Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

soobrakajka1-1

Сообраќајка на патот Велес – Скопје, едно лице загина, друго тешко повредено

Едно лице почина, а едно е повредено во сообраќајната несреќа која изутрината се случи на автопатот Велес- Скопје.Од МВР засега нема детали за несреќата, но неофицијално, жртвата е 60-годишен маж која излетал од автопатот после патарината Отовица. Повредена е неговата 89-годипна мајка, која е хоспитализирана. Причините за несреќата не се познати. Несреќата се случила во 10.30 минути, по што имало и прекин на автопатот Велес - Скопје.

Македонија | пред 5 години

andonovski-1

Андоновски: Дали почнуваат нови преговори за распродажба на македонскиот идентитет?

Владата на Зоран Заев преговара за македонскиот јазик и идентитет далеку од очите на јавноста. Од граѓаните се кријат условите и барањата кои се поставени пред македонската влада. Заев, Димитров и Османи знаат, но се кријат од јавноста.  Срамно е да дознаваме од Бугарија дека Владата во ек на празници се уште преговара со Бугарија за нови отворени прашања.Вчера, од телевизиско интервју на министер од бугарската Влада се потврди дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет, истакна на денешната прес конференција Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Андоновски додаде:За овој Анекс предупредувавме пред три месеци. Како што се гледа во видеото дел од барањата за македонската Влада се образовна реформа, ретуширање на историјата, односот кон малцинствата, македонската историја.Срамота е за македонскиот идентитет, јазик и историја да се дискутира на телевизиски емисии во Софија, без никој во Македонија да не знае што е на маса.Срамота е во исто време Димитров да ги убедува Македонците дека треба да одморат од спорот со Бугарија, додека Бучковски се подготвува за нова средба и дискусии.Срамота е реалноста да се крие од граѓаните и да се прави лажен привид дека сите прашања се затворени.Јавноста заслужува да знае.Кој го видел нон пејперот од Бугарија? Што содржи Анексот од 12 точки кој Владата го крие од очите на јавноста?До каде е подготвена Владата да ги прифаќа предизборните барања на Бугарија?Дали Бучковски следнава недела во Софија ќе дискутира за македонскиот јазик и македонската историја?Дали образовната реформа на Мила Царовска со која се укинува предметот историја е за да се исполнат бугарските барања?Пред три месеци, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обзнани дека постои штетен Анекс на Договорот со Бугарија во кој се погазува македонскиот идентитет, јазик и историја. Тогаш бевме нападнати дека шириме невистини.Очекуваме Заев и треба да се извини што ширеше лажни вести. Димитров очекуваме да си поднесе оставка.А, по падот на оваа власт, ќе следува одговорност за сите недела кои и се прават на Македонија и македонскиот народ.

Македонија | пред 5 години

kocik

Коциќ: Бројот на заболени од коронавирусот се намалува, следува масовна имунизација против ковид 19

Почитувањето на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот од страна на мнозинството граѓани, како и засилените контроли и инспекции од страна на институциите, придонесоа бројот на заболени и хоспитализирани поради коронавирусот да се намали, истакна на денешната прес конференција Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.Коциќ додаде:Ова резултира со намалување на притисокот врз јавното здравство и врз болничките капацитети.Сепак, ова не е момент за опуштање, туку напротив, сите треба да продолжиме доследно да ги почитуваме мерките за заштита од вирусот ковид 19.Првите вакцини пристигнуваат веќе од наредниот месец!Обезбедени се 800.000 вакцини за цела 2021, а првите дози од вакцината на Фајзер ги очекуваме веќе во февруари.Институциите се подготвени, следува процес на имунизација на целото население, за конечна победа над пандемијата.Истовремено, државата преку два други механизи ќе обезбеди дополнителни дози на вакцини против коронавирусот.Едниот од нив е „Ковакс“ механизмот каде се очекуваат уште 833.000 дози на вакцини, а како трет механизам се преговорите со земји членки на ЕУ кои се подготвени да отстапат дел од нивните вакцини.Вкупно, преку сите три механизми во оваа година треба да се обезбеди вакцинација за 1,2 милиони жители на Северна Македонија, односно за околу 60 отсто од вкупното население.Вакцинацијата е последната фаза од борбата против коронавирусот. Затоа е потребно уште малку трпение и дисциплина од секој еден од нас.Да го заштитиме своето и јавното здравје, за што побрзо да се вратиме во нормалните текови на секојдневното живеење.

Македонија | пред 5 години

straza

Сообраќајот кон Маврово во прекин поради паднати дрвја на патот

По обилните дождови во моментов е во прекин сообраќајот кон Маврово од клучката за Стража.Веќе е создадена огромна колона возила.Полицијата информира дека се работи за одрони од камења и паднати дрвја на угорницата кон Маврово.Надлежните служби работат на отстранување на пречките на патот.Извор: МКД

Македонија | пред 5 години

MLS-Germian-Novaci-Milevski-10-01-2021-2

Милевски: Гермијан е пример за модерно европско село, со уредувањето на коритото жителите ги заштитивме од поројни дождови

Завршени се градежните активности за уредување на коритото за заштита од поројните дождови во населеното место Гермијан со должина од 340 метри така што жителите можат да бидат спокојни и да ги вршат своите активности навремено во текот на целата година, потенцираше министерот за локална самоуправа Горан Милевски.- Конкретно во Гермијан завршена е заштитното корито коешто ќе го штити селото од поројните дождови кои нанесувале во минатото голема штета по имотот на овие жители. Инвестицијата е во износ од 148.883 евра во кои Министерството за локална самоуправа учествува со 15 проценти поточно 22.224 евра, и со истата се решава проблемот со поплавувањето на земјоделското земјиште како и станбените и фармерските објекти во овој дел од регионот кои често се случуваа во изминатите години како последица на поројните дождови и слабиот систем за заштита од поплави. Овој проект е уште еден доказ дека прекуграничната соработка одлично се интензивира помеѓу нашите две држави и практично и општините, цивилниот сектор и другите институции спремни се да влезат и во третата фаза, и во ИПА III која што ќе се имплементира за периодот 2021-2027 година за којашто се предвидени неформално околу 40 милиони евра, изјави Милевски.Тој рече дека останува уште канализационата мрежа да се регулира, со што Гермијан ќе стане модерно европско село каде што жителите ќе живеат по сите европски стандарди и вака треба да се однесува секој градоначалник за секое рурално место, да сите граѓани во државата имаат еднакви услови за живот.Уредувањето на коритото се реализира во рамките на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор (Ј-CROSS)“ кој Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира во рамките на Програмата за прекугранична соработка Interreg – IPA CBC помеѓу Северна Македонија - Грција 2014-2020 финансиски поддржана од ЕУ и Министерството за локална самоуправа.- Преку проектот се направени за коритото некаде околу километар и пол последната фаза од околу триста и педесет метри беше завршена со средства од прекуграничниот проект што го имаше Пелагонискиот плански регион. Со ова го заокружуваме проектот Порој во селото Гермијан, со што ги обезбедуваме мештаните да не дојде до поплави за време на поројни дождови како што беше пред пет - десет години. Инаку во ова населено место во последните три години се инвестирани некаде преку милион евра средства од македонската влада од Јавното претпријатие за државни патишта, од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален рамномерен развој, и се надеваме дека во наредните години ќе продолжиме со инвестиции не само во ова село туку и во останатите села во Општина Новаци, вели градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски.- Покрај оваа активност во рамките на овој проект, Центарот за развој на пелагонискиот плански регион реализира уште безброј други активности за подигнување на свеста на населението со овие природни непогоди, покрај тоа направивме и заеднички прекугранични вежби со партнерите од Грција, а исто така во завршна фаза е и набавката на јавното, цистерна за Јавното комунално претпријатие на Водовод кое што ќе користи за пиење на пивка вода во подрачјата кои што се погодени од природни непогоди, додаде Гого Видимче, директор на Пелагониски плански регион.

Македонија | пред 5 години

korona-4

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти, а вкупно се лекуваaт 360 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 360 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за уво нос и грло, на Очната клиника, на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за Нефрологија. Четворица болни се примени на Клиниката за гастроентерохепатологија.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало четири нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника еден во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациент, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 19 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 92 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти.Вкупно 360 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

policija-1

Кривична пријава за измама со возила

Одделението за криминалистички работи во Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје во соработка со Одделот за криминалистичка полиција до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Р.А.(27), поради постоење основи на сомневање дека сторил шест кривични дела „измама“, како и против М.А.(18), К.К.(29) и Н.А.(29), поради постоење основи на сомневање дека сториле по три кривични дела „измама“, казниви по чл.247 од Кривичниот законик, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 5.472.790 денари.Пријавените, кривичните дела ги извршиле на идентичен начин, и тоа откако претходно ќе забележале објавен оглас за продажба на поскапи моторни возила, се јавувале на објавениот телефонски број од огласот и во контакт со оштетените се договарале да се сретнат на претходно одреден нотар, поради купопродажба на возилото. По остварената средба кај нотарот, пријавените лица се договарале со оштетениот во договорот да се наведе сума на пари која нема да ја надмине законската регулатива за плаќање во готово, додека останатиот дел од сумата ќе бидат исплатени на рака. По потпишување на договорот, пријавените лица ги носеле оштетените на различни места со изговор дека ќе дојде трето лице кое ќе ги донесе останатите пари, но во даден момент, искористувајќи го невниманието на оштетените, им ги земале клучевите и заминувале со возилото кое било предмет на купопродажба.Во врска со овие случаи поднесена е и кривична пријава против други шест сторители за реализирани седум кривични дела „прикривање“ по чл. 261 и едно кривично дело „помагање“ по чл. 24 ст. 2 од КЗ на РСМ и тоа против А.Н. (44) од Арачиново, Р.С. (30) од Скопје, Н.И. (24) од Скопје, М.А. (23) од Скопје, Р.Ш. (28) од Скопје и Х.Ч. ((56) од Скопје. Во врска со случајот од страна на полициските службеници се одземени шест возила кои се предадени во Агенцијата за одземен имот до завршување на постапката.

Македонија | пред 5 години

saso-tasevski

Тасевски за инцидентот во ЈПС до новинарите: Која ви е поентата со такви наслови, божем тренирате меѓиуетничка толеранција?

Не правите ништо позитивно ако пишувате новинарски наслови дека агресивни СКОПЈАНИ се заканувале на патници во автобус. Тоа беа двајца Албанци кои полни со верска омраза се закануваа на каури со сечење глава ги нарекоа неверници. Им искреше омраза од очите и гестовите, напиша на својот ФБ профил актерот Сашо Тасевски.Тасевски во објавата додава:Која ви е поентата со такви наслови. Божем тренирате меѓиуетничка толеранција? Нема ништо од тоа овде. Попала маца одамна

Македонија | пред 5 години

korona-2

Денеска починати се водат 22 лица од кои 10 со дата на смрт од претходните денови, а еве колку се новозаразени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-270, Куманово-24, Штип-17, Прилеп-17, Тетово-17, Струга-6, Велес-23, Битола-10, Охрид-12, Кавадарци-21, Гостивар-17, Гевгелија-6, Струмица-22, Крива Паланка-13, Радовиш-10, Кочани-14, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-6, Берово-12, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-5, Свети Николе-3, Кичево-12, Ресен-1 и Неготино-6.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 404 оздравени пациенти од: Скопје-204, Куманово-18, Штип-9, Прилеп-33, Велес-16, Битола-8, Охрид-1, Кавадарци-30, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-15, Крива Паланка-6, Радовиш-11, Кочани-4, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-2 и Неготино-9.Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје (84, 83, 60, 71, 66, 57, 77, 76, 80 и 74г), еден од Куманово (77г), еден од Дебар (68г), еден од Штип (81г), еден од Битола (69г), двајца пациенти од Охрид (47 и 76г), еден од Кавадарци (48г), двајца од Гостивар (79 и 64г), двајца од Крива Паланка (81 и 79г) и еден пациент од Кичево (63г). Од нив пет пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86150, бројката на оздравени пациенти е 67164, на починати е 2614, а бројот на активни случаи изнесува 16372. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 37326, активни 10017• Куманово 4865, активни 474• Дебар 673, активни 127• Штип 3368, активни 185• Прилеп 4346, активни 374• Тетово 4860, активни 715• Струга 2086, активни 227• Велес 2854, активни 388• Битола 3106, активни 405• Охрид 2543, активни 429• Кавадарци 2255, активни 469• Гостивар 3456, активни 443• Гевгелија 1208, активни 214 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 207 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2382, активни 435• Крива Паланка 665, активни 104• Радовиш 644, активни 71• Крушево 169, активни 18• Кочани 1653, активни 181• Пробиштип 460, активни 33• Демир Хисар 239, активни 30• Македонски Брод 227, активни 13• Пехчево 165, активни 24• Берово 543, активни 75• Валандово 318, активни 37• Виница 460, активни 60• Делчево 681, активни 202 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 200, активни 15• Свети Николе 1050, активни 66• Кичево 1612, активни 184• Ресен 665, активни 114• Неготино 1071, активни 243 (173 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2953 теста се преку: ИЈЗ-444, ЦЈЗ Скопје-172, Авицена-325, Биотек-289, МАНУ -124, Жан Митрев (Филип Втори)-198, Систина со PCR метода -343, лабораторија Лаор –121, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-71, Инфективна клиника-4, ГАК-0, Синлаб-58, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -795, УК Пулмологија со алергологија –9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 414.757 тестирања на Ковид -19.*денеска се евидентираат 10 починати со дата на смрт од претходните денови.

Македонија | пред 5 години

50407320_2037289269697107_8259573472892551168_n

УНЕСКО бара забрана за градба во Охрид, додека плановите не се усогласат со препораките

Заради неусогласеноста на урбанистичките планови со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион УНЕСКО предлага целосно стопирање на издавањето одобренија за градба на подрачјето ставено под заштита што во превод значи дека доколку остане и се спроведе препораката од УНЕСКО ќе мора на одреден период да запре градењето на подрачјето на цел Охрид и околината.Сите власти во Охрид со години наназад ги игнорираа овие препораки на УНЕСКО и не направија нивна имплементација, па сега процесот полека се приближува кон крајниот исход кој би значел или да се применат препораките и да се усогласат урбанистичките планови со Планот за управување со светско природно и културно наследство за Охридскиот регион или збогување со статусот на заштитено одрачје под УНЕСКО.Охрид скоро 20 години е своевидно „елдорадо“ за градежните фирми кои во тесна спрега со политичарите го прекрија градот со легално изградени згради со што општа констатација е дека градот урбанистички е девастиран и уништен.Дибоградбите кои ги има со години се посебна приказна и речиси да нема населба или дел од езерскиот брег кој не е окупиран со дивоградвби, било да се приватни куќи, угостителски објекти или сместувачки капацитети.News1.mk вчера ексклузивно објави дека властите во земјава го добиле извештајот на УНЕСКО во кој на преку 200 страни се изнесени забелешки и препораки кои земајва ќе мора да ги исполни во целост доколку сака Охрид и Охридско Езеро да останат под заштита на оваа меѓународна организација.

Македонија | пред 5 години

Karadzovski-23.05-2

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски хоспитализиран

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, хоспитализиран, објави  Алсат-М.Од Клиниката за заразни болести во Скопје потврдуваат дека докторот заедно со неговата сопруга се во добра здравствена состојба и се лекуваат само со лекови, без потреба од кислородна терапија.Караџовски, кој е позитивен на Ковид-19 и самиот претходно потврди дека има и други здравствени проблеми, но не се повлече на чело на комисијата уште од почетокот на пандемијата. 

Македонија | пред 5 години

karakacanov

Каракачанов: С. Македонија може да добие датум за преговори во јануари ако го потпише анексот со 12 точки

Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во емисијата „Офанзива со Лубо Огњанов“ на бугарска „Нова ТВ“, истакна дека С. Македонија имала шанса да добие датум за преговори во ноември минатата година, но не сакала да го искористи тоа.-Бугарија не стави вето, туку едноставно рече дека Скопје не е подготвено за датум за преговори, нагласи Каракачанов.Бугарскиот вицепремиер истакна дека Бугарија е „за“ проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, но говорот на омраза кон се што е бугарско било она што загрижува.-Омразата се заснова на грубо и грозоморно фалсификување на историјата. За Бугарија има негативна слика и навредливи квалификации во македонската свест. Република Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат Анексот со 12 точки, што ги подготвивме, изјави за НОВА-Њуз бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.  

Македонија | пред 5 години

Incident

Насилникот од ЈСП пред една ипол година претепал контролор поради напишана казна

Полицијата се уште трага по вториот насилник во автобусот на ЈСП кој се заканува на патници дека ќе ги потопи во кисела, но ги навредува и по верска основа.  Полицијата во моментот истражува дали имало и физички напад врз лицето кое го снимило видеото, со оглед на тоа што во јавноста се појавија информации дека тој дел не е снимен, а таков инцидент се случил откако насилниците забележале дека се снимани, објави Сител. Лицето кое е приведено во полициска станица има историја со повеќе кривични дела, а пред година и половина претепал и службеник на ЈСП во Транспортниот центар, откако претходно бил казнет за непоседување на билет.Сепак, најголем проблем во истрагата е што инцидентот е од пред 2 – 2 и пол месеци. ЈСП прво треба да открие на која линија и во кој точно автобус се случил инцидентот.Текстот во целост на: Сител.  

Скопје | пред 5 години

1

Џафери, Пендаровски и Заев на именден кај Поглаварот на МПЦ г. г. Стефан

Денес, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на покана на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, присуствуваше на приемот што се приредува редовно по повод божиќните празници и неговиот именден - празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан. На божиќната трпеза присуствуваше државниот врв, односно претседателот на државата, Стево Пендаровски и Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев. Приемот се одвиваше под строго почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19 и затоа беше без присуство на медиуми.На приемот, претседателот Џафери, како и другите поканети, заедно со упатените честитки за лично здравје на г. г. Стефан и уште долго вршење на светата мисија на поглавар на православната заедница во Република Северна Македонија, заедно посакаа во новата 2021 година, да има подобро здравје за сите граѓани, личен и колективен напредок, мир, благосостојба и успешно надминување на пречките кои се испречуваат на евроинтеграцискит пат на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

zlaten-pribor

(ФОТО) Герила акција: Златниот прибор на премиерот

Симболично, во герила акција пред елката на плоштадот во центарот на Скопје оставен беше “златниот прибор” на премиерот Зоран Заев. Ваквата герила акција следи откако со брзина на светлината преку социјалните мрежи се прошири фотографија од бадниковата трпеза на прeмиерот Заев, на која што се гледа златниот прибор.Реакциите и тогаш беа бројни, а некои од нив гласеа “додека народот трпи за леб, Заеви се хранат со златен прибор”.

Македонија | пред 5 години

korona-2

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 426 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 426 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болни, а во Куманово 55 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 53, во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 28 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 49 пациенти, во Кочани 18 во Кичево 12, Кавадарци 23, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 766 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

policija-4

(ВИДЕО) Засилени сообраќајни контроли во Охрид, за 24 часа изречени 103 казни

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера  спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Охрид, при што санкционирани се 103 возачи, кои возеле со брзина поголема од дозволената, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Охрид. „Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови и евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата“, рече Ангеловски.На територијата на СВР Охрид споредено декември 2020 со декември 2019 година сообраќајните незгоди се намалени за 11 отсто. „Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, рече Ангеловски.

Македонија | пред 5 години

nikolovski

Стоилковски: 55.000 работници на улица, а братучедот на Николовски вработен за 100.000 денари?

Љупчо Николовски, министерот кој што требаше да се бори со корупцијата е заплеткан во нов сериозен сомнеж дека негови роднини се вработени во јавната администрација. Македонска навигација е државна агенција каде што просечната плата е далеку и неколкукратно поголема од просечната и е докажано легло за партиски и непотистички вработувања на власта на Зоран Заев.Николовски мора да одговори по јавните прозивки за тоа дека негови роднини, чичко и братучеди, се вработени во МНАВ токму во периодот кога тој е на функција која што треба да биде пример за спречување на непотизмот и корупцијата, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Стоилковски додаде:За Николовски и вработувањата на негови роднини се докажа и во време кога тој беше министер за земјоделство. Сега Николовски како вицепремиер за наводна борба со високата корупција е должен да соопшти на јавноста и за вработувањата на неговите роднини кога беше во земјоделие, но и дали сега повторно од позицијата на министер ЗА корупција е доведен во судир на интереси со вработувања на негови роднини?Во време кога 55.000 работници останале без плата и без работа, министрите на Зоран Заев ги вработуваат своите роднини во државната администрација за плати од по 100.000 денари. МНАВ е агенција каде што и до сега беа скандалозно вработувани роднини, деца, зетовци, братучеди на пратеници и министри од СДСМ, без соодветно образование, до степен да постоеја јавувања за притисоци и беа менувани и членовите на комисијата за прием на работа.Оттука, Николовски е должен да одговори дали ја злоупотребил неговата позиција сега, дали ја злоупотребил неговата позиција претходно, но и дали ќе ја си поднесе неминовна оставка, како личен пример за борба со корупцијата и злоупотребата на позицијата?Апсурдно е лик како Љупчо Николовски кој што повторно се поврзува за непотизам, да води тело, министерство за борба со корупција. Истовремено, ја повикуваме и ДКСК да го испита случајот, со што ќе ја докажат причината за своето постоење како паралелно тело на министерството на Љупчо Николовски.Ако Николовски сам си вработува роднини во администрацијата и за него нема одговорност, тогаш и неговото министерско место сметаме дека треба да се укине бидејќи се докажува дека е измислено само тој да зема плата од буџетот.

Македонија | пред 5 години

trajanovski

д-р Трајановски за СДК: Многу е моќно чувство кога ќе го победиме вирусот, јас се радувам повеќе од пациентите

Дваесет и седумгодишниот лекар од Инфективното одделение во Кумановската болница, д-р Даниел Трајановски ги освои симпатиите на кумановци, поради неговата посветеност во лекувањето од ковид-19. Тој е доктор по општа медицина и стана омилен кај своите пациенти, откако со својата стручност и професионалност, но и непосреден однос успеа да ја стекне довербата кај болните и нивните семејства, објави СДК.МК.Неговите пациенти велат дека тој пред сѐ е човек со големо срце, а потоа посветен, неуморен, трпелив и пожртвуван лекар. Тој подеднакво се грижи за сите заболени независно дали се во неговата амбуланта или во болничка соба, но не ги остава сами ни кога се лекуваат дома. За нив и нивните семејства е достапен 24 часа за совет или за поддршка. Неуморен во мисијата да го победи невидливиот непријател, неговиот работен ден најчесто трае повеќе од 10 часа, често е дежурен, а не му е тешко да дојде и ноќе доколку некој пациент има потреба од негова помош. Неговите колеги кажуваат дека тој не се срами ниту одбива да помогне и кога се во прашање физичките работи на одделението, па се случува да носи боци со кислород затоа што болничарот не може сам или да постави катетер на пациент ако медицинските сестри се презафатени. Пациентите и нивните роднини велат дека е пример на здравствен работник какви треба повеќе да ги имаме во јавното здравство.„Пациентите не можат да се излажат, тие ве прифаќаат или не. Јас имав среќа да ја стекнам нивната доверба и многу сум горд поради тоа. Мене сите пациенти ми се подеднакви и го давам својот максимум за сите. Натчовечки се трудам да спасам сечиј живот. Мојата работа е склоп на емоција, професионалност и давање на душа. Тоа може само да се почувствува, не може да се прераскаже. За овие 11 месеци во професионалниот дел пораснав многу, но го разбрав и животот, низ него мора постојано да се бориме ако сакаме да успееме. Така е и со ковидот, борбата со него е тешка и неизвесна, но ако сте упорни ќе успеете. Многу е моќно чувство кога ќе го победиме вирусот, јас се радувам повеќе од пациентите“, – вели д-р Трајановски за СДК.МК.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК

Македонија | пред 5 години

korona5

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 пациенти, а вкупно се лекуваaт 338 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 338 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 13 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за уво нос и грло и на Очната клиника, по тројца болни на Клиниката за дерматологија, на Клиниката за Неврологија и на Институтот за ТБЦ. Двајца пациенти се примени Клиниката за нефрологија.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 38 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациент, на Клиниката за очни болести 4 пациенти, а на ОРЛ 17 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 18 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 102 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 92 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти.Вкупно 338 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 98 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

Makedonski-pasos

Deutsche Welle: МВР не даде зелено светло за државјанствата со тројца сведоци

Предлог-законот за државјанство кој што го поднесоа албанските опозициски партии при крајот на минатата година, не наиде на поддршка во надлежните институции. Министерството за внатрешни работи даде негативно мислење на идејата државјаните од поранешните југословенски републики, кои до независноста на 8 септември 1991 година живееле во Македонија, да можат да добијат македонско државјанство само со изјави од сведоци, без да бидат приложени документи како доказ. Станува збор за граѓани кои се родени и живеат во Северна Македонија, но немаат државјанство иако најчесто ги исполнуваат условите за тоа. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предлогот го оцени како „политички памфлет“, објави  dw.com. Со измените на Законот за државјанство што се разгледуваат во Собранието по скратена постапка на предлог на пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива, оној што бара македонско државјанство, ќе треба да обезбеди изјави од три лица што ќе сведочат дека барателот живеел на територијата на Македонија до 8 септември 1991 година или, пак, изјава на само едно лице што во тој период било жител или сѐ уште живее во местото во кое живеел барателот. Додека измените поминуваат низ собраниските филтри, во јавноста се кршат копјата околу оправданоста на ваквиот предлог. Ставувањата се дали на ваков начин се отвара простор за злоупотреби околу делење државјанства на тацна, особено ако се покажат како точни калкулациите дека на тој начин до македонски документи би дошле 70.000 лица.Текстот во целост на:  dw.com. 

Македонија | пред 5 години

ljubco

ВМРО НП: Бугарските фашисти биле многу лоши луѓе ама па не биле и будали да си го запалат најголемиот доказ за нивното присуство во Скопје

Секоја година барем по еднаш во стилот на старата пропаганда се појавуваат текстови со намера да се потсетат македонските граѓани за тоа дека бугарските фашисти во 1944 година ја запалиле црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.  Така и вчера про-југословенските медиуми на ДПМНЕ, уште еднаш ги реобновија познатите пропагандни лаги, се вели во соопштението од ВМРО НП.Во продолжение на соопштението се додава:Фактите за жал го зборуваат спротивното. Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје има над 100 години докажана традиција на приврзаност кон бугарската егзархија, каде патем во нејзините простории се отворени првото бугарско црковно-словенско училиште во Скопје и бугарското педагошко училиште каде учел и Тодор Александров, а директорувал Христо Матов.После рефрендумот 1870 година кога скопјани масовно се изјасниле за припадност кон бугарската егзархија истата црква станува седиште на и формално првиот бугарски владика во Скопје.Самата црква од страна на бугарските власти е прогласена за катедрална црква, а да не зборуваме за тоа кои се владици поминале низ таа за скопјани значајна црква.Точно е дека бугарските фашисти биле многу лоши луѓе ама па не биле и будали да си го запалат најголемиот доказ за нивното присуство во Скопје.Пожарот во црквата уште тогаш е добро документиран и докажан дека е започнат од помошните простории каде што била сместена кујната и дека се работи за чист инцидент.Време е да ги напуштиме старите југословенски пропаганди, да не го потпалуваме јазикот на омразата секој ден што е очигледно за некои опозициски партии во Македонија и да почнеме да зборуваме со јазикот на фактите.

Македонија | пред 5 години

radar

196 санкционирани возачи во Скопје, 27 за управување со брзина поголема од дозволената

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.01.) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, од кои 27 за управување со брзина поголема од дозволената, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 10 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 14 за користење на мобилен телефон, пет мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло). Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

tirz

ТИРЗ - во 2020 исплатени над 10 милиони евра државна помош за странски инвестиции

Дирекцијата за технолошко развојни зони – ТИРЗ во 2020 година исплати над 10 милиони и 600 илјади евра на 29 компании за реализација на нивните инвестиции во зоните. Ова е 94,4% реализација на предвидената државна помош за изминатата година исплатена кон странските инвеститори во земјава.Дополнително е одобрена и предвремена исплата на обврски кон две компании, Костал и Гентерм кои предвреме ги постигнале планираните инвестиции и планирани таргети за вработување. Вкупниот износ на предвреме исплатени обврски на државата кон овие две компании е 51,2 милиони денари, средства обезбедени со Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетски корисници донесена од страна на Владата во декември 2020г. Оваа новина е дел од целосно нов внатрешен систем на грижа за корисници. Целта е да се поттикнат и останатите инвеститори забрзано да ги реализираат своите инвестициите и планови за вработувања, а ТИРЗ и владата се подготвени да ги следат во таа динамика.ТИРЗ има реализација од 96% на планираниот буџет за изминатата година. Во делот на капиталните инвестиции има 100% реализација. За таа цел се исплатени 5,5 милиони евра. Најголем дел се инвестирани во сообраќајната инфраструктура и асфалтирање, гасоводната инсталација, хидротехничката инфраструктура, водоснабдителен систем и со целокупната потребна пропратна инфраструктура - атмосферска и фекална канализација, улично осветлување.За следната година се подготвува инвестициски циклус од 15 милиони евра во основна инфраструктура во повеќе зони. Истовремено во соработка со Светската банка, ТИРЗ ќе креира и „Посебен стратешки инвестициски фонд“ преку кој државата и приватните инвеститори заедно ќе вложуваат во посебни проекти за развој во инфраструктура. Со овој фонд ќе се инвестира и во постојните индустриски зони во општините, каде поголем број компании се домашни.Дирекцијата воведува и нов пристап во привлекувањето на инвестиции според кој и домашните компании ќе ги уживаат истите услуги, поддршка и привилегии како и странските.

Македонија | пред 5 години

opstina-centar

Речиси 4 милиони евра од судски пресуди, договорни казни и активирани банкарски гаранции во Буџетот на Општина Центар

Општина Центар и покрај минатогодишната состојба со пандемијата на КОВИД 19, успеа врз основ на судски пресуди и активирани банкарски гаранции во буџетот да инкасира вкупно 223.973.602, 00 денари, односно речиси 4.000.000, 00 евра.Одделението за нормативни и правни работи при Секторот за правни и организациони работи на Општина Центар тековно ги реализираше судските постапки и спорови кои општината ги има со институциите, правните и физичките лица во Република Северна Македонија.По основ на активирани банкарски гаранции и договорни казни од вкупно 6 постапки, изминатата година Општина Центар во буџетот инкасирала 65.125.816, 00 денари, а во буџетот на РСМ се слеале 25.389.383, 00 денари. Најголемиот дел од средствата се наплатени на име на договорна казна со правно лице од Скопје, поради незавршување на градба на објект во предвидениот рок кој бил наведен во добиеното одобрение за градба.Активирана се и банкарски гаранции од правно лице од Скопје во стечај, каде општината за непочитување на склучени договори и непреземање на договорни обврски, наплатила износ од 1.240.000, 00 денари.Од 10 судски предмети Општина Центар во 2020-та успеа да внесе во својот буџет дополнителни 133.458.403, 00 денари. Овие средства општината ги наплатува по основ на долгови од повеќе јавни институции, правни и физички лица.Покрај горенаведените активности, општината има неколку отворени постапки каде средствата не се сѐ уште извршени, а поднесена е и кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против едно лице за постапување спротивно на членот 389 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, односно за незаконско симнување или оштетување на службен печат или знак што го ставило овластено службено лице за осигурување на предмет или просторија.Средствата собрани од долговите и наплатените договорни казни Општина Центар ги реинвестира и истите се користат за тековно функционирање на општината и за подобрување на условите за живот на граѓаните. Од овие средства општината ги сервисира редовните финансиски обврски, но и ги реконструира улиците под нејзина надлежност, реконструира градинки и основни училишта, гради игралишта, паркови и зелени површини и други работи неопходни за жителите на Општина Центар.

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања