„Ламбе во ваква држава чест е да се биде во затвор“, Јане Ченто со поддршка за Алабаковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-06-07-at-22.59.27

Јане Ченто даде поддршка за Ламбе Алабакоски кој доби осум дневен притвор. Ченто пишува дека го знае осомничениот за палењето на вратата од бугарскиот клуб од 2004 година. Тој посочи дека двојните стандарди го тераат да има ваков став.

— реклама —

Писанието објавено на страницата Слобода за Јане Ченто во целост:

— реклама —

Во Јануари 2005 со моите другари како средношколци држевме дискотека во Прилеп се викаше Габијано ние решивме да се вика Аристократ, денешно Калипсо и на газдите Диме и Папазо им рековме да му се јават на Димитров кој му беше менаџер за да го донесеме во Прилеп и да направиме концерт иако имаше една песна со која победи, се викаше СПАСИ МЕ.

— реклама —

Дојде денот за концертот Ламбе дојде со Димитров и мислам дека тоа му беше прв настап откако победи на М2.

Диското беше преполно, девојки најмногу, бидејќи беше најмногу популарен меѓу женската популација. Ако се сеќавам добро продадовме повеќе од 1500 карти.

Дојде се запознавме за прв пат, прекрасен скромен дечко патриот.

Поминавме одлично таа вечер и потоа имавме и повеќе соработка.

Оваа слика што е споделена со него е во 2009 година кога организиравме хуманитарен концерт и кога му се јавивме на Ламбе прифати веднаш да учествува.

Дечкото јавно ни даваше поддршка кога не затворија, од Америка се јави и ни даваше поддршка и лична и преку социјалните мрежи.

Зошто му давам поддршка на Ламбе, поради двојните стандарди кои ги имаа оваа власт:

🔴 Во Тетово се запалија живи луѓе, КАЗНА НЕМА, одговорни нема.

🔴 Автобуската несреќа со многу жртви КАЗНА НЕМА.

🔴 Шарената револуција ја ЗАПАЛИ КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА. КАЗНА НЕМА за инспираторите и оние кои ја запалија пола Македонија и срушија легално избрана власт.

🔴 За пучистите од 27ми Април казна нема!

🔴 За терористи кои ја запалија Македонија и убиваа македонска полиција и војска, кои дигнаа во воздух со динамит живи луѓе врзани на стубовите од хотел КАЗНА НЕМА!

🔴 За Карпалак КАЗНА НЕМА!

🔴 ЗА Вејце КАЗНА НЕМА!

И да не редам други случаи каде што има селективна правда а ги има многу.

🎈НАШИОТ случај е доказ какви двојни стандарди има оваа власт и како селективно работи.

Крсто и оние што го сменија името на слобода и наградени со тендери а ние по затвори со монтиран судски процес.

Затоа и му давам поддршка на Ламбе, бидејќи има двојни стандарди во оваа држава, затоа што го знам лично од моите средношколски денови и знам дека се работи за човек патриот воспитан во духот да си ја сака Македонија, второ затоа што има селективна правда во оваа држава.

Трето, затоа што им ги затвори устите на МНОГУ самопрогласени фејсбук "патриоти" кои само лаат а не прават ништо.

Македонија имала јунаци кои покажале пркост кон неправдите што и се прават на Македонија.

Ова од Ламбе е пркост и крик на Македонецот кон неправдите што и се прават на Македонија и Македонците подолго време од страна на оваа власт.

🔴 Ламбе, кажав на суд и верувај така е, ВО ВАКВА ДРЖАВА СО КОЈА РАКОВОДИ ВАКВА ВЛАСТ ЧЕСТ Е ДА СЕ БИДЕ ВО ЗАТВОР!

Тоа значи дека се бориме за македонските национални интереси против оние што ја окупираа Македонија и го репресираат македонскиот народ.

Затоа Македонци, не прашувајте за кого бијат камбаните. Тие бијат за вас.

Време е да излезете од вашиот комфор и страв и да ја спасите Македонија.

Не можат сите да нѐ затворат 🙏🇲🇰

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryooa6qk51d0j693IBSQ6

(Видео) Одземањето на возила на тие кои немаат возачки донесе блокирање на патот Битола-Охрид со запален отпад

Настани | пред 8 часа

media-librarynfa4uqf4ail253FCePW

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Македонија | пред 1 седмица

media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Вонредна состојба на повеќе локации: Поплави и евакуации по обилните врнежи, најкритично во Охрид, Кичево и Битола

Македонија | пред 3 седмици

Bitola

Директорката на „Завод и музеј“ - Битола си прекроила систематизација, си го укинала старото место и сама си отворила повисока функција

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања