакам да се откажам од мојата крв, од моите претци, а се прави се' да треба да бирам страна“: Стојановска предупредува на растечката омраза меѓу Македонците и Бугарите

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryq03i454uh7b6dtwWGn0

Македонија поевтина за странците, но сè поскапа за домашните граѓани

Македонија | пред 1 седмица

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-04-5900PM

Македонија меѓу побезбедните дестинации во светот според мапата на ризици за 2027 година

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања