Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Мицкоски за заплената на седиштето: Имотот не е ВМРО, туку народот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Mickoski

Денеска ја добивме првостепената пресуда. Ова партизирано октроирано судство и обвинителство решило да го суди ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа, тоа не го суди ВМРО-ДПМНЕ туку го суди македонскиот народ, ја суди Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски, во однос на денешната судска одлука за предметот, така наречен, Талир2.

После изјавата по средбата со комесатот за проширување на Европската унија, Оливер Вархеј во Охрид одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски истакна дека во овие триесет години независниста на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ поминало низ многу премрежија, така ќе го помине и ова, бидејќи имотот, за кој се побара конфискација, не е ВМРО туку народот е ВМРО и ова партизираното и октроирано судство и обвинителство на СДСМ и ДУИ не го суди ВМРО-ДПМНЕ, туку Македонија и македонскиот народ.

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ поминало многу премрежја во овие 30 години, ВМРО поминало многу премрежја во овие децении, така и ова ќе го поминеме. Имотот не е ВМРО-ДПМНЕ, имотот не е ВМРО, народот е ВМРО. Уште една се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената пречка за разнебитување на македонскиот идентитет и македонската држава од овие, би рекол, октроирани партизирани судии и обвинители на СДСМ и ДУИ. Ние ќе продолжиме да ја бараме правдата, ќе се бориме, нема да се повлечеме. Ако некој мисли дека ВМРО-ДПМНЕ оваа пресуда ќе го обесхрабри, се лаже. Ова само дополнително ќе не мотивира да дојдеме до правдата и нашата борба да ја ослободиме Македонија од овие криминални политичари, да го ослободиме обвинителството и судството од закани, притисоци и од стегите, ќе продолжи. Ќе повторам уште еднаш, ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО не е имотот, ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО е народот на Македонија и самата Македонија. Продолжуваме да се бориме се додека конечно не ја добиеме правдата“, рече Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 6 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 7 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања