Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

vanceva

Калеска-Ванчева: Сите пратеници да дадат поддршка за Законот за попис

Искрено се надевам дека без разлика на различните мислења и различните ставови, односно знам дека сите ние 120 пратеници немаме никаква разлика во ставот, мислењето за потребата за носењето на законот за попис, истакна денеска од парламентарната говорница пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.Таа нагласи дека до ова законско решение се дојде низ конструктивен, транспарентен и навистина прилично стручен начин, затоа што стручни, компетентни институции беа инволвирани од самиот почеток, од утврдувањето на целите на овој закон, па низ операционализација низ сите законски одредби и тоа е факт.Условно победи мислењето дека овој закон е една многу солидна основа, кој што е согласно меѓународни препораки и регулативи, кој што е согласно со нашето општествено политичко уредување, со нашиот устав, со заводот за статистика, може да пружи она што значи вистинска основа за една кредибилна, законска, сеопфатна многу сложена статистичка операција, нагласи Калеска Ванчева.Јас одбивам иако и денеска слушам сомнежи дека ова било политичка операција, се претворило во политичка операција, зошто законот, начинот на носење на законот фрла сомнеж дека може да се претвори во политичка операција, а најголемиот аргумент е дека законот е со европско знаменце и не можам да се согласам дека клучниот аргумент зошто треба да имаме недоверба во законот и уште повеќе во институциите, кои се главни спроведувачи на законот е тоа што законот е со европско знаменце или затоа што ни еден од вкупно 37 амандмани не беше прифатен.Калеска-Ванчева им порача на пратениците дека конечно треба да им се даде шанса на нашите институции на кои сме им дале закон, сме им дале овластувања ресурси и кои што покажаа дека имаат и знаење и умеење и капацитет, како да спроведат попис според современи стандарди.Очекувам дека на крајот од оваа дебата ќе застанеме сите цврсто и како законодавен дом ќе ја дадеме искажеме довербата во законот и во волјата да ја направиме оваа статистичка операција, од која што зависи се во државата, зависи се за животот и добробитот на економијата на граѓаните и како да ги креираме политиките, нагласи Калеска Ванчева, додавајќи дека конечно како општество после 30 години самостојност во оваа држава треба да кажеме дека има консензус, има општествено политичка поткрепа за пописот.Навистина не сакам да протолкувам дека фрлањето сомнеж на законот, се прави заради одбегнување на одговорноста, која секогаш најголема кај власта, но ние сите овде имаме одговорност и никогаш не можеме да побегнеме од неа, па колку и да сакаме однапред да се оградиме, истакна Калеска Ванчева.Јас знам дека длабоко во себе и вие истото го мислите, но јас се надевам дека овој пат ќе изнајдете сила тоа да го демонстрирате преку кревање на зелено картонче и овој Закон да го донесеме онака како што доликува, да дадеме можност, целосен легитимитет на државниот завод за статистика, на 50-те пописни комисии, за 50-те региони, само така ќе покажеме сериозност и кредибилитет, порача денеска пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Полицијата го растурила карневалот во Вевчани бидејќи го загрозувал здравјето на граѓаните

Полициски службеници денеска интервенираа во Вевчани поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот односно забраната за групирање на повеќе од четири лица со што се загрозува здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија.Имено, и покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собра во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата.По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци. Апелираме до сите граѓани заеднички да придонесеме за спречување на коронавирусот односно за зачувување на здравјето како на жителите на Вевчани, така и на сите граѓани, велат од МВР.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Полицијата апси василичари

И покрај големото полициско обезбедување, Вевчанци не се откажаа од 1450 години старата традиција. Карневалот беше откажан, но секогаш итрите вевчанци за хумор, продефилираа низ улиците на селото.Инспирација за карневалските маски најчесто е политиката, посебно бурната политичка сцена во С. Македонија, но и светски настани. И годинава вевчанци во краткото време колку што имаа пред карневалот да биде растурен презентираа дел од актуелните настани во земјава и пошироко на комичен начин.„Сакам да му се заблагодарам лично на министерот за внатрешни работи, што ни испрати толку многу полиција во Вевчани. Толку многу чест досега не сме имале. Денес првпат во Вевчани ќе го презентираме анексот во 12 точки. Донесовме доволно бугарски корени и жица“, вели еден маскиран вевчанец.Градоначалникот на Вевчани вели дека уште пред три недели најавиле дека ги откажале сите активности.„Полициски службеници денеска интервенираа во Вевчани поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот односно забраната за групирање на повеќе од четири лица со што се загрозува здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија. Имено, и покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собра во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци. Апелираме до сите граѓани заеднички да придонесеме за спречување на коронавирусот односно за зачувување на здравјето како на жителите на Вевчани, така и на сите граѓани“, истакна Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.Акцијата во Вевчани е во тек. детали во текот на денов.   

Македонија | пред 5 години

policija-2

(ВИДЕО) Полицијата влезе во Вевчани да го спречи карневалот

Вевчанци се обидоа и годинава да останат доследни на традицијата. И покрај забраните за глупирање тие и годинава ги ставија маските. И покрај тоа што вевлчанци се обидоја да го направат дефилето, полицијата ги спречи.Во моментов полицијата го растура карневалот.Инспирација за карневалските маски најчесто е политиката, посебно бурната политичка сцена во С. Македонија, но и светски настани.Инаку Општина Вевчани објави дека се откажува од организирање на концертите на 12- ти и 13- ти јануари за да се спречи масовно собирање поради пандемијатата со Ковид-19. Но, ниту некогаш се мешала, ниту има право да се меша, а најмалку да ја одлага прославата на Свети Василиј.   видео: Shilo Magazine Шило

Македонија | пред 5 години

sambevski

Шамбевски: Студентите во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу без парно греење и топла вода, бараме одговорност

Сите сме свесни на празните ветувања, и манипулирањето со студентите кое го направија социјалдемократите во 2017-тата година. Во текот на нивната кампања студентските домови ги споредуваа со затвори и се колнеа дека ќе ги подобрат условите, истакна Борис Шамбевски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.Шамбевски додаде:Во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу веќе подолг период нема парно греење, а тоа дека од четврти јануари па се до ден денес во студентскиот дом нема топла вода е тотална неодговорност и потценување на студентите!Во 21 век, во 2021 година македонскиот студент наместо да разговара за подобрување на условите во лабораториите, за концептот на образованието, ние се уште разговараме за топла вода.Директоре доста е со замачкување очи, а бидејќи разговараме за топла вода од вас не бараме одговори туку бараме одговорност!

Македонија | пред 5 години

viber_image_2021-01-13_14-02-08

ГДУ оддаде почит кон ликот и делото на Мара Бунева

Официјална делегација на Граѓанско Демократска Унија на чело со  претседателот на партијата Петар Колев, денеска по повод 93 години од атентатот извршен од големата Бугарка од Македонија Мара Бунева врзсрпскиот обвинител во процесот против ММТРО, Велимир Прелиќ оддаде почит кон ликот и делото на храбрата тетовчанка.Претседателот на партијата Петар Колев и неговите колеги запалија свеќи во чест на Бунева во црквата „Св Димитар“ во центарот на Скопје, а потоа положија свежо цвеќе пред спомен-плочата на големата Мара Бунева.На 13 јануари 1928 г. припадничката на ВМРО Мара Бунева ја извршува смртната пресуда врз Велимир Прелиќ-главен обвинител во судскиот процес против членови на ММТРО од 1927 г. По извршувањето на смртната казнаБунева пука во сопствените гради и умира од повредите на следниот ден-14 јануари 1928 г. во Скопје.Мара Бунева е родена во 1901 г во Тетово и потекнува од револуционерно семејство. Нејзиниот брат Борис Бунев ја внесува во ВМРО по крајот на Првата светска војна.

Македонија | пред 5 години

korona-2

ИЈЗ: Намалување на бројот на смртни случаи и процентот на позитивни од тестирани, зголемен број на оздравени лица

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 4 до 10 јануари 2021г. Тестирани се вкупно 13.022 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 20,8% во однос на минатата недела.Регистриран e 2.471 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 6,1% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.140; 46,1%), а највисока неделна инциденца од 307,6/100.000 е регистрирана во Берово. Процентот на позитивни од тестирани во споменатиот период изнесува 19%.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=622, 25,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=470; 19,0%), 50-59 (n=455; 18,4%), 30-39 (n=455; 18,4%) и 20-29 (n=330; 13,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=39; 1,6%) и 10-19 години (n=100; 4,0%).По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.460 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 14,8% повеќе во споредба со минатата недела.Во периодот на известување, пријавени се 74 смртни случаи од 24 града, со намалување од 20,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 64 лицa биле над 60 години, 7 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 4 до 10 јануари 2021 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Македонија | пред 5 години

Mihail

Изјава на Михаил Арсенов во врска со инцидентот со медицинската сестра

До нашата редакција стигна изјава од Михаил Арсенов, еден од учесниците во инцидентот со директорот на Општа болница Охрид, Горан Балески. Ви ја пренесуваме интегрално во продолжение:„Во врска со пласираните дезинформации и лаги против мене, сакам да изјавам дека ништо од наведеното не е точно. Јас со лицето Лилјана Димоска подолго бев во љубовна врска и во ниту еден момент од моја страна немаше никакво насилство или семејно насилство врз неа. Истата е полнолетна и доброволно беше во љубовна врска со мене, ниту беше присилувана од моја страна, ниту пак јас вршев притисок врз нејзе.Во наведениот случај, докторот Балески не знам од какви причини се вмеша во приказната.Дали после пласираните невистини, докторот сака само да си ја оттргне својата дамка, која сам си ја направи, бидејќи во ниту еден момент истиот не беше замешан меѓу нас.Јас само сакам да ја кажам вистината како што беше, затоа што од секаде сум преплавен со дезинформации и лоши коментари.Ова е колку да се спаси доктор Балески за мојата изјава. А за „насилство“ како што наведува тој, дека ја спасил девојкава(јас не сум запознаен со тоа)...нема никакво насилство помеѓу нас. Ако јас бев пријавен за насилство до сега требаше да сум лишен од слобода...И јавно сакам да кажам дека оваа врска со Горан Балески причината му е да ја сврти топката према мене, и да има такво нешто, не треба да се меша кога има надлежни институции.Не сакам да верувам дека врз вработените во МЦ Охрид се врши некаков притисок во кој јас сум личен сведок, дека за повредите кои ми беа нанесени критичната вечер се' уште не ми е издаден документ со констатирани повреди, иако инсистирав на тоа.Оставам и верувам во надлежните органи, дека точно и целосно ќе ја утврдат фактичката состојба, и ќе се стави крај на лажно пласираните вести, а вистинскиот виновник ќе биде изведен пред лицето на правдата.Не знам дали после оваа моја изјава ќе се продолжи вршењето на притисок од страна на докторот кој после пријавениот настан во полиција од моја страна, цело време ме прати, врши притисок врз персоналот во МЦ Охрид да не ми издадат лекарско уверение и слично.Се надевам дека институциите ќе ги превземат сите мерки до крај и правилно ќе го расчистат случајот.“

Македонија | пред 5 години

policija-i-inspekcija-4

Во последните седум дена инспекциските служби извршија 2.608 надзори и контроли, затворени се пет угостителски објекти

Во периодот од 4-ти до 10-ти јануари 2021 година, од страна на седумте инспекциски служби се спроведени вкупно 2.608 надзори и контроли, по основ на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони во надлежност на инспекторатите. При тоа, се забележува дека и понатаму се намалува бројот на издадени решенија од страна на Државниот санитарен и здравствен нспекторат, за изолација на лица заболени од коронавирус и на лица кои биле во контакт со заболени лица.Во последните седум дена Државниот пазарен инспекторат, изврши 1.789 контроли и 156 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна и по основ на материјалите закони. При тоа, ДПИ изрече 14 прекршочни пријави, 42 решенија за констатираните неправилности, како и 14 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, пет решенија се изречени за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести. Решенијата се издадени на еден угостителски објект во Скопје, еден во Охрид и три објекта во Гостивар, поради непочитување на дозволеното работно време, при што објектите се затворени на лице место.Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 4-ти до 10-ти јануари, изврши 40 надзори. При тоа, ДСЗИ во посочениот период издаде вкупно 3.900 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19, што преставува намалување во однос на претходниот период.Во посочениот период, Државниот инспекторат за труд, изврши 412 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава, со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки на сите работни места. При спроведените контроли, овој инспекторат изрече 4 решенија и еден платен налог. Решенијата се издадени за непочитување на материјалните закони, односно во делот на прекршувања за исплата на плати и регреси за годишен одмор. Платниот налог е издаден за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести.Инспекторат за транспорт, во истиот период изврши 22 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: 3 прекршочни пријави, едно решение и еден прекршочен платен налог. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз на патници.Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 9 надзори во аптеки и веледрогерии по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона, при што не се констатирани неправилности.Државниот инспекторат за животна средина, во текот на минатата недела изврши вкупно 7 надзори, при што изречено е едно решение на правно лице за непочитување на Законот за води.Во периодот од 4-ти до 10-ти јануари, Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 173 надзори, при што издадени се 3 решенија и спроведени се 15 едукации.Инспекциските служби и во следниот период продолжуваат со интензивни контроли на терен во целата држава,со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштити здравјето на граѓаните.

Македонија | пред 5 години

sestra

Уште еден здравствен работник ја загуби битката со КОВИД 19

Пандемијата од ковид-19 зеде уште еден живот на медицинско лице. Станува збор за сестра Нашиде Емини вработена на Одделот за дерматовенерологија во градската општа болница „8-ми Септември“, пишува Република.мкВеста за згаснувањето на животот беше објавена на „Фејсбук“ на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.Почитувани членови со огромна жалост ви соопштуваме за прерано згаснатиот живот на уште една наша колешка, жртва на ковид пандемијата, сестра Нашиде Емини (Naside Emini 1961-2021) која долги години беше дел од одделението за дерматовенерологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје“, се вели во објавата.Влат дека ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа.Унијата на медицински сестри и целото членство изразувија длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски. 

Македонија | пред 5 години

mijalkov-2

Застарува делото за уништувањето на опремата за прислушкување за Мијалков

Од големиот судски процес „Тврдина-Таргет“ за незаконското прислушување во времето на ВМРО-ДПМНЕ кој се наближува кон крајот, во март ќе отпадне едното од кривичните дела на обвинетиот ексдиректор на УБК Сашо Мијалков, поради застарување. Застарува влијанието на Мијалков за уништувањето на опремата со која се вршело прислушувањето, објави СДК.МК.Не му застаруваат носечките кривични дела за нелегалното прислушување, а тоа се злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластувањата.„И да биде утре првостепено осуден обвинетиот Мијалков, тоа кривично дело секако застарува во март, зашто за делото примање награда за незаконито влијание казната е само до 3 години затвор “, рекоа од Обвинителството.Текстот во целост на: СДК.МК.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бочварски: Ќе ги преземеме сите чекори со цел статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО да не биде загрозен

Доколку некој нема волја да работи и да ги решава проблемите кои му се дадени во ингеренции од граѓаните на непосредни избори тогаш ќе ги преземеме сите чекори со цел статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО да не биде загрозен, рече денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, во одговор на новинарско прашање за нацрт-извештајот на УНЕСКО за состојбата со заштитеното природно и културно наследство на Охридскиот регион и препораката да биде впишан на Листата на светско културно и природно наследство во опасност, објави press24.mk. Тој најави дека информацијата со препораките ќе биде разгледана деновиве на седница на Влада и на координација на ресорните министерства и локалните самоуправи.– Се согласувам дека не треба да дозволиме да дојде последниот момент, извештајот е испратен, сега го разгледуваме, во комуникација сме и Министерството за култура ќе биде во комункација со УНЕСКО. Ќе постапуваме по препораките, а што значи тоа да постапуваме ќе видите во наредниот период, рече Бочварски.Тој повтори дека Министерството нема можност да навлегува во ингеренците на општините во постапувањето по дивоградбите, но посочи дека со оглед на важноста на прашањето ќе се разгледаат сите опции.-Посакувам ова да се реши преку меѓусебна координација на сите инстанци. Граѓаните бираат власти на избори, без оглед на тоа дали се локални или централни, за да им служат, доколку властите не ги почитуваат основните препораки секако овде е централната влада да ги преземе сите чекори, но нема да дозволиме загрозување на УНЕСКО, рече Бочварски.Текстот во целост на: press24.mk. 

Македонија | пред 5 години

lisici

Приведени две лица, нападнале вработена во казино, лице од обезбедувањето и полициски службеници

На 12-01-2021 година околу 10 часот, пред угостителски објект во струшкото село Лабуништа, нарушен е јавниот ред и мир, со физички напад извршен од С.О. врз Ј.М.(40), двајцата од истото село. Против напаѓачот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.На 12.01.2021 година во ОВР Струга, од слобода се лишени В.М.(34) од струшкото село Корошишта и А.Р.(53) од селото Велешта. Тие, со уште две други лица во казино лоцирано на улицата „Нико Нестор“ во Струга извршиле физички напад врз вработената А.А.(24) од Струга и работникот на обезбедување-А.А.(26) од струшкото село Делогожда а потоа и врз полициски службеници кои пристигнале во казиното и преземале мерки за расчистување на физичкиот напад. ОВР Струга работи на расчистување на настанот по што, ќе поднесе соодветни пријави.

Македонија | пред 5 години

Foto-2

Средба на претседателот Пендаровски со поглаварот на ИВЗ, Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи.Честитајќи му го изборот за поглавар на ИВЗ, претседателот Пендаровски му посака успех во работата и ги потенцираше своите заложби за соработка со сите верски заедници во Република Северна Македонија.Претседателот Пендаровски изрази уверување дека Реис Ул Улема Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи ќе даде значаен придонес во мисијата на ИВЗ, во унапредувањето на соживотот и почитувањето на различностите, како една од темелните вредности на нашата држава.На средбата поглаварот на ИВЗ го запозна претседателот Пендаровски со тековната работа на заедницата, како и планираните активности и проекти во следниот период.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бочварски: Годинава започнуваме со изградба на преку 200 социјални станови

За оваа година во соработка со АД за стопанисување со станбен и деловен простор планираме изградба на 5 нови згради со над 200 станови наменети за ранливи категории на граѓани, истака министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес конференција на која заедно со директорот на АДССДП, Кристијан Трајковски, информираа за динамиката на изградба на социјални згради во општините.“Очекуваме до крај на овој месец во Велес да се отпочне со изградба на зграда со 29 станови, а оваа година ќе почнеме со изградба на дополнителни 173 станови за Пехчево, Дебар, во Сарај и во Кочани. Во меѓувреме се проектираат и социјални згради во Штип и Прилеп. Наша обврска е да создаваме услови сите ранливи семејства да добијат кров над глава, сигурност и подобри услови за живот. И заради тоа интензивно работиме на мерки и политики кои влијаат на подобрување на социјалната положба на ранливите категории. Ова е еден од начините како оваа Влада води сметка за згрижување на ранливите семејства и уверуваме дека со овие мерки и политики ќе продолжиме и во наредниот период”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.Министерот додаде дека во овој момент се градат 574 социјални станови во седум општини за кои дел ќе завршат оваа, а дел другата година.Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, истакна дека веќе се прават планови за продолжување на овој проект.“Разговарваме со министерот за продолжување на овој проект и затоа активно работиме на расчитување на имотно правните работи на други локации во општините. Исто така сакам да потенцирам дека акционерското друшто гради и станови со комерцијална намена по пазарни цени кои се достапни за граѓаните и овозможуваат конкурентски услови”, изјави Кристијан Трајковски, директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката.

Македонија | пред 5 години

Postavuvanje-semafori-HT-Karpos-2

Се поставуваат нови пешачки семафори на булеварот Христијан Тодоровски Карпош

Со цел решавање на долгогодишниот проблем на жителите, деновиве се поставуваат нови пешачки семафори на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, наспроти паркот во Чаир. Овие семафори се поставуваат на барање на граѓаните, бидејќи на оваа локација во минатото се случија поголем број сообраќајни незгоди.Тука за првпат се поставуваат пешачки семафори и со нив ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а пред се на пешаците.Поставувањето на семафорите, доколку дозволат временските услови, треба целосно да заврши во текот на наредната недела, а нивното пуштање ќе се реализира по целосното завршување на административните постапки со ЕВН и поставувањето на сите потребни електрични инсталации и броила.Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ во континуитет работат на одржување на постојната и поставување нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, за да се зголеми безбедноста во сообраќајот за сите учесници. Изминатиов период, на барање на граѓаните, семафори беа поставени на крстосницата кај „Реплек“ во населбата Козле, на улицата Борис Сарафов во Ѓорче Петров, на булевар Србија (кај полициската станица), а посебни тастери со кој пешаците ќе можат да го активираат вклучувањето на зеленото светло и со тоа побезбедно да го поминат пешачкиот премин се поставени на семафори на повеќе локации во градот

Скопје | пред 5 години

Mickoski-3

Мицкоски: Ако власта не го повлече законот за попис, ВМРО-ДПМНЕ отпочнува инцијатива за собирање граѓански потписи за поништување на насилниот закон за попис

Во текот на вчерашниот ден ВМРО-ДПМНЕ имаше редовна седница на Извршниот комитет и една од точките на која што опсежно и долготрајно се разговараше беше темата за пописот на населението во Македонија.Она кое што беше заклучено после долгата и опсежна дискусија е следното, имено попис е потребно да има, но тоа е потребно да биде статистичка операција, а не политичка операција каква што се подготвува од страна на владејачкото мнозинство, истакна на денешната прес конференција Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Според Мицкоски попис е потребно да има за да можеме благовремено, навремено да го планираме развојот на економијата, образованието, здравството, земјоделието итн. Затоа што не е сеедно да пресметувате БДП од 11 милијарди евра на политички консензуален договор на население од два милиони жители и резидентно реално население од 1.5, 1.6, 1.7 милиони жители. Зошто? Затоа што тоа директно влијае врз кредитниот рејтинг на државата, а кредитниот рејтинг на државата директно удира по џебот на граѓаните, бидејќи задолжувањето кое што понатаму граѓаните полнејќи го буџетот го враќаат може да биде значително поголемо доколку статистичката операција попис е практично политичка операција каква што планира да спроведе владејачкото мнозинство.Попис како статистичка операција се прави откако претходно ќе се постигне национален, општествен и политички консензус. Што во овој случај изостана бидејќи во рамките на парламентарната комисиска расправа опозицијата предложи 40-тина амандмани и можете да претпоставите македонска јавност дека ниту еден од тие 40 амандмани не беше прифатен од страна на владејачкото мнозинство туку директорот на ДЗС беше благо укорен од претседавачот на Комисијата, немој да се мешаш затоа што се е веќе договорено.Поради КОВИД пандемијата ќе наведам неколку држави многу поразвиени од Македонија кои што веќе го одложија пописот. Имено, Германија пописот планиран за 2021 година го одложи за мај 2022 година. Шкотска пописот планиран за 2021 година го одложи за март 2022 година. Ирска пописот планиран за 2021 година го одложи за април 2022 година. Неколку примери од соседството Романија пописот планиран во 2021 година поради КОВИД пандемијата го одложи за јуни 2022 година. Соседна Србија за октомври 2021 година, Бугарија исто така. А, во план е и Хрватска да го одложи пописот поради КОВИД пандемијата и се разбира ужасната несреќа, природна непогода која што се случи поради земјотресите во областа на градот Петриња, и така натаму има уште многу примери за кои што би можел сега да дискутирам. Но, да не ја оптеретувам оваа прес конференција. Да заклучам станува збор за многу поразвиени држави од нашата но и држави од соседството кои што поради неможноста да се спроведе оваа статистичка операција истата ја одложија за една година, истакна Мицкоски.Птретседателот на ВМРО ДПМНЕ додаде:Доколку оваа операција не е политичка тогаш ВМРО-ДПМНЕ бара одговор на следниве прашања:Попишувањето е предвидено без покажување на било каков доказ и лична идентификација, да биде завршено со едноставно диктирање на матичниот број. Дали може да се случи едно лице да диктира повеќе матични броеви, без притоа да покаже соодветен доказ дека тие во моментов се резиденти односно се наоѓаат на територијата на Република Македонија?Понатаму, она кое што е важно да се напомене е фактот дека постои се уште институтот, политички двоен потпис. Зошто е потребен политички двоен потпис ако навистина станува збор за статистичка операција и нека наведат уште неколку такви примери властодршците, каде се спроведува на овој начин попис?Понатаму, велат попишаните матични броеви ќе бидат вкрстени со базите на податоци. Со кои бази на податоци? До овој момент, ниту една база на податоци не и е позната на македонската јавност, која што ќе биде користена.Понатаму, ќе се спроведува попис според методологија која што се уште официјално не е излезена во Службен весник, а денеска на дневен ред, во рамките на Парламентот се наоѓа Законот за попис, кој што претпоставувам ќе биде усвоен без претходно да биде позната методологијата по која што ќе се попишуваат граѓаните, и така натаму.Има уште многу аргументи, кој што во следните три дена, пратениците од опозицијата, во рамките на парламентарната дебата ќе ги рефлектираат на собраниската говорница. А, зошто велиме три дена? Бидејќи, повторно, на сцената стапува дивеењето на владејачкото мнозинство и се злоупотребува европското знаменце, а се злоупотребува затоа што јасно е дека не е статистичка операција. Кријат, се плашат од јавна дебата, туку и истата ја претворија во политичка операција.Затоа, ВМРО-ДПМНЕ даде неколку конструктивни предлози од кои што, предлогот за попишување со помош на терминали за отчитување на отисокот од прст, е оној кој што може да гарантира навистина статистичка операција за попишување на резидентното население, кој што во овој момент се наоѓа во Македонија. А, не политичка операција каква што на сила се подготвува да спроведе владејачкото мнозинство.Уште една небулоза беше рефлектирана од страна на власта изминатиов период. Ако ме прашате, која небулоза? Тогаш одговорот е јасен. Дека со терминалите за отчитување на отисок од прстот, ќе биле дополнително потрошени средства и тоа било дополнителен трошок. Што е, навистина, една огромна лага. Бидејќи, согласно измените во Изборниот законик, кој што ги гласаа сите политички партии, вклучително и партиите кои што се денес дел од владејачкото мнозинство, на следните локални избори, предвидено е граѓаните, своето гласачко право да го изразат токму користејќи ги овие терминали, за читање на отисок на прст. Така што, истите тие терминали можат да бидат искористени и за оваа статистичка операција наречена попис.Имаме повторно лаги, спинови и извртување на вистината.Тоа е она кое што го бараше ВМРО-ДПМНЕ. Затоа да заклучам, ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на Извршниот комитет, го донесе следниот заклучок:Веднаш, владејачкото мнозинство да го повлече Законот за попис од собраниската дебата и да организира внатрепартиска и внатре државна дебата на целата територија на Република Македонија.Да ги обедини сите политички чинители, сите општествени фактори, за да може да дојдеме до консензуално решение, како треба да изгледа оваа статистичка операција на попис.Доколку тоа не се случи, после очигледната злоупотреба на европското знаменце, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе се мобилизира заедно со граѓаните и ќе поднесе иницијатива до подрачните единици на Министерството за правда, за собирање на потписи за предлог закон кој што ќе биде доставен во Собранието, за поништување на овој закон кој што по насилен пат, планира парламентарното мнозинство да го донесе.И за ова ги повикуваме сите граѓани без разлика на нивната политичка припадност или неприпадност без разлика на нивната етничка и верска припадност да ни се приклучат и придружат затоа што на Македонија и е потребен попис кој што ќе даде одговор на статистичките дилеми а не повторно попис кој што ќе биде политички и попис кој што нема да даде одговор на прашањата кои што ја засегаат македонската јавност.Повторувам ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе отпочне иницијатива на собирање потписи во министерството за правда и како резултат на тоа собирање на потписи и таа иницијатива ќе доставиме предлог закон во Собранието со кој што ќе предвидиме поништување на овој закон кој што по насилен пат се подготвува владејачкото мнозинство да го донесе и за ова повикуваме на масовна мобилизација.Доколку и покрај тоа и овој предлог закон одлучи владејачкото мнозинство да го игнорира и да ја игнорира волјата на илјадници десетици би рекол стотици илјади македонски граѓани тогаш ВМРО-ДПМНЕ јасно кажува дека резултатите од овој попис нема намера да ги признае и идните раководители на институции кои што ќе бидат избрани како предлог на ВМРО-ДПМНЕ резултатите од овој попис немаат намера да ги почитуваат.Затоа апелираме на разум апелираме на државотворност и апелираме на консензус општествен и политички пред било што да се дрзнат да направат од владејачкото мнозинство, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

korona-2

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 410 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 410 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 67 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 50 во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 25 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 32 пациенти, во Кочани 11 во Кичево 16, Кавадарци 23, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 725 и има околу 600 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

w_56083030

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 23 пациенти, а вкупно се лекуваaт 315 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 23 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 315 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 13 приеми,Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 3 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 21 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 18 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 19 пациенти, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 17 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 93 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.Вкупно 315 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Поставено ново ЛЕД енергетски ефикасно улично осветлување во Дебар Маало

Општина Центар продолжува со замена на старото и дотраено улично осветлување, како и поставување на нови улични светилки на улиците на територија на општината.Во населбата Дебар Маало, на улиците „Коле Неделковски“, „8 Март“ и „Наум Наумовски Борче“ отстранети се бандерите кои го попречуваа движењето и поставени се нови ЛЕД светилки, кои значително ќе ги намалат трошоците за електрична енергија.Откако кабловските оператори ги симнаа каблите од бандерите под земја на овие улици вклучително и на „Орце Николов“, како дел од последните подготовки за првата фаза на реконструкцијата на улицата, дрвените бандери се отстранети, јавниот простор е ослободен за движење и општината постави ново улично осветлување.Поставувањето на новото енергетски ефикасно и еколошко ЛЕД осветлување, Општина Центар презема уште еден чекор кон креирање на подобри услови за живот во современа и урбана општина.

Скопје | пред 5 години

ivermetctin

Матичните лекари вчера добија протокол за лекување со Ивермектин

Министерството за здравство информира дека стручниот колегиум за ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и Ковид 19 центрите при интернистичкиот блок, изготви мислење за употребата на лекот Ивермектин кај пациенти со Ковид 19.Протоколот преку Лекарската комора во текот на вчерашниот ден беше испратен до матичните лекари. До крајот на неделата Лекарската комора ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат пртоколите, а веќе следната недела ЛК ќе организира онлајн дискусија со клиничките доктори (лекарите кои работат во болниците) за употребата на лекот.Ивермектинот не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО РСМ. Согласно Решението на МАЛМЕД истиот лек се издава исклучиво на рецепт и се применуваат одредбите за издавање на розев рецепт.Министерството за здравство потенцира дека Ивермектинот е антипаразитски лек со широк спектар на делување, неговата примена треба да биде исклучиво под лекарски надзор без разлика дали станува збор за домашно лекување или хоспитализација. Апелираме граѓаните на своја рака да не го пијат лекот Ивермектин, бидејќи единствено лекар може да утврди дали постојат индикации за користење на лекот и доколку постојат во која доза и во комбинација со кои други лекови може да се користи Ивермектинот.

Македонија | пред 5 години

Pres-Bogdanka-Kuzeska

Кузеска: Лагите на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ не минуваат, нема ниту ќе има преговори за македонскиот јазик и историја

Во ВМРО ДПМНЕ ништо ново. Ништо не се менува. Нова година, едни исти невистини, исти дезинформации, исти манипулации.  Како на Христијан Мицкоски да не му беше доволно, што во клучни моменти за државата излезе пред јавноста и без срам лажеше дека државата се распарчувала, дека се погазувала македонската држава, лажеше дека се погазувала македонската историја, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Кузеска додаде:Како тоа да не беше доволно па сега лажат дека се загрозувал македонскиот јазик, ја плашат јавноста со наводни анекси и бараат нов Договор што е спротивно на државните позиции.На почетокот на годината од Белата палата слушаме една иста расипана плоча, едни исти лаги кажани 100 пати.Колку пати и да излажат, нивната лага нема да стане вистина.Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, партијата потврден извор на лажни вести, партија која знае само за лаги, деструкции, блокади и антидржавно дејствување.Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ точно знаат дека за македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја не се преговара, ниту воопшто некогаш ќе се преговара, но тие свесно одлучуваат да ги лажат граѓаните.Тоа им е јасно на сите, јасно му е и на Мицкоски, но тој мисли само на својата лидерска позиција и затоа свесно бира да лаже.Лагите на Мицкоски и на малкутемина околу него, не поминуваат. Нивните лаги се разобличени и се шест пати казнети од граѓаните. За секоја една лага, Мицкоски се соочи со порази од граѓаните.Колку пати ќе излажат, толку пати ќе изгубат секојпат кога ќе ја побараат довербата од народот.Со вакво антидржавно и антинародно однесување, со лаги и деструкции, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго остануваат опозиција.

Македонија | пред 5 години

Lepce-paricka

Обичаи за Василица: Зошто верниците на овој ден ставаат паричка во лепче?

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар вечерва ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година.На Василица се крши и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.Ставањето паричка во лепче или пита се поврзува со еден настан што се случил во четвртиот век во Кесарија Кападокиска, денешна Мала Азија, поточно Турција.При една посета на императорот Јулијан Отстапник на Кесарија Кападокиска при еден негов поход кон Персија, во Кесарија го пречекува владиката Свети Василиј Велики кој добро го познавал императорот кој бил незнабожец. Свети Василиј сепак сакал да го пречека и му принел леб. Императорот се навредил зашто бил пречекан со леб а не со злато како што прилега за еден император и им наредил на своите војници да соберат трева во полето и да им возвратат на кападокијците со трева како навреда за принесениот леб.По тоа Свети Василиј, по долги молитви им наредил на своите прислужници од неговата митрополија да месат лепчиња или мали пити и во секоја да стават по малку злато.Во спомен на ова чудо што се случува во четвртиот век во Кесарија Кападокиска, денес се става златник во лепче или пита токму на денот кога го славиме Свети Василиј Велики или на први јануари според јулијанскиот календар.Но, на Дочекот на Правослвна Нова Година се палат василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народное верување, ги брка лошите сили.Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.Годинава поради пандемијата е забрането групирањето и палење на огнови. Што значи оваа година празникот верниците ќе го прослават во кругот на семејството, без традиционалните огнови на отворено.Поради пандемијата годинава нема да се одржи традионалниот Василичарски карневал во Вевчани.

Македонија | пред 5 години

nlo-1

ЦИА: НЛО веќе не се тајна - илјадници документи достапни за преземање преку интернет

ЦИА објави стотици документи за неидентификувани летачки објекти кои се достапни бесплатно.Оттаму велат дека ова се сите документи кои постојат на темата, а извештаите документираат НЛО средби сѐ до 1980 година.„ПДФ“ документите од неидентификувани воздушни феномени, како што ЦИА ги нарекува НЛ објектите, беа објавени на „Црниот сеф“, платформа која себеси се опишува како најголемата архива за декласифицирани документи во светот.https://twitter.com/blackvaultcom/status/1347535280178302981?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1347535280178302981%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Ffoto-czia-ja-objavi-vistinata-nlo-veke-ne-se-tajna-eve-shto-sodrzhat-dokumentite%2FКреаторот на платформата, Џон Гринвалд истакнал дека ги собрал документите откако потрошил многу години праќајќи барања за информации од јавен карактер.ЦИА ги прикачила ваквите извештаи на CD-ром, кој  биле прикачени на ЦД-ром кој  Гринвалд го добил минатата година. Оттогаш, тој ги објавил сите собрани материјали.„Пред 20 години, водев долгогодишна борба за дополнителни информации околу НЛО средби од ЦИА. Процесот беше долг и измачувачки. Потребен беше многу труд, но конечно успеав. Добив огромна кутија, неколку илјадници документи кои требаше да ги скенирам еден по еден“, изјавил Гринвалд.Објавувањето на документите се случи само неколку недели откако според новите ковид-19 мерки, Пентагон доби рок од шест месеци за да ги објави сите информации за неидентификувани летечки објекти.Во јули минатата година, американскиот оддел за одбрана изјави дека ќе објавува нови откритија за НЛО средби на секои шест месеци, откако претходно во април беа објавени три средби со неидентификувани летала во 2007 и 2017 година.Иако од ЦИА велат дека предадените документи се споделени во целост, Гринвалд е скептичен, додавајќи дека тој факт нема како да се провери.„Неверојатно е тешко да се користат записите на ЦИА. Нивниот формат е многу застарен и нудат главно неупотребливи текстуални датотеки, а нивната намера е луѓето да ги користат како алатки за пребарување. Ваквиот застарен формат им отежнува на заинтересираните да ги видат документите и да ги користат за било каква истражувачка цел“, нагласил Гринвалд.Извор: DazedDigital

Магазин | пред 5 години

popis-696x522

Славески: Најдобро е пописот да се одложи за наредната година или кога ќе се создадат услови по примерот на голем број на земји од Европа и светот

Трајко Славевски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во „Утрински брифинг“ зборуваше за пописот односно кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со пописот. Славевски посочи дека попис треба да има но не во вакви услови и поради пандемијата пописот треба да биде одложен за следната година.-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е веќе познат и образложен од највисоки претставници на ВМРО-ДПМНЕ вклучително и претседателот Мицкоски кој тоа ќе го потврди во наредниот период.Ставот е дека и можеби е најдобро пописот да се одложи за наредната година или кога ќе се создадат услови по примерот на голем број на земји од Европа и во светот. Од потесното опкружување знаеме дека Бугарија го одложи за 2022 година, Хрватска размислува да го одложи закажаниот попис кој е закажан за во месец април за тогаш кога ќе се создадат услови, Романија го има одложено и така натаму. Зошто го кажувам ова? Тоа е првото барање кое што беше презентирано затоа што многу се кратки роковите, да ја оставиме настрана пандемијата и така натаму. Законот не е изгласан ќе се изгласа можеби деновиве под законски акти, методологии , но треба и месеци за обука на попишувачите односно тимовите. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека мора да има попис, ако од власта инсистира тие имаат мнозинство во Парламентот и доколку решиле ќе го донесат законот. Тоа е нашиот став дека попис мора да има, познати се причините, јас само економските ги спомнувам околу планирањето на економскиот раст, распределбата на ресурсите, социјалната грижа за граѓаните, изградба на училишта, градинки. Не можете да бидете ефикасни со трошењето на ресурсите ако пописот сега како што може да произлезе покаже голем дел на присутност на населението кое не е присутно вклучително и од младата возрасна група па има според пописот на една територија во една општина потесно подрачје 200 деца, а присутни се 10 и сега вие треба да планирате изградба на градинки. Ова е само еден пример, истакна Славевски во своето гостување. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања