Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Јакимовски во детали објаснува зошто се скараа со Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-09-24-at-09.15.40

Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски ја објасни ситуацијата околу раскинувањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Тој говореше во интервју за Инфомакс.

— реклама —

– “Оваа работа тлее подолго време, што беше, беше пред локалните избори, сепак мислам дека таа работа имаше среќен крај и сметав дека требаше нормално да функционираме но очигледно Мицкоски не можел да ја преболи, да ја свари победата моја во Карпош. Веројатно имал други математики што јас очигледно ги растурив и од почетокот ние имаме натегања и недоразбирања за работи што се сосема нормални. Иако мандатот ми започна без желба за реванш, со желба за соработка во интерес на граѓаните, но за жал и кога зборуваме за крајно логични работи остануваме без одговор. Налуѓето во очите им се чита дека одговорот не е кај нив, туку лежи кај некој друг. Ме прашуваат со кого сега во коалиција? Не морам да бидам со никој во коалиција. Нека видат граѓаните каков ќе биде Мицкоски кога ќе биде власт. Неговиот метод на функционирање е опструкција на се, да не се изберат уставни судии, Парламент, Општина Карпош… до каде ќе оди таа политика? На референдумот јас и ГРОМ бевме експлицитно за бојкот, кој калкулираше до 5 попладне? Само ние имавме јасен став за тоа прашање. Кај граѓаните има чувство дека се колаборира со владејачката гарнитура и не се сака да се дојде на власт. Јас не можам да препознаам лидерски капацитети за водење на коалицијата, да се нагази цврсто или да се соработува со власта во одредени прашања“, вели Јакимовски во емисијата „Тешки муабети“.

— реклама —

Тој се осврна и на односот кој Мицкоски го има со Данела Арсовска.

— реклама —

„Како му функционира односот со градоначалничката Арсовска? Вака ќе ја водиме државата? Што ГРОМ направи кикс или штета на коалицијата? Ние ќе голтаме и ќе бидеме привезок што ќе ги трпи последиците? Што се случи со делевските плацови, тоа се новите лица што ќе ја водат државата?“, објасни Јакимовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl40ullnok8uedRGqflf

Карпош добива нов мега парк од 86.000 квадратни метри, поранешната депонија е исчистена

Скопје | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryucb532pau795f3jDTOg

Есенска дератизација во Карпош

Скопје | пред 6 дена

media-libraryu48mllqbon427ORX4TM

Спортски спектакл во Карпош: „Мега лифтови“ шампион на меморијалниот турнир во мал фудбал „Сокол 2026“

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryo25u93elc9i6fyFbCHm

Вандализирано детското игралиште во Карпош 1, оштетени реквизити и урбана опрема

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања