Зошто Талат Џафери молчи за средбата со Чеченска делегација во Собранието, дали е ветен изградба на споменик на таткото на Рамазан Кадиров?, прашува Милошоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
antonijo-antonio-milososki-milosovski

„Што ѝ ветил Талат Џафери на делегацијата од Чеченија?“, прашува Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тој додава:

„Чудна посета на Собранието на Македонија се случила на 10.07.2021 година кога Талат Џафери како Претседател бил домаќин на делегација од руската Чеченска Република. На чело на чеченската делегација бил Абдул-Вајед Нијазов, марионета на Кремљ во тамошниот "Исламски културен центар", поранешен пратеник во Думата и основач на здружението "Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин". Иако за секоја средба со странски гости собранискиот Спикер ги информира медиумите, овој пат Талат Џафери одлучил да биде дискретен и да не сподели што разговарал и дали нешто му ветил на контроверзниот гостин⁉️

— реклама —

Гостите од Чеченската Република го посетиле и Тетово каде објавиле дека со општината се договориле за изградба на парк и споменик на Ахмат Кадиров, првиот претседател на Ч.Р. и носител на орден "Херој на Русија". Инаку Ахмат Кадиров е татко на сегашниот деспотски шеф на Чеченската Република, Рамазан Кадиров, кој со неговите војници ревносно му помага на претседателот на Русија во инвазијата врз Украина, често извршувајќи ги најбруталните операции.

Во чест на милениците на Путин од Чеченската Република бил организиран и свечен ручек во елитниот хотел "Буши" во Скопје, но нема информација дали сметката е платена од буџетот на Собранието или платил некој друг. На собраниската веб страна нема информации за овој настан, но за среќа во Агенциите за безбедност има детални извештаи“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања