Промени тема
Контакт

„Каде завршиле 1,6 милиони евра од аферата „Криминални парцели“ и дали е тоа во ВМРО-ДПМНЕ?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Daniela-Nikolova-pres-1

„Аферата „Криминални парцели“, во која се проневерени околу 1,6 милиони евра ја тресе ВМРО-ДПМНЕ. Информациите објавени во медиумите отвораат сериозни прашања за кои јавноста со право очекува одговори од првиот човек на оваа партија, Христијан Мицкоски“, посочиве Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Таа додава:

„Последните објавени информации покажуваат дека дел од осомничените во аферата „Криминални парцели“ се донатори на ВМРО-ДПМНЕ, како и на кампањата на градоначалничката Данела Арсовска.

Ова е една од причините зошто Христијан Мицкоски треба да одговори на прашањето:

Каде завршиле 1,6 милиони евра од аферата „Криминални парцели“ и дали е тоа во ВМРО-ДПМНЕ?

Овие сомнежи се основани по информациите кои изглегоа во јавноста дека станува збор за криминална шема и затоа очекуваме истрагата да ги даде сите одговори.

Но, неспорен факт е дека речиси сите осомничени и обвинети во аферата „Криминални парцели“ имаат поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

— реклама —

Осомничениот Влатко Илиевски бил телохранител на Христијан Мицкоски и се појавува како донатор на ВМРО ДПМНЕ.

Орце Тодоровски, е негов близок човек, партнер во бизнисот со хидроцентралите. Една од неговите донации изнесува 1 милион денари или околу 16.000 евра.

Осомничениот Дарко Тодоровски бил поранешен советник во ВМРО-ДПМНЕ и се јавува како донатор на партијата.

— реклама —

Еден од донаторите кој е и осомничен во оваа афера е Мирослав Митрески, син на екс градоначалник од ВМРОДПМНЕ.

Осомничениот Игор Гиевски е поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Во аферата „Криминални парцели“ направена е проневера на околу 1,6 милиони евра.

Клучното прашање е каде завршиле овие 1,6 милиони евра, кој е патот на парите?

— реклама —

Дали со нив е финансирана кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори или со нив бил спроведен поткуп?

Дали се прикривале трагите за испумпување на пари од ЕВН, како што Груевски правеше со плацевите на Водно?

Очекуваме истрагата да ги даде одговорите на сите овие прашања“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

uciliste

Четири подрачни училишта во Делчево привремено престануваат со работа

Македонија | пред 3 дена

goran-trajkovski-delcevo

По пријавата од МВР, градоначалникот на Делчево уверува дека постапил законски

Македонија | пред 1 година

goran-trajkovski-delcevo

Кивична пријава за градоначалникот Горан Трајковски за незаконско вработување во Општина Делчево

Македонија | пред 1 година

nevreme-delcevo

Прогласена кризна состојба во Делчево

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања