Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Тинејџер нападнал полицаец во скопската населба Кисела Вода

Тинејџер нападнал полицаец во скопската населба Кисела Вода, откако тие му побарале лична карта за легитимација.Откако одбил да покаже легитимација, тој почнал да се однесува агресивно и физички да се пресметува со еден од службениците. Од МВР велат дека 18-годишникот е приведен во полициска станица.„Полициски службеници го лишиле од слобода М.Н.(18) , од Скопје, кој при легитимирање поради агресивно однесување кон едно лице, почнал агресивно да се однесува и кон полициските службеници и физички нападнал еден од нив, оштетувајќи го стаклото од влезната врата на станбена зграда“, велат од МВР.Против него ќе биде поднесена и пријава откако ќе биде документиран случајот.извор: Макфакс

Скопје | пред 5 години

pistoli

Расчистени седум тешки кражби во Горнореканскиот регион

СВР Тетово-ОВР Гостивар денеска (31 декември) до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против Б.М.(18) од село Сенце, гостиварско и Љ.Д.(23) од Кичево, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело "тешка кражба", согласно член 236 од Кривичниот законик.Првопријавениот се сомничи дека во текот на оваа година насилно провалил во шест куќи во селото Сенце, а Љ.Д се сомничи дека бил инволвиран во една тешка кражба во Сенце, при што одзеле огнено оружје и други предмети и апарати. Одземеното е пронајдено кај пријавените и вратено им е на сопствениците.

Македонија | пред 5 години

policija-1

Тело на маж извлечено од водите на Вардар кај Чегране

Безживотно тело на маж, попладнево и е извадено од водите на Вардар на излезот од гостиварското село Чегране. Според последните информации сè уште не е познат идентитетот на жртвата.Во меѓувреме, местото го обезбедуваат полициски службеници и се врши увид на во близина на мостот, каде е забележано безживотното тело и се работи на утврдување на причините за смртта.СВР Тетово работи на расветлување на настанот, а повикан бил јавен обвинител.Се очекува да биде наредена обдукција по што ќе се зае идентитетот на починатиот и причините за смртта. извор: МИА

Македонија | пред 5 години

prst-6

Мицкоски го објасни предлогот за попис со отисоци, терминалите не се трошок, зошто тие и така ќе се набават на следните локални избори

На денешното интервју на ТВ Клан, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а во врска со пописот, објасни дека терминалот за идентификација со отисок не е трошок затоа што тие ќе бидат потрени според Изборниот законик и на следните избори.Мицкоски покажа како изгледа терминалот за попишување каде се зема отисок и истакна дека за да има доверба во пописот треба да се изврши оваа операција, во која со самиот терминал каде го поставувате вашиот отисок докажувате дека сте присутен, и оваа опција се предлага затоа што според Изборниот законик кој е гласан од сите партии според членот 108а кој вели дека изборите следни ќе се вршат со вакви терминали на идентификација, објасни Мицкоски.-Ова не е дополнителен трошок затоа што тие 5,000 терминали кои се потребни за спроведување на следните локални избори можеме да ги искористиме на овој попис, ако имаме околу 500,000 домаќинства тоа се по 100 домаќинства на тим или ако е 45 дена операцијата тоа се по две, или две ипол домаќинства на ден и со пописот ќе се заврши, истакна Мицкоски.Мицкоски вели дека на овој начин точно ќе се знае колку жители ќе имаме во Полошко, колку ќе има во Струмичко, во Скопско или Пелагониско и кога утре некој ќе биде премиер во Владата или министер за странски инвестиции или за економија и кога ќе дојде странски инвеститор кој ќе сака да инвестира ќе се знае точно каде има квалификувани работници според пописот.

Македонија | пред 5 години

226kmh

МВР: Вози внимателно, празнувај одговорно!

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните прописи и заеднички да придонесеме за безбедни патишта и улици. Сообраќајната полиција и во текот на празниците ќе ги санкционира сите оние што ги кршат законите. Засилени контроли има и на автопатиштата и скопската обиколница, како и на улиците во градовите.

Македонија | пред 5 години

korona-2

Денеска починати 15 лица и регистрирани 536 нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1662 тестирања, а регистрирани се 536 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-213, Куманово-18, Дебар-13, Штип-13, Прилеп-37, Тетово-30, Струга-23, Велес-17, Битола-29, Охрид-18, Кавадарци-23, Гостивар-13, Гевгелија-7, Струмица-8, Крива Паланка-9, Радовиш-10, Крушево-3, Кочани-6, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-4, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-6, Кичево-2, Ресен-5, Неготино-11.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 741 оздравени пациенти од: Скопје-248, Куманово-83, Дебар-7, Штип-28, Прилеп-50, Тетово-30, Струга-32, Велес-17, Битола-25, Охрид-30, Кавадарци-41, Гостивар-27, Гевгелија-12, Струмица-20, Радовиш-12, Крушево-1, Кочани-24, Пробиштип-1,Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Валандово-7, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-8, Кичево-17, Ресен-4 и Неготино-7.Починати се 15 лица, шест пациенти од Скопје (73, 40, 70, 84, 72 и 62г), двајца од Куманово (66 и 64г), двајца од Тетово (68 и 75г), еден пациент од Охрид (64г), двајца од Струмица (69 и 69г), еден од Кочани (68г) и еден пациент од Пехчево (67г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83329, бројката на оздравени пациенти е 61447, на починати е 2503, а бројот на активни случаи изнесува 19379. Од вчера се регистрира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 35961, активни 11333• Куманово 4743, активни 537• Дебар 630, активни 115• Штип 3304, активни 243• Прилеп 4231, активни 553• Тетово 4765, активни 847• Струга 2039, активни 322• Велес 2767, активни 482• Битола 3037, активни 546• Охрид 2423, активни 576• Кавадарци 2121, активни 543• Гостивар 3381, активни 548• Гевгелија 1166, активни 291 (76 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 199 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2306, активни 604• Крива Паланка 625, активни 126• Радовиш 621, активни 111• Крушево 166, активни 73• Кочани 1594, активни 216• Пробиштип 447, активни 44• Демир Хисар 235, активни 38• Македонски Брод 218, активни 26• Пехчево 155, активни 31• Берово 500, активни 52• Валандово 313, активни 62• Виница 445, активни 60• Делчево 671, активни 207 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 193, активни 17• Свети Николе 1042, активни 100• Кичево 1568, активни 219• Ресен 644, активни 140• Неготино 1018, активни 317 (159 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1662 теста се преку: ИЈЗ-210, ЦЈЗ Скопје-75, Авицена-195, Биотек-140, МАНУ -108, Жан Митрев (Филип Втори)-99, Систина со PCR метода -144, лабораторија Лаор –24, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-4, Инфективна клиника-3, ГАК-12, Синлаб-23, Ремедика-9, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -584, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 400.825 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

makedonski-drzavjanin

Приведен македонскиот државјанин осомничен за двојното убиство во Тирана

Албанската полиција го лиши од слобода македонскиот државјанин кој претпладнево со истрели од огнено оружје усмрти две жени во Тирана.-Како резултат на интензивните акитвности и опколувањето на пошрокото подрачје, полициските служненици го уапсија македонскиот државјанин Перпарим Адеми (59) осомничен за двојно убиство. Уапсениот се наоѓа во Управата на полицијата во Тирана, за понатамошна постапка, стои во полициското соопштение.Како што претходно информраше директорот на полицијата на Тирана, Ребени Јаупи, македонскиот државјанин претпладнево околу 10:20 часот во нивниот дом во Тирана, во населбата „Астир“ смртно ги застрелал Кристина Барди, со која живеел во вонбрачна заедница и нејзината сестра Жанета Метани, пред очите на две малолетни деца.Според првичните истражни дејствија, до инциедентот дошло по расправија меѓу Адеми и Барди околу продолжувањето на вобрачната заедница, која Барди сакала да ја прекине.Адеми според полицијата пред неколку години го сменил претходното презиме Тела, живеел и во Македонија и во Тирана, а од пред неколку месеци само во Тирана.

Македонија | пред 5 години

IMG-c5e614acb1013cc97cb3779fde4913d3-V

Запленети близу 15.000 пиротехнички средства на Бит пазар

Полициски службеници од СВР Скопје денеска (31.12.2020) на подрачје на Бит пазар запленија близу 15.000 парчиња пиротехнички средства. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 5 години

japonec

(ВИДЕО) Да се „наежиш“ - Македонско девојче во изведба на јапонецот Казухиро Котецу

Македонскиот тенор Благој Нацоски објави видео од како што пишува неговиот драг пријател и колега Казухиро Котецу, за кој вели дека голем пријател на Македонија.Котецу ја изведува „Македонско девојче.Инаку и Нацоски ја сними “Македонско девојче“ и тоа во карантин во Италија.Тој за „Гласот на Америка“ истакна:„Македонско девојче“ е песна која што не сум ја отпеал јавно досега, а е една од најпознатите македонски традиционално песни.

Магазин | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев со новогодишна честитка: На Македонија и треба победи

Почитувани браќа Македонци и сестри МакедонкиПочитувани државјани на Република Македонија2020 година е веќе зад нас, пред нас е новата 2021 година. Секој од нас си има свое видување за годината што измина и свои цели, желби и соништа за годината пред нас. И на секој од нас многу фактори му влијаеле на индивидуален план годината да му биде подобра или полоша, се вели во честитката од претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.Бачев во продолжение на истата додава:Другата страна се случувањата во државата кои директно или индиректно влијаат на нашите животи.На државен план, ќе се согласиме дека годината зад нас ја одбележаа настани кои и понатаму го доведуваат во прашање опстанокот на македонскиот народ и македонската држава.Во земјата владее безаконие, корупција, криминал и национално предавство.Волјата на народот беше погазена на изборите на кои Единствена Македонија беше колатерална штета со тешкиот изборен фалсификат спрема партијата од страна на „длабоката држава“ во содејство со власта во Скопје заради битката за влијание во Македонија, а за кое нешто јавноста ги виде фактите и доказите на прес конференција.Во годината што измина живееме во тешко време на пандемијата со коронавирусот во кое власта покажува недоволен институционален капацитет да се справи со здравствената криза.Битката за Македонија ја продолжуваме и во новата 2021 до конечна победа, давајќи го максимумот за унитарна, подобра и поуспешна Македонија со своето вековно име - Република Македонија. Антимакедонските договори како спротивни на меѓународното право мора да бидат поништени а постојат меѓународно-правни основа и постапка за тоа.Сега е најбитно да си ја вратиме држават назад во наши раце. После, на економски план е лесно, економската наука се погрижила да ги открие механизмите за развој и благосостојба на еден народ, треба само чесни и честити луѓе во интерес на народот и со желба и љубов да му служат на сопствениот народ.Колку и да е силна специјалната војна против Единствена Македонија, колку и да е голем растежот на Единствена Македонија, ние мора да ја одбраниме Македонија имајќи ја предвид простата вистина - доколку се растури државата сите ќе не затрупа во неа. Што ќе ни е партијата ако ја изгубиме државата!?Годината што измина сите сакаме што побргу да ја заборавиме, а и во годината што доаѓа Единствена Македонија останува на првата линија во одбрана на националните и државните интереси.Цел свет гледа дека Македонците се цврсто решени да го спречат геноцидот врз македонскиот народ. Соочени сме со историски момент каде е важно како Македонци да останеме свои на своето.Имаме милиони причини, историски или наметнати, политички или економски, реални или ирационални, за делби и поделби. Меѓутоа, една единствена мисла треба да ни биде заедничка за сите нас - ЉУБОВТА КОН МАКЕДОНЈИЈА! Кога тоа ќе го разбереме, ги отвораме вратите за решавање на сите сегашни проблеми и отвораме простор за иднината на нашите деца, на нашите семејства, на нашата единствена татковина МАКЕДОНИЈА!Оваа битка можеме да ја добиеме само сплотени и единствени како Македонци оти ова не е битка за поединци, лидери или за власт, се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е исправна, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи.На Македонија и треба победи. Нека започнат победите во 2021 година.На крајот Ви посакувам Среќна нова 2021 година со многу желби за многу среќа и добро здравје!

Македонија | пред 5 години

ohrid-13

Охридската полиција најави засилени контроли за новогодишната ноќ

Охридската полиција најави засилени контроли за новогодишната ноќ. Од таму потсетуваат дека Министерството за внатрешни работи стави во функција бесплатен телефонски број 0800-00-201 и адреса на е-пошта mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk, на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и недозволено собирање со цел организирана прослава во текот на новогодишната ноќ и претстојните празници.Со цел целосно спроведување на безбедносните протоколи за заштита на граѓаните од вирусот Ковид-19, СВР Охрид, деновиве реализира 260 контроли по хотелско-угостителски објекти, приватни станоиздавачи, вили и апартмани во Охрид и приградските населби.„Притоа, полициските службеници укажаа на потребата од строго спроведување на предвидените мерка за заштита од Ковид 19 и ги запознаа со казнените одредби за непридржување кон мерките“, соопшти СВР-Охрид.

Македонија | пред 5 години

bolnica-1

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 540 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 540 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 26 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 73 во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 46 пациент, во Кочани 18 во Кичево 8, Кавадарци 27, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 871 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

filipce-1

Филипче: Во новата 2021 година посакувам здравје и спокој за сите, многу повеќе среќни моменти и успех на сите полиња

Поминавме исклучително тешка година. Секој од нас носи своја жртва и свое бреме. Семејствата кои загубија близок, оние кои ја добија битката со вирусот, здравствените работници кои не подклекнаа под притисокот и продолжија неуморно да се борат за секој човечки живот, граѓаните, компаниите. Оваа година, колку и да сакаме, не можеме да ја заборавиме. И не треба. Се соочивме со нешто што целосно ни ги измени животите и нé исправи пред предизвикот да научиме дека можеме да живееме поинаку, да сакаме поинаку, да се грижиме повеќе, да бидеме солидарни и сплотени повеќе oд кога било, во една единствена цел- победа на вирусот.Сепак да не заборавиме, оваа година имаше и убави нешта. Ја направивме првата трансплантација на срце во историјата на нашата земја, на свет дојдоа близу 20,000 новореденчиња. Овозможивме лекарска грижа и терапија за сите пациенти, нови лекови за пациенти со ретки болести, обновивме оддели и установи. Го почнавме процесот за енергетска ефикасност на здравствените објекти, поставуваме монтажни болници и уште низа други.Но, Ковид-19 беше и останува наш најголем предизвик.Изодевме долг пат. Чекоревме брзо, зошто време за чекање немаше. Некои одлуки мораше да се донесат сега и веднаш. Сепак, ниту еден здравствен систем никогаш не се соочил, ниту пак бил подготвен да се справи со пандемија од вакви размери. Но ако во нешто сум сигурен, тоа е дека сите одлуки во борбата со вирусот ги носевме водени од заштитата на здравјето на граѓаните, како врвен приоритет.Влегуваме во новата година посилни и помудри, со верба дека оваа 2021 година ќе биде многу подобра од претходната. Со вакцината која влева надеж за целото човештво, секој ден сме чекор поблиску да ставиме крај на пандемијата. Вакцината е најсилното оружје во борбата со вирусот и таа сигурно ќе ја промени сликата.Но, сé уште е рано да го спуштиме гардот. И натаму мораме да останеме претпазливи и да продолжиме да ги почитуваме мерките. Веројатно ќе помине уште некое време додека да им се вратиме на животите онакви какви што беа пред Ковид-19.Во новата година не очекуваат нови предизвици. Иако некои од проектите кои ги планираме запреа заради пандемијата, произлегоа низа други кои на долг рок ќе се покажат како значаен влог во нашето јавно здравство. Реформите во здравството треба да продолжат. Но мора да останеме совесни и одговорни за да го отвориме патот на новите проекти. И јас искрено верувам дека сите заедно ќе се заложиме за тоа.Ако нешто нé научи оваа 2020 година, тоа е дека здравјето, семејството и најблиските се највисоките животни приоритети. Затоа, оваа година да прославиме поинаку. Да останеме дома и да ги оставиме големите прослави за некои други, посигурни времиња. Така, секој од нас ќе даде свој придонес во борбата, секоја следна година да ни биде поубава од оваа.Во новата 2021, посакувам здравје и спокој за сите, многу повеќе среќни моменти и успех на сите полиња.Чувајте се, имајте убави празници и празнувајте одговорно!

Македонија | пред 5 години

OJO-javno-obvinitelstvo

Поднесен обвинителен акт против седум лица за злоупотреба на службена положба и овластување

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје, поднесе Oбвинителен акт против седум лица за сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.По спроведената истражна постапка, предметниот обвинител утврди дека во временскиот период од август 2011 година до декември 2012 година, обвинетите З.Т. како одговорно лице – Претседател на Тениско спортско здружение Љуботен Тетово и Ц.Н. како одговорно лице – Управител во правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, со умисла ги потикнале обвинетите А.Н. како лице кое врши работи од јавен интерес и службените лица Џ.А., И.К., К.И. и И.Р. со искористување и неизвршување на нивната службена положба и овластување, со умисла да прибават значителна имотна корист за правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, а на штета на средствата на државата – сопственост на градежно земјиште, во вредост од 22.050.000 денари.Имено, обвинетите З.Т., А.Н, К.И., И.К. и Џ.А. овозможиле, правното лице, противправно да се стекне со право на сопственост на непостоечки објект со површина од 122 м2, а се со цел исполнување на условите од чл.23 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти и чл.20 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост со кој се пропишува стекнувањето на право на сопственост на објект и ексклузивно правно на откуп на земјиште, како и негова приватизација. Обвинетиот Ц.Н. со намера правното лице да се стекне со право на сопственост на градежно земјиште во државна сопственост во површина од 4.410 м2, спротивно на чл.14 ст.3 и чл.20 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, иако градежната парцела не била дефинирана со урбанистички план, ниту правното лице градежното земјиште го користело по основ на стекнато право на сопственост на објект со правна основа, спротивно на законските услови, поднел Барање за купување на градежно земјиште сопственост на Р.Македонија. Кон Барањето поднел Извод од план изготвен и потпишан од обвинетиот Џ.А. во кој бил внесен невистинит податок, по што обвинетиот И.Р. како службено лице излегол на лице место и по извршениот увид, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во Записник внел невистинит податок дека извршил премер и идентификација катастарската парцела и по увидот во ДУП и ЛУПД, констатирал дека истата се вклопува во намената. Врз основа на ова Министерство за финасии, Сектор за управна постапка, Подрачно одделение за првостепена управна постапка Тетово, донело правосилно Решение за приватизација на градежно земјиште.Со дејствијата опишани во обвинителниот акт обвинетите овозможиле, противправно, правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, да се стекне со право на сопственост на градежно земјиште со површина од 4.410 м2, откупувајќи го по цена од 43 денари за 1 м2 односно вкупно за 188.307 денари, а на штета на средствата на државата.​​

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Поднесен Обвинителен акт против осум „трговци“ со културно наследство

По повеќемесечна истражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против осум лица. Лицата се обвинети дека во текот на 2017 и 2018 година поединечно или заедно, за остварување на точно определени цели, без дозвола од надлежни органи, вршеле недозволени археолошки истражувања и ископувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости на територијата на Р.С. Македонија, пронајдените добра неовластено ги присвојувале и прикривале, а потоа добрата неовластено ги продавале на купувачи во земјава и во странство.Имено, во наведениот период на територијата на Р.С. Македонија обвинетите Р.П, А.Б. и Ж.Р., со цел стекнување на противправна имотна корист, создале група за вршење на кривични дела поврзани со недозволени археолошки истражувања и ископувања, на која припадници станале обвинетите В.М., И.Д., А.Б., Б.Д. и Ј. М.. Членовите на групата поединечно или заедно преземале криминални дејствија за остварување на точно определени цели, па така, обвинетите Р.П., А.Б., Ж.Р., В.М., Б.Д. и Ј.М. без дозвола од надлежни органи вршеле недозволени археолошки истражувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости на територијата на Р.С. Македонија. Тие меѓусебно разменувале сознанија за позиционираноста на одредени археолошки локалитети и локалитети што содржат природни реткости и по пронаоѓање на истите, со неовластена употреба на метал – детектори и сонди, вршеле недозволени пребарувања. Со употреба на погодни алати, недозволено ги ископувале археолошките локалитети и локалитетите што содржат природни реткости, а пронајдените добра под привремена заштита, културни наследства и природни реткости со непроценлива вредност, сопственост на Р.С. Македонија, неовластено ги присвојувале. Потоа, добрата ги прикривале на безбедни непознати локации и во домовите на обвинетите В.М., И.Д и А.Б. до пронаоѓање на неовластени купувачи.Откако ќе биле пронајдени купувачите од земјата и од странство, обвинетите неовластено им ги продавале овие значајни добра, сопственост на државата. Купувачите добрата под привремена заштита, односно културно наследство и природните реткости со непроценлива вредност ги изнесувале надвор од државата, во странство и со тоа трајно ги отуѓиле на штета на државата.Според Обвинителниот акт сите обвинети, тројца како организатори и петмина како припадници на групата сториле кривично дело „Злосторничко здружување“. Во зависност од дејствијата што ги сториле, на обвинетите им се ставаат на товар кривичните дела „Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”, „Присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”, „Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и кривично дело „Прикривање“ . Карактеристично за овие групи освен што недозволено користат метал детектори, сонди и други погодни алатки за скенирање на длабочина на територијата која е цел на ископ, со себе недозволено држат и оружје, па така, дел од обвинетите сториле и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.​

Македонија | пред 5 години

Foto-2

Пендаровски: Пандемијата ќе помине, ќе дојдат подобри денови, но и тогаш не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции

2020-та беше една од најтешките години од македонската независност. Ја поминавме во постојана тензија помеѓу стравот и надежта. Стравувавме за нашето здравје и животи. Бевме загрижени и за економијата, за работните места, многу лични и професионални планови беа одложени. Но, најтрагично од се, многу човечки животи беа изгубени. Пандемијата покажа колку сме ранливи како луѓе. Истовремено разоткри и многу системски слабости што се извор на социјална нееднаквост и неправда. Не е утеха што овие слабости се покажаа и на многу други места во светот, не само кај нас, истакна претседателот Стево Пендаровски во новогодишната порака.Во продолжение на истата претседателот додаде:Но, во сета таа болка и страв низ кои поминавме, имавме и причини за надеж. Таа надеж ни ја даваа нашите херои, здравствените работници, кои секојдневно, пожртвувано се борат за здравјето и животот на секој пациент, дури и на новогодишната ноќ.Надеж ни даваа и хуманите луѓе со големо срце со своите донации и волонтерите со својата посветеност. Надеж ни даваа и оние кои и во вакви услови се бореа за социјална правда и достоинствен живот.Не можеме со сигурност да знаеме што нé очекува во годината која е пред нас. Но, во ова време на неизвесност, една работа е извесна. Кризата не менува сите, постепено, секој ден, и од нас самите зависи дали од неа ќе излеземе разединети и рамнодушни или сплотени и солидарни. Треба да знаеме дека секое добро дело продолжува да живее во луѓето на кои сме им помогнале и за кои сме се грижеле.Пандемијата ќе помине. Ќе дојдат подобри денови. Ќе можеме да бидеме заедно, без страв. Но, и тогаш не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции. Мора да сме системски подготвени за следната криза, мора да ја закрепнеме економијата, да ја искорениме неправдата, да ги надминеме поделбите, да ги залечиме овие рани. Сите ние заслужуваме многу повеќе радост и среќа!Во 2021-та посакувам да имаме здравје, само здравје, за да можеме да ги оствариме сите наши желби.Нека ни е среќна Новата година!

Македонија | пред 5 години

policija-2

188 санкционирани возачи во Скопје, 9 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 188 мерки, меѓу кои 10 за возење без возачка дозвола, 20 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 за користење на мобилен телефон и 3 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 71 мерка за непрописно паркирање.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

mickoski-2

Мицкоски: 2021-та ќе е година на промени, успесите ќе дојдат со промените кои ќе донесат вистина наместо лаги, повеќе пари за граѓаните, сигурност, правда и достоинство

Почитувани сограѓани, годината позад нас не беше добра. Пандемијата на КОВИД 19 го наруши начинот на нашиот живот, а лошата власт го направи животот уште полош. Ја уништија економијата и ја однесоа во рецесија, додека го распродава идентитетот и наместо европска иднина донесоа вето. Демократијата беше погазена со криминални избори, правдата беше заробена, земјоделците беа обесправени. Го урнисаа здравството, повеќе од 50.000 луѓе останаа без работа, образованието е срушено, криминалот и корупцијата галопираат. Народот осиромашува, власта се богати. Време е да завртиме нов лисТ, се вели во Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски.Мицкоски во продолжение на истата додава:Македонија е подобра од загубите кои ги носи власта. Вие заслужувате среќа. Потребни се промени и промените ќе дојдат во годината што следи. Силата е во народот, самите сме си креатори на нашата иднина, затоа што ние граѓаните сонуваме, веруваме и дејствуваме.Ние не се откажуваме, ние ќе победиме. Имаме обврска кон нашите деца, и кон нашите предци, да имаме држава со која ќе сме горди.Нашата генерација има добра мисла и намера, знае како да истрае кога е најтешко, и да направи успех кога тоа се чини далечно.Успесите ќе дојдат со промените кои ќе донесат вистина наместо лаги, повеќе пари за граѓаните, сигурност, правда и достоинство.Празниците поминете ги со најмилите и најблиските. Подарете насмевка и љубов и имајте верба. Чувајте го вашето здравје и соберете сила, бидејќи 2021-та ќе е година на промени кои ќе ви донесат повеќе задоволство, зголемена радост, и среќа која секогаш ги следи храбрите.Ви посакувам среќни и весели новогодишни и божиќни празници.Да сте живи и здрави. Да живее Македонија.

Македонија | пред 5 години

janko-bacev

Единствена Македонија: Скандалозно признание на Заев дека ја помагал Левица финансиски и медиумски на изборите за да краде гласови од ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев вчера на собраниската седница за пратенички прашања го потврди она што во последно време се зброува јавноста дека наменскиот проект Левица на последните избори бил под контрола и одработувал за СДСМ. Заев призна дека ја помагал партијата Левица финансиски и медиумски во предизборната кампања за да одземе гласови од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Големата медиумска подршка на Левица во изборната кампања беше големо изненадување наспроти останатите партии надвор од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и ако не беше така, прашање е дали народот денеска ќе имаше слушнато за Левица. Но, вчера дојде потврдата дека медиумската и финансиска подршка на Левица на изборите била овозможена и контролирана од Заев.Исто така, шокантни се вчерашните информации од поранешни членови на раководството на Левица дека во внатрепартискиот судир во Левица, Зоран Заев преку судството му овозможил на Димитар Апасиев да ја преземе партијата со фалсификувани документи за да краде гласови од ВМРО-ДПМНЕ на изборите.Единствена Македонија изразува големо разочарување и згрозенот што и после 30 години повеќепартиски плурализам во Република Македонија, се уште во заднина се контролираат сателитски партии кои треба да одразботуваат по задача на избори.

Македонија | пред 5 години

31122020_PVRSM_Zaev_Novogodisno_obrakjanje

Заев: Во 2021 носиме европски стандарди дома, сите во акција!

Ја испраќаме годината запаметена по светска пандемија која целосно ни го измени начинот на живеење, а со тоа и светогледот. Ќе ја паметиме како година на најголемата светска криза во новиот век. Старата поговорка вели „на мака се познаваат јунаците“ – така и оваа мака ни покажа многу јунаци на првата борбена линија, ама ни покажа и солидарност, човечност и нѐ потсети колку е важно да помагаме.И на здравствен и на економски план, Владата одговори со навремени и сеопфатни мерки –обезбедивме сигурност за секој граѓанин поединечно, како и за општеството во целост. Во креирањето на мерките не се водевме од принципот или-или, туку И здравје, И социјална сигурност. Обезбедивме егзистенција за голем број граѓани, се зачуваа работните места и се одржува кондицијата на економијата.Сите заедно се осигуравме дека имаме стабилен здравствен систем кој функционира без застој. Огромна е пожртвуваноста на здравствените работници, кои и во текот на овие празници се на работните места, во болниците и се борат за секој живот.Менаџирањето на кризата ќе беше невозможно и без ангажманот на припадниците на Армијата, на полицијата, на медиумските работници и на другите на првата линија.На сите нив, им оддаваме почит и признание!Во исто време, изразувам сочувство за секој изгубен живот, а заедништвото во оваа борба нека им ја даде сета сила на семејствата кои претрпеа загуби, за да си го најдат мирот.Идната, 2021 година, ќе биде година на вакцинацијата и на излез од коронавирус пандемијата. Вакцините се можност да заштитиме животи и повторно да си го вратиме вообичаениот начин на живот. Можност да ја надминеме оваа здравствена криза.Сепак, на нашиот пат до здравје и сигурност, водиме битка и со една од најопасните појави на новото време – феноменот на дезинформациите или фаличните вести. Целта на оние што ги создаваат е да предизвикаат недоверба кај граѓаните и да ги обезвреднат силните напори на институциите и лекарите во борбата со пандемијата. Затоа, ги повикувам сите граѓани и демократски сили во земјата, да ја насочиме целата светлина врз вистината, за лагата да потоне во мракот и заборавот.На патот до безбедност и сигурност, во 2020 година се оствари нашиот стратешки сон и се придруживме на големото наше семејство. Северна Македонија е членка на најмоќниот воено-политички и безбедносен сојуз – НАТО.Сега погледот е кон Европската Унија. Нашето членство во нашата матична Унија нема друга алтернатива. Ништо нема да нѐ запре да чекориме напред, затоа што како Македонци имаме што да кажеме на нашиот македонски јазик, рамноправни со останатите европски народи. На тој пат продолжуваме да градиме пријателство и меѓусебна доверба со сите наши соседи. На тој пат сме рамо до рамо сите ние – Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите кои живеат во Северна Македонија.Народе мој,За годината пред нас поставивме десет приоритети од нашата „Акција 21”: Правда и ред, борба со корупцијата и криминалот, квалитетно здравство, повисок животен стандард, стабилни услови за бизнис и високо платени работни места, достоинствена социјална помош, здрава животна средина.Европа дома! Европски стандарди дома! Сите во акција!Посакувам новата 2021 година да ни донесе надеж и извесност. Секој од нас да го направи најдоброто за подобра живеачка тука.Да почнеме со тоа што ќе празнуваме одговорно. Новогодишните и Божиќните празници да ни минат во кругот на блиските за чие здравје и безбедност секојдневно се бориме. Да покажеме одговорност и да ги почитуваме препораките.Од длабочината на моето срце ви посакувам среќна и успешна Нова 2021 Година.Останете во добро здравје! Имајте среќни празнични денови меѓу своите сакани!Среќна Нова Година!

Македонија | пред 5 години

kosta-4

(ВИДЕО) Новогодишна честитка од градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески

Оваа година донесе многу неизвесност за сите нас, соочувајќи се со пандемија која тектонски го промени нашето секојдневие. Комуницираме, се дружиме и работиме на сосема различен начин, промени кои беа тешки, но нижни за да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Сепак покрај сите тешки моменти оваа година научивме важни лекции и се потсетивме на вистинските вредости.Се потсетивме дека здравјето е најважно и дека мора да го чуваме, дека солидарноста и меѓусебната поддршка се вредност која мора да ја негуваме. Научивме дека во животот промените доаѓаат неочекувано и мора да ги прифаќаме. Научивме дека и секоја криза е нова можност, од која треба да извлечеме поука за да продолжиме сите заедно напред.Драги граѓани, покрај сите предизвици горд сум на сработеното во 2020 год., истакна во дел од новогодишната честитка градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.Во продолжение честитката од градоначалникот ...

Македонија | пред 5 години

trgovija-na-malo

Намален прометот во трговијата на мало

Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во ноември годинава во однос на ноември лани забележал пад од 6,2 отсто номинално и реално за 9,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.Кај трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво забележан е пад номинално за 17,1 отсто, а реално за 17,3 отсто, трговијата на мало, освен трговија со горива номинално за 12,3 отсто, а реално за 14,1 отсто и трговијата на мало со автомобилски горива номинално за 29,1 отсто, а реално за 17,9 отсто.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

policija-3

89 сакционирани возачи во Општина Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.12) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на Општина Центар изречени се вкупно 89 мерки, од кои 5 за нерегистрирани возила, 6 за возење без возачка дозвола, 2 за минување на затворен семафор (црвено светло), 8 санкции за користење на мобилен телефон, 5 за возење под дејство на алкохол.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

Vladimir-Gramatikov

Туристичко-угостителскиот сектор без поголема поддршка го очекува колапс

Туризмот и угостителството имаат значителен придонес во домашната економија, но покрај позитивните социјaлно-економски влијанија кои ги имаат овие дејности, тие сепак се најчувствителни на надворешни влијанија како што е актуелниот случај предизвикан од глобалната пандемија. Ширењето на вирусот го ограничи движењето на луѓето, доведе до промени во секојдневните навики на живеење на луѓето за патување и воопшто за социјалните активности. Туристичко-угостителскиот сектор е најпогоден од актуелната криза, каде загубите кај голем број правни субјекти беа и се уште се 100 процентни. Првиот удар за беше тоа што кризата почна на самиот почеток на сезоната кога и се затворија границите.„Овој сектор се најде во ситуација од период на неактивност да влезе во период на рестрикции. Мало подобрување на состојбата имаше во летниот период, кога некои субјекти успеаја да ја намалат загубата, но гледано на годишно ниво, не се постигна остварување на профит ниту пак покривање на трошоците. Се постигна единствено намалување на загубите. Во подеднакво незавидна состојба се хотелите, туристичките агенции, рестораните, кафулињата, ноќните клубови, рент-а-кар компаниите, кои имаат високи фиксни трошоци поради природата на нивната дејност, без разлика дали работат или не.“, изјави Владимир Граматиков, претседател на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.Туристичкиот сектор прв се обедини, а Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори во дијалог со Владата активно се вклучи во предлагање на соодветни мерки за помош на секторот. Владата донесе четири пакети на економски мерки кои беа насочени кон целата економија, но и таргетирани кон туристичко-угостителскиот сектор.Во продолжение  Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија го пренесуваат како што велат реалниот приказ на трошоци и добиената помош во различни дејности од секторот.Угостителите се меѓу најпогодените од пандемијата, бидејќи голем дел од нив немаат никаква активност 10 месеци или поточно од март 2020. Секој ресторан има просечни месечни режиски трошоци од околу 5.000 евра на што треба да се додадат и трошоците за плати на вработените. Добија еднократна помош од 10.000 евра што е еквивалент на покритие за трошоците за два месеци, како и финансиска поддршка од 14.500 денари за шест месеци.На туристичките агенции просечно месечно се потребни 1.500 евра за режиски трошоци, но имаат и дополнителни трошоци за плати за вработени. Тие добија финансиска помош во висина од 3.000 до 5.000 евра еднократна помош и финансиска поддршка од 14.500 денари за шест месеци.Туристичките водичи, кои останаа без прилив цели 9 месеци, добија помош дури на крајот на годината, кој доколку се пресмета на просечно месечно ниво за 10 месеци од кризата е околу 6.000 денари месечно.Рент-а-кар компаниите, покрај намалувањето на работа од повеќе од 60 отсто едновремено се соочуваат со огромна загуба на капиталот по однос на губење на вредност ва возилата, кои им се основно средство за работа, кои генерираат трошоци за сервисирање и регистрација со дополнителна доплата за дејноста. Од економските мерки имаа можност да аплицираат за финансиска поддршка од 14.500 денари за период од 6 месеци.„Важно е да се нагласи дека се цени помошта од државата, но апелираме во 2021 година таа да биде посилна и таргетирана кон поддршка на туризмот и угостителство, за да може да се преживее. Средствата се потрошени и ако нема посилна поддршка многу од деловните субјекти ќе згаснат. Многу е значајно во обезбедување на економската помош да има континуитет односно таа да продолжи од јануари“, изјави Граматиков.Туристичко-угостителската комора на Македонија повеќе од 10 години ги застапува интересите на над 1500 претпријатија и со интензивирање на јавно-приватниот дијалог ќе продолжи да делува за подобри услови во туризмот и угостителството.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-bolnica

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 26 пациенти, а вкупно се лекува 331 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 331 лице сомнително и потврдено за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на Очната клиника и на ОРЛ. Во ковид центарот на Кожната клиника биле примени четворица болни и тројца се хоспитализирани на Клиниката за Неврологија.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 7 болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 19 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 18 пациенти, на Клиниката за очни болести 9 пациенти, а на ОРЛ 7 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 18 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 91 болен, на Клиниката за инфективни болести лежат 130 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент.Вкупно 331 пациент потврден и сомнителен за КОВИД- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 134 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања