Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Талат молчи за да се заборави, но недозволиво е тој да остане претседател на Собранието, реагира Левица за пцуењето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
apasiev

„Од објавувањето на аудиоснимката на која се слуша Претседателот на Собранието, Талат Џафери, како им вика и со најпогрдни пцости ги малтретира и омаловажува вработените во Собранието, изминаа два дена, а Талат Џафери сѐ уште молчи надевајќи се дека настанот ќе се заборави за некој ден“, реагира партијата Левица.

— реклама —

Оттаму додаваат:

„Остро го осудуваме ваквото однесување кон државните службеници и сметаме дека е недозволиво пратеникот Талат Џафери да продолжи на функцијата Претседател на Собранието, којашто дополнително нашиот Устав ја третира и како Заменик претседател на Република Македонија.

— реклама —

Согласно Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија од 11 јуни 2018 година и измените од 28 јануари 2019 година, најмалку што очекуваме е дека, во најкраток временски рок, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието ќе изрече јавна опомена и суспензија на пратеникот Талат Џафери, како и забрана да претседава со Собранието во траење од еден месец.

— реклама —

Од приложената снимка, се гледа дека самиот Талат Џафери ја потврдува основаноста на настанатите тешки повреди од членот 14 на Кодексот, каде на вработените во Собранието им врши притисок за време на извршувањето на нивните работни задачи користејќи зборови и изрази со кои ги омаловажува и го навредува нивното достоинство“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Пратениците изгласаа измени на законите за јавниот сектор, платите, високите раководители и шумите

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
Sobranie-zgrada

Три собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и антикорупциската стратегија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryirl9r7delq378vRnwTb

Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси

Македонија | пред 2 седмици

Sobranie-zgrada

Собранието домаќин на регионална конференција за парламентарниот надзор на патот кон ЕУ

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања