Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

DSC_0299

Воведени „јасли“ во детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

Општина Илинден продолжува со овозможување на просторни услови и капацитети во предучилишните установи, за згрижување на деца од предучилишна возраст.Во таа насока во детската градинка Гоце Делчев, се воведоа „јасли“, односно се овозможи згрижување на деца од најмалата група на возраст од 9 до 24 месеци.За оваа намена уреден е засебен дел од објектот на градинката кој располага со сопствен влез. Набавена е потребната опрема и инвентар за престој на децата од јаслените групите. Најмалите дечиња ќе бидат згрижени во две групи.Во едната ќе престојуваат деца на возраст од 9 до 18 месеци, а во другата деца на возраст од 18 до 24 месеци.Воведувањето на јасли во градинката Гoце Делчев, која има капацитет за згрижување на 450 дечиња, се овозможи со изградбата на новата детска градинка во Миладиновци којa е со капацитет од 90 дечиња.На овој начин во двете градинки, се воведени јасли за згрижување на деца од најмладата група, како и се овозможени просторни капацитети за згрижување на сите деца до 6 годишна возраст согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба.

Скопје | пред 5 години

Sednica_53_12292020002

Педесет и трета седница на советот на Општина Охрид, еве што изгласаа советниците

На педесет и третата седница на Советот на општина Охрид, предлагачот на дневниот ред ги повлече предлог програмата во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2021 година и предлог одлука за ослободување од плаќање надоместок за користење на спортки терен, додека дневниот ред беше надополнет со предлог заклучок за утврдување на сообраќаен режим на улицата „Железничка“ кој беше усвоен и предлог за давање согласност за утврдување на тарифа за собирање на отпадни води 2021 – 2023 кој не беше усвоен.На седницата беа усвоени предлог одлуките за верификација на мандат на член во советот на општина Охрид, за именување член во комисијата за верификација, избори и именувања, за именување член во комисијата за урбанизам, за именување член во комисијата за финансии и буџет, за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2021 година.Во текот на расправата по однос на точките за усвојување на предлог програмите беше прифатен амандманот на предлог – програмата за социјална заштита за 2021 година.Советниците ги усвоија предлог програмите за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2021 година, за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за период 2021 – 2023 година, за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2021 година, за заштита на животната средина и природата за 2021 година, за спорт и рекреација за 2021 година, за млади и невладини организации за 2021 година, за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2021 година, за детска заштита за 2021 година, за социјална заштита за 2021 година, за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2021 година, за одбележување празници и манифестации во 2021 година, за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2021 година, за работа на Советот на општина Охрид за 2021 година, за уредување градежно земјиште за 2021-2023 година, за енергетска ефикасност за 2021 година, за јавно осветлување за 2021 година, за одржување на јавна чистота за 2021 година, за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2021 година, за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2021 година, за други комунални услуги за 2021-2023 година, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2021 година, за изградба на сообраќајна сигнализација за 2021 година, за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 2021 до 2023 година, за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води за 2021 – 2023 година.На денешната седница на советниците го усвоија предлог буџетот на единицата на локалната самоуправа за 2021 година.Беа усвоени и предлог одлуките за извршување на буџетот на Општина Охрид за 2021 година, за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2021 година. Исто така на денешната седница беа усвоени предлог програмите за усвојување на Програмата за работата на ЈП „Водовод“ – Охрид за 2021 година, за усвојување на програмата за работа и развој на ЈП „Билјанини извори “ – Охрид за 2021 година, за усвојување на Планот и програмата за работа на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за 2021 година, за усвојување на Програмата за работа на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид за 2021 година, за усвојување на Програмата за тековно работење на ЈП„Нискоградба“ – Охрид за 2021 година, за усвојување на План Програмата за работа и развој на ЈП Градски Пазар – Охрид за 2021 година, годишна програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година, оперативна програма за организирање и функционирање на службата за зимско одржување на патишта и улици на подрачјето на општина Охрид за 2021 година, за пренесување на правото на користење на движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потребите на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“ – Охрид.На денешната 53. Седница беа усвоени предлог одлуките за пренесување на правото на користење на движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потребите на ООУ “Григор Прличев“ – Охрид, за пренесување на правото на користење на движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потребите на ОСУ “Св. Климент Охридски“ – Охрид, за пренесување на правото на користење на движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потребите на СОСУ “Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр. 4035/1,4036/1, 4037/1, 4038/1,4036/2 и 4037/3 за КО Охрид 4, за формирање локалeн совет за превенција за подрачјето на општина Охрид, за ослободување од плаќање надоместок на превозниците кои вршат општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид, за давање согласност на одлуката за дополнување на ценовникот за услуги на ЈП „Нискоградба“ – Охрид, за давање согласност на одлуката за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП„Водовод“ – Охрид за 2021 година, за дополнување на одлуката за утрдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори – Охрид, за давање согласност на одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод“ -Охрид за регулиран период 2021-2023 година.Точката за предлог одлука за преземање на водоводот од МЗ Куратица и отстапување на ЈП„Водовод“ – Охрид, не беше усвоена.

Македонија | пред 5 години

aerodrom-skopje-2

Укината забраната за летови од Велика Британија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 36-та седница донесе одлука за укинување на забраната за авионските летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија која важеше до крајот на 2020 година, како и задолжителната мерка за самоизолација на патниците што доаѓаа од овие дестинации во рок 14 дена.На оваа седница Владата донесе Одлука за Деветнаесетта емисија на обврзници за денационализација во висина од 11.500.000 евра за реализација на вкупно 800 решенија за денационализација кои се правосилни во периодот од 01.01.2019 година до 31.12.2019 година на кои им обезбедено правото за надомест во вид на обврзници.Обврзниците за денационализација се издаваат со рок на достасување од 10 години и со каматна стапка од 2% годишно. Исплатата на обврзниците се врши еднаш годишно на 1 јуни секоја година, а исплатата на обврзниците за денационализација од деветнаесеттата емисија ќе започне од 2021 година.

Македонија | пред 5 години

IMG-c5e614acb1013cc97cb3779fde4913d3-V

Запленети над 30.000 пиротехнички средства на Бит пазар

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје вечерва (30.12.2020) на подрачје на Бит пазар на ул. 192 запленија над 30.000 парчиња пиротехнички средства,а во врска со случајоте приведени се две лица. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 5 години

noz-ubistvo-napad

Со нож избоден угостител од Дебар

Во кафе-бар во центарот на Дебар, денеска е нападнат сопственик на кафуле кому му се нанесени убодни рани од нож.-Денеска околу 10 часот, во Одделението за внатрешни работи во Дебар, пријавено е дека Б.П.(47) од Дебар, додека бил во сопствениот кафе-бар, од машко лице бил нападнат со остар предмет. ОВР Дебар, работи на расчистување на случајот, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.Од Општата болница со проширена дејност во Дебар, информраат дека Б.П.имал убодни рани од нож во пределот на вратот и градниот кош. 

Македонија | пред 5 години

30122020_PVRSM_Zaev_-Sednica-za-pratenicki-prasanja

Заев: Секој граѓанин ќе може да одгледува 2-3 стебла марихуана под контрола на агенцијата предвидена во законот

Премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговораше на неговиот сопартиец Јован Митрески околу Законот за марихуаната. Премиерто рече дека прво сериозна дебата, за да се слушне и гласот на народот, иако негов личен став е дека треба да се случи поскоро.-Нашиот став во однос на ова прашање е јасен. Ова нема да биде привилегија само на богатите да инвестираат или слично. Целта е да се овозможи на секој граѓанин на пример од две до три стебла, под контрола на агенцијата којашто е предвидена во самиот закон, за сопствена потреба да може да ги користи или пак може да ги делегира на компанија да ги одгледува за него како што и сега се бележи секое стебленце со посебен број со посебна контрола или слично – изјави премиерот Заев.Заев посочи дека со легализација на канабисот истовремено се отвораат нови економски потенцијали и се прави развој на одредени стопански гранки.

Македонија | пред 5 години

korona6

Денеска евидентирани 15 починати лица и 493 нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2366 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-210, Куманово-28, Штип-14, Прилеп-14, Тетово-7, Струга-6, Велес-34, Битола-15, Охрид-24, Кавадарци-32, Гостивар-10, Гевгелија-17, Струмица-17, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Демир Хисар-1, Пехчево-5, Берово-6, Валандово-5, Виница-1, Свети Николе-2, Кичево-9, Ресен-5, Неготино-8.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 450 оздравени пациенти од: Скопје-154, Дебар-15, Штип-32, Прилеп-32, Тетово-18, Струга-16, Велес-27, Битола-34, Кавадарци-23, Гостивар-17, Гевгелија-11, Струмица-14, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Кочани-1, Пробиштип-5, Македонски Брод-2, Валандово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-8, Ресен-1 и Неготино-19.Починати се 15 лица, четири пациенти од Скопје (47, 58, 81 и 56г), еден од Куманово (35г), двајца од Струга (75 и 64г), еден од Велес (70г), двајца пациенти од Битола (70 и 56г), еден од Охрид (80г), еден од Кавадарци (73г), еден од ПЕ Гевгелија/ Богданци (63г), еден пациент од Крива Паланка (65г) и еден пациент од Неготино (67г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82794, бројката на оздравени пациенти е 60706, на починати е 2488, а бројот на активни случаи изнесува 19600. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 35747, активни 11373• Куманово 4725, активни 604• Дебар 617, активни 109• Штип 3291, активни 258• Прилеп 4194, активни 566• Тетово 4735, активни 849• Струга 2017, активни 332• Велес 2750, активни 482• Битола 3009, активни 543• Охрид 2405, активни 589• Кавадарци 2098, активни 561• Гостивар 3368, активни 562• Гевгелија 1159, активни 296 (76 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 196 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2298, активни 618• Крива Паланка 616, активни 117• Радовиш 611, активни 113• Крушево 163, активни 71• Кочани 1588, активни 235• Пробиштип 445, активни 43• Демир Хисар 235, активни 40• Македонски Брод 215, активни 26• Пехчево 154, активни 31• Берово 495, активни 47• Валандово 309, активни 65• Виница 443, активни 60• Делчево 665, активни 201 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 193, активни 20• Свети Николе 1036, активни 102• Кичево 1566, активни 234• Ресен 639, активни 139• Неготино 1008, активни 314 (159 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2366 теста се преку: ИЈЗ-426, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена-245, Биотек-181, МАНУ -142, Жан Митрев (Филип Втори)-109, Систина со PCR метода -183, лабораторија Лаор –42, Судска медицина-7, ЦЈЗ Битола-64, Инфективна клиника-2, ГАК-8, Синлаб-29, Ремедика-11, лабораторија болница Козле-16, ЈЗУ (рапид тест) -845, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 399.163 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

covid-19-vakcina

Северна Македонија доби потврда од Фајзер, првите дози од вакцината во февруари

Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината. Денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата. Министерството информира дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.

Македонија | пред 5 години

30122020_PVRSM_Zaev_Pratenicki-prasanja-1

Заев: На почетокот на 2021 година почнува изградбата на интерконекторот со Грција, се приклучуваме на Александрополис и отвораме можности за други извори на гас

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања во Собранието, најави дека со донесениот Закон за ГАМА продолжува со интензивно темпо реализацијата на гасификацијата, како една од најважните стратешки интереси на државата.„По прифаќањето на Законот во Собранието, сите граѓани се сопственици на националниот гасовод, што е огромна придобивка за граѓаните и за националните можности на државата“, оцени премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, додаде дека, наместо да биде присутен само еден извор на гас, со што државата, со години, се држеше во монополска позиција, сега е отворена можноста да влезе и азербејџанскиот гас, да влезе и течен гас од Америка, од Катар, од Турција.„Ја најавувам првата директна инвестиција, а тоа е нашето учество во Александрополис гасоводот. Доживеавме нашата земја да инвестира во Грција, во гасниот терминал во Александрополис, инвестиција меѓу 6 ипол и 7 ипол милиони евра и ќе имаме 10 проценти учество, Грција има веќе 20 проценти учество, Бугарија има 20 проценти учество, една американска и една грчка компанија се останатите партнери и да учествуваме со 25 проценти во Гасната централа на природен гас во Александрополис“, објасни премиерот Заев.Изградбата на интерконекторот со Грција, како што рече премиерот Заев, е проект вреден 54 милиони евра, од коишто, од инвестициската рамка за Западен Балкан, имаме 14 милиони евра грант.„Завршена е целата документација, почетокот на 2021 година очекуваме почеток на изградбата на овој интерконектор, којшто ја дава за прв пат можноста да влезе втор, трет, четврти, петти извор на гас“, рече премиерот Заев.Тој посочи дека покрај овој интерконектор, се работи на реализацијата на други три интерконектори за гас.Премиерот Заев изрази очекување за 30 процентно намалување на цената на природниот гас во државата, што како ефтин и еколошки енергенс ја отвора големата еколошка и енергетска можност за Република Северна Македонија, за стопанството и за граѓаните.„Ова ја развива и можноста за изградбата гасни централи за производство на електрична енергија, како и ревносно да ја следиме еколошката агенда на државата, согласно Европската зелена агенда, односно брзата транзиција од јаглен во еколошки реагенси, за производство на електрична енергија“, дополни премиерот Заев околу гасификацијата, на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

Македонија | пред 5 години

30122020_Pres-konferencija-na-Inspekciski-sovet_1

Филиповска-Грашкоска: Намален е бројот на издадени решенија за изолација и за 50 проценти зголемен бројот на привремено санкционирани објекти

На денешната прес-конференција, на ден пред новогодишната ноќ, претседателката на Инспекцискиот совет, Филиповска-Грашкоска ги истакна координираните акции во изминатите седум дена на инспекциските служби во соработка со Министерството за внатрешни работи.Во периодот од 21-ви декември до 27-ми декември од страна на седумте инспекциските служби, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, спроведоа вкупно 5.200 надзори и контроли.Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши 112 надзори, врз основа на кои изрече 8 решенија и издаде вкупно 6.576 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на коронавирус и лица кои биле во контакт со заболени лица од коронавирус, што е за ¼ помалку од претходната недела кога се издадоа 9.065 решенија за изолација.Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 3.864 контроли и 462 надзори. При спроведените надзори, изречени се 32 прекршочни пријави и 62 решенија за констатираните неправилности, како и 43 прекршочни платни налози. Од вкупниот број решенија, 13 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за 7 угостителски објекти во Скопје и по 2 угостителски објекти во Гостивар, Тетово и Струга, во кои не се почитувало работното време и ограничувањето за 4 лица на една маса. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози.Споредбено со периодот од 14-ти до 20-ти декември, бројот на затворени угостителски објекти е зголемен за 50 %.За време на новогодишната ноќ, но и за празниците што следат, Државниот пазарен инспекторат во соработка со МВР, ќе продолжат со зајакнатите заедничките контроли во угостителските објекти. Ќе се постапува и по пријава или по сознание добиено за собири и доколку се утврди дека навистина се случува организиран настан, ќе се преземат соодветни мерки согласно законите.Во истиот период, Инспекторатот за транспорт изврши 49 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: 6 прекршочни пријави, 2 решенија и 2 прекршочни платни налози. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз на патници.Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена изврши 361 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. При тоа инспекторатот изрече 9 решенија и 11 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 2 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за што и се издадени 9 ППН за 9 лица заради неносење на заштитна маска на работно место.Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 21 надзори во аптеки и веледрогерии по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона. При тоа, издадени се 2 решение согласно Законот за лекови и медицински помагала.Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 290 надзори, при што издадени се 8 решенија, 10 едукации и 2 ППН, по основ на нерегистриран оператор, непостапување по наредени мерки, неизвршени здравствени прегледи, неправилно складирање, чување и означување на производи.Државниот инспекторат за животна средина , во текот на минатата недела изврши вкупно 41 надзори. При тоа, за констатираните неправилности од областа на животната средина инспекторите донесоа 3 решенија со задолжувања за подобрување на работата на правните субјекти.Апелираме за одговорно празнување и сериозно сфаќање на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот за време на празниците. Секој, кој преку себични постапки ќе се обиде да го загрози јавното здравје ќе биде неселективно санкциониран. Теренските активности продолжуваат како и досега. Воедно ги повикуваме и охрабруваме сите граѓани да ги пријавуваат непочитувањата на протоколите во наредните денови.

Македонија | пред 5 години

Foto

Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со хрватскиот претседател Милановиќ

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.Во разговорот, претседателот Пендаровски изрази сочувство на семејствата коишто ги изгубија своите блиски во серијата земјотреси коишто ја погодија Хрватска.Претседателот Пендаровски изрази и уверување дека Хрватска и сите нејзини граѓани ќе ги санираат брзо последиците од оваа природна катастрофа.

Македонија | пред 5 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба

По консултации со експерти од областа на енергетиката и правото, претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба.Претседателот Пендаровски смета дека донесувањето на законот е во јавен интерес бидејќи државата ќе стане сопственик на целиот гасоводен систем и на тој начин ќе се отвори можност за диверзификација на изворите за снабдување со гас на нашата држава, како и дека ќе се создадат услови за дополнителни вложувања во изградба на дистрибутивната мрежа. Исто така, нашата држава ќе стане транзитна рута за други држави во регионот.Усогласениот текст на спогодбата е направен со медијаторство на „Енергетската заедница – Виена“, меѓународна организација задолжена за усогласување на правилата и принципите на внатрешниот пазар на енергија на ЕУ со државите кандидати за членство како и соседството на ЕУ.Во однос на забелешките и критиките дека со ова решение е нарушено начелото на поделба на власта и дека Собранието ги презело ингеренциите на судот, претседателот Пендаровски смета дека владеењето на правото е обезбедено со надлежноста на Уставниот суд да ја контролира уставноста на законите.

Македонија | пред 5 години

policija-i-inspekcija-2

Затворени два угостителски објекти во Кочани поради непочитување на Ковид мерките

На 29.12.2020 во 18.35 часот, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле контрола на угостителски објект во с.Облешево, при што биле затекнати неколку лица и сопственикот и било констатирано непочитување на мерките на Владата на Република Северна Македонија, односно не било почитувано работното време. По комплетирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.На 30.12.2020 во 00.32 часот, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле контрола на угостителски објект на ул.„Димтрие Лазаров“ во Кочани, при што биле затекнати неколку лица и било констатирано непочитување на мерките на Владата на Република Северна Македонија, односно не било почитувано работното време. По комплетирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по член .206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Македонија | пред 5 години

1-7

Запленети над 5000 пиротехнички средства на Бит пазар

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВр Скопје денеска (30.12.2020) на подрачје на Бит пазар на ул. 192 запленија 5382 парчиња пиротехнички средства,а во врска со случајоте приведен О.Д.(25). По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 години

30122020_PVRSM_Zaev_Pratenicki-prasanja

Заев: Очекувам од бугарската страна да направи чисто признавање на македонскиот народ и македонскиот јазик

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања, објасни и околу разговорите со Република Бугарија и побара од опозицијата во земјава да не печали политички поени врз интересите на граѓаните на државава, кои се за членство во ЕУ.„Исклучително исправно е за државата да склучува договори, низ коишто ќе бара решенија и кoишто ќе го гарантира европскиот и евроатлантскиот пат на нашиот народ. Преку 75 проценти од граѓаните сметаат дека се ова нашите стратешки интереси.Нашиот македонски идентитет и јазик никогаш не биле на маса на преговори и разговори и нема да бидат. Тоа е наше право, самоопределување, европски право и очекувам од бугарската страна да направи чисто признавање на македонскиот народ и македонскиот јазик, без какви било задршки, уцени или резерви, затоа што пријателите тоа го прават“, порача премиерот Заев.Тој изрази очекување дека историската мешовита комисија ќе продолжи да бара решенија за отворените прашања, оценувајќи дека формулацијата заедничка историја помеѓу двата народа и двете држави е сериозна формулација на градење пријателство и европска иднина. Премиерот Заев додаде дека постои заедничка македонска и бугарска историја, како што постои посебна македонска историја којашто си ја имаме како македонски народ и како држава.„Низ ваквите формулации можеме да градиме иднина“, рече премиерот Заев.На обраќање од пратеничка од опозицијата со посочувања за фашистички однесувања во земјава, премиерот Заев одговори дека „народните херои ги убил фашист, а не цели народи“, дека „Бугарија не била администратор во земјава, била окупатор, но одлуката на тогашната власт и администрација во Бугарија, не ни дава за право да негуваме непријателски чувства кон целиот бугарски народ и бугарската држава“.„Затоа е важно како зборувате. Секој може да печали по некој поен заради некој личен интерес, политички, за да дојдете до власт, моќ, пари, но оваа реторика и драматургија е заради ваши димензионирани интереси“, укажа премиерот Заев.„Ќе се однесуваме одговорно и ќе градиме пријателство, во сé што е наша светост: национална посебност, македонски јазик, македонски народ, македонски идентитет, како и идентитетите на сите помалку бројни заедници во нашата заедничка татковина. Успева државата да оди напред. Денеска сме членка на НАТО, како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Ќе бидеме членка на ЕУ, како Македонци кои зборуваат македонски јазик“, порача премиерот Заев.

Македонија | пред 5 години

zemjotres-111

Единствена Македонија во име на македонскиот народ се извинува на хрватскиот народ за срамната симболична помош за земјотресот

Владата во Скопје продолжува со бламирањето на Република Македонија на меѓународната сцена. Со одлуката за доделување на 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриња, власта во Скопје уште еднаш по кој знае пат ја понижи Македонија во очите на други држави а пред се во очите на хрватскиот народ, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Од партијата во истото додаваат:Подобро да се организираше донаторска конференција за Хрватска и многу повеќе ќе се собереше отколку владината помош со симболичните 6 милиони денари.Македонија е држава со буџет од 4 милијарди евра, држава во која секојдневно се врши злосторство врз буџетот од лица блиски до власта, милиони евра народни пари се пљачкаат и земаат како во самопослуга и завршуваат во приватни џебови. Во земјата владее безаконите, криминал и корпупција. Оттука, што може да се очекува од власта во Скопје, која слушнала за меѓудржавна солидарност по повод природни несреќе, но, не го разбрала тоа.Затоа, Единствена Македонија во име на македонскиот народ длабоко му се извинува на пријателскиот хрватски народ за срамната и недолична симболична помош.

Македонија | пред 5 години

heroin-111

Уште еден осомничен за пронајдени дрога и оружје во Сингелиќ

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32- годишен жител на с.Синѓелиќ, Скопје, поради постоење на основано сомнение дека во соизвршителство ги сторил кривичните дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 во врска со член 22 и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.Имено, заедно со неговиот брат за кого претходно на 22.12 беше отворена истражна постапка, во помошна просторија – гаража во семејната куќа, во вградени специјални бункери во бетонскиот носач, неовластено држеле вкупно 6370 грама наркотична дрога – хероин, како и 915 грама наркотична дрога – кокаин. Дрогата била спакувана во различни пакувања и полиетиленски ќеси. При претресот, во бункерот било пронајдено и оружје и муниција од поголемо количество и тоа вкупно 235 куршуми во различен калибар, еден пиштол марка HS со една рамка со 16 куршуми, како и еден револвер марка Магнум 357 со рамка со шест куршуми.Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да влијае врз сведоците или да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.​

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Жителка на Скопје обвинета за поседување оружје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 51-годишна жена која се товари дека го сторила кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 д Кривичниот законик.Обвинетата на 9 декември, на булеварот „Александар Македонски“ неовластено држела пиштол марка „Застава“ со калибар 9мм PARA M88, една рамка со пет куршуми за тој пиштол, и една празна рамка. Со оружјето била затекната од полициски службеници на бензинска пумпа.Јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата за која постојат околности кои укажуваат на опасност да се даде во бегство или да го повтори делото.​

Скопје | пред 5 години

30122020_PVRSM_Zaev_-Sednica-za-pratenicki-prasanja

Над 1 милијарда и 100 илјади евра се насочени кон граѓаните и стопанството

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска одговара на пратенички прашања во Собранието на Република Северна Македонија.„Финансиската состојба во државата е стабилна и има сериозно заживување на економијата, иако се случува вториот пик на пандемијата“, соопшти премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, одговори на пратеничко прашање од опозицијата, за насоченоста на парите од Буџетот.1 милијарда и 100 илјади евра се за граѓаните, за 2020 и 2021 година, рече премиерот Заев и додаде дека се вратени и сите доспеани обврски на државата.„Со четирите пакети економски мерки, сочувани се повеќе од 100.000 работни места. Помогнати се по разни основи над 400.000 граѓани. 65 милијарди денари директно се вбризгани во домаќинствата и во компаниите. Редовно е сервисиран Буџетот, редовно се пуштени парите во проток. Тоа не е дупка во Буџетот, туку помагање на нашиот народ и на здравствениот аспект на кризата. Државата се има откажано од приходи, за реализација на мерките и е подготвена и понатаму да развива мерки за помагање на граѓаните, сиромашните, работниците, домашните претпријатија“, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, додаде дека фокусот е кон мерките, но дека се води сметка и за капиталните инвестиции, дека очекуваниот пад на БДП е поради намалувањето на увозот и извозот во работата на странските компании, како резултат на севкупната економија, но дека УЈП бележи зголемена на наплата на ДДВ, на средствата од данокот на добивка и на персоналниот данок од доход – што покажува стабилност и зголемувања на платите и „одлично ниво на одржливост“.

Македонија | пред 5 години

Mizrahi-30122020

Мизрахи до Заев: Дедо ми е тепан со палки по табаните, дека немало бугарски фашистички окупатор, дали уште стоите на ставот дека тоа било администрација?

На денешната собраниска седница пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи ги посочи со фотографии од собраниската говорница, членовите на нејзиното семејство кои се однесени во логорот Треблинка во 1943 година и не се вратиле од таму, освен нејзиниот дедо, па го праша Зоран Заев дали сеуште стои на ставот дека тепањето на најзиниот дедо по табаните со палка било администрација.-Господине Заев дали знаете кој е овој, тој е Страшо Пинџур чие тело било однесено во непозната локација, а началникот го опишал неговото мачење, па бил тепан до смрт, господине Заев ова е Мирче Ацев прогласен за државен непријател на бугарската фашистичка окупаторска власт во Македонија кој имал дури 27 година само исто како Страшо Пинџур, за него велат дека одбил да даде било какви податоци па бил тепан по табаните, знаете оние тепања со палки по табаните „сичко знам, сичко ќе приказвам“ и дедо ми е тепан со нив дека немало бугарски фашистички окупатор, истакна Мизрахи.Мизрахи му посочи на Заев за Мучето како граѓанин на Струмица кој бил убиен на струмичките улици од куршум на бугарски полицаец, нешто кое било напишано на споменикот за кој сега тој наредил со електрична брусилка да се избрише зборот бугарски од споменикот, за кое Заев признал јавно.-Дали господине Заев сеуште стоите на ставот дека Бугарија во времето на Втората светска војна била администратор на Македонија,а не фашистички окупатор оти мојата фамилија не е отепана со пенкало, дали уште стоите на ставот дека бугарските војски ги ослободувале Крива Паланка, Куманово и Скопје, свесни ли сте дека со изјавата за БГНЕС дека Петрич и Струмица зборат на ист јазик дали е бугарски или македонски сте на иста линија со негаторските политики на нашиот источен сосед со кои се негира постоењето на македонскиот јазик и негово сведување на нормата на бугарскиот јазик, па по тоа дали зборувате на македонски или на бугарски јазик и ако говорите на македонски јазик, тогаш дали петричкиот дијалект е дијалект на македонскиот јазик ? – праша пратеничката Рашела Мизрахи од собраниската говорница.

Македонија | пред 5 години

muzicar

ВИДЕО: Скопје расположено, музичар ги изненади минувачите покрај Универзална сала

На прагот од Новата Година, граѓаните се трудат да го кренат расположението. Денеска музичар ги изненади минувачите кај Универзална сала.Инаку Владата на Република Северна Македонија на сите граѓани им ги честита новогодишните и божиќни празници со апел во овој период да се почитуваат рестриктивните мерки и препораки за да се избегне зголемувањето на бројот на заболени од КОВИД-19.Од Владата потсетуваат дека за периодот од 18-ти декември до 20-ти јануари постои ограничување на работното време на угостителските објекти, до 18:00 часот.На сила  е и забраната за организирање предновогодишни и новогодишни прослави на отворен и затворен простор, за сите граѓани, за општините, работните организации, како и забрана за работа после 21:00 часот на рестораните во хотелските објекти.Забрането е собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден.Секој граѓанин мора да носи лична заштитна опрема на лицето (прекривка на устата и носот) при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори каде се собираат повеќе лица.Остануваат активни и јасните препораки до верските заедници, да не повикуваат на масовни собири и групирања за време на претстојните верски празници.Според препораките, апелираме да не се излегува од дома без некоја голема потреба после 18:00 часот, за да се избегнат ризиците од формирањето групи на граѓани.Во домовите, по повод празниците и семејните прослави, да ги почитуваме и препораките кои налагаат во рамките на еден дом да нема присутни повеќе од четири лица како гости.Прекршувањето на задолжителните мерки, правила, рестрикции и протоколи за спречување и заштита од коронавирусот е казниво заради загрозување на животот и здравјето на граѓаните.Со своето одговорно однесување да покажеме почит и благодарност и кон претставниците на министерствата, за здравство, внатрешни работи и одбрана, припадниците на Црвениот крст и Противпожарната бригада, како и на медиумските работници кои се во првите редови во борбата, справувањето со корона кризата или известувањето за неа.Да празнуваме одговорно!

Скопје | пред 5 години

2-7

Маричиќ: Должни сме будно да ги следиме реформите во правосудството

Министерот за правда Бојан Маричиќ во своето обраќање на прес-конференцијата по повод презентирањето на планот за проверки во правосудството, кажа дека со овој процес кој започнува во јануари ќе биде клучен за враќањето на довербата на граѓаните во правната држава.-Овој процес како на Влада и на Министерство ни е од исклучително значење и веруваме дека истиот ќе придонесе кон враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем, која во моментот е на загрижувачко ниско ниво. Ние не сакаме на било кој начин да правиме притисок врз судството и обвинителството, но должни сме да се грижиме и будно да го следиме процесот со кој ќе добиеме реформиран, транспарентен, ефикасен и од било какви притисоци ослободен правосуден систем. Тоа им го должиме на граѓаните, кажа министерот Маричиќ.Министерот за правда го нотираше делот од извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава во делот на правосудството, во кој се забележува дека како резултат на реформите, воспоставени се механизми кои обезбедуваат независност и отчетност на правосудството.Со оваа прес-конференција и презентацијата на методологијата е исполнето ветувањето дека до нова година ќе биде усвоена и презентирана методологијата за проверките во правосудството.

Македонија | пред 5 години

IMG-09062380e0ac047c38205b7e1a6706d8-V

Потпишан Договор за соработка меѓу Пошта и Халкбанка

Генералните директори на „Пошта на Северна Македонија“ и „Халкбанка“, Јани Макрадули и Билал Суџубаши денеска го потпишаа Договорот за соработка. Веднаш по неговото склучување, генералниот директор Макрадули изрази очекување дека за многу брзо време, Пошта на Северна Македонија ќе се врати на првобитната позиција која до пред неколку месеци ја имаше на македонскиот пазар - 25% од вкупниот платен промет во државата.„Пошта повторно обезбедува можност за плаќање на сметки, како и вршење на други трансакции со најниска провизија и тоа во над 300 точки низ целата држава. Потсетувам дека постојат места низ Републиката во која граѓаните немаат друга можност за вршење на трансакции од платниот промет, освен шалтерите на „Пошта“. Тоа е голема одговорност и обврска која повторно ја преземаме за најмногу 2 месеци.“, истакна Макрадули.Дополнително, посочи тој, финансиски ја зајакнуваме компанијата, што е многу важно бидејќи за брзо време сакаме сите заедно да придонесеме и да ја вратиме „Пошта“ таму каде од секогаш припаѓала – а тоа е меѓу граѓаните.„Добиваме многу пофалби за новитетите кои ги воведуваме и за напорите за ревитализација на компанијата. Но, периодов до нас пристигнуваат и голем број на критики, поплаки и сугестии како да бидеме повеќе професионални, но првенствено повеќе ориентирани кон целосно извршување на услугите кон граѓаните. Токму тука, главната одговорност треба да ја покажеме ние како менаџмент, но својот дел од одговорноста мора и ќе го преземе секој еден вработен во Пошта.“, посочи Макрадули.Генералниот директор на „Халкбанка“, Билал Суџубаши изрази задоволство од одлуката на „Пошта на Северна Македонија“ да ја избере оваа банка како свој партнер во вршењето на услугите од платниот промет. Со ова, потенцираше Суџубаши, „Пошта“ избра сигурен партнер - банка која во изминатите девет години успеа да стане најбрзорастечка банка во земјата, но и банка која зад себе има сигурен бренд, Халкбанк АШ Турција - банка која постои веќе 80 години и е една од најсилните банки во Турција.„Истовремено можам да најавам дека освен стандардните банкарски услуги ќе понудиме и други услуги кои освен за нашите коминтенти, ќе бидат достапни и за сите кои ги користат услугите на „Пошта“. А клиентите на „Пошта на Северна Македонија“, кои отсега стануваат и наши клиенти, набргу ќе можат да се уверат дека нашиот слоган „Важни се луѓето” e во суштинa сублимирана порака на „Халкбанка“ за сите активности од нашето деловното работење и корпоративната стратегија.“, рече генералниот директор на банката, Билал Суџубаши по потпишувањето на Договорот.Според договорот со Халкбанка платниот промет на пошта ќе започне да функционира за најмногу два месеци. Над 870 вработени во „Пошта“ целосно или делумно извршуваат работни обврски поврзани со обезбедувањето на наведените услуги, а од остварениот заеднички приход 71 отсто ќе биде за државната пошта, а 29 отсто за Халк Банка.На крајот, Макрадули се осврна и на празничната промотивна акција која периодов ја спроведува „Пошта“. Тој се заблагодари за огромниот интерес и поддршка кој го даваат граѓаните во рамки на иницијативата „#ИспратиЧеститка, #ИспратиПодарок“ преку #ПоштаМКД“. Како што најави Макрадули, сите граѓани до 15.1.2021 година ќе можат промотивно да испратат подароци или пакети до 5кг низ цела земја по цена од 80 денари, како и празнична честитка во ретро дизајн, изработена од еко хартија по цена од 16 денари.

Македонија | пред 5 години

nikoloski

Николоски до Заев на пратенички прашања: Грешка е што потпишавте договор со Бугарија со кој историјата одлучува за иднината на Македонија и Македонците

Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во Собранието на пратеничко прашање до Зоран Заев истакна дека власта направи грешка што потпиша договор со Бугарија со кој историјата одлучува за иднината на Македонија, односно со историската комисија му е дадена можност на секој бугарски премиер кога сака да ја блокира Македонија.- Мислам дека е огромна грешка, договор во кој што директно зависи европската перспектива на Македонија да се стави историска комисија на тој начин да му се даде ас во рака не само на Борисов туку на било кој иден бугарски премиер да ја блокира Македонија како што сме блокирани во моментов и тие да можат да имаат легитимно право да излегуваат со договорот во раце и да речат дека комисиите не напредуваат со својата работа затоа што двете држави се согласиле да има ваква историска комисија. Тоа е апсолутна грешка и е недозволиво на Балкан да се направи таква грешка односно да се стави историска комисија во договор кој што ќе зависи европската иднина на Македонија, потенцира Николоски.Тој истакна дека е добро да се постигнуваат договори, но многу е важно какви договори се постигнуваат, односно дека тие договори не треба да бидат по секоја цена треба да се во интерес на Македонија, а за жал неколку одредби во овој договор не се такви.- Македонскиот народ е ставен пред невозможна мисија, или национално да се обезличи односно да прифати нешто што не е или да не напредува кон Европската Унија. Во таа насока не можам да се согласам дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја , прецизна е формулацијата во договорот и со истата не се слагам која вели дека има заедничка држава помеѓу двете држави и нивните народи. Не пишува двата народи, не пишува кои народи што отвора голем простор во преамбулата за манипулации од бугарска страна, особено во услови кога се во ЕУ, ние надвор и имаат повеќе сила да прават проблеми и не губат ништо и можат само да добијат, нагласи Николоски.

Македонија | пред 5 години

Solidarno-Skopje

Град Скопје со помош на настраданите во катастрофалните земјотреси во Хрватска

Советот на Град Скопје на денешната итна вонредна седница, донесе Одлука за давање помош на настраданите од катастрофалните земјотреси во Петриње и во Загреб, во кои има човечки жртви и се повредени повеќе лица.Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари, односно 2 милиона денари на градот Петриње и еден милион денари за градот Загреб, износ кој го доделуваме на сите градови за вакви и слични неприлики.Градоначалникот на седницата изјави дека Скопје е град на солидарноста и знае што значи помош по вакви катастрофи и затоа во кординација со сите советнички групи во Град Скопје е свикана вонредна седница на Советот за да им се додели помош на пријателите од Загреб и од Петриња.

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања