Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

menkinoska

Менкиноска:Градоначалникот Наумоски ветуваше чист воздух во Ѓорче Петров, а сега оваа општина е една од најзагадените по сите параметри

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски во својата програма „Живот во Ѓорче Петров за сите” имаше предвидено низа мерки и ветувања со кои би се обезбедило чиста вода за пиење и чист воздух, но ништо од тие ветувања не стана реалност, истакна Наташа Менкиноска од ВМРО ДПМНЕ.Менкиноска додаде:Наумоски се обврзуваше на постојано и навремено чистење на депониите и каналите, изградба на колекторски систем, пречистителни станици, регионални фабрики за третман на цврстиот комунален отпад и инвестирање во енергетски ефикасни објекти.После неколку години власт од страна на СДСМ сликата во општината е сосема поинаква. Нема реализација на ниту еден проект за заштита на животната средина, дивата депонијата во Ново Село е една од најголемите во државата, каналот за наводнување во село Орман е дисфункционален, а општината не превзема ништо за да го реши тој проблем. Општината Ѓорче Петров е една од општините со најзагаден воздух и по параметрите на мерната станица на Министерството за животна средина и по параметрите на мерната станица „МојВоздух“.Во време на светска пандемија жителите на село Кучково беа оставени цело лето без вода за пиење.Лажни беа сите ветувања на градоначалникот.Со ваквото неодговорно владеење уште еднаш се докажа дека на градоначалникот Наумоски не му е важен животот на граѓаните.

Скопје | пред 5 години

05012021_PVRSM_Zaev_MF_Besimi_pres-konferencija-4

Заев: Во 2020 ја одржавме македонската економија стабилна, жива и динамична, 2021 е година наекономски раст

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими, на заедничка прес-конференција, се осврнаа на постигнатите резултати на економски план и на реализацијата на буџетот за 2020 година, а ги презентираа плановите и проекциите за 2021 година.„И покрај сите предизвици со кои се соочивме, можам да кажам дека во 2020 година успеавме да го испорачаме тоа што им го ветивме на граѓаните. Изминатата 2020 нè научи дефинитивно да бидеме погрижливи, посолидарни и сплотени. Ни покажа дека кога има криза најважно е да сме здружени и да се потпираме едни на други. Затоа и Владата беше фокусирана на поддршка на секој граѓанин на кој му потребна потпора за да ја преброди кризата. И здравствено, и економски“, истакна премиерот Заев.Како што подвлече премиерот Заев, инклузивниот процес за креирање на политики и мерки за поддршка на сите граѓани вроди со резултати.„Годината ја завршивме со вкупни даночни приходи реализирани во износ од 189,8 милијарди денари или 96,7% од проектираните приходи. Директните даноците имаат остварување од 99,5% од планираното. Тука бележиме раст од 2,3% споредено со 2019 година. Да напоменам април, мај се правеа веќе претпоставки за 30, 40, па дури и до 50 % пад на вкупните приходи во државата. Исто така, забележан е позитивен тренд од јануари до декември и кај придонесите, кои на крајот на 2020 година изнесуваат 102%, односно 2% повеќе од планираното“, информираше премиерот Заев.Дополнително, како што беше истакнато, вкупните расходи на буџетот во 2020 година се реализираа во износ од 243,7 милијарди денари или 96,4% во однос на годишно планираниот износ. Стоки и услуги се намалени на 85 % во ребалансот или помалку 5% од 2019 година што е доказ за штедливост во однос на трошењето на јавните пари.Премиерот Заев се осврна и на економските пакет мерки, креирани како одговор на пандемијата предизвикана од КОВИД-19.„Од почетокот на кризата, согласно потребите на граѓаните, креиравме четири пакети-економски мерки за поддршка на најпогодените од кризата, за што обезбедивме над 1,2 милијарди евра. Најважно од сé, на економски план се покажа дека борбата за спас на работните места е најправилната и најчовечната економска стратегија. И тоа даде резултат. И во време на пандемија обезбедивме ликвидност и опстанок на компаниите, задржувајќи ги работниците секаде каде што тоа е можно. Тој резултат обезбеди и одржлива домашна потрошувачка, која е најголем процент од Бруто домашниот производ“, наведе премиерот Заев и додаде дека сето ова е постигнато благодарение на вклученоста и консултациите на стопанските комори, синдикатите, академската фела и граѓанскиот сектор.„Само со четвртиот пакет мерки се исплатени плати за над 60.000 работници месечно. Тоа се околу 18 милиони евра месечно, за околу 14.000 фирми и компании. Овие средства се враќаат повторно во стопанството. Со мерките беше обезбедена финансиска поддршка за околу 500.000 наши граѓани кои беа најпогодени со кризата преку директно префрлање средства на нивните сметки. Овие податоци покажуваат дека македонската економија е стабилна, жива и динамична. Не дозволивме потрошувачката да запре. Тоа е можно само ако добро се планира и само ако брзо и паметно се реагира во услови на криза. Ефектите се видливи“, нагласи претседателот на Владата.Зборувајќи за плановите и зацртаните цели за 2021 година, премиерот подвлече дека годината што започна е година на економско заздравување.„За 2021 проектиравме и огромна развојна компонента. Најголем дел од проектираните средства или 83% се расходи наменети за капитални проекти, конкретни проекти коишто живот значат за граѓаните. Тоа значи дека ќе продолжиме да инвестираме во патната и железничката инфраструктура, енергетиката, гасификацијата, градинките, болниците, училиштата и животната средина, комуналната инфраструктура како и во изградба на социјални станови“, наведе премиерот Заев и истакна дека како полноправна земја-членка на НАТО, со заштитен македонски идентитет и македонски јазик, продолжуваме по европскиот пат со развојни програми и проекти преку нашата „Акција 21- за европски стандарди дома“!Министерот за финансии Фатмир Бесими, се осврна на економските резултати во 2020 година.„Позитивниот импакт од реализацијата на мерките се покажа и преку севкупниот економски резултат, така што падот на БДП по високиот пад во вториот квартал кој изнесуваше -14,9% , во третиот квартал значително забави и изнесува - 3,3%“, истакна министерот Бесим осврнувајќи се на позитивниот резултат од владините антикризни мерки.Министерот Бесими истакна дека овој пристап кон решавање на кризата дава резултати при што првичниот удар во првата половина на годината, во четвртиот квартал се отчитува тренд на подобрување.„Кредитната поддршка продолжи и во ноември е забележан кредитен раст од 5,4% на годишна основа, како одраз на растот на кредитите и кон претпријатијата и кон домаќинствата. Продолжува и растот на платите во четвртиот квартал, со 8% годишен раст во октомври“, истакна министерот Бесими.Тој наведе дека капиталните расходи во 2020 година имаат 80% од планираната реализација на капитални инвестиции што е подобра во однос на 2019 година кога беа реализирани 77,6% од планираните капитални расходи за таа година.Воедно, министерот нагласи дека доброто водење на економските политики го препознаа реномираните агенциите за кредитен рејтинг и меѓународните финансиски институции.Пред прес-конференцијата премиерот Зоран Заев оствари средба со министерот Фатмир Бесими, заменикот-министер за финансии Димитар Ковачевски и тим од Министерството за финансии на која беа разгледани аспекти од тековното функционирање на овој сектор.

пред 5 години

05012021_IS_pres-konferencija-4

Филиповска-Грашкоска: За 20 отсто намален бројот на издадени решенија за изолација, за 60 отсто намален бројот на затворени угостителски објекти

Во периодот од 28 декември 2020 година до 3 јануари 2021 година, од страна на седумте инспекциските служби се спроведени вкупно 5.718 надзори и контроли, по основ на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони. Податоците од надзорите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, покажуваат дека во овој период споредено со претходните надзори (од 20 до 27 декември) за 20 отсто е намален бројот на издадени решенија за изолација на лица заболени од коронавирус и на лица кои биле во контакт со заболени лица. Исто така, во делот на контролите што ги спроведува Државниот пазарен инспекторат, регистрирано е намалување на бројот на затворени објекти. Споредбено со периодот од 21 до 27 декември (кога беа затворени 13 угостителски објекти), бројот на затворени угостителски објекти е намален за повеќе од 60 отсто.„ Надлежните инспекциски служби и во текот на наредните денови ќе спроведуваат интензивни контроли на терен, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштити здравјето на граѓаните. Дозволете ми да ги презентирам податоците од спроведените контроли од страна на 7 инспекциските служби во периодот од 28 декември до 03 јануари. Во овој период Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, спроведоа вкупно 5.718 надзори и контроли. Државниот здравствен и санитарен инспекторат во периодот од 28 декември до 3 јануари изврши 74 надзори, врз основа на кои изрече 6 решенија. При тоа, овој инспекторат во посочениот период издаде вкупно 4.576 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19. Анализирајќи ги бројките на издадени решенија за самоизолација, се уште продолжува трендот на намалување, односно во однос на периодот од 20 до 27 декември (кога беа издадени 6.576 решенија), во текот на минатата недела се издадени 20 отсто помалку решенија за самоизолација, истакна претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 4.652 контроли и 278 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна , Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност; Закон за градежни материјали; Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето.При спроведените надзори, изречени се 35 прекршочни пријави и 24 решенија за констатираните неправилности, како и 16 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 5 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за по 2 угостителски објекти во Битола и Тетово и за 1 угостителски објект во Струмица, во кои не се почитувало работното време и ограничувањето за 4 лица на една маса. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози. Споредбено со периодот од 21 до 27 декември (кога беа затворени 13 угостителски објекти), бројот на затворени угостителски објекти е намален за повеќе од 60 отсто. За време на новогодишната ноќ, Државниот пазарен инспекторат во соработка со МВР, спроведоа голем број на заеднички контроли во угостителските објекти, но како што и веќе напоменав беа констатирани мал број на прекршувања, односно беа затворени 2 угостителски објекти (Струмица и Битола).Во истиот период, Инспекторат за транспорт изврши 29 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: 1 прекршочна пријава и 1 прекршочен платен налог. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања , односно непочитување на протоколите за превоз на патници.Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена изврши 440 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. При тоа инспекторатот изрече 17 решенија и 1 прекршочен платен налог. Во овој период од страна на трудовите инспектори не се констатирани неправилности согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, истакан Филиповска-Грашкоска.Таа додаде дека агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 11 надзори во аптеки и веледрогерии по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона, при што не се констатирани неправилности.„Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 207 надзори, при што издадени се 5 решенија, 14 едукации и 1 ППН, по основ на нерегистриран оператор, непостапување по наредени мерки, неизвршени здравствени прегледи и неправилно складирање, чување и означување на производи .Државниот инспекторат за животна средина, во текот на минатата недела изврши вкупно 27 надзори. При тоа, за констатираните неправилности од областа на животната средина инспекторите донесоа 2 решенија со задолжувања за подобрување на работата на правните субјекти.Инспекциските служби ќе продолжат да работат со полн капацитет и во следниот период, и неселективно и навремено ќе ги санкционираат сите оние кои преку непочитување на протоколите и мерките го загрозуваат јавното здравје и здравјето на граѓаните“, истакна  Филиповска-Грашкоска.

Македонија | пред 5 години

dui1

Османи: Едно можам да гарантирам, ниту имало прослава, ниту имало непочитување на протоколите

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој ја објави фотографијата од групирањето на ДУИ во новиот објект на Министерството за политички систем вели дека немало непочитување на протоколит.  Османи објасни  дека тоа било само момент заради фотографирање.„Немаше ниту прослава, ниту партизација, ниту непочитување на протоколите. Имаше момент на промовирање на новиот објект на Министерството каде еден од вработените го изненади претседателот Ахмети со честитка за неговиот роденден и тој миг се искористи за да се направи слика. Во тој дел нема апсолутно кршење на протоколите. Тука прифаќам една грешка дека можеби пораката што се дава до граѓаните на слика без маска треба да се минимизира, независно што тоа е без маска во миг поради сликањето, а не одржување на некаква церемонија без маски, но да, не треба да се пуштаат слики без маска. Едно можам да гарантирам, ниту имало прослава, ниту имало непочитување на протоколите. Треба да ги видите и другите слики за да видите дека тоа е миг на изненадување во кој тие што се најдоа во моментот, направија слика. И нема ништо жал ми е што стана причина за вакви чувства и нервози кај граѓаните и не треба да се повтори во тој дел, слики без маски заради порака. Во никој случај немаше кршење на протоколите“, рече министерот Османи. 

Македонија | пред 5 години

naum-3

Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави за милионските хонорари на обвинителите од СЈО

Обвинителите во поранешното СЈО во текот на четири години од 2015 до 2019 година противправно си исплаќале надоместоци и додатоци на плата, со што го оштетиле буџетот за 4.6 милиони евра.4.6 милиони евра народни пари, без било каков основ си исплатиле Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова, и другите обвинители од СЈО. ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе кривични пријави против сите овие лица, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Овие обвинители сега се распоредени на обвинителски места низ ЈО низ Македонија, и тие иако компромитирани извршуваат обвинителска работа. Оттука бараме да се изврши суспензија на овие обвинители зошто со умисла ги извршиле овие дела, и се стекнале со незаконска имотна корист, притоа оштетувајќи буџетот на државата.Обвинителите сториле низа продолжени кривични дела, и тоа: Злоупотреба на службена должност и овластување од чл. 353 од Кривичен законик, несовесно работење во служба чл. 353 од Кривичен законик, проневера во служба чл. од Кривичен законик, измама во служба чл. 355 од Кривичен законик.Имено, согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители во декември 2015 година со него е уредено дека вкупниот износ на висината на додатоците не може да изнесува повеќе од 35 проценти од основната плата на јавниот обвинител, додека за висината и начинот за утврдување на додатоците, потребно е јавниот обвинител да донесе посебен акт.Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, иако донела Правилник за утврдување и исплаќање на додатоци на плата, не се придржувала кон законите и посебните акти, и неосновано исплатила додатоци на плата на вработените во Специјалното јавно обвинителство во висина од 282.896.000 денари, односно околу 4,6 милиони евра за кои што нема законско покритие, по основ на надоместоци за почитување на принципот на тајност.Ова се 4.6 милиони евра со кои што може да се набават 100 амбулантни возила, 50 противпожарни возила, да се изградат 4 училишта, или да се направи и опреми цела една амбуланта. Но наместо за сите овие работи парите завршиле во џебот на неколку обвинители кои подоцна видовме како рекетирале фирми и граѓани, и ја користеле функцијата за свое лично богатење.Овие кривични дела кои што ги сториле обвинителите на СЈО се на директна штета на напатениот македонски народ, и затоа бараме ЈО веднаш да постапи по овие кривични пријави кои што денеска ќе ги поднесеме, и во најкус можен рок да извршат враќање на незаконски стекнатите средства.

Македонија | пред 5 години

MLS-Milevski-05-01-2021-10

Милевски: Создадовме услови за подобар живот во Могила и развој на рурален туризам

Со партерното уредување во насока на збогатување на туристичката понуда во општина Могила и Пелагонискиот регион како и регулирање на коритото на реката Црна односно нејзината притока Шемница, со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа ги завршивме проектните активности во општината во насока на подобрување на условите за живот и за развој на руралниот туризам, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.- Министерството за локална самоуправа и покрај здравствената криза 2020-та година ја искористи да ги продолжи инвестициите кои ги прави преку Бирото за регионален развој. Инвестициите беа реализирани во најразлични области – животна средина, здравство, култура, туризам. Тука во Општина Могила сме сведоци на уредување на кејот со којшто се подобруваат условите за живот на овие жители и добиваат една нова содржина која може да ја користат за пешачење и рекреација, што е многу важно во овие услови на Ковид-19. Се надевам дека општината и оваа 2021-ва година ќе предложи до нас суштински проекти со кои ќе се подобрат условите општината. Апелирам да им помогаме што повеќе на нашите општини бидејќи и тие се соочуваат со економска криза и секоја помош е добредојдена, независно дали од донаторите меѓународни, но се разбира и од средствата од најразличните институции на државно ниво, појасни министерот за локална самоуправа Милевски.Носител на проектот во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година, е Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, а вкупната вредност на проектот изнесува 3.800.000 денари.- Овој проект во континуитет се гради од 2015та година, меѓутоа 2020та година конечно почнува да се уредува и кејот на река Шемница. Средствата се аплицирани преку Пелагонискиот плански регион а добиени преку Бирото за регионален развој и се инвестира во пешачка, бекатон патека од 1.100 метри со тринаесет канделабри и дванаесет клупи за седење. Конечно во Могила се доби еден урбан простор за рекреација наменет за сите групи на граѓани, вели градоначалничката на општина Могила, Јасмина Гулеска.- Поради обемноста и комплексноста на проектот се работеше во четири фази изминатите четири години, на крајот оваа река Шемница веќе го доби својот конечен изглед. Сакам да напоменам дека ние тука не застануваме. Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион заедно со градоначалниците на пелагонискиот регион ги следат потребите на граѓаните и се трудиме да го подобриме квалитетот на животот во овој регион, додава директорот на Пелагониски плански регион, Гого Видимче.

Македонија | пред 5 години

05-01-2021-Kostovski

Костовски: Со „Акција 21“ продолжуваат инвестициите во енергетиката со што остануваме лидери во регионот

Со владината стратешка рамка „Акција 21“ продолжуваат инвестициите во енергетиката со што државата останува лидер во регионот.Во 2021 година очекуваме реализација на проект со кој термоелектраната Осломеј ќе се замени со фотонапонска електрана. На местото на стариот рудник во РЕК Осломеј се градат капацитети за 10 мегавати, а ќе се изградат уште две фотонапонски електрани од по 50 мегавати. Проценетата инвестиција е околу 60 милиони евра, истакна на денешната прес конференција Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.Костовски додаде:АД ТЕЦ Неготино распиша оглас за изработка на Физибилити студија и во првата половина на 2021 ќе се оцени дали ќе се гради нова гасна електрана на истата локација по моделот на јавно приватно партнерство или АД ТЕЦ Неготино ќе се продава.Можната инвестиција е од 200 до 500 милиони евра за нови стотина мегавати зелена енергија.Дополнително обезбедени се грант средства за физибилити студии за три нови фотонапонски електрани со вкупен капацитет од 160 мегавати во РЕК Битола.Во изминатата година успешно беа спроведени првите транспарентни постапки за доделување на премиум тарифи за изградба на фотонапонски електрани во вкупен инсталиран капацитет од 62,5 мегавати, од кои веќе неколку се пуштени во употреба.Во првиот квартал од 2021 ќе биде објавен нов тендер за дополнителни 60 мегавати фотонапонски електрани по истиот принцип, а инвестицијата е над 35 милиони евра.Во текот на 2021 ќе започне изградбата на втората фаза од ветерниот парк Богданци 2, со којшто ќе се зголеми инсталираната моќност на постојниот ветерен парк.Проценетата инвестиција е 21 милион евра.Започнува реализацијата и на нови ветерни паркови и во Св. Николе, Демир Капија и во Дебарца.Почитувани граѓани,После 11 години обиди на претходната власт кои пропаѓаа уште во фазата на распишување на тендерите за Чебрен, на јавниот повик за пројавување интерес пристигнаа повеќе понуди од кои 10 се од џиновски компании од Европа и Кина.Продолжува следната фаза за проектот вреден меѓу 600 и 800 милиони евра и тоа само по себе ја покажува сериозната намера за успех.Во рамките на новата македонска енергетика, клучно место зазема и гасификацијата.Во 2021 официјално започнува изградбата на гасовод помеѓу Северна Македонија и Грција со кој ќе се обезбедат дополнителни количини на природен гас.Инвестицијата само за интерконекторот со Грција е проценета на 50 милиони евра, од кои 10 милиони се грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан.Во фаза на проектирање е гасоводна врска со Косово и со овие два проекта, Северна Македонија ќе биде транзитна држава со природен гас.Продолжува изградбата на магистралните гасоводи низ целата држава.2021 ќе биде годината кога ќе започне изградбата на секундарната гасоводна мрежа во 10 македонски градови со што цевките за гас ќе стигнат до домаќинствата.Аргументите кои докажуваат дека Северна Македонија е лидер во регионот во енергетиката, се силни.Реализацијата на "Акција 21" е мотив да работиме европските вредности и стандарди да ги имплементираме во секојдневниот живот на граѓаните.

Македонија | пред 5 години

bogojeski-3

Бадниковите огнови да се пријават на телефонскиот број 193

За да се заштити животната средина и воздухот, како и да се избегне групирање на лица поради пандемијата со коронавирусот, Град Скопје апелира граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено во чест на прославата на Божикните празници. Сите огнови на отворено може да се пријават на телефонскиот број 193, објави СДК.МК.Град Скопје потсетува дека на сила е владината одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или каде било на отворен простор во текот на целиот ден. 

Скопје | пред 5 години

korona5

ИЈЗ: Се задржува трендот на намалување на бројот на нови и починати, опаѓа и процентот на позитивни од тестирани

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021г. тестирани се вкупно 10.778 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9% во однос на минатата недела.Регистрирани сe 2.329 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 30,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.086; 46,6%), со неделна инциденца – 175,8/100.000Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на SARS-CoV-2 изнесува 21.6% намалување од 4.1%  во однос на минатата недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=688, 29,5%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=440; 18,9%), 40-49 (n=404; 17,3%), 30-39 (n=392; 16,8%) и 20-29 (n=263; 11,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 1,6%) и 10-19 години (n=104; 4,5%).По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.884 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.Пријавени се 93 смртни случаи од 22 града, со намалување од 27,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 77 лицa биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50-59 години, 4 лица на возраст од 40-49 години и еден смртен случај е пријавен од возрасната група 30-39 години.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Македонија | пред 5 години

lisici

Осум лица се приведени откако биле затекнати на забава во подземна гаража во Карпош

Осум лица се приведени откако биле затекнати на забава во подземна гаража во Карпош во 3 часот по полноќ.Тие се на возраст од 26 до 34 години, а се уапсени поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.„Осумте лица биле затекнати во подземна гаража на улицата „Анкарска“ во Скопје на организирана прослава, спротивно на мерките и протоколите донесени од Владата, при прогласена кризна состојба за забрана за групирање на повеќе од четири лица, а со цел спречување на ширење на коронавирусот“, информираат од МВР. 

Скопје | пред 5 години

avtobus-skopje

Јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, на Божиќ нема да работатбилатерниците на ЈСП

Поради претстојните празници Бадник (06.01.2021 година, среда) и Божиќ (07.01.2021 година, четврток), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.Утре (06.01.2020 година), како дежурни билетарници ќе работат тие лоцирани на Зелениот пазар и Транспортниот центар, кои ќе работат од 07 до 19 часот, додека билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 07 до 13 часот.Во четврток (Божиќ) билетарниците нема да работат.

Скопје | пред 5 години

dui1

ДУИ пријавени во МВР за непочитување на мерките, на потег е Спасовски

ДУИ доби пријава за кршење на здравствени протоколи.  Имено фотографијата со функционерите на ДУИ, кои вчера го прославија роденденот на партискиот лидер Али Ахмети во новите простории на Министерството за политички систем, предизвика револт кај граѓаните.  По ова првиот вицепремиер Артан Груби  се правда дека само за кратко ги тргнале маските за да се фотографираат.Во изјава за „360 степени“, Груби вели дека целиот вчерашен настан на вселување во новите простории на министерството што тој го предводи бил организиран согласно протоколите за заштита од ковид-19, а дека фотографијата што ја објави шефот на дипломатијата Бујар Османи е, како што вели, само момент од изненадувањето што сопартијците му го приредија на Ахмети.

Македонија | пред 5 години

Foto-1

Пендаровски оствари средба со министерот за правда и директорот на Државниот завод за статистика

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со министерот за правда, Бојан Маричиќ и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за тековните процеси на реформи во судството, и за активностите и капацитетите на Државниот завод за статистика во пресрет на спроведувањето на пописот.Министерот за правда го информираше Претседателот за новата методологија за оценување на работата на судиите и претседателите на судовите, како и со новата алатка за филтрирање и проверка на работата на судиите и судовите.Претседателот Пендаровски ја поздрави одлуката на Советот за реформи во правосудството за ветинг на судиите, оценувајќи ја како чекор напред во стекнување на доверба на граѓаните во работата на судството. „Правната држава е од егзистенцијално значење и мора да биде поставена на здрави темели. Реформите во правосудството треба да бидат ефикасни, и тука не смее да постои селективност и толеранција“, посочи претседателот Пендаровски.На средбата беа разменети мислења за претстојните активности кои треба да ги реализираат државните институции во насока на спроведување на пописот.Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски истакна дека Заводот е целосно подготвен за спроведување на оваа статистичка операција во контекст на методолошкиот и техничкиот дел на пописот, и изрази очекување дека Законот наскоро ќе биде донесен, со цел навремено и адекватно постапување.Претседателот Пендаровски уште еднаш изрази очекување дека во новото законско решение ќе бидат вградени највисоките статистички стандарди на Еуростат со цел да се реализира валиден и кредибилен попис, како што соодветствува за една демократска држава.

Македонија | пред 5 години

kej

(ФОТО) Започна подготовката за реконструкција на кејот во Охрид

Започнаа активности за реконструкција на кејот во Охрид. Со ова Езерскиот кеј во Охрид ќе добие нов изглед. Станува збор од проектите на актуелната власт во општина Охрид, кејот, едно од најпрепознатливите обележја на градот по долг период ќе биде целосно реконструиран.– За овој проект дел од средствата во висина од 38 милиони денари веќе се обезбедени со одлука на Владата за реконструкција и целосна обнова на кејот во Охрид. Се прават напори во соработка со Владата да се обезбедат уште дополнителни 45 милиони денари, со што целосно ќе се затвори финансиската конструкција за овој капитален проект – изјави неодамна градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Од секторот за урбанизам на општина Охрид највуваат дека со реконструкцијата е предвидено да се опфати должина од 992 метри квадратни на крајбрежниот дел во градската зона.Во рамки на реконструкцијата ќе биде изведена заштитна потпорна конструкција, а предвидено е отстранување на постоечките бекатон плочки и поставување на слој од полупропусен цемент, врз кој ќе бидат поставени гранитни плочи.Проектот за обнова на кејот вклучува и замена на канделабрите и на клупите за седење. Целиот кеј е планиран да биде партерно и хоритикултурно уреден. Со реконструкцијата Кејот ќе добие нов и урбан лик а градот ќе добие јавни површини достојни за еден културен и туристички центар.Реконструкцијата на кејот, за која има целосна документација, се очекува да започне во пролетните месеци од 2021 година и да трае околу една година. Ќе се гради во фази за да се обезбеди нормално функционирање на овој фреквентен дел од градското крајбрежје- појасни градоначалникот Георгиески. Тој изрази благодарност за поддршката на Владата која помогна во раздолжувањето на општината, во реконструкцијата на улиците „ 15 Корпус“ и „ Абаз Емин“ и најавената реконструкција на улиците „ Македонски просветители“ и „ Гоце Делчев“, како и во други заеднички проекти.

Македонија | пред 5 години

ubistvo

Приведен вевчанецот кој во видео порака се закани дека ќе ги убие Заев и Пендаровски

Полицијата го приведе вевчанецот кој на социјалните мрежи постави видео во кое се заканува дека ќе ги убие премиерот Зоран Заев како и претседателот Стево Пендаровски.Од полицијата информираат дека тој на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица.„При претрес извршен во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, пронајдени се и одземени лап-топ компјутер и други предмети поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Државјанин на Грција почина во сообраќајна несреќа кај Прилеп

Шеесет и деветгодишен државјанин на Грција почина по сообраќајна несреќа што се случи на патот Прилеп-Градско, во близина на селото Тројаци.Како што информираат од полицијата, несреќата се случила вчера околу пладне, кога возилото на А.Л. излетало од патот.По незгодата, тој бил пренесен во Здравствен дом „Борка Талески“ во Прилеп, но по кратко време починал. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Македонија | пред 5 години

Nikolovski

Николоски за Лидер: „Глобал“ според документи зграда на шест ката е изградена за неколку дена, уште од самиот старт има тежок криминал за кој треба да има одговорност

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски утринава гостуваше во радио „Лидер“. При своето гостување ексклузивно изнесе информации во јавноста со случај „Глобал“. Оваа градба според документи е изградена само за неколку дена. Невозможно е да зграда на шест ката се изгради за неколку дена. А, за ова треба да има одговорност од Зоран Заев кој што во тој период бил градоначалник на Струмица.„Ќе изнесам одредени ексклузивни информации тука за радио „Лидер“, јас сакам кога гостувам на медиум да не е сувопарно, да има одредени работи кои што после тоа предизвикуваат внимание во јавноста. Прво, по однос на случајот „Глобал“ и како политичар но пред се како секако човек кој што ги доби гласовите да биде пратеник токму во 4-тата изборна единица во која што е и Струмица. Секако дека сум загрижен и би сакал да ја изразам мојата загриженост за сите луѓе кои што таму изгубија бизнис, изгубија работа и изгубија долгогодишни животни вложувања, навистина е непријатна ситуација. Но затоа мора да има одговорност“, нагласи Николоски.Николоски посочи дека на крајот од денот за секоја штета треба да има одговорност. Во јавноста се појави информација во однос на тоа дали имало систем за гаснење на пожари внатре во трговскиот центар. И има уште една информација која што е стара веќе 12-тина години така и започна кариерата на Зоран Заев, а тоа е во 2008 година кога како тогашен градоначалник на Струмица дозволи да се изгради дивоградба на местото на поранешниот пазар во Струмица. А, за таа дивоградба беше покрената и судска постапка и после тоа тогашниот претседател на државата го помилува. А, самата таа постапка докажува дека има криминал.„Во однос на „Глобал“ таму се работи за очигледно непочитување на процедурите, целосно во процесот на градба што веројатно доведува до бројни пропусти во изведбата на објектот и што доведе до овој огромен пожар, е што добро што не заврши и фатално во однос на човечки животи. Но јас она што го имам како сознание е дека првичното одобрение за „Глобал“ гласи реконструкција и наградба на градско пазариште, тоа е првичното одобрение кое што е издадено на 19.06.2008 година. Носител на одобрение за градба е Јавното комунално претпријатие во Струмица. И со вакво одобрение почнуваат да го градат објектот. Објектот на „Глобал“ е запишан во имотен лист врз основа на понатамошна легализација на дивоградба што значи дека легализациите на дивоградбите се надлежност на општините, што значи дека истиот кој што ја направил дивоградбата во 2008 година си ја легализирал во 2014 година“, потенцира Николоски.Николоски додаде дека друга поинтересна работа е тоа како почнала самата градба на „Глобал“. Аномалиите во постапката за градбата датираат од претходно. Целата постапка со изградбата и документацијата започнува со донесувањето на решението за локациски услови, а тоа е решение пред да се даде одобрение за градба. Решение за локациски услови е дадено на 16.05.2008 година, за веќе на 19.06.2008 година, што значи за еден месец се донесува одобрение за градба. А, за неколку дена 23.06.2008 година веќе е донесено решение за ставање на употреба на објектот од што произлегува дека за неколку дена е изграден „Глобал“.„За неколку дена е изграден објект на шест ката. Значи на 19.06.2008 година е издадено одобрение за градба, на 23.06.2008 година по неколку дена е донесено решение за ставање во употреба на објектот“, појасни Николоски.Николоски рече дека одобрение за градба се дава на почеток на градба, а решение за ставање во употреба се дава кога комплетно ќе заврши градбата. Не знае друг објект во светот на шест ката да се изгради само за неколку дена.„Оваа манипулација со документите покажува дека од самиот старт дека се работи за дивоградба, а кога имате дивоградба после тоа не се почитуваат процедурите. И со самото тоа што не се почитуваат процедурите доаѓаме до ваква ситуација во каква што сме“, кажа Николоски.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Општина Центар и во новата 2021-ва година продолжува со проектот „Нула глад“

Редовните месечни активности од проектот „Нула глад во Општина Центар“, во соработка со Банка за храна Македонија продолжуваат и во новата година.И овој месец 150 семејства со висок социјален ризик добија пакети со прехранбени и основни хигиенски производи, за подобар почеток на годината и полесно да можат да го поминат месецот.Оваа активност општината ја реализира еднаш месечно, по претходно утврден список на 150 семејства добиен од Министерството за труд и социјална политика.Во соработка со Банка за храна и здружението Хуманост, во тек е и акцијата за помош и поддршка на пензионери со ниски примања.На повозрасните граѓани овој период им се доставуваат пакети со прехранбени и хигиенски производи, а главната цел на акцијата е да се обезбедат пакети за сите пензионери со ниски примања кои живеат на територија на општината.

Скопје | пред 5 години

dui1

За Груби, непочитувањето на мерките е „мало изненадување“

Фотографијата од петнаесеттемина членови на ДУИ, меѓу кои и високи државни функционери, кои без маска и дистанца слават роденден во новиот барокен објект на Министерството за политички систем била направена при мало изненадување приредено за лидерот Али Ахмети, вели за „А1он“ првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби. Тој вели дека организирањето на овој настан во државни простории им било традиција.„Настанот се организира на првиот работен ден во новата година и според протоколите. Сликата објавена од Османи беше само еден момент за заедничка слика при мало изненадивање што колега го приреди за господинот Ахмети, слично како и минатата година во Собранието, искористувајќи го неговото присуство“, вели вицепремиерот Губи.Текстот во целост на: „А1он“

Македонија | пред 5 години

bolnica-1

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 29 пациенти, а вкупно се лекуваaт 370 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 29 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 370 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за Гастроентерохепатологија, на Клиниката за Неврологија, на Клиниката за Нефрологија и на Институтиот за ТБЦ. Тројца болни се примени на Клиниката за Дерматологија.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти и 11 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 30 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти, на Клиниката за очни болести 4 пациенти, а на ОРЛ 12 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти.Вкупно 370 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 120 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Одрони на Демир Капија-Удово и Делчево-М. Каменица

Поради одрони сообраќајот на патиштата Демир Капија-Удово и Делчево-Македонска Каменица се одвива по една коловозна лента.Автомотосојузот на Македонија изутринава соопшти дека на патниот правец Р1102 Д.Капија – Удово, на два километра пред Удово поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 15 метри. На патниот правец Делчево – М.Каменица кај местото викано Бориштието, исто така поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри.Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, информираат од АМСМ и апелираат на внимателно возење.Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 5 години

dui1

ФОТО: Или ние или тие се мајмуни

Денеска беа отворени новите простории на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.  По официјалното отворање Бујар Османи се пофали на ФБ со фотографија од закуската. На фотографијата јасно се гледа дека ниту еден од присутните не ги почитува протоколите за заштита од КОВИД 19.Заштитните маски на приситните им се во раце, а што се однесува до препораката да има растојание од најмалку 2 метра... погледнете па пресудете колку се почитува.

Македонија | пред 5 години

mebel-5

(ФОТО) Артан Груби се пофали со новиот кабинет, изграден од „режимот“ на Груевски

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи вицепремиерот Артан Груби, од денес функционира во нов објект, дел од проектот „Скопје 2014“. Објектот е во вредност од 14 милиони евра.Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби објави фотографии од просториите и мебелот во новиот објект кој ќе го користи неговото министерство.-Наш нов дом, напиша Груби на албански, македонски и англиски јазик. Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците има задача да го одржи функционирањето на политичкиот систем и координација на поддршката на Владата во реализација на стратешките приоритети кои се однесуваат на задачите кои произлегуваат од Рамковниот договор.

Македонија | пред 5 години

popis-1

Заев: Имаме капацитет за организирање на пописот кој ќе се случи на пролет, на безбеден и добро организиран начин според стандарди

„Ние имаме капацитет за организирање на оваа сложена операција, го проверивме на избори, парламентарни и локални во Штип и Пласница, кои се одржаа. Самата операција е полесна од делот на операцијата за избори. Тука го нема кампањирањето, а со тоа е намален и човечкиот контакт. Анкетарите се обучуваат, протоколите постојат, целата операција е безбедна и организирана според стандардите на Евростат“, рече Заев во врска со анкетирањето, кое ќе треба да се спроведе, можеби и во ковид услови.Истовремено, тој посочи дека не треба да се бојкотира пописот и не треба опозицијата да се заканува, со оглед на тоа што пописот е обврска на граѓаните.„И ние треба да се попишеме заради тоа што тоа е наша законска обврска. При попишувањето сите имаме обврска да ги дадеме вистинските податоци кои се бараат од нас. Пописот не се прави на политичките партии или политичарите, туку се прави на граѓаните и треба да го спроведеме како што треба. Со дигитализацијата и достапноста на дата базите, лесно ќе се проверуваат информациите кои граѓаните ги даваат и ќе се комплетира сликата“, рече Заев додавајќи дека пописот се планира од 1 до 21 април, на територијата на целата држава.Заев истакна дека иако е добро да се има и отпечаток од прст, сепак така нема да можат да се попишат иселените лица, кои се попишуваат како нерезидентни граѓани, а и децата кои се попишуваат немаат регистрирано кај институциите отпечаток од прст.„Но, правиме напори внатре, притоа преку внатрешната контрола на МВР на граничните премини имаме секогаш за секого дали е овде во државата или бил повеќе од една година надвор од државата“, рече Заев, кој истакна дека пописот се прави на резидентите, кои живеат во државата и иселените лица, а притоа е ирелевантен етичкиот предзнак.На прашањето дали податоците од пописот ќе влијаат на процентот на лица на вработени во државната администрација премиерот Заев рече:„Секако дека нема да влијаат, заради тоа што имаме Закон за рамноправна застапеност на сите и тој ја штити застапеноста по етничка основа. За нас веќе е важно граѓаните да бидат застапени оние соодветни по квалификации и образование“.

Македонија | пред 5 години

04012021_PVRSM-Zaev_intervju_1

Заев: Намерата не е да се укинат предмети, туку да се отвори дебата во јавноста за да се дојде до подобар и интегриран образовен систем

„Немаме дилеми дека историјата е основата за нашата сегашност и за димензионирање на нашата иднина. Без историја, без нашето минато ние не постоиме, ние сме никој и ништо. Тоа е многу важно, при тоа не значи дека не треба да отвориме дебата за реформа во основното образование. Нешто мора да направиме за подобро и поперспективно образование за нашите деца “, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на гостувањето на телевизија „Сител“ по реакциите на дел од јавноста за најавените реформи во образованието.Премиерот Заев истакна дека намерата не е да се укинат предмети, туку да се отвори дебата во јавноста, со родителите, со стручната јавност за да се дојде до поквалитетен и интегриран систем, пред сè во корист на децата, бидејќи образованието постои за нив.„Формирана е работна група без било каква партиска или политичка определба. Луѓе коишто работеле на основното образование, кои знаат и даваат сугестии. Одржан е состанок на 300 наставници во основното образование. Сите сугестии се дадени, даден е еден темплејт, еден драфт, кој е отворен за дебата. Дајте да го издебатираме и така ќе произлезе најдоброто за сите“, истакна премиерот Заев и дополни дека без никакво унапредување на образованието најмногу губат децата и не е фер кон учениците.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања