Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

filipce

Нова варијанта на Ковид-19 пристигна во земјава

„Швајцарскиот“ вирус или нова варијанта на Ковид-19 пристигна во земјава, но тој не претставува поголем ризик од вообичаеното, велат здравствените власти. Министерот Филипче појаснува дека станува збор за варијанта којашто за првпат била детектирана во Швајцарија. Инаку, кај нас засега не е откриена британската верзија, објави Алсат.Инаку, во последните 24 часа, 36 пациенти биле хоспитализирани во ковид центрите во Скопје поради компликации од Ковид. Само во главниот град над 300 пациенти актуелно се во болница, а слободно се 122 легла.извор: Алсат

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-bolnica

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 412 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 65 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 48 во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 26 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 11 во Кичево 15, Кавадарци 23, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 718 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

На пукањето пред Градската општа болница, неофицијално му претходел вооружен инцидент

На пукањето пред Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, неофицијално му претходел вооружен инцидент во скопското село Љубош. Едно лице е веќе на операција, откако се здобило со рана од куршум. На второто лице му е исто така пружена помош, а неофицијално имал повреда на вилицата. Од МВР велат дека кај нив било пријавено дека имало пукање помеѓу четири лица, но во селото Љубош, објави  А1 ОН.Текстот во целост на: А1 ОН

Скопје | пред 5 години

IMG_3669

Потпишан меморандум за разбирање на инвестициска и трговска соработка со грчката агенција за инвестиции и трговија

Со цел воспоставување практична рамка за соработка меѓу двете агенции за промовирање на инвестициите и трговските врски, денес во Атина се потпиша Меморандум за разбирање во полето на инвестиции и надворешна трговија меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија и ENTERPRISE GREECE како официјална агенција за инвестиции и трговија на Република Грција. Заради запазување на КОВИД протоколите, меморандумот се потпиша на ниво на министри за надворешни работи на двете земји за време на официјалната посета на министерот Бујар Османи на Грција.Двете страни ќе разменуваат информации за трговски политики, правила, прописи, процедури, субвенции и ажурирања на статистички и деловни податоци на редовна основа што ќе се остварува преку размената на публикации, магазини и директориуми, како и преку заеднички истражувачки активности со цел олеснување на меѓусебната трговија и заедничките проекти.Соработката, како што се наведува во Меморандумот за разбирање на инвестициска и трговска соработка ќе се остварува преку одржување чести и редовни контакти меѓу двете држави за заедничка размена на економски и деловни информации што не се од доверлив карактер истовремено поддржувајќи ја техничката експертиза, знаење и можности за обуки. Истатата би се остварила преку истражување на деловните можности во двете земји, организирање на взаемни посети за деловна соработка, конференции, тркалезни маси, деловни патувања за промовирање на можности за инвестирање и трговија во секоја земја како и други активности.Организирањето на активностите за трговска промоција би се обезбедила и преку размената на деловни делегаци или трговски мисии, семинари, саеми и посети на експерти за идентификување на деловен потенцијал и деловни можности.Исто така, секоја страна ќе и помага на другата страна во организирањето на комбинирани настани поврзани со деловни активности, услуги за спојување и вмрежување во двете земји и во друга трета земја, за која заеднички ќе се договорат.Меморандумот за разбирање стапува на сила од денот на неговото потпишување и ќе важи за период од три години.

Македонија | пред 5 години

1

Спасовски оствари онлајн состанок со директорката на Европската канцеларија за поддршка во областа на азилот, Нина Грегори

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари онлајн состанок со директорката на Европската канцеларија за поддршка во областа на азилот (ЕАСО), Нина Грегори, чија цел беше да се дискутира за активностите кои Европската канцеларија за поддршка во областа на азилот ги спроведува во рамките на регионалниот ИПА проект „Регионална поддршка на управувањето со сензитивната миграција во делот на Западен Балкан и Турција“, проект на кој Министерството за внатрешни работи е еден од крајните корисници. За време на состанокот беа разгледани резултатите од досегашната соработка која ја има Министертвото со оваа агенција на Европската Унија, како и идните чекори во спроведувањето на активностите во рамките на проектот.Министерот Спасовски го изрази своето задоволство од досега имплементираните активности и напомена дека од особено значење е континуираната поддршка и соработката која Европската канцеларија за поддршка во областа на азилот во изминатите неколку години ја овозможува за Министерството за внатрешни работи. Притоа, беше констатирано дека во рамки на регионалниот ИПА проект, со поддршка на партнерите од ЕАСО, беа спроведени и голем број на обуки, со кои се подобри работењето на вработените во министерството.Исто така, беше изразено задоволство од успешното спроведување на Патоказот подготвен во рамките на фазата 1 од регионалниот проект, особено имајќи превид дека Република Северна Македонија, покрај Република Србија, е единствената земја во регионот која има Патоказ за соработка со Европската канцеларија за поддршка во областа на азилот. Оттука и големиот ентузијазам со кој беше пристапено при консултациите во однос на вториот Патоказ за соработка помеѓу Република Северна Македонија и ЕАСО, кој е за периодот 2020-2022.На крајот од состанокот министерот Спасовски изрази голема благодарност за поддршката која Европската канцеларија за поддршка во областа на азилот ѝ ја дава на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон исполнување на европските стандарди кои ќе придонесат кон членство во европското семејство.

Македонија | пред 5 години

filipce-1

Филипче: СЗО донираше три „biosafety“ кабинети за Институтот по судска медицина и Институтот за микробиологија

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, шефицата на Канцеларијата на Светската здравствена организација во Северна Македонија Џихан Тавилах и деканката на Медицинскиот факултет во Скопје проф. д-р Соња Топузовска, денеска беа во посета на Институтот за судска медицина по повод донација на „biosafety“ кабинети од СЗО.Во изјава за медиумите, министерот Филипче истакна дека Светската здравствена организација се покажа како еден од најсериозните и најголеми партнери од почетокот на ковид кризата, како и во претходниот период на други полиња на соработка.„СЗО беше институцијата од којашто на глобално ниво доаѓаа првите сознанија со вирусот, начинот на ширење, препораките, превентивните мерки и ова сега е еден сегмент на соработка кој значи сериозно зајакнување на лабораториските капацитети. Денешната донација се состои од три „biosafety“ кабинети. Два кабинета се наменети за Институтот за микробиологија и еден за Институтот за судска медицина. Ова е една значајна поддршка за Медицинскиот факултет, со што се одделува работата од форензиката со делот на дијагностика на коронавирусот, нешто што е многу значајно посебно за работата на Институтот за судска медицина“, потенцираше Филипче и додаде дека ова претставува зајакнување на дијагностичките, лабораториските капацитети во делот на идентификување на коронавирусот на Медицинскиот факултет во Скопје.Шефицата на канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава Џихан Тавилах истакна дека СЗО има блиска соработка со Министерството за здравство во соодветниот одговор на кризата на ниво на целата земја.„Горди сме што поддршката која ја дава СЗО не е поддршка само за моменталната ситуација која се однесува на кризата со КОВИД-19, туку и долгорочно гледано, поддршка со современа технологија и поддршка за развој на капацитетите на работната сила во областа на здравството во земјата. Уште еднаш би сакала да нагласам дека сме многу горди на соработката со министерот Филипче, медицинскиот факултет во Скопје и сите партнери во земјата, затоа што сме уверени дека одговорот на кризата е навистина силен и оди во добар правец. Истиот нема да запре, земајќи во предвид дека останува уште многу работа, особено со процесот на вакцинација“, рече Тавилах.Деканката на Медицински факултет проф. д-р Топузовска се заблагодари на министерот Филипче и шефицата на канцеларијата на СЗО во земјава Тавилах што овозможија факултетот да биде дел од институциите на кои СЗО донира опрема, која е многу значајна во овој момент.„Се работи за три кабинети со високо ниво на заштита, еден автоматски екстрактор за изолација на вирусна РНК, како и реагенси за три илјади анализи. Оваа опрема ќе овозможи лабораториите на Институтот за судска медицина и на Институтот за микробиологија да го зголемат својот капацитет. Односно, бројот на анализи за детекција на КОВИД-19 на дневна основа. Овие кабинети ќе овозможат високо ниво на заштита на вработените. Опремата во иднина ќе се користи и за други анализи. Со тоа се зголемува капацитетот на Медицинскиот факултет за молекуларната дијагностика“, посочи деканката проф. д-р Топузовска.

Македонија | пред 5 години

Pukanje

(ВИДЕО ТВ 21) Пукање пред болницата „Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје

Пукање пред болницата „Свети Наум Охридски“ во центарот на Скопје, односно поранешната Градска болница, јавува репортерот на ТВ21 од терен.Неофицијално, имало најмалку едно повредено лице кое веднаш е хоспитализирано.

Скопје | пред 5 години

siljanoska

Силјановска: Во законот за попис не се вметнати европски регулативи и се прави злоупотреба на европското знаменце

На денешната седница во Собранието на Република Македонија пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова истакна дека законот за попис на населението е со низа недоследности во кој не се вметнати регулативите и стандардите на Европската Унија и Евростат а истовремено се прави и злоупотреба на европското знаменце од страна на владејачкото мнозинство.„Во европските парламенти во членките на ЕУ обично во текот на една година не се носат повеќе од 150 - 160 закони, ние за два месеци оваа собраниска фабрика произведе речиси 170 закони меѓу нив и законот за попис на населението, домаќинствата и становите чии наслов не соодветствува на она што ќе се попишува. Слушам на телевизија, не во текот на расправата од директорот како зборува на Алсат за резидентно население за нерезидентно население но го препрочитав неколку пати законот и не можам да видам таква класификација. Веројатно ќе биде во методологијата но и неа ја нема и ќе ја добиеме еден месец по донесувањето на законот па ве упатувам на други искуства да видете како методолошки упатства се заедно во пакет со законите, со сериозни објаснувања, со сите инструменти на тајмингот на роковите и слично“,нагласи Силјановска.Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска додаде и дека од страна на владејачкото мнозинство се прави злоупотреба на европското знаменце.„На еден интересен начин дојде овој закон во редовна постапка без европско знаме, потоа го снема, па се врати со европско знаме, си велев зошто било така мислам дека заради повикувањето на регулативата која што кога ќе проверите и пропатните за нејзино спроведување апсолутно не е точно дека е делумно аплицирана, се обидовме точно одредбите од регулативата преку амандманите да ги предложиме меѓутоа тоа не беше прифатено. Епа сега да оцениме дали европското знаме навистина нешто значи. Иначе патем за два месеци речиси 20 закони со европско знаменце повторно и невиден рекорд поминале овде и јас се чудам зошто не добиваме почеток на преговори на таква фантастична европеизација во ова собрание“, заклучи Силјановска.

Македонија | пред 5 години

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 36 пациенти, а вкупно се лекуваaт 306 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 306 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми,Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 36 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 19 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 пациенти, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 92 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 76 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациент.Вкупно 306 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 122 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Единствена Македонија до Спасовски: Тепаше во Вевчани, но не ти кажале дека пркосот на Вевчанци не е исклучок, туку е правило

Единствена Македонија ја осудува вчерашната наредба на министерот во МВР, Оливер Спасовски, за употреба на полициска сила и тепање на народот во Вевчани, со цел, растурање и оневозможување на вевчанскиот карневал.Но, Спасовски манифестира суштинско непознавње на работите и не знае дека Вевчанци имаа своја историја во отпорот спрема непријателите на Вевчани. На 8 август 1987 година, Вевчанци во Битката за водата застанаа во одбрана на своето. За првпат тогаш полицијата употреби електрични пендреци врз возрасни, жени и деца. Но, тогашните функционери од зедничката југословенска држава кои наредија тепање понесоа одговорност, се вели во соопштението од Единствена Макеоднија.Во продолжение на истото додаваат:Вчера, 34 години подоцна, полицијата по наредба на сегашниот министер во МВР пак ги тепаше Вевчанци кои повторно гордо застанаа во одбрана на своето - 1.400 години долгата традиција на вевчанскиот карневал.Спасовски едно треба да знае. Пркосот кај вевчанци не е исклучок, туку е правило, а за тепањето на народот, одговорност мора да има.

Македонија | пред 5 години

bolnica-Struga

Стоилковски: Истрага и одговорност за скандалот со струшката болница, криминал и политички врски не смеат да бидат поважни од животот

Скандалозниот случај во струшката болница мора да се истражи веднаш и доколку се утврди вина да се побара одговорност. Но, она кое што загрижува е што случајот е од август месец минатата година и за жал сеуште нема никаква разрешница. Зошто речиси половина година институциите молчат, молчи Министерството за здравство, молчи Државниот инспекторат, молчи министерот Филипче, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ давајќи коментар за случајот во струшката болница, за одговорност на директорот за компликации кој што не се истражени?„Да биде скандалот поголем Државниот санитарен и здравствен инспекторат одговорноста да го испита овој случај ја префрла во ноември до Министерството за здравство барајќи да се направи стручен надзор за овој случај и истиот да изготви извештај. Но, за жал немало извештај, што остава сомнеж дека Министерството за здравство и министерот Филипче се обидуваат да го забошотат овој случај и некого да го заштитат од одговорност. Зошто Филипче молчи за скандалозниот случај во струшката болница од август месец и за барањето од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Срамота е, се работи за здравје и живот на граѓаните. Никако не може евентуален криминал, политичка врска или било што да биде поважно од еден човек. Молкот на Филипче го прави тој да биде соучесник“, истакна Стоилковски.

Македонија | пред 5 години

vevani

Стоилковски: Заев удри врз народот, растури карневал заради исмевање на неговите политики

Нервозата на власта на Заев е очигледна. Вчера со полиција, насилно и брутално се растеруваа учесници на Вевчанскиот карневал, традиција долга илјадници години.  Очигледно дека однародената власт на Заев не можеше да поднесе како преку хумор и маски се критикува нивната политика и анационалното владеење, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Вчера Заев вчера удри по својот народ. Не држи вода никакво оправдување да тепаш маскирани учесници во карневал, особено не во Вевчанскиот карневал, а да молчиш за фештите кои што ги правеа функционерите на СДСМ во Штип, на забавите среде Скопје во локалите на луѓе блиски до власта, за роденденските прослави во институциите, за десетици други примери на прекршувања и на собири.Окупаторските власти биле Македонија, па ова не го правеле.Дека и гори на власта под нозе, и гори, ама ваква бруталност не може да ги покрие сите срамни политики и криминали на Заев и камарилата покрај него. Народот гледа како се подготвува насилен попис надвор од сите европски стандарди, народот гледа какви концесии се подготвуваат да исплати Заев кон Бугарија, народот гледа како се тргува со историјата и идентитетот и срамното прекинување на Вевчанскиот карневал нема да го покрие тоа. Напротив ова уште една капка во преполнетата чаша.Заев за бруталноста во Вевчани ќе сноси одговорност затоа што го прави тоа кое што ниту една турска, бугарска, српска или комунистичка власт не го направила во Вевчани.

Македонија | пред 5 години

14-01-2021-Petrovska

Петровска: Предлог Законот гарантира попис според сите меѓународни стандарди, сите пратеници да го поддржат

Законот за попис на населението е во собраниска процедура и со неговото усвојување се создаваат сите услови за одржување на попис оваа, 2021 година.  Попис, по највисоките меѓународни стандарди, дигитализиран и согласно прописите на Евростат. После цели 19 години на нашата земја и е неопходен попис. За да може подобро и рамномерно да се развива, за креирање нови долгорочни развојни политики. Тоа е во интерес на државата, на народот, на сите наши граѓани, истакна Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.Петровска додава:Затоа велиме дека реализацијата на оваа статистичка операција е патриотски чин.По скоро 19 години без спроведен попис, никој не смее да го кочи или одолговлекува. Ние нема да дозволиме народот да претрпи штета, пописот ќе се одржи оваа година.Мицкоски мора да сфати дека пописот е статистичка операција, а не политичка. А за својата борба за фотелјата во белиот дворец треба да си бара други начини наместо да блокира се што е во интерес на граѓаните и државата.Тој е против се а не знае зошто. Се обидува да блокира се, без никаква одговорност кон државата и без осет за потребите на граѓаните.Дури повикува на бојкот на пописот. Зошто не знае ниту тој. Помалку граѓани Македонци да излезат? Да бидеме единствена земја без попис?Ние немаме намера да му дозволиме на ВМРО-ДПМНЕ да спречи уште еден попис.Како пратеници избрани од народот имаме обврска да овозможиме надлежните институции да ги направат сите подготовки за пописот и успешно да го спроведат согласно сите меѓународни стандарди.Затоа ги повикувам сите пратеници, да го поддржат законското решение.Државата има електронски регистар на население кој ќе биде поврзан со уредите за попис и податоците ќе бидат споредувани со податоците на други 10 институции и проверени.Што значи не е возможно да се попишат лица кои не постојат.Без разлика колку и да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, попис оваа година ќе има по меѓународни стандарди.Тоа е важно за економијата, за целокупното наше општество, за развојот на нашата држава и ние сме должни тоа да го овозможиме.

Македонија | пред 5 години

bolnica-Struga

АА: Здравствениот систем е надвор од контрола, случајот со бремената жена од Дебар уште еден доказ за тоа

Случајот со бремената жена од Дебар, која се лекува во Општата болница во Струга, докажува дека здравствената состојба во Северна Македонија е тешка и е надвор од контрола. Според сведочењето на сопругот, има многу неправилности, и професионално и етички, кои се поврзани со корупција, непрофесионалност и непочитување на медицинските протоколи што предизвикале непоправливи последици врз здравјето на пациентката, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.Во продолжение на истот од АА додаваат:Загрижувачки е и фактот дека надлежните органи играат улога на глувонеми и ја продолжуваат играта на одбрана на недопирливите или партиските војници. Иако поминаа 4 месеци, сè уште нема епилог од овој настан со сериозни последици, што покажува неспособност на системот и комплицираните лавиринти за постигнување на правда, за што зборува и ветува владата, а жртвите на неспроведувањето се обичните граѓани на оваа држава, која сè уште се влече по бесконечниот пат на транзиција.Во ноември минатата година, Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил инспекција и ја прогласи нивната институција за ненадлежна, за да побара стручен надзор и да ги пренесе надлежностите на Комората на лекари и Министерството за здравство, кои до денес немаат не ја земале во предвид предметната институција.Алијансата за Албанците итно бара Министерството за здравство и Комората на лекарите да формираат соодветни комисии и да ја надгледуваат стручната работа на лекарите и да откријат каква било можна грешка на лекарот и да го процесираат предметниот случај, така што семејството од Дебар ќе ја разбере вистината и да се надомести за тоа што е непоправливо - здравјето.

Македонија | пред 5 години

policija-2

РСБСП: Новини во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата

Републичкиот завод за безбедност на сообраќајот на патиштата ги соопшти измените на ЗБСП кои веќе стапија во сила.За оние сообраќајни прекршоци кои спаѓаат во групата на животозагрозувачки, (возење под дејство на алкохол, непочитување на правилата за ограничување на брзината, итн.) висината на предвидените парични санкции за сторен прекршок останува непроменета. Согласно тоа, освен наведените прекршоци дефинирани како животозагрозувачи, за останатите прекршоци, највисока парична санкција за физичко лице за сторен сообраќаен прекршок изнесува 250 евра во денарска противвредност.Новина во делот на санкционирањето е и тоа што се укинуваат таканаречените „негативни поени“ кои досега се впишуваа како замена за изречена парична санкција за сторен сообраќаен прекршок.Како поважни одредби со кои се регулира учеството во сообраќај со електричен тротинет се издвојуваат:Возачот на електричен тротинет е должен да го управува тротинетот по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци.( се забранува движење со тротинет на коловоз)Возачот на електричен тротинет не смее да се движи по велосипедска патека, односно лента со брзина поголема од 25 km/h., додека по тротоар, пешачка патека или друга површина наменета за движење на пешаци, не смее да се движи со брзина поголема од 6 km/h.Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст.Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото ( треба, но нема санкција за неносење).Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото.На електричниот тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна и светло со црвена боја на задната страна.Друга новина во ЗБСП е тоа што возрасната граница за издавање возачки дозволи изнесува 75 години, наместо 70 како што беше досега со тоа што возач на моторно возило кој наполнил 75 години возраст, задолжително подлежи на контролен здравствен преглед во временски интервали кои не можат да бидат подолги од пет години.Исто така, Законот предвидува и можност за одземање на возилото до 90 дена.Според измените на ЗБСП, полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото, до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена.Доколку биде утврдена техничка неисправност на возилото, која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена.Друга важна новина е тоа што според измените на ЗБСП, доколку возачот во период од една година, откако му е изречена санкција – забрана за управување моторно возило од определена категорија, стори друг сообраќаен прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција – забрана на управување со моторно возило, тогаш ќе му биде изречена прекршочна санкција – престанок на важење на возачката дозвола за истата категоријата за која му била изречена прекршочната санкција – забрана за управување.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

На улиците во Општина Центар нанесена течност против замрзнување на асфалтот

Екипи на Општина Центар изминатото деноноќие со специјални возила на локации на територија на општината распрскуваа емулзиона течност против замрзнување на улиците.Во пресрет на предупредувањата на УХМР за евентуални врнежи на снег, општинските служби започнаа со акцијата за распрскување на улиците во и околу населбата Водно, населбата Кале и сите потешки пристапни улици во Центар.Нанесувањето на емулзионата течност делува превентивно, не дозволува замрзнување на асфалтот при врнежи на снег и на граѓаните им овозможува нормално и непречено движење и одвивање на сообраќајот при зимски услови.Оваа активност Општина Центар ја спроведува секоја година, непосредно пред најавите за врнежи од снег и замрзнувањето на улиците, апликацијата на течноста е по должина на целата улица и е само дел од мерките кои општината ги има подготвено за полесно справување со зимската сезона.

Скопје | пред 5 години

aerodrom-skopje-2

Турски државјанин обвинет за употреба на фалсификувана лична карта

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 19-годишен државјанин на Република Турција, кој се гони за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 25.12.2020 година, на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, пред овластени службени лица употребил лажна јавна исправа – германска лична карта на туѓо име.​​

Македонија | пред 5 години

nina-angelovska-010-960x540

Оштетени штедачи од Еуростандард банка: Нина Ангеловска ги спаси своите пари, но не и на министерството

Нина Ангеловска, претходната министерка за финансии, ги повлекла своите лични пари од Еуростандард банка пред нејзиното затворање, но ги оставила депозитите на Министерството за финансии во висина од речиси 40 илјади евра, кои се сега дел од стечајната маса на пропаднатата банка со голема веројатност никогаш и да не се вратат поради огромниот грабеж на депозити што е направен во банката. Овој чин покажува дека, иако неодговорно и несовесно, Нина Ангеловска се грижела само и исклучиво за својот личен интерес, но не и за јавниот интерес за којшто таа била поставена и одговорна да се грижи, а за што била и скапо платена од наши пари, се вели во соопштението на здружението Оштетени штедачи.-Антикорупциската комисија испита и потврди дека Нина Ангеловска знаела за очекуваното затворање на Еуростандард банка и врз основа на нејзиното учество во Комитетот за финансиска стабилност. Со повлекување на нејзиниот личен депозит од Еуростандард банка непосредно пред нејзниното затворање, таа ја искористила службената положба како висок владин функционер за остварување на лична корист и се поставила во привилегирана и фаворизирана положба во однос на другите доверители кои ги загубија своите пари во банката. Во рамките на своите надлежности, Антикорупциската комисија констатираше само судир на интереси преку крајно непрофесионално и неетичко однесување на министерката Ангеловска.И од сето ова, наместо да има одговорност, Владата ја награди Нина Ангеловска со место член во Одборот на директори на Македонски телеком. И покрај ваквиот недоличен, арогантен и искривен однос, сепак веруваме дека неодамна поднесената кривична пријава за несовесно работење на Нина Ангеловска во службата ќе го види светлото на денот и во некое догледно време ќе има можност да се докаже нејзината кривична одговорност низ транспарентна судска постапка.Во март 1997 година пропадна штедилницата ТАТ. Тогашниот премиер Бранко Црвенковски од собраниската говорница декларативно објави војна против „октоподот“, алудирајќи на организираниот криминал. Во тоа време се зборуваше и дека еден ден пред затворање на штедилницата, некој висок владин функционер, таканаречен „министерот во тренерки“, бил виден како излегува од штедилницата со полни црни вреќи доцна во ноќта. И во случајот со пропаѓањето на Еуростандард банка има вклучено висок владин функционер, но за разлика од случајот со ТАТ, овојпат идентитетот на министерот е добро познат.Дали сегашната Влада и надлежите државни институции ќе ја откријат вистината за пропаѓањето на Еуростандард банка, ќе ги казнат сите инволвирани лица и ќе ни помогнат да ни се вратат нашите украдени пари во целост или пак ќе чекаат да дојдат избори оставајќи на времето повторно да се случат трагедии“, прашуваат од здружението Оштетени штедачи.

Македонија | пред 5 години

policija-i-inspekcija-2

Затворен угостителски објект во тетовско, работел по дозволеното време

На 13.01.2021 во 20.40 часот, по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане извршиле контрола во угостителски објект во с.Горни Челопек, сопственост на Д.Р.(31) од с.Горни Челопек.При контролата било констатирано дека објектот работи и внатре биле затекнати 17 лица гости и сопственикот.Д.Р. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик, односно за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат Тетово.

Македонија | пред 5 години

protets-4

ВМРО-ДПМНЕ: Ако немало Анекс на договор зошто СДСМ не испрати демант до Каракачанов кој кажува дека Анекс имa

Ако немало Анекс на договор зошто СДСМ не испрати демант до Каракачанов кој кажува дека Анекс има, СДСМ е главен извор на заразата лажни вести. Најголем извор на лажни вести во Македонија е СДСМ. Очигледно е дека СДСМ и нивниот шеф Зоран Заев стравуваат да ја кажуваат вистината па затоа секојдневно пласираат лажни вести преку нивните соопштенија и прес конференции, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение на истотот од партијата додаваат:Можеби е време СДСМ и Зоран Заев да излезат и да ја кажат вистината на македонската јавност за сите горчливи прашања што ги засегаат.СДСМ и Зоран Заев залудно се обидуваат да го сокријат Анексот кој им е врачен од Бугарија. Анекс со 12 точки е доставен до оваа ненародна влада во кој се бара ревидирање на историјата, промена на образовниот систем и идентитетските прашања. Овој Анекс власта на Заев веќе го преговара, што покажува дека Заев и СДСМ веќе тргуваат со историјата и идентитетот.СДСМ и Зоран Заев залудно се обидуваат да ја сокријат сиромаштијата во Македонија, бројките секој ден ги демантираат. Поради „успешната“ политика на оваа влада има над 50.000 невработени лица, над 500.000 сиромашни граѓани кои го поминуваат денот со едвај 130 денари.СДСМ и Зоран Заев залудно се обидуваат да ја сокријат неспособноста со справување со КОВИД-19. Регионот започна со вакцинација, а Филипче  се уште не знае точно кога во Македонија ќе пристигнат вакцините за да започне процесот на вакцинација.Лажните вести на СДСМ брзо се демантираат.

Македонија | пред 5 години

apce1

Почина сопственикот на слаткарницата „Апче“ во Скопје

Утрово почина сопственикот на најпознатата и најстара слаткарница во Скопје „Апче“. Најблиските и пријателите се простуваат преку социјалните мрежи :Со длабока болка и жал ви сопштуваме на сите роднини и пријатели дека нашиот пред се татко ,дедо и газда на слаткарница Апче со големо срце денес почина. Погребот со сите протоколи ќе биде на гробиштата во Село Јаловјане Тетово во 13 часот со почит од персоналот на слаткарница Апче.Пред се ве известуваме дека нашиот газда не е починат од корона вирус!!! 

Скопје | пред 5 години

vlado-misajlovski

Мисајловски: Ова што Зоран Заев го прави во Вевчани е крајно нечовечки и против македонската традиција

Во вечерашното издание на дебатната емисија "Што не е јасно?" гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој зборуваше за лошите владини политики во однос на економската и здравствена криза, како и за моменталните насилни упади на МВР во Вевчани по повод Вевчанскиот карневал.Мисајловски истакна дека ваквото насилно влегување во Вевчани само укажува на фактот што Зоран Заев е цврсто решен да погази се што е македонска традиција и се што е поврзано со македонскиот народ. Тотално непочитување, погазување и ништожење на Македонија и нејзините граѓаните, вели Мисајловски."Ваква традиција која што постои со долги години наназад не заслужува ваков третман. Условите не се сјајни и идеални, сигурно морало да има поинаков протокол, но да влегуваат специјалци и да заплашуваат народ и згора на тоа да приведуваат мештани е крајно бесчувствително и ненормално. Но, за жал, Македонците научија како функционира Зоран Заев и ова не е нешто кое што не изненадува", заврши МисајловскиАко Зоран Заев велеше дека се бори со режим и дека победил режим, тогаш ова што сега се случува е еднакво на егзодус, масовно духовно убиство врз сопствениот народ. Република Македонија и граѓаните треба да го запаметат овој ден и да знаат кој е тој кој што е насилник и го повредува сопствениот народ при секој мал традиционален настан, заврши Мисајловски.

Македонија | пред 5 години

sofka

Др Софка Маленко: За дијагноза на Короната Ртг снимка е неопходна за точно потврдување на болеста, во Охрид дневно се снимаат по 70-80 пациенти

Медицинските лица веќе една година работат со золем обем на ангажмани, дежурства, константен стрес во борбата против коронавирусот. Лекарите, медицинските сетри и целокупниот медицински персонал не се штедат, напротив секогаш се достапни да се помогне и да се спаси живот. Кога се зборува за ангажираност и стручност за пофалба е тимот на одделот за радиодијагностика од општата болница Охрид.За тоа како се екипирани, како се пристапува, но и за зголемениот обем на работа отворено за Скопје 1 раскажува Примариус др. спец. по радиодијагностика Софка Маленко, раководител на одделот.Скопје 1: Докторке, се чини дека после една година, како да се навикнавме на ова ново секојдневие. Но, верувам не беше лесно да се турне цела година со до олку зголемен обем на работа. Како сте екипирани, се издржува ли?Примариус Др Софка Маленко: Одделот за Радиологија во Општата Болница Охрид работи долги години, од самото нејзино формиранје со една единствена цел:Точна и благовремена дијагностика на болестта, а со тоа и соодветна и благовремена терапија.Со напредокот на медицината и техниката се добиваат пософистицирани апарати за РТГ дигностика Ехо, маммограф, Компјутерска томографија, магнет.Нашата служба ја вршхи својата дејност во текот на 24ч , во работни денови во две смени прва и втора смена од 08ч до 20ч. Во ноќните часови работи со повик, приправност. Во викендите почхувајки од 20ч во петок до понеделник до 08ч со дежурство, целовремено присуство на др Радиолог и радиолошки технолог.Вие сите знаете дека повеќе години службата работеше успесшно со само еден Радиолог, поточхно, само јас бев единствен Радиолог. И тогаш 24ч секој ден и празник и делник се работесше и снимаше.Во последниве години се вработија др Радиолози и сега во моментов сме 4 Радиолози и еден при крај на специјализација. Исто така бројот на радиолошки технолози се зголеми. Со тоа ни се олесни екипирањето во работата, посебно во последнава Ковид година, Ковид услови.Од самиот почеток сериозноста и ризичноста на новата и непозната болест налагаше да се екипраме во 4 тима- по еден др Радиолог и двајца радиолошки технолози. Работевме по 24ч дежурство се со цел да се избегне можноста истовремено да се инфицира персоналот. Ако еден тим се зарази останатите да можат да пружаат услуга на пациентите.Бројот на пациенти постојано се зголемуваше. Работата се отежнуваше дополнително со опремата за заштита-24ч облечени во скафандери, со маски и визири. Сето тоа беше посебно тешко во летните месеци на високи температури. Се издржа и уште се издржува, иако многу тешко.Скопје 1: Одделот за рентгенологија на некој начин е регионален. Кој регион го опфаќа?Примариус Др Софка Маленко: Општа Болница Охрид е регионален центар. Сите години кај нас се снимаат пациенти од целиот регион од Дебар до Битола. Преку цела година има дополнително жители по разни основи.Секако нетреба да заборавиме дека цела година неработат апаратите за компјутерска томографија во околните центри. Поради тоа сите пациенти се насочуваат и доаѓаат на снимање на нашиот компјутер.Скопје 1: Верувам имате прецизна статистика, колку пациенти ве посетуваат дневно, има ли одделението капацитет и дали се сите услужени?Примариус Др Софка Маленко:  Со Ковид пандемијата бројот на пациенти и бројот на снимања драстично се зголеми. Во екот на пандемијата во денот се снимаа 40-50 РТГ, 25-30 компјутери,10до15еха,5и повеќе мамографии. Тоа се во просек 70-80 пациенти, а понекогаш и повеќе.Се гордеам со секој член од моите тимови, зошто секој си ја врши својата дејност најпрофесионално. Секој пациент бил услужен.Скопје 1:  Почитуваат ли пациентите протоколи, ја сфатија ли сериозноста на короната, бараат ли совети?Примариус Др Софка Маленко: Секако понекогаш имало понекоја непријатност кога треба да почека пациентот или да дојде во наредните денови. Секогаш мора да се почитува пред се медицинска индикација, предност, мора да се почитуваат протоколите за заштита. Иако сме по природа луѓе нестпливи сепак за заштита на сите нас мора да постои одреден ред во снимањето. Скопје 1:  Дневно гледате многу снимки. Што е короната, што оваа болест прави на оганизмот? И покрај што години сте стручна во оваа дијагностика, ново ли беше и за вас кога видовте прв пат пациент со трајно оштетување на белите дробови поради КОВИД 19?Примариус Др Софка Маленко: Короната е нова , непозната и многу сериозна болест. Ги напаѓа сите возрасти, мажи ,жени. Ги напаѓа белите дробови , но и останатите органи.Точно и покрај долгогодишното искуство како Радиолог, првите снимања на пациенти со Корона беа застрашувачки. Едноставно белите дробови беа збришани како да не постојат.Постојано нашиот Министер Др Венко Филипче апелира на сериозноста на Короната. На пристапот на секој од нас и како здраствени работници и како пациенти. Мораме да се придржуваме на соодветни протоколи во целокупното живеење, со цел да се заштитиме себеси и сите околу нас.Во текот на сите овие месеци постојано се одржуваат стручни состаноци со директорот Др Горан Балевски и раководителите на службите, со единствена цел : поефикасно и поуспешно справување како со Короната, така и со другите болести, кои не се запоставија во ниеден момент, како во Нашата служба Радиологија така и во целата Општа Болница Охрид. Истата сите овие месеци работи како Ковид Болница.Скопје 1: Колку често се прави рентген со оглед на тоа што има многу тестирања. Кога е индицирано да се направи рентген?Примариус Др Софка Маленко: Во дијагноза на Короната Ртг снимка е неопходна за благовремено, точно и прецизно потврдување на постоењето на болеста. Со тоа се овозмозува да се даде навремена и соодветна терапија и да се спаси живот.Нашата дејност како Радиологија служба е токму тоа:Да се постави точна, прецизна и навремена дијагноза! Да се помогне, да се спаси живот!Драги пациенти Ние Службата за Радиологија Општа Болница Охрид, работиме и Ви стоиме на услуга 24ч!Ве молиме почитувајте ги протоколите!Почитувајте се и заштите се и себеси и нас!Ние постоиме за Вас пациентите!И само заедно со почит едни кон други можеме да ја победиме секоја болест!

Македонија | пред 5 години

13012021

Мицкоски: Кога Владата за своите во Штип е мајка, а за народот во Вевчани маќеа, народе запомни го денот кога пуштија полиција на народ

Кога Владата за своите во Штип е "мајка", а за народот во Вевчани "маќеа".Кога Владата цензурира критика и традиција долга илјадници години, а не спречува роденден на пример во самата Влада, напиша на својот Фб профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски во објавата додава:Кога самата власт организира избори во Штип и Пласница, а на народот му забранува да организира карневал зошто тој е критика за Владата.Кога полицијата наместо криминалци, се тера да го брка својот народ...Народе, добро запамети го овој ден и овие двојни аршини. Прво пораз, а потоа одговорност за сите од власта.

Македонија | пред 5 години

13012020_Vladina-koordinacija-za-Ohrid-i-UNESCO

Заев и владини претставници: Нацрт извештајот на УНЕСКО е силен аларм за состојбата во Охридскиот регион

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска одржа координативен состанок со заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за култура Ирена Стефоска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Македонски железници – Инфраструктура Хари Локвенец, на кој се анализираа наодите во нацрт извештајот на Реактивната мисија на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион.На почетокот на работниот состанок, премиерот Заев уште еднаш ја реафирмираше определбата на Владата да се зачува статусот на Светско наследство на Охридскиот регион со цел заштита на регионот, владеење на правото и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, имајќи ги предвид реалните ризиците и можноста Охридското Езеро и неговото природно и културно наследство да биде прогласено за загрозено подрачје.Во таа насока, премиерот Заев на средбата истакна дека нацрт извештајот на УНЕСКО треба да се прифати како уште еден, до сега најсилен аларм за состојбата со Охридскиот регион и дека сега се налага огромна потреба за највисоко ниво на ангажираност кај сите чинители за да се отстранат сите ризици кои го загрозуваат Охридското Езеро.Беше потенцирано дека Владата ќе инсистира на завршување на процесот на отстранување на сите бесправно изградени објекти кои се опасност за Охридскиот регион и за таа цел ќе се организираат иницијативи со градоначалниците на Охрид, Струга и Дебарца, за секоја институција итно да ги преземе сопствените одговорности, како и да се спроведе поништување на сите аспекти од штетните проекти кои се наследство од минатото како што се, на пример, проектите на Субрата Рој и Владата до 2016 година, Љубаништа 1 и 2.На состанокот беше нагласено дека Владата ќе преземе сѐ што е во нејзина надлежност, меѓу што и активности за координација со Владата на Албанија за прашања од заеднички интерес за заштита на Охридското Езеро и крајбрежниот појас.Дополнително, на средбата беше договорено Владата да преземе итни чекори за стручно кадровско екипирање во најрелевантните институции како што се Завод и музеј Охрид, Управата за заштита на културното наследство, Управата за заштита на животната средина и другите институции во сферата на заштита на животната средина, а истото се очекува да го направат и општините во своите надлежности.На состанокот е договорено да продолжи координацијата меѓу надлежните институции со забрзано темпо и до УНЕСКО да биде доставен соодветен одговор по однос на алармантниот драфт извештај, а штом се заврши темелната анализа сите наоди ќе бидат презентирани пред јавноста од страна на Премиерот и сите останати релевантни носители на јавни функции.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања