Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

andonova

Телма: 2020 потресни судбини, но и приказни со добар крај

Токму во годината што измина на штипското семејство Андонови здравјето им беше најважно. Со коронавирусот се соочија четири члена од семејството, не знаат како влегол во нивниот дом, но 54 годишната Ели претпоставува дека си го нашол патот преку контактите од работното место, објави Телма. Ели е позитивен и ведар лик, болеста ја поминала дома со полесни симптоми, но нејзиниот сопруг потешко, завршил на штипското Инфективното одделение, борејќи се за здив со помош на големите боци за кислород.Ели е и еден од хероите во битката со пандемијата, таа била и волонтер во штипскиот ковид центар и дарувала крвна плазма, за да се спаси човечки живот.Текстот во целост на:  Телма.  

Македонија | пред 5 години

dete-vardar

Пронајден починат маж во водите на Вардар во Гостивар, извршен увид

Основното јавно обвинителство Гостивар вчера изврши увид на лице место откако во водите на реката Вардар беше пронајдено безживотно тело на маж на возраст меѓу 30 и 40 години.Првичните сознанија упатуваат дека станува збор за насилна смрт предизвикана од истрели од огнено оружје.Со цел утврдување на причините за смртта како и идентификација на жртвата, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот.​

Македонија | пред 5 години

dete-vardar

Полициски службеници спасија 67-годишна жена од водите на Вардар

Денеска во 10.16 часот, веднаш по добивање на пријава во СВР Скопје дека има женско лице во р.Вардар, во близина на хотел во Скопје, полициски службеници од интервентната полиција влегле во водите на Вардар и ја извадиле жената, на која веднаш ѝ е пружена прва помош. Потоа 67- годишната жена е пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, при што не биле констатирани повреди.

Македонија | пред 5 години

maloletnicak

Малолетничка го роди првото бебе во Штип годинава

Првото новороденче во штипската Клиничка болница е машко, прва рожба на 17-годишна мајка од светниколското село Горабинци. Вработените во Акушерското одделение утринава ги развесели плачот на здравото и првото новороденче во 2021 година.Началникот на Одделението за Гинеколгија и акушерство, Емил Џидров вели дека во 8:30 е породено првото новороденче во штипската Клиничка болница.– 2020 година ја завршивме со 702 раѓања, што е приближно иста бројка, како и во 2019 година, кога имавме 708. Бројот на машки и женски бебиња се приближно исти, од кои 349 машки и 353 женски бебиња, вели Џидров.Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов и директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев попладнево го посетија првото новороденче.– Новороденчето е со три килограми и 150 грама, должина од 50 сантиметри. Здраво и машко бебе, а денеска во одделот за Гинекологија и акушерство го посетивме. Традиционално како Општина Штип му подаривме штедна книшка од 10.000 денари, како и хранилка, а исто дадовме и по 10.000 денари на гинеколгија и акушетство и неоанатологија, вели Николов.извор: Курир  

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-2

414 нови случаи на коронавирус, починати се 7 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1619 тестирања, а регистрирани се 414 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-187, Куманово-10, Дебар-10, Штип-7, Прилеп-17, Тетово-12, Струга-7, Велес-10, Битола-12, Охрид-28, Кавадарци-24, Гостивар-12, Гевгелија-4, Струмица-10, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-9, Ресен-7, Неготино-14.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 496 оздравени пациенти од: Скопје-233, Куманово-28, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-17, Струга-16, Велес-13, Битола-17, Охрид-68, Кавадарци-1, Гостивар-17, Гевгелија-9, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Кочани-15, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Берово-5, Виница-1, Свети Николе-10, Кичево-7, Ресен-3 и Неготино-4.414 нови случаиПочинати се 7 лица, тројца пациенти од Скопје (81, 69 и 63г), еден од Велес (79г), еден од Битола (70г), еден од Охрид (53г) и еден пациент од Кочани (63г).Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83743, бројката на оздравени пациенти е 61943, на починати е 2510, а бројот на активни случаи изнесува 19290. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 36150, активни 11286• Куманово 4753, активни 519• Дебар 640, активни 125• Штип 3311, активни 237• Прилеп 4248, активни 569• Тетово 4777, активни 842• Струга 2045, активни 312• Велес 2777, активни 478• Битола 3049, активни 540• Охрид 2452, активни 536• Кавадарци 2145, активни 566• Гостивар 3393, активни 543• Гевгелија 1170, активни 286 (76 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 199 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2316, активни 614• Крива Паланка 632, активни 126• Радовиш 625, активни 111• Крушево 167, активни 74• Кочани 1604, активни 210• Пробиштип 449, активни 41• Демир Хисар 236, активни 37• Македонски Брод 219, активни 27• Пехчево 156, активни 32• Берово 501, активни 48• Валандово 314, активни 63• Виница 447, активни 61• Делчево 671, активни 207 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 193, активни 17• Свети Николе 1043, активни 91• Кичево 1577, активни 221• Ресен 651, активни 144• Неготино 1032, активни 327 (161 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1619 теста се преку: ИЈЗ-374, ЦЈЗ Скопје-66, Авицена-121, Биотек-132, МАНУ -97, Жан Митрев (Филип Втори)-94, Систина со PCR метода -118, лабораторија Лаор –46, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-60, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-22, Ремедика-7, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -473, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 402.444 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

dete

Георгиески:Здраво машко дете е првото новороденче во Новата 2021 Година во Охрид

Здраво машко дете е првото новороденче во Новата 2021 Година во Охрид. Бебенцето на Свет, дојде рано утрово во 4.30 минути и е второ дете во семејството Илоски.Ако машкото дете симболизира цврстина и бериќет, се очекува годинава што е пред нас да биде поздрава и побериќетна од минатата, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

IMG_2780

Спасовски: Мирна новогодишна ноќ во државата, 22 јавувања од граѓани и девет пријави за организирана прослава

„Посебно задоволство ми е што првиот ден од Новата година сум тука со вас, во Крива Паланка и можам лично да ви ја честитам 2021 година и да ви посакам добро здравје, среќа и бериќет, а на сите граѓани на нашата држава подобра, посреќна и просперитетна година!“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Одделението за внатрешни работи Крива Паланка, која ја реализираше заедно со заменик на претседателот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.Според министерот Спасовски новогодишната ноќ на територијата на државата поминала мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, а на бесплатниот телефонски број во последното деноноќие биле регистрирани 22 јавувања од граѓани и девет пријави за организирана прослава по викенд-куќи и станбени објекти.При посетата, меѓу другото, беше направен увид во реконструкцијата на објектот во кој е сместено ова полициско одделение, со што се остваруваат ветувањата за континуирано подобрување на условите за работа на полициските службеници.Реконструкцијата и санацијата на градежниот објект беше завршена за само два месеца, а градежно-занаетчиските работи опфаќаа санација на кровната конструкција, комплетна замена на старите дрвени прозорци со нови ПВЦ прозорци, замена и санација на внатрешните врати, на подрумските и просториите за приведување, изработена е комплетно нова фасада и нов пристап за управните служби, каде е поставена е пристапна рампа за лицата со физичка попреченост, извршена е санација на санитарните чворови, заменета е старата со комплетно нова електрична инсталација, како и нов шалтер во дежурната просторија, извршени се молерофарбарски работи на целиот објект.„Вредноста на споменативе градежни активности во процесот на реконструкција на објектот ориентационо изнесува 9.000.000 денари или нешто над 146.000 евра, а со особено задоволство ќе констатирам дека при изведбата на зафатите беа имплементирани и мерки за поголема енергетска ефикасност на објектот, а со тоа и поголеми заштеди, како и заштита на животната средина. Очекувам сето ова да придонесе за што поквалитетно професионално извршување на работните задачи и активности на вработените во ОВР Крива Паланка и уште поуспешни резултати во сите сегменти од нивната надлежност“, посочи министерот Спасовски.Министерот Спасовски потсети дека во изминативе четири месеци се завршија реконструкциите на Полициско одделение Жеровјане, ОВР Кавадарци и ОВР Крива Паланка, во тек се реконструкциите на ОВР Гевгелија, Регионален центар Југ и Полициска станица Бит Пазар, беа промовирани и петте набавени пловни објекти за зголемување на ефикасноста на езерската полиција, а се набавуваат и униформи и опрема за полициските службеници, сѐ со цел создавање модерна, опремена, стручна и ефикасна полиција, која ќе биде блиска до граѓаните.Заменик претседателот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на работната средба во ОВР Кавадарци изрази огромна благодарност до сите кои пожртвувано, со месеци се бореа со пандемијата и се грижеа за безбедноста на граѓаните, до припадниците на МВР кои ефективно одговорија на сите задачи и овозможија максимална заштита и грижа за граѓаните на Република Северна Македонија.„Како Влада, се грижиме за создавање подобри услови за работа. Се обезбедија средства за исплата на бонус плати за вработените во МВР за три години, а Буџетот за МВР за 2021 година целосно ги одразува заложбите за системско реформирање на полицијата, како еден од круцијалните фактори за просперитет на државата. 2020 година нѐ научи дека само заедно, со заеднички сили можеме да се бориме против големите предизвици. МВР со посебен оперативен план оваа година, и за време на новогодишната ноќ вршеше масовни контроли и околу почитувањето на мерките за спречување на ширење на коронавирусот“, рече Николовски.Николовски посочи дека припадниците на МВР, во тесна соработка со Инспекцискиот совет, постапуваат по контрола, пријава или сознание секаде каде што на каков било начин се загрозува јавното здрваје и не се почитуваат здравствените мерки и протоколи.„Преземаме јасни, недвосмислени чекори! Бескомпромисно, неселективно, и заеднички против секој еден кој го прекршил законот“, порача Николовски, посакувајќи добро здравје, успешна и спокојна година.За време на посетата на ОВР Крива Паланка, делегација предводена од заменик претседателот Николовски положи свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители од 2001 година.

Македонија | пред 5 години

policija-i-inspekcija-3

Приведени лица во тетовско, поради непочитување на работното време на угостителски објекти

Во периодот од 22.55 часот на 31.12.2020 до 01.40 на 01.01.2021 часот полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект и казино во с.Жеровјане, тетовско, кои работеле по дозволеното време и во нив престојувале гости. Притоа, од слобода биле лишени А.А.(30) од с.Боговиње, тетовско, и Б.П.(29) од Тетово, одговорни лица во објектите. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и ќе им бидат изготвени записници по чл.206 од Кривичниот законик, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Исто така, во објектот бил приведен и Б.К.(50) од с.Форино, гостиварско, поради агресивно однесување и непостапување по наредба на полициски службеник. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 31.12.2020 во 23.50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.А.(57) од с.Порој, тетовско, сопственик на угостителски објект на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, кој работел по дозволеното време и во кој престојувале неколку гости. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и ќе му биде изготвен поднесок по чл.206 од Кривичниот законик поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Македонија | пред 5 години

Policija-i-inspekcija

Контролирани 288 угостителски објекти на во Скопје, двајца приведени за нарушување на јавниот ред и мир

Во врска со донесената Одлука на Владата на Република Северна Македонија за постоење на кризна состојба на територијата на државата заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија од ковид-19 и согласно изготвениот Оперативен план за постапување на Министерството за внатрешни работи, СВР Скопје преку Единиците за внатрешни работи, во временскиот период од 12.00 часот на 31.12.2020 до 04.00 часот на 01.01.2021 спроведе зајакнати мерки и активности самостојно и во соработка и содејство со Државниот пазарен инспекторат, со цел контрола за спроведување на препораките за работата угостителските објекти, спречување на можни нарушители на јавниот ред и мир и спречување на вршење на кривични дела и прекршоци за време на новогодишната ноќ,Притоа, во текот на новогодишната ноќ на подрачјето на СВР Скопје извршени се зајакнати контроли во угостителски објекти при што се контролирани 288 угостителски објекти. Од преземените мерки и активности не се констатирани неправилности при спроведување на протоколите во врска со ковид-19.Во текот на ноќта костатирани се осум прекршоци од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, а на 31.12.2020 во 18.40 часот на ул.„Иван Козаров“, пред угостителски објект, поради нарушување на јавниот ред и мир приведени се М.Н.(18) и И.Д.(18) и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Констатирани се и 29 прекршоци за неносење лична заштита.На подрачјето на СВР Скопје во текот на новогодишната ноќ евидентирани се три пријави за прославување на новогодишната ноќ од поголема група луѓе, и тоа на подрачјето на Карпош во стан на бул.„Партизански одреди“, на подрачјето на Центар на бул.„Илинденска“ и на подрачјето на Бит Пазар, во Старата чаршија. По комплетно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 5 години

01012021_VRSM_polozhuvanje_cvekje-2

Делегација на Владата на Република Северна Македонија положи цвеќе на гробот на Киро Глигоров

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерот за правда Бојан Маричиќ и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател на нашата земја Киро Глигоров, во алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.Денеска се навршуваат 9 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, кој имаше исклучителна улога во процесот на политичкото осамостојување на земјата и нејзиното меѓународно признавање.

Македонија | пред 5 години

Prvo-rodeno-bebe-2021-3

Град Скопје му додели 20.000 денари на првото бебе што се роди во 2021 година

Првото родено бебе во 2021 година во Скопје е машко, тешко е 3 650 грама и е долго 51 сантиметар. Новороденчето е родено во 00:01 часот, мајка на бебето е скопјанката Бојана Смилеска, а ова е нејзино второ дете.Првото родено бебе, поради протоколите за корона вирусот денеска на Клиниката за гинекологија го посети само министерот за здравство Венко Филипче.Градот со желби за здравје, среќа, радост и бериќет, на првото родено бебе во Скопје му додели штедна книшка со износ од 20.000 денари.Инаку, во текот на утринските часови во Клиниката за гинекологија се родија уште едно машко и женско бебе.

Скопје | пред 5 години

sudstvo-2

(ФОТО) Новогодишна честитка за јавен обвинител од еден осомничен

Новата година секогаш можност да се сумираат резултатите и да се оценува досега сработеното, но и да се прават планови за периодот што е пред нас.Во годината што измина Јавното обвинителство постапуваше против повеќе од 25.000 полнолетни сторители на кривични дела. Со оглед на тоа што согласно Законот за кривична постапка, основно право и должност на јавниот обвинител е да ги гони сторителите на кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност, во јавноста често е присутна перцепцијата дека постои конфликт меѓу обвинителот и осомничениот, односно дека тие се на спротивставени страни.Но, во реалноста, јавниот обвинител е на страната за законот, неговата улога е да го штити општеството од криминалот и превентивно да делува во насока на спречување на идни кривични дела. Оваа улога на јавниот обвинител многу често ја разбираат и осомничените, кои понекогаш самите признаваат дека сториле кривично дело и се подготвени да ја сносат санкцијата што ќе им биде определена низ една законита постапка.За еден таков случај потврда е и новогодишната честитка која деновиве пристигна до еден обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, а ја испрати осомничен сторител на кривично дело. Дел од текстот објавуваме, се разбира со дозвола од испраќачот и со заштита на неговиот идентитет.

Македонија | пред 5 години

korona-4

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 35 пациенти, а вкупно се лекува 348 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 35 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 348 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија и на ОРЛ. Тројца болни се примени на ТБЦ.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 15 болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 17 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 пациенти, наКлиниката за очни болести 8 пациенти, а на ОРЛ 7 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 92 болен, на Клиниката за инфективни болести лежат 122 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент.Вкупно 348 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 133 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

bebe1

Златник и штедна книшка за првото новороденче

Министерот за здравство д-р Венко Филипче утрово ја посети Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, каде синоќа на една минута после полноќ се роди првото бебе во 2021 година.Триесет и пет годишната Бојана Миланова, роди здраво машко дете тешко 3650 грама и долго 51 сантиметар. Ова е второ дете во семејството Миланови. Само неколку секунди подоцна, на свет дојде уште едно машко бебе. Триесет и три годишната Габриела Ѓошевска го роди своето прво бебе тешко 3350 грама, 51 сантиметар долго. Министерот Филипче им посака здравје, среќа, многу љубов и безгрижно детство на новородените бебиња.Министерството за труд и социјална политика на мајката на првото бебе и подари златник, а Град Скопје штедна книшка. Второто бебе исто така доби златник и штедна кништа. Во 2 часот по полноќ се роди женско бебе и подароци од Град Скопје и МТСП ќе има и за него.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Благодарност до граѓаните за трпеливоста и почитувањето на мерките

Министерот за здравство, Венко Филипче, при посетата на клиниката за гинекологија и акушерство изрази благодарност до граѓаните за довербата во институциите, за нивното трпение и за почитувањето на превентивните мерки.-Оваа година беше година во која здравствените работници покажаа како се работи професионално и посветено. Сите пациенти заболени од Ковид-19 беа навремено згрижени и тестирани и се надевам ќе продолжи трендот на намалување на пациенти во болниците“, рече Филипче.Министерот додаде дека од страна на СЗО Македонија е оценета како една од најподготвените земји во Европа за почеток и спроведување на имунизацијата и изрази надеж дека конечно ќе се стави крај на пандемијата на коронавирусот.

Македонија | пред 5 години

sv-kiril-i-metodij

МОН: Редовна исплата на стипендиите ќе продолжи да се реализира и понатаму

Министерството за образование и наука изврши целосна промена на начинот и динамиката на исплата на средствата за ученички и студентски стипендии. Оттаму додаваат дека повеќе нема да има доцнење на исплатата, односно на префрлање на средствата на сметките на корисниците како што се случуваше во минатото.„ Новите добитници на стипендии за учебната, односно академската 2020/2021 година, како и оние корисници кои го продолжиле правото на стипендија стекнато во некоја од изминатите години, веќе ги добија средствата – три месечни износи кои им следуваа за 2020 година.Оваа воспоставена динамика на редовна исплата на стипендиите ќе продолжи да се реализира и понатаму, а тоа е многу важно за оние кои ги исполниле условите и го оствариле правото. Сепак, се работи за средства кои значат поддршка и унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард, го помагаат процесот на образование и претставуваат мотивација за младите во текот на учењето“ соопшти МОН.Раководството на МОН уверува дека унапредувањето на ученичкиот и студентскиот стандард ќе продолжи да биде еден од приоритетите и во новата година. Буџетот за оваа намена е креиран согласно реалните потреби на младите, на учениците и студентите и во насока на нивна стимулација за постигнување што поголеми и подобри резултати во текот на образованието.

Македонија | пред 5 години

Soobrakajci-policija

Нетпрес: Близок партиски човек на Заев дел од инцидент со полицијата во Кисела Вода

Доцна попладнето во текот на вчерашниот ден во кафулето „Манго“ во населбата Кисела Вода, се случил инцидент, при што дел од гостите грубо им се спротивставиле на полициски службеници, кои во моментот вршеле контрола.Како што објави „Нетпрес“, во локалот, заедно со лицата кои ги навредувале полицајците, бил и поранешниот советник на Зоран Заев, Филип Андов Сокол, кој од неодамна е назначен за директор на затворот Шутка.Групата почнала да се конфронтира со полицијата бидејќи кафулето требало да се затвори поради истекот на работното време. Со пцовки и закани кон полицијата, две лица кои седеле на иста маса со Андов одбивале да си заминат од кафулето, а расправијата се вжештила надвор, пред локалот.Поднесени се прекршочни пријави, по четири различни основи за двајцата кои биле со Андов, но не и за него. Пријавите се за неносење маска, дрско однесување, непослушување наредба и оддавање на пијанство на јавно место.

Скопје | пред 5 години

portugalija-eu1

Португалија го презеде претседавањето со ЕУ со план за фер, зелено и дигитално заздравување

Од денеска, па во наредните шест месеци со ЕУ ќе претстедава Португалија, чии приоритети во претседавањето ќе бидат насочени кон економско и социјално заздравување на блокот од последиците на здравствената криза предизвикани од пандемијата со Ковид-19.Како што најавија властите во Лисабон, покрај ова, меѓу приоритетите на португалското претседавање ќе бидат и прашањата поврзани со здравјето и безбедноста при работа, спроведувањето на Европскиот столб за социјални права и дискусиите околу минималната плата, за што е предвидено да се дебатира и на посебен Социјален самит на ЕУ, планиран во мај годинава.– Португалија е целосно свесна за посебните предизвици во преземањето на претседателството на Советот на ЕУ во време на пандемијата со Ковид-19. Иако се големи надежите дека ќе бидат можни повеќе тет-а-тет средби, треба да се води сметка за здравјето и безбедноста, па се предвидуваат и голем број онлајн настани и состаноци, посочуваат од португалското претседателство.На политичко ниво трите главни теми на кои ќе се посвети португалското претседателство ќе бидат одговор на економската криза и на нејзиниото социјално влијание преку зајакнување на Европскиот столб за социјални права и спроведување на здравствена политика, базирана на искуствата од ковид-кризата.Португалската министерката за европски работи Ана Паула Закаријас во интервју кон крајот на ноември минатата година посочи дека главните заложби на претседавањето на Португалија со Унијата ќе бидат социјалните политики и односите меѓу ЕУ и Индија.Предвидено е Португалија да се посвети и на т.н. „дигитална демократија“, поставување на еколошки и дигитални цели, реформа на миграциската политика, а за на почетокот на годинава се превидува и претставување на амбициозен Акциски план за обезбедување еднакви можности на пазарот на трудот и фер услови за работа со цел „да се спречи претворање на економската и здравствената криза во социјална“.На надворешен план португалското претседателство ќе се посвети на ревитализација на трансатлантските односи со новата американска Администрација на претседателот Џо Бајден и ќе работи на постигнување договор за слободна трговија со Индија и на регулирање на односите со Велика Британија по Брегзит, на зајакнувње на врските на блокот со земјите од Јужна Америка, како и на организирање самити ЕУ-Индија и ЕУ-Африканска Унија.Во достапните документи за португалското претседателство не се споменува дека темата за проширувањето на ЕУ ќе биде меѓу неговите приоритети. Од таму, можеби и не зачудува што австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг при минатомесечната посета на Лисабон, апелираше проширувањето на Унијата кон Западниот Балкан да се најде на агендата на претседавањето на Португалија со ЕУ.Шаленберг во Лисабон изрази жалење што разговорите за членство со Северна Македонија и Албанија не започнаа за време на германското претседателство со ЕУ, во текот на втората половина на 2020 година, нагласувајќи дека е штета што останатите членки на ЕУ не успеале да ја убедат Бугарија да се откаже од блокадата на европскиот пат земјава.

Скопје | пред 5 години

policija-4

65 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 65 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 4 санкции, 8 мерки за користење на мобилен телефон, 4 за нерегистрирани возила. Изречени се 2 санкции за возење под дејство на алкохол, 20 мерки за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

nikoloski

Николовски: Среќна нова 2021, СДСМ е тука за вас, за народот, за татковината!

Зад нас ја оставаме годината којашто го донесе најсериозниот предизвик со кој светот се соочил во последните децении.  Година на глобална пандемија од коронавирус, кој целосно ги промени нашите животи, нашето секојдневие.  2020 година долго ќе ни остане во сеќавањата. Како се боревме со вирусот, но и како успеавме да одговориме на сите предизвици, здравствени и економски, истакна во видео обраќање на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Николоски додаде:Пред се како луѓе, а потоа и како држава, како општествен систем.Како држава имавме навремен, соодветен, системски одговор на сите здравствени и економски предизвици.Како народ, покажавме зрелост и одговорност, со почитување на мерките и препораките за заштита од вирусот. Во борбата со смртоносниот вирус, дел од нас загубија блиски и драги луѓе. Сочувствуваме со нив.Тешкото време ја поттикна солидарноста, човечката грижа, заедништвото и одговорноста. Се потсетивме колку е важно меѓусебното помагање, колку значат односите со своите најблиски.Уште еднаш, од срце им благодарам на сите кои неуморно се бореа и се уште се во првите линии во борбата против вирусот. Здравствените лица, лекарите, медицински сестри, но и полицајците, војниците, инспекторите. Тие се нашите херои, тие ја имаат целата наша почит!Добро е што нашите македонски институции одговорија брзо и соодветно од самиот почеток на кризата.Со серија мерки и политики, со економски пакети вредни над 1 милијарда евра, ги зачувавме работните места, ги помогнавме граѓаните, фирмите, економијата.И во време на сериозна криза, платите, пензиите продолжија да растат, породлжи растот на инвестиции во капитални инфраструктурни проекти, и тоа во секоја општина.Тоа значи сме создале функционална држава која е тука, за народот, секогаш кога му е потребна. Тоа е наш заеднички успех, на СДСМ, на народот, на сите нас.Покрај сите предизвици, оваа 2020 година успеавме да оствариме и многу важна стратешка цел поставена уште од независноста: станавме 30 членка на НАТО алијасаната!За нас Македонците, особено е важно што успеаме да влеземе во НАТО со сочуван идентитет, како Македонци кои говорат македонски јазик.Започна и процесот на прочистување на судството. Напредокот продолжи на сите нивоа.Почитувани граѓани,Пред нас се нови предизвици но и нова надеж, дека 2021 ќе биде подобра година.Претстои масовната вакцинација против коронавирусот за конечно, сите заедно, да ставиме крај на оваа пандемија.Преку стратешката „Акција 21“ европските стандарди ги носиме дома.Да. Македонската иднина е европска и продолжуваме по тој пат.Се посветуваме на позитивна трансформација на сите клучни сегменти во нашето општество.Правда и целосно прочистување на судството, борба против корупција и криминал, поголема транспарентност, се приоритетни цели во следната година.Следува целосен рестарт на македонската економија за повисок економски раст, за поголем животен стандард за сите.Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е тука за Вас, со сиот свој потенцијал. Ние сме тука за вас и за нашата татковина, да и служиме и да ја чуваме.Да празнуваме одговорно за време на празниците, да ги почитуваме препораките и во новата година да влеземе со нова енергија. Да создаваме повеќе и да се радуваме повеќе.Ви посакувам добро здравје! Ви посакувам среќна и успешна 2021 година!

Македонија | пред 5 години

ogno1111

(ВИДЕО) Македонија влезе во 2021 со огномети

Македонија со огномети и пиротехника ја дочека Новата 2021 година. Поради мерките за заштита од коронавирус, за првпат не се организираа прослави по угостителски објекти. Затоа, пречекот за 2021 година се организираше во домашна атмосфера. Улиците низ сите градови во државата се скоро празни, освен одредени плоштади каде жителите шетаа пред дочекот, објави  А1ОН.Оваа година го немаше ни традиционалниот огномет на плоштадот во Скопје. Наместо него, огномети имаше од приватни објекти, кои го осветлија градот над главниот град точно на полноќ. Иако забранети за употреба, сепак, во текот на целата вечер се слушаа пукања од петарди.Годинава, поради коронавирусот, немаше ниту журки организирани на јавни места од страна на градовите.извор: А1ОН

Македонија | пред 5 години

ogno1111

ВИДЕО: Со огномети од сите страни, дочекана Новата година во Скопје

Македонија со огномети и пиротехника ја дочека Новата 2021 година. Поради мерките за заштита од коронавирус, за првпат не се организираа прослави по угостителски објекти. Затоа, пречекот за 2021 година се организираше во домашна атмосфера. Улиците низ сите градови во државата се скоро празни, освен одредени плоштади каде жителите шетаа пред дочекот.Наместо него, огномети имаше од приватни објекти, кои го осветлија градот над главниот град точно на полноќ. Иако забранети за употреба, сепак, во текот на целата вечер се слушаа пукања од петарди.Годинава, поради коронавирусот, немаше ниту журки организирани на јавни места од страна на градовите.

Скопје | пред 5 години

bebe

Првото новороденче во 2021 е машко

Првото бебе во 2021 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот.Бебето е од машки пол, тешко е 3 килограми и 650грама и е долго 51 сантиметар.Мајката на бебето е Бојана Смилеска од Скопје и тоа е нејзино второ дете.Првата посета на првороденото ќе ја оствари министерот за здравство Доц.Др.Венко Филипче во просториите на ЈЗУ У ГАК. Посетата ќе биде извршена во 10.00 часот, по што министерот заедно со директорката на клиниката пред објектот на клиниката ќе дадат изјава.

Македонија | пред 5 години

2021

Скопје 1 ви посакува Среќна Нова 2021

2020 остана зад нас. Ретко кој ќе посака да се сеќава на годината која во целост ни го промени животот. Од самиот старт се соочивме со коронавирусот, карантини, забрана за патувања, преполни болници, редици за тестирање, социјална дистанца, неизвесност... И покрај оптимизмот цела година помина во исчекување вакцина против КОВИД 19.Но, сепак 2020 ќе ја паметиме и по неколку позитивни настани.Се потсетуваме на успехот на филмот „Медена земја“ и историскиот пласман на македонската фудбалска репрезентација, кои ги исцртаа позитивните мигови и национална радост.Со голот во 56. минута и конечен резултат од 1:0, Горан Пандев на почетокот на минатиот месец ѝ донесе пласман на Европското првенство на македонската фудбалска репрезентација. Пласманот се прослави во Скопје со развиорени знамиња и свирежи од автомобилите. Некои од граѓаните ја прославија победата на Македонија со факли и песна на улиците. Европското првенство ќе се игра од 12 јуни до 12 јули в година.Во декември бевме сведоци на несекојдневен астрономски настан – привидно спојување на планетите Сатурн и Јупитер во една светла точка на ноќното небо. Во астрономијата овој настан кога положбата на две небески тела што, гледано од Земјата, ќе се најдат приближно на истата права линија, односно блиску едно до друго на небото  се нарекува конјункција.Што се однесува до годинава во која штотуку влеговме останува надежта дека оваа ќе биде многу попросперитетна. Да се надеваме дека конечно ќе се стави крај на КОВИД кризата.Желбата на граѓаните е јасна. Здравје, среќа и успех во следните 365 дена.

Македонија | пред 5 години

filipce-1

ФОТО: Министерот Филипче оперира за време на новогодишната ноќ

Министерот за здравство, Венко Филипче новогодишната ноќ ја поминува во операциона сала.„Ова е дежурниот тим за новогодишната ноќ на Клиниката за неврохирургија. Секогаш е задоволтво да работиш со млади колеги. Вечерва тие ми асистираа во операција на тумор на мозок. Операцијата успешно ја завршивме, на пациентот му посакувам добро здравје и што побрзо опоравување. На моите колеги мирна ноќ. Среќна нова година!“, напиша Венко Филипче на Фејсбук.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања