Промени тема
Контакт

Центар објави повик за субвенционирање на граѓаните, засегнати се оние кои живеат во згради

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Општина Центар го објави Јавниот повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојни кровни конструкции и постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на општината.

— реклама —

Јавниот повик се однесува за поправка на лифт за кој со технички преглед, извршен од овластено акредитирано независно правно лице, е утврдено дека е технички неисправен и/или за модернизација на лифтови и нивно усогласување со безбедносните барања и подобрување на безбедноста на постојните лифтови во согласност со Законот за техничка инспекција и Правилникот за користење лифтови и транспортери.

— реклама —

Финансиската поддршка за реконструкција на покриви и кровни покривки е насочена кон замена на постојните азбестни салонитни покривки со еколошки на колективни станбени објекти и реконструкција на рамни проодни и непроодни тераси под услови што се наведени во Јавниот повик.

Проектот се поддржува со финансиски средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје, во висина од 30 % од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари за секоја одобрена апликација. Јавниот повик ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“ и се однесува на станбени објекти постари од 15 години.

— реклама —

Јавниот повик ќе биде отворен заклучно до 7 јули 2022 година, а за целосната постапка за аплицирање и потребна документација може да прочитате на линкот https://www.centar.gov.mk/?p=15208, објавен на веб-страницата на Општина Центар.

Преку финансиската помош за реконструкција на постојни кровови и лифтови во станбените објекти, Општина Центар вложува во здравјето и потребите на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4pt4lla3dkfb7K34bYC

Герасимовски: Вложуваме во дигитална инклузија, создаваме еднакви можности за секое дете

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-library4g47phhmvc814GOsJLP

Отстранета нелегалната конструкција на улицата „Даме Груев“ во Центар, пешачката патека повторно слободна

Скопје | пред 2 седмици

media-library9ehq6dv6chq14kKAUeM

Втора вонредна дератизација за два месеца во Центар

Скопје | пред 2 седмици

media-library58d2ov06qa8j8blHX9B

Интензивни контроли на инспециските служби во Центар, 6 градилишта казнети со по 1.300 евра

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања