Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Kovaceski

Ковачки: Македонија 2 и пол години е без највисок воен претставник во НАТО во Брисел, ова е дискредитација на државата

Македонија веќе 2 и пол години е без највисок воен претставник во седиштето на НАТО во Брисел.Причината за тоа е што кандидатот што Шекеринска го предложи и Пендаровски го прифати, НАТО го одби.Деновиве, поради безбедносни причини, НАТО ни вратил уште едно лице кое било испратено и работело веќе година дена во Брисел, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Ковачески додава:Шекеринска и Пендаровски испраќаат лица за претставници во НАТО, кои не ги поминуваат нивните филтри. Ова е меѓународен и дипломатски скандал и со него се нанесува штета на угледот на државата.Јавно ги повикуваме министерот Шекеринска и претседателот Пендаровски да кажат дали се испочитувани процедурите за избор и упатување на лица на мисии во странство, и ако не се, зошто не се? Да се произнесат кој и зошто ги прекршил процедурите?НАТО почива на доверба помеѓу сојузниците. Кој ви даде за право да ја рушите со години градената доверба помеѓу Македонија и НАТО?Шекеринска и Пендаровски мора да понесат одговорност за овој огромен скандал што не компромитира како земја.Г-ѓо Шекеринска, процесот на проверка на кандидатите пред нивно упатување е нормален и потребен. Но, неодговорно e да го извадите името на кандидатот во јавност пред да ги помине сите проверки. Исто така, неодговорно e да го носите тоа лице на средби со министер за одбрана на САД или со генералниот секретар на НАТО. Така правите штета и на лицето и на институциите каде сте го носеле, а пред се и за нас најважно – правите штета на Македонија.Втора работа, далеку понесериозно и неодговорно, е да испратите лице без соодветни проверки на работни задачи во Брисел и после година дена истото да Ви биде вратено поради безбедносни пречки.Трета работа, најзагрижувачка и крајно неодговорна, е што токму кандидатот за највисок воен претставник, внимавајте - бил и претседател на комисијата за избор на лица за упатување во мисии во странство (вклучително и за мисијата на Македонија во НАТО, односно одлучувал за испраќање и на второто лице кое НАТО го врати).Случајно ли е, намерно ли е или станува збор за аматеризам и неспособност?Господо од власта, можете да си одмолчите или да дефокусирате, но за оваа дискредитација на државата, Одговорност мора да има!Додека вие молчите, за целото времетраење на вашата апсолутна власт и уста полна со НАТО, државата нема свој највисок воен претставник во Алијансата.

Македонија | пред 5 години

1-2

(ФОТО) Охрид во знакот на Водици, се поставуваат државни и верски знамиња

Започна украсувањето по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици.Од утрово екипи на ЈП "Охридски Комуналец" поставуваат државни и верски знамиња во чаршијата и главните улици, кои водат кон градското пристаниште, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Годинава Богојавление-Водици нема да се прославува на традиционален начин со фрлање крст во охридските води. Празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби.Општина Охрид, уште еднаш упатува апел до граѓаните при посета на верските објекти да се придржуваат кон здравствените протоколи, задолжително да носат маска, оддржуваат дистанца и ги дезинфицираат рацете.

Македонија | пред 5 години

zabava-3

МВР - Приведени 13 лица на две домашни забави во Скопје - не ги почитувале мерките за заштита од ковид-19

На 17.01.2021 во 02.45 часот, по претходно добиени сознанија дека во стан на ул.„Рајко Жинзифов“ во Скопје има гласна музика и не се почитуваат мерките за заштита од ковид-19, полициски службеници од СВР Скопје, врз основа на судска наредба, извршиле контрола во станот, сопственост на С.Г.(34) од Скопје. Притоа, во станот бил затекнат сопственикот и К.Д.(33), Ф.Т(25), С.С.(27), Е.Ј.(26), Е.Р.(35), Р.М.(29), Т.Т.(26).Во истиот период, во координација со Јавен обвинител, од страна на Единицата за внатрешни работи Центар и интервентната полиција, во стан на ул.„Елисие Поповски Марко“ биле затекнати пет лица кои правеле забава, и тоа К.З.(20), Б.Л.(20), Р.А.(20), С.К.(21), сите од Скопје и В.П.(20) од Битола.Сите 13 лица биле лишени од слобода и приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Македонија | пред 5 години

apasiev

Апасиев: Татко ми зема 200 € пензија, а мајка ми 100 € стечај, таман, колку на Мила Царовска ШАЛЧЕТО

Утрово преку својот фејсбук профил се огласи пратеникот Димитар Апасиев, кој што напиша статус поврзан со неговите родители и шалот на Мила. Тој напиша:-Татко ми зема 200 € пензија, а мајка ми 100 € стечај. Таман, колку на Мила Царовска ШАЛЧЕТО, напиша на својот Фб профил пратеникот Димитар Апасиев.

Македонија | пред 5 години

gradonacalnik-rosoman

Градоначалникот на Росоман се огласи на фејсбук: Имам Ковид 19, чувајте се и останете здрави

Градоначалникот на Росоман, Бранко Јанев на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус.-Ве известувам дека вчера правев тест за Ковид 19. Ги добив резултатите. Позитивен сум. Чувајте се и останете здрави, објави Јанев.

Македонија | пред 5 години

vitanov

(ВИДЕО)Витанов: Државата треба да има воља да привлече странски инвестиции, оваа Влада има друга агенда...

Основачот на Асоцијацијата на менаџери на Македонија и основач на Асоцијацијата на менаџери на Југоисточна Европа, Зоран Витанов на својот You tube канал постави видео во кое отворено без „влакна на јазик“, ги критикува погрешните политики на Владата во однос на економијата, но и ги лоцира проблемите на Македонија, посочувајќи го вистинкиот пат кој треба да го направиме доколку сакаме да ја зачуваме земјава.“Државата треба да има воља да привлече странски инвестиции. Оваа Влада од кога е дојдена на Власт, веќе втор мандат воопшто не и е фокусот странски инвестиции. Мојот личен впечеток е дека оваа Влада воопшто не е заинтересирана за националните и економски интереси на Република Македонија. Оваа Влада има друга агенда да направи интерес на соседни држави од политички аспект, а не од економски, тоа е правата причина. Втората причина треба да се има и стручност.Ајде малце да видиме кои се луѓето кои треба да привлечат странски инвестиции. Советник на премиерот за привлекување на странски инвестиции е Љубе Бошковски. Дали доколку имате приватна форма и треба да привлечете странски партнери би го ангажирале Бошковски?Лице број два е Артан Груби. Кога ми доаѓа Артан Груби како име и презиме ме асоцира на Камбоџа, а таа беше една од најкастрофалните држави во светот кога луѓе како Артан Груби беа на Власт. Дали знаете дека денес кога Камбоџа одлучи да раскрсти со таквите луѓе, да не бидат воопшто присутни во социјлниот, а не во политичкиот живот. Камбоџа е во ТОП 10 странски земји за привлекување на странски инвестиции. Ние немаме ни кадрова политика, ни политичка воља, вели Витанов.Витанов беше познат и по критиките кои ги упатуваше до претходната Влада.„Премногу ја критикував минатата Влада за економијата бидејќи беше премногу вмешана во сомнителна економија. Но, од десетте фирми извозници во Р Македонија во 2020, осум се од странските инвестиции што ги привлече претходната влада. Во економијата бројките никогаш не лажат“, категоричен е Витанов.Тој отворено зборува и која е во моментов рак рана на Р Македонија. Според него тоа не е ни задолжувањето кое го надмина  60 % , туку дефицитот во меѓународна трговска размена.  Р Македонија во моментов има многу повеќе нето одлив на пари, отколку нето прилив на пари. Таа рак рана, ја решава само една и единствена мерка, а тоа е привлекување на странски директни инвестиции, особено оние кои се извозно ориентирани. На клоци да ги избркаме луѓето кои не се разбираат во економија, ако сакаме економија. Тие на друг начин не разбираат.  Ако сакаме криминал, перфектни се. Се задолживме една и пол милијарди евра. Никој не знае каде, никој не даде отчет за тие пари и тоа воопшто не се осети во економијата“, вели Витанов.Што се однесува до КОВИД кризата, Витанов вели:„Се влечат на ковидот. Со ковидот одредени индустриски гранки се во криза, но одредени се во експанзија.  Да го потсетам премиерот кој што не лажел очигледно дака на граница чекаат Google, facebook, aple и слични. Да потсетам во услови на КОВИД овие индустрии покажаа рапиден пораст.  Но се додека имаме премиер, кој лаже и спроведува туѓи агенди за туѓи национални интереси, ние не можеме да разговараме за економија. Јас не го бранам Груевски, не сум го гласал од 2008 год навака, но да не беа тирзовите Македонија ќе беше до сега банкротирана во однос на ликвидноста. Дефицитот во меѓународна трговска размена е катастрофален. Еве уште еден податок, официјален податок од централната банка на Македонија, за 26 % е опаднат нето приливот од физичкото население, од нашите гастрбајтери., вели Витанов и додава:„Јас во интерес на моите деца морам да ја зборувам вистината. Како татко кој одлучил децата да живеат во Р Македонија. Но, не сум сигурен дека Р Македонија има ваква критична маса домаќини, да ги отфрлат ваквите политичари, ако имаме ќе си ја спасиме Македонија, ако немаме не ја заслужуваме“.Инаку Витанов е  економист, која  имаше и политичка кариера  од  2001 година, кога беше именуван за заменик министер за економија. Во неговото политичко “досие“ се вбројува и пратеничкиот мандат 2006/2008 година, период во кој тој е и член на парламентарната комисија за финансии и буџет и парламентарната комисија за транспорт, градежништво и економија. Но, по неговото повлекување од политичката сцена, Витанов се посветува на консалтингот и бизнисот.  И токму тогаш Витанов станува еден од најгласните критичари на вкупните економски политики. Тој е основач на Асоцијацијата на менаџери на Македонија и основач на Асоцијацијата на менаџери на Југоисточна Европа..

Македонија | пред 5 години

karakacanov

Каракачанов: Македонија е најтрагичниот дел од бугарската историја

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов одново повтори дека темата Македонија била од стратешки интерес во Бугарија.Во своето последно интервју за Бугарската национална телевизија вели дека договорите се потпишуваат за да бидат исполнети. За жал, во Скопје мислеа дека потпишуваат договор, но можеби нема да го исполнат.– Таму и до денес, и покрај сите перипетии на времето, и покрај теророт што беше наметнат по 44-та година во Титова Југославија, сè уште има многу луѓе кои се нарекуваат Бугари. Имаме морал и историска должност кон овие луѓе – вели Каракачанов во интервјуто на БНТ.Каракачанов беше категоричен дека Бугарија не ја затворила вратата, но дека не треба да ја коригираат нивната политика. Според него, решавањето на отворените прашања со Македонија е од стратешко значење.– Како што велеше претседателот Петар Стојанов, ова е најромантичниот, но јас би додал и најтрагичниот дел од нашата историја. Не можеме да се согласиме со она што се случува во Република Северна Македонија и никакви избори не се причина за тоа. – вели Красимир Каракачанов за БНТ.

Македонија | пред 5 години

policija-4

213 санкционирани возачи во Скопје, 23 за возење без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 23 санкции, 14 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 25 за користење на мобилен телефон. Изречени се 8 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 5 за непочитување на брзината на движење, 45 мерки за непрописно паркирани возила и 7 за неносење заштитна маска.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

policija-i-inspekcija-3

Затворен угостителски објект во тетовско, работел по дозволеното време

Вчеравечер (16.01.2021) околу 21.30 часот, во тетовско Горно Седларце, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 41-годишниот Б.И. од ова село, чиј угостителски објект работел по дозволеното време и во него престојувале 29 лица.Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија". Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Македонија | пред 5 години

policija-2

МВР - 72 санкционирани возачи во Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на Центар изречени се вкупно 72 мерки, меѓу кои завозење без возачка дозвола 9, 6 за нерегистрирани возила, 8 санкции за користење мобилен телефон. Изречени се и 4 мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз и 9 санкции за непрописно паркирани возила. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Општина Центар собира предлози за име на новиот Младински центар

Посетете ја веб-страната на Општина Центар, centar.gov.mk и дадете го Вашиот предлог за името на новиот општински Младински центар.Во рамки на проектот за зајакнување на општинските совети, Општина Центар во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, го реконструираат објектот на поранешно „Матично“, кој за многу кратко време ќе стане современ општински Младински центар.Проектот за реконструкција и пренаменување на објектот на поранешно „Матично“, кој се наоѓа во општинскиот двор, произлезе од одржувањето на граѓанските буџетски форуми во 2019-та година. На форумите покрај Матично, уште два предлог проекти добија поддршка за реализација – сензорните соби во трите центарски градинки и отворените културни сцени.Градоначалниците на Општина Центар и Град Скопје, Саша Богдановиќ и Петре Шилегов, на почетокот на ноември ја најавија изградбата на новиот Младинскиот центар, каде после изминати неполни три месеци, градежните работи се на самиот крај.Реконструкцијата опфаќа поставување нова фасада и покрив, внатрешно уредување на објектот, реконструкција на санитарниот јазол, промена на внатрешниот водовод, санирање на фекалната канализација, нови санитарии, ново електрично осветлување, телефонско и компјутерско вмрежување, видео мониторинг систем, како и громобранска и против пожарна инсталација.Реконструктивниот зафат чини 6.941.282,00 денари со пресметан ДДВ. Општина Центар обезбеди 83 проценти од финансиските средства, односно 5.768.074,00 денари од Буџетот на општината за 2020-та година, а останатите 1.173.208,00 денари беа обезбедени од Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), во форма на донација.Сите граѓани кои имаат желба, можат да го дадат својот придонес, да ја посетат веб страната на Општина Центар, centar.gov.mk и во полето предвидено за предлози за име на новиот Младински центар да го внесат својот предлог. Победничкото име ќе биде јавно објавено по завршувањето на собирањето на предлозите и изборот на победничкиот предлог.

Скопје | пред 5 години

agnesa

ММС: Агнеса Органџиева за проблемите во бракот, Дали нормален човек јавно пишува дека има воспаление на тестиси??

Вели сум го оставила дека не бил директор, па тој не е директор веќе пет години и ако било за пари ќе сум го оставела тогаш, вели Агнеса Органџиева, до вчера Орданоска и сопруга на поранешниот директор на АЕК, Роберт Орданоски, за случувањата во нивниот брак, кои од четирите ѕида во нивниот дом се преселија на социјалните мрежи и јавноста веќе неколку дена ги коментира, објави mms.mkТаа иако сеуште не се разведени, веќе секаде се претставува како Органџиева, по нејзиното моминско презиме, бидејќи, како што вели за ММС, веќе не сака да се презива така. И не само тоа, таа за ММС ги објасни работите како изгледаат од нејзин аспект, кога веќе во бракот нема љубов и дека нејзината одлука да го прекине бракот не е донесена преку ноќ.-Штом го оставам, значи нешто има. Нешто дома не е во ред. Не сакам децата да растат во таква средина. Затоа решив. Кога веќе ја вмеша јавноста и јавноста виде што кажа за мене, тогаш еве нека свати јавноста со каков човек сум имала работа. Цело време трпев само заради децата, беа мали. Но, сега пораснаа. Јас на поголемата ќерка и кажав какви ми се плановите и ме поддржа. Не е ова нешто што сум го решила преку ноќ, како што тој кажува. Јас него многу добро го знам каков манипулатор е, вели Органџиева за  mms.mk.-Јас спиев и ми се јави ќека ми и ми рече: „Мамо те молам не отворај Фејсбук, да не се насекираш“. Јас знаев дека направил некоја глупост, бидејќи го знам каков е. Еве еден прост пример- дали нормален човек јавно пишува дека има воспаление на тестиси? А тоа го објави пред неколку дена. Знаеш како ја усрами Вивиен со тоа. Девојче од 17 години кое студира медицина. Не може тоа така, да гледа само за себе. Тој од се прави драми. Сака да го жалат. Сака да е во центар на внимание. Ете го постигна тоа, сега пак е во центар. Цело време потенцира дека 16 години бил директор, па ама веќе со тоа. Како божем само тој бил директор. Не паѓам веќе јас на лажните емоции. Сега имам 37 години, не сум веќе 20 години. Ги кометираат годините ама тоа нема врска, луѓето само прават филмови. Јас пробав проблемот меѓу нас да го решам со арно, тој не сакаше, така да… Ова нема никогаш да му го простам. Премногу смешно ќе биде.Текстот во целост на: mms.mk.

Македонија | пред 5 години

Ile

(ФОТО) Кога сме хумани, можеме многу - Малку радост на лицето на Иле од Кочани

Кога сме хумани, можеме многу. Доказ за ова е радоста на лицето на Иле од Кочани. Дали ќе го препознаете?Преед десетина дена вниманието на јавноста ја привлече веста за младиот 26-годишен Илија Крстев од Кочани. Ова младо момче, живее сам во тешки услови, со неколку кучиња крај себе.Сторијата за Иле допре до многумина, пред се од неговиот град Кочани, но и околните места и пошироко, како и од дијаспората. Граѓани се организираа и веднаш стапија во акција.  Како 18-годишник, тој мораше да се пресели таму и одеднаш беше сам со себе. Неколку години живеел во главниот град, но неодамна се врати во својот роден град во стара куќа во сопственост на неговата мајка. Мајката е сместена во клиника за ментално здравје. Неговиот дом, ако може да се нарече така, беше полн со смет, а тој не може да се снајде сам да направи ред, и му требаше помош. Пред шест месеци побарал помош од социјалните служби, но ништо не се случило. Иле на себе носеше кошула со кратки ракави, стари пантолони, палто старо околу 50 години, како и чевлите што ги носи. Тој има ск ршен кревет, нема вода, нема греење, објави galama.club. -Јас сум Илија Крстев роден 1994 година во Кочани. Живеев во домот за деца без родители во Скопје 11 октомври, а подоцна и во 25 мај. Сега дојдов тука за да ја кренам куќата, поднесов за социјална помош, но чекам шест месеци. Желба ми е да најдам работа нешто, кажа Иле во таа прилика.Помошта пристигнува од сите страни. На лицето на Иле конечно радост.Текстот во целост на: galama.club. 

Македонија | пред 5 години

vakcina-2

Филипче: Пристигнаа дел од фрижидерите во кои треба да се чуваат вакцините Фајзер, здравствениот систем е спремен за вакцинација

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител потенцираше дека здравствениот систем е целосно спремен за вакцинација и во месец февруари се очекува да пристигнат првите дози од „Фајзер“ и „КОВАКС“ механизмот.„Може да кажам дека по сите три механизми реагиравме и комунициравме навремено и интензивно, најпрво со КОВАКС, пред некој ден имаше и најава од Светската здравствена организација дека првите дози вакцини може да се очекуваат на оние земји кои се спремни, a ние бевме оценети како едни од најспремните земји во Европа во смисла на тоа вакцините да се пречекаат, складираат, дистрибуираат, а понатаму и да се аплицираат“, изјави Филипче.Во гостувањето на Сител, тој информираше дека пристигнати се фрижидерите кои беа најавувани како донација за фајзеровата вакцина која се чува на -70 степени.„Два фрижидери се веќе тука, уште три во текот на следните недели. Во еден фрижидер може да се складираат 100 илјади дози на вакцини. Имаме сосем доволен број капацитети и во овој момент“, рече Филипче.Министерот Филипче истакна дека добро одат преговорите со компанијата Фајзер и за кратко време договорот ќе биде склучен, резервирани се дозите со таа динамиката како што беше најавено од овој производител.„Тоа се 5850 дози во февруари, а по 17.500 во месец март и април. Меѓутоа гледаме дека е тоа едно прашање коешто е на некој начин проблематично за сите земји во Европа. Сите земји и од Европската унија добија значајно помалку од тоа што беше планирано. Тоа е причината зошто оној трет механизам на солидарност на некој начин доцни, затоа што тие не можат да си дозволат да одделат сега во оваа фаза одредена количина. Поради тоа најавија дека тоа ќе се случи во следните месеци после месец март. Колку за илустрација, од најавените 230 илјади дози на почетокот на годината Австрија добила 23 илјади. Што значи самата компанија Фајзер којашто во овој момент е единствената која има вакцина која е одобрена од двете најголеми регулаторни тела за контрола на лековите европската ЕМА и американската ФДА, има предизвик да ги зголеми своите капацитети. Сега најавија дека малку ќе намалат со цел да ги надградат капацитетите за да испорачаат многу повеќе во текот на цела 2021 година“, посочи Филипче и најави дека во месец февруари ќе пристигнат и вакцините преку КОВАКС механизмот, за коишто се направи уплата и се обезбеди соодветна гаранција. Вкупната количина на вакцина преку овој механизам за нашата држава изнесува 833.000 дози.„Целосно е спремен системот во однос на складирањето, планот на дистрибуција, идентификувањето на критичните групи според приоритет. Направен е планот, тоа се три групи. Во првата група се здравствените работници кои работат со ковид пациенти, вработените во лабораториите кадешто се прави дијагностика, штитениците на домовите за лица со посебни потреби и најстарите лица од возрасните групи над 70 години коишто имаат коморбидитети. Во втората група се останатите здравствените работници, вработени во критична инфраструктура - наставниците, вработените во градинките, новинарите и секако пациентите од другите возрасни групи коишто имаат хронични болести. Целосно се спремни и здравствените домови и Центрите за јавно здравје ширум државата за да ги преземат и аплицираат вакцините по овој редослед“, информираше Филипче.

Македонија | пред 5 години

ljupco-dimovski-zb

Љупчо Димовски е новиот претседател на СПМ

Досегашниот генерален секретар на СПМ, Љупчо Димовски, е новоизбраниот лидер на Социјалистичката партија на Македонија, а функцијата ја презеде на денешниот конгрес во Кратово каде делегатите едногласно го избраа.Во својот говор новиот претседател Љупчо Димовски изрази задоволство што овој деветти конгрес се одржува токму во Кратово со цело почитување кон претседателот Љубисав Иванов Ѕинго. Димовски вети дека ќе ја оправда довербата на членовите и ќе ја раководи партијата на најдобар можен начин а за што има аманет од досегашниот претседател Љубисав Иванов Ѕинго, да ги следи неговите заложби -СПМ да биде силна партија на народот.

Македонија | пред 5 години

0-02-05-78c752f94ef8ad43a411feb2e1bec0c09d9d5ee5096e6ef61db904c89c130a75_1c6da00e4adc50

Жител на Сингелиќ осомничен за недозволено поседување дрога и оружје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.На 15 јануари, во куќа во сопственост на таткото на 48-годишниот осомничен во Сингелиќ, биле пронајдени речиси 13 килограми марихуана во 39 пакувања, како и околу 4 литри хашиш масло. Освен ова, полициските службеници при претресот пронашле и еден пиштол марка „Црвена застава“ 9мм Para, две рамки со по 9 куршуми за овој пиштол и уште 39 куршуми од неутврден калибар.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и сокривање на трагите, како и можност да го повтори делото.​

Скопје | пред 5 години

Kursum

Маж застрелан при грабеж на улица

Шеест и двегодишен кичевец вчера бил физички нападнат од неколку лица, при што едно од нив со пиштол му нанело прострелна рана.Лицата потоа му одзеле поголема сума на американски долари, евра и денари, во разни апоени, информираат од полицијата.Човекот е пренесен во болница, а во моментот се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

korona-4

Починати 14 лица и нови регистрирани 361 случај на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-164, Куманово-17, Тетово-12, Прилеп-15, Гостивар-16, Штип-8, Битола-4, Велес-16, Охрид-13, Струмица-9, Кавадарци-8, Струга-5, Кочани-9, Кичево-10, Гевгелија-2, Неготино-4, Делчево-6, Дебар-7, Крива Паланка-5, Ресен-9, Радовиш-4, Берово-7, Виница-1, Валандово-2, Македонски Брод-1, Кратово-3, Крушево-2, Пехчево-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2116 оздравени пациенти од: Скопје-1489, Куманово-6, Тетово-139, Прилеп-19, Гостивар-58, Штип-8, Битола-80, Велес-45, Охрид-3, Струмица-55, Кавадарци-35, Струга-5, Кочани-15, Кичево-33, Гевгелија-23, Неготино-26, Свети Николе-10, Делчево-16, Дебар-9, Ресен-13, Радовиш-5, Берово-1, Виница-6, Пробиштип-4, Валандово-3, Демир Хисар-9, Крушево-1.Починати се 14 лица, шест пациенти од Скопје (), еден од Куманово (), двајца од Тетово (), еден од Прилеп (), еден од Охрид (), двајца пациенти од Струмица () и еден пациент од Струга (). Од нив тројца се починати вон, останатите во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88749, бројката на оздравени пациенти е 71592, на починати е 2696, а бројот на активни случаи изнесува 14461. Oд вчера се регистрира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 38493, активни 8653• Куманово 4998, активни 487• Тетово 4950, активни 576• Прилеп 4455, активни 300• Гостивар 3531, активни 402• Штип 3429, активни 194• Битола 3166, активни 290• Велес 2949, активни 363• Охрид 2646, активни 452• Струмица 2465, активни 405• Кавадарци 2380, активни 436• Струга 2131, активни 195• Кочани 1696, активни 149• Кичево 1655, активни 167• Гевгелија 1244, активни 185 (81 заболени лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 214 на Богданци)• Неготино 1110, активни 209 (177 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)• Свети Николе 1061, активни 61• Делчево 716, активни 220 (188 заболени лица од ПЕ Делчево се жители на Македоснка Каменица)• Дебар 711, активни 132• Крива Паланка 702, активни 99• Ресен 701, активни 121• Радовиш 673, активни 77• Берово 564, активни 61• Виница 475, активни 53• Пробиштип 472, активни 30• Валандово 325, активни 30• Демир Хисар 240, активни 18• Македонски Брод 237, активни 17• Кратово 209, активни 17• Крушево 190, активни 36• Пехчево 175, активни 26Направените 2176 теста се преку: ИЈЗ-352, ЦЈЗ Скопје-78, Авицена-274, Биотек-206, МАНУ -106, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -196, лабораторија Лаор –128, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-77, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-46, Ремедика-24, лабораторија болница Козле-36, ЈЗУ (рапид тест) -525, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 430.182 тестирања на Ковид -19.*При проверка на системот нотирани се до сега неевидентирани оздравени случаи, кои се прикажани збирно со денешните во дневната статистика.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев до Заев: Одговори дали Македонците на пописот ќе се запишат како Македонец/Македонка или ќе има и описна додавка

-„Слушнав нешто од неодамнешната преписка меѓу твојот министер за правда Бојан Маричиќ и владиката Петар во врска со структурата на пописниот формулар. Маричиќ му одговори на владиката Петар дека на пописот ќе има графа за верска припадност. Попатно, Маричиќ спомна дека ќе има графа и за национална припадност која е содржана во предлог-законот за попис кој е во собраниска процедура, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото се додава:Но, сега се отвора една голема дилема. За малцинствата во Македонија не е спорно дека ќе бидат запишани како Албанци, Турци, Срби, Хрвати, Роми, Власи, Бошњаци, Египќани... Ве повикувам јавно да кажете дали и Македонците ќе се запишат како Македонец/Македонка или со описна додавка кон нашата национална припадност како Македонци. Запишувањето на етничката припадност не е методологија и затоа кажете со целосна одговорност дали ќе бидем запишувани како Македонци или ќе има и описна додавка. Народот очекува одговор на ова суштинско прашање.Ја користам приликата да ве потсетам дека не е убаво да лажете дека законот е усогласен со пописното законодавство во ЕУ. Најодговорно тврдам дека клучните одредби во законот се во спротивност со пописниот модел во земјите членки на ЕУ, но, детално за ова во следна прилика. Само уште ќе спомнам дека доколку биде изгласан законот за попис онака како што е предложен, во земјата на повидок е ново фалсификување на пописот во април догодина.Историското значење на уште еден фалсификуван попис е поголемо од самиот факт за еден попис, затоа што Македонија со фалсификување на пописот, дефинитивно ќе го изгуби темелот на својата државност.Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис во 2021, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ. Единствена Македонија, исто како и македонскиот народ, секој обид за фалсификување на пописот ќе го смета за велепредавство спрема Републиката“ - потенцираше Бачев.

Македонија | пред 5 години

ohrid-1

(ВИДЕО) Претреси во Охрид, затворен угостителски објект,сопственикот заработи две кривични пријави

На 16.01.2021 во 01.30 часот од страна на Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции и Државен пазарен инспекторат извршена е контрола во угостителски објект на ул.„Железничка“ во Охрид,  при што било утврдено дека објектот работи и покрај претходно изречената забрана за работа и ставената пломба на 06.01.2021 од страна на Државен пазарен инспекторат, а и притоа внатре биле затечени сопственикот, четири лица од персоналот, 18 гости и 11 странски државјанки од Русија и Украина. Од извршената контрола е утврдено дека во објектот се врши дејност после 18.00 часот, спротивно на мерките за спречување на пандемијата со ковид-19.При претресот, извршен со наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Охрид, пронајдени се и одземени поголема количина на парични средства сместени во посебни нумерирани кутии, мобилни телефони и техниката за видео надзор. За настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид, по чија насока од слобода се лишени сопственикот и сите лица затекнати во објектот, против кои ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од Кривичниот законик. Инспектори од Одделението за странци при РЦ Запад, по насока на Јавен обвинител, против 11 лица - странски државјанки ќе поднесат соодветен поднесок и истите ќе бидат спроведени пред Судија за претходна постапка поради тоа што биле без регуларен престој во државата и без работна дозвола.Од страна на Државниот пазарен инспекторат угостителскиот објект во Охрид повторно е пломбиран и има забрана за вршење на дејност во времетраење од 30 дена, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава и за претходното кривично дело - оштетување и кинење на пломба.

Македонија | пред 5 години

50250552858_c1667b3294_c

Левица: Зделките на Богоев со агенцијата на Спасов немаат крај

Со нарачани лајкови во штабовите, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, го правда нерационалното трошење на пари на жителите на Карпош и договорите потпишани со Никола Спасов. Покрај скандалозниот договор за прес-клипинг, за кој жителите ќе платат 245.322 денари, Богоев склучил три договори со Агенција Рејтинг СП-М за сомнителни услуги во вкупен износ од 815.380 денари. Имено, се работи за договори за услуга за спроведување анкета на територијата на Општина Карпош, нешто што може самата општина да го спроведе со едноставни прашања, наместо да троши илјадници евра за ангажирање на агенција, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Договорите се склучени со лицето Никола Спасов, кој e син на Ѓорѓи Спасов, поранешен министер за правда, пратеник и генерален-секретар на СДСМ во времето на најцрните транзициски денови. Инаку, Ѓорѓи Спасов е основач на Агенција Рејтинг.За Никола Спасов, медиумите во 2018 година пишуваа дека е поврзан со светскиот скандал „Кембриџ аналитика“, кој се однесува на кражба на лични податоци од над 50 милиони корисници на Фејсбук за политички цели, а е голем поддржувач на функционерите на СДС.Оттука, не е воопшто чудна хистеричната реакција на Богоев и поединци од НГО секторот, кои се покажаа како најголеми гласноговорници за промената на името и се во првите борбени линии во одбрана на криминалното владеење на СДС.Левица не ја води битката со лајкови, туку со факти и докази. Евидентно е дека постојат бројни докази за нерационалното трошење пари од страна на Богоев во сите овие години како градоначалник на Карпош и истите не смеат да поминат неказнето.

Македонија | пред 5 години

lisici

Лишен од слобода угостител од Тетово, кој не ги почитувал мерките за спречување на ковид- 19

На 15.01.2021 околу 21.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 55-годишниот тетовец С.И., чиј угостителски објект на улица „Иво Лола Рибар"  во Тетово работел по дозволеното време и во него престојувале 10 гости.Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок, согласно член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија". Угостителскиот објект е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Македонија | пред 5 години

doncev

Почина Ѓоко Дончев еден од доајените на македонската народна музика

Ненадејно вчера во Скопје почина Ѓоко Дончев еден од доајените на македонската народна музика.Тој беше активен на сцената повеќе од 25 години и остави длабока трага во македонската народна музика со безвременските хитови „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“, „О доме мој“ и многу други.Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово.Погребот ќе се одржи утре на градските гробишта во Бутел.

Македонија | пред 5 години

korona-4

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 391 пациент, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 391 пациент позитивен и суспектен на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 32 болни, а во Куманово 57 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 48 во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 27 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 670 и има околу 600 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

ruskovska-4-skopje1mk-Copy

Русковска: Во фиоката на починат курир се најдени преку 1.500 платни налози и мандатни казни

Во фиоката на курир кој починал, биле откриени преку 1.500 платни налози за прекршоци и за мандатни казни, со што државниот Буџет е оштетен за 20 милиони денари, откри раководителката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во емисијата „Стадион“ на Канал 77.-Јас сум за прочистување на судството и на обвинителството, но да се откријат причините зошто застаруваат предмети, зошто имаме постапки по 15 години, кои се причините за тоа. Но, кога зборуваме за обвинителството и судството нам ни треба пошироко прочистување, да се види администрацијата како работи. Пред некој ден од Судски совет добив известување дека починал некој курир и кај него во фиока откриени се преку 1 500 платни налози, за прекршоци, за мандатни казни… и со тоа за 20 милиони денари е оштетен буџетот, и тоа зборувам за еден вработен само, кој знае колку има други вакви случаи. Затоа сметам дека треба да има дополнување на одредени закони, на Законот за кривична постапка, на Кривичен законик , Законот за управните судови, мора некои работи да претрпат измени за да бидеме поефикасни, без разлика за кој суд станува збор, рече Русковска.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања