Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

1-6

Запленети близу 6000 пиротехнички средства во Струмица

Денеска (28.12.2020), по претходно добиени сознанија, од страна на полициски службеници од ПС-ОН Струмица во објект на ул. Атанас Нивичански пронајдени се разновидни пиротехнички средства, вкупно 5833 парчиња. Во врска со овој случај, приведен е Б.И. (20) од Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

apasiev2

Претениците на Левица поднесоа БАРАЊЕ до претседателот да го суспензира Законот за ГАМА

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, денес поднесоа Барање до претседателот на државата, Стево Пендаровски, како еден од носителите на извршната власт, да го употреби своето уставно право на суспензивно вето, гарантирано во чл. 75, ст. 3 од Уставот на РМ (1991), и да не го потпишува Указот за прогласување на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, кој беше донесен на ден 28.12.2020 година – по скратена постапка, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото се додава:„Причините поради кои го бараме ова од Вас се следниве:(1) Законот е спротивен на Амандманот XXV од Уставот на РМ, кој вели дека судската власт ја вршат судовите и дека се забранети вонредни судови – при што, во случајов, парламентот е ставен во позиција на „преки суд“ кој, по брза постапка, решава судски спор кој трае над 15 години – со закон, надвор од своите уставни надлежности, што е без преседан во досегашната државно-правна историна на Македонија, од АСНОМ до денес;(2) Законот е привилегирачки и е спротивен на чл. 55 од Уставот на РМ, бидејќи воведува партикуларен режим на решавање стопански спорови меѓу една приватна компанија и државата, спротивно на уставно загарантираната „еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот“;(3) Станува збор за исклучително штетен и сомнителен закон, кој е спротивен на јавниот интерес, бидејќи за стар и амортизиран гасовод, кон има номинална вредност од околу 18 милиони ЕУР, државата ќе треба да исплати скоро 33 милиони ЕУР - и тоа во време на економска и здравствена криза од сериозни размери“, се наведува во Барањето на пратениците.Поради горенаведеново, искрено се надеваме дека претседателот Пендаровски, ќе ги искористи уставните ингеренции и нема да го потпише овој контроверзен Закон, за коj пратениците дебатираа цели 22 часа без прекин, на една од најдолгите маратонски пленарни седници во поновата парламентарна историја на Македонија.

Македонија | пред 5 години

avtobus-skopje

ВИДЕО: Во автобус на ЈСП немаше игла кај да се фрли, граѓаните се шегуваа дека имаат колективен имунитет

Во времема на пандемија, кога Владата носи мерки за спречување на ширањето на корона вирусот, во Скопски автобус нема кај да се фрли игла. На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа како и покрај тоа што автобусот е преполн сепак влегуваат уште, по што патниците мора максимално да се збијат за да се затвори вратата.Запотсетување заради заштита на јавното здравје на граѓаните, а како резултат на преземање на мерки за спречување на ширење на коронавирусот, на предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата  донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба.Со оваа Уредба со законска сила, прецизно се уредува начинот на превоз на патници во внатрешниот сообраќај во услови на траење на вонредната состојба и истата гласи: При вршење на јавниот превоз на патници, за време на траење на вонредната состојба, превозникот во возилото е должен да го организира превозот со задолжително одржување на растојание од најмалку два метри меѓу патниците и може да има најмногу 50 проценти патници од вкупниот број на седишта, несметајќи го седиштето на возачот.

Скопје | пред 5 години

28122020_PVRSM_Zaev_TetovoDPI-5

Заев во Тетово: Ја намалуваме сивата економија која штети на државата, на реалниот сектор и на граѓаните

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски денеска во Тетово присуствуваа на отворањето на новиот објект на Државниот пазарен инспекторат.За потребите на ова подрачно одделение, Владата за Државниот пазарен инспекторат обезбеди на трајно користење работни простории од 430м2.Премиерот Заев истакна дека објектот од 2003 година воопшто не е користен и за таа цел направена е реконструкцијата со средства од државата, односно 5 милиони денари од буџетот на Државниот пазарен инспекторат, како и со донација од странски и домашни јавни и приватни компании.„Ги зајакнуваме капацитетите на вработените, обезбедувајќи им инфраструктура, професионално да ја извршуваат работата, со цел да придонесат во намалување на сивата економија за којашто Инспекторатот како орган е надлежен. Ова е еден од чекорите во создавање услови за ангажирана работа во борбата со сивата економија за која Владата силно се залага со сите релевантни чинители да ја сведе на минимум. Така, не само што ја штитиме конкурентноста, го спречуваме неплаќањето на давачки кон државата, дополнително придонесуваме за заштита на реалното стопанство, на луѓето кои работат, намалување на митото и корупцијата, недозволена прекугранична трговија, како и заштита од употреба на небезбедни производи пуштени во промет на нелегален начин“, изјави Заев.Министерот Бектеши истакна дека една од целите за подобрување бизнис климата во државата е токму намалувањето на сивата економија.„Изминатите неколку години работевме интензивно во оваа насока на повеќе законски решенија. Клучната улога во намалувањето на сивата економија ја има Државниот пазарен инспекторат и во таа насока зголемувањето и зајакнувањето на капацитетите на инспекторатот ќе придонесат за зголемување на контролата на терен. Од почетокот на пандемијата Државниот пазарен инспекторат беше соочен со големи предизвици. Одигра клучна улога во воведување ред и контрола кај трговските и угостителските објекти, пред сè во делот на заштита на населението од пренесување на корона вирусот. Уште од првиот ден на пандемијата донесовме уредби со кој се зајакна контролата во трговските и угостителските објекти за да се намали ширењето на вирусот. Тие уредби потоа преминаа во законски решенија со што се зголеми улогата на инспекторите и кај трговските објекти и кај угостителските објекти. Следната година е предвидено и зголемување на бројот на пазарни инспектори односно зајакнување на капацитетите на оваа институција“, изјави Бектеши.Директорот Пауновски, се заблагодари на Владата за поддршката и рече дека сите работи се завршени за рекордно време.„За 100 дена добивме просториите, реконструкција и сместување на вработените. Така 43-цата вработени кои досега своите работни обврски ги извршуваа во рамките на Општина Тетово во простории од 90м2, во новите простории во овој објект ќе имаат услови, современа информатичка опрема и пристојно место за обавување на секојдневните работни задачи“, изјави Пауновски и додаде дека продолжува посветената работа Државниот пазарен инспекторат да се модернизира во европска транспарентна институција.

Македонија | пред 5 години

Policija-i-inspekcija

Затворени угостителски објекти во Скопје, сопствениците приведени

На 27.12.2020 во временскиот период од 16:00 до 23:00 часот на подрачјето на СВР Скопје во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени се зајакнати контроли во угостителски објекти при што се контролирани 297 објекти. Од преземените мерки и активности констатирани се непочитувања на законите на подрачјата на ПСОН Бит Пазар, ПО Сарај и ПС ОН Аеродром и објектите се затворени,а ќе следуваат и соодветни кривични пријави.На 27.12.2020 во 18:20 часот во објект на ул.Отокар Кершовани, сопственост на А. Ш. ,затекнати се гости, по што објектот е затворен од ДПИ, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од КЗ.На 27.12.2020 во ресторан во с.Бојане сопственост на Б.Б. биле затекнати околу 80 гости, кои присуствувале на прослава. Прославата е прекината во 16:30 часот, по што од страна на ДПИ објектот е затворен, а ќе следува и соодветна кривична пријава.На 27.12.2020 година во 19 часот во угостителски објект на ул.Венијамин Манчуковски се затекнати 9 лица-гости и објектот е затворен од страна на ДПИ, а одговорното лице Ј.Н. е приведено и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Скопје | пред 5 години

uploads_thumbs_resize_800x420_348903

Град Скопје: Лажно е тврдењето дека „во Град Скопје се вработува личен возач на Петре Шилегов“

Градот Скопје ги демантира невистините изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во врска со наводни вработувања во градската администрација по партиски клуч и нагласуваме дека ова тврдење е лажно и манипулативно. Лажно е и тврдењето дека „во Град Скопје се вработува личен возач на Петре Шилегов“, автомобилот што го користи градоначалникот Петре Шилегов нема да го вози 19-годишен возач, се вели во реакцијата од Град Скопје на прес конференцијата од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истата се додава:Градот Скопје апелира до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја лаже јавноста и да шири паника и неизвесност меѓу граѓаните со измислени проблеми. Работата на градоначалникот Петре Шилегов и на Градот Скопје, како институција, е транспарентна и посветена на брз урбан развој на Градот Скопје.Во Скопје јасно се гледаат новите стандарди во квалитетот на изградбата и обновата на градските улици и булевари, на уредувањето на јавните површини и на подигнувањето на ново зеленило, толку потребно за здрав живот на граѓаните.Скопјани се сведоци на трансформацијата на нивниот град кон поубаво и похумано место за живеење. Таа реалност не може да ја искривоколчат лажни вести и измислени афери што јалово се пласираат од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ колку само да го пополнат медиумскиот простор, без никаква одговорност кон граѓаните.

Скопје | пред 5 години

korona-1

Денеска регистрирани 11 починати и нови 83 случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 700 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-44, Куманово-3, Дебар-2, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-3, Велес-4, Битола-5, Кавадарци-1, Гостивар-1, Струмица-2, Крива Паланка-1, Делчево-1, Кратово-1, Ресен-1, Неготино-3.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 419 оздравени пациенти од: Скопје-149, Куманово-28, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-19, Велес-24, Битола-21, Охрид-1, Кавадарци-25, Гостивар-16, Гевгелија-5, Струмица-20, Крива Паланка-9, Радовиш-3, Кочани-5, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-11, Виница-2, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-10.Починати се 11 лица, двајца пациенти од Скопје (85 и 75г.), еден пациент од Велес (62г.), двајца од Битола (64 и 74г.), еден од Кавадарци (71г.),од Гостивар (85г.), од ПЕ Гевгелија/ Богданци (64г), пациент од Струмица (58г.), еден од Крива Паланка (61г.) и еден пациент од Радовиш (70г.). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81804, бројката на оздравени пациенти е 59650, на починати е 2456, а бројот на активни случаи изнесува 19698. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 35281, активни 11265• Куманово 4667, активни 549• Дебар 616, активни 129• Штип 3267, активни 288• Прилеп 4143, активни 609• Тетово 4709, активни 878• Струга 1996, активни 350• Велес 2712, активни 497• Битола 2986, активни 595• Охрид 2363, активни 594• Кавадарци 2052, активни 563• Гостивар 3341, активни 579• Гевгелија 1128, активни 293 (75 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 189 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2274, активни 631• Крива Паланка 602, активни 112• Радовиш 603, активни 117• Крушево 161, активни 71• Кочани 1577, активни 236• Пробиштип 441, активни 45• Демир Хисар 234, активни 40• Македонски Брод 210, активни 25• Пехчево 145, активни 23• Берово 488, активни 45• Валандово 302, активни 59• Виница 442, активни 63• Делчево 664, активни 200 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 193, активни 22• Свети Николе 1033, активни 108• Кичево 1551, активни 245• Ресен 635, активни 141• Неготино 988, активни 326 (154 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 700 теста се преку: ИЈЗ-115, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -62, Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина со PCR метода -298, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-4, ГАК-27, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -51, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 394.329 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

2-5

Советот за реформи во правосудството ја потврди методологијата за филтрација на правосудството

На денешната седница на Советот за реформи во правосудството со која претседаваше Министерот за правда Бојан Маричиќ, беше претставен и потврден Интерниот план на Судскиот совет за следење и оценување на работата на судовите, судиите и претседателите на судовите за 2021 година. Дополнително беа потврдени и двете веќе усвоени методологии, од кои едната за оценување на работата на судија врз основа на исполнетост на квалитативните критериуми за судиско работење, а другата за квалитативно оценување на претседателите на судовите.Овие документи ќе бидат своевиден патоказ за тоа на кој начин следната година ќе се направи проверка на работата на судството.Дополнително, на Советот беа одобрени идните активности за оценување на работата на јавните обвинители, преку утврдените критериуми содржани во Правилникот за оценување на работата на јавните обвинители, донесен од Јавниот обвинител на Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

kerka-gradonacalnik

(ВИДЕО) Без лажи и преваре! Ќерката на градоначалникот доби шпорет на лотарија

„Без лажи и преваре! Ни најмалку ни најмногу шпортетот го доби ќерката на нашиот градоначалник Аце (Ацо Велковски)!“, го најави добитникот водителката на лотаријата по повод празникот на Општина Лозово.Ќерката на градоначалникот рече дека фамилијарно го добиле шпоретот и одлучиле да го доделат на семејство на кое му е потребно.И скутерот да ни се паднеше ќе го донирав, вели градоначалникот Велковски чија ќерка доби шпорет на наградна игра од општината – пишува Фокусhttps://twitter.com/LefkovMile/status/1343334880252452864?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1343334880252452864%7Ctwgr%5Eshare_1%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fregion.mk%2FD0B2D0B8D0B4D0B5D0BE-D0B1D0B5D0B7-D0BBD0B0D0B6D0B8-D0B8-D0BFD180D0B5D0B2D0B0D180D0B5-D19CD0B5D180D0BAD0B0D182D0B0-D0BDD0B0Завчера во Домот на културата во Општина Лозово се одржа традиционалната предновогодишна манифестација по повод денот на општината. Настанот кој траеше четири часа, со бенд во живо, наградна игра и хумористични точки, се случуваше без публика, а се пренесуваше онлајн.

Македонија | пред 5 години

Gorazd

Почина поранешниот митрополит Горазд

По долго боледување утрово почина поранешниот владика Горазд, првиот митрополит на Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.МПЦ-ОА соопшти дека вечното почивалиште на митрополитот ќе биде во манастирот „Св. пророк Илија“ во Чардак, а од 9 часот ќе се отслужат Заупокоена литургија и Опело во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.Митрополитот Горазд, со крштено име Богољуб Димитровски, е роден на 21 септември 1936 година во кумановското село Стрезовци. Основно образование завршил во родното место, а потоа завршил Богословија во манастирот Раковица кај Белград. Во 1964 дипломирал на Богословскиот факултет на Белградскиот универзитет. По дипломирањето дошол во Скопје и извесно време работел како службеник во Македонската архиепископија.По ракополагањето во презвитерски чин, бил поставен за парохиски свештеник при храмот „Света Петка“, а подоцна и во храмот „Свети великомаченик Георгиј” во скопски Чаир.Откако станал вдовец, бил замонашен во манастирот „Свети великомаченик Георгиј” во Криви Дол, Скопје, добивајќи го името Горазд, по еден од учениците на светите браќа Кирил и Методиј. На 26 јули 1977 година бил хиротонисан за викарен епископ на архиепископот Доситеј, со титула Епископ тивериополски.Извесен период бил митрополит струмички, а во 1994 година востоличен за прв митрополит на Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Од активната архијерејска служба се повлече во 2006 година.

Македонија | пред 5 години

unnamed

МВР со посебен телефон и меил за пријави на журки и недозволено групирање

Пријави кршење на здравствените протоколи за заштита од коронавирус и недозволено групирање на журки, славења дома,  во викендичка или изнајмен простор на бесплатниот телефонски број 0800 00 201 или на меил адресата: mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mkВо насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата на Република Северна Македонија, односно мерките и активностите за справување со пандемијата со коронавирус, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е ставен во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201  и меил адресата  mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk, на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано прославување во текот на претстојните празници.Имено, граѓаните можат да пријават (локација) и недозволено собирање на луѓе спротивно на мерките пропишани  за справување со пандемијата.Полицијата ќе постапи по пријавите и ќе преземе мерки во координација со јавното обвинителство за санкционирање на непочитувањето на мерките и препораките кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести односно Одлуките кои ги носи Владата на Република Северна Македонија.Министерството за внатрешни работи ја цени заложбата на граѓаните во насока на спречување на пандемијата и зачувување на јавното здравје и уште еднаш смета на партнерската улога која ја имаат граѓаните со полицијата.МВР во пресрет на претстојните празници уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од групни собирања  и прослави, да ги почитуваат мерките на Владата, а се со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје. #ПразнувајОдговорно 

Македонија | пред 5 години

grubi

Груби го разреши советникот Касапи, кој неодамна бил фатен со дрога

Шпат Касапи денеска е разрешен од позицијата советник за култура и општество на првиот вицепремиер Артан Груби, откако пред еден месец беше приведен поради поседување дрога.Груби за „360 степени“ изјавил дека разрешувањето на советникот била првата работа што ја направил утринава.Уште во 8 часот наутро. Тоа беше прво нешто што го направив денес – рекол тој.Инаку, Касапи е познат пејач, инаку син на прaтeничката Ѓулемсер Касапи.Пред еден месец, како што објавија медиумите, бил фатен со пакетчиња прашкаста материја во населбата Ѓорче Петров во близина на „СП-планет“. 

Македонија | пред 5 години

28.12-2

СЗО донираше медицинска опрема за Неврологија

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска од претставничката на Светската здравствена организација во Скопје, д-р Жихан Тавила, прими донација на медицинска опрема за Клиниката за неврологија. СЗО за Клиниката донираше 25 монитори за следење на виталните параметри на пациентите - пулс, притисок, ЕКГ, телесна температура, сатурација и број на респирации. 50 пулс оксиметри и 50 инфрацрвени термометри. Донацијата е во висина од над 2,5 милиони денари. Министерот Филипче, се заблагодари, истакнувајќи дека истата ќе биде од голема помош за Клиниката.-Оваа помош ќе биде од голема поддршка за Клиниката за неврологија. Опремата ќе се користи како за пациентите во ковид ценатрот, така и за пациентите од одделите на Клиниката, станува збор за тешки пацинети кај кои е потребно мониторирање на виталните функции. Светската здравствена организација е наш стратешки партнер, во многу сегменти во здравството, уште повеќе од почетокот на корона пандемијата. д-р Жихан Тавилах и СЗО, сите овие месеци даваат огромна поддршка на нашиот систем за справување со вирусот за што им благодарам - рече Филипче.Претставничката на Светската здравствена организација во Скопје, д-р Жихан Тавила упати благодарност на луѓето кои се на првата борбена линија со вирусот, како што ги нарече „нашите херои“ - здравствените работници - кои деноноќно нè чуваат и работат во служба на нашите заедници.-Во изминативе 12 месеци се промени текот на историјата, а сè уште не знаеме кога сето ова ќе заврши.Сакам да им честитам на целата влада и на министерот за здравство д-р Филипче за вложувањето на сите можни напори и ресурси (човечки и финансиски), како и за покажаната енергија и добра волја за ставање под контрола на кризата предизвикана од КОВИД-19. Денешнава донација од СЗО е дел од пакетот на поддршка што СЗО оваа година ѝ ја обезбеди на Северна Македонија за зголемување на безбедноста на пациентите и здравствените работници и за подобрување на лекувањето на болните од КОВИД-19 - рече д-р Тавила.

Македонија | пред 5 години

pukanje-skopje

(ВИДЕО) Пукање во Скопје среде бел ден, видеото објавено на социјални мрежи

На социјалните мрежи се појави видео од скопската населба Топанско поле во кое соседи се собрани и се дружат.Додека ечи гласна музика, еден вади пиштол и почнува неконтролирано да пука иако околу нив има згради и лесно може некој да биде повреден.

Скопје | пред 5 години

Soobrakajci-policija

Охриѓанец загина во сообраќајна несреќа на патот Охрид – Кичево

Триесет и седумгодишен охриѓанец загина во сообраќајна несреќа, откако вчера на магистралниот пат Охрид– Кичево, кај селото Врбјани, возејќи автомпобил излетал од патот.„П.Н.(37) од Охрид, управувајќи патничко моторно возило ‘опел корса’ со кумановски регистарски ознаки излетал од патот, по што возачот починал на местото на настанот. Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција“, соопшти МВР.

Македонија | пред 5 години

Novogodisno-obrakanje

Шилегов: Во 2021 почнуваме со смарт сите, БРТ системот на трамвај без шини, нов мост на Љубљанска, а завршуваме со мостот на АСНОМ

Градоначалникот Шилегов, на сите свои сограѓани им упати честитка за Новата 2021 година во која им пожели да им биде исполнета со многубројни моменти на среќа и благосостојба, како и здравје за нив заи нивните најмили, и им порача да ја дочекаат во празнично расположение во кругот на нивните најблиски.- Зад нас е уште една тешка година која заеднички успеавме да ја пребродиме. Иако моравме да го намалиме нашето движење, да седиме дома, да ги кратиме нашите трошења, сепак, градот мораше да продолжи да функционира и живее. Светската пандемија на корона вирусот наметна нови приоритети. Успеавме да го реконструираме и прошириме паркингот на Клинички центар и овозможивме услови за поставување на нова монтажна болница.Најдовме сили да и помогнеме на економијата во повеќе сектори – рече Шилегов.Тој додаде дека Градот започна градежна офанзива во која се реконструираа и почнаа да се градат вкупно 19 градски сообраќајници, се намалија дел од давачките кон градот, а им помогна и на најпогодените уметници, угостители, родители на ученици и други на кои помошта им беше најнеопходна во овие тешки времиња.Иако годината беше тешка улиците на Скопје сега се побогати за 33 нови еко автобуси на гас. Скопје го доби покривот на ГТЦ, кој е првиот зелен покрив отворен за граѓаните, а започна уредувањето и на вториот – покривот на Домот на градежници.- И следната година не очекуваат уште многу нови и реконструирани сообраќајници, уште многу нови проекти во делот на образованието, културата, социјалата, животната средина и локалниот економски развој. Следната 2021 е година во која почнуваме со Смарт сити, БРТ системот на Трамвај без шини, го започнуваме новиот мост на Љубљанска, а завршуваме со мостот на АСНОМ. Ако биде се во ред и условите го дозволат тоа ќе започнеме со изградба на новиот Луна парк и ботаничка градина. Не очекуваат уште многу нови зелени еко проекти, нови паркови и скверови, зелени покриви, реформиран систем за одржување на комуналната хигиена, нова велосипедска инфраструктура и нови енергетски ефикасни проекти. Пред нас е уште една година исполнета со многу предизвици кои можеме да ги поминеме заедно со многу ентузијазам и верба во подобро утре – кажа Шилегов во својата честитка.Исто така, тој упати и апел до своите сограѓани да останат дома со семејствата, да ја почувствувааат уште еднаш убавината на домот, и да го направат тоа за нив и за нивните најсакани.- Да ја пребродиме заедно уште оваа криза, за да можеме заеднички да прославуваме и дочекуваме уште многу нови години полни со радост и среќа - порача Шилегов во честитката која им ја упати на своите скопјани, негови сограѓани.

Скопје | пред 5 години

dimce

Арсовски: 135 нови вработувања во Град Скопје - 19 годишно дете треба да го вози Шилегов во пасат вреден 40 илјади евра

Петре Шилегов и СДСМ на само една година пред локалните избори, во сериозна криза и рецесија во која што се наоѓаме како држава во моментов, вработуваат 135 луѓе во Град Скопје по партиски клуч. Нови 135 луѓе по насока на штабот на СДСМ ќе се вработат кај Петре Шилегов и годишно овие луѓе, овие 135 вработувања ќе ги чинат граѓаните од свој џеб над еден милион евра, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовски додаде:Изминативе година дена над 50.000 луѓе ја загубија својата работа како резултат на неспособноста да се справи СДСМ со економската криза предизвикана од корона пандемијата, но затоа Заев и Шилегов вработуваат 135 луѓе по партиски список.За да биде апсурдот поголем од што може да го направат Заев и Шилегов, во Град Скопје се вработува личен возач на Петре Шилегов, за кој претходно најавивме и говоревме кој е роден 2001 година и кој треба да вози нов автомобил со високи перформанси, односно законот не го дозволува тоа. Автомобилот, Фолскваген Пасат кој ќе му биде доделен на новиот личен возач на Петре Шилегов кој има само 19 години не смее да го вози човек без 2 години возачко искуство, а нормално момче родено 2001 година со полни 19 години никако не може да ги исполнува условите бидејќи би требало да полага во тој случај на 17 години што е невозможно. И она што е најголем апсурд се вработува нов личен возач на Петре Шилегов, а во Градот Скопје има дури 19 возачи кои што веќе се во работен однос.Понатака, на определено време се вработува Раководител на сектор за заштита на животна средина. Ниту се видело, ниту се чуло, раководител во сериозна институција како Град Скопје да биде вработен на определено време. Ова е апсурд најголем на свет, бидејќи оној што треба да биде одговорен за цел еден сектор на вработени, не е со постојано вработување во Град Скопје.Едно од вработувањата е и советник за јавно осветлување. Може Шилегов да излезе низ граѓаните да поразговара и да прошета и сами ќе му кажат каде не функционира осветлувањето заради неговата негрижа. Не му е потребен човек кој да го советува кои канделабри се прегорени или сијалици, или кои се искршени.И за крај, сметаме дека фали уште едно вработување, 136-то на број, и му даваме идеја на Шилегов која што може слободно да ја искористи, а тоа е да вработи советник за уличните кучиња скитници, бидејќи изминативе три години граѓаните се испокасани од кучиња скитници заради неговата негрижа да се справи со истиот проблем.Ова е расипничкото однесување на СДСМ со парите на граѓаните, и додека граѓаните тонат во сиромаштија, СДСМ, Шилегов и Зоран Заев вработуваат нови 135 луѓе во Градот Скопје. Невините граѓани се избркани на улица заради пандемијата и кризата бидејќи државата не успеа и не најде начин да му помогне на стопанството, но затоа СДСМ си вработуваат луѓе по партиски клуч во институции.

Скопје | пред 5 години

kosta-6-1

(ФОТО) Доделени наградите на 57. Државен натпревар за млади техничари и природници

Секоја додатна мотивација за младите таленти во земјава е секогаш добредојдена.Ја имав таа чест да сум дел од доделувањето на наградите на 57. Државен натпревар за млади техничари и природници во организација на Народна техника на Република Северна Македонија и Сојузот на клубови на млади техничари и природници.На добитниците имам да им порачам едно а тоа е дека со својата посветеност, постигнувања и талент се на вистински пат кон подобра иднина, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

11_img

(ВИДЕО) Осуммина уапсени во антитерористичка акција на МВР и Агенција за национална безбедност

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во координација со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена повеќемесечна истрага на 27.12.2020 приведе осум членови на терористичка организација.Врз основа на наредби за претрес во дом и други простории издадени од надлежен судија од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на осум локации, од кои пет во Куманово и три во Скопје, при што пронајдени и лишени од слобода се сите осум лица.На 27.12.2020 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против Б.Ф. (32), Б.Г. (27) и Ј.К. (25) од Скопје и И.М. (22), Д.А. (21, ) Р.А. (31), С.И. (31) и А.С. (21) од Куманово за сторено кривично дело „терористичка организација“ предвидено и казниво по член 394-а став 2 од Кривичниот законик.Имено, Б.А. од Куманово создал терористичка организација во која покрај претходно притворените В.А. и Е.Љ. членувале и сега приведените врз основи на идеолошката матрица на терористичка организација ИСИС за извршување на убиства и уништување на јавни објекти со намера да се создаде чувство на несигурност или страв кај граѓаните. За остварување на таа намера членовите на групата преземале повеќе подготвителни дејствија, обезбедувале финансиски средства и набавиле оружје, муниција, воена опрема, изработиле импровизирани експлозивни направи и потоа изведувале пробни испалувања и активирање на импровизираните експлозивни направи и оружјето кое што го набавиле. Членовите на терористичката група за меѓусебна комуникација претежно ја користеле интернет платформата „Whats App“ каде меѓудругото го договарале начинот на транспорт на оружје и начинот на изработка на самоубиствени појаси.Б.Ф. учествувал и во паравоени формации надвор од територијата на Република Северна Македонија, како припадник на терористичка организација ИСИС во Сирија.Исто така, пронајденото оружје и минско експлозивни средства на 27.08.2020 година во непосредна близина на м.в. Менкова колиба, Куманово, за кое на 31.08.2020 година кривично беа пријавени Б.А., В.А. и Е.Љ., според количината и намената укажува дека делувала повеќечлена терористичка организација, при што со дополнително собраните докази е утврдено дека постоела директна комуникација, претходен договор и знаење за превземените дејствија помеѓу сите членови на терористичката организација.

Македонија | пред 5 години

Foto-1-3

Претседателот Пендаровски ги прими организаторите на меѓународниот спортски настан Охрид Ултра-Треил 2021

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на организациониот тим на меѓународниот спортски настан Охрид Ултра-Треил 2021.Организаторите истакнаа дека овој спортски настан, којшто се фокусира на одржливо користење на постоечки планинарски патеки и шумски патишта во границите на националниот парк Галичица, е од исклучително значење за развој на туризмот. Но и дека истовремено ќе ги поттикне и останатите дејности да ги промовираат своите услуги на учесниците и на туристите.Претседателот Пендаровски изрази поддршка за Охрид Ултра-Треил 2021, посочувајќи дека покрај спортската димензија, истиот придонесува за меѓународна промоција на природните, културните и историските вредности на националниот парк Галичица и на градот Охрид.Потврдувајќи ја заложбата за афирмација на сите спортски активности во земјава, како важен фактор во градењето на здраво општество, претседателот Пендаровски истакна дека Охрид Ултра-Треил 2021 има потенцијал да ги вклучи и да ги обедини сите сегменти на општеството, дури и во услови на глобалната пандемија на Ковид-19.Исто така, претседателот Пендаровски изрази надеж дека пандемијата набрзо ќе стивне и дека овој меѓународен спортски настан ќе се одржи согласно предвидената програма, според која треба да учествуваат над 400 спортисти од 30 земји.Охрид Ултра-Треил ќе се одржи трета година по ред во националниот парк Галичица и преспанско-охридскиот регион. Ова издание во планинско ултра-трчање, коешто треба да се одржи од 14 до 16 мај следната година, опфаќа 4 трки со дистанци од 107км, 66км, 40км и 20км.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Шилегов: Новиот зелен покрив готов во април идната година

На денешната седница на Советот на Град Скопје советниците поставуваа прашања за работата на градоначалникот, градската администрација, јавните претпријатија и јавните културни установи на градот.Меѓу советничките прашања поставени до градоначалникот, Шилегов беше запрашан и за реализацијата на новиот зелен покрив на Дом на градежници, и кога истиот би бил завршен. Во однос на ова прашање градоначалникот Шилегов одговори дека активностите за изградба на вториот зелен покрив во Скопје се интензивирани независно од претстојните празници и дека скопјани новиот зелен покрив ќе го добијат во април идната година. Градоначалникот потсети дека целта на проектот е заштита на животната средина, создавање на подобро место на живеење и подобар квалитет на живот.Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри ќе бидат засадени повеќе од 30 различни видови дрвја, средно и ниско зеленил, а ќе има тревна површина и вертикално зеленило поставено на ѕидовите. Предвидено е да се постават и клупи и друга урбана опрема, а ќе се врати и култното кино.Инаку запуштениот и руиниран покрив на Домот на градежници во Стратегијата за климатски промени на проектот „Отпорно Скопје“ беше препознаен како едно од неколкуте места наречени „урбани топлотни острови“ кои влијаат на зголемување на просечната температура во градот.Проектот за изградбата на Зелен покрив на Домот на градежници е финансиран од буџетот на Град Скопје (во вредност од околу 18,5 милиони денари), а имплементиран е во соработка и со поддршка од УНДП.

Скопје | пред 5 години

bacev

Единствена Македонија: ФФМ да не си игра со трпението на народот, Ангеловски треба да ја води фудбалската репрезентација на европското првенство

Единствена Македонија ја повикува Фудбалската федерација на Македонија да престане да си игра си трпението на народот и веднаш да го продолжи договорот со селекторот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски - Мрме.Во земјата владее безаконие, корупција, криминал, национачно предавство и ако може по нешто убаво да се памти годината тоа сигурно е големиот успех на селекторот и фудбалската репрезентација кои испишаа историски успех со пласманот на Европското првенство во фудбал, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото се додава:Селекторот Ангеловски е творецот на оваа репрезентација со шаренолик национален состав која функционира како едно семејство што е голема работа за македонски услови каде доминираат етничките моменти и нивно тензично актуелизирање по разноразни поводи. Селекторот створи единство и сплотеност во репрезентацијата, постигна историски успех со прво учество на Македонија на завршницата на едно големо фудбалско натпреварување. Затоа, калкулирањето со продолжувањето на договорот остава впечаток за матни игри во куќата на фудбалот иако сега е потребен мир во фудбалскиои табор пред големото европско фудбалско натпреварување.За Единствена Македонија и целата фудбалска јавност нема дилема. Игор Ангеловски треба и понатаму да остане селектор и да ја предводи македонската фудбалска репрезентација на Европското фудбалско првенство во јуни - јули догодина.

Македонија | пред 5 години

korona5

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 598 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 598 пациенти позитивен и суспектен на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 40 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болни, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 70 во ковид центарот во Гостивар 39, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 53 пациент, во Кочани 18 во Кичево 18, Кавадарци 30, во Гевгелија 14 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 984 и има околу 320 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

korona-hrvatska

„Жан Митрев“ ќе утврдува присуство на мутирани соеви на SARS-CoV-2 во државата

Поради појавата на нов вирусен субтип со зголемена преносливост во Велика Британија, лабораторијата за генетика и персонализирана медицина од Клиничката болница „Жан Митрев“ од денеска повторно почнува со секвенционирање на SARS-CoV-2 примероци. Целта е утврдување на можно присуство на мутирани соеви од овој вирус кај македонски пациенти.Од „Жан Митрев“ посочија дека во текот на наредниот период ќе ги информираат надлежните институции и јавноста за добиените резултати.Од болницата соопштија дека според препораките на Европскиот центар за заразни болести (ЕДЦ) неопходно е да бидат навремено преземени чекори за утврдување на постоење и следење на ваквите еволуции на вирусот.-Самиот факт дека генетската еволуција на SARS-CoV-2 вирусот може потенцијално да влијае на антигенските својства, неговата преносливост и јачина, се доволен показател дека треба да бидат земени предвид при планирање на следните чекори за справување со ширењето на истиот. Затоа ние како општествено одговорна лабораторија почнувајќи од денеска, ќе започнеме со собирање на примероци од македонски пациенти позитивни на корона вирусот и по добивање на нивна согласност истите ќе бидат дополнително секвенционирани на наш трошок, за да утврдиме присуство/отсуство на новиот мутиран сој SARS-CoV-2, познат како VUI – 202012/01, соопштија од болницата.Оваа иницијатива ќе се реализира во следните неколку месеци, со што како што посочија од болницата, ќе може да се утврди еволуцијата на вирусот на македонско тло.За овој проект од „Жан Митрев“ информираат дека се во комуникација со локалната канцеларија на СЗО и дипломатските претставништа, од кои очекуваат поддршка која ќе обезбеди аргументирано и интелектуално издржано известување во борбата против лажните и извадени од контекст информации. Ги покануваат сите институции и капацитети, јавни или приватни доколку имаат можност да се приклучат во оваа борба

Македонија | пред 5 години

lisici

Приведени двајца сопственици на угостителски објекти во гостиварско, објектите затворени

На 27.12.2020 околу 22 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 45-годишниот Ш.Ш. од Чегране, поради тоа што неговиот угостителски објект во ова гостиварско село бил отворен по 18 часот и во него престојувале гости.Тој е задржан во Полициската станица Гостивар, објектот е затворен од Државниот пазарен инспекторат и ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик. Исто така вчера, (27 декември) во 19 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д.З.(65) од Гостивар, затоа што во неговиот угостителски објект (чајџилница) на улица „Павле Аврамовски“ во Гостивар, се наоѓале неколку лица и конзумирале пијалаци. Д.З. е задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик, додека објектот времено е затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања