Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

micevski

Мицевски:Факт е дека отисокот со прст дава сигурност во целата постапка за спроведување на пописот

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 26 амандмани по основ на законот за попис. Се работи за суштински амандмани. Истите амандмани ќе ги аргументираме затоа што навистина се суштински и навистина се амандмани кои што би значело подобрување на самото законско решение и влевање на доверба во целото ова решение законско коешто се нуди сега, истакна Никола Мицевски, Координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.Мицевски додаде:Со загриженост ги следиме настаните затоа што во јавноста се бара оправдување за да се избегнат некои од барањата кои што ги има ВМРО-ДПМНЕ по однос на ова статистичка операција која што би требало да се направи. Значи избегнувањето на обезбедување на фингерпринт е навистина нешто што не дава сигурност во целата постапка. Образложенијата дека тоа е скапа операција и ќе треба време не држи затоа што таква одлука за набавка во државната изборна комисија за таква апаратура има, меѓутоа не се префрлени пари од буџетот во ДИК за тоа. Сметаме доколку навистина ова треба да го направиме како што треба да го направиме дека е многу лесно државата да префрли пари за да бидат обезбедени овие апарати за отисок од прст со што на многу лесен начин ќе успееме да резидентното население го одвоиме од државјаните во Република Македонија.Дополнително ако навистина сакаат да биде статистичка операција би требало методологијата да биде составен дел на законот како би можеле ние кој што го носиме законот да целата таа методологија ја имаме на увид и продискутираме исто така и по неа, а не потоа тоа да се носи со подзаконски акти во кој што Собранието ќе нема учество во истата.Исто така многу е симптоматичен барањето на врзан потпис на директорот и заменикот директор затоа што сепак тоа се политички фигури, едниот е поставен од страна на СДСМ, другиот од ДУИ и не ја гледам потребата за врзан потпис за нешто што би требало да значи обврска на директорот на институцијата и зошто за тоа би требало да даде поддршка и заменикот на истата таа институција. Така да сметам дека има некои работи кои би требало да се подрасчистат има некои работи кои што треба да се средат, еве сега додека трае Комисијата за европски прашања на кој што е ставен пописот да имаме некои порелевантни информации и да имаме доверба во целиот процес.

Македонија | пред 5 години

joci-111

Новинарката Јоци до Шилегов: Шетај си го Тоби во парк по завршување на прв мандат, а за втор - батали

Немој, Петре, ќе изгубиш! Доста ти беше. Изгледа немаш и ти контакт со гласачко тело, чим волку ти се подигнати очекувањата.Шетај си го Тоби во парк по завршување на прв мандат, а за втор - батали. Реално, не си за градоначалник на Скопје.Преголем залак беше ова за тебе, напиша на својот ФБ профил новинарката Јорданка Ивановска Јоци. 

Македонија | пред 5 години

Kosta-voda

Георгиески: Лично не би поддржал промена, поточно покачување на цената на водата, базирана на закон донесен од претходната власт од 2016 година

На дневен ред на денешната седница на совет е ставена точката за поскапување на водата. Станува збор за точката која е за спроведување на одлуката од регулаторна комисија. Законот за водоснабдување е дециден дека градоначалникот е должен во рок од 60 дена да започне постапка за давње согласност на одлуката која ја донесла регулаторна комисија.„Ние имаме решение од регулаторна комисија од седми месец годинава. И јас едноставно сум должен да започнам постапка да ја ставам на совет, а советот да се изјасни дали ќе даде согласност во однос на тоа решение или не. Доколку советот не даде согласност, следниот чекор од законот е дека во рок од 150 дена после објавувањето, регулаторна комисија ќе донесе решение за започнување на постапка за донесување на регулаторна тарифа а тоа ќе мора да се спроведува“, истакна градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот го соопшти и својот личен став по однос на ова прашање, кое изминатиот период крена голема „прашина“, кај охриѓани.„Не би поддржал јас промена, поточно покачување на цената на водата, базирана на закон донесен од претходната власт од 2016 година. Цаната на водата треба да ја регулира советот на општината, а не регулаторна комисија. Но, затоа што бев обврзан со закон точката ја ставив на дневен ред и им сугерирам на советниците да не ја прифатат“, вели Георгиески.Градоначалникот додава дека регулаторната комисија носи решенија за секој град посебно.„Веројатно ќе добиеме ново решение од регулаторна, затоа што таков е законот, во моментов. И други општини имаа ваков проблем. Според сегашниот начин можеби е подобар, затоа што со фиксниот надоместок партиципираат во решението и сите оние кои не користат вода и имаат викенд станови. А доколку го немаме тој фиксен надоместок ако цената е сега 43 денари за кубик, тогаш ќе биде 60, затоа што ќе го немаме фиксниот надоместок и ќе плаќаме само ние охриѓани“, истакна градоначалникот.

Македонија | пред 5 години

popis-1

Единствена Македонија: На повидок фалсификување на пописот, власта лаже дека попишувањето на целото резидентно и нерезидентно население е европски пописен модел

Власта во Скопје лаже дека новиот закон за попис кој влегува во собраниска процедура е усогласен со пописното законодавство во ЕУ. Иронијата да биде поголема законот влегува во Собранието со т.н европско знаменце иако овој законскин текст е во спротивност со пописниот модел во земјите членки на ЕУ. Ја повикуваме власта да каже барем една земја членка на ЕУ каде при спроведување на пописот се попишува целото резидентно и нерезиденто населениие, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Тие во истото додаваат:Единствена Македонија упатува драматична порака дека дококу биде изгласан законот за попис онака како што е предложен, во земјата на повидок е ново фалсификување на пописот во април догодина.Историското значење на уште еден фалсификуван попис е поголемо од самиот факт за еден попис, затоа што Македонија со фалсификување на пописот, дефинитивно ќе го изгуби темелот на својата државност.Потсетуваме на фалсификуваниот попис од 2002 и лажното прикажување на Албанците дека се 25,17 отсто, со цел, да ги задоволи потребите од т.н. рамковен договор. За ова постои кривична пријава од Единствена Македонија уште од 24.09.2009 и од приложените факти и докази кон пријавата се гледа дека албанското малцинство е околу 16 отсто од населението. Но, до денешен ден кривичната пријава останува закочена во обвинителската фиока.Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис во 2021, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ. Единствена Македонија, исто како и македонскиот народ, секој обид за фалсификување на пописот ќе го смета за велепредавство спрема Републиката.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Средба Павлески - Мизо: Планот за 2021 за Костал е раст на приходите од околу 70% и годишен извоз од над 100 М Евра

Директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески вчера попладне ја посети компанијата Костал, германска инвестиција во Охрид, каде оствари средба со директорот на компанијата Виктор Мизо.Посетата следува по состанокот, од пред десет дена, на владиниот економски тим со Советот на странски инвеститори, а е во контекст на зголемените активности на Агенцијата во секторот грижа за инвеститорите.На средбата се разговараше за тековното работење и предизвиците во овој период на ковид криза со кои се соочуваат компаниите, а беше претставена иницијативата на Агенцијата за креирање на едно системско решение за решавања на прашањата кои ја засегаат работата на инвеститорите.Павлески нагласи дека грижата за веќе присутните инвеститори е еден од приоритетите на Агенцијата затоа што инвеститорите кога имаат позитивно искуство од работењето овде се решаваат и проширувањата на своите инвестиции да останат тука. Тоа значи и нови вработувања и дополнително раздвижување на локалната економија. Компанијата Костал е таков пример со неодамнашното проширување на инвестицијата со нова производствена хала.Директорот на Костал, Виктор Мизо изрази задоволство од посетата и ставањето на поголем акцент на „грижата за инвеститори“, а посебно ја поздрави иницијативата на Агенцијата за креирањето на системско решение во овој сектор, истакнувајќи дека ова во голема мерка ќе ја олесни работата на инвеститорите. Што се однесува до работата на Костал тој рече дека компанијата продолжува со реализацијата на плановите и покрај глобалната здравствена и економска криза, при што најави креирање на нови 250 работни места во наредната година, откако во 2020 беа вработени нови 330 луѓе. Дополнително, се планира воспоставување на нови, најсофистицирани линии за најсовремените производи на Костал на глобално ниво.„Работиме за BMW, Mercedes, Volkswagen, Porsche, Audi, Tesla и Rolls Royce, а од наредната година ќе имаме и проекти за Jaguar и Land Rover, што значи дека над 80% од нашите клиенти, се премиум производители на автомобили. Планот за 2021 е раст на приходите од околу 70% и годишен извоз од над 100 М Евра “ - истакна Мизо

Македонија | пред 5 години

ZOK_4314

Град Скопје додели паќетчиња за социјално ранливи категории деца

По повод Нова година, Град Скопје со желба за многу среќа и здравје во 2021 додели пакетчиња за социјално ранливи категории деца од институции кои традиционално ги помага.Во пресрет на Новогодишните празници 250 деца добија новогодишни пакетчиња од Град Скопје.100 пакетчиња им беа доделени на децата од Дневен Центар за деца на улица, а 49 новогодишни пакетчиња на децата од Мали групни домови „Ранка Милановиќ“, „25 Мај“ и „11 Октомври“.Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација, ХОПС, доби 22 новогодишни пакетчиња за децата на корисниците на нивните услуги, Во мојот свет, Здружение на граѓани за третман на лица со аутизам добија 62 новогодишни пакетчиња, а Здружението Љубезност 17 пакетчиња.Градот Скопје и понатаму продолжува да вложува во иднината на сите граѓани и води активна социјална политика и секогаш одговара позитивно на потребите на социјално ранливите граѓани.

Скопје | пред 5 години

Dimche-Arsovski

Арсовски: Шилегов не демантира дека вработува нови 135 луѓе - дрско лаже дека не вработува личен возач

Град Скопје се полни со партиски војници од штабот на СДСМ. Петре Шилегов ќе вработи 135 нови луѓе од СДСМ нивни членови во Град Скопје и најголем дел од сите тие вработувања се еден огромен апсурд.Петре Шилегов втор пат во кус временски период се обидува да ги изманипулира граѓаните. Најпрвин со случајот каде што самиот си ја ангажирал својата адвокатска канцеларија, каде што се обиде да ги излаже граѓаните и да негира, се испостави дека било вистина она што го говориме, а вчера пак дрско излажа и им се обрати на скопјани дека сум ширел лажни вести, истакна на денешната прес конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовски додаде:Во ниту еден случај, ама баш во ниту еден случај Петре Шилегов не негираше и не демантираше дека вработува 135 нови луѓе во Градот Скопје и тоа на трошок на граѓаните, што ќе ги чинат над еден милион евра годишно.Вели, Шилегов немал 19 годишен возач. Во тој случај слободно може Шилегов да прошета низ Бутел пред маалските ресторани и пицерии и да се распраша и да разговара со граѓаните дали бил и што барал доколку бил службениот Пасат на Град Скопје возен од младо момче после работното време? Дали е ова вистина или за ова ќе ги манипулира граѓаните иако бутелчани се сведоци на ова?Да е апсурдот поголем, Петре Шилегов вели дека немал, нема и ќе нема 19 годишен личен возач. Во тој случај сакаме да прашаме за кого е ова вработување под реден број 93? Тука вели возач на градоначалник, сектор за општи работи, едно лице се вработува.Замислете повторно денес ќе потенцираме уште еден од оние многу апсурдни вработувања кои што во моментов ги гледаме, а тоа вработувањето на уште еден раководител на сектор за поддршка на градоначалникот или народски познато место тоа е местото број 77 во овие предлог вработувања, или народски познато како шеф на кабинет, замислете повторно раководител на сектор на определено време вработен. Како е можно овој раководител на сектор вработен на определено време да се потпишува на документи и акти во Градот Скопје, заедно со другите раководители на сектори кои се на определено време вработени? При тоа немаат постојано вработување во Градот Скопје.Едно е јасно, а тоа е дека Шилегов никаде не негираше дека ќе вдоми 135 партиски војници на грбот на граѓаните кои тонат во сиромаштија.Додека 55.000 граѓани останаа без работа заради неспособноста на СДСМ да се справи со оваа економска криза предизвикана од пандемијата од корона криза и немаат 55.000 луѓе да им купат на своите деца ниту новогодишни пакетчиња, бидејќи се избркани од работа и ги загубиле своите работни места. Петре Шилегов најде место да вработи 135 партиски членови на СДСМ во Градот Скопје.Очигледно Новата година ќе биде среќна само за 135 членови на СДСМ, а тешка и мачна за жал за над 55.000 граѓани кои ги изгубија своите работни места, за кои од се срце им посакуваме што побрзо да се снајдат и да се вработат, иако ситуацијата во државава СДСМ ја сведе и на повеќе од тешка и е безизлезна.

пред 5 години

Kosta-voda

(ВИДЕО) Георгиески: Буџетот планира рекордни 98.7 милиони денари за реконструкцијата на улиците и патиштата во општина Охрид

Пред почетокот на седницата на Советот на општина Охрид, градоначалникот Константин Георгиевски за медиумите даде изјава во врска со буџетот на општина Охрид за 2021 година.– Почитувани сограѓани. Денес Советот на општина Охрид треба да гласа по предлог буџетот кој ние како општина го предлагаме за 2021 година. Овој буџет е во голема мера посветен на урбанизмот и уредувањето на градежното земјиште, локалниот економски развој и развојот на туризмот, образованието и животната средина. Вкупните приходи во предлог- буџетот се проектирани на износ од нешто повеќе од 1.2 милијарди денари, додека приходите само на основниот буџет се проектирани на 685 милиони денари.Буџетот планира рекордни 98.7 милиони денари за реконструкцијата на улиците и патиштата во општината. Улиците „Јане Сандански“, „7-ми Ноември“, „ Будва“, „ Прилепска“, „ Славеј Планина“ и други ќе добијат нов лик, а ќе им се придружат и кејот „ Македонија“ и улицата „Македонски просветители„ за чија реконструкција средствата се веќе обезбедени од владата на РСМ и Светска банка. Планирано е продолжување на уредување на речни корита, на велосипедска инфраструктура како и изградба на нови и обновување на веќепостоечки детски игралиште во општината.Дел од средствата во буџетот се планирани за локален економски разој и развој на туризам преку субвенции на неколку категории како што се занаетчиите, општинските линиски превози и различни туристички дејности.Имаме рекордно висок износ обезбеден за стипендии на ученици и студенти во износ од 6.3 милиони денари, а се продолжува со инвестирање во реконстукција на основните и средни училишта низ општината.Во делот на социјалната заштита сакам да напоменам дека Општина Охрид комплетно го презема финансирањето на дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост „Зраци“ односно обезбедува средства за континуирано извршување на секојденвните активности на овај центар.За жал, и овој пат, опозициската ВМРО ДПМНЕ преку нејзината советничка група не најде начин да биде конструктивен партнер кој работи во интерес на граѓаните. Тие не учествуваа во составувањето на буџетот за 2021, но решија на самата седница да го попречуваат донесувањето на буџетот со небулозни амандмани – рече градоначалникот Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Георгиески: Водоснабдувањето во Лескоец треба да се нормализира во текот на денов, најдоцна утре

Неколку денови во Лескоец има проблеми со водоснабдувањето. Градоначалникот го објаснува проблемот.„Јас синоќа до 1:30 бев во Лескоец со екипите на ЈП Водовод. Настанат е дефект при ископ во приватна парцела од страна на физичко лице, дефектот е саниран, но настанати се компликации со испразнување на резервоарот и навлегување воздух во водоводната линија. Од денеска испратени се цистерни и флаширана вода за жителите кои останаа отсечени. Треба во текот на денешниот или утрешниот да се нормализира водоснабдувањето“, вели градоначалникот Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

134106071_402018874381501_6770332055573805088_n

Јавниот обвинител Љубомир Јовески, денеска одржа дигитална предновогодишна средба со новинарите

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, денеска одржа дигитална предновогодишна средба со новинарите.Јовески посочи дека 2020 е тешка година за сите, а беше исполнета и со многу предизвици за јавните обвинители бидејќи нивната работа бара постојан континуитет, целосна посветеност, лична директна комуникација со многу луѓе.„Надлежни сме за гонење на криминалот, а тој не запира, дури и кога има пандемија. Обврзани сме со рокови во преземањето на нашите дејствија, на целосно прибирање на материјални и вербални докази за да имаме издржани обвиненија. И во услови на пандемија, со поинаква организација на работата, обезбедивме непреченото одвивање на истрагите и постапките по другите предмети, почитувајќи ги целосно здравствените протоколи“, рече јавниот обвинител Јовески.Во оваа година обвинителствата постапуваа против повеќе од 25.000 полнолетни сторители на кривични дела. Само за време на вонредната состојба беа поведени и се завршени постапки против 3.500 лица за непостапување според здравствените прописи.Обинителството, почитувајќи го начелото за презумпција на невиност ги објавува сите информации, за кои нема законска пречка и кои нема да наштетат на постапката. Само во оваа година објавени се 825 соопштенија, што е двојно повеќе од претходната година, а покрај тоа редовно одговаравме на вашите прашања за кои јавноста имаше интерес.Јавниот обвинител посочи дека со години има недостаток на материјални и човечки ресурси, но истакна дека годинава беа избрани нови 18 јавни обвинители, а во завршна фаза е постапката за вработување на 70 работници на различни работни места од кои повеќето се неопходните јавно-обвинителски стручни соработници. Овие нови вработувања значително ќе ги подобрат капацитетите на јавното обвинителство, но неопходно е и натаму да се засилуваат човечките ресурси во обвинителството.Во оваа година профункционираа 4 истражни центри во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и основните јавни обвинителства во Скопје, Куманово и Тетово.„Во насока на градење систем на отчетност во рамки на јавното обвинителство ја зајакнавме дисциплинската одговорност. Оваа година водевме неколку дисциплински постапки против 5 јавни обвинители кои сториле повреди во текот на работењето“, рече Јовески, и посочи дека во втората половина на годинава започна примената на новиот Закон за јавно обвинителство со кој се унапредува организацијата и работењето на обвинителството. Значајно е што се гарантираат 0,4 проценти од Буџетот за работа на обвинителствата. Имајќи ја предвид состојбата во државата предизвикана од пандемијата за 2021 е обезбеден Буџет на јавното обвинителство во висина од 0,2 отсто. Да нагласам дека треба сите да бидеме солидарни и да помогнеме во заложбите за справување со потешкотиите предизвикани од опасниот вирус“, рече Јовески.„Jавните обвинители постапуваа и превземаа дејствија и по предметите превземени од Специјалното јавно обвинителство, со што во неколку предмети се поднесени обвиненија или други одлуки согласно доказните материјали, а продолжија и со застапување по предметите по кои претходно беа поднесени обвиненија.Јавно сакам да кажам дека обвинителството постапува непристрасно и неселективно се гонат сторители на кривични дела Обвинителството на овој начин ќе продолжи да работи и следната година“, рече обвинителот Јовески.Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, на новинарите им се заблагодари за досегашната соработка, им посака ним и на блиските добро здравје, успеси и благосостојба и упати апел за одговорно однесување кон здравствените прописи за да можеме брзо да се вратиме во редовни услови на живеење.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче на средба со Данаиловски, договорија понатамошна соработка во проширен состав со пензионирани професори

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска оствари средба со проф. д-р Драган Данаиловски на која се договорија да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицинскиот факултет, со цел анализирање на тековните состојби во здравството.,,На крајот на оваа година, сакам да му изразам посебна благодарност на проф. д-р Драган Данаиловски за целиот придонес во Ковид кризата досега. Тој исклучително стручно и конструктивно настапуваше во медиумите со што значително придонесе во информативната кампања. Покрај ова, неговите совети до мене и целиот тим во однос на менаџментот и проекциите за развојот на пандемијата беа од големо значење. Денеска на средбата со професор Данаиловски договоривме да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицински факултет, со цел анализирање на тековните состојби во здравството. Во новата година му посакав добро здравје и успех. Верувам дека и понатаму ќе ја продолжиме соработката", изјави Филипче.

Македонија | пред 5 години

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти, а вкупно се лекуваат 412 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 412 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за неврологија, на Клиниката за нефрологија, на Очната клиника и на Клиниката за гастроентерохепатологија, тројца на ТБЦ и двајца на Клиниката за дерматологија.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 12 болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 13 пациенти, на Клиниката за неврологија 17 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 29 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на Клиниката за очни болести 13 пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 18 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 136 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти.Вкупно 412 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 102 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Македонија | пред 5 години

zooloska-otcet

(ВИДЕО) Две и пол години Европска зоолошка

Изминатите две и пол години, Скопје Зоо доби нов лик, нови животни и многу новитети. Стана најпосетената институција во државата за 2019 и 2020, а на прагот сме да бидеме членка и на ЕАЗА ( Европска Асоцијација на акваируми и зоолошки).Ова е дел од она што е направено во изминатиот период:- Се изградија нови асфалтирани патеки и се поставија патокази и информативни таблички пред секое живеалиште- Поставени се нови тоалети на две локации- Зоо Скопје стана првата дигитализирана зоолошка на Балканот со зоо апликација, смарт клупи и онлајн продажба на билети- Ги исполнуваме еко стандардите со електрични возила- мини бус, мини колички, електрични скутери и тротинети.- Доизградени се живеалиштата за слонови и шимпанза- Изградени се нови живеалишта за фламинга и пингвини- Направена е Бејби Зоо, новото омилено место на најмалите- Нови хортикултурни уредувања низ градината и редовно чистење на големите езера после 13 години- Направивме Дино Парк со најголем број на диносауруси на Балканот- вкупно 41 диносаурус во природна големина, кои се движат и испуштаат звуци- Имаме нови жители на Скопје Зоо, голем дел за првпат во нашата градина- Пингвини, фламинга, слонови, шимпанза, алпаки, двогрби камили, белоносести коати, ему птици, бели лавови, бели волци, африкански желки, верверички, папагали.- Ново брендирање на влезот на градината- Нови катчиња за фотографирање кои се омилени меѓу посетителите- Реновирање на голем број живеалишта со цел подобори услови и благосостојба на животните- Едукативни програми и Zoo keepers talk за викенди- Нови детски игралишта и голема игротека на отворено за родендени- Нови летниковци- Јуниор авантура парк за деца- Нови корпи за отпадоци кои сега ги има над 200 низ градината, како и нови клупи.- Табли со кодекс за однесување, како и кампања за заштита на животните- Работиме на заштита на дивите животни во соработка со светски организации како 4 Paws и нашето Министерство за животна срединаЗоо Скопје и понатаму ќе продолжи со проектот „Европска Зоолошка“ со поддршка од Градот Скопје.

Скопје | пред 5 години

policaec-albanec-razgovor

(ВИДЕО) Арачиновец на полицаец: Да све разбирам, ама не сакам да зборам македонски!

Интересна ситуација објавил на Фејсбук граѓанин од Арачиново (ја пренесуваат повеќе други граѓани) кој додека разговара со полицаец на плоштадот Македонија во Скопје му вели дека го разбира се што му кажува но дека не сака да зборува на македонски јазик.https://twitter.com/dvezvezdi1/status/1343702522637262848?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1343702522637262848%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fmakedonija%2Farachinovec-na-policaec-da-sve-razbiram-ama-ne-sakam-da-zboram-makedonski%2F 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Кога Спасовски вели ќе вработиме 600 полицајци тоа се 600 партиски војници на грбот на народот, веќе СДСМ прави списоци

СДСМ откако е на власт воведе принцип вработи го секој лепач на плакати на грбот на народот.Македонија во рецесија, граѓаните гладуваат, а власта вработува партиски војници.Додека падот на економијата е еден од најголемите во Европа, кога 50 илјади лица останаа без работа, а половина милион граѓани живеат само со 130 денари на ден, власта си ги наградува партиските војници со работни места во државна администрација, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото се додава:Ветувањето за помала администрација во предизборна кампања кое што го даваше Зоран Заев бргу го заборави власта. И по изборите се воведе принципот вработи го секој лепач на плакати на грбот на народот.Доказ дека СДСМ ја полни државната администрација со партиски војници е огласот на МВР.Според информации на ВМРО-ДПМНЕ веќе по општинските организации на СДСМ се прават списоците кои да се вработат во МВР.Тоа е така зошто Спасовски си прави партиска полиција, а тоа е уште еден доказ за партизацијата на полициските структури.Кога Спасовски вели ќе вработиме 600 полицајци тоа се 600 партиски војници на грбот на народот.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

ИЈЗ: Продолжува трендот на намалување на бројот на новодијагностицирани и починати и процентот на позитивни од тестирани

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 21 до 27 декември 2020г. тестирани се вкупно 13.123 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,9% во однос на минатата недела.Регистрирани сe 3.372 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 26,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.429; 42,4%), со неделна инциденца – 231,4/100.000.Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на SARS-CoV-2 изнесува 25,7% , намалување од 3,6%  во однос на минатата недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=910, 27,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=665; 19,7%), 40-49 (n=589; 17,5%), 50-59 (n=587; 17,7%) и 20-29 (n=414; 12,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=52; 1,5%) и 10-19 години (n=145; 4,3%).По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.500 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, незачително помалку во споредба со минатата недела.Пријавени се 129 смртни случаи од 23 града, 30 помалку или 18,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 105 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години и 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 21 до 27.12.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Македонија | пред 5 години

IMG_2649

МВР објави оглас за прием на 600 нови полицајци

Министерството за внатрешни работи согласно своите организациони потреби, како и согласно одредбите од Законите за внатрешни рабои и за полиција и подзаконските акти денес објави јавен оглас за прием на 600 извршители за работното место “полицаец“.За засновање на работен однос на 600 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:во Сектор за внатрешни работи Скопје -------------------------------- 100 извршителиво Сектор за внатрешни работи Струмица ----------------------------- 50 извршителиво Сектор за внатрешни работи Охрид ---------------------------------- 50 извршителиво Сектор за внатрешни работи Битола --------------------------------- 50 извршителиво Сектор за внатрешни работи Тетово ----------------------------------30 извршителиво Сектор за внатрешни работи Велес ----------------------------------- 30 извршителиво Сектор за внатрешни работи Штип ----------------------------------- 30 извршителиво Сектор за внатрешни работи Куманово ----------------------------- 50 извршителиво Регионален центар за гранични работи Север -------------------- 50 извршителиво Регионален центар за гранични работи Запад -------------------- 30 извршителиво Регионален центар за гранични работи Југ ------------------------- 30 извршителиво Регионален центар за гранични работи Исток -------------------- 20 извршителиво Оддел за заштита на определени личности и објекти ----------- 30 извршителиво Единица за брзо распоредување ---------------------------------------- 30 извршителиво Единица за специјални задачи ------------------------------------------ 20 извршители.По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати. 

Македонија | пред 5 години

SILEGOV-1

Шилегов: Ќе побарам од СДСМ да ја поддржи мојата кандидатура за втор мандат за градоначалник на Скопје

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов е влезен во последната година од својот прв мандат. На нецела година пред локалните избори кои ќе се одржат во октомври 2021, Шилегов во разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК најавува дека сака да се кандидира за уште еден четиригодишен мандат и ќе бара поддршка од матичната партија СДСМ за неговата кандидатура. Зборува што сработил изминативе три години, зошто одредени ветени проекти не се ниту почнати и зошто верува дека граѓаните ќе му дадат доверба за втор мандат.-Промените кои се случуваа во нашиот се сериозно видливи во сите урбани полиња. Не само инфраструктурата туку и малку поинаков третман на комуналниот отпад, поинаков третман на јавните површини, како и темелно и студиозно работење на најкомплексните работи. Четириесет години се зборувало за трамвај, а ние сме во завршна фаза на имплементација на Бас рапид транзитот или брзиот автобуски превоз. Законот за задолжување е во Собранието и по основ на тој закон ние некаде во април би можеле да создадеме услови да се распише тендер за негова имплементација и очекувам до крајот на 2023 да биде во употреба. Мислам дека сето тоа ми дава за право да побарам од СДСМ да ја поддржи мојата кандидатура за наредните локални избори за повторен избор за градоначалник на Скопје. Јас сум човек што ги почитува постапките и процедурите и имајќи предвид дека сум политички претставник на политички партија ќе барам легитимитет да добијам од мојата партија. Очекувам дека таков легитимитет ќе добијам, а граѓаните сето ова што го работев изминативе години ќе го верификуваат на локалните избори, вели Шилегов за СДК.МК. 

Скопје | пред 5 години

vozac

(ВИДЕО) Возач со автомобил повторно влезе на плоштадот во Скопје и се крстеше пред Цар Самоил

Повторно возач со автомобил влезе на плоштадот во Скопје. На социјалните мрежи се појави ново видео.На истото може да се забележи како возачот клекнува и се крсти пред споменикот на Цар Самоил.

Скопје | пред 5 години

policija-3

Жител на Неготино се удави, а двајца се спасиле од возило што пропадна во река

Вчера, во 15 часот, во СВР Велес било пријавено дека додека патничко моторно возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од З. А. (48) од Неготино, преминувало преку Дренска Река кај с. Дрен, Демиркаписко, почнало да навлегува вода во возилото, при што од него успеале да излезат возачот З. А. и сопатникот И. Т. (55) од Неготино, а вториот сопатник, А. П.(65) од Неготино, не успеал да излезе. Утрово по течението на реката било пронајдено телото, информира полицијата.

Македонија | пред 5 години

korona-test

ПЦР тестовите се набавени по најниска можна цена преку задолжителна јавна набавка, истите не се бесплатни ниту преку Институтот за јавно здравје

Во врска со написите за набавката на ПЦР тестови од страна на Службата за општи и заеднички работи за вработените во Владата на Република Северна Македонија укажуваме дека тестовите се неопходни во ситуации кога членови на Владата имаат потреба од итно службено патување во странство. Станува збор за ПЦР тестови кои се неопходни за итни службени патувања за кои не постојат можности за закажување тест преку матичен лекар.Владата може да набави вакви тестови единствено согласно Законот за јавни набавки, што е и направено на транспарентен начин, запазувајќи ја конкуренцијата на пазарот каде главен критериум е најниската цена. Од четирите компании, одбрана е најевтината понуда од 1.900 денари.Тендерот беше отворен за сите, и за Институтот за јавно здравје, а се пријавија само приватни лаборатории.Тестовите што ги прави Институтот за јавно здравје се бесплатни за граѓаните, но не и за институциите на државата која ги плаќа по пазарна цена.

Македонија | пред 5 години

proslava

ВИДЕО: Еве што ќе се случува кога полицијата ќе оди да растура прослави

Низа реакции по социјалните мрежи по најавата дека полицијата ќе контролира и во домовите дали се прославува дочекот на Нова Година.Коментари секакви, од оние кои велат дека се сложуваат со мерките и дека мора да се контролира, до оние кои сметаат дека граѓаните внимаваат и дека ова ја преминува секоја граница.Но, има и досетливи граѓани кои на соцојлните мрежи објавија видео како би изгледала Новогодишна прослава која ќе ја прекине полицијата.Инаку денеска МВР објави дека има посебен телефон и електронска пошта за пријави на недозволено групирањеОдговорните граѓани ќе можат да пријават кршење на здравствените протоколи за заштита од коронавирус и недозволено групирање на журки и домашни прослави, како и во викендички или изнајмен простор, на бесплатниот телефонски број 0800 00 201 или на електронската пошта mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk 

Македонија | пред 5 години

micevski

Мицевски: Пендаровски барем еднаш да не биде слуга на Заев и да не го потпишува законот за Макпетрол

Штетниот и криминален Закон за Макпетрол во износ од 33 милиони евра со кој Зоран Заев му ги дава на олигархот кој е сопственик на Макпетрол со денешното шверцерско носење покажува колку е штетен.Целата процедура за негово носење од страна на владејачкото мнозинство, седници до утринските часови покажуваат дека единствено со овој закон Зоран Заев прави криминал, истакна на денешната прес конференциј Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова за Македонија.Мицевски додаде:За Зоран Заев е небитно што нема пари за поддршка на тутунарите, оризопроизводителите, за социјалните случаи, но важно е да му подари 33 милиони евра на Макпетрол.Важно е овие 33 милиони евра пари на граѓаните да се проневерат со закон, а не како што е процедурата со спогодба, се со цел Зоран Заев да се заштити и да не одговара за овој штетен договор.Заев знае дека тоа што го направи е нелегално и дека за тоа ќе има одговорност. Затоа ги натера пратениците со закон да му го легализираат криминалот.ВМРО-ДПМНЕ уште од почетокот беше против овој закон и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на секој можен начин се обиде да спречи негово донесување, но оваа криминална власт си го донесе преку своето кревко мнозинство.ВМРО-ДПМНЕ го повикува претседателот на државата, Стево Пендаровски барем еднаш да не биде слуга на Зоран Заев и да не го штити криминалот на оваа не народна власт и да не го потпишува законот за спорот помеѓу државата и Макпетрол.Тутунарите, невработените, семејствата кои настрадаа од корона кризата треба да знаат дека за нив нема грижа од државата затоа што Заев реши да даде пари на Макпетрол наместо да решава проблемиИ сосема на крај, исклучително е лажна вест е информацијата дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржала носењето на овој штетен закон.Еве ја снимката од која јасно се гледа дека владејачкото мнозинство прави кворум, но не гласа нивниот пратеник Исмаил Јаховски што значи дека Костадин Костадинов уште еднаш брутално ја излажа јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ го направи кворумот.Каде е сега она владино тело за борба против лажните вести, да го санкционира Костадинов кој што шири зараза од лажни вести. Тоа покаТоа пожува дека и самата власт прави криминал и пратеници од власта бегаат за да не гласаат за овој закон.Одговорност мора да има. И ќе има, ќе одговарате за криминал.

Македонија | пред 5 години

sadnici-skopje

Украдени повеќе од 30 дрвја засадени покрај скопски булевар

Изминативе денови се украдени повеќе од 30 дрвја покрај новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел. Станува збор за садници кои се засадени во рамки на акцијата за садење над 15.000 листопадни и зимзелени садници, грмушки, перени и топијари оваа есен во Скопје.Како што соопштија од град Скопје, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ја санирале штетата и посадиле нови дрвја на истата локација.Како што велат од градскта администрација, ова е еден од честите случаи за оштетување и уништување на јавните добра во Градот, а истиот е пријавен во МВР.

Скопје | пред 5 години

zooloska

Што се случуваше во зоолошката градина за да се дојде до бесплатно пакетче?

Голем број родители со деца, без воопшто да се почитува мерката за одржување растојание, се туркаа за да дојдат до Дедо Мраз и добијат бесплатно пакетче во скопската Зоолошка градина, објави Република. Делењето пакетчиња беше во рамки на предновогодишното случување „Новогодишна бајка“, најавено на официјалната фејсбук страна на Зоолошката, каде што ги повакаа родителите и децата на новогодишна претстава со Дедо Мраз. Текстот во целост на: Република. 

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања