Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

Јавните функционери со зголемено присуство на социјалните медиуми во 2020 година

119 од вкупно 120 пратеници биле присутни на најмалку еден социјален медиуми во 2020 година. Носителите на извршната власт – Претседателот и Владата во целост биле онлајн, а бројот на активни градоначалници на социјалните медиуми пораснал за 3 споредено со 2019 година и изнесува 74 од вкупно 81. Двонасочната комуникација останува предизвик и за 2021 година, покажа редовната годишна Анализа на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП).За потребите на Институтот анализата ја изработи Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми, а активно беа вклучени и Дијана Дукадиноска, Симона Паскоска, Ивана Антевска, Мирјана Блажеска и Јелена Крстевска – студенти од втора година на отсекот „Односи со јавност“ при Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје.Речиси секој пратеник или пратеничка во Собранието биле активни на Фејсбук минатата година. Анализата покажува голем дигитален раст на овој пратенички состав, споредено со претходниот. Или во бројки: минатата 2020 година вкупно 119 од вкупно 120 пратеници биле онлајн, споредено со 2019 кога бројот изнесувал нешто повеќе 2/3 или 87 народни избраници. Следи Инстаграм каде свои онлајн активности во 2020 година имале 35 пратеници, па Твитер кој за свој начин на комуникација со граѓаните го користат 26 народни избраника. Анализата покажува дека вкупно 15 од 120 пратеници истовремено користеле Фејсбук, Твитер и Инстаграм, додека само 1 народен избраник немал свој профил/страна или канал на било кој од социјалните медиуми во 2020 година.„Бројките се многу подобри споредено со 2019 година и тоа охрабрува. Но, во година на пандемија, кога здравствените прилики наметнаа многу ограничувања и промена на навиките за комуникација, за очекување беше да нема јавен функционер, а особено јавна институција без свое активно присуство на дигиталните платформи. Граѓаните имаат право доколку посакаат да можат да постават прашање, дадат предлог или критика на било која платформа, а тимовите за односи со јавност се должни во брз рок од неколку минути или часови да го дадат бараниот одговор. Токму затоа, двонасочната комуникација и онлајн интеракцијата останува голем предизвик за функционерите и институциите и во 2021 година.“, вели Бојан Кордалов, комуниколог и автор на оваа Анализа изработена за потребите на ИДУЕП.Раст на онлајн комуникацијата со граѓаните преку социјалните медиуми е забележан и кај Владата. Секој член на владиниот кабинет или 20 од вкупно 20 министри биле активни на Фејсбук во 2020 година. Твитер бил изборот на 15, додека Инстаграм на 14 министри. Половината од вкупниот број членови на владиниот кабинет, односно 10 министри биле истовремено активни на сите наведени платформи.Споредбено со 2019 година: 24 од 26 министри користеле Фејсбук, додека 10 биле активни на Твитер, а 11 на Инстаграм. 9 членови на Владиниот кабинет биле истовремено активни на Фејсбук, Инстаграм и Твитер.Втора година по ред, оваа Анализа ги опфаќа го онлајн присуството на министерствата и веб платформата на Владата. Свои официјални веб страни во 2020 година имале сите 17 институции, додека 16 биле активни на Фејсбук, 6 на Твитер, а 5 присутни на Инстаграм. Само Владата, Министерството за надворешни работи, Министерството за финансии и Министерството за здравство се истовремено присутни со веб платформа, како и со свои акаунти на Фејсбук, Твитер и Инстаграм. Едно министерство не нуди можност да биде контактирано од граѓаните преку социјалните медиуми, што претставува напредок споредено со 2019 година кога таква можност не обезбедувале дури 5 министерства.Кај Претседателот на Републиката, Анализата покажува позитивно непроменет резултат. И во 2020 година, како и претходната, претседателот бил истовремено присутен со своја официјална веб страна, како и онлајн активности на Фејсбук, Твитер и Инстаграм.„Активноста на социјалните мрежи и респонсивноста преку официјалните веб страни не е замена за комуникацијата и отвореноста на функционерите и институциите со медиумите. Напротив, колку политичарите се поактивни и поизложени преку дигиталните платформи, толку повеќе информации и материјал се создава и става на располагање на медиумите. Особено е важно да се вложува во професионални тимови за односи со јавност во јавните институции, каде ќе се градат професионални капацитети кои ќе бидат првенствено насочени кон давање информации и услуги за сите граѓани, независно која политичка партија е во тој момент на власт.“, истакна Бојан Кордалов, автор на Анализата спроведена за потребите на ИДУЕП.Мал напредок се забележува и во делот на активното користење на социјалните медиуми кај единиците на локалната самоуправа. 77 од вкупно 81 градоначалник биле активни на Фејсбук во 2020 година, бројка која е за 3 градоначалници зголемена споредено со 2019 година.На Твитер во 2020 година биле активни само 7 градоначалници, додека на Инстаграм тој број изнесувал 32. Споредба со 2019 година: 5 градоначалници на Твитер, а 25 на Инстаграм.Статистиката покажува дека вкупно 6 градоначалници минатата 2020 година истовремено користеле Фејсбук, Твитер и Инстаграм, додека 3 немале свое присуство на ниту еден од социјалните медиуми. Споредба со 2019 година: 3 градоначалници истовремено ги користеле наведените социјални медиуми, а вкупно 7 не биле активни на ниту една социјална платформа.Кај општинското онлајн присуство се забележани следните статистики за 2020 година: Активни веб страни имаат 79 од вкупно 81 општина, 60 се присутни на Фејсбук, 4 на Твитер, а 17 општини нудат можност да бидат контактирани преку социјалната мрежа Инстаграм. Истовремено свое веб, како и присуство на социјалните медиуми (Фејсбук, Твитер и Инстаграм) и оваа година имаат Градот Скопје и општина Карпош, додека, пак, во 20та година од 21 век, дури на 17 општини не може да им се пристапи преку било која од овие социјални мрежи.Споредба со 2019 година: Активна веб страна имале сите 81 општина, 55 биле присутни на Фејсбук, 5 на Твитер, а 12 на Инстаграм. Истовремено веб и присуство на наведените социјални медиуми имале 2 единици на локалната самоуправа (Скопје и Карпош), а на 23 општини не можело да им се пристапи преку која било од социјалните мрежи.„Евидентно е дека кај социјалните медиуми на сите нивоа на власт фокусот првенствено се става на функционерите, а не на јавните институции. Потребен е најмалку еднаков пристап, бидејќи дигиталните платформи на институциите ќе останат во постојана сопственост на граѓаните, додека, пак, страните или каналите на функционерите според досегашната пракса се менуваат со заминувањето на секој јавен функционер/ка. Потребни се стандарди во комуникацијата со јавноста кои сите ПР тимови ќе ги следат и спроведуваат. Активноста и двонасочната комуникација на социјалните медиуми од страна на властите во дигитална ера е повеќе од неопходна и доколку сакаме како држава поефикасно да се избориме против говорот на омраза, дискриминацијата, но и против лажните вести и теориите на заговор“, посочи Бојан Кордалов, автор на Анализата.

Македонија | пред 5 години

328

153 сакционирани возачи во Општина Центар, 11 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.01) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на Општина Центар изречени се вкупно 153 мерки, од кои 26 за брзо возење, 15 за возење без возачка дозвола, 12 за нерегистрирани возила, 11 за возење под дејство на алкохол, 9 за неисправни возила од јавниот превоз, 5 за минување на затворен семафор (црвено светло), 6 санкции за користење на мобилен телефон.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

Pozar

Изгаснат пожарот во Струмица, но уништи голем дел од трговскиот центар „Глобал“

Утрото е изгаснат пожарот кој избувна синоќа по 23 часот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.Инаку во пожарот во ГТЦ Глобал во Струмица,  кој беснееше во текот на ноќта изгореа повеќе трговски дуќани.   Станува збор за дуќани од левата страна на главниот влез. Пожарот кој беше забележан пред полноќ се прошири и во внатрешниот дел од трговскиот центар каде се наоѓаат и тезгите со обувки но и други трговски дуќани.Местото и натаму го обезбедува полицијата а присутна е и екипа на ТППЕ Струмица, која внимава да не дојде до нов пожар и интервенира на местата каде се појавуваат пламени јазици. 

Македонија | пред 5 години

dete-tetovo

Приведен тетовецот кој на дете му даде да пука со огнено оружје

Во врска со случајот пренесен преку видео снимка на социјалната мрежа “Тик-ток”, МВР преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност веднаш презеде мерки и активности за утврдување на деталите од видеото, меѓу кои и откривање на идентитетот на лицето,Како резултат на тоа, денеска во 20.10 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Џ.(39) од с.Боговиње, поради основано сомнение дека на социјалната мрежа Тик-Ток објавил видео, на кое малолетно дете пука со пиштол, а му помагаат две лица. Тој е приведен во Полициско одделение Камењане и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, предвидено и казниво по чл.396 од Кривичниот законик.Притоа за настанот е информиран и Центарот за социјална работа кој презема соодветни мерки согласно нивната надлежност. МВР ќе продолжи и понатаму посветено да работи и да ја става безбедноста на граѓаните на прво место. 

Македонија | пред 5 години

192

Уште едно видео на ТИК ТОК: Момче во алкохолизирана состојба се јавува на 192 да им честита Нова Година

На популарната мрежа „Тик Ток“ се појави уште едно видео кое овој пат ја покажува нашата некултура.Имено момче  во алкохолизирана состојба се јавува на 192 и напрво им ја честита Новата година, а потоа вели следната година да има „повеќе петарди“. https://twitter.com/VikoInspektor/status/1345445400170344455?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1345445400170344455%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.analitikum.mk%2Fpost%2Fsampion-momce-vo-alkoholizirana-sostojba-se-javuva-na-192-da-im-cestita-nova-godina%3Ffbclid%3DIwAR3_rGI853hZC0LdkPv5SuU_iyJnA4LzsJ_XZ4dkfR8fnlrBb4GsJPD3UT4

Македонија | пред 5 години

gruevski

Груевски ја објави последната фотографија која Џорлев му ја пратил во јули и вели: Изгубив голем мој пријател со кого ја продолживме комуникацијата и по моето принудно доаѓање во Будимпешта

Пандемијата неповратно однесе уште еден мој голем пријател и драга личност но и човек кој беше во срцата на многу луѓе во Македонија и дијаспората. Зоран Џорлев беше една ретко толку многу позитивна личност, добар човек, многу чесен, хуман, успешен и супериорно талентиран во својата професија, кој талент го беше надоградил со многу работа, труд, одговорност, посветеност и силна верба, напиша некогашниот премиер Никола Груевски.Груевски во објавата предмалку додава:Познат музичар и композитор, одличен изведувач на неколку музички инструменти (гитара, труба, пијано, хармоника...), но најпознат како Маестро на виолина, естрадна личност на телевисизките екрани, водител на музичка емисија која ја афирмираше македонската народна песна и традиција, педагог и професор, голем патриот и горд Македонец.Со музиката секогаш и секаде го креваше расположението а со говорењето и присуството вбризгуваше позитивна енергија кај луѓето. Беше одличен и посветен директор на средното музичко училиште “Илија Николовски Луј” а подоцна и со огромен ентузијазам и креативност со голем успех беше на чело на легендарниот ансамбл на народни игри и песни на Македонија “Танец”.Немав дилеми кога требаше да одберам кого да поканам како музичка група на мојата свадба ниту кога мојата ќерка Софија посака некој да ја подучува да свири виолина.Немаше дилеми ни кога требаше да се побара од некое компетентно лице да ја направи најдобрата селекција на музички композиции кои требаше да излегуваат од тогаш новата фонтана на која се наоѓа споменикот на Александар Македонски на плоштадот Македонија во Скопје каде движењата на водата од фонтаната и светлосни ефекти беа во ритмот на избраните композиции од Маестро Зоран Џорлев.Ја продолживме комуникацијата и по моето принудно доаѓање во Будимпешта. Последно, неодамна срдечно ми го честиташе именденот и по ништо неможев да почуствувам дека за само толку кратко време ќе не напушти.Тој остави голем траг во себе со кој си обезбеди вечна присутност и по смртта.Генерации и генерации ќе го слушаат и ќе уживаат во неговото музичко дело кое останува дел од богатството на македонската музичка изведба и композиторство. Таквите луѓе засекогаш живеат со нивното творештво и дух.Сочуство до семејството кои што имаат причина освен тажни за неговото прерано заминување, да бидат и горди на нивниот близок.Почивај во мир пријателе!(со Зоран Џорлев имам многу приватни, семејни и фотографии од службени настани, кои за жал не се со мене тука во Унгарија, па одбрав фотографија која самиот тој ми ја прати на 4.јули годинава при што напишал: “ја средувам по дома архивата и сакав да споделам:) Поздрав”. Во тој момент нити тој ниту јас не ни помисливме дека токму таа фотографија шест месеци подоцна ќе ја објавам во ваков тажен момент заради неговата прерана смрт)

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Македонците живеат на кредит - кредитите на ниво на банкарски сектор заклучно со ноември 2020 година забележале раст од 5,4 отсто

Граѓаните и компаниите на банките должат 353.345 милиони денари. Кредитите на ниво на банкарски сектор заклучно со ноември 2020 година забележале раст од 5,4 отсто. Раст, истовремено бележат и депозитите во банките.Ова во интервју за МИА го соопшти претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова-Штериева, која вели дека е забележано воздржување од инвестициски активности кај корпоративните клиенти како резултат на неизвесноста, а кај населението се доминантни потрошувачките кредити и станбените.– Заклучно со 30 ноември 2020 година, вкупните кредити на ниво на банкарскиот систем достигнаа 353.345 милиони денари, што е раст на годишно ниво од 5,4 отсто. Вкупните кредити на домаќинствата бележат пораст од 8,3 отсто во однос на истиот период минатата година и 7,6 осто во однос на 31 декември 2019 година. Наспроти тоа, вкупните кредити на нефинансиските друштва бележат пораст од 2,5 отсто во однос на истиот период минатата година и се намалени за 0,8 отсто во однос на крајот на годината. Во изминатиот период, може да се забележи воздржување од инвестициски активности кај корпоративните клиенти како резултат на неизвесноста поради здравствената криза, намален обем на работа поради намалени нарачки од деловните партнери од земјите во ЕУ, прекинати синџири на испорака на репроматеријали и слично, рече Стевкова-Штериева.Според неа имајки го ова предвид, македонските компании голем или најголем дел од своите финансиски потреби ги покриваат со кредити од банките, што значи дека нивното работење зависи од поддршката што им ја даваат банките.Текстот во целост на МИА

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Скопјанец пронајден мртов кај Црн Врв

Четириесет и петгодишен маж вчера бил пронајден мртов на местото викано „Празна торба“, над Црн Врв.Како што наведува МВР, претходниот ден сопругата на сега починатиот У.Ф. пријавила дека се оддалечил од дома. Во близина бил пронајден и неговиот автомобил „лада нива“.Извршен бил увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Скопје | пред 5 години

nasko-1

Синот на Џорлев: Се’ што имам е од татко ми, се’ што сакам и правам денес е поради татко ми,Се’ што ќе продолжам да правам е ЗА ТАТКО МИ

По смртта на нашата музичката легенда Зоран Џорлев кој ја загуби борбата со Ковид 19 на социјлните мрежи се огласи Наско Џорлев, синот на Џорлев. Тој на Инстаграм ја сподели последната семејна фотографија под која што напиша емотивен текст.Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:„Вчерашниот ден беше најтажниот ден што се има случено на мене и на моето семејство. На вчерашниот ден сфатив дека животот е толку суров и до крај ќе остане исполнет со тага, на местото каде што ми се откина дел од душата. Моето семејство и светов изгуби еден од најдобрите луѓе кои постоеле и ќе постојат. Полн со живот, позитива и безрезервна љубов за сите во неговиот живот. Имаше многу планови за што понатаму, никогаш не се откажуваше, неговиот оган гореше силно до крај. Во плановите не’ имаше вклучено мене и брат ми секогаш, таман дури почнавме и да свириме заедно поредовно. За секој имаше време да посвети внимание, секогаш сакаше да помогне, без разлика колку и да беше близок, се додека му треба помош.За секој имаше љубов и разбирање, и се правеше од срце и на чесен начин на кој повеќето луѓе не можат ни да замислат. Другар, искрен и добар, народен човек, мојот херој. Мојот татко, мојот прв пријател, моето се’. Се’ што имам е од татко ми, се’ што сакам и правам денес е поради татко ми, се’ ми имаш пружено. Се’ што ќе продолжам да правам е ЗА ТАТКО МИ. Фала ти тато за се’, тато е најдобар тато, душичке наша! За него, славете го неговото име и паметете го засекогаш, а плачете го вчерашниот ден! Оваа слика е последната наша заедничка, кога ја редевме елката. Му ја испративме заедно со еден дедо мраз како поклонче за нова година. Последниот здив го има испуштено држејки ја. Зоран Џорлев – сопруг, татко, брат, другариште, човечиште, маестро.. Те сакаме, немаш појма колку ќе ни фалиш, засекогаш и повеќе! Твоите Наско, Мартин и Офелија“, напиша Наско.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Бројот на нови позитивни случаи со КОВИД 19 значително опадна, денеска регистрирани 46 случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 378 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-22, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Струга-7, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-3, Македонски Брод-1, Ресен-1, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 526 оздравени пациенти од: Скопје-295, Куманово-13, Штип-7, Прилеп-39, Тетово-12, Струга-3, Велес-4, Битола-9, Охрид-33, Кавадарци-41, Гостивар-9, Гевгелија-4, Струмица-16, Крива Паланка-3, Кочани-2, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Валандово-6, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-4, Ресен-2 и Неготино-17.Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје (53, 71, 72, 74 и 69г.), еден од Прилеп (72г.), еден од Тетово (53г.), еден од Кавадарци (52г.), два пациенти од Гостивар (70 и 65г.), еден пациент од Струмица (72г.) и еден пациент од Делчево (78г.).Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83789, бројката на оздравени пациенти е 62469, на починати е 2522, а бројот на активни случаи изнесува 18798. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 36173, активни 11009• Куманово 4756, активни 509• Дебар 640, активни 125• Штип 3311, активни 230• Прилеп 4248, активни 529• Тетово 4778, активни 830• Струга 2052, активни 316• Велес 2777, активни 474• Битола 3048, активни 530• Охрид 2455, активни 506• Кавадарци 2148, активни 527• Гостивар 3397, активни 536• Гевгелија 1170, активни 282 (76 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 199 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2316, активни 597• Крива Паланка 631, активни 122• Радовиш 625, активни 111• Крушево 167, активни 74• Кочани 1605, активни 209• Пробиштип 449, активни 39• Демир Хисар 236, активни 37• Македонски Брод 220, активни 26• Пехчево 156, активни 32• Берово 501, активни 48• Валандово 314, активни 57• Виница 447, активни 61• Делчево 671, активни 206 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 193, активни 16• Свети Николе 1043, активни 89• Кичево 1577, активни 217• Ресен 652, активни 143• Неготино 1033, активни 311 (161 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 378 теста се преку: ИЈЗ-106, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-75, Систина со PCR метода -155, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -40, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 402.822 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

venko-i-zaev

(ФОТО) Заев и Филипче на Беласица со мотори: Денеска денот е за дружење со децата

Филипче објави на Фејсбук фотографии од заедничкото дефиле на Беласица со Заев и неговиот син Душко.Времето кое го поминуваме со децата е најважно. Работните обврски си го прават своето, но секогаш се трудиме и наоѓаме време за нашите синови Иво и Душко.Денеска денот е за дружење со децата. Бесценети мигови со нив, на убавата Беласица, напиша Филипче.

Македонија | пред 5 години

mnr

МНР потврди: Македонска дипломатка најдена мртва во стан во Њујорк

Од министерството за надворешни работи потврдија за смртта на македонската дипломатка на мисијата при ОН која се случила за време на новогодишната ноќ на Менхетен во Њујорк.„Од Постојаната мисија на Република Северна Македонија при ОН во Њујорк пристигна жална вест која нѐ потресе сите, за трагично загубен животот на член на нашата мисија, дипломат од кариера во Министерството за надворешни работи. Во оваа прилика сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејство и најблиските, и во име на сите колеги од Министерството за надворешни работи кои изгубија близок пријател и долгогодишен вреден и посветен претставник на дипломатијата“, соопштија од МНР.Дипломатката била пронајдена со ремен околу вратот и со шишиња антидепресиви. 

Македонија | пред 5 години

dete-tetovo

(ВИДЕО на ТИК ТОК) Двајца мажи му помагаат на дете да пука со пиштол во Тетово

Социјалната мрежа ТикТок стана извор на видеа со  криминална содржина. Корисници на оваа  на социјалната мрежа често се фалат со своите нелегални постапки.  Во  најново видеа, се гледа мало дете кое со помош на двајца возрасни мажи пука со пиштол.Како што јавуваат дел од медиумите, но и според пишувањата на социјалните мрежи, видеото најверојатно е направено во Тетово.https://twitter.com/dvezvezdi1/status/1345320942776578049?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1345320942776578049%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsitel.com.mk%2Ftiktok-dvajca-mazhi-mu-pomagaat-na-dete-da-puka-so-pishtol-vo-tetovo

Македонија | пред 5 години

02012021_UJP_Lukarevska_pres-konferencija

Лукаревска: 245 работодавачи искористиле помош од Владата, а не исплатиле ноемвриска плата

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција ја информираше јавноста за искористеноста на мерката Финансиска поддршка за исплата на плати за месец ноември 2020 година. За ноември 2020 поднесени се 13.851 барања БФП-ИП/2, на 13.178 работодавачи е исплатено вкупно 1.028.448.344 денари, за вкупно 65.960 вработени.Со состојба на 31.12.2020 година 245 работодавачи кои примиле финансиска поддршка во износ од 12.208.833 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 782 вработени. Два дена претходно со состојба на 29.12.2020 година бројот на работодавачи кои не исплатиле ноемвриска плата беше 596 работодавачи кои земале 36.655.907 денари државна помош а не ја исплатиле плата на 2.421 вработени. Што значи 351 работодавачи извршија исплата на плата по добивање на опомената од УЈП. За оние работодавачи кои не исплатиле ноемвриска плата изготвени се и доставени опомени и за неисплатената плата. По истекот на рокот од опомената, против оние кои нема да ја исплатат платата, ќе следи спроведување на постапка на присилна наплата на платата со блокада на паричните средства на нивните трансакциски сметки и пренос на средствата на сметките на вработените лица и на уплатните сметки за јавни приходи.Ноемвриска плата не исплатиле а примиле финансиска поддршка се работодавачи од дејностите:43 работодавачи од дејноста трговија на мало, кои примиле финансиска помош од 1.295.978 денари и на 84 вработени не исплатиле плата,37 фирми што вршат подготовка на оброци и служење на храна примиле помош од 1.656.803 денари и на 108 вработени не исплатиле плата,22 фирми од дејноста транспорт, примиле помош од 1.983.508 денари и на 127 вработени не исплатиле плата.Тука влегуваат и дејностите градежништво, трговија на големо, трговија на големо и мало со моторни возила и моторцикли и производство со прехранбени производи. По региони најмногу фирми што не исплатиле плата се од Скопје 73 фирми, Тетово 21 и Гостивар 10.Вкупно 6 даночни обврзници, за 19 вработени побарале финансиска поддршка преку конечна пресметка, а за дел со исправка во вкупен износ од 266.294 денари, но за 7 вработени не извршиле доплата на износот на плата по поднесените исправки во вкупен износ од 47.785 денари. Овие компании се од дејностите подготовка на оброци и служење на храна, трговија на мало, производство на текстил и друго, а по региони се 2 фирми се од Битола и по една фирма од Охрид, Свети Николе, Кочани и Струга.Директорката Лукаревска информираше дека по спроведените активности на Управата за јавни приходи, намален е бројот на компаниите кои примија финансиска поддршка за исплата на октомвриската плата а истата не ја исплатија на работниците. Овој број е намален од првичните 179 компании на 17 компании, кои за 41 вработени примиле финансиска поддршка од 641.206 денари. Кај овие компании во тек е постапка на присилна наплата на неисплатената плата од парични средства на трансакциска сметка.По постапката за присилна наплата заради неисплатена плата за април, мај и јуни 2020 година се намалува и бројот на работодавачи кои ја должат платата за овие месеци, така што со состојба на 31.12.2020 година сè уште не исплатиле априлска плата 50 компании за 108 вработени, плата за мај не исплатиле 38 компании за 66 вработени и јунска плата не исплатиле 64 компании за 160 вработени. Вкупниот број на компании кои сè уште не исплатиле плата за еден, за два или за сите три месеци (април, мај и/или јуни) е 125. За овие работодавачи доставени се детални податоци во Јавното обвинителство, за покренување на кривична постапка.Лукаревска истакна дека во координација со Државниот инспекторат за труд во текот на месец декември се спроведоа контроли кај 31 даночни обврзници кои ја искористија финансиска поддршка а не исплатија плати за месеците април, мај и јуни 2020 година, во вкупен износ од 1.827.690 денари за еден или повеќе месеци. Овие даночни обврзници се од дејностите: трговија на мало, трговија на големо, копнен транспорт, градежништво, угостителска дејност и друго. Предмет на овие контроли беше и проверка на исполнетоста на условите за користење на финансиска поддршка што даночните обврзници при поднесување на барањето за финансиска поддршка заради исплата на плати за овие месеците дале Изјава за исполнетост на условите под кои се дава финансиската поддршка.Директорката посочи дека Координирано со Државниот инспекторат за труд покрај овие контроли за финансиската поддршка, ќе се врши и инспекциски надзор кај компаниите кои исплатиле плата пониска од минималната, согласно закон, а Листата на компании кои примиле износ на финансиска поддршка за месец ноември 2020 година, а не ја исплатиле платата на работниците, ќе биде доставена до Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, за јавна и транспарентна објава на неплаќачите првиот работен ден од оваа година.

Македонија | пред 5 години

korona-4

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 519 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 519 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 36 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 19 болни, а во Куманово 85 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 69 во ковид центарот во Гостивар 29, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 49 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 10, Кавадарци 28, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 875 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-bolnica

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 23 пациенти, а вкупно се лекуваат 356 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 23 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 356 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на ОРЛ и на Институтот за ТБЦ. Двајца болни се примени на Клиниката за неврологија.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 13 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани пет болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 15 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 18 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти, на Клиниката за очни болести 8 пациенти, а на ОРЛ 7 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 123 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти.Вкупно 356 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 128 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

andonovski

Андоновски: Прочистувањето во судството ќе ја вршат луѓето на СДСМ и Заев за да остане неказнет криминалот

Реформите на правосудството се добри само на хартија. Во пракса продолжува партискиот камшик на СДСМ за обвинителството и судството, за заштита на криминалот, за заштита на сваровски и трас трас судиите кои денес се најверни слуги на Зоран Заев. Сето она кое до сега се случи а се преставува како прочистување во судството всушност е ветер и магла, одвлекување на вниманието за да остане неказнет криминалот. Со новите методологии се воспоставува нов метод за избор на послушни обвинители и судии, кои ќе работат само под политички диктат, истакна Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Андоновски на денешната прес конференција додаде:СДСМ и Зоран Заев продолжуваат со директно мешање во судските реформи. Тие одлучуваат за членовите на Советот за реформи, и тие ги избираат луѓето кои потоа им одговараат само ним.Прочистувањето во судството ќе го вршат луѓето на СДСМ и Заев за да остане неказнет криминалот.Од членовите на партиско-судскиот Совет кој ќе избира подобни судии и обвинители, издвојуваме:- омилениот владин претседател на совет, против кој во 2017 година е поднесена иницијатива до Судски совет на утврдување факти и одговорност од невладини организации кои ги следат состојбите во правосудството.- две лица од судскиот совет кои никогаш во животот не работеле како судии, ама затоа имаат фамилијарно високи партиски функции во СДСМ или се предложени од Претседателот Стево Пендаровски.- сопруги на поранешни контроверзни функционери од СДСМ, како и на локален партиски функционер од Струмица и близок пријател и соработник на Зоран Заев.- лица против кои постоеле истраги за проневери на стотици илјади евра со барања за притвор.- и контроверзно избрани лица на функции кои немале против кандидат.На својата прес конференција, Маричиќ и самиот призна дека токму тие учествуваат (читај: ги диктираат) методологиите и начините на прочистување на судии и обвинители. Тоа значи дека ќе се избираат подобните, кои ќе треба да им служат на желбите на власта. На овој начин Маричиќ и Заев удираат директно врз независноста на судскиот систем, кој останува предмет на политичко мешање од најсрамен вид.Продолжува и нетранспарентноста, затвореноста и непрофесионалноста на раководствата во судскиот систем.Исто така, со непрофесионалниот избор на лица во Советот кој ќе ги проверува судиите и обвинителите, се руши професионалноста и интегритетот на огромната група судии и обвинители кои чесно и по закон си ја вршат својата работа.Во Македонија мора да завладее правото и правдата. Треба еднаш засекогаш да завладее независен систем на критериуми на заслуги, мерливи критериуми за утврдување на одговорност на судиите и јавните обвинители. Суд и обвинителство кои ќе бидат еднакви и праведни за сите, а не само за богатите и функционерите од власта. Овој транспарентен и објективен систем ние потребен за да се постигне силна правосудна независност.Тоа не може да се случи се додека власта се меша во судството, диктира судски пресуди, затвора неистомисленици, гони новинари и измислува кривични дела. Не може да завладее правото додека над 40 кривични пријави за изборен криминал на градоначалници и директори од СДСМ „фатени живи“ за време на предвремените парламентарни избори, не се процесуираат од страна на обвинителството.Неправда за некого е неправда за сите.Затоа оваа власт мора да замине.

Македонија | пред 5 години

vreme

Денеска сончево, од вечерва врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде сончево, претпладне, а попладне со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта, како што соопшти УХМР, облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места на запад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.Од недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Македонија | пред 5 години

policija-3

137 санкционирани возачи во Скопје, 80 за брзина поголема од дозволената

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, од кои 80 за управување со брзина поголема од дозволената, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 6 мерки за нерегистрирани возила и останати 27 санкции. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

kafic

Се намалува ДДВ на храна и пијалоци во кафулиња од 18 на 10 отсто

Храната и пијалоците кои се служат во ресторани и кафулиња ќе се даночат по нова повластена стапка од 10%, наместо од 18% како што беше досега и ова ќе почна да важи од 1 јануари 2021, истото важи и за кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци.Според угостителите ваквите измени нема да влијаат на крајната цена на производите и услугите во угостителството.Сметаат дека ваквата мерка требало одамна да биде донесена бидејќи ја практикуваат речиси сите развиени економии, затоа што нема директни импликации врз буџетот, а ќе помогне за подобрување на ликвидноста и работењето на угостителите.Воедно Владата одлучи исто така од 1 јануари да има и повластена даночна стапка од 5% за определени занаетчиски услуги коишто се вршат од занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар.

Македонија | пред 5 години

zoran-dzorlev-1

Заев: Со голема тага ја примив веста за прераната загуба на Џорлев

Со голема тага ја примив веста за оваа прерана загуба на нашиот виолинист, професор и солист, Зоран Џорлев, пишува премиерот Зоран Заев.„Неговите виртуозни изведби и обработки на македонски народни, филмски и џез композиции ќе останат како огромно непроценливо богатство на народната ризница.Од мое лично име и од име на Владата изразувам искрено и длабоко сочувство. Нека е вечен споменот!“, посочи Заев.

Македонија | пред 5 години

verusevski-123

Како Александар Верушевски ја честита Новата 2021: Спреми се зајче во Новата 2021 ќе те бркаат и сардисаат лавови

Александар Верушевски синот на поранешниот разузнувач Зоран Верушевски на „чуден“ начин ја честита Новата година.Верушевски на својот ФБ профил напиша:„Зајчето сивичко. Спреми се зајче во Новата 2021 ќе те бркаат и сардисаат лавови. Среќна и бериќетна Нова година“, напиша Верушевски на ФБ.Инаку поранешниот разузнувач Зоран Верушевски екс директорот на ДБК го носи товарот на контраверзна личност барем таква е перцепцијата на јавноста, иако за добар дел од стручњаците тој е врвен професионалец кој солидно ја владее материјата безбедност и разузнавање. Верушевски беше повикан како сведок во предметот „Таргет-Тврдина. Во СДСМ се слевале информации од прислушкуваните разговори речиси пет години пред да започне нивното објавување од страна на лидерот Зоран Заев. Поранешниот разузнувач Зоран Верушевски, тврдеше дека документацијата во партијата не ја внесувал тој.

Македонија | пред 5 години

135261620_3695588627131287_1025190763575862008_o

Поддржувачите на Џорчев во шок: Аман бе, што е ова, маалскиот мој, златно момче

Семејството, пријателите, соработниците, колегите музичари и сите поддржувачи на неговото лик и дело се простуваат од маестро Зоран Џорлев. Тажната вест прв ја објави Огнен Здравковски, внук од сестра на Џорлев кој сподели фотографија со црна боја во знак на почит, пишува А1он.мкПо ова, со коментари и сочувство се јавија бројни музички имиња, како Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Сузана Спасовска, Жаре Бербер, Даниел Данн, Мишел Трајковски, Антонија Гиговска, Сања Гроздановска, Владимир Блажев. Сите со неверување ја примиле веста за смртта на Џорлев кој ја изгуби битката со коронавирусот.„Бог да му ги отвори рајските порти. Нека почива во мир“, напиша Сузана Спасовска.„Аман бе, што е ова... Маалскиот мој, златно момче.. Сочувство искрено до цела фамилија. Бог да го прости и да го упокои на вистинско место, баш ми е жал“, коментираше Жаре Бербер.„Искрено сочувство“, напиша Тања Кочовска.„Каков златен човек, бог да го прости. Голема загуба“, напиша Александар Тарабунов.„Оги бе брат.. Се спремавме за во новогодишна емисија да пееме, музицираме заедно, да му се радуваме на животот. Изгубивме голем и редок пример на голем човек и музичар. Сочувство до цела фамилија. Бог да му дарува небесно царство“, напиша Димитар Андоновски.„Почивај во мир. Не напушти прерано !!! Секогаш насмеан, позитивен и голем борец за македонската музика. Сочуство до неговото семејство. Вечна му слава“, напиша Влатко Лозановски.„Се сеќавам на денот и зборовите кога ме пречека, "Добредојде сине..." Почивај во мир маестро, патувај мирно кон вечноста. Моето искрено сочувство до семејството и фамилијата“, напиша Давид Темелков.„Ех, колкава беше таа чест да ја делиме сцената со него....Почивај во мир маестро Џорлев. Нотите вечно ќе ѕвонат за тебе“, напишаа од групата „Шербет“.„Немам зборови.. Маестрален во секој поглед..душа човек. Легенда на македонската музика. Требаше да снимаме новогодишна емисија... Сочувство за најблиските. Почивај во мир маестро“, напиша Филип Божиновски.„ Не се договоривме вака да ја почнеме годината. Македонија денес изгуби голем музичар, професор, пред се прекрасен сопруг и татко. Нека ти е вечна слава легендо, свири им на ангелите“, напиша Владимир Блажев од групата „ДНК“.Џорлев почина на 53-годишна возраст. Тој беше врвен македонски вилионист, вокален изведувач, професор. Причината за смртта е компликации од коронавирусот односно откачување на тромб.Зоран Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го помина детството, живеејќи на улицата „Пере Тошев“ во близина на киното, заедно со братот Ристо и сестрата Софче.Тој е дете на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му е познат композитор на народна музика и водач на оркестар. Кога бил првооделенец, со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почна да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште беше одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“.Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работеше како професор по виолина, а беше и директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011, Џорлев беше назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде остана до август 2017 година.

Македонија | пред 5 години

dzorlev-1

Внукот на Џорлев: Беше подобар, се надевавме на подобро

Маестро Зоран Џорлев, познатиот виолинист и музичар денеска почина. Тажната вест на својот Фејсбук профил ја објави неговиот внук, пејачот Огнен Здравковски.Огнен стави црна позадина како профилна фотографија, и пријатели почнаа да му изјавуваат сочувство.За Женски магазин, Огнен ја потврди веста за загубата на вујкото.„Вујко ми си замина. Беше болен од Ковид-19, беше во болница, беше подобар, се надевавме на подобро, но денес нè напушти. Му се откачи тромб“, истакнал Огнен низ солзи за  Женски магазин.

Македонија | пред 5 години

dzorlev

Црн почеток на годината: Почина виолинистот Зоран Џорлев

Маестро Зоран Џорлев, познатиот виолинист и музичар денеска почина. Тажната вест на својот Фејсбук профил ја објави неговиот внук, пејачот Огнен Здравковски.Огнен стави црна позадина како профилна фотографија, и пријатели почнаа да му изјавуваат сочувство.За Женски магазин, Огнен ја потврди веста за загубата на вујкото. „Вујко ми си замина. Беше болен од Ковид-19, беше во болница, беше подобар, се надевавме на подобро, но денес нè напушти. Му се откачи тромб“, ни рече низ солзи Огнен.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања