Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

vardar-5

Вардар пред излевање од првото корито кај Аеродром и Острово

Од попладнево се заканува реката Вардар да се излее кај скопските населби Аеродром и Острово. Со тоа, загрозени од поплавување се велосипедските патеки и пешачката патека.Според „Вечер“, остануваат само уште десет сантиметри до целосно излевање на реката.

Скопје | пред 5 години

DIK-1

Познати кандидатите за членови на ДИК

14 кандидати конкурирале на собранискиот оглас за нов состав на Државната изборна комисија. Листата беше потврдена од собраниската Комисија за избори и именувања. Меѓу нив се и шест од 7 членови на досегашниот состав на ДИК, единствено за нов мандат не се јавил првиот човек Оливер Дерковски.Собрнаискиот спикер оваа листа треба да ја достави до партиите, а тие пак, во рок од три дена ќе треба да ги достават своите предлози за членови на ДИК. Опозицијата треба да предложи претседател и двајца членови, додека пак, власта потпретседател и 3 членови.ВМРО-ДПМНЕ веќе официјално ги предложи Даштевски за пртеседател и актуелниот пратеник Стојаноски за член на ДИК. Алијансата и Алтернатива ќе го предложат третиот опозициски член. Неофицијално тоа е правникот од Струга Лога.Извори од владејачката колаиција на СДСМ велат дека кај нив најспоменувани имиња се Кондарко и Витановски, а во игра се и поранешниот заменик министерот за правда Ристески и досегашната портпаролка на ДИК Гугучевска. Конечниот избор на СДСМ ќе се знае за два дена. Од ДУИ засега не откриваат фаворит.Членовите на Дик се избираат со 2/3 мнозинство од вкупниот број на пратеници. Мандатот на ДИК трае 2 години.Собраниската комисија го потврди и Насер Зибери за предлог за нов народен правобранител. Албанската опозција регираше дека на Зибери му била ветена оваа фунција уште пред изборите, кога се нафатил да биде премиерски кандидат на ДУИ.

Македонија | пред 5 години

bujar-osmani

Османи за ТВ 21: Не постои никаков Анекс со 12 точки за кои зборува Каракачанов

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за ТВ21 рече дека не постои никаков Анекс со 12 точки, за кој зборуваше бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов.„Не постои никаков Анекс со 12 точки за кои зборува Каракачанов“, рече Османи.Ваков анекс во јавноста спомена Каракачанов, кој рече дека ако го потпише, Северна Македонија има шанси да добие датум за преговори во јануари или февруари. 

Македонија | пред 5 години

vardar-3

Врнежите предизвикаа излевање на Вардар, Крива Река и Пчиња

Неколкудневните врнежи од дожд во земјава предизвикаа зголемување на нивоата на реките. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат за локални излевања на реката Вардар кај Рашче, на Крива Река и Пчиња во Кумановскиот Регион, како и водотеци во Охридскиот и Битолскиот Регион.Поради заситената почва со влага има и појава на заезерување во одредени рамници и делови на Пелагонија, Полог и други, информираат од УХМР.Метеоролозите очекуваат сите водостои кај водотеците и езерата и понатаму да бидат во покачување, а како најкритични ги посочуваат реките Вардар горен и среден тек, Треска, Лепенец, Пчиња, Крива, Црна, Радика, Сатеска и нивните притоки.Во текот на денот дококу има појава на интензивни врнежи на југот и југоистокот, се очекува продолжен пораст на водостојот и на водотеците од овој дел на државата, и тоа реките Брегалница, Струмица, Анска, Тркајна и други.Врнежите кои паднаа во изминативе 24 часа дополнително ги зголемија нивоата кај сите водотеци и езера низ државата. На сите хидролошки станици од националната хидролошка мрежа има пораст на водостоите.Според Синоптичката Информација од утрово, најмногу дожд има: 48 Пожаране, 39 Тетово, 36 Виница, 34 Крушево, 26 Скопје-З.Рид, Охрид, Гевгелија, Ѓуриште, 25 Битола, 23 Д.Капија, 22 Скопје-Петровец, Прилеп, 21 Куманово, 20 Штип, Струмица, Дојран, 16 Кр.Паланка, Берово, 12 Претор.Се очекува врнежите да продолжат, но посилен интензитет на југот и југоистокот од земјата. 

Македонија | пред 5 години

korona1

Денеска починати 13 лица и 104 нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 918 тестирања, а регистрирани се 104 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-8, Штип-2, Прилеп-13, Тетово-3, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-6, Виница-3, Свети Николе-1, Неготино-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 539 оздравени пациенти од: Скопје-283, Куманово-18, Штип-3, Прилеп-36, Тетово-7, Струга-31, Велес-7, Битола-17, Охрид-50, Кавадарци-25, Гостивар-9, Гевгелија-6, Струмица-6, Крива Паланка-3, Кочани-10, Пробиштип-2, Берово-4, Валандово-2, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-5, Неготино-11.Починати се 13 лица, четири пациенти од Скопје (78, 66, 71 и 68г), четири од Прилеп (80, 57, 80 и 50г), еден пациент од Велес (74г), еден од Охрид (67г), еден од Кавадарци (62г), еден од Пробиштип (72г) и еден пациент од Неготино (78г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86597, бројката на оздравени пациенти е 67992, на починати е 2635, а бројот на активни случаи изнесува 15970. Од вчерашната статистика се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 37515, активни 9794• Куманово 4890, активни 466• Дебар 683, активни 136• Штип 3382, активни 183• Прилеп 4383, активни 357• Тетово 4875, активни 693• Струга 2094, активни 204• Велес 2868, активни 382• Битола 3113, активни 376• Охрид 2564, активни 399• Кавадарци 2289, активни 478• Гостивар 3455, активни 424• Гевгелија 1217, активни 212 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 208 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2390, активни 432• Крива Паланка 676, активни 102• Радовиш 649, активни 74• Крушево 174, активни 23• Кочани 1656, активни 164• Пробиштип 462, активни 31• Демир Хисар 238, активни 29• Македонски Брод 230, активни 13• Пехчево 165, активни 22• Берово 543, активни 64• Валандово 319, активни 32• Виница 466, активни 65• Делчево 683, активни 204 (187 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 201, активни 14• Свети Николе 1052, активни 65• Кичево 1612, активни 174• Ресен 669, активни 114• Неготино 1084, активни 244 (173 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 918 теста се преку: ИЈЗ-168, ЦЈЗ Скопје-83, Авицена-0, Биотек-94, МАНУ -72, Жан Митрев (Филип Втори)-208, Систина со PCR метода -243, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -49, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 418.130 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

Benzinski-pumpi-9

Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар

Регулаторната Комисија за енергетика објави дека во согласност со методологијата што ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1,64 проценти.Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 4 јануари 2021 година.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,888 ден/кг и ќе изнесува 29,651 ден/кг. 

Македонија | пред 5 години

korona-2

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 442 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 442 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 27 болни, а во Куманово 68 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 58, во ковид центарот во Гостивар 13, а во Струга 29 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 42 пациенти, во Кочани 13 во Кичево 12, Кавадарци 23, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 797 и има околу 518 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

IMG_3052

Реновирана полициската станица во Гевгелија,се подобруваат условите за работа на полицијата

“Непосредната комуникација и увидот во работењето, но и во материјално техничките капацитети на сите организациони единици при МВР е важна и неопходна практика што денес ја реализираме и овде во Одделението за внатрешни работи Гевгелија. “.Ова меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при неговата денешна посета на ОВР Гевгелија каде што се сретна со раководството на оваа полициска организациона единица, а по повод завршената санација и реконструкција на објектот на ОВР Гевгелија. Токму во таа насока министерот Спасовски нагласи дека – “не можеме да претендираме на позитивни резултати во работата, на ефикасност и успешност доколку полицијата, полициските службеници своето секојдневно работење го минуваат во субстандардни услови.“Оттаму, сосема е разбирливо што денес во ОВР Гевгелија имаме можност, покрај другото, да направиме увид и во условите за работа на полициските службеници, особено сега кога, како што гледаме, веќе е завршена претходно најавената санација и реконструкција на објектот на Одделението за внатрешни работи Гевгелија, проект вреден околу 12.000.000 денари, пари обезбедени од наши средства, од буџетот на Министерството, а во рамки на концептот што го промовиравме и во континуитет го реализираме уште од 2017 година – за подобрување на материјалните, инфраструктурни и технички потенцијали на полициските организациони единици, на полициските службеници“, потенцираше Спасовски.И во наредниот период продолжуваме со несмален интензитет и тоа во СВР Куманово каде ќе се изврши комплетна реконструкција и обнова на постоечките објекти каде што е сместено СВР Куманово,комплетна реконструкција и санација на објектот на ПС Ресен и ПО Ростуше.Притоа министерот Спасовски заклучи дека - ,, остануваме посветени заедно со раководството на Македонскиот полициски синдикат и наш заеднички императив ќе бидат започнатите реформските процеси во безбедносниот сегмент, постојаното унапредување и подобрување на професионалните, социјалните, техничките услови за работа на полициските службеници на тој начин што во секој нов објект синдикатот ќе учествува со опрема или средства потребни во секојдневното работење на полициските службеници, за што сме убедени дека значително ке се унапреди ефикасноста и квалитетот на полициското работење.

Македонија | пред 5 години

SMK_2005

Николовски: Граѓаните и Владата, конечно се на иста страна во борбата против корупцијата

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на денешната прес-конференција ги презентираше идните владини мерки во реализацијата на вториот приоритет од владината рамка „Акција 21 – европски стандарди дома“, односно борбата против корупцијата и криминалот.Вицепремиерот Николовски посочи дека преку конкретни мерки и политики, ќе се фокусираме на решавање на случаите за кои постои сомнеж за корупција, на спречување и крајно искоренување на оваа девијантна појава, којашто го враќа општеството назад.„Нашата цел е да работиме, за да создадеме подобар живот за секој наш граѓанин, а тоа да го обезбедат чесни функционери и отчетни институции, кои работат во интерес на народот и на државата, а не во сопствен или партиски интерес. Во Новата 2021 година продолжуваме со имплементација на препораките од ГРЕКО. Во првата половина на годинава, во соработка со УСАИД ќе се спроведе тест за проценка на интегритетот на членовите на Владата и нивните советници и надворешни соработници. Во соработка со Министерството за правда, ќе се фокусираме на екипрање и дигитализација на истражните центри во Јавното обвинителство, што ќе придонесе во борбата против корупцијата и криминалот преку брзо решавање на предметите“, изјави вицепремиерот Николовски.Во новата 2021 година ќе започне целосно воспоставување на проектот за Интероперабилност меѓу антикоруцписките институции. Преку овој проект ќе се овозможи безбедна и ефикасна размена на податоци за предмети поврзани со корупција, по електронски пат. На тој начин ќе имаме брзи и ефикасни резултати во решавањето на случаите за кои постои сомнеж за корупција.„Никој нема да смее да затајува и забавува случаи, каде има сомнежи за корупција. Ние никого нема да осудуваме однапред, но имаме задача и обврска сите информации веднаш да ги предадеме кај надлежните институции, за процесите брзо да се завршуваат. Ако има корупција следи казна, ако нема корупција, продолжуваме понатаму. Оваа година започнуваме со воведување на електронски систем за инспекција „Е-инспектор“, којшто ќе овозможи електронско поврзување и работење на сите 28 инспекциски служби. Со овој систем ќе се намали субјективното влијание на инспекторот за време на инспекцијата“, изјави вицепремиерот Николовски.Оваа година преку креирање на единствен регистар на недвижности за сѐ што е во државна сопственост, како и регистар на подароци, ќе се придонесе за домаќинско управување и постапување со државниот недвижен имот, со што ќе се зголеми и нивото на одговорност на носителите на јавни функции преку почитување на начелата на отчетност и транспарентност.Вицепремиерот Николовски посочи дека новата 2021-ва ќе биде антикорупциска година, за што ќе се започне со активна и постојана кампања за подигнување на свеста кај граѓаните, за негативните ефекти на корупцијата и за сите механизми кои им стојат на располагање за да се спротистават.„Во 2021 носиме европски стандарди дома, тоа се принципите и нашата заложба кои ќе не водат оваа година. Преку секоја наша преземена мерка, во оваа заедничка битка против корупцијата и криминалот, ќе покажеме дека можеме да бидеме држава на чесни политичари, држава која чекори напред.Секој што ќе го прекрши законот, ќе мора да се соочи со одговорност. Мора да има ред еднаш засекогаш во институциите“, изјави Николовски.При тоа, вицепремиерот Николовски потенцираше дека во првите три месеци од мандатот се преземаа конкренти мерки, како што е исполнување на дел од препораките на ГРЕКО, нов поприменлив Кодекс за етичко однесување на именуваните функционери, со кој, освен министрите и замениците министри, се опфатени сите функционери именувани од Владата, се задолжија сите надлежни институции, вклучително и општините и Градот Скопје, на своите веб страни, јавно да ги објавуваат сите документи и информации поврзани со нивната работа, се зголемија надлежностите на инспекциските служби, се зајакна координацијата помеѓу надлежите институцииза борба против корупцијата и криминалот.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 7 пациенти, а вкупно се лекуваaт 355 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 7 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 355 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 2 приеми и тоа по еден пациенти бил хоспитализиран на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало три нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника два во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 21 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациенти, на Клиниката за очни болести 5 пациенти, а на ОРЛ 19 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 103 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти.Вкупно 355 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 120 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Сите здравствени услуги за Борче се бесплатни, ќе направиме сѐ за да ја подобриме неговата здравствената состојба

Утрово се сретнав со семејството на 11 годишниот Борче Лазаревски од Охрид, чија сторија беше неодамна објавена. Борче има вродено срцево заболување, а во наредниот период за него ќе се направат сите дијагностички испитувања по што ќе се одлучи на кој начин ќе се одвива понатамошното лекување. Сите здравствени услуги за Борче се бесплатни. Ќе направиме сѐ за да ја подобриме неговата здравствената состојба, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство венко Филипче.Инаку 11 годишениот Борче има вродена срцева аномалија.  Ова охридско семејство покрај со болеста мака мачат и со сиромаштијата. Мајката Сања е  телесен инвалид,  а нејзиниот сопруг Перо работи како таксист, она што ќе ги спечали тој е единствениот прилив на сретства во касата на ова скромно семејство.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведени крадци од Гостивар и Кичево

На10.01.2021 во 17.00 часот, во гостиварската населба Циглана, полицискислужбеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ф.Н.(22), А.О.(29) од Гостивар и Џ.С.(27) од Кичево, поради сомнение дека во текот на овој месец извршиле неколку кражби и тешки кражби. По лишувањето од слобода, одземени им се повеќе предмети кои потекнувале од кривичните дела и вратени им се на сопствениците.Ф.Н. и А.О. се задржани во Полициската станица Гостивар и ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 години

andonovski-2

Андоновски: Владата во тајни преговори за македонскиот идентитет?

Веќе два дена молк од Владата на Зоран Заев за тајните преговори со Бугарија. Очигледно се планира Бучковски тајно да преговара за македонскиот јазик и идентитет. Прашањата на ВМРО-ДПМНЕ се прашања кои ги поставуваат граѓаните на Македонија и за кои заслужуваат одговори. Владата од граѓаните ги крие условите и барањата од Анексот со 12 точки, истакна Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Андоновски додаде:До кога на некои тајни преговарачки маси ќе се раскрчмува македонскиот идентитет и јазик. Владата дозволува Македонија да се негира на телевизиски емисии во Софија, а македонскиот идентитет да биде карта за поткусурување во преговорите со ЕУ.Со посочениот Анекс клопчето започна да се одмотува. Се потврди информацијата на ВМРО-ДПМНЕ од минатата година дека на македонската влада и бил врачен Анекс од 12 точки, со негаторски позиции за македонскиот идентитет. Сега дознаваме и дека тој Анекс им бил даден на Заев, Димитров и Османи уште во ноември минатата година.3 месеци молк за македонските граѓани. 3 месеци тајни преговори.ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека Анексот бара ретуширање на историјата и го оспорува односот кон малцинствата. Но, овој Анекс е опасен и по македонскиот јазик. Тој сега не треба да биде повеќе македонски, туку само како формалност дел од нашиот Устав. Со ова се погазува децениската борба на македонските преродбеници уште од Ѓорѓија Пулевски и Димитрија Чуповски, преку Крсте Петков Мисирков, па се до официјалната кодификација на македонскиот јазик како македонски.Затоа, министерката Мила Царовска сама и без јавна расправа се впушти во образовна реформа со која се укинува предметот историја. Сето тоа за владата да се обиде да се умилка и да им удоволи на бугарските предизборни барања.Очекуваме одговори и одговорност од Владата веќе неколку денови:1.Кога бил доставен нон-пејперот од Бугарија и зошто македонската јавност не е информирана за содржината на истиот?2.Дали 12те точки се поразителни за македонскиот идентитет и јазик ?3.Дали Бучковски следнава недела во Софија ќе дискутира за македонскиот јазик и историја?4.Зошто Зоран Заев веќе две години лаже дека немаме отворени прашања со соседите?

Македонија | пред 5 години

bankomat-12

Петмина осомничени за тешка кражба од банкомат во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка со која се опфатени пет лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 и 2 од Кривичниот законик.Осомничените, четворица македонски државјани и една државјанка на Република Албанија, се здружиле и на 01.12.2020 година, со кршење и провалување, украле пари од банкомат сопственост на една деловна банка, поставен во мега-маркет на улицата „Илинденска“ во Гостивар.Неколку дена претходно, првопријавениот и петтопријавената го неутрализирале сензорот на алармниот систем во маркетот. Потоа, на критичниот ден, четворицата осомничени македонски државјани, со подесни предмети – хебли и физичка сила ја отвориле автоматската влезна врата на маркетот. Со хеблите и со батериска брусилица делувале врз банкоматот, насилно го отвориле капакот, а потоа и сефот кој се наоѓа во долниот дел. Од банкоматот одзеле четири касети во кои имало вкупно 1.800.000 денари и го напуштиле местото.Надлежниот јавен обвинител за четворица осомничени до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка притвор, додека еден од осомничените веќе се наоѓа во притвор, бидејќи му е поведена постапка за слично кривично дело извршено во Кичево. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на четворицата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена. За двајца од нив притворската мерка се применува, додека за првоосомничениот и петтоосомничената, кои се во бегство, притворот ќе започне да се применува по нивното лишување од слобода.​​

Македонија | пред 5 години

monstrum-sudenje

Обвинетите од ,,Монструм” ќе вршат увид во извештајот на МВР за запленетите телефони

Одбраната и обвинетите во случајот ,,Монструм” денеска ќе извршат увид во извештајот на МВР за анализата на 10 од 31 мобилен телефон. Оваа одлука произлезе од фактот дека адвокатите и обвинетите во овој предмет добиле само известување од анализата, но не и содржината на извештајот на МВР за мобилните.Претставникот од Одделението за дигитална форензика, при својот исказ во судот ја објасни постапката како се врши анализа на мобилните телефони.– Постојат случаји кога софтверите не нудат поддршка за екстракирање на одреден телефон. Подготовката на овој извештај почна на 24 октомври 2019 и траеше до февруари 2020, рече тој.Техничката неисправност кај дел од мобилните телефоните биле недостаток на батерија, неможност за поврзување со компјутер, нефункционална батерија и слично.Случајот ,,Монструм” го води судијата Огнен Ставрев, додека застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Македонија | пред 5 години

gordana

Јанкулоска: ВМРО-ДПМНЕ не беше организатор на протестите на 27. април

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска сведочеше на судењето против организаторите на настаните од 27 април. Таа истакна дека дека во тој период имала само партиска функција, но не и државна, пренесува „Република“.Таа потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ не била организатор на протестите.-Партијата никогаш не излезе со формален став за ова движење. Исто така одлука на Извршниот комитет, во кој бев член, за поддршка на протестите не беше донесена“, нагласи Јанкуловска.Јанколовска додаде и дека Спиро Ристовски никогаш не бил член на ниту едно партиско тело.„Не се сеќавам на било каква комуникација со Ристовски тој ден ниту пак дека се видовмеа“, појасни Јанкуловска.На 27 април цел ден била во партијата и не се случувало ништо посебно и околу 17 часот си отишла дома и видела на телевизија што се случува во Собранието.Таа додаде дека Миле Јанакиески немал никаква комуникација со општинки комитети поврзани со протестите.Во судница за денешното рочиште повикани се 17 сведоци, во рамки на предметот “Организаторите за 27-ми аптил. 

Македонија | пред 5 години

Opstina_Ohrid_030

Општина Охрид: За само 18 месеци направивме значајни чекори за зачувување на статусот на УНЕСКО

По бурните реакции во јавноста и информацијата за констатираните забелешки од страна на УНЕСКО, нотирани на неверојатни 200 страници, од општина Охрид денес излегоа со став дека „за само 18 месеци направиле значајни чекори за зачувување на статусот на УНЕСКО.“– Општина Охрид во изминатите 18 месеци континуирано беше посветена на заложбите за имплементирање на сите препораки на УНЕСКО и успеа да направи многу значајни чекори за зачувување на статусот на светско природно и културно наследство, кој го поседува Охридскиот регион. Како локална власт, во постојана координација со останатите надлежни институции и со поддршка на Владата на Република Македонија покажавме вистинска грижа за нашето непроценливо национално богатство. И покрај тоа што се работи за еден сложен процес, кој бара огромен ангажман, време и средства, преку заедничко делување и соработка започнавме да спроведуваме сериозни активности со кои ставаме крај на децениската деградација на овој регион и овозможуваме услови за поголема заштита. За прв пат е донесен сеопфатен План за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион кој ги има опфатено сите аспекти во делот на управувањето со езерското крајбрежје, урбаните и руралните средини. Беа стопирани штетните проекти за изградба на Ски Центар на планината Галичица и изградба на експресен пат Охрид- Св. Наум. Започна реконструкцијата на Колекторскиот систем на Охридското Езеро и формирано е ново Јавно препријатие кое е задолжено за контрола на системот на отпадни води. Исто така, за прв пат е воспоставена платформа за соработка со Република Албанија за заштита на сливот на езерото во двете соседни држави, стои во дописот до медиумите.Додаваат дека согласно препораките кои биле во надлежност на Општина Охрид, биле изготвен инвентар на бесправно изградени објекти и бил воведен времен мораториум за градба на целата територија на општината.– За прв пат, по 17 години беа спроведни низа активности за отстранување на бесправни градби во делот на крајбрежниот потег и на неколку други локации. Активностите за отстранување на дивоизградените објекти ќе продолжат и во текот на наредниот период. Сите градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети. Со цел да се исполнат препораките на УНЕСКО во сферата на урбанизамот, Општина Охрид започна процес за изготвување на Урбанистички планови за 18 охридски села, како еден од најефикасните начини за борба со дивоградбите, обезбедување на соодветни услови за градење и развој на руралните подрачја. Во делот на исполнување на останатите препораки од УНЕСКО, Општина Охрид воспостави нов режим на сообраќај со електронска евиденција на возилата во стариот дел на градот и беше воведена постојана пешачка зона на дел од улица „Кеј Македонија“. Исто така, беше изготвена „Студија за валоризација на просторот на Студенчишко блато заради негово прогласување за заштитено подрачје“ и беа спроведени активности за отстранување на рекламните билборди и неавтохтони насади -палми. Најновиот нацрт-извештај на УНЕСКО кој е резултат на реактивната мониторинг мисија од месец февруари 2020 година и е сублимат на забелешките од сите претходни мониторинг мисии кои биле реализирани во овој регион, веќе е пристигнат до сите надлежни институции на централно и на локално ниво. Општина Охрид во предвидениот рок ќе испрати коментари на оваа првична верзија на извештајот, а официјален став околу нотираните препораки и заклучоци, ќе биде соопштен во јавноста откако ќе пристигне конечната и финална верзија на извештајот. Исполнувањето на препораките на УНЕСКО продолжува да биде еден од најважните приоритети на Општина Охрид, а целокупниот процесот за спроведување на активностите кои се во интерес на зачувување на светското природно и културно наследство, остануваат важен дел од работната агенда на градоначалникот Константин Георгиески и надлежните општински служби, потенцираат од општина Охрид.

Македонија | пред 5 години

SSK-2

ССК: Континуитет на економските мерки за одржување на деловната активност и работните места

Економските мерки за поддршка на стопанството и намалување на штетните последици од кризата потребно е да имаат континуитет бидејќи само така може да се одржи економската активност на што поголем број правни субјекти и да се избегне загубата на работни места. Дисконтинуитетот во доделување на поддршката може да доведе до намалување на постигнатите ефекти и до забавување на излезот од кризата. Несоодветната имплементација или предвремениот прекин на економските мерки може да предизвикаат сериозни негативни ефекти во справувањето со кризата, чие надминување во тој случај ќе бара ангажирање на повеќе време и ресурси.Деловните субјекти во земјава особено малите и средни претпријатија се уште се наоѓаат во исклучително тешка состојба, некои се уште со рестрикции во вршење на дејноста, но и оние кои можат да работат се соочуваат со намалена потрошувачка, откажани нарачки и пласмани.Продолжување на финансиската помош за исплата на плата, неповратната финансиска помош како и бескаматните кредити се приоритетните мерки кои реалниот сектор очекува да продолжат и да траат најмалку до април. Во анкетата што ја направи Сојузот на стопански комори на Македонија деловните субјекти бараат петтиот пакет на економски мерки да содржи мерки за одржување на ликвидноста, мерки за даночно олеснување и одложување на даночните обврски, како и субвенции за задржување на вработените. Сојузот на стопански комори на Македонија до Владата ќе достави предлозите кои ги доставија претпријатијата за петтиот пакет на економски мерки.Директна таргетирана финансиска помош во следните месеци е неопходна за опстојување и покривање на основните месечни трошоци. Потребно е и да се овозможи на оние на кои им е тоа неопходно одложување или репрограмирање на кредитите, аконтациите за даноци и другите финансиски оптоварувања минимум до крајот на годината.Апелираме за ефикасна и ефективна имплементација на мерките за намалување на сивата економија, што е неопходно особено во услови на криза за да се избегне даночна евазија. Не е добро средствата за поттикнување на потрошувачката да завршуваат кај нерегистрирани субјекти кои не придонесуваат во државниот буџет. Потребно е и да се интензивираат и активностите поврзани со имплементација на укинувањето на парафискалните давачки кои се дополнителен товар сред криза кога значително е намалена деловната активност на претпријатијата.Неопходно е и да се подобри динамиката на имплементација на мерките од четвртиот пакет, бидејќи некои од нив како таа за државната кредитна гаранција се уште не се имплементирани.Апелираме петтиот пакет на економски мерки да се донесе во јануари, со цел обезбедување на предвидливост и сигурност што е особено важно за планирање на активностите на економските субјекти за наредниот период. Тоа е важно за да нема прекин кај економските оператори кои немаат воопшто никакви или имаат значително намалени приходи поради рестриктивните мерки, на кои овие средства им се неопходни за да се зачуваат работните места.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Обвинение за предизвикување тешка верижна сообраќајна несреќа на автопатот Велес-Скопје

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Двајцата обвинети, на 16.01.2020 година околу 9:15 часот, не се придржувале кон сообраќајните прописи и предизвикале верижна сообраќајна несреќа со која го довеле во опасност животот и телото на други луѓе. Првиот обвинет управувал патнички автомобил на автопатот „Пријателство“, делница Велес-Скопје. Кај местото викано Пуста Кула, после наплатната рампа Отовица, не ја приспособил брзината на движење на возилото кон својствата и состојбата на патот – видливоста, прегледноста и атмосферските услови. Во услови на намалена видливост поради густа магла и замрзнат и лизгав коловоз, непочитувајќи ги сообраќајните знаци, автомобилот го управувал со брзина од 105 километри на час. Како резултат на тоа изгубил контрола врз возилото и застранил десно, па го завртел воланот на лево, што предизвикало излизгување на автомобилот, со кој најпрвин удрл во бетонската ограда од вијадуктот, а потоа и во заштитната метална ограда. Се запрел во попречна положба во однос на правецот на движење на автомобилите, зафаќајќи го поголемиот дел од левата и еден дел од десната сообраќајна лента.Вториот обвинет, пак, управувал со товарно моторно возило со 0,16 промили алкохол во организмот. Кога пристигнал на местото на кое бил извртен патничкиот автомобил, наместо да го запре товарното возило на посебната лента за принудно запирање, тој го застанал на десната сообраќајна лента, со што целосно го попречил движењето по автопатот. Притоа не презел никакви мерки за отстранување на опасноста или предупредување на останатите учесници во сообраќајот.Како резултат на ова однесување на двајцата обвинети, настанала верижна сообраќајна несреќа во која учествувале уште еден влекач и четири патнички автомобили. Во несреќата, една патничка го загуби животот, а неколкумина беа повредени.​​

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Денеска починати 8 лица и 345 нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2455 тестирања, а регистрирани се 345 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-129, Куманово-21, Дебар-9, Штип-12, Прилеп-26, Тетово-10, Струга-8, Велес-13, Битола-6, Охрид-23, Кавадарци-31, Гостивар-1, Гевгелија-7, Струмица-9, Крива Паланка-6, Радовиш-5, Крушево-4, Пробиштип-1, Виница-3, Делчево-2, Кратово-1, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-14.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 289 оздравени пациенти од: Скопје-124, Куманово-19, Штип-12, Прилеп-16, Тетово-27, Велес-9, Битола-18, Гостивар-10, Гевгелија-4, Струмица-5, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-2, Берово-7, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-6, Ресен-3.Починати се 8 лица, еден пациент од Струга (69г), двајца од Велес (82 и 57г), еден од Битола (82г), еден од Гостивар (70г), еден од Гевгелија (78г), еден од Струмица (81г) и еден пациент од Валандово (48г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86494, бројката на оздравени пациенти е 67453, на починати е 2622, а бројот на активни случаи изнесува 16419. Од вчерашната статистика се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 37455, активни 10022• Куманово 4886, активни 476• Дебар 682, активни 136• Штип 3379, активни 184• Прилеп 4372, активни 384• Тетово 4870, активни 698• Струга 2094, активни 234• Велес 2867, активни 390• Битола 3112, активни 392• Охрид 2566, активни 452• Кавадарци 2286, активни 500• Гостивар 3457, активни 433• Гевгелија 1215, активни 216 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 208 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2391, активни 438• Крива Паланка 671, активни 104• Радовиш 649, активни 73• Крушево 173, активни 21• Кочани 1652, активни 169• Пробиштип 462, активни 34• Демир Хисар 239, активни 29• Македонски Брод 227, активни 13• Пехчево 165, активни 22• Берово 543, активни 68• Валандово 318, активни 34• Виница 463, активни 62• Делчево 683, активни 204 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 201, активни 16• Свети Николе 1050, активни 65• Кичево 1613, активни 179• Ресен 668, активни 114• Неготино 1085, активни 257 (174 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2455 теста се преку: ИЈЗ-650, ЦЈЗ Скопје-54, Авицена-425, Биотек-245, МАНУ -105, Жан Митрев (Филип Втори)-161, Систина со PCR метода -428, лабораторија Лаор –197, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-78, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-29, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -81, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 417.212 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

Kradec

Се маскирал со чаршав: Приведен осомничен за кражба снимен на камера за видео надзор

Тетовската полиција успеала да открие осомничен на кражба во локал во Јанчиште, откако бил снимен од камерата за видео надзор. Кражбата се случила ноќта меѓу петокот и саботата, а осомничениот во локалот влегол маскиран со чаршав.– На 9 јануари во 8 часот, Д.С (30) од Јанчиште пријавил дека во објект кафе бар каде имало поставено и апарати за игри на среќа ноќта во период од 1:30 до 7:20 часот непознато лице извршило кражба во објектот. Прво отворил влезна врата, а потоа отворил еден од автоматите за игри на среќа. Од паричник поставен во апаратот одзел 67.140 денари, дел во евра и дел во денари, велат од СВР Тетово.Нешто подоцна околу 13 часот поради сомнение дека е извршител на кражбата приведен 45-годишно лице од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Македонија | пред 5 години

missing

Исчезнати две деца, полицијата на нозе

Полицијата трага по момче од Штип и девојче од Велес, чии што родители пријавиле дека нивните деца заминале до дома и повеќе не се вратиле. Вчера во 07.45 часот во СВР Штип, Е.Д.(39) од Штип пријавил дека неговиот син С.Д.(14) се оддалечил од дома. Истиот ден во 12.00 часот во СВР Велес, К.Н.(42) од Велес пријавил дека неговата ќерка А.С.(16) се оддалечила од дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира полицијата.

Македонија | пред 5 години

Capture21212

(ВИДЕО) Објект во тетовско работел по дозволеното време, затекнати и „танчерки“

На 10.01.2021 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Тетово и Одделот за специјални полициски операции презедоа мерки и активности на територија на СВР Тетово и утврдија дека работи угостителски објект во близина на автопатот Тетово-Гостивар, а биле затекнати и 18 женски лица (15 од странство- Русија, Украина, Бугарија, Србија, БиХ , Латвија и три од РСМ), кои работеле како танчерки и придружнички на гости, а три женски лица од странство биле затекнати во собите од мотелот.Странските државјанки се приведени и предадени на Одделение за странци и реадмисија при РЦ Север за понатамошно постапување. При претресот кај А.А. (30) е пронајден и пиштол, кој е одземен за понатамошна постапка, а А.А. е приведен. Во објектот биле затекнати 49 гости и седум вработени во угостителскиот објект и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за непочитување на Одлуката на Владата за рестриктивни мерки за работа на угостителските објекти заради заштита на населението од Ковид 19.

Македонија | пред 5 години

kongres-sdsm

СДСМ: Во белиот дворец измислуваат анкети за да му го чуваат стравот на Мицкоски после шест изборни порази

Во очај и безидејност раководството на ВМРО-ДПМНЕ измислува лажни анкети кои немаат врска со реалноста. Колку е нереална односно измислена ова анакета од фантомскиот институт СИА ВИСТА доволно говори првото прашање. Се правела „анкета“ за избори кои ќе се одржат на 15 јули!?Изборите веќе се одржаа и на тие избори Мицкоски доживеа уште еден пораз, уште една казна од граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Денешната наводна анкета е само очаен обид на раководството во белиот дворец да му го чуваат стравот на губитникот Христијан Мицкоски кој после шест изборни порази не знае дали ќе ја зачува фотелјата во белиот дворец.Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да се служи со вакви лажни анкети. Јавноста памети дека слични таканаречени институти и претходно пласирале лажни анкети во полза на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.Но, ова можеби е првпат некој институт да прати корекција на сопствена анкета во рок од само 2 часа.Сите релевантни анекти покажуваат дека мнозинството граѓани е определно за напредок, за развој и интеграција со СДСМ.Сите релевантни анекти покажуваат дека јавноста нема доверба во Мицкоски, затоа што знае дека тој не може да понуди ништо освен блокади и деструкции.Мицкоски може да си нарачува и пласира лажни анкети за сопствени потреби колку сака, реалноста говори дека тој со ваквото однесување уште долго останува во опозиција.

Македонија | пред 5 години

zaev-mickoski

АНКЕТА НА СИА ВИСТА: Граѓаните со најголема доверба во ВМРО-ДПМНЕ и во Мицкоски

Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење. Анкетата е спроведена телефонски во период од 21.12.2020 – 25.12.2020 врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.Нарачател и спроведувач на анкетата е тимот на Институтот СИА ВИСТА, резултатите кои ќе се објават во два дела се користат за потребите на анализите на институтот.Еве ги резултатите:

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања