Промени тема
Контакт

Собранието функционира, не успеа блокадата на Мицкоски, смета Мицкоски и не ги коментира пцостите на Џафери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
blokada-sobranie-51

„Пропаднаа обидите за блокада на Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски“, смета СДСМ.

Оттаму додаваат:

„И покрај тоа што се потрошија два дена на нивните бесмислени предлози, дневниот ред се усвои и Собранието продолжува со работата.

— реклама —

Без нималку чувство на одговорност, во време на најголема светска економска и енергетска криза, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заради лични и партиски интереси на Мицкоски го блокираат Собранието наместо да работат за граѓаните кои им дале доверба.

— реклама —

СДСМ, заедно со парламентарното мнозинство работи за граѓаните, ќе ги надминеме сите блокади и опструкции од ВМРО-ДПМНЕ и сите законски решенија од интерес на граѓаните ќе бидат донесени.

СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ да нанесат штета врз граѓаните и државата.

— реклама —

Собранието мора да биде функционално во време на светска економска криза, брзо и ефикасно да носи решенија кои значат помош и поддршка за граѓаните и домашната економија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Sobranie-zgrada

Собранието домаќин на регионална конференција за парламентарниот надзор на патот кон ЕУ

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
Sobranie-zgrada

Од безбедноста во сообраќајот до борбата против корупцијата: Пет собраниски комисии денеска заседаваат

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycict5j7719rp1mmFsjG

Критики, навреди и пцости во Собранието: Гаши денеска се откажа од Законот за нетранспарентно трошење за проектот Скопје – Европска престолнина 2028

Македонија | пред 1 месец

Sobranie-zgrada

Закони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во Собранието

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања