Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

bacev

Бачев со Божиќна честитка: Света должност е да ги одбраниме библискиот македонски народ и светата македонска земја кои се окупирани од сатаната

-„Во името на Единствена Македонија и во свое лично име упатувам честитки до членовите на Синодот на Македонската православна Црква, на преподобното свештенство и монаштво и на сите православни верници по повод големиот христијански празник, Раѓањето Христово - Божиќ со желба за добро здравје, лична среќа, мир и спокој, се вели во честитката од претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.Бечев во честитката додава:Преку Христос, божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да ја одбраниме светата македонска земја која е окупирана од сатаната која нема никава почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава.И со таква увереност, да ја возобновиме нашата татковина Република Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата, почитување на традиционалните и духовните вредности, а помирувањето на македонската држава да биде обнова на посветеноста кон нашата зедничка инднина.Водени од оваа верба, силно веруваме дека следниот Божиќ ќе го дочекаме во слободна Македонија и ќе си ја вратиме државата назад.Македонската православна Црква е еден од темелите на државноста и вековен чувар на македонскиот народ и главен столб на македонското опстојување. Македонските свештеници имаат силна национална должност да ја проповедаат нашата света должност да ги одбраниме библискиот македонски народ и светата македонска библиска земја“ - се вели во честитката на претседателот на Единствена Македонија.

Македонија | пред 5 години

Policija-i-inspekcija

Во неготинско затворена кафеана во која се веселеле 25 гости

Синоќа во 20.30 часот, од страна на полициски службеници од Полициското одделение Галате, во село Неготино, општина Врапчиште, е приведен М.Б.(30) од с.Неготино, сопственик на угостителски објект во селото, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.При извршена контрола во објектот, полициски службеници констатирале дека објектот работи, а во него имало околу 25 гости, спротивно на одлуката на Владата за работа на угостителските објекти. По документирање на случајот против него ќе виде поднесен поднесок по.чл.206 од Кривичниот законик. Од страна на Државен пазарен инспекторат Гостивар објектот бил затворен и запечатен со пломба, по што од страна на Б.Б.(37), од с.Неготино, брат на М.Б., пломбата била отстранета, по што и тој е лишен од слобода, соопшти полицијата.

Македонија | пред 5 години

restoran_mokum

Филипче: Доколку состојбата остане стабилна, рестораните наскоро ќе се вратат на работното време до 21 часот

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на утринското гостување во МТВ посочи дека угостителските објекти ќе го вратат работното време до 21 часот доколку епидемиолошката состојба остане стабилна како што е во моментот. На прашањето дали се планираат нови мерки или пак олабавување на мерките после празниците Филипче потенцираше:„Конкретно да кажам дека угостителите ќе се вратат со работното време до 21 часот, меѓутоа тоа ќе биде тоа засега. Се уште ја следиме ситуацијата како ќе се развива и согласно анализите во иднина ќе одлучуваме дали ќе има дополнителни намалувања на рестрикциите“ – истакна Филипче.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Вакцините се безбедни, вакцинацијата единствен начин да го победиме вирусот

Министерот за здравство доц. Д-р Венко Филипче, утрово гостуваше на утринската програма во МТВ каде говореше на сите актуелни теми поврзани со Ковид-19. Министерот Филипче потенцираше дека се охрабрувачки резултатите од истражувањето со здравствените работници, кои покажуваат дека над 60% од здравствените работници би се вакцинирале против Ковид 19.„Исклучително висок процент на здравствени работници се заинтересирани да ја примат вакцината и тоа е добар сигнал за сите граѓани. Здравствените работници беа на првата линија во борбата и знаат колку е опасен вирусот, доколку тие се вакцинираат тоа ќе влее поголема доверба и кај граѓаните“ – истакна Филипче.Министерот истакна дека како и досега, министерството ќе продолжи да информира транспарентно и точно, со цел граѓаните да добијат правилни информации за важноста од вакцинирањето и безбедноста на овој процес.„Вакцинирањето е сериозен и проверен процес. Вакцините се развиени на безбедни и проверени платформи на кои што досега се развиваа и сите други вакцини. Една вакцина која ќе ја помине процедурата на одобрување од европкасата и американската агенција за лекови, како на пример вакцината на Фајзер, е со сигурност безбедна вакцина затоа што проверките, критериумите и условите на овие две агенции се многу строги“ – истакна Филипче. Тој додаде дека сите вакцини кои ќе пристигнат кај нас ќе бидат целосно безбедни, а граѓаните може да имаат целосна доверба во процесот на вакцинација. Тој порача дека граѓаните мора да се свесни дека само преку вакцинација може да се искорени и победи болеста и тоа е единственото сигурно оружје против Ковид 19 вирусот.Министерот Филипче се осврна и на епидемиолошката состојба која значително се подобрува во последните четири недели. Тој истакна дека за ова има голем удел однесување на граѓаните кои значитлено повеќе од порано ги почитуваат мерките за заштита.

Македонија | пред 5 години

pozar

Помош за семејството во Скопје чија куќа изгоре на првиот ден од новата година

Комуналните служби на Општина Карпош целосно ја исчистија опожарената куќа во населбата Карпош 2, на улицата „Руѓер Бошковиќ“. Службите ги подигнаа изгорените делови и мебел од домаќинството, кои настрадаа на првиот ден од 2021 година.Исто така, прeку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, Општина Карпош стапи во контакт со претставници од засегнатото семејство и притоа ги информираше за потребните документи кои треба да ги приложат, за да добијат финансиска поддршка.„Во рамки на можностите и врз основа на доставената документација, локалната самоуправа ќе обезбеди финансиски средства за надоместување на штетата.Општина Карпош продолжува да помага на граѓаните и семејства кои се погодени од природни или друг тип на непогоди“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 5 години

brza-pomos-bolnica

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 52 пациенти, а вкупно се лекуваaт 345 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 345 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 32 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализиран на Клиниката за Очни болести и на Клиниката за Гастроентерохепатологија. На Клиниката за Неврологија биле примени 6 пациенти . Петмина болни се примени на ТБЦ, четворица на Клиниката за Дерматологија и 8 на Нефрологија. Петмина болни биле хоспитализирани на ОРЛ.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 8 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 26 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекува 21 пациент, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 26 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести 5 пациенти, а на ОРЛ 15 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 19 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 102 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 94 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 17 пациенти.Вкупно 345 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Божиќна честитка од Мицкоски: Надежта кон подобро утре е симболот на Божиќ и никако не смееме да заборавиме на трајните христијански вредности

Честитка од претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан. Во честитката се вели:Ваше Блаженство,Дозволете во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни верници во Република Македонија да им го честитам големиот христијански празник, Рожденство Христово- Божиќ.Посакувам овој светол празник секој граѓанин на нашата татковина да го дочека во здравје, мир и благосостојба. Нека светоста на денот ги огрее домовите на верниците во овие мрачни времиња кога сме исправени пред предизвиците поврзани со здравствената и економската криза во која се наоѓаме. Мирот во душите и безграничната љубов кон своите ближни, соседи, пријатели и сонародници нека биде ѕвездата водилка која ќе ни помогне да излеземе посилни и посплотени, затоа што само така ќе можеме да чекориме по патот на заедничкиот успех.Надежта кон подобро утре е симболот на Божиќ и никако не смееме да заборавиме на трајните христијански вредности кои го водат човека, но и целата цивилизација кон подобар живот. Почитта, волјата и хуманоста нека бидат наш сопатник низ овие трнливи патеки кои ги чекориме. Така ќе ја изградиме иднината која ја сакаме за нас и за нашите поколенија, иднина во која зад себе ќе ја оставиме сиромаштијата, несигурноста и поразите со кои денес живееме.Со вербата во Бога и вербата во мудроста и истрајноста на народот да чекориме кон подобро утре, оставајќи ја мрачната сегашност.Христос се роди, навистина се роди.Честит Божиќ, нека е вечен празникот, нека е вечна Македонија.

Македонија | пред 5 години

badnik-ognovi

ВМРО ДПМНЕ: Додека министрите од власта без маски сечат торти, Спасовски покажа сила кон народот и растури Бадников оган

Спасовски и Заев повторно удрија по граѓаните. Додека функционерите од ДУИ сечат торти и прават забава во новиот објект на министерството за политички систем на Артан Груби, без маска и без почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, и за тоа институциите молчат и не покренуваат никакви постапки, МВР во текот на вчерашниот ден апсеше граѓаните за палење на Бадникови огнови, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото се додава:Во текот на вчерашниот ден во село Орман, беа уапсени 10тина лица заради палење на бадников оган, од страна полицијата.Оливер Спасовски по којзнае кој пат покажа сила врз граѓаните.Институциите во оваа држава за едни се мајка, а за други маќеа.Функционерите од власта секојдневно ги кршат мерките за заштита од КОВИД-19, а за тоа не видовме ниту една изречена казна или па некакво приведување, ама за тоа граѓаните и за минимално непочитување се апсат и казнуваат.Пред само неколку месеци, кафеани и дискотеки во сопственост на луѓе блиски на власта, работеа непочитувајќи ги забраните и протоколите за справување со пандемијата. До ден денес не видовме ниту еден решен случај, а истите локали повторно си работат, непочитувајќи ги протоколите под заткрилата на оваа криминална власт.Мерките и законите во оваа држава треба да важат за секого подеднакво.

Македонија | пред 5 години

Screenshot_2

ВИДЕО: Со пожарна и полиција се гаснат бадникарски огнови низ Македонија

Во пресрет на големиот христијански празник Бадник, дел од граѓаните палеа огнови низ државата, како што налага традицијата. Ваквиот нивни потег доаѓа и по апелот на МВР да не се палат огнови, но и потенцирањето дека е забрането групирање. На социјалните мрежи, сега се објавуваат видеа како полицијата во синхронизација со Противпожарната бригада, ги гаснат огновите.„Бедотија сте срам и арам да ви бандо криминалска. Ние сме Македонци чеда на Христа“, стои под едно од објавените видеа.Бедотија сте срам и арам да ви бандо криминалска.Ние сме Македонци чеда на Христа.Posted by Filip Dunimagloski on Tuesday, January 5, 2021Видео од славење со бадникарски оган објави и новинарот Јанко Илковски. Тој напиша „Полицијата и пожирникарите по дојава изганаа оган“. Полицијата и пожирникарите по дојава изганаа оганPosted by Janko Ilkovski on Tuesday, January 5, 2021

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Реакции за апсењата на огнот во Орман: Време е да престанете со глумење лудило, ако беше Артан Груби ќе казнувавте?

Низа реакции по пофалбата на МВР дека во скопското село Орман била уапсена група од десетина лица кои палеле бадникарски оган. Граѓаните, меѓу кои и новинарите реагираат за селективното постапување на полицијата, која вчера не ги казни функционерите на ДУИ кои славеа роденден на Али Ахмети во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.„Јас мислам редно време е да се престане со глумење лудило. 15 функционери ви се собраа со торта у сред министерство и правеа приватна прослава, со слики, со се - не реагиравте. Па овие барем на отворено биле, пример за овие пријателите ваши. Очекувам и Ахмети, Груби, Османи, Џафери, вака да ги апсите. Нели, законот е еднаков за сите. Ај да видиме“, стои во една објава на „Фејсбук“.Критики и комични статуси има и од Божидар Божиновски, кој ја искоментира акцијата на МВР.„Викни го Артан Груби на оган и ич не се секирај за казна“, напиша Божиновски, а потоа додаде: ‘Приведени 10 души во село Орман за непочитување на мерките за справување со Ковид – 19’ Сигурно се овие од роденденот на Али. Уште 5 се во бегство ама кај ќе одат, кој му избегал на Оливер! Свака част“.Инаку, МВР уште истражува дали фунционерите на ДУИ кои славеа со торта, без маски во затворени простории, ги прекршиле протоколите за заштита од коронавирусот.

Македонија | пред 5 години

bogojeski-3

Полицијата затекнала коледарски оган во село Орман, уапсени се десетмина жители

Полициска патрола вечерва околу 21:15 часот затекнала десетина лица покрај оган во скопското село Орман. Како што информира МВР, лицата се приведуваат во полициска станица и против нив ќе следат соодветни пријави, објави А1ОН. -Согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест COVID 19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, случаите и временскиот период на нивна примена (Службен весник на РСМ, број: 298 од 16.12.2020 година) се забранува организација и одржување на прослави на јавни места и површини по повод престојните празници, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година, потсетуваат од Министерството за внатрешни работи.

Скопје | пред 5 години

bankari

(ВИДЕО) Некој доцни - банкари од „Охридска банка“ танцуваа пред 19 години

Вработени во Уни Банка го прифатија предизвикот и заиграа во ритамот на светски популарниот хит Jerusalema. Дваесет и тројца банкари и банкарки од експозитурата на плоштадот „Македонија“ во Скопје на 20 декември заиграа синхронизирано.– Дали го погледнавте нашето ново видео? – Дваесет и тројца колеги танцуваат на познатиот светски предизвик JerusalemaChallenge пред експозитурата на плоштад „Македонија“. Минатата година ќе остане запаметена по различни работи за секој од нас. Година која нè натера да сфатиме што е навистина важно, стои во пост на Банката на Фејсбук.Но, не се само тие очигледно предизвикот со танцување го започнаа активистки од Форумот на жени ОО СДСМ Прилеп. Тие со смислена корегорафија танцуваа во штабот на СДСМ, а оттаму се упатија и до Општата болница во Прилеп, каде медицинскиот персонал ги дочека со ракоплескање, а потоа сите заедно излегоа надвор и продолжија со танцување. https://twitter.com/Kuglica6/status/1344347963196403721?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1344347963196403721%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnetpress.com.mk%2Fskandal-sdsm-zloupotrebi-kovid-bolnica-za-spot-doktorite-vo-stro-gi-dochekaa-partiskite-funkcioneri%2FСамо да потсетиме, доколку некој мисли дека измислил„Топла вода“, не е така. Да ве потсетиме дека Охридска банка уште во 2001 год сними реламен спот токму на овој начин. Имено песната за банката ја пеат познатиот Ѓоко Танески и Кате од Нели ти реков.Пошто сега сме во многу побрз ритам ONE MEDIA го создаде модерното видео од Охридска банка.Како би изгледало видеото од Охридска банка со денешен ритам може да погледнете на овој линк.

Магазин | пред 5 години

2

СДСМ започнува постапка за првите непосредни внатрепартиски избори

На денешната 18. седница на Централниот одбор на СДСМ, која што се одржа онлајн заради мерките за заштита на здравјето, се донесоа повеќе одлуки со кои партијата дополнително се демократизира и подобрува за уште подобро да им служи на граѓаните, соопшти партијата.Оваа година, претседател на партијата ќе се избира на непосредни избори, со можност за одлучување, гласање на секој член.Во оваа насока започнува постапка за ажурирање на базата на податоци и регистрација на членовите на СДСМ.Целиот процес ќе се води од најмалите организациони единици на СДСМ, од Месните организации, па се до најголемите единици и највисоките партиски органи, преку транспарентна постапка.На оваа седница, Централниот одбор на СДСМ донесе Кодекс за однесување на членовите и функционерите на СДСМ. Врз основа на компаративни и внатрепартиски анализи, со помош на американскиот меѓународен институти ИРИ, усвоен е Кодекс со кој се воведуваат највисоките начела и стандарди за однесување на членовите на СДСМ, особено за носителите на јавни функции.„Како одговорна партија даваме конкретен придонес, преку одговорен мерит систем, за почитување на нормите и владеењето на правото, како и стандардите за етичко, одговорно, отчетно, професионално и транспратентно однесување и работење.Во обраќањето пред членовите на Централниот одбор претседателот на СДСМ, Зоран Заев, посочи дека СДСМ, како владејачка партија, годината ја започнува со нова енергија, подготвен за сите предизвици со кои е соочена државата“, се додава во соопштението.„Во новата година влегуваме со нова енергија, подготвени за сите предизвици. Конечно да ставиме крај на пандемијата со коронавирусот. Вакцинирањето е операција од врвен приоритет и јавен интерес, обезбедени се потребни количини на вакцини за граѓаните, а институциите се подготвени да го реализираат во целост. Покажавме дека можеме да одговориме на најсилните предизвици кои ги донесе минатата година, да го заштитиме јавното здравје, економијата, да ги спасиме работните места, да им помогнеме на граѓаните. Оваа година ќе биде година и на целосен рестарт на економијата, нови економски потенцијали, мерки и политики за враќање на стапките на раст и развој како и зголемување на продуктивноста. Преку стратешката Акција 21 европските стандарди ги носиме дома а спремни сме и за реализација на пописот согласно сите европски критериуми“, рече Заев.Претседателот на партијата додаде дека СДСМ е фаворит на сите анкети и во водство пред политичкиот противник, што потврдува дека граѓаните ги препознаваат државничките политики на СДСМ.„Во оваа насока, дополнителната демократизација на партијата, со тоа што овозможуваме секој наш член да гласа на овогодинешните внатрепартиски избори е нов квалитет, нова вредност за СДСМ. За прв пат во нашата држава ќе се случува внатрепартиски непосредни избори за избор на претседател и тоа ќе го направи СДСМ, како што личи. Секој наш член ќе може да избира. Додаваме нова демократска вредност во партијата, во политичкиот живот и се надевам овој пионерски чекор ќе охрабри и други партии да не следат“, рече Заев.На оваа онлајн седница Централниот одбор донесе одлука и за формирање на Форум на пензионери на СДСМ, а усвои и Правилник за организација и начин на функционирање на овој Форум.На овој начин СДСМ ги мотивира највозрасните членови да ги искористистат нивните капацитети и искуство во градење на мерки и политики за унапредување на животот на пензионерите и на сите граѓани.

Македонија | пред 5 години

laze-2

СДСМ донесе Кодекс за однесување на членови и функционери на СДСМ

Вечерва се одржа 18-та седница на Централниот одбор на СДСМ на која беше донесен правилник за начинот и постапката за ажурирање на базата на податоци на членови на СДСМ и активна регистрација, напиша на својот Фб профил пратеникот и претседател на ОО СДСМ, Лазе Таневски.Таневски во објавата додава:На истата седница се донесе и одлука за формирање на Форум на пензионери. Потоа, беше донесена одлука за донесување на Кодекс за однесување на членови и функционери на СДСМ.Продолжуваме со активности кои придонесуваат за подобрување на ефикасноста и функционирањето на СДСМ!

Македонија | пред 5 години

vaccino-antinfluenzale-il-piemonte-punta-ad-aumentare-la-cop-12018.660x368

Владата даде согласност за набавка на вакцини за наредните три години

Владата на редовната седница ја разгледа и усвои Информацијата за давање согласност за преземање обврски на Министерството за здравство за набавка на вакцини за континуирана имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации за потребите на населението за тригодишен период и тоа од јануари 2021 – декември 2023 година.Притоа Владата даде согласност за преземање обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот и беше утврдена динамиката за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредните 2021, 2022 и 2023 година на Министерството за здравство со задолжение за текот и прогресот на активностите во врска со ова прашање да ја информира Владата на секои девет месеци, сè до конечна реализација на набавката.Владата го усвои и записникот од последниот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Ковид-19. Притоа, министерот за здравство, Венко Филипче, ги информираше и членовите на Владата за она што претходно беше објавено во јавноста, односно дека по интензивни преговори се обезбедени количини на вакцини за цела 2021 година и дека од компанијата „Фајзер“, се очекуваат првите над 5.800 вакцини и дека во тек се преговори и со други компании.Министерот за здравство информираше дека значително е намален притисокот на болниците и дека капацитетите за сместување на ковид-болните лица се полупразни и беше констатирано дека мерките кои беа донесени од Владата во последниот период, а кои се однесуваат на намалување на ширењето на вирусот донеле резултати.

Македонија | пред 5 години

popis-696x522

Владиката Петар: Ако нема графа за верска припадност ќе повикаме на бојкот, на ова Маричиќ му одговори...

Владиката Петар денеска изјави дека епархиите на МПЦ-ОА ќе го повикаат народот да го бојкотира пописот, ако на пописните листи не постои графа за национална и верска припадност.„Ние сме сериозно заинтересирани во најавениот попис да постои графа за етничка и верска припадност за да знаеме колку се православни во Македонија, колку се муслимани како и на другите вероисповеди и религиозни деноминации. Да се постапи така во спротивно ќе биде народот па и ние засегнати не само да не се јавиме на пописот туку и да го повикаме народот во нашите епархии да го бојкотира пописот“, изјави владиката Петар за телевизија Алфа..По изјавата на владиката се огласи министерот за правда, Бојан Маричиќ.На пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност.  Очекувам сега, владиката Петар, за доброто на државата  да ги повика верниците масовно да го поддржат пописот, напиша министерот на Твитер.https://twitter.com/Bojan_Maricikj/status/1346528955562676226?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1346528955562676226%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpress24.mk%2Fmarichikj-do-vladikata-petar-na-popisot-kje-ima-grafa-za-navcionalna-i-verska-pripadnost„На пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност.  Очекувам сега, владиката Петар, за доброто на државата  да ги повика верниците масовно да го поддржат пописот“, напиша Маричиќ на Твитер.

Македонија | пред 5 години

grubi

Груби го достави до Владата планот за нераспределените службеници: 1357 вработени ќе бидат распоредени во 258 институции

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците соопшти дека денеска во согласност со законските обврски до Владата на Република Северна Македонија ги доставила информациите со планот за распределба на административните службеници.Во соопштението се наведува дека првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби го достави планот за распределба на административните службеници две недели пред крајниот рок утврден од Владата.-Согласно член 4 став (1) од Законот за преземање на административни службеници вработени преку K5 програмата во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, вкупно 1.357 административни службеници ќе бидат распределени во вкупно 258 институции на локална самоуправа идруги државни органи основани во согласност со Уставот и законот, се наведува во соопштението.Оваа категорија вработени, како што се наведува, ќе бидат систематизирани во институции кои вршат активности од областа на образованието, науката, здравството, културата, социјалната заштита и заштитата на децата, спортот, како и други дејствија од јавен интерес утврдени со закон и организирани како јавни агенции, фондови, институции и претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општини, од Град Скопје, но исто така и од општини на град Скопје и државни акционерски агенции.Првиот вицепремиер Груби вели дека Планот ги опфаќа вработените во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кои засновале работен однос заклучно со 31 декември 2019година.Согласно планот, вработениот ќе биде распореден во друга институција на работно место на исто ниво односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот за систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува, рекол Груби, се наведува во соопштението од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Македонија | пред 5 години

korona1

Денеска се регистрирани 580 нови случаи на Ковид 19 и починати 9 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2431 тестирања, а регистрирани се 580 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-254, Куманово-32, Дебар-10, Штип-12, Прилеп-30, Тетово-21, Струга-7, Велес-28, Битола-23, Охрид-23, Кавадарци-30, Гостивар-18, Гевгелија-15, Струмица-17, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-6, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-3, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-12, Ресен-5 и Неготино-9.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 572 оздравени пациенти од: Скопје-162, Куманово-30, Дебар-1, Штип-20, Прилеп-59, Тетово-14, Струга-36, Велес-30, Битола-26, Охрид-27, Кавадарци-17, Гостивар-15, Гевгелија-20, Струмица-18, Крива Паланка-15, Радовиш-14, Кочани-11, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-6, Валандово-6, Виница-2, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-5, Ресен-6 и Неготино-23.Починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје (88,71 и 77г), еден од Битола (73г), тројца од Струмица (71, 76 и 66г), еден од Кичево (86г) и еден пациент од Ресен (72г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84709, бројката на оздравени пациенти е 64104, на починати е 2559, а бројот на активни случаи изнесува 18046. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 36623, активни 10840• Куманово 4807, активни 475• Дебар 651, активни 123• Штип 3328, активни 200• Прилеп 4291, активни 433• Тетово 4811, активни 819• Струга 2069, активни 267• Велес 2808, активни 441• Битола 3077, активни 482• Охрид 2492, активни 460• Кавадарци 2193, активни 500• Гостивар 3421, активни 510• Гевгелија 1192, активни 261 (80 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 203 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2344, активни 585• Крива Паланка 642, активни 113• Радовиш 627, активни 86• Крушево 167, активни 73• Кочани 1615, активни 188• Пробиштип 453, активни 34• Демир Хисар 237, активни 34• Македонски Брод 222, активни 19• Пехчево 157, активни 26• Берово 512, активни 55• Валандово 316, активни 47• Виница 449, активни 59• Делчево 671, активни 206 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 193, активни 11• Свети Николе 1044, активни 80• Кичево 1590, активни 209• Ресен 659, активни 138• Неготино 1048, активни 272 (169 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2431 теста се преку: ИЈЗ-478, ЦЈЗ Скопје-47, Авицена-237, Биотек-205, МАНУ -159, Жан Митрев (Филип Втори)-166, Систина со PCR метода -200, лабораторија Лаор –60, Судска медицина-7, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-2, ГАК-20, Синлаб-44, Ремедика-23, лабораторија болница Козле-16, ЈЗУ (рапид тест) -710, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 407.539 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

ski-pateka-ponikva

Со автомобили возеле по ски-патеката број 1 на Пониква и ја оштетиле

Несовесни граѓани со автомобили во текот на ноќта возеле по ски-патеката број 1 на Пониква и ја онеспособиле за скијање.  Вработените во фирмата концесионер „Еуроком“ од Кочани веднаш забележале дека снежниот слој е оштетен и раскопан.– Снегот што падна во текот на изминатите неколку денови ни овозможи одлично да ги подготвиме патеките за скијање, со оглед што за продолжениот празничен викенд очекуваме зголемено присуство на гости. Сепак, нечие несовесно однесување и возење по снежната патека, без разлика дали е намерно или е резултат на нешто друго, често ни создава вакви проблеми. Бараме надлежните да поведат поголема контрола и да го санкционираат таквото дивеење, истакна Благој Манев, управител на фирмата „Еуроком“, објави СИТЕЛ. 

Македонија | пред 5 години

05012021_VRSM_37-ma_sednica

Влада: Резултатите од последниот квартал покажуваат излез од економската криза

На денешната 37-ма владина седница, пред преминувањето на точките од дневниот ред, министерот за финансии Фатмир Бесими ги информираше членовите на Владата за нивото на реализацијата на капиталните инвестиции за 2020 година при што беше констатирано дека голем број од институциите, над 95 проценти ги реализирале инвестициите за што беше изразено задоволство со констатација дека сите економски мерки преземени минатата 2020 година дале резултати.Истовремено, беше информирано и дека 95,4 проценти е реализацијата на сите пакети со економски мерки од Ковид-програмата, кои беа донесени за полесно совладување на кризата кај граѓаните и претпријатијата.Премиерот Заев заедно со министрите констатираше дека резултатите од последниот квартал покажуваат излез од економската криза и тоа дека Владата во однос на создавањето на економските услови за граѓаните е на вистинскиот пат и дека покрај здравствената криза, на светско ниво, во државата е обезбедено сочувување на работните места и создавање услови за обезбедена солидна потрошувачка на граѓаните.Владата денеска го разгледа и усвои и Записникот од последниот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, при што министерот за здравство Венко Филипче ги информираше и членовите на Владата за она што претходно беше објавено во јавноста, односно дека по интензивни преговори се обезбедени количини на вакцини за цела 2021 година и дека од компанијата „Фајзер“, се очекуваат првите над 5.800 вакцини и дека во тек се преговори и со други компании. Министерот за здравство информираше дека значително е намален притисокот на болниците и дека капацитетите за сместување на ковид болните лица се полупразни и беше констатирано дека мерките кои беа донесени од Владата во последниот период, а кои се однесуваат на намалување на ширењето на вирусот КОВИД донеле резултати.

Македонија | пред 5 години

osmani

Повеќе нема да има македонски амбасадори со двојно државјанство

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес ја запозна пошироката јавност со новиот Нацрт текст на Законот за надворешни работи, кој е конципиран на начин да одговори на сите предизвици на надворешно - политичките приоритети на земјата, имајќи ја предвид новата позиција и реалност што Северна Македонија ја има во меѓународните односи како членка на НАТО и земја со одлука за почеток на преговори со Европската унија.„Потребата од професионализација, односно департизација на дипломатската служба е висок приоритет на нашето општество, но и на моите лични заложби. Интенцијата која сакам да ја постигнам е деполитизација на службата преку зајакната примена на начелата на заслуги, еднакви можности, соодветна и правична застапеност како и професионализација на високите раководни позиции во министерството”, истакна Османи.Министерот Османи нагласи дека најмалку 75 отсто од амбасадорите во иднина ќе бидат дипломати од кариера што претставува драстична промена од постојното законско решение и обид за драстично подобрување на соодносот меѓу политички дипломати и дипломати од кариера.Шефот на дипломатијата посочи дека една од новините на овој закон е воведувањето на нова категорија на економски советници, воведувањето на механизам на внатрешна контрола во Министерството и ефикасен систем за оценување на работата на дипломатите.„Ова е фазата кога Нацрт текстот излегува од просториите на министерството и првично го споделувам со пошироката јавност. Посакувам што побргу да завршат интерните процедури на усогласување на одредбите во Предлог законот, да ја помине владината процедура, а потоа и собраниската процедура, за да законот заживее и почне да ја остварува својата функција заради кој што е конципиран. Транспарентноста ќе го следи низ целиот процес на донесување,  а јавните расправи и консултацијата со сите интересни и засегнати групи, тука пред се мислам на дипломатските синдикати и пошироката фела, ќе бидат повеќе од добредојдени“, нагласи Османи.„Новата законска рамка ќе биде темелот што ќе треба да даде една поинаква динамика на оваа професија, но и на угледот на државата“, дополни Османи. 

Македонија | пред 5 години

urosevac

Во експлозија во Урошевац повредени најмалку 30 лица

Најмалку 30 лице е повредено во експлозија во кафуле во Урошевац (Феризај), потврди локалниот обвинител Шукри Јашари.  Меѓу повредените има и две деца. Четири лица се во тешка здравствена состојба.Според медиумите  причина за експлозијата е боца со гас.Директорот на болницата во Урошевац, Јетон Зеќири, рече дека 22 лица повредени во експлозијата се згрижени во таа институција, како и дека осуммина се пренесени во клиничкиот центар во Приштина поради сериозноста на повредите.– Четири лица претрпеа сериозни изгореници и се во животна опасност, рече Зеќири.На местото на експлозијата има голем број припадници на полицијата, пожарникари и екипи на Брза помош.

Слајдер | пред 5 години

brza-pomos-bolnica

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 519 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 519 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациент, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 80 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 69 во ковид центарот во Гостивар 27, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 49 пациент, во Кочани 18 во Кичево 10, Кавадарци 27, во Гевгелија 11 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 889 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

mvr

МВР: Забранети се собирања на отворен и затворен простор за време на претстојните празници

Согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест COVID 19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, случаите и временскиот период на нивна примена (Службен весник на РСМ, број: 298 од 16.12.2020 година) се забранува организација и одржување на прослави на јавни места и површини по повод престојните празници, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година.Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата на Република Северна Македонија, МВР ги информира граѓаните дека сѐ уште е во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и електронската адреса mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk, на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано одбележување на претстојните празници.МВР, ценејќи ја заложбата на граѓаните во насока на спречување на пандемијата и зачувување на јавното здравје, уште еднаш упатува апел до населението да се воздржи од групни собирања и да ги почитува мерките на Владата, а сѐ со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје.

Македонија | пред 5 години

global-3

(ФОТО) Детали за гаснењето на пожарот во Глобал: Температура од стотици степени, нула видливост – првите пожарникари кои влегле внатре имале нагони на повраќање

Пожарникарската единица од Струмица на Фејсбук ги објави деталите за гаснењето на пожарот во Трговскиот центар „Глобал“.Велат дека температурата се мерела со стотици степени, видливоста била еднаква нанула, а двајца пожарникари добиле нагони на повраќање веднаш штом влегле во објектот.-Пожарот во внатрешноста беснее со огромни размери, температурата се мери во стотици степени, видливоста е еднаква на нула, кислород во внатрешноста еднаков на нула. Секое вдишување на чад повеќе од 15 секунди предизвикува несвестица и подоцна смрт. Двајца пожарникари спасители кои во тој момент влегуваат во ГТЦ Глобал почнуваат да чувствуваат слабост и нагон за повраќање. Од страна на екипи на брза помош им се укажува помош при што едниот од нив се препраќа кон болницата во Струмица и прима инфузија , додека другиот по негово барање се враќа на должност. Во првите 30 минути од пожарот целата единица од Струмица веќе дејствува од сите три влезови. Успешно се спречува ширењето на пожарот кон вториот кат од надворешната страна со поставување на скали. Од влезот од ул.Васил Сурчев и ул.Ленинова екипи на пожарникари спасители со специјални изолациони апарати за дишење влегуваат внатре во ГТЦ Глобал и успеваат да го спречат ширењето на пожарот кон јужната страна, кон бул. Маршал Тито. Екипа од пожарникари влегува во ГТЦ Глобал од кај гаражите барајки ги хидрантите и се утврдува дека тие се неупотребливи, поради што сите ПП возила мораат да ротираат кон базата за полнење вода и се губи драгоцено време и енергија, велат од ТППЕ Струмица.Во внатрешноста на ГТЦ Глобал паѓаат секакви метални материјали од кровот и терасите што во голема мера го забавува движењето на екипите кои во тој момент се таму. Во меѓувреме пристигнуваат и екипите од другите градови и активно се вклучуваат во гаснењето на пожарот од сите три локации.Успешно е спречено опожарувањето на преостанатиот дел од приземјето и дуќаните, како и останатите катови. Во 03.50 часот пожарот е конечно локализиран и ликвидиран.Изразуваме огромна благодарност кон сите пожарникари спасители кои учествуваа во гаснењето на пожарот, покажаа голема храброст оставaјки ги своите фамилии без сон таа ноќ. Изразуваме благодарност за подршката од сите медиуми, граѓани и институции и голема жалост за сите кои претрпеа огромни штети.Во гаснењето се приклучија и нивните колеги од Радовиш, Валандово, Кавадарци и Штип.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања