Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

dui1

Функционерите од ДУИ по фотографијата без маски треба да платат казна од по 20 евра, ако платат навреме по 10!

Платни налози по 20 евра за неносење заштитна маска им се изречени на сите 15 функционери од Демократската унија за интеграција кои се фотографираа собрани во новата зграда на Министерството за политички систем, потврди Министерството за внатрешни работи за „МИА“.Во понеделникот го славеа роденденот на Али Ахмети во министерството, а денеска веќе треба да платат казна за фотографијата без маски.Од МВР велат дека платните налози се врачени и како и за сите граѓани, така и за овие функционери важи правилото дека ако ја платат казната од 20 евра за неносење маска во рок од една недела, таа ќе им се намали на 10 евра.Извор: МИА

Македонија | пред 5 години

mirjana-najcevska

Се бара оставка од Груби: Рушењето на системот е поради неодговорни политичари

Рушењето на правниот систем го овозможува неодговорноста на политичарите.Артан Груби мора да поднесе оставка, напиша на својот ФБ профил професорката Мирјана Најчевска.Најчевска во продолжение на својата објава додава:Граѓаните одговараат прекршочно, политичарите сносат политичка одговорност соодветна на функцијата која ја извршуваат.Колку повисока функција толку поголема одговорност.Артан Груби мора да поднесе оставка.И впрочем Картагена мора да биде разрушена.

Македонија | пред 5 години

policija-1

Полицијата упаднала во црква во Тетово, верниците идентификувани, свештеникот во станица

Денеска(6 јануари) околу 16 часот, во СВР Тетово пријавено е дека во дворот на црквата „Свети Атанасиј“ во тетовска Брвеница се организира собир на кој присуствуваат поголема група граѓани и дека на собирот не се почитуваат мерките за спречување на ширењето на ковид-19, објави Курир.мк. На посоченото место веднаш се испратени служби на СВР Тетово, кои ги презеле сите потребни мерки и веќе се идентификувани петнаесетина лица, кои присуствувале на собирот, а во Полициската станица Тетово повикано е и одговорното свештено лице на црквата.СВР Тетово продолжува со идентификување на сите инволвирани и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.извор:  Курир.мк. 

Македонија | пред 5 години

puska

Малолетник со воздушна пушка погодил врсник

Малолетник со пушка повредил врсник во селото Врапчиште. Како што информира полицијата, завчера во болница било донесено повреденото момче, кое било застрелано со воздушна пушка.„Според пријавата, на 05.01.2021 околу 15.30 часот во помошен објект во атар на с.Врапчиште, 16 годишен малолетник од с.Врапчиште ракувајќи со воздушна пушка со еден истрел погодил друг малолетник од истото село. По настанот повредениот е префрлен во приватна болница „Систина“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистувaње на случајот“, соопшти полицијата.

Македонија | пред 5 години

erol-2

ФБ објава: Фашистичкиот окупатор планирал за време на православниот обред да ја крене во вис црквата, но еве кој помогнал да се спаси се ....

ФБ објава:Треба да се знае ова...Ова е Мухамед Шефкет Курт или попознат како Тузланскиот муфтија!Зошто???Муфтијата далечната 1942гНа дента пред Божиќ дошол на намаз како и обично, меѓутоа некој од џемаатот по обредот го сочекал и му кажал дека...Соработниците на Фашистичкиот окупатор планира утре за време на праволсавниот обред да ја крене во вис црквата односно храмот каде православните ќе го чествуваат својот ден и потоа заедно со Еврејското малцинство протераат од Тузла засекогаш.Ефенди Шефкет веднаш побарал прием кај тогашниот полковник на Фашистичкиот окупатор есесовецот извесен полковник Вист.На приемот децидно кажал следно-Ако тоа се случи утре, јас фрлам фес и заедно со сите Муслимани одам во шума до конечно ослободување на Тузла.Настанот бил спречен Православните го одбележиле својот ден на достоен начинВо 1963г. Муфтијата починалНа инсистирање на Православниот свештеник прота ЈовановиќОдобрено му е лично протата да го пречека табутот со неговото тело и лично тој да го положи телото во вечното почивалиште на Муфтијата.На настанот за него се молеле заедно Муслимани и Православни со солзи за големата загуба.Меша Селимовиќ, Муфтијата го вреднува како нај храбар човек кого го познавал и го опишува како голем човек со огромно срцеОва не прашувајте како го знам...Затоа што ќе ви кажам дека беше личен пријател на моето семејство и заради тоа се гордеам.Ви благодарам за вниманието мислев дека е вреден за помен токму денес на овој ден тој и неговото делоМожело и вака нели?Поздрав од мене до сите вас

Македонија | пред 5 години

04042020_Dimitrov_Cestitka_1

Димитров: Да одмориме од проблемот со Бугарија до изборите кај нив

Нашиот пат кон Европската Унија е многу тежок, тесен и многу стрмен. Процесот е во криза, проширувањето е во криза и мислам дека неуспехот на Европската Унија да ја спроведе сопствената одлука испрати негативен сигнал за еден регион што е опкружен географски од земји-членки на Европската Унија.Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за МИА, во кое стана збор и за бугарската блокада, европеизацијата дома, интерпелацијата поднесена за него од страна на опозицијата, за капацитетите и подготвеноста за процесот на преговори…Вицепремиерот вели дека оваа битка не е само битка за македонскиот идентитет, туку е битка и за европскиот идентитет.-Ако Европската Унија е заедница на вредности, меѓу кои клучните се богатството на различностите, кулурни и јазични, на народите во Европа, тогаш оваа битка е битка на самата Европска Унија. Јас сум убеден дека ние овие три цели коишто се целосно заедно компатибилни, мора да ги успееме истовремено. Да почнеме пристапни преговори, да го зачуваме и промовираме македонскиот идентитет и македонскиот јазик и да градиме пријателски односи со нашиот сосед Бугарија, вели Димитров.На прашањето дали очекува напредок во разговорите со Бугарија по завршувањето на изборите кај нив што се предвидени да се одржат во март, Димитров вели дека политички чувствителни прашања потешко се решаваат во време на предизборие и кампања.-Дел од бугарските политички сили можеби сакаат ова прашање и да го користат во кампањата. И не мислам дека ќе си помогнеме ако влеземе во таа приказна. Јас мислам дека е време малку да одмориме од овој проблем и практично од Бугарија. Мислам дека е време, енергијата, времето што не ни е бесконечно, тоа ни е ограничено да го инвестираме во средување на сопствениот двор. Тоа не значи дека треба да ги прекинеме разговорите со Бугарија, немаме од што да бегаме, кажавме јасни позиции и сме кристално чисти, меѓутоа мислам дека фокусот треба да биде дома, дециден е Димитров. 

Македонија | пред 5 години

nenad

Од ковид-19 почина д-р Ненад Панов за кого се собираа донации за лекување во приватна клиника

Како последица од Ковид-19 почина д-р. Ненад Панов од Кавадарци за кого се собираа донации за да може да се лекува на приватна клиника.На овој голем христијански ден, кога го славиме раѓањето на Исус, со неизмерна тага и болка ја имам непријатната должност да ви соопштам дека нашиот доктор, нашиот Нено, ја загуби битката со болеста. И покрај сите напори на медицинскиот персонал и Вашата несебична поддршка, нашиот колега веќе физички не е меѓу нас. Но, неговиот ведар дух ќе остане засекогаш меѓу нас. Ќе најдеме начини он да е крај вода, каде и да риболовиме. Ветуваме. Лесна му земја, пишува во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 5 години

korona5

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 504 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 504 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 19 пациенти, во Велес се лекуваат 28 болни, а во Куманово 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 59 во ковид центарот во Гостивар 25, а во Струга 31 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 56 пациент, во Кочани 18 во Кичево 12, Кавадарци 26, во Гевгелија 11 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 883 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски за немирите во Америка: Насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата

Претседателот, Стево Пендаровски, на сoцијалните мрежи даде свој контер за немирите во Америка. Тој  изрази сочувство и солидарност со американските граѓани.„Насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата. Однесувањето на поединци нема да ја сруши довербата во институциите. Сочувство и солидарност со американските граѓани“, напиша Пендаровски.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти, а вкупно се лекуваaт 379 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 379 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало осум приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за Гастроентерохепатологија. На Клиниката за Неврологија биле примени 4 пациенти и по еден пациент е хоспитализиран на Клиниката за Дерматологија и на Клиниката за уво нос и грло.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 3 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 26 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, наКлиниката за очни болести 3 пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 21 пациент.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 102 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 96 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 24 пациенти.Вкупно 379 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

kola-vardar

Автомобил синоќа пловеше во Вардар

Видео на кое се гледа како водите на Вардар носат автомобил, беше објавено на социјалните мрежи.Снимката е направена околу 23 часот во центарот на Скопје, кај Камениот мост.Не е познато каде и како возилото завршило во реката.Автомобилот е со запалени фарови.

Скопје | пред 5 години

bozik-1

Христос се роди! Православните христијани го слават Рождеството Христово-Божик

Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи литургија на Св.Василиј Велики.По повод Божик, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди! во кое се вели:Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи литургија на Св.Василиј Велики.По повод Божик, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди! во кое се вели:Возљубени чеда во Христа Богомладенецот,Ова, нашево време, е време кога особено се испитува нашата вера. Животот на народите, и покрај сите постигнувања, постанува сè потежок и понеизвесен. Живееме во време со многу кризи: на економски, политички, социјален, образовен, здравствен и особено на морален план. Во светот секојдневно има сè повеќе човечки трагедии и страдања; сè повеќе царуваат самољубието, бесчувствителноста, жестокоста, лицемерието, зависта, горделивоста, а љубовта сè повеќе е заменета со омраза и доброто со зло! А тоа е така зашто сè помалку Го имаме Христа во животот, а и на другите не им го правиме она што сакаме другите нам да ни го прават. Затоа и не можеме да ја разбереме целта на човековиот живот и неговата смисла, ниту, пак, можеме да го најдеме патот на спасението – зашто се оддалечивме од Бога, но и едни од други.Отуѓувањето од Бога значи духовна смрт и чекорење во темнина. Ние луѓето како да заборавивме дека без Него, без Бога, не ќе можеме да правиме ништо19. Оваа состојба, која целиот свет ја преживува, со пандемијата, ни докажа колку човекот е немоќен, и покрај сета своја самоувереност и покрај сите свои достигнувања и знаења. Народите повторно се соочени со големо страдање и со зголемена смртност. Но, најстрашната пандемија на денешницата е тоа што луѓето заборавија да Го љубат Бога и да ги љубат ближните. А покајанието и поправањето се најдобриот лек против сите болести на телото и на душата.Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,Еве, и во 21-от век, за жал, продолжува оспорувањето на правото за национално самоопределување, како и непочитувањето на човековите права и слободи. Некои заборавија дека само она што се потпира врз вистината и правдата, дека само тоа што се создава во мир и со љубов, само тоа останува да живее во времето. Сегашноста и иднината не создале и не можат да создаваат минато или, по нечија желба, да го менуваат истото. Само луѓето и народите, поучени од минатото, можат да се менуваат и да се поправаат, за лошото да не се повтори. А историјата ни сведочи дека на сè што се потпира врз сила и невистина, кога-тогаш му доаѓа крајот. Затоа, како македонски народ, пред никого и за ништо да не отстапуваме од своето, од вековното!А јубилеите, што ги одбележавме во текот на ова лето Господово, сведочат за исконското црквољубие на нашиот народ. Прославивме 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир, светилиште што ја потврдува древноста на нашата духовност и на македонското богољубие и монахољубие. Воедно, оваа година се навршија и 6 децении од осветувањето на храмот „Свети великомаченик Георгиј“ во Мелбурн, Австралија; 55 години од осветувањето на храмовите „Свети Климент Охридски“ во Торонто и „Успение на Пресвета Богородица“ во Колумбос, на Северно­американскиот Континент, како и 30 години од осветувањето на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.Добриот однос со Бога и со луѓето постојано треба да се создава и да се негува. Но треба и да се научи, па затоа е многу важно какво образование ќе им понудиме на сегашново и на идните поколенија, и во семејството и во школството. Само доколку во родителскиот дом и во училиштето се негуваат моралните и воспитните вредности, ќе можеме да имаме надеж и како држава и како народ. Не смее да се допушти нарушување на вистинските права и вредности, и да не дозволиме да се обнови веќе видениот систем на богоборно едноумие!Нека годината којашто доаѓа биде време на победа над злото и над непријателствата коишто владеат со светот, да биде време благопријатно за изобилни духовни плодови и време во кое ќе заврши страдањето од подмолната болест; нека биде и време на благодарност до здравствените работници, чија саможртва треба да биде за пример.На сиот наш народ, овде во Татковината и насекаде по светот, им ги честитаме божикните празнувања, поздравувајќи ги со серадосниот поздрав: Христос се роди! Честито и од Бога благословено новото лето Господово!, стои во Божикното послание на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА. 

Македонија | пред 5 години

leb

Ќе ја зголеми ли Ковид кризата цената на храната, ќе јадеме ли поскап леб?

Кризата предизвиканата од КОВИД-19 ја зголеми цената на пченицата која претходно се движеше од 11 до 13 денари за килограм, а сега е меѓу 14 и 15 денари со тенденција и натаму да бележи раст. Но, ова не се случува само кај нас, туку е тренд секаде во светот.Ќе јадеме ли поскап леб? Ќе купуваме ли поскапа храна? Овие прашање се наметнуваат зашто и по 10 изминати месеци ништо не е извесно – до кога ќе трае околу пандемијата и колку „разорно“ ќе влијае врз стопанството, објави МИА.Малничарите велат дека досега поскапувања на лебот и пецивата немаше, но како ќе биде понатаму, дали ќе има евентуално некакви промени, не може да се каже со сигурост.-Со оглед дека генерално целата ситуација со КОВИД-от е неизвесна, не се исклучува ништо, се е можно, па и промена на цените. Многу ќе зависи какви ќе бидат увозните цени, понудите, вели за МИА претседателот на Здружението на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ.Според него, поскапувањето на пченицата трае во континуитет веќе неколку месеци зашто побарувачката поради корона кризата е зголемена.-Земјите во светот почнаа да си ги зголемуваат залихите на пченица, а Русија стави и данок на извоз на пченицата. Сите стравуваат дали ќе имаат доволно храна. Цената засега е стабилна. Ако сега увезуваме од Србија, пченицата чини околу 13,5 денари за килограм, со вкупни трошоци. Пред два месеца беше 12 денари, потоа се зголеми на 14,5 денари кога всушност беше и пикот, а сега е повторно намалена за денар, вели Малишиќ. Извор: МИА

Македонија | пред 5 години

06012021_PVRSM_Zaev_Bozikna-cestitka

Заев по повод Божик: На празникот на новиот живот обединети околу универзалните христијански вредности

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во свое и во име на Владата, упати честитка по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски Г.Г. Стефан, до членовите на Синодот, до свештенството и монаштвото, како и до сите православни верници во нашата земја.Премиерот Заев во честитката ја изразува желбата во срцата на сите верници да се всели безусловна љубов, мир, спокојство, радоста и почит во духот на празникот на радоста и надежта, кој годинава го чествуваме во посебни услови кои на светско ниво ги донесе пандемијата на КОВИД-19.„Токму кога се соочуваме со исклучително сериозни предизвици, симболиката на најубавиот семеен празник е можност да се свртиме кон себе и кон нашите најблиски. Да ја почувствуваме топлината на семејниот дом, радоста на заедништвото и љубовта на ближните. Да ја шириме пораката Христова, која постојано не потсетува дека во милосрдието и солидарноста со другиот се остваруваме како личности. На празникот на новиот живот обединети околу универзалните христијански вредности и сплотени во љубов да го победиме ова зло и да продолжиме по европскиот пат, на создавањето дела и вредности достојни за паметење“, пишува во писмото по повод Божик премиерот Заев.Претседателот на Владата Заев со честитките по повод Божик апелира празничните денови да ги славиме во кругот на домот, да покажеме одговорност кон себе, кон своето семејство и кон државата со почитување на препораките за физичко растојание и за носење на заштитна опрема, за да се заштитиме себеси и здравјето на нашите ближни.„Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божик! Христос се роди! Навистина се роди! Останете дома во добро здравје! Имајте среќни празнични денови меѓу своите сакани!“, порачува во писмото по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.

Македонија | пред 5 години

korona1

Денеска се регистрирани 622 нови случаи на Ковид 19 и починати 12 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2452 тестирања, а регистрирани се 622 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-300, Куманово-29, Дебар-10, Штип-18, Прилеп-23, Тетово-9, Струга-3, Велес-19, Битола-19, Охрид-22, Кавадарци-29, Гостивар-7, Гевгелија-10, Струмица-16, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-18, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Пехчево-2, Берово-19, Валандово-1, Виница-8, Делчево-6, Кратово-2, Свети Николе-4, Кичево-7, Ресен-5 и Неготино-15.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1689 оздравени пациенти од: Скопје-815, Куманово-6, Дебар-9, Штип-17, Прилеп-36, Тетово-121, Струга-25, Велес-58, Битола-48, Охрид-34, Кавадарци-27, Гостивар-60, Гевгелија-36, Струмица-152, Крива Паланка-11, Радовиш-17, Крушево -44, Кочани-25, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-6, Пехчево-3, Берово-8, Валандово-4, Виница-9, Делчево-11, Кратово-3, Свети Николе-13, Кичево-34, Ресен-20 и Неготино-33.Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (77, 64 и 54г), еден од Куманово (64г), еден од Дебар (75г), еден од Тетово (63г), двајца пациенти од Охрид (58 и 69г), еден од Гостивар (65г), еден од Крива Паланка (74г), еден од Радовиш (68г) и еден пациент од Неготино (54г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85328, бројката на оздравени пациенти е 65793, на починати е 2571, а бројот на активни случаи изнесува 16964. Од вчерашната статистика се евидентираат три контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 36923, активни 10322• Куманово 4836, активни 497• Дебар 661, активни 123• Штип 3346, активни 201• Прилеп 4314, активни 420• Тетово 4820, активни 706• Струга 2069, активни 242• Велес 2827, активни 402• Битола 3096, активни 453• Охрид 2514, активни 446• Кавадарци 2222, активни 502• Гостивар 3428, активни 456• Гевгелија 1202, активни 235 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 207 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2360, активни 449• Крива Паланка 649, активни 108• Радовиш 633, активни 74• Крушево 168, активни 30• Кочани 1633, активни 181• Пробиштип 457, активни 36• Демир Хисар 239, активни 34• Македонски Брод 223, активни 14• Пехчево 159, активни 25• Берово 531, активни 66• Валандово 317, активни 44• Виница 457, активни 58• Делчево 677, активни 201(183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 195, активни 10• Свети Николе 1048, активни 71• Кичево 1597, активни 182• Ресен 664, активни 123• Неготино 1063, активни 253 (169 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2452 теста се преку: ИЈЗ-595, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-236, Биотек-194, МАНУ -118, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -171, лабораторија Лаор –60, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-52, Инфективна клиника-13, ГАК-0, Синлаб-33, Ремедика-18, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -757, УК Пулмологија со алергологија –9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 409.991 тестирања на Ковид -19.*При проверка на системот нотирани се до сега неевидентирани постари оздравени случаи, кои се збирно прикажани во денешната статистика.

Македонија | пред 5 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Пронајдено украдено возило, претрес во Грчец, едно лице приведено

На 05.01.2021 по преземени мерки и активности полициски службеници од СВР Скопје го пронашле возилото „ауди 6 кватро“, кое претходниот ден било пријавено дека е одземено на бул. „Партизански одреди“ во Скопје. Во врска со случајот приведен е Н.Ш. (34) од Грчец, а извршен е и претрес во дом на Н.Ш. со цел целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

vmro-besplatna-pomos

ВМРО-ДПМНЕ: Им нудиме бесплатна правна помош на граѓаните кои МВР противуставно ги уапси на бадникарски оган

Спротивно на Уставот, уапсени се жители на селото Орман, кои присуствувале на традиционален бадникарски оган, тврди ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека станува збор за лицемерство од власта, која мижи пред кршењата на законите и протоколите кои ги прават владините функционери и блиските до власта.„Замислете, беа брутално и насилно апсени граѓани од селото Орман на бадникарски оган, а кога функционерите на СДСМ славеа во Штип пред неколку дена, со оркестри, со софри, без дистанци и без маски немаше никаква реакција на институциите. Каде беа институциите да реагираат и на прославата на роденден на функционерите од владејачката ДУИ во државна институција спротивно на сите протоколи и норми на пристојно однесување? Зошто нема никаква санкција за Венко Филипче и за Зоран Заев, кои, исто така, без маски и без дистанца се фотографираа со своите деца на квадрициклите во првиот ден од новата година“, изјави на прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски.Според него, владата на Заев ги заплашува обичните граѓани и, како што вели, бесрамно покажува дека едно важи за обичниот човек, а сосема други правила важат за власта.„Ако Спасовски сака да тренира строгост и владеење на правото, тогаш зошто сѐ уште не откри каде завршија парите од полната торба рекет, зошто нема никаква разрешница на случајот со Ден Дончев за скандалот во кој целата јавност го виде како става снопчиња пари во својата чанта, зошто нема правна разрешница за милионскиот скандал ‘Леонардо’ во кој беше директно вмешан поранешниот владин генерален секретар Драги Рашковски, зошто нема разрешница на криминалните иновации, зошто нема разрешница за прислушувањето во Јавното обвинителство, матните зделки со инсулинот…“, запраша претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.Тој нагласи дека неговата партија на граѓаните кои, како што оцени, вчера противуставно и насилно биле приведени им нуди бесплатна правна помош, како и за сите други вакви слични случаи во кои, според Стојаноски, власта на Заев противуставно ги крши слободите и правата на обичниот граѓанин.

Македонија | пред 5 години

bozik

Честитка на градоначалникот Георгиески за Божик

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитки до православните христијани по повод најголемиот христијански празник, рождество господово –Божиќ.– Упатувам  најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник- Божиќ.  Ова е најрадосниот ден  меѓу христијаните, денот кога секој од нас во кругот на нашите семејства најмногу треба да се радува и да биде со Бога. Нека празникот ви дарува полно срце, чиста мисла  и бистар ум. Бидете среќни, а душата и срцето нека ви бидат исполнети со топлина и милост . Во мир и хармонија со  најблиските да го пречекаме празникот и пораките кои тој ни ги носи, да правиме добри дела, да имаме разбирање и да бидеме љубезни еден кон друг.Градејќи заедница  врз вистинска божја љубов со која сме ги негувале највисоките духовни вредности, продолжуваме  заеднички да реализираме проекти кои се за доброто на сите нас .Со желба за здравје и благосостојба што ќе траат во целата година, ви го честитам овој голем христијански празник.  – стои во честитката на градоначалникот Георгиески. 

Македонија | пред 5 години

dui1

Крмов: Ова се вистинските газди во државава, за нив не важат никакви правила, не важат закони, тие може да прават што сакаат

Ова се вистинските газди во државава. За нив не важат никакви правила, не важат закони, тие може да прават што сакаат. 100 милиони евра до сега потрошени за „спроведување на Рамковниот Договор“. Имаат приватно министерство со 1410 вработени а на работа одат само 44. Скоро 10 милиони евра годишно буџет, напиша на својот Фб профил Борис Крмов.Крмов во објавата додава:Меѓуетничката омраза е нивниот политички капитал. Тие ја шират за потоа „да ја решаваат“. Секоја подадена рака меѓу Македонците и Албанците тие ја сечат. Тие живеат во бели палати додека обичниот Албанец се дави во калта.Ова не е никаква „борба за човекови права“, ова е борба за МОЌ, ПАРИ и ДОМИНАЦИЈА! Една партија со рејтинг од 6%, 20 години ја гази државава на врат. Еднаш ја изградивме државава заедно со нашите сограѓани Албанци и ќе ја изградиме повторно. Ама на наши темели не на нивните.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-bolnica

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 527 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 527 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 19 пациенти, во Велес се лекуваат 27 болни, а во Куманово 81 пациент позитивен и суспектен на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 66 во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 50 пациент, во Кочани 17 во Кичево 13, Кавадарци 28, во Гевгелија 11 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 873 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Обезбедивме финансиски средства за вработување на близу 250 приватни специјализанти

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во утринската емисија на МРТВ најави вработување на приватни специјализанти, за што се обезбедени финансиски средства.- Со приватните специјализанти имавме бројни состаноци, дадовме ветување. Обезбедени се финансиски средства за близу 250 специјализанти да бидат вработени во јавните здравствени установи, за иднината да ја гледаат тука во нашата земја - рече Филипче.

Македонија | пред 5 години

Bozik2021

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик. По повод празникот, претседателот Пендаровски упати писма со честитки до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, г.г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.Почитувани сограѓани,Би сакал да им го честитам Божик на сите христијани кои го прославуваат денот на христовото раѓање.  Ви посакувам, деновите од празникот да ги минете во добро расположение, во мир, спокојство и радост. Божик е празник кој традиционално го славиме со најблиските и кога нашите домови се исполнети со луѓе со добра мисла. Но, годинава Божик го празнуваме  во поинаква атмосфера, предизвикана од пандемијата поради што треба доследно да ги почитуваме пропишаните мерки за заштита.Меѓутоа, тоа не не спречува да си посакаме убави работи.  Да ги оставиме настрана гневот и омразата. Да комуницираме со другите луѓе со јазикот на љубовта, да си простуваме и да си помагаме. Да бидеме солидарни и сплотени. Само така ќе можеме да излеземе како победници не само во борбата со пандемијата, туку, и со сите други проблеми и потешкотии со кои животот не соочува. Во вакви времиња, потребна ни е верба, позитивна енергија и меѓусебно почитување. Божикните празници нека бидат дополнителен мотив да истраеме наспроти сите искушенија. Од светлината и топлината на овој празник да црпиме сила, надеж и добра волја за да создадеме подобра сегашност и посреќна иднина.Христос се роди!Вистина се роди!Нека е за многу години!

Македонија | пред 5 години

dui1

Груби повикува институциите да ги казнат присутните во министертвото кои се на сликата без маски

Првиот вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците, Артан Груби, во изјава за „360 степени“, вели дека заедно со функционерите и раководството на ДУИ преземаат целосна одговорност и ги повикуваат институциите да ги казнат за сликата без маски од новите простории на неговото министерство.-Реакциите на јавноста за сликата без маски се оправдани и сметам дека згрешивме за миг и со објавувањето на истата се испраќа погрешна порака на сметка на потребата за носење лична заштита. Покрај грижата за своето лично и семејно, заедно со јавното здравје, ние сме посветени како избрани претставници да бидеме пример и да предводиме со дела во сè што правиме. Жалам што во оваа инстанца не бевме на висината на оваа наша посветеност. Затоа преземаме целосна одговорност, спремни сме да ги сносиме последиците и да ги почитуваме одлуките. Ги повикуваме надлежните институции да изречат мерки кои ќе ги испочитуваме како секој граѓанин, вели Груби за „360 степени“. 

Македонија | пред 5 години

panovski

д-р Пановски: Одиме на подобро, само уште малку трпение

Одиме на подобро, само уште малку трпение да не ја расипеме работата на крај, порача годинашниот кум на Бадник, доктор Никола Пановски.По осветувањето на погачата во Соборниот храм во Скопје, Пановски посака следната година овој голем христијански празник да се одбележи како што доликува.– Одиме на подобро. Секој ден ќе биде полесен од претходниот. Само уште малку трпение да не ја расипеме работава на крај. Имаме поубава година и до година да се собереме како што приличи на секој Бадник, изјави Пановски.На денешното одбележување на Бадник во Соборниот храм присуствуваше и годинашниот здравичар Миодраг Врчаковски.Поради пандемијата, со почитување на сите заштитни мерки и протоколи, годинава Бадник се одбележа со ограничен број на посетители.Бадниковите гранчиња беа делени на главниот влез на црквата и на влезот од страната на камбанаријата, а изостанаа и традиционалните детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик.Од Здружението, кое секоја година ги организира детските бадникови поворки, информираа дека точно напладне озвучено возило во придружба на полициски возила ќе ја помине традиционалната патека на движењето на бадниковите поворки односно од црквата свети Димитрија до Соборниот храм.  

Македонија | пред 5 години

dui1

МВР го истражува славењето на ДУИ, а заменик министерот на полицијата седи на истата маса

По реакциите на јавноста, од МВР соопштија дека го испитуваат случајот со функционерите на ДУИ кои без маски седеа во канцеларија во новото Министерство за политички систем и прославуваа со торта роденден на Али Ахмети, лидерот на ДУИ.Оценките се дека настанот покажува злоупотреба на државна сопственост, партизација на институции и кршење на здравствените мерки и протоколи во пандемијата. Првично од ДУИ негираа вакви јавни реакции, но денеска вицепремиерот Груби ги повика институциите да реагираат и дека функционерите на ДУИ се „спремни да ги сносат последиците и да ги почитуваат одлуките“.МВР во истрагата ќе мора да почне и од главната зграда на министерството бидејќи без маска на лице, но и не му се гледа дека му е во рацете е заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши. На фотографијата се гледаат и претседателот на Собранието Талат Џафери (кој беше на Инфективна поради Ковид проблеми), 5-мина министри, директори на јавни претпријатија.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања