Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

„Инфлација со нов рекорд, СДСМ нема мерки, народот тоне во сиромаштија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
inflacija

„Дури и бројките кои излегуваат од статистиката на СДСМ рушат негативни рекорди. Во месец мај според ДЗС имаме инфлација со нов рекорд, измерени се 11% инфлација во споредба со истиот месец лани“, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Таа додава:

„За само една година драстично поскапување на храната, транспортот и енергенсите. Според статистиката, општо храната во мај поскапела за 17%, енергенсите за 8%, а траспортот поради високите цени на горивата, за дури 24%. СДСМ нема мерки за справување со ценовните шокови, народот тоне во сиромаштија. Суетата и ароганцијата им е во преден план, од една страна не нудат решенија, од друга страна не прифаќаат издржани предлози само затоа што доаѓаат како предлог од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Ако го прифатеа предлог законот за акцизите со кој треба акцизите на течните горива да се намалат за 50% и законот за ДДВ со кој треба да се намали ДДВ за храна од 5% на 0%, а на горивата од 18% на 5%, цената на горивата уште веднаш ќе се намали и ќе има огромно олеснување на буџетот на граѓаните.

— реклама —

Денеска горивата ќе беа и за 25 денари поефтини доколку СДСМ се откажеше од 50% од акцизата. Со тие 25 денари помалку во цената на горивата ќе се помогнеше и на земјоделците, и на транспортерите, и на индустријата, но и на граѓаните. Доколку се прашувате дали е реално да се намали акцизата за 50%, одговорот е да реално е. Тоа се само 50-тина милиони евра годишно на сметка на буџетот, но огромна помош за граѓаните и семејните буџети во криза. Власта не се откажува затоа што нема од што да го полнат буџетот и нема како да крадат.

Поевтиното гориво ќе значи поевтино производство и извоз и поконкурентна економија во криза. Тоа ќе ја стимулира потрошувачката и ќе ја раздвижи економијата. Исто така, доколку се усвои нашиот предлог на закон за ДДВ, храната уште веднаш ќе се намали за минимум 5%. А зошто го прават тоа? Одговорот е едноставен, затоа што ова се пари од кои власта на СДСМ не сака да се откаже и по секоја цена сакаат да ги земат парите од џебот на граѓаните.

Премногу е! ВМРО - ДПМНЕ нема да се откаже од борбата да им обезбеди на граѓаните подостоинствени услови за живот. Протест за промени на 18 јуни и предвремени избори се решението за излез од кризите кои оваа неспособна влада ги создава!“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 1 година

— реклама —
zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 1 година

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања