Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

vakcina-2

За набавка на вакцини против Ковид-19 издвоени 390 милиони денари

Државата издвои 390 милиони денари за набавка на вакцини против Ковид-19, кои ќе бидат искористени во текот на годинава.Владата на денешната седница ја прифати предлог-програмата на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението во Северна Македонија за 2021 година, во која е содржан план за обезбедување годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикациии.Во програмата се опфатени возрасните групи подложни за одделни вакцинации, видот на вакцини што се даваат и начинот на давање, календарот за имунизација на деца од 0 до 18 години и календарот за catch-up имунизација за нередовно вакцинираните деца од 5 до 18 години.„Вкупно одобрените финансиски средства за оваа програма изнесуваат 805.000.000,00 денари, од кои 415.000.000,00 денари се наменети за обезбедување на потребните количини вакцини за континуирана вакцинација, минимум потребни резервни дози вакцини и имуноглобулини според епидемиолошки индикации, а 390.000.000,00 денари за набавка на вакцини против Ковид-19“, наведува Владата по денешната седница.

Македонија | пред 5 години

ivermetctin

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и за ивермектинот излажа, го нема во доволни количини

Министерот за здравство, Венко Филипче, излажа за лекот „ивермектин“, кој го нема во доволни количини, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.„Уште еден пропуст во низата на Венко Филипче во процесот на лекување на граѓаните од коронавирусот. Единствениот лек, влезен во светски протоколи дека помага во лекувањето на пацинетите, ‘ивермектин’, навидум е стигнат во државата, ама реално го нема.Граѓаните цел ден трчаат кај матичните да им го препишат, а матичните велат немаат никакви насоки од Министертвото за здравство“, наведува опозициската партија.ВМРО-ДПМНЕ додава дека министерот Филипче требало да го набави лекот навреме, а неопходно е и навремено да им дал насоки на матичните и на специјалистите за издавање рецепти.„Наместо следење на светските протоколи за лекување на коронаворусот, Филипче се држи до логиката што функционира во локален маркет или прв дојден, прв услужен. Филипче треба и мора да знае дека станува збор за здравје и живот на граѓаните. Затоа, треба да ги следи светстките протоколи за лекување на болните од Ковид-19“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

korona-2

Починати 12 лица и нови 520 случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3023 тестирања, а регистрирани се 520 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-231, Куманово-22, Дебар-11, Штип-10, Прилеп-9, Тетово-23, Струга-9, Велес-20, Битола-10, Охрид-22, Кавадарци-28, Гостивар-25, Гевгелија-8, Струмица-20, Крива Паланка-12, Радовиш-6, Крушево-2, Кочани-7, Пробиштип-5, Македонски Брод-2, Пехчево-4, Берово-4, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-11, Ресен-1, Неготино-3.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 372 оздравени пациенти од: Скопје-150, Куманово-16, Штип-6, Прилеп-18, Тетово-12,  Струга-20, Велес-15, Битола-17,  Кавадарци-27, Гостивар-14, Гевгелија-9, Струмица-17, Радовиш-7, Кочани-13, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-5, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-5, Ресен-3, Неготино-12.Починати се 12 лица, четири пациенти од Скопје (88, 50, 82 и 65г.), еден пациент од Дебар (72г.), двајца од Струга (79 и 81г.), два пациенти од Охрид (94 и 66г.), еден пациент од Струмица (79г.), од Крива Паланка (59г.) и еден пациент од Кичево (70г.). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87117, бројката на оздравени пациенти е 68364, на починати е 2647, а бројот на активни случаи изнесува 16106. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 37746, активни 9871• Куманово 4912, активни 472• Дебар 694, активни 146• Штип 3392, активни 187• Прилеп 4392, активни 348• Тетово 4898, активни 704• Струга 2103, активни 191• Велес 2888, активни 387• Битола 3123, активни 369• Охрид 2586, активни 419• Кавадарци 2317, активни 479• Гостивар 3480, активни 435• Гевгелија 1225, активни 211 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 210 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2410, активни 434• Крива Паланка 688, активни 113• Радовиш 655, активни 73• Крушево 176, активни 25• Кочани 1663, активни 158• Пробиштип 467, активни 34• Демир Хисар 238, активни 29• Македонски Брод 232, активни 14• Пехчево 169, активни 26• Берово 547, активни 63• Валандово 321, активни 34• Виница 468, активни 65• Делчево 690, активни 211 (188 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 203, активни 16• Свети Николе 1054, активни 66• Кичево 1623, активни 179• Ресен 670, активни 112• Неготино 1087, активни 235 (173 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 3023 теста се преку: ИЈЗ-604, ЦЈЗ Скопје-76,  Авицена-277, Биотек-384, МАНУ -139,  Жан Митрев (Филип Втори)-146, Систина со PCR метода -331, лабораторија Лаор –100, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-15, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-36, Ремедика-32, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -852, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 421.153 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

20112019_VRSM_Sugareski_pres2

Горан Сугарески е назначен за Директор на Царинската управа

На денешната седница, владата го именуваше Горан Сугарески за директор на Царинската управа.Сугаравески доаѓа на местото на Ѓоко Танасоски од Охрид .Сугарески до пред неколку месеци ја извршуваше функцијата министер за транспорт и врски.

Македонија | пред 5 години

slika

ВМРО ДПМНЕ: Како тоа директорот на Центарот за лаги во СДСМ, Александар Поповски си ја вработил својата сопруга Сандра во кабинетот во Владата?

Наместо copy - paste лаги, СДСМ и денес не дава одговори за партиските војници кои Заев ги плаќа со државни пари. Во однос на обвинувањата од СДСМ ќе истакнеме две работи: Жално е што партија на власт не разликува државен советник од платен советник, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ  кое е реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение од ВМРО ДПМНЕ додаваат:Второ, ваквите свои обвинувања ќе треба да ги докажуваат на суд каде многу лесно ќе се разграничи дека се сурова клевета и лага.Што се однесува до вистината: Како тоа, според кои критериуми и каков оглас директорот на Центарот за лаги на СДСМ, Александар Поповски, си ја вработил својата сопруга Сандра Поповска во кабинетот на премиерот.Значи сопругот пишува лаги од седиштето на СДСМ, а сопругава штанца лажни вести од Влада.И сето тоа под покровителство на сатрапот на македонскиот медиуми средношколецот Маријан Забрчанец.Очекуваме одговор на овие едноставни прашања.

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Димче Арсовски го дозакопа Христијан Мицкоски, советниците на Груевски, меѓу кои и самиот Мицкоски, државата ја чинеа 1,73 милиони евра

Димче Арсовски го дозакопа Христијан Мицкоски. Граѓаните добро знаат дека токму Христијан хидро Мицкоски беше еден од дури 91 советници на бегалецот од правдата, Никола Груевски, кои ги чинеа над 1,7 милиони евра! Згора на се, Христијан Мицкоски безобразно лажеше дека за местото советник на Никола Груевски, не земал паричен надомест, односно работел „про боно“, се вели во Соопштението од СДСМ кое е  реакција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение на реакцијата од СДСМ додаваат:Сосема спротивно, се потврди дека Христијан Мицкоски на листата на советници на Никола Груевски имал плата со коефициент 1,8!Над два милиони денари ги чинеше граѓаните совеничкиот ангажман на Мицкоски во кабинетот на Груевски.2 милиони денари за Мицкоски да го советува Груевски како да се водат погубни енергетски политики, и како струјата да поскапи за 100%. Тоа е зијанот на граѓаните од советувањата на Мицкоски, 100% поскапа струја!За другите, вкупно 91 советник на Груевски годишно од Буџетот на државата, се одвојуваа над 1,73 милиони евра, односно пет пати повеќе од таа што сега ја кажува ВМРО ДПМНЕ.Советниците на Груевски и нивните плати беа тајна за којашто не смееше да се зборува, а камоли да бидат транспарентно објавени.Меѓу листата на советници на Груевски за кои од Буџетот се одвојуваа над 1,7 милиони евра годишно, покрај Мицкоски се наоѓал и Луке Галевски, актуелниот шеф на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, денеска најголемиот извор на лажни вести и конструирани случаи.После 7 изборни порази зад себе, Мицоски и ВМРО ДПМНЕ никако да ја научат лекцијата и да ја примат пораката што им ја праќаат граѓаните. Затоа уште долго остануваат во опозиција.

Македонија | пред 5 години

andonovski-2

Андоновски: Што содржи бугарскиот документ кој вчера го доби Бучковски?

Владата на Зоран Заев упорно молчи за тајните преговори со Бугарија. Нејасно е што содржи документот кој вчера му беше врачен на специјалниот претставник, Владо Бучковски во Софија, истакна на денешната прес конференција Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Андоновски додаде:Дали се работи за Анексот со 12 точки во надградено и проширено издание, или нешто сосема друго се преговара?Македонската јавност веќе со месеци не е информирана за содржината на ниту еден документ кој циркулира помеѓу двете страни. Собранието е во тотална изолација, и очигледно никој не знае за што точно се преговара. Владата веќе четири години лаже дека ги затворила сите отворени прашања со соседите. Очигледно не е така.Зоран Заев води раштиман оркестар. Никола Димитров со денови вели дека граѓаните треба да одморат од спорот со Бугарија, и дека до изборите таму, треба да ја вршиме домашната задача. Османи пак го испраќа Бучковски на тајни преговарачки маси каде што никој не знае за што се преговара. Зоран Заев молчи. А, во исто време, македонскиот народ, идентитет и јазик се негираат од највисоки претставници на бугарската влада.Затоа прашуваме:Дали добиениот документ бара ретуширање на историјата и нејзино прилагодување до бугарската историска вистина?Дали е оспорен македонскиот јазик, и тој сега треба да стане фуснота?Дали образовната реформа на Мила Царовска е за да се укине предметот историја, и да се исполнат некои национал-шовинистички барања кои личат барања од 19-тиот век?За оваа дрска и груба игра ќе има одговори и одговорност на сите инволвирани. Не смееме да дозволиме некои пазарџиски трговци да ги распродаваат македонските национални интереси за богатење на нивните фамилии и градење на кариери. За сите овие недела кон Македонија ќе одговараат.

Македонија | пред 5 години

dik

Собранието го изгласа новиот состав на ДИК, за претседател е избран Александар Даштевски

Со 95 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, пратениците го изгласаа новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК).По предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, претседател на ДИК ќе биде Александар Даштевски, а Дитмире Шеху, која е предлог на ДУИ, останува потпретседателка.Другите членови се: Бобан Стојаноски, правник во Собранието, кој е предлог поддржан од ВМРО-ДПМНЕ; Борис Кондарко, Радица Ристеска и Оливер Ристовски – предлози од СДСМ и Кренар Лога, правник од Струга – предлог на коалицијата Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива.Новиот состав на ДИК е избран непосредно пред истекот на мандатот на актуелниот, на 15 јануари.Во новиот состав на ДИК нема да биде досегашниот претседател Оливер Дерковски. Тој е еден од осомничените за скандалот со крахот на веб-сајтот на ДИК кога на денот на изборите лани на 15 јули воопшто не се објавуваа резултатите од гласањето.

Македонија | пред 5 години

bolnica-ohrid

Медицинска сестра раскажува: Бившиот дечко животот ми го направи пекол, директорот Балевски ме заштитува како родител, но каде се институциите?

„Бившиот дечко животот ми го направи пекол“, раскажува за Скопје 1, Лилјана Димоска, вработена во уролошкото одделение при Општата болница во Охрид.Оваа млада девојка која конечно пронашла закрила и финансиска стабилност по семејната трагедија која и се случила сега се соочува со семејно насилство, болна љубомора, закани кон неа и нејзините блиски.Димоска раскажува дека бившиот дечко со кого била во врска две години, по раскинувањето не престанува да ја демни.Ме следи буквално секаде. Виси пред одделението каде што работам, сите го гледаат, ми се заканува и физички и преку телефон.Се обратив до директорот на Општата болница д-р Горан Балевски, побарав помош, вели Димоска.Директорот застана зад мене пред се како родител. Тој буквално нареди целосна заштита за мене. Постави засилено обезбедување во болницата, што најверојтно дополнително го вознемири мојот бивш дечко, раскажува Димоска.По ова не само што не запреа заканите, туку и се засилија.Ќе те закопам во гроб, ми вели… растревожено раскажува Димоска.Таа додава дека често ја малтретирал и ја прашувал, зошто разговара со луѓе, со пациенти со доктори. Што ти е овој, што ти е оној, прашува.Димоска открива дека сите закани и малтретирања и инциденти се пријавени во СВР Охрид. Но, според неа од таму само ќе го повикаат на разговор, и се останува на исто.Од СВР Охрид потврдуваат за овој случај. Велат дека лицето им е добро познато, како и самиот случај. Додаваат дека против ова лице во СВР Охрид поднесени се повеќе пријави од засегнатите страни.После секоја пријава ова лице е повикувано во полициската станица и со него е извршен разговор. За овој случај е известен и јавниот обвинител, велат од СВР Охрид.Во билетнот на МВР постои и регистриран инцидент во кој се инволвирани овие лица– На 10-ти јануари 2021 година, во 23:15 часот, во СВР Охрид пријавено е дека е нарушен јавниот ред и мир на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид. Пријавена е вербална расправија помеѓу лицата М.А. и Д.А. од една и И.К. и Г.Б. со други две, засега непознати лица, од друга страна, сите од Охрид. СВР Охрид презема мерки за расчистување на настанот.Димоска вели „да“ инцидент постоеше. Се тресам целата од страв и немир. Мојот бивш дечко го следел и директорот на болницата, со цел да му се закани и да предизвика инцидент.Не следи сите постојано. На 7 ми јануари тетка ми доаѓаше од Кичево на автопатот им го пресекол патот. Среќа избегната е трагедија. И овој настан е пријавен во полиција, раскажува Димоска.И не само во полиција ова лице е пријавено и во центарот за социјална заштита. Од таму се категорични дека овој случај е семејно насилство. Во неколку наврати разговаравме и со неговите. Никој не превзема ништо. Пријави се редат, но никој не превзема ништо. Треба ли да се случи нешто пострашно за некој да превземе нешто, растревожено раскажува Димоска.Таа изразува жалење што во сите инциденти трауми трпат многу лица, нејзини блиски, пријатели, роднини, но и лица кои сакаат да ја заштитат.„Д-р Балески ми помогна кога бев во безизлезна ситуација. Двајцата родители ги изгубив во 4 години. Тој ме вработи, а сега и родителски застана во моја заштита, за што му си бескајно благодарна“, додава таа

Македонија | пред 5 години

ZOK_4701

По 8 години конечно се ослободува патеката на кејот, кај новиот пешачки мост во Центар

Екипите на Град Скопје почнаа да го расчистуваат кејот на реката Вардар околу новиот пешачки мост кај зградата на Македонскиот народен театар.Овој дел од кејот скоро 8 години не беше прооден за пешаци и за велосипедисти поради градежните работи и натрупаниот градежен материјал поради изградбата на „Панорамското тркало“. Изградбата на мостот е готова, „Панорамско тркало“ нема, а сега се работи на конечно ослободување и на оваа делница од кејот, за граѓаните да можат непречено да ја користат.Од овој потег досега се подигнати 27 кубни метри градежен материјал. Чистењето ќе продолжи и во наредните денови.Значајно е да се нагласи дека активностите на Град Скопје за чистење на кејот на реката Вардар продолжуваат и оваа година. Се расчистуваат и уредуваат пешачките патеки, се чистат калдрмата, каменот и коритото на реката.Дополнително, се корнат гранки, треви и грмушки со кои се обраснати делови од кејот, се кастрат дрвјата, се уредува зеленилото и се чисти ѓубрето.

Скопје | пред 5 години

bacev-1

Единствена Македонија до Заев: Те шамараат на рати од Бугарија, повлечи се од договорот и побарај простување од народот

Зоран Заев добива силни шамари на рати од Бугарија преку последователните документи на Софија како што се Декларацијата на бугарскиот парламент, Рамковните позиции од октомври 2019, Изјавата од март 2020, Објаснувачкиот меморандум на Бугарија до земјите членки на ЕУ и најновиот бугарски документ со 12 точки.Сите овие бугарски документи се сведуваат на тоа дека треба да дојде до бришење на македонската нација, јазик, историја, култура, Македонците во Пиринска Македонија, а сето тоа како услов Бугарија да не стави вето за почеток на преговори со ЕУ иако членството во ЕУ само по себе е незивесен факт за кое може со сигурност да се тврди дека во некоја иднина од дваесетина години и навистина би се остварило, дотолку повеќе, прашање е дали до тогаш Европската унија ќе опстане, се вели во соопштението од Единствена Македониј,Во продолжение на истото од партијата додаваат:По силниот шамар за Заев од Бугарија, Единствена Македонија со фер понуда до Заев да се повлече од Договорот со Бугарија и да побара простувањена од македонскиот народ за целосниот пораз на надворешната политика на власта во изминатиот период со која се загрозени националните и државните интереси.Единствена Македонија кажува отворено и јасно - антимакедонските договори со Грција и Бугарија ќе бидат поништени како спротивни на домашното и меѓународното право. За штетата за националните интереси, одоговорност мора да има.

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ назначи 10 нови претседатели на општински организации

Со новиот начин на работа, СДСМ за прв пат воведе мониторинг систем врз работата на Општинските организации и мерит систем.По спроведената системска евалуација, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во координација со генералниот секретар Љупчо Николовски и ракодовството на партијата, назначи претседатели на 10 општински организации на СДСМ:Во Гостивар за претседател на Општинската организација на СДСМ е избран Станиша Матески.Во Новаци - Наумче СмилевскиВо Желино - Аднан ДемириВо Росоман - Анета Јоновска ЉубеноваВо Сопиште - Далибор БогдановскиВо Ѓорче Петров- Костадин АцевскиВо Демир Хисар - Николче ДимитријовскиВо Јегуновце - Александар СтефановиќВо Студеничани - Елвира МелиќСДСМ победува и се менува и затоа довербата и поддршката од граѓаните постојано растат.А расте и мрежата на СДСМ. Веќе се формирани нови општински организации на СДСМ во општините Желино и Липково.Со тоа СДСМ е единствена партија во земјава која има локална организација во сите општини во државата.СДСМ е партија којашто е блиска до граѓаните и работи во интерес на граѓаните. Партија која постојано се менува, унапредува и прераснува во отворена, максимално демократска, модерна, разнолика, партија која за прв пат воведува нови концепти и нов начини на функционирање и делување.

Македонија | пред 5 години

ljutkov

Љутков: Власта на СДСМ е најголема опасност за УНЕСКО, инсистираме на итни оставки

СДСМ три години со ред со своите лаги и никаква реална активност успеа да го загрози во целост статусот на охридскиот регион во светското наследство под заштита на УНЕСКО!И по последниот извештај се гледа дека ништо не е превземено ниту пак состојбата е подобрена.Во својот последен извештај Мисијата на УНЕСКО препорачува „Природното и културното наследство на Охридскиот регион“, засега единственото добро од Македонија впишано на листата на УНЕСКО за Светско наследство во 1979/80, да биде ставено на УНЕСКО-вата листа на Светско наследство во опасност. И покрај тоа што ова е трета ваква препорака, владата во 4 години ја избегнуваше нејзината реализација, и само се потпираше на политичко додворување, истакна Зоран Љутков од ВМРО ДПМНЕ и додаде:Заклучоците од последниот извештај на УНЕСКО упатуваат на фактите дека:• Нема никава промена во состојбата од 2017 година и посочените забелешки и препораки. Во Извештајот од 2019 година дури се укажува на фактот дека на увид се дадени истите документи од 2017 година.• Наместо спроведување и справување со дивоградбите, и тоа не само покрај брегот на езерото туку и во старото градско јадро, градежната мафија и понатаму царува во Охрид и Струга.• Наместо подобрување на состојбата со природното богатсво особено проблемот со Студенчишко блато, патеката сеуште е затворена, бетонирана, со што се нарушува биосферата на едно од најважните точки на Охридското езеро.• Проблемот со еколошките катастрофи, дивите депонии, немање никаква свесност на локалната самоуправа, а со тоа и кај локалното население, како и многу други факти и реални состојби.• Најголемите забелешки се однесуваат на продолжувањето на проекти со кои дополнително се загрозува ова заштитено подрачје, а евидентни се и значајните проблеми со менаџирањето и неспроведувањето на законската рамка, и уште многу други забелешки од многуте причини во досега најобемниот и најлошиот извештај на мисијата на УНЕСКО.Може да се каже дека природното и културното богатство на Охридскиот регион ќе се стави на листата на Свестко наследство во опасност.Што поточна значи тоа:Листата на Светското наследство во опасност е создадена со цел да ја афирмира меѓународната заедница за загрозувачките фактори на едно добро кое е впишано на листата на светското наследство. Причини кои може да доведат до ваква состојба може да бидат: вооружен конфликт или војна, земјотрес или други природни катастрофи, загадување, вандализирање и ограбување, неконтролирана урбанизација и неконтролиран туристички развој.Со оглед на тоа дека Охрискиот регион е загрозен само и единствено од човечкиот фактор, односно од лошото менаџирање, неспроведување на законски регулативи, загадување и многу други кои се во целост предизвикани од несоодветното работење на надлежните институции, ставањето на природното и културното богатство на Охридскиот регион на УНЕСКО-вата листа на светско наследство во опасност ќе ја информира целата меѓународна зедница дека власта во Македонија претставува најголемата опасност и закана за Охридскиот регион.И покрај сите предупредувања, пролонгирање на рокови и неколкукратно укажување на итноста на состојбите од страна на УНЕСКО, надлежните институции за спроведување на сите стратешки и акциски планови кои се однесуваат на заштита на соодветно одржување на универзалните вредности на Охридскиот регион не направија ништо.На оваа листа се наоѓаат раководните лица и органи од Министерството за култура, Министерство за животна средина, Министерство за транспорт и врски, општините Охрид, Струга и Дебарца, Завод за заштита на споменици на културата и Музеј-Охрид, НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга, Национален парк – Галичица и Институ за хидробиологија – Охрид.ВМРО-ДПМНЕ бара итно превземање одговорност за овој светски скандал, односно оставки на ресорните министри и раководни лица од оваа несовесна влада.

Македонија | пред 5 години

dimce

Арсовски: 400.000 евра годишно за 29 лични и 7 надворешни советници на Заев

Зоран Заев и СДСМ дрско им се смеат на граѓаните во лице. Празнициве Заеви додека јадеа во златни лажици и виљушки по дома, Зоран Заев успеал да го зголеми бројот на лични советници во Влада и да назначи плус нови од тие што веќе ги имаше.Граѓаните тонат во сиромаштија, а Заев живее луксузен и раскошен живот на грбот на граѓаните и ги троши парите на граѓаните за советници кои никогаш, никаде и ништо ниту го советувале, ниту пак новиве ќе го советуваат.  Едноставно се назначени како награда за да земаат дебели плати од приближно 1.000 евра месечно платени од граѓаните, истакна на денешната прес конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовски додава:Овие 29 советници, новоназначени шест, кои го советуваат Заев се само непотребен трошок на грбот на граѓаните. Овие 29 квази советници, за кои не знаеме ниту еден паметен совет што му го дале досега на Заев, оние што претходно беа, нормално, годишно граѓаните ги чинат 320.000 евра, а вкупно со надворешните соработници кои што исто така се платени од Владата граѓаните ги чинат 400.000 евра годишно само за советниците на Зоран Заев.Само пред неколку месеци беше објавена листата на советници и сите заедно чинеа 240.000 евра, за што и јавно излеговме од оваа говорница и говоревме и тогаш, а сега сумата се зголемила прилично многу.Дрскоста е толку голема што во време на сериозна економска криза и здравствена пандемија, кога над 55.000 луѓе останаа без работа и десетици илјади ученици се надвор од образовниот процес заради немање финансии да следат настава електронски, Заев назначува 29 советници, односно како што реков шест повеќе од претходно. Ако до сега резултатот на советнициве на Зоран Заев бил огромна нула, верувајте сега со новите 6 советници ќе биде во минус под нулата.Лица кои не се прославија на министерски и директорски функции изминативе 4 години, Зоран Заев ги назначува за свои советници од едноставна причина да купи мир со парите на граѓаните. Факт е дека ниту поранешните министри Едмонд Адеми и Аксел Ахмедовски, ниту пак Љубе Бошковски, ниту пак поранешните директори од храна и ветеринарство и од Македонски шуми немаа до сега никаков успех на своите позиции, а нема да имаат ниту сега како советници, бидејќи да знаеле и да имале познавања за своите функции веќе ќе го применеле на министерските и директорските позиции.Очигледно, наместо овие 400.000 евра да одат за советници кои немаат никаков успех, можеа да се пренаменат за инвестиции онаму каде што е најпотребно, а тоа е во здравството, за помош на стопанството, за отворање нови вработувања, за инвестиции во образованието.Но, поважно му е на Заев да ги даде парите на неговите блиски и да ги троши како непродуктивни трошоци за советници кои како што реков никогаш, никаде и ништо ниту го советувале, ниту пак ќе го советуваат во наредниот период.

Македонија | пред 5 години

radar-policija

МВР: 835 санкции за брзо возење за десет дена

Во периодот од 31.12.2020 до 09.01.2021 година од страна на организационите едници за контрола и регулирање на сообраќајот, на територијата на целата држава санкционирани се 6489 возачи кои не ги почитувале правилата и прописите од сообраќајот од кои:- за нерегистрирани возила (измината важност на сообраќајната дозвола) 414,- за возење без возачка дозвола 520,- за возење под дејство на алкохол 185,- за возење со брзина поголема од дозволената 835,- за непрописно престигнување 312.Засилените контроли што ги спроведува МВР евидентно влијаат на намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 403 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 403 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 27 болни, а во Куманово 62 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 53, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 28 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 32 пациенти, во Кочани 11 во Кичево 15, Кавадарци 20, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 736 и има околу 606 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

06012021_PVRSM_Zaev_Bozikna-cestitka

Заев разговараше со Брнабиќ: Од 14 јануари Србија го укинува ПЦР-тестот за македонските граѓани

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ.За време на разговорот, со честитките за успешна 2021 година, беа изразени и желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година.Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Приведен крадец за кражба во здравствена установа

На 11.01.2021 година во 11.30 часот на улица "Филип Втори Македонски" во Скопје од слобода е лишен Г.П.(33) од Куманово, сторител на повеќе кривични дела. По извршен разговор, Г.П. признал дека на 21.12.2020 година во приватна здравствена установа лоцирана на подрачје на Кисела Вода во Скопје, извршил кривично дело "кражба" при што од чанта одзел новчаник во кој имало 15,000 денари како и две платежни картички. По извршеното кривично дело со едната картичка купил производи во вредност од 30,000 денари додека со другата имал неколку неуспешни обиди за купување. По извршениот разговор, од лицето се одземени неколку картички од банки кои не се на негово име, одземени се исто така и парични средства. Кај Г.П. исто така е пронајдена и бела прашкаста материја. Против него, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 5 години

ohridski-region

ДОМ: Последна можност да се заштити УНЕСКО статусот на Охридскиот регион

По последниот извештај на УНЕСКО во кој на повеќе од 100 страни е образложена итноста за заштита на регионот, како забелешки се посочени проблемите со дивоградбите, заштитата на биодевирзитетот, управувањето со заштитните подрачја, справувањето со депониите и отпадот како и нефункционалноста на колекторот. Со ваквото непланско постапување, се доведува во прашање опстојувњето не само на природното туку и културното богатство на регионот.Зелената партија ДОМ апелира до локалната власт на Општините Охрид, Струга и Дебрца сериозно да се посветат на задолженијата и препораките од УНЕСКО и заедно со Владата да се искористат сите расположливи механизми со цел заштита на нашето единствено природно и културно наследство на Охридскиот регион. Да не се дозволи Охридскиот регион, да го загуби статусот на заштитено подрачје од Унеско.Канцеларија за односи со јавност на ДОМ

Македонија | пред 5 години

elena-petreska

Елена Петреска го сподели своето искуство: Конечно дома по 14 дена на Инфективно заради Ковид

Македонската пејачка Елена Петреска која по две недели поминати во болница поради корона вирус е пуштена на домашно лекување. Петреска одлучи да го сподели своето искуство со коронавирусот.На својот профил на Фејсбук, Елена Петреска јавно се заблагодари за третманот што го добила во изминатите 14 дена на Инфективната клиника.„Конечно дома по 14 дена на Инфективно поради Ковид. Благодарам на Бог што сѐ помина добро! Благодарна сум што ги гушкам моите најмили! Се чувствувам како повторно да сум се родила!Најискрено од срце се заблагодарувам на целиот медицински персонал од Инфективната клиника, тие се моите Херои за кои имам многу да раскажувам, зошто ако ништо друго барем тоа им го должам, да знаат сите што значи нивната посветеност и пожртвуванот во овие тешки времиња.Сакам да ви кажам дека ја видов вистинската слика за тоа што значи оваа пандемија, која во целот ќе ја пренесам деновиве преку видео, во кое ќе раскажам за ова мое искуство со надеж дека ќе допре таму каде што е потребно.И морам да кажам (иако секогаш сум ги почитувала правилата) дека зборовите на министерот за здравство Венко Филипче во целост имаат значење од оваа перспектива.“

Македонија | пред 5 години

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 24 пациенти, а вкупно се лекуваaт 333 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 333 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациенти бил хоспитализиран на Клиниката за уво, нос и грло, на Клиниката за дерматологија, на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Очната клиника. Двајца болни се примени на Клиниката за Неврологија и тројца на Клиниката за нефрологија.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 18 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 17 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 24 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 93 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти.Вкупно 333 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 190 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

opstina-aerodrom-

Во петок истекува јавниот повик за избор на асистенти за деца со посебни образовни потреби

Јавниот повик за избор на асистенти за деца со посебни потреби што го распиша Општина Аеродром истекува в петок, 15 јануари.На повикот можат да се пријават сите невработени лица и студенти што се заинтересирани да се вклучат за поддршка на процесот на инклузија на децата со посебни образовни потреби, ученици од прво до трето одделение во основните училишта на подрачјето на Општината.Општина Аеродром потсетува дека проектот опфаќа работно ангажирање на лица со скратено работно време за период од пет месеци, со скратено работно време од дваесет работни часа неделно.Кандидатите што ќе се пријават на јавниот повик треба да ги исполнуваат следниве услови:1. Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник со завршено образование VII/1 степен т. е. VI А според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т. е. VI А според МРК или 240 ЕКТС), односно наставник во предметна настава (VII/1 степен т. е. VI А според МРК или 240 ЕКТС);2. Студенти од завршната година на педагошки и наставнички факултети (специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, наставник во одделенска настава и наставник во предметна настава).Заинтересираните кандидати треба да достават Пријава со прилог доказ за завршено образование (фотокопија) или потврда од соодветниот факултет на следнава адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ бр. 109 Б, 1000 Скопје, до Сектор за образование, спорт, култура и заштита.Доколку на огласот не се пријави лице со образование наведено во точка 1 и 2, образовен асистент може да биде и лице со завршено најмалку четврто ниво на квалификации според македонската рамка на квалификации (МРК).Избраните кандидати треба да достават доказ од Основен суд 1 – Скопје дека не им е изречена со правосилна судска пресуда казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.Месечниот паричен надоместок изнесува 15.000,00 денари бруто износ, со вклучени персонален данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.Крајниот рок за доставување на апликациите е 15.01.2021 година, до 15:00 часот.

Скопје | пред 5 години

zatvoreno

Затворен угостителски објект во Скопје, работел по дозволеното време, приведени лица...

На 11.01.2021 во 22,00 часот по претходна пријава дека угостителски објект лоциран на улица "Ѓорѓи Поп Христов" во Скопје работи по 18,00 часот, од страна на полициски службеници во содејство со претставници од Државен пазарен инспекторат, извршена е контрола во угостителскиот објект, сопственост на И.С.(53) од Скопје и констатирано е дека во локалот се наоѓаат 47 лица, на возраст од 17 до 75 години. Затекнатите лица како и сопственикот на објекот се лишени од слобода за понатамошна постапка. Од страна на Државен пазарен инстпекторат, локалот е затворен во времетраење од 30 дена. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик "Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија".

Скопје | пред 5 години

apasiev

За „Таргет – Тврдина“- Апасиев бара 30.000 евра зашто бил прислушуван

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, вчера, на покана на Основен кривичен суд – Скопје, во својство на оштетен, достави писмена изјава во врска со незаконското следење на лични комуникации, се вели во соопштението од Левица.Од Левица додаваат:Имено, станува збор за кривичниот предмет КОК бр. 47/17, во јавноста познат како „Таргет – Тврдина“.„Со оглед дека од т.н. Специјално јавно обвинителство (СЈО) добив потврда за незаконското следење на моите комуникации, го известувам Судот дека се чуствувам за оштетен поради незаконско следење, т.е. прислушкување на моите телефонски разговори за подолг период“, стои во изјавата на Апасиев.Исто така, доколку по постапката пред Судот се утврди одговорност и на давателот на телекомуникациските услуги (ONE/VIP/A1), чиј корисник е Апасиев, и врз кој телефонски број незаконски е применета посебна истражна мерка за илегално следење на лични комуникации, тој предјавува оштетно побарување и од компанијата за штетата што ја има претрпено.

Македонија | пред 5 години

136652515_237789797920877_6389240341169062829_n

Санкционираа 220 непрописно паркирани возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 220 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.Во периодот од 28.12. до 10.01.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 97 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања