Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

boro-staic-pomos

Да помогнеме: Боро Стаиќ, парализиран и болен од Ковид 19 има проблеми со искашлување

Боро Стаиќ е момче на 26 годишна возраст. Поради повреда од негова 18-та година е парализиран од вратот надолу, сите четири екстремитети (квадиплегија). Во моментов се наоѓа во болница каде е хоспитализиран поради Ковид-19.Тој неможе сам да се искашла и при такви ситуации се гуши. Затоа му е итно потребен апарат кој го викаат “машина која живот спасува” со која неговите родители ке можат да му помогнат во случај на гушење, објави Телма.Тој апарат е машина за асистирано искашлување која доведува воздух во белите дробови и го исфрла брзо назад за да се исчисти секретот од дишните патишта. Ве молиме да помогнеме на Боро за неговите родители да можат да го набават апаратот и одредени додатни потрошни делови за истиот.За помош на Боро е отворена и интернет gofund страница https://www.gofundme.com/f/lets-turn-suffering-into-hope-for-bozo за да може да го купи апаратот кој ќе му помогне во закрепнувањето.Текстот во целост на: Телма.

Македонија | пред 5 години

korona-1

Денеска регистрирани нови 100 случаи со Ковид 19 и починати 11 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-3, Дебар-12, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-10, Велес-3, Охрид-4, Кавадарци-8, Гостивар-3, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-2, Кичево-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 551 оздравени пациенти од: Скопје-314, Куманово-10, Штип-14, Прилеп-27, Тетово-16, Струга-8, Велес-16, Битола-26, Охрид-16, Кавадарци-13, Гостивар-13, Гевгелија-12, Струмица-12, Крива Паланка-3, Крушево -11, Кочани-9, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-3, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-5, Ресен-7 и Неготино-3.Починати се 11 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 72 и 67г), еден од Тетово (68г), еден од Гостивар (78г), еден од Крива Паланка (84г), еден пациент од Кочани (41г), еден од Демир Хисар (72г), еден од Македонски Брод (78г) и двајца пациенти од Делчево (80 и 60г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85594, бројката на оздравени пациенти е 66760, на починати е 2592, а бројот на активни случаи изнесува 16242. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 37056, активни 9961• Куманово 4841, активни 469• Дебар 673, активни 128• Штип 3351, активни 178• Прилеп 4329, активни 390• Тетово 4843, активни 698• Струга 2080, активни 221• Велес 2831, активни 381• Битола 3096, активни 404• Охрид 2531, активни 420• Кавадарци 2234, активни 479• Гостивар 3439, активни 440• Гевгелија 1202, активни 219 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 207 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2360, активни 428• Крива Паланка 652, активни 99• Радовиш 634, активни 72• Крушево 169, активни 18• Кочани 1639, активни 171• Пробиштип 459, активни 33• Демир Хисар 239, активни 30• Македонски Брод 223, активни 10• Пехчево 159, активни 18• Берово 531, активни 63• Валандово 317, активни 38• Виница 458, активни 59• Делчево 677, активни 198 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 195, активни 10• Свети Николе 1047, активни 67• Кичево 1600, активни 179• Ресен 664, активни 115• Неготино 1065, активни 246 (170 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 764 теста се преку: ИЈЗ-163, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0, Биотек-93, МАНУ -88, Жан Митрев (Филип Втори)-118, Систина со PCR метода -179, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-65, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -55, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 411.804 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

Кривична пријава за смртни закани и повици за насилство на Фејсбук

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, на 08.01.2021 полициски службеници од ОВР Кочани на службен разговор го повикале Д.Ѓ.(26) од с.Зрновци, кочанско. Тој на 07.01.2020 на својот „Фејсбук“ профил, споделил објава со повик за насилство и смртни закани. Одземен е мобилниот телефон од Д.Ѓ. и известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Д.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 5 години

ivermektin

Лекот ни бил пред очи, според СЗО најверојатно „Ивермектинот“ е спас од КОВИД 19

СЗО во месец Ноември одржа светска презентација на која го покажа 100% бенефит од лекот „Ивермектин“, компариран со останатите досега споменува познати лекови или комбинации. Ќе се користи пред во болнички услови, а оние кои се лекуваат дома ќе може да го набават од аптека исклучиво со рецепт од лекар, истакна министерот за здравство Венко Филипче.„Кај ризични групи на работници кои што имаат висок ризик да заболат, луѓе кои што биле во контакт со потврден заболен контакт и, нормално, кај луѓе кои што се заболени. Кај трите групи на граѓани односно на пациенти има различна индикација и различно дозирање, затоа е битно давањето на лекот да биде под контрола на лекар. Јас верувам дека во следните две недели ќе биде достапен во нашата земја.“, истакна министерот Филипче.Инаку доктори епидемиолози апелираа лекот Ивермектин, кој кај нас со години се користел во ветеринарната служба, да стане дел од терапијата за лекување на пациентите со компликаци од корона вирусот бидејќи студии од западните земји покажале дека тој дал одлични резултати.Лекот за прв пат го истражиле докторите во Австралија. Еднократна доза на овој лек била аплизирана во заразени клетки и вирусната инфекција кај заразените клетки била намалена за пет илјади пати во рок од 48 часа. Според истражувањето не било забележано токсичност на лекот. Овој лек го нарекуваат Game changer, лек што може да направи пресврт во панедмијата. И тоа пред изложување на вируост како профилакса, по експлозија на вирусот, на почетокот од заразата но и во одмината фаза на болеста. Според истражувачите лекот е ефтин и безбеден.„Иивермектинот“ во земјава ќе пристигне за 14 дена !

Македонија | пред 5 години

krsto-mukovski

Муковски: Ќе го потсетам криминалецот Милошоски дека токму тој на 27 април ги насочувал луѓето -„Качете се, горе е Заев“

Нарекувајќи го криминалец и прашувајќи дали е тој нарачател на „27 април“, експратеникот Крсто Мукоски му возврати на актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој го спомена коментирајќи ги настаните во САД. Мукоски за „А1он“ вели дека тој и другите пратеници го издржале својот дел за она што го сториле, а прашува зошто Милошоски не одговара за тој настан.„Иако криминалецот Милошоски не заслужува одговор, ќе го потсетам дека токму тој, лично, беше споменуван од сведок во судскиот процес дека ги насочувал луѓето во прес-салата и им кажувал: ‘Качете се, горе е Заев’. Од каде ја имал информацијата и со кого се координирал? И ќе го прашам, дали тој лично е нарачател на ’27 април’? Дали тој се залага за помирување и слобода за сите луѓе што учествуваа во тој настан или тој го осудува и ги оправдува овие пресуди? Зошто лично не учествуваше во изготвување на Законот за амнестијата, а беше понуден, и тој го гласаше за сега злобно и безлично да критикува? Иронија и лицемерство до бескрај. И на крајот, Крсто Мукоски и другите го издржаа својот дел за она што несвесно и без зла намера го сторија, но прашувам дали тој и таквите како него ќе одговараат за тој настан?“, вели Мукоски откога Милошоски го прозва преку социјалните мрежи.Текстот во целост на: „А1он“

Македонија | пред 5 години

grubi

Груби доби нова казна од 500 евра

Државниот инспекторат за труд  по извршениот увид утврдило дека вицепремиер Артим Груби го прекршил Законот за заштита на населението од заразни болести затоа што како одговорно лице ја дозволил прославата без маски, пренесува Телма.Инспекторите веќе му го врачиле прекршочниот платен налог од 500 евра, а за институцијата согласно законот за прекршоци нема глоба.  Груби казната треба да ја плати за 8 дена, а досега ја плати помалата од дваесет евра за неносење маска издадена од МВР како што добија и сите останати на фотографијата.

Македонија | пред 5 години

Incident

(ВИДЕО) Инцидент во автобус: Им се заканија на патниците дека ќе сечат глави и ќе ги топат во киселина

Видео од инцидент во автобус на ЈСП Скопје, се  појави на социјалните мрежи. https://twitter.com/JohnnyParka/status/1347520931468603395?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1347520931468603395%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F364720%2Fincident-vo-avtobus-na-jsp-ke-secam-glavi-i-ke-gi-topam-vo-kiselina-ne-znas-koj-sum-jasДвајца мажи се однесуваат агресивно кон патниците и шоферот, при што се закануваат дека ќе сечат глави и ќе ги фрлаат во киселина.Настанот се случил како што пишува во објавата на Твитер жена во години од автобусот им се обратила на двајца мажи да ги стават маските на лицето.

Скопје | пред 5 години

evra

Тетовка од фирмата во кој работела украла 2600 евра

Денеска (8 јануари) околу 11часот и 30 минути, на улица „ЈНА“ во Тетово, лишена од слобода е 26-годишната тетовка Д.Ј.,поради основи на сомнение дека претходно извршила кражба во фирмата во која работела, при што од касата одзела парични средства во вкупен износ од 2600 евра.Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе и биде изготвен соодветен поднесок.Кражбата во продажниот салон на фирмата го пријавила одговорната на фирмата денеска околу 11 часот и 30 минути.

Македонија | пред 5 години

global-3

Од пожарот во „Глобал“ досега се исфрлени околу триста тони отпад

Екипи на ЈПКД „Комуналец“ денеска продолжија со расчистување на остатоците од големиот пожар во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Завчера и денеска до пладне се исфрлени околу триста тони најразличен отпад, најмногу од делот на Градскиот пазар каде изгореа голем број тезги и продавници.Од  ЈПКД „Комуналец“ велат дека околу 60 отсто од вкупниот отпад и опожарен материјал веќе е исчистен.Во пожарот, кој избувна на 2 овој месец во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Обвинение за скопјанец во чиј дом беше пронајдена дрога и психотропни супстанции

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.При претрес на 16.11.2020 година, во домот на обвинетиот 37-годишник на улица „Народен фронт“, биле пронајдени 943,59 грама марихуана, 4,55 грама кокаин, 292 таблети со активна компонента 3,4-метилен диоксиметамфетамин MDMA, како и една дигитална вага со остатоци од дрога.Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Скопје | пред 5 години

stojanoski

Стојаноски: Власта лицемерно им доставува казни на нивните функционери од по 20 евра, граѓаните за еден собир на бадникарски оган ќе плаќаат казни од по 2.000 евра

Додека власта лицемерно им доставува казни на нивните функционери од по 20 евра, граѓаните за еден собир на бадникарски оган ќе плаќаат казни од по 2.000 евра. Лудилото на оваа криминална власт му нема крај, истакна пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ.Стојаноски додаде:Неуставно пред три дена беа уапсени граѓани во селото Орман кои присуствувале на традиционален бадникарски оган, а наредниот ден Оливер Спасовски удри и по граѓаните на општина Брвеница,Спасовски уапси 15 граѓани и едно свештено лице, заради организирање на собир во црква во Брвеница.Функционерите можат да слават роденден во државна институција без никакво почитување на мерките и протоколите и пет дена да се истражува случајот и на крајот да се казнат со само 20 евра, ама затоа граѓаните веднаш се апсат, носат во полициска станица и плаќаат казна од 2.000 евра.За лудилото уште да биде поголемо, за прославата во министерството за политички систем поголемиот дел од казната ќе ја платат граѓаните. Имено, со по 500 евра ќе биде казнето одговорното лице, а со 2.000 евра ќе биде казнета институцијата.Токму оваа казна од 2.000 евра ќе ја платат граѓаните во име на министерството за политички систем.Едно е јасно, а тоа е дека Владата на Заев ги заплашува обичните граѓани и бесрамно покажува дека едно важи за обичниот човек, а сосема други правила важат за власта.Почитувани,ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните кои изминативе денови противуставно и насилно беа приведени им нуди бесплатна правна помош, но и на сите останати вакви слични случаи во кои власта на Заев противуставно ги крши слободите и правата на обичниот граѓанин.Оваа насилна власт на Заев се повеќе го губи тлото под нозете, и се повеќе и повеќе ќе удира по народот. ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните нема да дозволат оваа власт да продолжи со нејзината тортура, и за многу брзо ќе и биде покажано местото во политичката историја.

Македонија | пред 5 години

stoilkovski-za-global

Стоилковски: Молкот за одговорноста за Глобал е соучесништво во некој иден сличен пожар во кој што може да има и човечки жртви

Цела недела нема ниту збор од надлежните институции за пожарот во Глобал во Струмица.Нема информации за причината за пожарот, но уште пострашно нема ниту збор за одговорност за ужасниот факт дека во овој јавен објект на општината НЕМА соодветна ПП заштита! За тоа никому ништо, ни збор за одговорност!А, за тоа има една единствена причина: објектот Глобал е дело и во заштита на Зоран Заев!Ниту при градбата е водено сметка за стандарди, ниту инспектори смееле да работат, ниту потоа при легализацијата е водено сметка за противпожарната заштита!И никој не смее ниту денеска да писне, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Антикорупциската комисија сама отвори предмет за случајот Глобал за вмешаноста во можни корупциските дејства на Заев во Глобал, ама еве трета година Антикорупциска молчи за овој скандал, ниту соопштува зошто го отвори, ниту какви наводи има сега. Антикорупциска не смее да писне за никого во близина на Заев, а не пак за Заев директно и тоа се покажува!Зоран Заев и до сега имаше најмалку неколку прилики да ја повлече аболицијата за Глобал и правдата да ја побара на суд, ама тоа не го бара. Очигледно добро му доаѓа заштитата за Глобал, а пожарот посочува на многу факти сега.Е па почитувани, систем во кој што илјадници човечки животи се доведени во опасност заради непостоење непочитување на закон, законска соодветна ПП заштита во изграден јавен објект од страна на општината и пуштен во употреба од општината, ваков систем кој што не смее да спроведе ниту истрага кредибилна за тоа какви пропусти има во градбата, затоа што се работи за Зоран Заев, е далеку од демократски систем, далеку дури и од хибриден систем, туку е доказ за владеење на целосна диктатура!Што има врска што оваа градба не е по закон и по стандарди, што има врска што се работи за трговски центар, што има врска што илјадници посетители дневно минуваат таму, што има врска што нема ПП заштита, што има врска ако внатре и утре може пожар да однесе животи. Важно е да не се доведе во врска со Зоран Заев!Ете тоа е вистината за македонската реалност, за македонскиот правен и независен систем!Ова е класичен диктаторски режим - кој што го крие диктаторот, и е во негова служба, дури и кога неговата лукративност и криминал директно загрозуваат човечки животи.Или институциите ќе застанат јавно со посочување на одговорност кај оние што го граделе и толку години не воделе сметка, доведувајќи бројни животи во опасност, или ќе станат соучесници во некој иден пожар со смртни последици, бидејќи молкот е таа единствена порака! Кој градел вон стандарди, што е со одговорноста на урбанистичкиот и градежен инспектор, кој е одговорен за контрола на ПП систем со години во Глобал? Со ваква премолчана аболиција за загрозување на сигурност и предизвикување на општа опасност, не е ниту чудо што криминалци и убијци се пуштаат на слобода! После ваков молк, ЈО и судот во целост покажуваат дека се клекнати пред диктаторот. После ваков молк за Глобал, нивната порака гласи - ничиј човечки живот не вреди колку власта и неказнивоста на диктаторот! Молкот на институциите сега е за Глобал е соучесништво во некој иден сличен пожар во кој што за жал може да има и човечки жртви.

Македонија | пред 5 години

policija-1

МВР во стан во Куманово затекнала 10 лица, следува кривична пријава

На 08.01.2021 година во 01.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека во зграда лоцирана во центарот на градот имало поголема група граѓани кои ги вознемирувале станарите. Од страна на полициските службеници е влезено во станот во кој биле затекнати 10 лица и било утврдено дека се работи за кривично дело Непостапување според здравствени прописи за време на пандемија“. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-bolnica

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 463 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 463 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 19 пациенти, во Велес се лекуваат 29 болни, а во Куманово 71 пациент позитивен и суспектен на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 55 во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 46 пациент, во Кочани 18 во Кичево 12, Кавадарци 22, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 818 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

filipce

Промена на Законот за абортус -волјата на жената се става на прво место

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство по повод адаптиран нов простор за Дневната болница и салата за киретажа.„Изминатите месеци интензивно работевме за да се опреми и оспособи една Дневна болница во рамките на Клиниката, со оглед на тоа што сега установата е и ковид центар. Сега имаме едно навистина современо опремен мини центар за изведување на мали интервенции. Тука се изведуваат абортусите, со целосно опремени нови кревети. Дневна болница којашто ќе биде на располагање на сите пациентки на коишто им е потребна оваа интервенција. Центарот е опремен и со два гинеколошки стола, две машини за анестезија, со што значајно се зголемува капацитетот“, потенцираше министерот Филипче.Во изјавата за медиуми, тој истакна дека се разговарало и за промена на системот којшто година дена функционира, после промената на Законот за абортус, кога волјата на жената се стави на прво место.„Навистина е многу симплифициран целиот тој процес, нема повеќе чекање од три дена. Веднаш се спроведуваат постапките согласно новата измена на законот и во последните два месеци за првпат на клиниката после соодветната набавка и медикаментозниот абортус, посебно кај жените во пораните фази на бременоста. Сега на овој современ и навистина европски начин освен стандардниот може да се спроведе и медикаментозниот абортус“, рече Филипче.Во следниот период, Филипче најави почнување на постапка за набавка на современ хируршки апарат - роботска хирургија каква што нема во земјава. Овој апарат ќе се користи најмногу од страна на експертите од областа на гинекологијата и специјалистите уролози. Со ова, значајно ќе се зголеми квалитетот на здравствената услуга во еден сегмент во којшто досега го нема во нашата земја.„Во текот на пандемијата, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство секојдневно се справува со затечените состојби во оваа установа. Секако просторно немавме можности во адекватни услови да се изведуваат киретажите и абортусите на клиниката. Успеавме да преадаптираме простор во којшто ќе се изведуваат киретажите и пациентите ќе имаат адекватни услови и третман“, изјави директорката на установата д-р Викторија Јовановска.

Македонија | пред 5 години

01

(ВИДЕО) Опрема во вредност од над 7 милиони денари за потребите на сообраќајната полиција

“Задоволство ми е во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и во мое лично име да изразам благодарност до Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за опремата обезбедена за зајакнување на капацитетите на надлежните сообраќајни единици во МВР, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при преземањето на опремата наменета за потребите на сообраќајната полиција од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.Со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, Републичкиот совет секоја година 30% од средствата ги наменува за модернизација на уредите и опремата на надлежната организациска единица во Министерството за внатрешни работи која врши контрола и регулирање на сообраќајот на патиштата. Согласно таа законска обврска, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата годинава обезбеди 15 моторцикли PIAGGIO Beverly 300 со комплет опрема и тоа по 15 парчиња заштитен шлем –кацига , виндјакни, панталони за моторциклистите, чизми во вкупна вредност од 7. 150 761 денари.Министерот Спасовски ја потенцира добрата соработка меѓу Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Министерството за внатрешни работи.„Безбедноста во сообраќајот е наш важен приоритет и заеднички со превентивните кампањи, но и со спроведување зајакнати репресивни мерки изминативе неколку месеци докажавме дека е можно намалување на бројот на сообраќајни незгоди и подигнување на нивото на сообраќајна култура кај сите учесници во сообраќајот. Во таа насока ќе бидат и нашите заложби и активности периодот што следи“, рече Спасовски.Претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата г-ѓа Гордана Кожуваровска изразувајќи задоволство од досегашната успешна соработка рече дека искуството од минатите две години, покажува дека РСБСП и МВР се пример за позитивна и успешна меѓуинституционална соработка и поддршка, што ќе продолжи и во наредниот период.,,Континуираното унапредување на работата на сообраќајната полиција и подобрувањето на нејзините капацитети е од исклучителна важност за подобрување на безбедноста на патниот сообраќај, рече Кожуваровска.

Македонија | пред 5 години

bacev-1

Единствена Македонија: Роденденската журка на лидерот на ДУИ во државен објект покажа дека Зоран Заев е обичен потрчко на Али Ахмети

Роденденската журка на Али Ахмети во државен објект со непочитување на забраната на МВР за собирање на повеќе од 4 лица и кршење на протоколите за заштита во кризата, покажува дека во заднина шеф во државата е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а Зоран Заев е обичен потрчко без реална моќ да ја врши фунцијата согласно Уставот и законите, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Функционерите на ДУИ на отворена сцена не фермаат забрани на МВР, ниту Устав и закони, а институциите и Заев сето тоа само немо го посматраат. Од друга страна, Македонците се секојдневно изложени на големи казни, политичко-полициски прогон со разноразни кривични пријави, полициски час само за православни празници, т.н. говор на омраза, уставобранителите се фрлени во занданите на Шутка за измислени дела за тероризам и што ли уште не.Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме таквите како Заев неизбрани од македонскиот народ кои Македонците во сопствената држава ги направија граѓани од втор ред. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, затоа онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија.

Македонија | пред 5 години

ljubco

ВМРО НП: Пред 76 години на овој ден беа стрелани повеќе стотици македонски партизани, загрижени сме од молкот на сите оние историчари

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше спроведено и организирано од страна на југословенскиот титоистички систем со помош на македонски извршители, се вели во соопштението од ВМРО НП.Во продолжение на истото од партијата додаваат:ВМРО-Народна партија искажува голема загриженост од молкот на сите оние историчари, колумнисти и фејсбук автори кои во последните месеци секојдневно не известуваа за стрелани поединци од страна на про-фашистичките сили.Со овој молк за овие масовни убиства само потврдуваме дека сеуште сме многу индоктринирано општество во кое предмет на поделба се дури и жртвите.А исто така како народ не знаеме да се оддолжиме на тие македонски партизани кои идејата за самостојна Македонија сакале да ја остварат во 1945 година.Уште еднаш не сакаме да погледнеме дека нашата историја е заробена во југословенската матрица дотолку што не разбираме дека со самото тоа што молчиме и не ги расветлуваме тие настани им даваме за право на некои наши соседи истите тие настани да ги присвојуваат.

Македонија | пред 5 години

radar

За три дена 1436 санкции, 237 за брзо возење

На 05, 06 и 07.01.2021 од страна на организационите единици за контрола и регулирање на сообраќајот при МВР на територијата на целата држава санкционирани се вкупно 1436 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи. 237 санкции се изречени за возење со поголема брзина од дозволената, 87 за возење нерегистрирано возило, 192 санкции за управување возило без положен возачки испит,50 за управување на возило под дејство на алкохол, 178 за непрописно престигнување...

Скопје | пред 5 години

brza-pomos-bolnica

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 18 пациенти, а вкупно се лекуваaт 355 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 18 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 355 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за Гастроентерохепатологија, на Клиниката за дерматологија, на Институтот за ТБЦ и на Клиниката за нефрологија. На Клиниката за Неврологија биле примени двајца пациенти, исто толку и на Клиниката за уво нос и грло и на Очната клиника.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 2 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 27 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 27 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациент, наКлиниката за очни болести 4 пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 99 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 94 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти.Вкупно 355 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 98 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

dimitrov

Димитров за МИА: Европската Унија не може да си дозволи луксуз и оваа 2021 година да помине со неуспех во проширувањето

Португалија ќе биде заинтересирана да ги продолжи напорите на Германија, Берлин најавува дека останува посветен на ова прашање, мислам дека Европската Унија не може да си дозволи луксуз и оваа 2021 година, да помине така како што помина 2020, со неуспех по проширувањето, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во празничното интервју за МИА.-Пристапниот процес е алатка за европеизација. Меѓутоа, нас никој не ни ги врзува рацете да работиме на европеизација ако веќе немаме пристап до пристапниот процес. И мислам дека што повеќе сработиме дома, толку посилна ќе ни биде позицијата и во поглед на почнувањето на преговорите со Европската Унија, вели Димитров за МИА.На прашањето дали очекува напредок во разговорите со Бугарија по завршувањето на изборите кај нив што се предвидени да се одржат во март, Димитров вели дека политички чувствителни прашања потешко се решаваат во време на предизборие и кампања.МИА: Вицепремиере, годинава што изминa беше впечатлива во нашите евроатлантски интеграции. Станавме 30. членка на НАТО, добивме одлука за почеток на преговори со ЕУ, но потоа следуваше студен туш од Бугарија, иако очекуваме не ја одржавме првата меѓувладина конференција. Дали ангажманот на силниот претседавач Германија беше доволен?Никола Димитров:  Имавме тешка година, јас сум далеку убеден дека ќе имаме посреќна и далеку подобра 2021 година. Точно, во март имавме голем успех, на некој начин остана подзаскриен бидејќи тогаш беше почетокот на маката со коронавирусот, почетокот на пандемијата, и немавме ни прилика ни можност да се израдуваме, НАТО беше цел 25 години, четврт век, значи зацврстување на безбедноста, предвидливоста, тука сме за да останеме во овие граници и добивме безусловно зелено светло за почеток на преговори. За жал, тоа не се оствари, имавме голема поддршка од Берлин, канцеларката Меркел од среде Брисел најави од Европскиот парламент, дека првиот приоритет во надворешната политика на германското претседателство е почеток на пристапни преговори со Северна Македонија.  

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Времето денеска облачно со врнежи од дожд

Времето  денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат и над 20 л/м². На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег.Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.Утринската температура ќе се движи од 1 до 8 степени, а дневната од 3 до 15 степени.Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 10 степени.

Македонија | пред 5 години

policija-2

80 санкции за брзо возење денеска во Скопје

Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска (07.01.2021) на територијата на Скопје спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената.Санкционирани се 80 возачи, од кои осум возеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Санкционрани се и 21 други прекршоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во областа на сообраќајот со цел зголемување на безбедноста на улиците и патиштата.

Скопје | пред 5 години

dragoslav

Почина Проф.Д-р Драгослав Младеновиќ

Колективот на ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ информира дека починал нивниот колега, професор д-р Драгослав Младеновиќ.-Денеска околу 17 часот не напушти нашиот драг и почитуван колега професор д-р Драгослав Младеновиќ. Целиот свој работен век тој го помина во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје. Беше редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, автор на бројни трудови од областа на дигестивната хирургија и учесник на бројни конгреси и симпозиуми во земјата и странство, соопштуваат од болницата. 

Македонија | пред 5 години

korona6

Денеска починати 10 лица и регистрирани 166 нови случаи на Ковид 19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1049 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-88, Куманово-2, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-13, Струга-11, Велес-1, Охрид-13, Кавадарци-4, Гостивар-7, Крива Паланка-2, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-2, Виница-1, Кичево-2, Неготино-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 416 оздравени пациенти од: Скопје-175, Куманово-22, Дебар-7, Штип-12, Прилеп-15, Тетово-14, Струга-24, Велес-9, Битола-23, Охрид-26, Кавадарци-22, Гостивар-13, Гевгелија-4, Струмица-9, Крива Паланка-8, Радовиш-2, Крушево -2, Кочани-6, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Валандово-3, Свети Николе-2, Кичево-1, Ресен-1 и Неготино-6.Починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (86 и 66г), еден од Куманово (72г), двајца од Штип (59 и 55г), тројца пациенти од Прилеп (79, 74 и 78г), еден од Охрид (82г) и еден пациент од Радовиш (65г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85494, бројката на оздравени пациенти е 66209, на починати е 2581, а бројот на активни случаи изнесува 16704. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 37009, активни 10231• Куманово 4838, активни 476• Дебар 661, активни 116• Штип 3350, активни 191• Прилеп 4325, активни 413• Тетово 4833, активни 705• Струга 2080, активни 229• Велес 2828, активни 394• Битола 3096, активни 430• Охрид 2527, активни 432• Кавадарци 2226, активни 484• Гостивар 3436, активни 451• Гевгелија 1202, активни 231 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 207 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2360, активни 440• Крива Паланка 651, активни 102• Радовиш 633, активни 71• Крушево 169, активни 29• Кочани 1637, активни 179• Пробиштип 459, активни 34• Демир Хисар 239, активни 33• Македонски Брод 223, активни 13• Пехчево 159, активни 21• Берово 531, активни 66• Валандово 317, активни 41• Виница 458, активни 59• Делчево 677, активни 201(183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 195, активни 10• Свети Николе 1047, активни 68• Кичево 1599, активни 183• Ресен 664, активни 122• Неготино 1065, активни 249 (170 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1049 теста се преку: ИЈЗ-174, ЦЈЗ Скопје-53, Авицена-185, Биотек-125, МАНУ -115, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода -162, лабораторија Лаор –63, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -75, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 411.040 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања