„Ковачевски е заробен“, Мицкоски не му простува на Џафери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
AHMETI-GRUBI-KOVACEVSKI-4

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ смета дека премиерот Димитар Ковачевски е заробен. Поради ова, смета дека СДСМ го брани собранискиот спикер Талат Џафери кој по завршување на собраниска седница е снимен како упатува пцости во Собранието, кон вработени од секторот за седници. Мицкоски посочи дека доказ за состојбата во која се наоѓа Ковачевски е што вчера, а три дена по упатените пцости, Ковачевски беше на стадион да навива со Џафери и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

— реклама —

„Интерпелација нема да успее, бидејќи Ковачевски ако го нападне Талат Џафери ќе му падне Владата. Ете вчера го видовме на еден стадион како навива меѓу Али Ахмети и Талат Џафери седнат и тоа доволно јасно прикажува во која улога е тој човек и зошто велиме дека е заробен. И како да правиме интерпелација, единствено да ги слушнеме како се прпелкаат од СДСМ да го бранат Џафери кој ги пцуеше мајките на вработените во Парламентот. Тоа се вредностите? Еве ја повикувам и меѓународната заедница, ако се тоа вредностите и ако стојат зад овие политичари, тогаш извинете јас зад такви вредности не сакам да живеам“, додаде Мицкоски.

Според Мицкоски, треба да се свика Комисија за деловнички и мандатно имунитетски прашања надлежна за етичкото однесување на пратениците бидејќи Џафери го прекршил Кодексот.

— реклама —

„Навредувајќи ги мајките на вработените таму, го прекршил Кодексот. Народот е тој кој треба да одлучи на следните избори дали овие ќе бидат казнети или нема да бидат казнети. Имаат 61 пратеник, тие секогаш додека се Влада ќе ги имаат тие 61. Затоа е важно на следните избори, дека само стабилна влада може да ги исправи овие грешки. Овие луѓе кои тоа го направија, ќе одговараат. Но јас сум само еден гласач. Вие медиумите треба да дадете поддршка Македонија да престане да губи“, додаде Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања