Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

saso

Општина Вевчани го осуди палењето на знамето на Бугарија

Општина Вевчани најостро го осудува чинот на палење на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани, соопшти градоначалникот Сашо Јанкоски.Според него, овој чин не соодејствува со ставот на општината и најголемиот процент на нејзиното население.„Напротив, Вевчани е меѓу првите општини во Македонија збратимено со гратчето Мелник, општина Сандански, како членови на Асоцијацијата на карневалските градови кои негуваат слични традиции. Општина Вевчани и Вевчанци и во минатото веднаш ги осудувало палењата и на знамиња и на други држави и упорно стоиме на ваквиот став и во иднина и сметаме дека ваквиот чин на изразување револт е недопустлив макар и за најирационалниот, најстар и најавтентично сочуван пагански карневал во светот како што е опишуван Вевчанскиот карневал низ годините од речиси сите светските медиуми“, вели Јанковски.Се надеваме дека, додава тој, овој несреќен чин и ирационален чин нема да фрли дамка на меѓусоседските односи.

Македонија | пред 5 години

Ribarska-mreza

Од почетокот на годинава се откриени 4 случаи на незаконит риболов во Охридското Езеро

Регионалниот центар за гранични работи Запад од почетокот на оваа година до денеска спроведе низа мерки и активности со цел откривање и спречување на прекуграничен криминал по вода, незаконит риболов, како и откривање на прекршоци од Законот за рибарство и аквакултура и Законот за внатрешна пловидба.Како резултат на извршени 17 патролни служби (самостојни и заеднички со Државниот инспекторат за земјоделство) откриени се 4 прекршоци од Законот за внатрешна пловидба, пронајдени се 34 разновидни рибарски мрежи со вкупна должина од 1800 метри, 150 парчиња риба(охридска пастрмка, белвица, мрена, и др.) со вкупна тежина од 13 кг..По расчистување на случаите и нивно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави. Риболовниот алат е одземен и донесен во ПС за ГН - „Охридско Езеро“ за понатамошна постапка, а уловот е предаден во Казнено-поправната установа „Затвор“ Охрид .

Македонија | пред 5 години

pistol

Скопјанец обвинет за предизвикување општа опасност со пукање од автоматски пиштол

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1, како и за кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот 24 – годишник, на 02.11.2020 година, неовластено држел огнено оружје кое на граѓаните им е забрането – автоматски пиштол ЦЗ ВЗ61 Шкорпион, како и 10 куршуми за тој пиштол со калибар 7,65 мм. На критичниот ден, на улица „Цветан Димов“, тој забележал едно лице и испукал неколку куршуми кон него, со што со умисла презел општо опасно дејствие и го загрозил животот и телото на оштетениот. Во настанот биле оштетени три паркирани моторни возила.Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.​

Скопје | пред 5 години

zirafa

Срцев удар најверојатно е причината за угинувањето на жирафата Тобого

Срцев удар најверојатно е причината за угинувањето на жирафата Тобого, која во Зоолошка градина во Скопје живееше од ноември 2013 година.Според првичните проценки не биле констатирани физички повреди на животното. Се чекаат резултатите од крвната анализа, по што, точно ќе се знае од што угинала жирафата.Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите. Телото на Тобого ќе биде погребано во дворот на Зоолошката градина. 

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за запаленото бугарско знаме на карневалот во Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на одржувањето на Вевчанскиот карневал било запалено знаме на Република Бугарија.Предметот е оформен со цел да се испита постоење на кривично дело – Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик.Притоа, надлежен јавен обвинител издаде наредби до СВР Струга со цел утврдување на идентитетот на сторителот, како и идентификација на други присутни на настанот. Во исто време, по наредба на јавен обвинител ќе бидат обезбедени евентуалните снимки од камери на кои е регистриран инцидентот, а ќе бидат преземени и други дејствија за расчистување на кривично – правниот настан.​​

Македонија | пред 5 години

IMG_2185

Зголемен број на работни места во ТИРЗ во 2020 – презентиран нов развоен концепт

Дирекцијата за технолошко индустриски зони ги презентираше економските движења во зоните и новиот концепт и развојни планови на ТИРЗ. Анализите покажуваат дека кај компаниите во ТИР зоните има позитивен економски тренд на заздравување од кризата и потенцијал за раст, а регистриран е и зголемен број на вработени.Во услови на пандемија овие компании го зголемиле бројот на вработени. Во моментов кај нив има вкупно ангажирани 14.067 лица што е зголемување за најмалку 0,6% во однос на 2019 година. Според договорите овие компании се обврзани да креираат најмалку 21.379 работни места најдоцна до 2025 година, а досега од тоа се пополнети 66%.“Наша обврска е да ги следиме роковите за реализација на овие планови, но и да ги поттикнеме побрзо да ги креираат останатите 7300 предвидени работни места во покус рок. Веќе преземавме нови мерки со кои државата им излезе во пресрет на оние кои предвреме ги исполниле обврските и предвеме ја исплативме државната помош. Со овој нов сет мерки целта е искористување на потенцијалот кај веќе присутните инвеститори во земјата и да ги поттикнеме да вложуваат во проширување на своите капацитети,“ изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.Дирекцијата развива и посебна мерка со која инвеститорите ќе се поттикнат не само да ја забрзаат динамиката на вработувања, туку и да ги зголемат платите за 30 до 50 проценти до 2024 година, бидејќи тие сега се под државниот просек.“Не сум задоволен од платите, бидејќи како земја се обидуваме 20 години да донесеме компании кои ќе го зголемат економскиот раст. Ќе инвестираме во програми и вештини со кои ќе се поттикне раст на платите преку зголемена продуктивност на трудот. Овие мерки се насочени директно кон луѓето, а ќе придонесат кон продуктивност на компаниите “ нагласи Деспотовски.Бројките покажуваат зголемена економска активност кај компаниите во зоните. По регистриран пад на извозот од 91% во април, годината ја завршуваат со кумулативен пад на извозот од само 8%, кој е исто така доста понизок од државниот просек. . За целата 2020 година компаниите од ТИРЗ оствариле извоз од 2,6 милијарди евра, додека увозот изнесува 2,2 милијарди евра и има пад од 14 проценти. Ова резултира во позитивен тренд во однос на нето извозот од +17%, односно поголема покриеност на узвозот со извоз во однос претходната година.Истовремено инвеститорите во зоните до сега имаат и над 86% реализација на плановите за инвестиции, односно до сега се реализирани 305 милиони од предвидените 350 милиони евра според потпишаните договори. Деспотовски најави дека со новиот развоен концепт и мерки оние што побрзо ги реализираат инвестициите побрзо може да очекуваат целосна поддршка од Дирекцијата.Исто така се развива и целосно нов концепт на организација за aftercare и нов пристап во профилирање на инвеститорите со воведување на принципот на “една влезна точка“, и подобра инфраструктура. За 2021 се подготвува инвестициски циклус од 15 милиони евра во основна инфраструктура во повеќе зони кој за првпат е изготвен во соработка со корисниците и според нивните потреби.Дирекцијата за ТИРЗ предвидува и воведување на нов концепт во привлекувањето и реализацијата на инвестициите. Акцент ќе се стави на инвеститори со повисок квалитет, односно проекти со повисока додадена вредност, што ќе се преслика во поголеми приливи во буџетот, повеќе и повисоко платени работни места, како и поголема соработка и вклучување на домашни компании во глобалните вредносни ланци. Ова вклучува и нов концепт на и профилирање на секој потенцијален инвеститор, што ќе помогне во креирање на индивидуална (tailor made) понуда за државна поддршка за реализација на инвестицијата. Ова, наместо досегашниот систем на ист пакет на поддршка за сите инвеститори.

Македонија | пред 5 години

kisela-voda

Општина Кисела Вода објави Јавен оглас за формирање на Партиципативно тело

Врз основа на член 46 од Законот за Урбанистичко планирање (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/20), на иницијатива на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, објавен е јавен оглас за формирање на Партиципативно тело, кое ќе има за цел да обезбеди инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичко планирање.Партиципативното тело ќе биде составено од членови на комисијата за урбанизам на Општина Кисела Вода, стручни лица вработени во правното лице што го изработува урбанистичкиот план кој е предмет на расправа, а особено од лица кои се претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.Партиципативното тело ќе се формира од доброволно пријавени лица на јавниот оглас.Јавниот оглас трае 30 дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Кисела Вода www.kiselavoda.gov.mk и со излагање на истиот во писмена форма на огласната табла во просториите на Општина Кисела Вода.До 11 февруари 2021 година, заинтересираните граѓани и правни лица, можат да ги достават своите доброволни пријави за членување во партиципативното тело на шалтерот на Општина Кисела Вода (барака 6), секој работен ден од 08:00 до 16:00.

Скопје | пред 5 години

0-02-05-0bb09bcf5ba8c2798b9b182f4237a50b5fe4b72329026a7efc22a84ba946b3fa_1c6da00e4ad13c

(ФОТО и ВИДЕО) Претреси во Синѓелиќ, запленети околу 10 кг марихуана, приведени две лица

Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода А.В.(74) и С.В.(45), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.Имено, во текот на денешниот ден (15.01.2021), по претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот и другите простории каде живеат А.В. и С.В., на подрачјето на Синѓелиќ, при што пронашле повеќе пакувања со поголема количина на марихуана (околу 10 кг), неколку шишиња со хашишово масло, еден пиштол „Црвена застава“ со две рамки и 57 куршуми.По документирање на случајот, против двете лица до Основното јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела предвидени и казниви по чл.215 и по чл.396 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 5 години

bacev

Единствена Македонија: Целиот државен врв се дигна за палење на бугарското знаме, за вандалското антимакедонско однесување од Бугарија - целосен молк

Марионетската власт во Скопје уште еднаш ја покажа својата сервилност и плашливост и намерата докрај да оди според принципот „ведење глава и скршена кичма“ во распродавањето на државните и националните интереси.Денеска се дигна целиот државен врв во земјата во врска со палењето на бугарското знаме. Но, месеци наназад бугарски политичари, новинари, професори, историчари..., секојдневно вандалски го омаловажуваат и навредуваат македонскиот народ што е недозволиво според меѓународното право а од македонска страна целосен молк и без ниту еден демарш против анитцивилизациската и антимакедонската политика на соседна Бугарија, се вели во соопштението од Едиствена Македонија.Во продолжение на истото се додава:За волја на вистината вандалското антимакедонско однесување од Бугарија е дело на македонските јаничари во Бугарија од типот на Каракачанов, Захариева, Ковачев... кои не издржале во историјата, а не од бугарскиот народ кој е горд на своето татарско-монголско потекло.Марионетската власт во Скопје едно треба да знае. Државите колку и да се мали имаат свои основни државни интереси и црвени линии од кои не отстапуваат.

Македонија | пред 5 години

vakcina-2

СДСМ: Големи се фрустрациите во ВМРО-ДПМНЕ, преку три механизми ќе се обезбедат вакцини против ковид 19 за 60 отсто од населението

Типично за ВМРО ДПМНЕ е да изнесуваат лажни вести, како што е типично да бидат демантирани од страна на амбасади на странски земји и да бидат препознавани како извор на лажни вести во меѓународни студии. Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на 22 декември 2020 година, на покана на премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов и на министерот за здравство проф. Костадин Ангелов учествуваше на седница на влада на Република Бугарија, се вели во Реакцијата од СДСМ на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение на истата се додава:Стоилковски наместо да емитува видео секвенци и бесрамно да лаже, треба да ги објави и фотографиите од седницата на владата во Софија и целата прес-конференција на Филипче и Ангелов што беше одржана по завршувањето на владината седница. Фрустрациите на ДПМНЕ се толку големи што го ставаат на коцка здравјето на граѓаните во оваа коронакриза.ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека заложбите на министерот Филипче и Владата за процесот на имунизација од ковид, се препознаени од многу земји како и од Светската здравствена организација.ВМРО-ДПМНЕ не одржале ниту една прес конференција да кажат колку е важен процесот на вакцинација, колку вакцините се безбедни и дека само преку вакцинација може да се стекне колективен имунитет и да се врати живото во нормала. Но така функционира ДПМНЕ, некрофилксата политика на Мицкоски и натаму е пуштена на најјако.Владата предводена од СДСМ министерот Венко Филипче, преку три механизми, ќе обезбедат вакцини против корона вирусот за вакцинирање на 60 проценти од населението. ВМРО-ДПМНЕ, како и досега ќе обезбеди само шарени лаги на граѓаните.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

МВР го бара лицето што го запали бугарското знаме на карневалот во Вевчани

Полицијата го утврдува идентитетот на лицето што го запали знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани, по што ќе му поднесе пријава. За ова кривично дело е предвиден затвор од една до пет години.– На 14.01.2021 година во 15 часот при дефилирање на василичарските маски во селото Вевчани, Струшко, лице кое било дел од василичарските маски во рака држело знаме на Република Бугарија, кое што при традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, го спуштило во запалениот оган и го запалило. Настанот е документиран и по утврдување на идентитетот на лицето против него ќе биде поднесена содветна пријава – велат од МВР за „Слободен печат“.

Македонија | пред 5 години

mile-janakieski

Сведоци на судењето на организаторите на настаните од 27 април: Ристовски и Јанакиески не организираа партиски членови за учество на протестите

Обвинетите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески немале никаква функција во ВМРО-ДПМНЕ за време на протестите на „За заедничка Македонија“, ниту организирале партиски членови да учествуваат на овие протести. Ова го истакнаа повеќе сведоци предложени од одбраната на денешното судење за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.Поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров Сокол Митровски одговорил дека не комуницирал со Ристовски и со Јанакиески за нивно организирање или поддршка, посочувајќи дека тој лично никогаш не бил на протестите.– Никогаш како градоначалник, ниту ми било поставено прашање за поддршка и учество на протестите. Јас лично никогаш не сум бил на тие протести, а никогаш како градоначалник ниту сум го поставил тоа на вработените во Општината, тоа си било нивна лична граѓанска одлука, изјави Митровски.Поранешниот министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски, потенцирал дека ВМРО-ДПМНЕ немала ништо со тие протести, негирајќи дека како министер влијаел врз вработените во администрацијата да излезат на протестите.Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.Обвинети во овој предмет, кој се наоѓа во доказна постапка, се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешните министрите за транспорт и врски и за образование, Јанакиески и Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Македонија | пред 5 години

korona-2

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 400 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 400 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 34 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 21 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болни, а во Куманово 61 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 47 во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 27 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 31 пациент, во Кочани 9 во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 700 и има околу 560 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

4

Даштевски: Јас сум најнепартиски член, ниту сум член во тело на некоја партија

Првиот човек на новиот состав на Државната изборна комисија Александар Даштевски денеска негираше дека на функцијата е избран поради блискоста со опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.-Самиот Закон вели дека треба да ги правиме после работите стручно и професионално, така што тука завршуваат партиската помош. Може да се каже дека сум јас најнепартиски, ниту сум член во тело на некоја партија, така што тоа е само за изборот. Веројатно верувале дека можам да сработам добро и поради тоа се одлучиле за мене – изјави Даштевски.Членовите на ДИК дадоа свечени изјави во Собранието, по што Даштевски најави дека в понеделник ќе се соберат на прва седница и ќе го договорат начинот на работа во наредниот период.Првиот предизвик на новиот состав на комисијата е организирање на локалните избори што треба да се одржат наесен.

Македонија | пред 5 години

15012021_PVRSM_Zaev_intervjuKapital-2

Заев за „Капитал“: Инвестираме во инфраструктура, патишта, енергетика, капиталните инвестиции се планирани на ниво од 23 милијарди денари

„Јасно е дека спомениците не се трајни добра коишто го подобруваат животот, како што се патиштата, училиштата, болниците, студентските домови, градинките, спортските објекти, функционални апарати за здравството, опрема… Продолжуваме да инвестираме во патната и железничката инфраструктура, енергетика, гасификација, градинки, болници, училишта и животната средина, комунална инфраструктура како и во изградба на социјални станови“, вели премиерот Зоран Заев во интервју за „Капитал“.Нагласувајќи дека минатата, 2020 година, капиталните расходи имаат 80 проценти од планираната реализација на капитални инвестиции и е подобра во однос на 2019 година кога беа реализирани 77,6 проценти од планираните капитални расходи, премиерот Заев посочи дека во Буџетот за годинава, капиталните инвестиции се планирани на ниво од околу 23 милијарди денари или за 20 проценти повисоко во однос на планот за лани.„Клучен капитален проект е Коридорот 8, главната артерија која и инфраструктурно ја поставува Северна Македонија како крстопат помеѓу соседите, а ги поврзува Црното со Јадранското Море. Дополнително се градат и рехабилитираат магистрални и регионални патишта на територијата на целата држава“, оцени Заев додавајќи дека во периодот до 2025 година се планираат капитални проекти во вкупен износ од 3,2 милијарди евра.Во однос на најавата за планиран економски раст во идниот период, Заев во интервјуто за „Капитал“ вели дека покрај во инфраструктурата значително се инвестира и во човечкиот потенцијал и затоа Буџетот за 2021 е значаен придонес кон Стратегијата за економско заздравување и забрзан раст, кој се состои од четири столба: економско заздравување од КОВИД-19, второ – забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, трето зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор, и четврто – развој на човечките ресурси и еднакви можности, преку кои ќе се обезбеди макроекономска стабилност и финансиска одржливост, заздравување на економијата и забрзување на економскиот раст.Премиерот Заев информира и за средствата насочени за инвестиции во областите на транспорт, енергија, зелена и дигитална транзиција и развој на човечки ресурси за да се обезбеди одржлив раст и работни места, поттикнувајќи го економскиот развој и закрепнување на регионот кои ќе се обезбедат преку имплементацијата на проектите предвидени во Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, усвоен од Европската комисија, а за што веќе е направена ревизија на единствената листа на проекти за да се утврди кои од нив соодветствуваат со планот на ЕУ, кој ќе мобилизира финансирање до 9 милијарди евра за Западен Балкан во рамките на новиот инструмент за претпристапна помош наречен ИПА III.„Досега се реализирани преку 23 проекти во вредност од околу 2,1 милијарди евра грантови и заеми во Република Северна Македонија. Верувам дека Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, ќе даде силно и позитивно влијание врз економското закрепнување на регионот, поддршка на зелена и дигитална транзиција и поттикнување на регионална интеграција кон Европската Унија“, истакна премиерот Заев, кој додаде дека во нашата земја Владата овозможува деловно опкружување, владеење на правото, што се оценува од деловните компании, а исто така и влезот на Северна Македонија во НАТО носи забрзан раст на инвестициите, раст на економијата и намалување на невработеноста.

Македонија | пред 5 години

15012021_PVRSM_Zaev_intervjuKapital-2

Заев за „Капитал“: Изразувањето интерес за учество во Александрополис гасоводот е демонополизирање на снабдувањето со гас

„Сите граѓани се сопственици на националниот гасовод, што е огромна придобивка за граѓаните и за националните можности на државата. Наместо да биде присутен само еден извор на гас, со што државата, со години, се држеше во монополска позиција, сега е отворена можноста да влезе и азербејџанскиот гас како и течен гас од Америка и од други земји. Го изразивме нашиот интерес за учество во сериозен, би рекол геостратешки и европски проект, поддржан од САД, Александрополис гасоводот“, истакна премиерот Зоран Заев во интервју за „Капитал“, информирајќи дека анализите покажуваат дека можеме да инвестираме во гасните терминал и централа во Александрополис за да имаме сопствеништво на меѓународен гасен терминал и гасна централа со локација во Грција. Тој додаде дека оваа инвестиција обезбедува „букирање“ на капацитети за сигурно и стабилно снабдување на земјата со гас, без ризици. Изградбата на Интерконекторот со Грција е проект вреден 54 милиони евра, од кои 14 милиони се грант од инвестициската рамка за Западен Балкан.Премиерот Заев оцени дека Владата следејќи ја состојбата во што најмногу се вложува во светот, се посветува на проектите од областа на енергетиката и енергетската ефикасност, заедно со дигитализацијата и сите други високи современи технологии, кои обезбедуваат економски напредок.„На местото на стариот рудник во РЕК „Осломеј“ сега се градат капацитети за 10 мегавати, а ќе се изградат уште две фотонапонски електрани од по 50 MW. Проценетата инвестиција е околу 60 милиони евра. Термоцентралата ТЕЦ „Неготино“ ќе се трансформира во гасна централа преку јавно – приватно партнерство или ќе се продаде. Можната инвестиција е од 200 до 500 милиони евра со нови 100 мегавати зелена енергија“, вели премиерот Заев додавајќи дека се обезбедени и грант средства за физибилити студии за три нови фотонапонски електрани со вкупен капацитет од 160 MW во РЕК Битола и дека во првиот квартал од оваа година ќе биде објавен нов тендер за дополнителни 60 MW фотонапонски електрани и инвестицијата е над 35 милиони евра.Тој во интервјуто се осврна и на почетокот на изградбата на втората фаза од ветерниот парк Богданци 2, со кој ќе се зголеми инсталираната моќност на постојниот ветерен парк Богданци за 13.8 MW, која ќе започне годинава. Инвестицијата е вредна 21 милион евра. Заев во интервјуто за „Капитал“, информира и за проектот „Чебрен“, вреден меѓу 600 и 800 милиони евра, кој по 11 години, неуспешни обиди на претходната власт, веќе е во следна фаза, откако на јавниот повик за пројавување интерес пристигнаа повеќе понуди од кои 10 се од џиновски компании од Европа и Кина.

Македонија | пред 5 години

stoilkovski

Стоилковски: Филипче и Заев со месеци шират лажни вести дека обезбедиле вакцини, мора да сносат одговорност

Вакцини од Бугарија НЕМА! Се потврди тоа што го предупредувавме, дека и бугарските власти го посочија, дека ќе поделат, ако им остане! Цел месец Владата преку својата официјална страница ЛАЖЕ и шири ЛАЖНИ ВЕСТИ! Се уште стои објавата од 22 декември со наслов „Филипче: Бугарија од своите вакцини, дел ќе донира и за Република Македонија“, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Па вели: Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против КОВИД-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја! Со оваа одлука во нашата земја вакцини против КОВИД-19 ќе стигнуваат во исто време како и во останатите земји членки на Европската Унија. - ова го пишува на официјалната страна на Владата на Македонија, цитирајќи го Филипче од изјава дадена за една национална телевизија, а по средбата со министерот за здравство на Бугарија, проф. Костадин Ангелов!Филипче навлегува и подлабоко: „Веќе разговаравме и за техничките детали во однос на испораката“, пишува на официјалната страница на Владата.Тоа што го сокрија Филипче и владата е дека во Бугарија им е децидно кажано - „Имаме можност за препродажба и донирање на вакцини против КОВИД-19, по покривањето на националните потреби ќе обезбедиме вакцини и за граѓаните на Македонија“, директна порака од бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, пренесена и од редакцијата на Дојче Веле на македонски.По посочувањето на изјавата на Ангелов и на лагата и за лагата, и за криење на вистината, како и на прашањата - „Што ако Бугарија ги потроши сите дози, или евентуално го сврте грбот, колку животи ќе згаснат, па и колкумина ќе останат со тешки последици заради доцнењето на Филипче?“, СДСМ и власта одговорија „ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека нема доволно тестови и заштитна опрема, денеска лаже дека ќе нема вакцини“ – реакција на СДСМ од 23 декември.Истиот тој 23 декември, Зоран Заев преку социјалните мрежи и медиуми пренесе „благодарница“ до Борисов за одлуката за донации на вакцини, со што лагата продолжи да се шири и натаму дека Македонија ќе започне вакцинирање против КОВИД-19 со сиот нормален свет!И ден денеска, Филипче, Заев и власта не знаат колку вакцини им се потребни, колку воопшто ќе добијат и дали воопшто ќе добијат, нивните ЛАГИ со вербални манипулации ОБЕЗБЕДИВМЕ или МАКЕДОНИЈА ОБЕЗБЕДИ ВАКЦИНИ, или ДОБИВАМЕ ВАКЦИНИ ВО ФЕВРУАРИ, МАРТ, не значат ништо конкретно! Ниту се знае кога ќе почне вакцинирање, ниту со кои вакцини, ниту од каде тие ќе пристигнат!Зоран Заев, Венко Филипче, Османи, Димитров, Шекеринска, Спасовски, се главните извори на лажни вести во државата и носители на поразите на Македонија и на народот!И пред во СДСМ и во Владата да напишат реакција и соопштение за ширење на лажни вести наводно по оваа прес конференција, нека си ги препрочитаат пласираните соопштенија и изјави, а овој прес нека го разберат како мал придонес од ВМРО-ДПМНЕ за борбата со дезинформациите, како и кон борбата со лажните вести!Филипче и Заев со месеци шират лажни вести дека обезбедиле вакцини и мора за тоа да сносат одговорност.Со лага ги наведоа медиумите, за тие да шират лажни вести! Тоа е спротивно и на штитењето на јавниот интерес, спротивно и на навременото и точно информирање, и на крај спротивно на градењето на доверба кон здравствените работници во Македонија!

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 14 пациенти, а вкупно се лекуваaт 300 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 14 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 300 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники немало приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 6 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 17 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 12 пациенти, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 16 болни.На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 95 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти.Вкупно 300 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 146 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Македонија | пред 5 години

16

(ФОТО) Охрид се расчистува од снегот

Оперативните служби на ЈП "Охридски Комуналец" беа на терен во текот на целата измината вечер. Активностите за чистење на снегот од улиците и останатите јавни површини во градот интензивно продолжуваат и денеска.Заради поголема ефикасност на механизацијата и посоодветно отстранување на снегот од потесните улички и приоди во градот, се упатува апел до граѓаните да ги отстранат паркираните возила, напиша на својот ФБ профил градоначалнкот на Охрид, Константин Георгиески.  

Македонија | пред 5 години

vevcani-3

Спасовски: Ништо не се случи во Вевчани - некој сакаше да предизвика инцидент од политички причини

Во интервју на МТВ, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, истакна дека ништо не се случило на карневалот во Вевчани.„Разговаравме ние и со одделот за превенција кај нас да не се организира масовно присуство, тие наши заложби и договори не беа испочитувани, но како и да е, таму се случи една состојба во којашто од политички причини некој сакаше да предизвика инцидент или да биде сензација во јавноста. Ништо повеќе од тоа“, истакна Спасовски.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведен крадец од Скопје, украденото вратено на сопственикот

На 14.01.2021, година во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Б.А.(21) од с.Ласкарци, општина Сарај, поради тоа што во 17.45. часот извршил тешка кражба во продажен објект во трговски центар. Украдените предмети му биле одземени и вратени на сопственикот.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“.

Скопје | пред 5 години

138937834_10217706742012640_643719438075012622_n

Петар Колев: Болно и навредливо е кога некој ќе ти го запали националниот симбол

Да го запалиш знамето на државата која прва не призна и испрати јасен  сигнал кон целиот свет дека Македонија ќе биде самостојна и суверена  држава, да го направиш на тој или претходниот ден после 29 години, еповеќе од јасна порака.  Да го запалиш знамето на државата која образовала илјадници твои деца,  дала државјанства на илјадници твои граѓани, комшии, роднини кои работат  низ цел свет и праќаат пари на своите семејства за да ги спасат од глад  и мизерија, во која држава и денес функционираат фирми на твои сограѓани, роднини и комшии, а печалбите ги трошат во Македонија е меко кажано невоспитано, истакна Петар Колев, претседател на ГДУ.Колев додава:Проблемите и нерешените прашања се решаваат, но комшиите и роднините остануваат.Жал ми е што ова се случи, се надевам дека сфаќаме како општество колку е болно и навредливо кога некој ќе ти го запали националниот симбол и каква навреда е тоа. Ни се случувало многу пати да гори и македонскотознаме, но за волја на вистината никогаш не било палено во Бугарија или од Бугари туку од други наши соседни земји, но и наши сограѓани од друга  етничка припадност.Палењето на национални симболи е кривично дело, извршено од индивидуалци и очекувам институциите да си ја завршат својата законска обврска, бидејќи сум убеден дека ние како општество не сме должни да го носимесрамот и навредите предизвикани од индивидуални постапки.Искрено и човечки се извинувам на секој роднина и комшија, граѓанин на Бугарија за оваа постапка. Ова е навредливо пред се за мене, па после и  за секој Бугарин каде и да живее во светот. 

Македонија | пред 5 години

15-01-2021-Tasevska

Тасевска: Законот ќе биде донесен и покрај противењето на ВМРО-ДПМНЕ, оваа пролет ќе спроведеме попис

Секогаш кога се носат битни законски решенија за државата и граѓаните, на површина излегува деструктивното, неодговорно и антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ. И овој пат партијата предводена од губитникот Христијан Мицкоски се става на спротивната страна на државните и национални интереси. Република Северна Македонија веќе деветнаесет години е без попис. Последниот попис во 2011 година не успеа токму поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, истакна на денешната прес конференција Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.Тасевска додаде:Денес, оваа партија повторно ја политизира оваа важна статистичка операција.Во Собранието, пред нас пратениците е Законот за попис на населението, закон со кој се отвора простор оваа пролет да спроведеме попис согласно меѓународните стандарди, согласно прописите на Евростат.Овој закон се заснова на транспарентност на процедурите и постапките на реализација на пописот, неутралност и објективност во сите фази на пописот, стручна независност на надлежните органи, користење научни основи во методолошкиот пристап и подготовката на резултатите, како и доверливост и заштита на индивидуалните податоци од пописот.СДСМ има договор со граѓаните да спроведеме попис кој ќе обезбеди точни и релевантни податоци.Целосно нејасно е зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се противат на Законот, освен ако целта не им е намерно да го проблематизираат одржувањето на пописот со цел државата и натаму да нема податоци кои се важни за креирање на среднорочни и долгорочни политики и стратегии.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да спречат одржување на попис согласно меѓународните стандарди и пракси.Како пратеници избрани од граѓаните, имаме обврска да овозможиме сигурен и предвидлив развој на земјата, стратешкиот развој на сите институции во државата мора да се базира на квалитетни и точни податоци.Ги повикувам сите пратеници да покажат одговорност и сериозност и да го поддржат Законот за попис на населението, за оваа пролет конечно, по скоро 19 години да ја спроведеме оваа значајна статистичка операција.

Македонија | пред 5 години

apasiev2

Апасиев: Процентот на резултатите од ПОПИСОТ е договорен уште при формирањето на Владата на СДС + ДУИ, ако ве копка еве како ќе е …

Процентот на резултатите од ПОПИСОТ е договорен уште при формирањето на Владата на СДС + ДУИ. Ако ве копка, еве да ви кажам: најголемото малцинство ќе биде 28,5% (иако во реалноста резиденти се околу 18%). Ова сега е само фалсификување на реалноста, со цел таа да се наштима на коалицискиот договор. Со "државници" ко Заев, за жал, демакедонизацијата е процес кој е во тек, напиша на својот ФБ профил пратеникот Димитар Апасиев. 

Македонија | пред 5 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Пендаровски: Палењето на знамето на Бугарија за време на карневалот во Вевчани е за осуда

Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување, напиша претседателот Стево Пендаровски на „Фејсбук“, по реакцијата на Софија и објавите во тамошните медиуми дека на карневалот било запалено бугарското знаме.Претходно, министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, објави дека Софија упатила остар вербален демарш за Скопје поради запаленото знаме. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања