Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

korona5

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 580 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 580 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 37 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 99 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 70 во ковид центарот во Гостивар 35, а во Струга 31 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 52 пациент, во Кочани 23 во Кичево 10, Кавадарци 26, во Гевгелија 18 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 971 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти, а вкупно се лекува 391 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 391 лице сомнително и потврдено за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Кожната клиника, двајца на Клиниката за Нефрологија и четворица во Ковид центарот на Неврологија.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 9 болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 13 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести 12 пациенти, а на ОРЛ 11 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 19 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 99 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 130 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент.Вкупно 391 пациент потврден и сомнителен за КОВИД- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 115 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

30122020_Praznuvaj-odgovorno_2

Влада: Повикуваме на целосно почитување на мерките и препораките за време на празниците, да празнуваме одговорно!

Владата на Република Северна Македонија на сите граѓани им ги честита новогодишните и божиќни празници со апел во овој период да се почитуваат рестриктивните мерки и препораки за да се избегне зголемувањето на бројот на заболени од КОВИД-19.За периодот од 18-ти декември до 20-ти јануари постои ограничување на работното време на угостителските објекти, до 18:00 часот.На сила е и забраната за организирање предновогодишни и новогодишни прослави на отворен и затворен простор, за сите граѓани, за општините, работните организации, како и забрана за работа после 21:00 часот на рестораните во хотелските објекти.Забрането е собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден.Секој граѓанин мора да носи лична заштитна опрема на лицето (прекривка на устата и носот) при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори каде се собираат повеќе лица.Остануваат активни и јасните препораки до верските заедници, да не повикуваат на масовни собири и групирања за време на претстојните верски празници.Според препораките, апелираме да не се излегува од дома без некоја голема потреба после 18:00 часот, за да се избегнат ризиците од формирањето групи на граѓани.Во домовите, по повод празниците и семејните прослави, да ги почитуваме и препораките кои налагаат во рамките на еден дом да нема присутни повеќе од четири лица како гости.Прекршувањето на задолжителните мерки, правила, рестрикции и протоколи за спречување и заштита од коронавирусот е казниво заради загрозување на животот и здравјето на граѓаните.Со своето одговорно однесување да покажеме почит и благодарност и кон претставниците на министерствата, за здравство, внатрешни работи и одбрана, припадниците на Црвениот крст и Противпожарната бригада, како и на медиумските работници кои се во првите редови во борбата, справувањето со корона кризата или известувањето за неа.Да празнуваме одговорно!

Македонија | пред 5 години

STOP-kampanja_FVMS-12-2020

ФВМС: Апелираме за празниците до граѓаните – СТОП за пиротехниката и несоодветната исхрана на домашните миленици

СТОП за човечка храна, ние животните не треба да ја јадеме и СТОП за пиротехниката, ние животните се плашиме, се двете пораки со кои Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје апелира до граѓаните за време на празниците.- Пиротехниката поточно употребата на петарди и огномети предизвикува страв кај животните. Сетилото за слух кај кучињата и мачките е многу почувствително, тие имаат помал праг за чувство на страв, така што звукот на петардите како за домашните миленици, така и за останатите видови животни може да биде фатален. Звукот предизвикува голема вознемиреност, дури и кога ќе престане. Животните продолжуваат да се плашат и да се кријат, и токму заради тоа апелираме до граѓаните да се воздржат од употреба на разни пиротехнички средства за време на престојните празници, бидејќи и тие заслужуваат мир и благосостојба, истакнуваат од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.Воедно, порачуваат на граѓаните кои се сопственици да не ги оставаат нивните миленици сами во периодот околу новогодишните празници, шетањето да биде исклучиво со поводник, додека мачките да не се пуштаат надвор од домот, со цел да се заштитат и да не трпат негативни последици.- Во однос на храната, честа е посетата на Универзитетската ветеринарна болница како резултат на последици кои се јавуваат кај домашните миленици како резултата на несоодветна исхрана. Празниците се повод за богата трпеза и остатоците од храната да се сподели со милениците, така што тоа не треба да се практикува. Храната која ја јадеме ние, не треба да ја јадат животните, не затоа што нема доволно нутриенти за нив, туку имаат негативни последици по нивното здравје. Особено штетни се шеќерот, зачините и маслото, кои предизвикуваат потешкотии во однос на варењето на храната, невеселост, болка, а со тоа има промени во општата здравствена состојба на животните. Секој сопственик мора да внимава со исхраната на миленикот и да се грижи за нивното здравје, додаваат од Факултетот.Периодот на новогодишни празници треба да вроди веселост кај сите, особено кај животните, а на нас останува одговорноста да им обезбедиме достоинствен живот.

Македонија | пред 5 години

30.12-1

Филипче: Со донацијата од германската амбасада се зголемува квалитетот на здравствена заштита во Поликлиниката Шуто Оризари

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово заедно со амбасадорката на Сојузна Република Германија Анке Холштајн присуствуваа на примопредавање на донација од страна на Министерството за надворешни работи на Германија за Поликлиниката во општина Шуто Оризари.Во изјава за медиумите, министерот Филипче се заблагодари на амбасадорката Холштајн за поддршката и помошта која ја дава на здравствениот сектор од почетокот на ковид кризата и истакна дека се разговарало и за натамошно унапредување на здравствениот систем со помош на германската амбасада.„Ова е една многу значајна донација. За сума од 16 илјади евра се набавува значајна опрема која ќе служи во Поликлиниката во Шуто Оризари и се зголемува пристапот и квалитетот на здравствена заштита на граѓаните, во делот на лична заштитна опрема, кислород, кислородни маски, се тоа што значи брз пристап до еден одреден дел од системот на здравствена заштита. Во оваа поликлиника имаат пристап граѓани од многу ранливи категории. Ние во изминатиот период многу интензивно работевме и после подолг временски период на криза со изнаоѓање на гинеколог. Во овој момент трае постапката за набавка на опрема којашто ќе биде опремена оваа ординација. Конечно ќе има на располагање гинеколог во оваа општина на голем број на жени на коишто им е потребна таква здравствена услуга“, потенцираше Филипче.Во Поликлиниката формиран е Центар за брзи тестови за ковид-19 и во континуитет има дежурна екипа составен од лекар, медицинска сестра и лабораторија којашто на граѓаните од овој регион им е на располагање 24 часа во денот.„Благодарение на Амбасадата на Кина во изминатиот период работевме и се заврши проектот за целосно реновирање на оваа Поликлиника и тоа ќе започне на почетокот на следната година. Уште еднаш голема благодарност на амбасадорката Холштајн за оваа континуирана поддршка на здравствениот сектор. Искрено се надевам дека таквата соработка и поддршка ќе продолжи и понатаму“, рече Филипче.Германската амбасадорка Холштајн истакна дека оваа донација е по иницијатива на Сојузната влада за време на германското претседателство во Советот на Европската Унија за помош на државите од Западен Балкан при пандемијата од КОВИД-19.„Со оглед на состојбите, главен акцент на нашето претседателство беше справување со пандемијата и нејзините последици. Овде, во регионот на Западен Балкан имаме партнери кои при борбата со ковид пандемијата можат да се потпрат на нас. Особено ни е важно што преку овие проекти можеме да помогнеме на ранливите групи и граѓани“, рече амбасадорката Холштајн и на граѓаните кои се борат со ковид им посака брзо оздравување, а на сите останати посака и понатаму да имаат добро здравје.

Македонија | пред 5 години

30-12-2020-Kuzeska

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ е загубена и неразумно се обидува да блокира, попис ќе има во 2021 година, тоа е интерес на државата

Попис на населението е исклучително важен за развојот на државата и тој ќе се одржи во април 2021 година. Со Предлог-Законот за попис кој е во собраниска процедура, овозможуваме спроведување на пописот според највисоките меѓународни стандарди на ЕУ, статистичка операција која ќе ја реализира Државниот завод за статистика, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Кузеска додаде:Со Предлог Законот за попис, имаме за цел, оваа статистичка операција повеќе никогаш да не се третира како политичко прашање, туку како оперативно-статистичко.Пописот нема и не смее да зависи од волјата на политичките партии и лидери. Видовме што значи тој пристап кога ВМРО-ДПМНЕ организираше попис во 2011 година кој пропадна, а со него пропаднаа и парите на граѓаните.И денес како опозиција ВМРО-ДПМНЕ прави се за попис да не биде одржан. ВМРО-ДПМНЕ во Собранието продолжува да се однесува деструктивно и неодговорно.Со илјадници амандмани ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во Собранието ги кочат дополнувањата на Деловникот кои имаат за цел да обезбедат работа од далечина на пратениците кои се во изолација поради ковид 19. Со стотици амандмани ги кочат измените на Законот за здравствена заштита и Законот за внатрешни работи.Ништо конструктивно од ВМРО-ДПМНЕ, само блокади, кочења и деструкција.СДСМ преку парламентарното мнозинство во Собранието е подготвена во собраниската процедура да бидат разгледани поднесените амандмани од опозицијата со цел да се обезбеди уште поквалитетно законско решение.Со усвојувањето на Предлог-Законот, Репубчика Северна Македонија во 2021 година, за првпат по 19 години ќе спроведе попис на населението. Оваа операција не смее да се политизира ниту да се одложува.Сите пратеници во Собранието, особено оние од опозицијата треба да се водат од одговорноста пред граѓаните и државата и предлог Законот за попис да биде усвоен.Попис на население мора да има и ќе има во април 2021 година.

Македонија | пред 5 години

marihuana2

Обвинение за дилер на марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 14 декември во попладневните часови, во близина на основно училиште во Шуто Оризари, обвинетиот неовластено заради продажба држел 91,05 грама марихуана. Дрогата, спакувана во бела најлонска кеса, му била пронајдена и одземена при личен преглед.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постои опасност од бегство и можност да го повтори делото​

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

СЗО донираше медицинска опрема вредна еден милион долари за справување со пандемијата со Ковид 19

Светската здравствена организација во 2020 година во земјава донираше заштита опрема, лабораториски сетови и медицинска опрема во вредност од 1.049.902 милион донари за справување со пандемијата предизвикана од Ковид 19 вирусот.Во делот на медицинска опрема преку Германскиот Фонд за Ковид 19, се донирани респиратори и пулсоксиметри за ковид центрите во земајва за да се овозможи адекватно лекување и третман на болните од корона. Сета донирана опрема е по стандардите за безбедност и квалитет на СЗО и е распределена во медицинските центри во земјава.

Македонија | пред 5 години

filipce

Значајно е намален факторот на преносливост на вирусот, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска при посетата на Поликлиниката во Шуто Оризари истакна дека многу од предвидувањата околу пандемијата не се оствариле.„Бројките се намалуваат значајно на новодијагностицираните, се намалува факторот на преносливост, се намалува бројот на паиенти што треба да се хоспитализираат. Болниците се практично полупразни, на инфективната клиника после долг период има над 30 кревети слободни и на интерните клиники над 100, а претходно беа слободни меѓу 20 и 30 кревети. Спласнува притисокот врз здравствениот систем. Можно е да има некаков мини пик понатаму, веројано би се должел на непочитување на мерките, но се покажа дека со овие препораки, со затворање на угостителските објекти имаме сериозен значаен ефект. Верувам дека граѓаните ќе бидат свесни и совесни, полицијата како и сега ќе работи интензивно и ќе избегнеме криза“, истакна Филипче.Министерот додаде дека Новата година ќе ја пречека дома со најблиското семејство.-Сакам да бидам пример за граѓаните, рече Филипче. Тој верува дека за претстојните празници ќе се почитуваат мерките за да нема нов пик на средината на јануари.Според Филипче полицијата ќе работи интензивно за време на Новогодишните празници и на тој начин ќе се избегне евентуална нова криза во здравствениот систем.-Морам да потенцирам дека здравствениот систем е спремен да пресретне и следен бран. Ние нема да го смениме системот на реорганизација на јавно-здравствените институции додека не поминат празниците, некаде до крајот на следниот месец. Така што, верувам дека граѓаните ќе продолжат да се однесуваат на овој начин, рече министерот.Што се однесува до стартот на вакцинацијата, Филипче рече дека можно е вакцините во земјава да стигнат и пред месец март.„Која вакцина ќе ја добиеме преку ковакс системот не знаеме ни ние, и ниедна земја која партиципира во тој систем. Во комуникација сме со сите земји кои понудија помош, има начин и пред март вакцините да стигнат во нашата земја. Треба да има процес на имунизација со кој ќе се постигне колективен имунитет кај 60-70% од населението“, категоричен е министерот.

Македонија | пред 5 години

zemljotres-zagreb

Човечноста не познава граници - македонец нуди куќа со платени трошоци за оние кои останаа без дом во Хрватска

Расте бројот на жртвите по катастрофалниот земјотрес којшто ја погоди Хрватска. Најмалку седум лица загинаа, а десетици се повредени при уривање на згради во силниот земјотрес којшто ја погоди централна Хрватска. Спасувачите во текот на целата ноќ ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани.  Засега нема информации за повредени македонски државјани во земјотресот, а министерствата за надворешни работи на двете земји се во постојана комуникација.Со несреќата сочувствуваме сите. И Македонија знае што е катастрофален земјотрес. Штетите кои ги претрпе Скопје во 1963 год никако не бледнеат. Но, сега е време да се помогнеме. Кој како може. Воодушевува објавата на Денис Синед во секцијата за помош по земјотресот во Хрватска на Фејсбук.„Ја нудам својата куќа во Скопје, Македонија, за 8 особи до 6 месеци (предност имаат луѓе со мали деца). Исто така подготвен сум да платам и патни трошоци. Кога јас бев во тешка ситуација, една личност од Хрватска ми помогна до максимум, тоа не можам да го заборавам до гроб... Бог нека биде со вас браќа и сестри мои, нека ме контактираат во порака заинтересираните. Ве мислиме, поздрав од Македонија“, напиша Синед.По оваа објава секако дека имаше низа пофални коментари и зборови за почит, по што Денис во коментар ја објасни приказната која го натера на овој хуман чин:„Пред 10 години, мојот татко се разболе од карцином на белите дробови. Не бевме сјајни финансиски и случајно запознав доктор од Хрватска, кој му пружи помош на татко ми до максимум, без никакви надоместоци. Ете, после 10 години, време е да се оддолжам на хрватскиот народ. Слободно е уште за двајца луѓе“, вели Синед.

Коментари | пред 5 години

policija-2

184 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 за непрописно престројување, 11 за непрописно престигнување, 16 за користење на мобилен телефон и 5 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 55 мерки за непрописно паркирање, а 44 возила се подигнати со „пајак“.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

134525245_419627122617958_8051238686221258153_n

Во Центар бесплатен паркинг за новогодишните и божиќните празници

По повод претстојните новогодишни празници Ве известуваме дека на 31.12.2020 година (четврток) отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15:00 часот, катната гаража до 17:00 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работи до 15:00 часот.На 01.01.2021 година (петок) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ.Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2021 година (сабота) со вообичаено работно време.За време на Божиќните празници на 06.01. (среда) и 07.01.2021 година (четврток) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните.Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01.2021 година (петок) со вообичаено работно време.Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.Тимот на ЈП Паркинзи на Општина Центар Ви посакува убави новогодишни празници.

Скопје | пред 5 години

Foto_30.12.2020

Арсовска: Функционален систем и меритократија за излез од кризата во 2021

Годината која изминува беше исполнета со многу предизвици и неизвесност во многу области на живеењето, но кризата со која се соочивме на економските план е една од најголемите во поновата историја. Какви ќе бидат економските показатели за движењето на македонската економија во наредната година ќе зависи од тоа дали ќе се остварат очекувањата за надминување на кризата во првиот квартал од новата година. Сојузот на стопански комори како глас на стопанството, продолжува да го застапува приватниот сектор и со предлози базирани на факти да допринесува да се креираат финансиски и нефинансиски мерки за помош, со кои ќе се надмине здравствено економската криза.Во следната година важно ќе биде одлуките на институциите да одговараат на барањата и потребите на граѓаните и стопанството, а колективниот интерес секогаш да биде пред индивидуалниот. Државата треба да се стреми кон систем кој ќе гарантира сигурност и стабилност на работните места и на економијата воопшто, како и кон институционално посветено делување кон секој кој регистрирано работи на националниот пазар, со цел да му се овозможат фер услови диктирани од самиот пазар, кој пак треба да е ослободен од влијанија и да е базиран на принципите на слободна конкурентност и еднаков третман. Важно е да се инсистира на овозможување на подобро деловно опкружување, каде секој ќе има еднаква шанса за успех и напредок.Македонската економија во три квартали годинава бележи пад од 5,9 отсто предизвикан од пандемијата, која доведе до значително забавување и прелевање на ефектите од здравствено економската криза во 2021 година. Нашата мала и кревка економија во голема мера е зависна од трговијата и инвестициите од ЕУ, кои исто така се погодени од пандемијата. Стапките на невработеност повторно се зголемени и состојбите на пазарот на трудот се влошуваат што дополнително ги отежнува состојбите, па така без конкретни и добро таргетирани мерки, ќе следи тежок период. Бројни се предизвиците кои ќе треба да се надминат во следната година, особено во економијата и доколку итно не се делува за нивно решавање, нема да може да се постигнат очекуваните резултати.Без разлика на видот и димензијата на економските мерки, кои е неопходно да продолжат и наредната година, надежните институции мора итно да се посветат на следните предизвици:1. Да се воспостави систем на владеење на правото, законите да важат подеднакво за сите и да се применуваат неселективно, во спротивно инвестициите ќе бидат минимални. Довербата во институциите, а особено во судската власт се намалува во континуитет. Воедно потребно е да се престане со брзите и чести промени на законите, кои дополнително придонесуваат за несигурност кај граѓаните и стопанството.2. Институциите итно треба да се посветат на сериозно сузбивање на сивата економија која е во експанзија и во моментов има удел од скоро 40 отсто од вкупниот економски сектор. Со сузбивање на сивата економија дополнително ќе им се помогне на претприемачите кои легално се борат за опстанок на пазарот во услови на тешка криза, кои едновремено покрај конкуренцијата од сивата економија се соочени со инспекции и преобемна и сложена регулатива.3. Без системска контрола и регулација на е-трговијата се уништуваат стихијно над 10 илјади македонски претпријатија кои работат во секторот трговија. Во моменти кога ЕУ земјите го штитат својот домашен пазар и имаат нулта толеранција за избегнување на царина и данок, во Македонија прагот за меѓународна е-трговија расте, што директно ги оштетува малите увозни претпријатија. Во внатрешниот промет карго доставите на нарачки од е-трговија работат без евидентирање и претставуваат најголем извор на затајување на данок на национално ниво. Нема стабилна економија, доколку условите на пазарот не се еднакви за сите.Во новата година институциите треба да воспостават добро корпоративно управување кое во услови на криза, бара знаење и компетентност. Во изминатата година покрај тоа што имаше еден од помалите пакети за поддршка на приватниот сектор за економски спас, имаше и потреба од системско решавање на предизвиците, што доведе до потешкотии во имплементација на финансиските мерки за помош. Надминувањето на овие состојби, може да се постигне со планирани системски решенија, но и со отпочнување на именување на носители на јавни функции засновано врз принципот на меритократија. На тој начин, ќе постојат точно утврдени постапки кои ефикасно и ефективно ќе се спроведуваат, а во исто време оние кои имаат улога на одлучување во одредена институција, ќе знаат квалитетно да ги спроведуваат политиките потребни за надминување на потешкотиите.Воспоставување функционален систем во државата, ќе значи овозможување на следење на текот на сите постапки едновремено, како и следење на нивниот степен на реализација, постоење одговорност кај оние функционери кои несоодветно или ненавремено ја извршуваат својата работа особено во делот на поддршката за приватниот сектор и граѓаните, отстранување на самоволно однесување и слободно толкување на прописите. Сите недостатоци би се минимизирале доколку се стават во функција системски решенија, кои ќе овозможат подобра иднина и економски просперитет за сите граѓани. а тоа би требало да биде и највисокиот приоритет на институциите.

Македонија | пред 5 години

policija-2

106 сакционирани возачи во Општина Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на Општина Центар изречени се вкупно 106 мерки, од кои 7 за нерегистрирани возила, 5 за возење без возачка дозвола, 5 за минување на затворен семафор (црвено светло), 13 санкции за користење на мобилен телефон, 2 за возење под дејство на алкохол.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

posta

АД „Пошта“ и Халк банка ќе потпишат договор за соработка

АД „Пошта на Северна Македонија“ и Халк банка АД Скопје денеска ќе ги потпишат договорот за соработка и договорот за утврдување на висината на надоместоците за вршење на услуги во Пошта.Договорите ќе ги потпишат генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ Јани Макрадули и главниот извршен директор на Халк банка АД Скопје, Билал Суџубаши.Директорот на АД „Пошта“, Макрадули, неодамна најави дека очекува од 1 март следната година граѓаните да можат да ги плаќаат сметките во поштенските филијали низ земјава, како што беше пред пропаѓањето на Еуростандард банка АД Скопје.Владата на 7 овој месец ја прифати како најповолна понудата на Халкбанк АД Скопје за соработка со АД „Пошта“ согласно двата усвоени критериуми за евалуација на понудата, и тоа во однос на рокот за почеток на имплементација на договорот од 2 месеци, како и во однос на процент на поделба на остварениот заеднички приход во висина од 71 отсто за „Пошта на Северна Македонија“ со 29 отсто за Халкбанк АД Скопје.

Македонија | пред 5 години

badnik

Бадник – неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2021 година (среда), Бадник, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.​

Македонија | пред 5 години

miniranje

Поради минирање, во прекин сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Поради изведување работи на пат (минирање) на патниот правец Кичево – Охрид кај с.Врбјани во период помеѓу 12:00 и 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 5 години

policija-3

Деветмина полицајци повредени во сообраќајна несреќа

Деветмина полицајци се повредени вчера во 08.20 часот во близина на с.Белановце, Липковско, откако се судриле комби и автомобил .До несреќата дошло при судир помеѓу комбе „рено“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, во кое се превезувале девет полициски службеници и патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(48) од Куманово.По незгодата, на полициските службеници им била укажана помош во Општата болница Куманово, каде им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово, Јавен обвинител и Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

Мицкоски: Скандалозно е што новинарите се тепани и прогонувани

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Прашањето ми е следно на порталот Инфомакс вели дека скандалозно е новинарите да бидат тепани, судени и кривично гонети.Скандалозно е тоа што се случува, новинари да бидат тепани, новинари да бидат судени, новинари да бидат гонети. Мене не ми се случило иако има еден поранешен или сегашен новинар или колумнист што и да е што континуирано ми го симулира мојот погреб, ваков ќе изгледал, таков ќе изгледал итн и тоа не е говор на омраза, тоа не е за МВР предводено од Оливер Спасовски говор на омраза, вели тој.Мицкоски се осврна и на лажната снимка која беше објавена каде што се прикажува дека тој ги крши мерките за заштита од корона вирусот, посочувајќи дека и покрај тоа што обвинителството го отфрлила предметот бидејќи снимките биле лажни, МВР под раководство на Оливер Спасовски не отворила истрага да испита кј ја пуштил таа снимка во јавноста.Никој денеска не поведе сметка, после оној исказ од обвинителство дека јас не сум ги прекршил мерките и не сум бил во теретана како тоа наеднаш се појавија ракавици на луѓето кои што беа тогаш со мене, како излезе таа снимка од теретаната, на крајот од денот зошто МВР не поведе истрага како таа снимка дојде во рацете на тие луѓе кои што ја пуштија таа снимка. Точно сите знаеме кој стои позади профилот на твитер кој што ја објави прв тааа снимка, ако не знаат еве нека го прашат Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, тој знае со адреса. Знаеме и ние и треба да знае дека знаеме, зошто МВР не излезе да каже како таа снимка стигнала таму, зошто се ставени тие ракаваци и на крајот од денот кога обвинителството вели дека 6 месеци е истражуван тој период и такво нешто не е забележано, тогаш некој треба да одговара, вели Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Избркани учениците кои ја пцуеја професорката на онлајн настава

Двајца ученици од СУГС „Владо Тасевски“ се исклучени од училиштето со едногласна одлука на наставничкиот совет, откако едниот вербално нападна професорка за време на онлајн час, а другиот неовластено го снимал случајот. Видеото беше споделено на Тик Ток по што набрзо се најде и на други социјални мрежи.-Денес заседаваше наставничкиот совет и ЕДНОГЛАСНО донесе одлука да ги ИСКЛУЧИ двајцата ученици. СУГС Владо Тасевски е училиште во кое се почитуваат кодексот на однесување, правилникот за изведување на онлајн настава и секоја повреда ќе ја санкционираме, велат од училиштето преку социјалната мрежа Фејсбук.

Македонија | пред 5 години

mila-carovska

(ВИДЕО) Царовска доби песна: „Ми ла, ми ла, музиката е сила“

Слабите резултати на учениците во земјата покажале дека се неопходни итни реформи во организирање на наставата и содржините за што ќе бидат изготвени нови учебници, а наставниот кадар ќе добие насоки за новото т.н. интегрирано учење. Нацрт-програмата, која ја подготвило Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието и тим од седум професори, ќе биде дадаена на јавна дебата, а се очекува реформите да бидат спроведени во новата учебна 2021 година за учениците од прво и од шесто одделение.Според најавените реформи  уметничкото образование, ликовно, музичко и физичко и здравствено образование, техничко образование, техника, технологија или информатика ќе се предаваат со флексибилни програми. Но, се чини дека не сите се сложуваат со најавените реформи во образованието. Министерката за образовение, Мила Царовска доби и песна.Автори на песната се членовите на Здружението на музички педагози. Слушнете во продолжение:

Магазин | пред 5 години

w_56083030

Денеска починати 17 лица и 498 нови случаи со Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2467 тестирања, а регистрирани се 498 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-246, Куманово-30, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-34, Тетово-19, Струга-15, Велес-5, Битола-10, Охрид-21, Кавадарци-14, Гостивар-19, Гевгелија-12, Струмица-8, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-4, Берово-2, Валандово-3, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-7, Неготино-12.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 606 оздравени пациенти од: Скопје-194, Дебар-6, Штип-22, Прилеп-61, Тетово-36, Струга-20, Велес-22, Битола-39, Охрид-45, Кавадарци-24, Гостивар-27, Гевгелија-16, Струмица-23, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-5, Виница-1, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-18, Ресен-5 и Неготино-11.Починати се 17 лица, шест пациенти од Скопје (66, 45, 77, 72, 77, 67г), двајца од Куманово (62 и 58г), еден од Прилеп (78г), еден од Тетово (59г), еден од Струга (81г), тројца пациенти од Велес (75, 77 и 81г), еден од Охрид (69г), еден од Крушево (54г) и еден пациент од Неготино (60г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82301, бројката на оздравени пациенти е 60256, на починати е 2473, а бројот на активни случаи изнесува 19572. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 35536, активни 11320• Куманово 4696, активни 576• Дебар 617, активни 124• Штип 3277, активни 276• Прилеп 4179, активни 583• Тетово 4728, активни 860• Струга 2010, активни 343• Велес 2717, активни 477• Битола 2994, активни 564• Охрид 2382, активни 567• Кавадарци 2066, активни 553• Гостивар 3357, активни 568• Гевгелија 1140, активни 289 (76 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 192 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2281, активни 615• Крива Паланка 611, активни 117• Радовиш 604, активни 112• Крушево 163, активни 71• Кочани 1584, активни 232• Пробиштип 442, активни 45• Демир Хисар 234, активни 39• Македонски Брод 214, активни 27• Пехчево 149, активни 26• Берово 490, активни 42• Валандово 305, активни 62• Виница 442, активни 62• Делчево 665, активни 201 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 193, активни 21• Свети Николе 1034, активни 106• Кичево 1557, активни 233• Ресен 634, активни 135• Неготино 1000, активни 326 (157 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2467 теста се преку: ИЈЗ-470, ЦЈЗ Скопје-65, Авицена-252, Биотек-249, МАНУ -135, Жан Митрев (Филип Втори)-175, Систина со PCR метода -243, лабораторија Лаор –41, Судска медицина-13, ЦЈЗ Битола-31, Инфективна клиника-2, ГАК-11, Синлаб-23, Ремедика-23, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -711, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 396.797 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

donacii-2

(ВИДЕО) Хрватите солидарно, на пунктови се собираат најнеопходни производи за граѓаните кои ги изгубија домовите во земјотресот

Хрватска на нозе. Хуманитарната организација „Луѓе за луѓе“ постави пунктови низ цела Хрватска каде се собира помош за семејствата кои ги изгубија домовите во страотниот земјотрес.Колони во недоглед. Хрватите по силен дожд чекаат смирено да дадат свој придонес оставајќи помош. Се собира храна, вода, греални, ќебиња, средства за хигиена.Ова можеше да им се случи на сите. Ова е мала ситница која ја донираме, ама на некого премнигу му значи во моментов, вели еден од донаторите за 24 сата.Најмалку шест лица загинаа во силниот земјотрес кој денеска ја погоди Хрватска. Спасувачките екипи под урнатините ги извлекле телата на 13 годишно девојче од Петриња и пет други лица од Мајска Полјана.Спасувачките екипи и цивилите продолжуваат да трагаат по затрупани граѓани.Потресите предизвикале голем број на дефекти на електричната мрежа во и околу погодениот регион. Без струја се Петриња и Велика Горица и делови од Сисак и Загреб, соопштуваат од Хрватсњкото електростопанство.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Обезбедена посебна сметка за граѓаните со низок доход кои не се најдоа на листата заради неажурирани лични податоци

Владата донесе Одлуката за дополнување на Одлуката за отворање на посебна наменска сметка за лицата кои не ги ажурирале податоците до законски предвидениот рок и кои заради тоа не се најдоа на листата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Мицкоски испрати телеграма со сочувство до Хрватска и хрватскиот народ за жртвите од земјотресот

Со големо жалење и тага ги примив потресните вести за катастрофата предизвикана од големиот земјотрес кој се случи во Загреб. Нашиот народ стои рамо до рамо со хрватскиот народ и воедно ја истакнуваме нашата безусловна поддршка.За македонскиот народ и Македонија ваквите природни катастрофи од овој обем не се непознати и токму поради тоа сме спремни да помогнеме на секаков начин, како партија ВМРО-ДПМНЕ, но пред се како луѓе.Во овие тешки моменти за вашата земја, уште еднаш би сакал да изразам најдлабоко сочувство со хрватскиот народ и посакувам што побрзо опоравување на повредените и надминување на последиците од разорниот земјотрес, се вели во телеграмата до Н.Е. Нивес Тигањ, Амбасадор на Република Хрватска од  претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања