Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

korona-vakcina

ВМРО ДПМНЕ: Филипче гадно доцни со вакцините, а се фали со дози со кои може да се вакцинира само град колку Злетово, нека погледне кај соседите да види што значи план

Филипче конечно се „пофали“ со информација „првата доза од 5850 вакцини против КОВИД - 19 од производителот Фајзер стигнува во февруари“.  Прво, информацијата следи со недозволиво доцнење, второ станува збор за многу мала доза на вакцини. Ова е доволно да се вакцинира отприлика само еден колку Злетово кој брои помалку од три илјади жители. Филипче продолжува со некакви полуинформации дека во директни преговори се обезбедени 800.000 дози за цела 2021, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Детали за тоа кога и колку вакцини ќе стигнат нема.И додека Филипче вели дека динамиката дополнително ќе ја утврдува, регионот и земјите од ЕУ имаат многу јасна слика или детален план.Колку за илустрација еве неколку примери, како е тоа во земјите од соседството и што треба или требаше да направат Филипче и Зоран Заев, наместо да возат мотори.Грција во првата тура доби 9.750 вакцини, за веднаш следната тура на вакцини од Фајзер да биде 83.850 дози. Ова се дози на вакцини кои стигнаа до крајот на декември 2020 година. Планот на Грција кој го соопштија надлежните вели 419.250 дози исто од Фајзер до крај на јануари, 333.450 дози исто од Фајзер до крај на февруари, околу 400 илјади дози во март за до крај на март бројот достигне до 1.255.800 дози. И ова се вакцини само од Фајзер. Во првиот квартал на 2021 година Грција очекува 240 илјади дози од Модерна. Потоа 500 илјади дози од Астра Зенека до крај на јануари, исто од Астра Зенека 800 илјади дози до крај на февруари, 1.500.000 од истиот производител до крај на март, и 2.200.000 исто од Астра Зенека до крај на април. Дополнително Грција чека вакцини од Санофи, Џонсон и Џонсон и КјурВак.Премиерот на Албанија Еди Рама на првиот ден од 2021 година објави договорени се 500 илјади дози од Фајзер и даде и детали,10.750 дози на Фајзер ќе стигнат третата недела од јануари, 30 илјади дози во февруари.Филипче и Заев наместо да лудуваат со мотори, за што единствено се покажаа способни, да излезат пред граѓаните и да дадат детали за вакцините. Одговорноста пак не им бега, ќе мора да одговараат.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-bolnica

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 22 пациенти, а вкупно се лекуваaт 375 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 375 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за Неврологија, на Клиниката за Гастроентерохепатологија и на Клиниката за Неврологија. Двајца болни се примени на ТБЦ и уште двајца на Клиниката за Дерматологија. Тројца болни биле хоспитализирани на ОРЛ.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 4 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 13 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти, наКлиниката за очни болести 8 пациенти, а на ОРЛ 10 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти.Вкупно 375 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 120 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

lisici

Приведен угостител од Пробиштип поради непочитување на работното време на угостителски објекти

На 03.01.2021, полициски службеници oд ОВР Пробиштип извршиле контрола на угостителски објекти на подрачјето на ОВР Пробиштип во поглед на почитување на работното време. При контролата, во 18.25 часот во угостителски објект на Градскиот плоштад, сопственост на И.М.(44) од Пробиштип, биле затекнати повеќе гости кои биле послужени со пијалаци.Сопственикот И.М. бил лишен од слобода и приведен во ОВР Пробиштип, а за настанот бил известен Државниот пазарен инспекторат за преземање на мерки од нивна надлежност.По консултации со Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против И.М. ќе биде поднесена кривична пријава, поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по член 206 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Институт за демократија: Со институциите не треба да раководи оној кој е посакуван, туку оној кој е најпотребен

Функционални државни институции се предуслов за транспарентно и ефективно демократско владеење и задоволни граѓани. Институциите треба да обезбедат квалитетни и навремени јавни услуги кои ќе им го подобрат квалитетот на животот на граѓаните и ќе им ја вратат довербата во државната администрација. Градењето на силни државни институции е возможно само доколку со нив раководат искусни, професионални и квалитетни лица.Во моментов во постапка се неколку закони кои ќе овозможат државните институции и администрацијата да го искористат максимумот и да работат во служба за граѓаните. Иако, процедурата за овие закони може да одземе многу време, Институт за демократија смета дека Владата во овој период има можност на дело да ги покаже и докаже своите заложби со тоа што ќе овозможи законски и фер избор на функционери на високи раководни позиции.Законските измени пропратени со силна политичка волја за соодветна имплементација се клучни за функционални институции раководени од искусни, квалификувани и квалитетни кадри. Ова е најголемиот предуслов за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. На овој начин институциите ќе го оправдаат своето постоење и ќе работат во служба на јавниот, наместо на приватниот интерес на политичките и бизнис елитите.Начинот на избор на високата раководна служба мора да биде транспарентен и лесно достапен за сите заинтересирани, преку јавни огласи со одреден конкретен рок кој мора да биде испочитуван. Исто така, многу е важно да се воспостават критериуми по кои највисоко вреднувани ќе бидат лицата кои поседуваат интегритет, квалитет и релевантно искуство.Оттука, доколку Владата сака да покаже дека работи во интерес на сите граѓани, мора ја отфрли партиската припадност од листата на приоритети. Само на тој начин, може да се изберат соодветни кандидати кои ќе одговорат на задачите на институцијата во која се именувани.Во овој контекст, враќањето на довербата на граѓаните во институциите, е можна единствено ако процесот на избор на раководната служба е соодветно документиран и достапен до јавноста и недвосмислено покажува зошто токму тоа лице е најсоодветно за работната позиција. Единствено на овој начин ќе имаме функционални институции и задоволни граѓани.Сите политички чинители ја искажуваат својата заложба за влез на државата во Европската Унија, како и развивање на македонското општество во демократија во вистинската смисла на зборот. Овие заложби се искажуваат во најразлични прилики од интервјуа до предизборни кампањи. Но, вистинските заложби, се покажуваат на дело, преку континуирани реформи и видливи резултати.

Македонија | пред 5 години

covid-19-vakcina

Македонија добива 800.000 дози од Фајзер, 5850 стигаат во февруари

Република Северена Македонија, ќе добие 800 000 вакцини против Ковид 19, од прозиводителот Фајзер. Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против Ковид 19. Првите 5850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февраури, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди.Нашата земја навремено почна со подготвоките за вакцинација против Ковид 19 и постоечката функционална и одлично поставена здравствена инфраструктруа каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона.Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени целзиусови, а истите во нашата земја ќе пристигна месецов.Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.

Македонија | пред 5 години

strumica-global

ВМРО ДПМНЕ: Заев и Филипче се возат на мотори кои вредат колку две противпожарни возила

Глобал гореше, штетите се огромни, а на терен спасија само храбрите пожарникари, кои со натчовечки напори се справуваа со пожарот. И нивната работа ќе беше полесна, ако Заев наместо мотори за него од 30.000 евра купеше противпожарни возила за Струмица, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Во истиот ден кога беше пожарот, Заев и Филипче со пет мотори во вредност од над 150.000 евра дивееја по Беласица.Со 150.000 евра се купуваат две противпожарни возила, и се обештетуваат 15 бизниси со по 10.000 евра.Доколку Заев сакаше да покаже солидарност тоа можеше да го стори, но наместо за народот, Заев се расфрла со скапи и луксузни работи.Кому му е гајле што Глобал нема противпожарен систем и хидрантска мрежа, важно Заеви имаат мотори од 150.000 евра.И сега наместо владата да излезе и уште на прва седница да исплати обештетување за засегнатите и оштетени субјекти штетата ќе се покрива од донации. Врв на неспособност и лицемерие.

Македонија | пред 5 години

strumica-global

Бачев: За другата страна на Глобал, надворешно зградата е убава но, внатре е вистински хорор

За другата страна на Глобал. Надворешно зградата е убава. Но, внатре е вистински хорор.На огромен простор на целото приземје расфрлани на големи тезги се продава едно до друго овошје, патики, влечки, зеленчук, обувки, делови за домашни уреди, детски играчки, разноразна облека... и каква ли се не стока на купче, напиша на својот ФБ профил претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.Бачев во објавата додава:Внатре силна отровна миризба на гума на простор со прехранбени производи иако на секој му е јасно дека од памтивек зелените пазари биле на отворено.Зградата е со повеќе катови, а функционална е само до вториот кат, нагоре е празно и со некаков празен паркинг простор.Свесно или несвено, некој го замислил овој промашен објект од нему познати цели, кој содржински е едно големо ништо и на погрешно место⁉️

Македонија | пред 5 години

velo-markovskio

Вело Марковски: Ми накалемија 4 дела за кои генерално првин ме притворија, а потоа бараа докази

Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение против осум лица за илегални археолошки истражувања за стекнување на личен профит. Еден од нив е познатиот инфектолог Вело Марковски. Оваа информација обвинетелството ја пласираше за 31 декември 2020 год.По три дена молк, денеска својата страна од овој случај на социјаланта мрежа фејсбук ја образложи инфектолог Марковски.Во продолжение ја пренесуваме објавата на Марковски во целост:Среќна нова 49…или беше ковид 19…или Среќна 2021…или 21 век беше Македонија е среќна земја, и многу богата…со бесценето богатство, само час поскоро Вело да се осуди за да може ова бесценето богатство да се подели меѓу народот…Да, да овој пат ќе се дели подеднакво на сите, не е оваа власт како онаа на Груевски па да си го подели бесценетото богатство меѓу себе. Впрочем, „Нема правда нема мир“ беше нивна парола со коај се сруши режимот, а самиот Груевски после изборите изјави „Ме срушија интелектуалците од ВМРО, кои не излегоа на гласање“.Да, интелектуалците не сакаат режими, и опозицијата исто така, ама кога ќе се седне на власт некако убаво ти доаѓаат придобивките од предходниот систем, зошто да ги менуваме одма, (си го поставуваат прашањето) и на таа освоена територија си доградуваат нови, нивни, оригинални правила, што ги прави режим полош од режимот. А зошто е среќна Македонија, па на само неколку часа пред новата 2021 година се ослободи од најголемиот криминалец, сите тв куќи, национални и локални, сите портали, сите електронски медиуми во еден глас го објавија големиот успех на Јавното обвинителство, како рекапитулар на напорите против сиот криминал во пандемиската 2020 година, свечено објавија дека Пабло Ескобар и целото негово богатство од 60 милјарди долари, не е ништо наспроти бесценетото богатство на Вело. Сега, можеби ќе беше посоодветно ЈО да одржи прес коференција на 6 часа пред новогодишната ноќ, ама сепак се решија дека тоа би можело да биде сватено како многу сурово.Подобро сите медиуми со филмови, монтажи нека објават. Сега, мене лично ако ме прашате, ваков голем успех требеше да го соопшти Премиерот, или Претседателот на државата.Бидејќи сум осуден без и да бидам прашан дали и што сум направил, осуден, бидејќи има ли судија што ќе се охрабри да пресуди поинаку кога со здружени сили пресудa донесоа ЈО, владеачката партија и целокупната јавност, претставена од медиумите…би сакал конечно да објаснам што ми се случуваше/случува во изминативе 2 години, па македонската, но и меѓународната јавност (83 милиони прегледи на моја тв емисија секако се индикатор дека и нив ги интересира) нека пресуди дали е Вело криминалец, сребролјубец, педофил, некрофил, забеган или е срна за отстрел, не класичен отстрел, туку онака во еден убаво осмислен процес од страна на тие што се грижат за доброто на сите нас, Вело да биде тргнат, да го снема, да заборавиме дека постоел, да го дискредитираме, оцрниме, а потоа затвориме.Ми накалемија 4 дела за кои генерално првин ме притворија а потоа бараа докази. Страшното дело, поседување на експлозив, распрскувачки материјали и оружје, во превод значи кај Вело дома во семејната куќа од три спрата, на третиот спрат, заклучен, го најдовме пиштолот на татко му со дозвола постара од 50 години. Ако имаше објективност ЈО ќе признаеше дека пиштолот е повеќе со трофејна вредност, не е испукано од него повеќе од 10 години.Вело живее на први спрат (иако куќата е на негово име), татко е починат, а пиштолот не е најден ниту на спратот кај што шивее Вело, ниту кај него или во кола…Второто и тертото дело поседување и криење на културни и посебно нагласени природни богатства со непроценлива вреднсот, во превод знаши од кај Вело товаривме едно комбе со камења за кои вештакот не сакал ни да ги вештачи и одма им рекол дека се кварц и корунди кои се минерални суровини. Проверил само неколку камчиња/ кристали во глвавно обработени и се минерали и кристали кои ги нема во Македонија (кои јас сум ги купувал за накит по саеми).Покрај тоа вештаците ангажирани од ЈО идентификувале бројни реплики (купувани по Египет, Турција, автопазар во Скопје, но и како предмети од носии и други елементи на етнолошко културно наследство, предмети какви ги има во најголемиот број на семејставата кои ги негуваат традиционалните вредности. Исто така еден од вештаците проценил дека римски бронзани парички се најдени во мојот дом, со вредност од околу 300-500 евра вкупно, и дека истите ги има во секоја нумизматичка куќа во Европа со поединечна цена од 3-4 евра. Значи и покрај одредената вредност (што е вероватно задача на ЈО да процени колку чини) се излегува со формулација…бесценето богатство. И четвртото, нај злонамерно обвинение, злосторничко здружување, онака како додаток. Тоа што немам никаков контакт (сум бил под пим мерки и ги знаеле сите мои контакти, разговори…) со никого од тие што ЈО тврди дека се група, што прв пат ги видов луѓето во судница и што освен двајца сите други се на возраст од 70-80 години, не е важно, додај му го па нека докажува Вело.Па нели првин докази се собираа па после се одредуваше притвор. Ете тој е мојот криминал, и најголемиот успех на ЈО за последниве две години.Мене ми останаа многу прашалници во главава.Прво, зошто мораше да бидам држан во притвор, дури бев вратен во притвор после хируршка интервенција со дренови во абдоменот. Зошто не ме пуштаа на преглед (два пати закажан) кај ОРЛ специјалист поради синдром на Мениер (кој страда од оваа болест знае какви маки се) кога располагале со сите докази, се плашеа ли дека ќе бегам од државава. Уште по нејасно ми е како предметот, целокупниот предмет се најде уште пред 3 месеци кај портпаролот на владеачката СДС па тој на прес коференција го образлагаше. Дали во ЈО нема доволно обвинители па предметот треба да го презентира во јавност владеачката партија. Дали владеачката партија нема доверба во ЈО па си ја презеде работата во свои раце. Нели по дефиниција во ЈО работат врвни правници кои го знаат уставот и законите. Зошто го прекршија уставот со изнесување на предметот во јавност, смее ли било кој предметот на ЈО да биде предмет на анализи од политички партии за време на предистражен процес. Треба ли некој да биде осуден пред да почне судењето. Ги прашувам ценетит еобвинители, ЗОШТО не му веруваат на судот. Се плашат ли дека судиите не се доволно упатени или недај боже да падне предметот кај судија професионалец па се да им пропадне во вода. Односно, ЗОШТО ЕДНОСТАВНО НЕ ПОДНЕСОА ОБВИНИТЕЛЕН АКТ пред судот.Зошто првин ме осудија , па побараа подрша од јавноста за оправданоста на нивната пресуда. Сакаат ли со ваква постапка да му ги врзат рацете на судот. Зошто јас и моите адвокати требаше да разбереме од медиумите дека е подигнат обвинителен акт против мене.А дали сум сребролјубец, можат да посведочат многу болни пријатели и непознати дали за помош и консултација (жал ми е што технички не можев да одговорам на сите) на некого сум побарал пари (сите знаат дека во паникава се плаќа и колку се има и колку се нема) или било каква услуга. Дали сум застанал, сум форсирал некој лек за време на оваа пандемија. Дали инспекциите кои цела година испитуваа по завршување на мандатот директор на Инфективна клиника најдоа еден денар проневера, во период кога на завршна сметка клиниката имаше, 500.000 марки, па следната година 500.000 евра добивка.Дали ги наплатив трибините (Зоом платформата сам ја платив) кои ги одржав за докторите во Македонија (околу 300 доктори), трибини кои не беа регистрирани од истите медиуми кои сочно честита Нова година со мои слики и монтирани филмови. Дали за бројните тв емисии некогаш сум побарал пари или кола да ме земе.Во ред, Вело ќе го нема, само Вело не сфати и не сфаќа што згрешил. Зошто е лошо ако помагаш да се спасат човечки животи. И Вело не сваќа зошто е лошо да ги пренесува своите знаења на студентите.За крај една строфа од поемата Срничка која ја напишав во притвор …Што згрешив сега се запраша внатреМожеби затоа што не сакав родот наш да се затреУчев ли многу, елен ли сакав да бидамНа мама и избегав еднаш, далеку од дома се да видамСкопје3.1.2021 година Проф др Вело Марковски

Македонија | пред 5 години

karadzoski-2

Жарко Караџовски е позитивен на Ковид 19

Министерството за здравство ве информира дека претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски е позитивен на вирусот Ковид 19. Тој останува дома во изолација, се чувствува добро. Во изолација останува и неговата сопруга.Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести.

Македонија | пред 5 години

korona5

Денеска се регистрирани 237 нови случаи на Ковид 19 и починати 8 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1525 тестирања, а регистрирани се 237 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-123, Куманово-15, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-7, Струга-11, Велес-5, Битола-5, Охрид-13, Кавадарци-11, Гевгелија-6, Струмица-5, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-2, Виница-1, Свети Николе-1,Кичево-2, Ресен-1, Неготино-6.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 460 оздравени пациенти од: Скопје-219, Куманово-28, Дебар-6 Штип-8, Прилеп-27, Тетово-22, Велес-14, Битола-21, Кавадарци-27, Гостивар-18, Гевгелија-12, Струмица-11, Крива Паланка-4, Радовиш-4, Кочани-9, Демир Хисар-1 Македонски Брод-1, Валандово-5, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-8, Ресен-2 и Неготино-9.Починати се 8 лица, еден пациент од Скопје (75г), двајца од Куманово (61 и 65г), еден од Штип (71г), еден од Битола (66г), еден од Охрид (79г), еден од Радовиш (75г) и еден пациент од Кочани (67г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84024, бројката на оздравени пациенти е 62929, на починати е 2530, а бројот на активни случаи изнесува 18565. Од вчерашната статистика се регистрираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 36302, активни 10918• Куманово 4771, активни 494• Дебар 641, активни 120• Штип 3315, активни 225• Прилеп 4256, активни 510• Тетово 4785, активни 815• Струга 2063, активни 327• Велес 2780, активни 463• Битола 3052, активни 512• Охрид 2468, активни 518• Кавадарци 2159, активни 511• Гостивар 3397, активни 518• Гевгелија 1176, активни 276 (77 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 200 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2321, активни 591• Крива Паланка 633, активни 120• Радовиш 625, активни 106• Крушево 167, активни 74• Кочани 1608, активни 202• Пробиштип 450, активни 40• Демир Хисар 237, активни 37• Македонски Брод 220, активни 25• Пехчево 156, активни 32• Берово 502, активни 49• Валандово 314, активни 52• Виница 448, активни 62• Делчево 671, активни 206 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 193, активни 15• Свети Николе 1044, активни 87• Кичево 1578, активни 210• Ресен 653, активни 142• Неготино 1039, активни 308 (162 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1525 теста се преку: ИЈЗ-331, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена-165, Биотек-220, МАНУ -135, Жан Митрев (Филип Втори)-114, Систина со PCR метода -282, лабораторија Лаор –112, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-0, ГАК-0, Синлаб-27, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -56, УК Пулмологија со алергологија –2, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 404.347 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

strumica-global

ФБ: Му се ситат на Заев! Ете, толку се глупави - за објектот има осигурување

ФБ Објава по пожарот во Глобал:Му се ситат на Заев!Си мислат, некој вид космичка правда го снашло.Ете, толку се глупави.За објектот има осигурување.Целата штета ќе му се надомести на стопанот.За кираџиите што си тераат бизниси од дуќаните и тезгите, не знам.Некои можеби имаат осигурување, некои можеби немаат.Некои можеби имаат клаузули за надомест на штета, главно загубени залихи и приходи, некои можеби немаат.Ама,.примитивниот ум од 19 век се што знае е да се сити на туѓа несреќа.Без да знае на кого му припаѓа несреќата.Без да знае дека тој, со самото тоа што се сити, и припаѓа на несреќата, дел е од неа.Тоа не е гнасно, ниско, подмолно.Тоа е неуко, неписмено.Заостанато.

Коментари | пред 5 години

Нема фотографија

Тинејџер прободен со нож во парк во Драчево

Седумнаесетгодишно момче било прободено со нож во парк во Драчево.Според информациите на МВР, вчера С.Ѓ.(28) од Скопје пријавил дека околу 23.40 часот во парк во населбата Драчево, неговиот 17-годишен внук бил физички нападнат од две лица, од кои едното од нив употребило остар предмет, нанесувајќи му убодна рана во ногата.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 години

radovisanec

Приведен 24-годишен радовишанец, кој со возило помина низ радовишкото шеталиште

Во врска со случајот пренесен преку видео снимка објавена на социјалната мрежа „Тик-Ток", во која едно лице влегува на плоштадот со своето патничко возило „БМВ“, полициски службеници од ОВР Радовиш денеска (03.01.2021) во 15.00 часот во полициска станица Радовиш го приведоа Т.К.(24) од Радовиш, кој бил идентификуван како возач на патничкото возило од снимката.Тој, на 30.12.2020 околу 22.00 часот на ул.„22 Октомври“, пред угостителски објект, со своето возило преминал преку површина наменета за пешаци (шеталиште) и постапил спротивно на поставен сообраќаен знак за ограничување на движење на возило. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 124, став 3, како и член 187, став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Македонија | пред 5 години

korona-2

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 537 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 537 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 37 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 83 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 72 во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 58 пациент, во Кочани 17 во Кичево 11, Кавадарци 27, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 12 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 911 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

policija-1

Кривична пријава против 20 лица од Скопје кои биле затекнати како седат во иста соба

Полицијата поднесе кривична пријава против 20 лица од Скопје кои биле затекнати како седат во иста соба, а истиот ден влегле и во хотелскиот базен во поголем број од дозволеното.Според информациите на МВР, полицијата во Крушево поднесе кривична пријава против И.Г. (42), Д.В.(42), З.Б.(29), М.А.(33) В.М.(36), Е.С.(32), Д.Т.(27), С.Н.(19), Н.М.(26), С.М.(36), М.Ц.(36), М.М.(48), А.К.(34), С.К.(36), Б.Г.(38), А.Н.(40), Г.С.(36), В.Д.(36), М.К.(36) и М.Д.(43), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.На 19 септември пријавените биле во една соба во хотел во Крушево, иако биле предупредени од страна на персоналот на хотелот да не се групираат и да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19. Истиот ден, тие влегле во хотелскиот базен во поголем број од дозволеното, спротивно на протоколот според кој дозволено е присуство на максимум шест лица во базен.

Македонија | пред 5 години

ivermecin

Новиот лек против Ковид-19 од сега и во Македонија

Лекот Ивермектин, кој се користи за лекување на пациенти заразени со коронавирусот од утре пристигнува во Македонија. Агенцијата за лекови МАЛМЕД дала зелено светло на веледрогериите да може да го донесат во земјава, објави fokus.mk. Доктори епидемиолози апелираа лекот Ивермектин, кој кај нас со години се користел во ветеринарната служба, да стане дел од терапијата за лекување на пациентите со компликаци од корона вирусот бидејќи студии од западните земји покажале дека тој дал одлични резултати.Текстот во целост на:  fokus.mk. 

Македонија | пред 5 години

sudstvo-2

СДСМ: Прочистувањето на судството започна, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе мора да се соочат дека правда и одговорност ќе има

ВМРО-ДПМНЕ бадијала попречуваат и бранат криминал. Одговорност и прочистување на судството ќе има. ВМРО-ДПМНЕ ставена во одбрана на криминалот, упорно се труди и прави се` за попречување на правдата, за средување на состојбите во судството, истото кое оваа партија го урниса и 11 години го држеше под контрола. Токму затоа тие беа и единствените против Законот за Јавно обвинителство, но не успеаа, се вели во реакцијата на прес-конференција на Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение на истата од СДСМ додаваат:Партија која своите лаги ги пласира од Белата палата, синоним на криминалот и корупцијата, со блокирана сметка, замрзнат имот, и извршители за позлатени рамки на слики од бегалецот Груевски, најмалку може да зборува за правда, правна држава, независно судство.Партија која го измисли сваровски судството со кое "пали гаси" беа судии и обвинители од тефтерчето на ВМРО-ДПМНЕ, нема образ да глуми загриженост на оваа тема.Им се допаѓало тоа или не на "единствениот на браникот на криминалот, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, правда ќе има, прочистување на судството ќе се случи.Правдата е првиот, врвен приоритет и во стратешката рамка "Акција 21", на Владата предводена од СДСМ.Филтрацијата којашто започна е директен удар врз судството какво што го создаде ВМРО-ДПМНЕ.Методологијата за филтрација ја направија Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, односно самата фела. Со неа ќе се одделат корумпираните од чесните, стручните од нестручните судии и обвинители.Се работи за европски концепт, со кој ќе се зголеми транпарентноста, правичноста и ефикасноста во правосудството.Филтрацијата почна и нема да заврши сеʼ додека граѓаните не добијат прочистено судство, правда еднаква за сите.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да се соочат во реалноста, дека правда ќе има.

Македонија | пред 5 години

zaev-1

(ВИДЕО) Заев од пред опожарениот „Глобал“ најави акција за расчистување и за собирање помош

Премиерот Зоран Заев го посети опожарениот трговски центар „Глобал“, каде доцна синоќа изби голем пожар, при што изгореа десетина дуќани и тезги од пазарот. Тој рече дека е направена непоправлива штета, но дека е најдобро тоа што нема човечки жртви.„ Тоа е најважно, се друго се надместува. Сакам да им заблагодарам на пожарникарите кои направија се за да го спречат огнот. Им благодарам на сите екипи од околните градови кои помогнаа“ рече Заев.„ На луѓето кои загубија се што граделе сакам да им порачам дека сите ќе помогнат, Владата, општината, бизнис заедницата. Сакам да знаат граѓаните кои загубија се дека од утре организираме акција за расчистување и акција за собирање помош. Ќе направиме се да го вратиме животот во нормала. Сите имоти ќе ги вратиме во нормална состојба“ рече Заев.Тој повика на солидарност и вклучување на струмичани и на локалните компании.„Голема благодарност до противпожарните бригади кои до 4 наутро се бореа со пожарот. Благодарни сме за пожртвуваноста која ја покажаа и струмичките но и пожарникарите на околните општини“, изјави премиерот Заев.„Глобал“ е симбол на модерна Струмица, струмичкиот пазар е место каде се собираат струмичани и живее струмичкиот дух“, рече Заев најавувајќи солидарност и сплотеност од страна на заедницата, бизнис секторот, институциите и општината како и сите граѓани.„Секој ќе помогне на секој можен начин! Сите заеднички ќе помогнеме!“, рече премиерот ветувајќи помош и од институциите за санирање на материјалните штети.Тој подвлече дека сега за Божиќните празници, сите граѓани и институции ќе покажат солидарност и заедништво и упати порака до оштетените граѓани дека веднаш уште утре, ќе се организира масовна солидарна и работничка акција за што поскоро да се врати животот на струмичани во нормала. 

Македонија | пред 5 години

radovisanec

(ВИДЕО) ТИК ТОК лудило - радовишанец си се провоза низ плоштад

Не е само Скопје град каде возачите сакаат да се „фалат“ со своите автомобили, со што испраќаат порака дека се „недостижни“ за полицијата. Радовишанец на социјалните мрежи објави видео како влегува на плоштадот со своето „БМВ“.Ново видео од несовесен возач објавено на ТикТок.https://twitter.com/VikoInspektor/status/1345405582870765570?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1345405582870765570%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fradovishanec-so-bmv-si-se-prosheta-niz-ploshtad-video%2FДеновиве  соцојлната мрежа ТИК ТОК стана многу актуелна затоа што токму тука се објавуваат видеа од несовесни граѓани. А тие како да се натпреваруваат кој поголема глупост ќе направи. 

Македонија | пред 5 години

strumica-global

Јанев: Општина Струмица ќе им помогне на оштетените во пожарот во „Глобал“

Тажна е сликата денеска, по пожарот кој ноќеска пред полноќ, избувна во трговскиот центар „Глобал“. Изгорени се повеќе трговски објекти и внатрешниот дел во којшто се наоѓаат продавници и тезги. Пожарот е изгаснат, но сеуште под контрола на пожарникарите за да не се појават нови жаришта. За среќа жртви и повредени нема, но причинета е голема материјална штета – напиша денеска на Фејсбук градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.Тој им се заблагодари на сите пожарникари кои учествуваа во гасењето на поажарот и најави дека општината во рамките на нејзините можности ќе им помогне на оштетените.„Голема благодарност до нашите пожарникари од Струмица и нивните колеги од Кавадарци, Радовиш, Штип и Валандово, како и за вработените во ЈПКД „Комуналец“, за несебичната пожртвуваност и надчовечките напори коишто ги покажаа во гаснењето на пожарот. Сочувствувам со сопствениците на опожарените објекти за големата претрпена материјална штета. Општина Струмица во рамките на своите можности ќе направи се да им помогне во санирањето на штетите“ – порача Јаневски.

Македонија | пред 5 години

03-01-2021-Kuzeska

Кузеска: "Стоп за дезинформации" е најава за засилување на борбата против лажните вести

“Стоп за дезинформациите”, е еден од 10 приоритети во стратешката владина рамка “Акција 21” – за европски стандарди дома. СДСМ како одговорна партија целосно е посветена на спроведување активности за спротивставување на дезинформации, лажни вести со што ќе се спречат штетите коишто му ги нанесуваат на нашето општество, истакна на денешната прес конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Кузеска во продолжение на прес конференцијата додаде:Во рамки на Планот за одлучна акција против ширењето на дезинформациите и против нападите врз демократијата, во периодот пред нас, ќе има засилени активности, широки консултации со медиумските работници и со граѓанскиот сектор, и уште посериозна, поинтенивна борба со дезинформациите, со говорот на омраза и сите други форми на хибридни закани против демократијата.Со овој План изработен е и протокол за кризни комуникации помеѓу централниот владин комуникациски сервис и министерствата, којшто за време на ковид кризата изминатата година, значително придонесе во сузбивањето на лажните вести кои во огромен број беа пласиран преку медиуми со сомнително финансирање и блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ .Такви тенденции се препознаваат и денес со вестите поврзани за вакцината против КОВИД-19, се со цел да се предизвика недоверба кај граѓаните, несигурност и паника, и секако, да ги обезвреднат силните напори на институциите и лекарите во борбата против пандемијата.Ваквите обиди ќе се разобличуваат како дезинформации во соработка со факт чекери, а на медиумите ќе им се обезбеди најтранспарентен пристап до релевантни извори и информации , со цел креирање објективни медиумски содржини кои се од јавен интерес.Јавниот интерес мора да се штити, граѓаните треба и мора да бидат целосно точно и навремено информирани за начините на заштита од КОВИД, вклучително и за процесот на вакцинација.Лажните вести се директен удар врз демократијата. Тие мора да се препознаат, да се посочат, разобличат и целосно да се сузбијат.Токму затоа е важна и образовната реформа за воведување на медиумска и дигитална писменост во основното образование.Завршена е и процедурата за усогласување на Меморандум за соработка на нашето Министерство за одбрана со НАТО на полето на сајбер одбраната.Овој Меморандум ќе овозможи координирана реакција на сојузниците во случај на сајбер напади.Нашата држава има голема поддршка од стратешките партнери во борбата против лажни вести и дезинформации, кои го напаѓаат целиот свет.Целосно посветени, Северна Македонија ќе биде лидер во изнаоѓањето на решенија и заедно со партнерите од ЕУ и НАТО, соодветно ќе возврати на оваа штетна појава.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-bolnica

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 19 пациенти, а вкупно се лекуваaт 374 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 374 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за Очни болести, на Клиниката за Кожни болести и на Клиниката за Неврологија. Двајца болни се примени на ТБЦ и уште двајца на Клиниката за Нефролигија.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти, исти толку и на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти, на Клиниката за очни болести 8 пациенти, а на ОРЛ 7 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти.Вкупно 374 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 130 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

andonovski

Андоновски: Прочистувањето во судството е само фасада за да остане неказнет криминалот на Заев, Рекет, Дончев

СДСМ и Зоран Заев избираат послушни обвинители и судии, кои ќе работат за заштита на криминалот и корупцијата. Со промоцијата на лажни концепти, се сака во правосудството да останат само блиски и погодни луѓе на СДСМ и Зоран Заев, за да остане неказнет криминалот, истакна Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Андоновски додаде:Прочистувањето во судството е само фасада за криминалот на Заев и власта да не види разврска.Наместо да се избираат сомнителни лица, на правосудниот систем му се потребни чесни, искусни, непристрасни професионалци кои ќе го реформираат системот одвнатре, без мешањето на Маричиќ и Заев. Реформи не можат да прават лица кои никогаш во животот не работеле како судии, а единствена препорака е од нивните фамилии со високи партиски функционери од СДСМ. Реформи не можат да прават лица против кои постоеле истраги за проневери на стотици илјади евра со барања за притвор.Доколку Маричиќ сака да се занимава со реформи, му предлагаме да се позанимава со следните прашања:1) Зошто обвинителството не се произнело за 30те кривични пријави поднесени во врска со изборен криминал за време на предвремените парламентарни избори? Во овие кривични пријави има докази, слики и податоци дека градоначалници и високи функционери на СДСМ се „фатени живи“ во давање поткуп за гласови.2) Зошто Рускоска не го расчистува вештачењето на телефоните во случајот Рекет? Дали некој високо во СДСМ се плаши од тоа што може да се најде на телефоните на учесниците во мега-скандалот?3) До каде е работата на обвинителството во случајот со Ден Дончев, и во врска со договорите за дијализа, и во врска со торбите со кеш пари?4) До кога ќе се дозволува високи антизападни олигарси како што е случајот Дака на сомнителен начин да добиваат дозволи за градба на мега-комплекси во центарот на Тетово?5) Како може обвинителството да нуди лажни сведоци за да затвора патриоти на повеќе од 200 години затвор?6) Дали е логично главните лица од обвинителството да имаат омраза и аверзија кон опозицијата, и во исто време да работат случаи против ВМРО-ДПМНЕ?7) Кога ќе престане застрашувањето на новинари со истраги, повици во полиција, условни осуди?Очигледно е дека преку сеењето магла се сака да се зголеми и продолжи контролата на судството и обвинителството.На Македонија и е потребен транспарентен и објективен систем, со силна правосудна независност. Судот мора да суди според законот, независно дали се работи за висок партиски функционер од СДСМ, претставник на опозицијата, неопределен граѓанин. Судот и обвинителството мора да бидат еднакви и праведни за сите, а не под клештата на власта.Затоа потребна е промена. Промена на власта, за ослободување на системот.

Македонија | пред 5 години

27122020_PVRSM_Zaev_obrakjanje_povod_pretstojnite_praznici

Заев за МИА: Нема предвремени избори и нема да има неосновано изнудување на оставка на Владата

Нема предвремени избори и нема да има неосновано изнудување на оставка на Владата. Нема ниту потреба, ниту логика за оставки. Таквата постапка би била изневерување на сите што дадоа поддршка за европската агенда на земјата. Владата е стабилна, поддржана од стабилно мнозинство во Парламентот, вели премиерот Зоран Заев во интервју за МИА.Заев говорејќи за можност за предвремени парламентарни избори, кои ги бара опозицијата, по бугарското вето, но и за работата на Парламентот во ситуација, кога и власта и опозицијата излегуваат со тврдења дека го зголемуваат бројот на пратениците, нагласи дека е почнат процесот на европеизација на земјава и спроведување на реформска агенда до конечно членство во ЕУ. Додава дека тоа е стратешка цел Владата, одобрена од мнозинството граѓани на последните избори.-Довербата на мнозинството граѓани кои ја дадоа на политиките на оваа влада беше заради одлучната намера да ги решава сите прашања, вклучително и ова тешкото со Бугарија. Мицкоски нека си погледне во сопствениот двор на белиот дворец, нека размисли и гласно нека си одговори себеси, кој е тој што вообичаено и логично треба да поднесе оставка после толку изборни порази, порача Заев.Во врска со последната анкета на МЦМС, во која поддршката за СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ е во рамки на статистичка грешка, 18,6 проценти од испитаниците се изјасниле за владејачката, а 18,1 процент за опозициската партија, Заев вели дека полето за политички натпревар на идеи и концепти е отворено.-Во Штип на локалните избори нашиот кандидат го зголеми бројот на освоени гласови во споредба со парламентарните, без разлика на бојкотот на ДПМНЕ. Најрелевантна анкета е таа што се спроведува на изборите. Во последните три години на три избори победува политичката понуда на СДСМ и на коалицијата, нагласи за Заев во интервјуто за МИА, кое наскоро ќе биде објавено во целост.

Македонија | пред 5 години

kjusev

Синот на првиот македонски премиер се врати од САД и отвори ординација во Скопје

Људмил Кљусев, синот на првиот премиер на Македонија, Никола Кљусев, инаку порано осуден на 2 години и два месеци затвор за нелегално издавање лекови на пациенти во САД, се вратил во Македонија и отворил психијатриска ординација во Скопје.„Независен“ известува дека во центарот на Скопје има голема табла преку која се рекламира неговата ординација.Психијатарот беше прогласен за виновен во процесот кој траеше 1,5 години, откако беше уапсен на 12 ноември 2015 година за нелегално препишување лекови на пациенти и фиктивно фактурирање здравствено осигурување.Тој беше задолжен да плати и парична казна од 17.500 долари, а морал и да се откаже од имотот каде се наоѓала неговата ординација. Запленети му биле 173.000 долари кои билепронајдени во неговата канцеларија на денот на неговото апсење.Истражните органи му конфискуваа 117.000 долари од неговата сметка, а судијата му  нареди на Кљусев на две осигурителни компании да им плати вкупен надомест од 31.000 долари.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања