Стојаноски: СДСМ покажа дека се само декор во коалицијата со ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
bojan-stojanovski

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ смета дека денеска СДСМ покажа дека се само декор во владината коалиција која е контролирана од ДУИ.

— реклама —

„Без никаков срам гласаа против дневниот ред на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на која имаше една точка на дневниот ред: Постапка за утврдување на тешка повреда на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија од страна на Талат Џафери. На овој начин му го "простија" недостоинственото, понижувачко и крајно вулгарно однесување на Талат Џафери. Ова е директен доказ дека СДСМ и Ковачевски се директно контролирани од ДУИ и Ахмети и не смеат да ги осудуваат ваквите постапки на ДУИ за да не ја загубат и така кревката владина коалиција. Македонија не смее да биде заложник на една каста политичари од ДУИ, затоа решението се брзи предвремени парламентарни избори, на кои ќе бидат развластени криминалните структури кои со години ја влечат Република Македонија надолу“, вели Стојаноски.

— реклама —
Screenshot-2022-06-06-at-13.04.47

(ВИДЕО) Џафери се спаси благодарение на пратениците од власта

Претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, Панчо Минов, седна нервозен, но стана насмеан откако за две ипол минути заврши денешната седница. Парламентарното мнозинство со пет гласа „против“ ги надгласа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои имаа четири гласа „за“ изгласување на дневниот ред. Па така, прашањето дали собранискиот спикер Талат Џафери го прекршил Етичкиот кодекс со пцуењето во Собрание и навредите упатени кон семејства на службеници, нема да се разгледува.„Констатирам дека дневниот ред не е утрвден и ја заклучувам оваа седница“, кажа Минов.Потегот на пратениците од парламентарното мнозинство да не гласаат за предложениот дневен ред по кој можеше да се отвори и дебата, наиде на негодувања од ВМРО-ДПМНЕ. На крајот, опозициските пратеници им дадоа и тн. ироничен аплауз на колегите поради кои дневниот ред не беше усвоен.

Македонија | пред 3 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања