Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

vakcina-2

Заев: Првите вакцини доаѓаат во февруари, ќе се вакцинирам како пример, но предност имаат здравствените работници и хронично болните

На прашањето за обезбедување на вакцините и тоа конкретно по месеци и количини, премиерот Заев вечерва во вестите на ТВ Сител посочи дека од Министерот за здравство добил потврда дека од компанијата „Фајзер“ пристигнуваат првите 5.850 во февруари, од вкупно 800.000 колку што е договорено, но и дека е возможно регистрирани вакцини од регистрирани компании и одобрени од Светската здравствена организација да пристигнат и порано.„Ветено дека ќе добиеме одредени количини, тоа е европска солидарност, тие ги добија првите количини, а веќе стасуваат и вторите количини во најави. Само пет проценти ако споделат со Западен Балкан, заедно ќе одиме со Европската Унија со задоцнување од една недела или две зад нив“, рече премиерот Заев кој истакна дека е најважно да стигнат вакцините до граѓаните и дека Северна Македонија има средства да набави вакцина, од било која група.„Важно е да стигнат на време. Затоа што најважно е да ги заштитиме медицинскиот персонал, час поскоро е добро тоа да се случи. Втората работа е психолошкиот ефект, ќе олабави малку грижата и тоа е важно за секојдневното психолошко функционирање на граѓаните и на економијата.Имаме најави и со Кина за околу 200.000 вакцини за овој месец, но ќе видиме кои се условите. Кина има пет вакцини кои ги поминале фазите и тие веќе се дистрибуираат надвор од Кина и две во фаза на тестирање. Чекаме и од ЕУ од Ковакс механизмот, од кои 100 милиони вакцини се за Западен Балкан.Премиерот Заев за најавите и точните бројки на вакцини кои ќе пристигнат од европските земји и нашите соседи, како Австрија, Полска, Бугарија, Грција, рече дека и тие добиле десет пати помали количини од најавените вакцини и изрази надеж дека динамиката на продукција и испорака на вакцини во следниот период ќе биде посоодветна од претходно најавената.Тој посочи дека се прават напори и за обезбедување на вакцини и овој месец во јануари.„Секако дека ќе се вакцинирам, но, без да ги кршам протоколите, да не бидам пред медицинските работници, пензионерите и хронично болните, јас ќе го дадам примерот и ќе се вакцинирам за да испратам порака дека таа е здрава, безбедна. И сега ја користам приликата да апелирам до сите граѓани, дека според светските експерти таа е исправна и треба сите да ја примиме, освен за оние групи за кои лекарите ќе го исклучат тоа“, рече премиерот Заев кој додаде дека вакцинацијата ќе се врши најпрво кај медицинските работници, пензионерите, хронично болните, а потоа кај останатите граѓани.Премиерот Заев најави дека државата заедно со медиумските работници ќе развие стратегија за преку јавна кампања за подигање на свеста кај граѓаните и да се доближат до населението сите важни информации во врска со вакцинацијата за да се обезбеди масовна вакцинација.

Македонија | пред 5 години

nenad-panov

Апел за помош за Д-р Ненад Панов, тој е во тешка состојба поради корона вирусот

Д-р Ненад Панов, кој се наоѓа во тешка состојба поради корона вирусот има потреба од помош за лекувањето во приватна клиника.Сите коишто скаат да направат финансиска донација за лекувањето на д-р Панов доволно е да се јават на бројот од Т-Мобиле на 070/143-107.-Имаме можност да ја покажеме нашата хуманост и да помогнеме финансиски во лекувањето на нашиот сограѓанин, Др Ненад Панов кој е во тешка здравствена состојба поради корона вирусот и кој по наше барање беше префрлен во клиника „Систина“.Со вртењето на бројот од Т-Мобиле на 070/143-107 сите помагаме Нено да се врати побрзо кај нас.Големо благодарам од семејство Панови – се наведува во апелот за помош објавен на социјалните мрежи.

Македонија | пред 5 години

saso-tasevski

Тасевски: До кое дереџе стигна здравствово - Сите мислеа апокалипсата ќе дојде во форма на вулкан, земјотрес, а таа курназ

До кое дереџе стигна здравствово. Луѓе од земјоделска аптека лекови купуваат за корона, апови за диви магариња, коњи и пудлици. Се купуваат и на црно под рака кај Јосип Броз. Од тапкароши.Човекот полека се расчовечува, напиша на својот Фб профил актерот Сашо Тасевски.Тасевски во објавата додава:Вакцините ќе стигнат.... Еден ден. И тоа од Фајзер. Направени по скратена постапка. На две на три, што би рекле старитеАј нека каже некој дека не блескаме.Сите мислеа апокалипсата ќе дојде во форма на вулкан, земјотрес, а таа курназ.

Македонија | пред 5 години

Vucjak

Напуштен, оставен на улица германски овчар нападнал и каснал три деца во Аеродром

Три деца вчера попладне се нападнати и каснати од куче во скопската општина Аеродром. Кучето е веќе заловено од тимовите на ЈП „Лајка“ и како што велат од таму станува збор за домашен миленик, германски овчар, а не улично куче, објави СДК.МК.Две од нападнати деца, како што велат очевидци, биле со дедото кога ги нападнало кучето и со такси возило биле однесени во болница.Директорката на ЈП „Лајка“ Тина Петрушевска вели дека откако добила повик од граѓани веднаш со тимови за заловување излегле на местото и кучето е заловено и донесено во прифатилиштето.Се работи на пронаоѓање на сопствениците на кучето.

Скопје | пред 5 години

korona-2

Денеска во земјава 106 нови случаи на Ковид 19 и починати 20 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 761 тестирања, а регистрирани се 106 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-72, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-5, Тетово-3, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-6, Струмица-5, Радовиш-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 603 оздравени пациенти од: Скопје-230, Куманово-24, Дебар-5, Штип-18, Прилеп-51, Тетово-8, Струга-30, Велес-20, Битола-26, Охрид-54, Кавадарци-27, Гостивар-14, Гевгелија-11, Струмица-8, Радовиш-8, Кочани-10, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-7, Берово-4, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-4, Кичево-7, Ресен-3 и Неготино-20.Починати се 20 лица, четири пациенти од Скопје (85, 63, 86 и 77г), еден од Куманово (65г), еден од Дебар (68г), двајца пациенти од Прилеп (75 и 81г), двајца од Битола (84 и 69г), еден од Охрид (55г), еден од Кавадарци (81г), тројца пациенти од Гостивар (55, 59 и 67г), еден од Крива Паланка (82г), еден од Крушево (49г), еден од Валандово (64г) и двајца од Неготино (66 и 80г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84129, бројката на оздравени пациенти е 63532, на починати е 2550, а бројот на активни случаи изнесува 18047. Од вчерашната статистика се регистрира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 36375, активни 10757• Куманово 4775, активни 473• Дебар 641, активни 114• Штип 3316, активни 208• Прилеп 4261, активни 462• Тетово 4788, активни 810• Струга 2062, активни 296• Велес 2780, активни 443• Битола 3053, активни 485• Охрид 2468, активни 463• Кавадарци 2163, активни 487• Гостивар 3402, активни 506• Гевгелија 1177, активни 266 (80 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 202 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2326, активни 588• Крива Паланка 635, активни 121• Радовиш 626, активни 99• Крушево 167, активни 73• Кочани 1609, активни 193• Пробиштип 450, активни 35• Демир Хисар 237, активни 35• Македонски Брод 220, активни 23• Пехчево 156, активни 25• Берово 503, активни 46• Валандово 313, активни 50• Виница 448, активни 60• Делчево 671, активни 206 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 193, активни 12• Свети Николе 1043, активни 82• Кичево 1578, активни 203• Ресен 654, активни 140• Неготино 1039, активни 286 (165 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 761 теста се преку: ИЈЗ-172, ЦЈЗ Скопје-45, Авицена-0, Биотек-15, МАНУ -54, Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина со PCR метода -274, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-0, ГАК-30, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -61, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 405.108 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-bolnica

Мајка и син пронајдени починати во стан

Во вечерните часови на 3 јануари во скопската полиција било пријавено дека во дом на улицата Призренска, која се наоѓа во населбата Кучевишка Бара, општина Бутел, биле пронајдени починати Љ.Б. (91) и нејзиниот син М.Б. (57).Смрт без траги на насилство констатирал лекар од брзата помош, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.

Скопје | пред 5 години

ubistvo

(Шокантно) Преку социјални мрежи вевчанец повика на убиство на премиерот и претседателот

Извесен Поповски од с.Вевчани повикува на убиство на премиерот Зоран Заев и на претседателот на државата Стево Пендаровски. https://twitter.com/ddimkooooo/status/1346067386726838273?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1346067386726838273%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnarodenglas.com%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0bbd183d0b4d0b0d0ba-d0bed0b4-d0b2d0b5d0b2d187d0b0d0bdd0b8-d0bfd0bed0b2d0b8d0bad183d0b2d0b0-d0bdd0b0-d183d0b1d0b8%2F

Македонија | пред 5 години

policija-1

Нападнати полицајци и истрели во воздух при апсење на насилник

Во доцните вечерни часови на 3 јануари на улицата „Бетовенова“ од припадници на струмичката полиција уапсен бил Ш.М.(32) од Струмица за повеќе сторени кривични дела и одредена мерка притвор.Како што информираат од МВР, при преземање на мерките за негово приведување, повеќе лица ги нападнале полицајците со тврди предмети, при што од страна на полициските службеници биле испукани неколку предупредувачки куршуми во воздух.За напаѓачите ќе бидат преземени соодветни мерки, а Ш.М. бил спроведен до затворот во Скопје за издржување на казната.

Македонија | пред 5 години

tutunari-1

Министерот Арјанит Хоџа на средба со претставници на тутунопроизводителите договорија зајакнување на динамиката за завршување на откупот

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на денешната средба со претставници на Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари повторно ги разгледаа можностите за излегување во пресрет на барањата на производителите на тутун за да се оствари успешна завршница на годинешната реколта и повисока просечна цена на тутунот на ниво на целата држава.Министерот Хоџа истакна дека е потребно зајакнување на динамиката на откупот на тутунот, со цел да се заврши откупот на реколтата во законскиот рок.Истовремено беше изразена волја Владата да вложи максимални напори за достигнување на просечната цена на тутунот во висина од 180 денари и ќе преземе мерки тоа и реално да се оствари.Според министерот Хоџа, во оваа фаза е потребно да се интензивираат комуникациите и напорите, откупувачите на тутун да останат на ветеното за исполнување на обврската за откупување на вишокот на тутун и да продолжи динамиката на откупот со подеднакви количини од сите категории на тутун.

Македонија | пред 5 години

tetovo-gostivar

За четири дена 1571 санкции за пребрзо возење

Во текот на празничниот продолжен викенд (31.12/3.1) Министерството за внатрешни работи спроведе засилени контроли за санкционирање на сообраќајните прекршоци. За четири дена се изречени 2987 мерки, од кои за возење со поголема брзина од дозволеното 1571, возење под дејство на алкохол 205, нерегистрирани возила 150 и 243 за возење без возачка дозвола.Кај санкционираните за пребрзо возење, дури 100 возачи возеле со брзина од над 70 километри на час над пропишаната, а 250 возачи возеле од 50 до 70 километри на час побрзо од пропишаната брзина. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли и во наредниот период. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и зааеднички да придонесеме за безбедност на улиците и патиштата.

Македонија | пред 5 години

badnikovi-povorki

„Бадникови поворки“ во време на пандемија

На 6 јануари, во 12 часот (по македонско време), каде и да се наоѓате на планетата Земја, запрете за миг и помолете се за подобра година за сите – е апелот од здружението за православните вредности „Бадникови поворки“ по повод годинешното чествување на Бадник и Божик.„Околностите не дозволуваат да ја организираме традиционалната божикна манифестација, ниту да формираме поворки на радост на улиците во Македонија, но ништо не нè спречува од топлината на своите домови да ја пееме божикната песна погласно од кога било. Оваа година ќе имаме еден поинаков, но не помалку радосен Божик. Божикната песна ќе нè сплоти во силна заедничка молитва и ќе нè предизвика, полни со верба и надеж, радосно да го најавиме Христовото раѓање!Од преостанатите активности на здружението за православни вредности „Бадникови поворки“, освен хуманитарната дејност, во овој празничен период ја издвојуваме акцијата за собирање божикни честитки реализирана на 20-ина пункта низ Републиката. Се собираат пораки наменети за болните на инфективните одделенија, кои, за жал, оваа година за Бадник и Божик не ќе може да бидат во кругот на семејството. Акцијата водена под мотото „Пронајдете го пунктот во вашиот град и донирајте ја само вашата ЉУБОВ во вид на божикна честитка“ завршува на 5 јануари за веќе следниот ден, на Бадник, сите добри мисли преточени во бoжикна честитка да патуваат до инфективните одделенија за да ги утешат и развеселат болните и да истакнат неизмерна благодарност до медицинските работници.Што се однесува до обновувањето на православните божикни песни, што некогаш се пееле на овие простори, како еден од најкрупните зафати на здружението „Бадникови поворки“, а секогаш во соработка со Бигорскиот манастир, оваа година традицијата продолжува со „Христос се раѓат, на светот радост“ – во изведба на „Љубојна“. Станува збор за традиционална божикна песна што потекнува од овие широки балкански простори, од времето на Ромејското Царство, Византија. Ја пееле нашите благочестиви предци, а кај нас најдолго се задржала меѓу мијачкото население поради што и сегашната обновена верзија е испеана токму на мијачки дијалект во чест и спомен на богатиот творечки дух на Мијаците, на нивната вера и ревносна борба за зачувување на православната вера и традиција и во најтешките времиња. Песната во изведба на „Љубојна“ и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, како и спотот во режија на Дејан Пројковски, ќе бидат промовирани на самиот ден Бадник како божикен подарок од „Бадникови поворки“ и Бигорскиот манастир до верниот народ“, велат од здружението.Оваа година првпат во историјата една православна божикна песна добива толкување на знаковен јазик. Имено, „Бадникови поворки“, во соработка со Викторија Волак – сертифициран знаковен толкувач, ги израдува глувите лица со имплементирање знаковен јазик во спотот за божикната „Небо и земја“. Следува адаптација и на другите божикни спотови снимени изминативе 5 години.

Македонија | пред 5 години

marihuana2

Двајца жители на гостиварско Здуње осомничени за илегална трговија со марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Во декември 2020 година, првиот осомничен од засега непознато лице набавил 13,02 грама марихуана, спакувана во 21 помало пакување. Дрогата му ја дал на вториот осомничен со намера да ја препродаде. На 1 јануари, во селото Здуње, вториот осомничен бил затекнат од полициски службеници. Кога се обиделе да му извршат проверка, тој пружил активен отпор и се дал во бегство. Бил стигнат и совладан, па кај него била пронајдена дрогата која веднаш била одземена.До судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар надлежниот обвинител поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон.​

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ООУ „Киро Глигоров“ во потесен избор за наградата на ЕУ за современа архитектура, Мис ван дер Рое 2022

Општинското основно училиште „Киро Глигоров“ влезе во потесен избор за наградата на Европската Унија за современа архитектура, Мис ван дер Рое за 2022-ра година (EU mies award).„Ми претставува особена гордост и задоволство што нашето најубаво и најмодерно основно училиште, ‘Киро Глигоров’ влезе во потесен круг за наградата на ЕУ за современа архитектура, Мис, за 2022-ра година. Оваа номинација е големо меѓународно признание за ООУ ‘Киро Глигоров’ и уште една потврда за нашата посветеност на работата“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.Наградата на ЕУ за современа архитектура, воспоставена во 1987-ма година како еднакво партнерство помеѓу Европската комисија, Европскиот парламент и фондацијата Мис ван дер Рое, се одржува на секои две години и ги избира најдобрите од кругот на најквалитетните современи архитектонски дела во Европа.ООУ „Киро Глигоров“ е првото основно училиште изградено во Општина Центар по 5 децении.Училиштето се простира на вкупна површина од 16.200 м2 (12.100 м2 училишна зграда и 4.100 м2 дворна површина), изработено е по сите светски современи стандарди и при неговата изградба се користени најквалитетни материјали.Автор на идејното решение за ООУ „Киро Глигоров“ е архитектот Бесиан Мехмети д.и.а., координатор на проектот, Кире Секуловски д.г.и., изведувач на градбата е „Вардар Градба“, надзорот врз градбата го вршеше „Завод за испитување на материјали“ (ЗИМ) Скопје, а градено е врз основа на проектот на тимот од „Инком Инженеринг“.

Скопје | пред 5 години

kriumcharenje-migranti

Обвинителен акт за шестмина организатори и припадници на група за криумчарење мигранти

По спроведена истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд –Скопје поднесе Обвинителен акт против шест лица. Со дејствијата опишани во Обвинителниот акт обвинетите се товарат дека како организатори и членови на група сториле кривично дело – Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно дете и криумчарење мигранти по чл. 418 – в и кривично дело – Криумчарење мигранти по чл. 418-б ст.2 од Кривичниот законик.Во период од декември 2019 година до октомври 2020 година со умисла и од користољубие браќата Р.В. (27) и Д.В. (26) организирале група за вршење кривични дела – криумчарење мигранти, а припадници на организираната група станале А.А (28), В.Д. (22) и И.М. (27). Организаторите го договарале пренесувањето на илегалните мигранти, при што кон НН лица од Р.Грција и кумановско-липковскиот регион испраќале СМС пораки со внесени GPS координати на локации од околината на Дојран, Струмица и Гевгелија од каде обвинетите А.А., В.Д. и И.М. ги прифаќале илегалните мигранти од територијата на Р.Грција и ги превезувале до договорените локации во кумановско-липковскиот регион. Таму мигрантите во организација на НН лице кое престојувало во кумановско – липковскиот регион биле времено сместувани и засолнувани во објекти на НН лица, соработници и помагачи на организираната криминална група, а потоа биле пренесувани преку територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ.Припадник на организираната група била и обвинетата Д.К.(21) која во тој период била во врска со еден од организаторите и телефонски контактирала со лица организатори и членови на организираната криминална група, договарала и обезбедувала парични средства за успешно криумчарење на групи на илегални мигранти. Воедно, својата телефонска линија и интернет комуникација ја давала на располагање и на Р.В. за остварување на контакти со организатори и членови на организираната криминална група при договарање, планирање, подготвување и реализирање на криминалните активности поврзани со криумчарење на мигранти.Во наведениот период оваа криминална група во повеќе наврати прифаќала и превезувала илегални мигранти со различни патнички и товарни моторни возила адаптирани за превоз на повеќе лица и со лажни регистарски таблички. Во неколку наврати како резултат на полициските патроли, членовите на групата задолжени за превезување на мигрантите исплашени да не бидат откриени бегале и ги оставале возилата со мигрантите. На тој начин во три одделни случаи во напуштените возила се пронајдени 94 илегални мигранти.Групата работела и надвор од границите на нашата држава, па така во јануари минатата година од страна на обвинетиот Р.В. на територијата на Р.Грција било организирано прифаќање и безуспешно превезување на 13 лица илегални мигранти, кога од страна на грчката гранична полиција биле приведени двајца македонски и еден српски државјанин. Во кривично правниот настан во улога на т.н.„чистач“ учествувал обвинетиот Р.В. кој успеал да избега, но, пасошот му останал во запленетото возило, за што ја известил обвинетата Д.К. Таа и неговото семејство направиле план како безбедно да го вратат во РСМакедонија. Така, мајката на обвинетите Р.В. и Д.В. заминала за Р.Грција со патната исправа на обвинетиот Д.В. со намера обвинетиот Р.В. со неа да оствари излез од Р.Грција. Поради опасноста да биде откриен и фатен доколку ја даде на увид патната исправа на неговиот брат на граничните премини, обвинетиот Р.В. договорил да дојде неговиот татко и заедно илегално да ја поминат државната граница. Обвинетата Д.К. со своето ПМВ марка Волксваген Голф го превезла таткото до одредена локација на територијата на Р.Грција во близина на ГП-Евзони, каде се сретнал со Р.В. и илегално се вратиле на територијата на Р.С.Македонија. Двајцата биле прифатени од страна на обвинетиот Д.В. и уште едно лице и заедно со ПМВ Ауди 6 се упатиле кон нивниот дом. Возилото било забележано како сомнително во близина на македонско-грчката граница и биле запрени од страна на полицијата на која одбиле да се легитимираат и го стартувале возилото со голема брзина, по што биле следени до нивниот дом во с.Стојаково.Нелегално стекнатите парични средства од извршување на кривичните дела извршени на територијата на Р.Грција и Р.С.Македонија, обвинетите ги вложувале во отворање на легални бизниси со купување на товарни и приклучни моторни возила за вршење на транспорт, како и недвижности на подрачјето на с.Стојаково.Обвинителството заедно со Обвинителниот акт достави и предлог мерката притвор определена од судија на претходна постапка против обвинетите Р.В, Д.В и И.М и мерката куќен притвор определен од Кривичниот совет против обвинетата Д.К да се продолжат, а на обвинетиот В.Д. определената мерка притвор да му се замени со мерка куќен притвор. Притоа беа земени предвид околностите дека доколку им биде овозможено на обвинетите да се бранат од слобода, може да се кријат или да побегнат со цел да ја избегнат кривичната одговорност, дотолку повеќе што начинот и мотивот на извршување на кривичното дело укажуваат на постоење на меѓународен елемент во извршувањето и поврзаност на извршители од повеќе земји, па напуштањето на земјата за обвинетите нема да претставува проблем. Воедно, бидејќи се работи за добро организирана криминална група, со поделени улоги меѓу обвинетите, со цел овозможување на значителна материјална корист, обвинетите можат да се кријат на територијата на Р.С.Македонија, како и реално може да се очекува дека ќе го повторат кривичното дело.​

Македонија | пред 5 години

tutunari-4

(ФОТО) Tутунарите на протест пред Владата - Решивте да направите колеж на тутунарите , тутунот за 100 денари не го даваме

Тутунарите и лозарите денеска се собраа на протест пред Владата.  Тие побараа одговори за неисполнетите ветувања за тоа дека ќе се корегира годинашната, катастрофална откупна цена. „Имам порака до претставниците на нашата власт. Ние немаме скапи превозни средства за да се шетаме низ планини. Дојдовме со трактори од 3 илјади евра на протестот. Голи, боси, гладни, последните пари ги одвоивме за да дојдеме до Скопје, нас местото не ни е тука, нас ни е местото на откупните пунктови, но таму за нас место нема. Решивте да направите колеж на тутунарите. Тутунот за 100 денари не го даваме“, посочи Николче Станковски.Поддршка на овој протест ќе дадат и од Здружението на лозари од Тиквешијата.  

Македонија | пред 5 години

Policija-i-inspekcija

Кривична пријава за угостител од Кочани, не го почитувал работното време

На 03.01.2021 во 20.05 часот од страна на полициски службеници од ОВР Кочани била извршена контрола на угостителски објект во Кочани, при што биле затекнати неколку лица, а сопственикот не ги почитувал мерките на Владата на Република Северна Македонија, односно не го почитувал работното време.По комплетирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Македонија | пред 5 години

danela

Претседателот на ССК, Арсовска нов почесен конзул на Унгарија

Владата на седница одржана на 29.12.2020 година, донесе одлука за отворање Почесен конзулат на Република Унгарија, а Данела Арсовска е нов почесен конзул. Владата го задолжи Министерството за надворешни работи да ја спроведе оваа одлука, а истата стапи на сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник односно од 30.12.2020 година.Арсовска како претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, активно работи на развој на македонската економија на национално и промоција на меѓународно ниво, како и на подобрување на надворешната трговска размена, со цел намалување на трговскиот дефицит и зголемување на економскиот раст. Арсовска пред една година стапи на највисоката позиција во раководството на World Chambers Federation, која раководи со стопанските комори од целиот свет, информација која одекна глобално со оглед на фактот што само 4 жени во светот се носители на таа функција.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Еве кои фирми зеле државна помош, а не исплатиле плати за ноември

Владата на Македонија денеска ја објави листата на компании кои земале државна финансиска помош за минимална плата, но не ја исплатиле на своите вработени.Листата може да ја погледнете ТУКА!Имено, претходно во саботата, директорката на УЈП Сања Лукаревска посочи дека платата за месец ноември во 2020 година не ја примиле дури 782 вработени од вкупно 245 работодавци кои користат финансиска помош.За  245-те работиодавачи се изготвени опомени за неисплатена плата, а ако не ја исплатат во рок од една седмица ќе следи присилна наплата на плата со блокада на нивната сметка и пренос на трансакциските сметки невработените лица. Во ноември 351 работодавец исплатиле плата по опомената на УЈП, информираше Лукаревска.

Македонија | пред 5 години

Stoilkovski04012021

Стоилковски: Пропустите при градба на Заевиот „Глобал“ доведоа до пожар, одговорност мора да има

Несреќата со пожарот во центарот на Струмица не може да помине само со искажани зборови за жалење, туку мора да се понесе одговорност. Пожарот во Глобал отвора прашања поврзани и со неговата градба и со актуелното стопанисување, а одговорите водат кон тоа дали станува збор за корупција или за несовесно работење, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Прво, како е возможно објект со кој што стопанисува ЈП Комуналец Струмица, да нема исправни хидранти, односно дали е точно и дали е возможно тие да се несоодветни и да се нестандардни за употреба при пожар?Второ, ако законски сите правни субјекти се должни еднаш годишно да ги баждарат, да ги проверуваат Противпожарните апарати, како е возможно и кој треба да ја понесе одговорноста за тоа што во објектот се вградени несоодветни хидранти, дали и кога тие се проверени?Трето, кој ќе понесе одговорност бидејќи ваков пожар можело да се случи во работен ден, при полн јавен објект, трговски центар и да има и човечки жртви, само затоа што ПП систем не функционира, односно е некомпатибилен со пожарникарските црева?Доколку и не се работеше за ТЦ легализирана дивоградба, што всушност и е ТЦ Глобал, туку за Реконструкција и надградба на градското пазариште, за што и имал документи за тоа, повторно се отвораат прашања за тоа како е граден објектот?Односно, кој одобрил и врз која проектна документација е одобрена градбата на градското пазариште, која што за тоа мора да има документација за сите фази - од статика, машинство, до ПП заштита?;Потоа, кој вршел надзор на градбата и дали има пропусти при надзорот поврзани со безбедноста при пожар во објектот?За на крај кој издал одобрение за употреба на објектот „реконструкција и надградба на градското пазариште“?Односно, дали е свесно или несовесно работење, односно изграден и предаден во употреба јавен објект кој што е небезбеден во случај на пожар?Одговори на овие прашања мора да даде лично Зоран Заев, со чиј што договор за градба од 2006 година со бизнис партнер на Заев, е почната градбата на овој трговски центар, со дозвола за реконструкција и надградба на градското пазариште, а потоа е и предаден во употреба.За потсетување, ТЦ Глобал е најголемата легализирана дивоградба во Македонија, градена како Јавно-приватно партнерство меѓу Заев градоначалникот и партнер на Заев бизнисменот. За случајот Глобал во 2008 година беше покренато обвинение за Зоран Заев и петмина негови соработници, од главниот архитект, преку изведувачот, до надзорот на градбата на објектот, за криминал тежок осум милиони евра, што остана нерешен по аболицијата со печат на претседателот на државата.Објектот е завршен и отворен во 2008 година, а е легализиран во 2014 година со потпис на Заев, со законот за легализација на дивоградби. При легализација на дивоградби, не се бара проектна документација, што подразбира проекти за статика или за ПП мрежа, туку само геодетски елаборат и платени сметки за струја и за вода.Почитувани, одговорите на сите овие прашања ги знаеме и во следниот период ќе ги објавиме, но оставаме време на власта да одговори.

Македонија | пред 5 години

strumica-global

Струмичкото обвинителство врши увид за пожарот во ТЦ „Глобал“​

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица од 10.00 часот утринава го започна увидот на самото место во ТЦ „Глобал“, каде ноќта на 2 јануари изби пожар. Неопходни услови за вршење на увид се создадоа денеска поради предупредувања за можни повремени пожари дадени од Дирекцијата за заштита и спасување и противпожарните екипи во текот на вчерашниот ден. Надлежен јавен обвинител увидот го врши во координација со увидна екипа од крим техника МВР и СВР Струмица, а обвинителството повика и вешти лица за пожари и експлозиви и за електрика со цел утврдување на причините за настанатиот пожар. Воедно, повикани се и вешти лица од областа на градежништвото и архитектурата, како и од материјално финансиско работење со цел утврдување на видот и висината на настанатата штета.Јавниот обвинител издаде наредби за подигање на траги од лице место и нивно натамошно вештачење, како и за одземање на видео записи – ресивери од видео камерите поставени во трговскиот центар. Издадени се и наредби за вршење на оперативни проверки и прибирање на информации од лица кои имаат сознанија во врска со настанување на пожарот.

Македонија | пред 5 години

opstina-aerodrom-

Објавен конкурс за избор на идејно решение за општинска зграда во Аеродром

Општина Аеродром објави меѓународен анонимен конкурс за избор на идејно архитектонско решение за проектирање на управна (општинска) зграда.Со изградбата на општинска зграда ќе се создаде можност за поефикасна соработка со граѓаните и ќе се рационализираат издатоците од буџетот на Општината.Покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, како и простории за прием на граѓани, во конкурсот се бара да се предвидат и современи технологии на градење со материјали и решенија што ќе овозможат висок степен на енергетска ефикасност.Право на учество на конкурсот имаат правни и физички лица од областа на архитектурата, а крајниот рок за предавање на трудовите е 1 март.Оценувањето на трудовите ќе го врши стручно жири, а Општината ќе додели и парични награди за најдоброто идејно решение за нова општинска зграда, и тоа 300 000, 100 000 и 50 000 денари.Сите заинтересирани можат да конкурираат на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx?fbclid=IwAR3sovidEGrQyIooGKR66ucq-sBUppquYyW-6Fqhfd09K9kUR14ZB-AEtEY#/dossie/1c0a9f5e-1bbd-45b0-9b57-52b7b6f7a65c/6 

Скопје | пред 5 години

bacev-1

Единствена Македонија: Безбедносно и политичко поврзување меѓу Македонија, Албанија и Бугарија е опасна авантура на Бујар Османи

Единствена Македонија изразува длабока вознемиреност и загриженост од најновата иницијатива на Бујар Османи за тројно поврзување меѓу Македонија, Бугарија и Албанија кое треба да опфаќа и безбедносно и политичко поврзување, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото се додава:Дотолку повеќе, Бугарија работи на целосно негирање на македонската нација, јазик, историја, култура и бришење на Македонците во Пиринска Македонија, додека од Албанија се промовира некаква тиранска антимакедонска платформа.Ја предупредувам власта во Скопје дека оваа најнова иницијатива е опасна авантура со штетни последици за македонските национални и државни интереси.За Единствена Македонија не е спорно дека треба да се развива билатералната соработа на било кој план и со било која соседна држава, но, вакво тројно политичко и безбедносно поврзување со едни соседни држави може да има штетни последици за Републикa Македонија во односите со други соседни држави.Единствена Македонија ветува дека никогаш нема да ги предаде националните и државните интереси и за таа цел ќе работи на поништување на антимакедонските договори.

Македонија | пред 5 години

tutunari-2

Тутунарите на протест пред Владата

По неколкуте неуспешни средби со министерот за земјоделие и со премиерот Зоран Заев, тутунарите најавија дека заедно денеска ќе излезат на протест пред Владата од каде велат дека ќе побараат одговори за тоа како ќе се решава нивниот проблем.Од самиот старт на откупот, ние сфативме дека ова е игра. Значи, се земаат квалитетени тутуни во пониски класи, одбитоци од огромни 10 проценти, динамиката е слаба на откуп…ланската година се откупуваа по 1.200.000 кг на ден, а сега по некои 400-500 тони на ден. Затоа ние одлучивме – протест пред Владата за конечно да каже премиерот дали има решение за нашите проблеми или нема – вели Игор Мирчески, од ИО на незадоволните тутунари.Тој посочува дека имаат уцени и невидени притисоци за да се откажат од денешниот протест, но посочува дека нема да потклекнат.Македонските тутунари, досега не влегоа во ниту еден пакет-мерки на Владата, заради што бараат барем зголемување на субвенциите, бидејќи како што велат, откупот на тутунот, и покрај досегашните преговори со сите релевантни фактори, вклучително и со премиерот, на територијата на цела Македонија, и понатаму се одвивал по старата шема.Поддршка на овој протест ќе дадат и од Здружението на лозари од Тиквешијата.

Македонија | пред 5 години

bebe

Во Велес првото бебе во 2021- женско - мајка се породила сама

Во дом на улица „Максим Горки” бр 80 во Велес, синоќа во 21:30 е родено првото бебе во Велес годинава од мајката Симона Панова (23). Мајката сама се породила дома и на свет донеле здраво и живо женско бебе тешко 2,980 кг и долго 51 сантиметар.Била повикана Итна медицинска помош и д-р Марјан Мишев кои само констатирале дека бебето е веќе родено и по што бебето и мајката биле транспортирани со возило на Итна помош на Гениколошко –акушерското одделение при велешката Општа болница,информира за МИА, д-р Василка Панова Поп Стефанова началник на Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом.Како што информира за МИА д-р Елеонора Јованова портпарол на ЈЗУ Општа болница мајката и бебето од доцна синоќа се сместени на нивното Гениколошко – акушерско одделение и двете се во добра здравствена состојба.Инаку на 23 годишната Симона Панова и нејзиниот сопруг Љупчо Митров ова им е прво бебе.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

tetovo-gostivar

175 санкционирани возачи на подрачјето на СВР Тетово, од кои 120 за брзо возење

Вчера (03.01.2021) во периодот од 12.00 до 20.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина, во која вкупно биле откриени и законски санкционирани 120 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, од кои 101 на поширокото тетовско и 19 на гостиварското подрачје. Покрај тоа, при контролата биле откриени и 3 други видови прекршоци.Исто така, во текот на вчерашниот ден во овој период реализирана е и акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол. Во оваа акција санкционирани биле 4 возачи (ТЕ), кои управувале возило со присуство на алкохол повеќе од дозволеното, а констатирани се и 48 други видови прекршоци (ТЕ-32 и ГВ-16), од кои најмногу управување без возачка дозвола, возачи-почетници и така натаму.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања