Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски: Коалицијата е стабилна, поддршката во парламентот е поголема од претходно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sobranie-kovacevski

Премиерот Димитар Ковачевски во емисија на ТВ 21 истакна дека актуелното парламентарно мнозинство е стабилно, со оглед на тоа дека неговата поддршка во парламентот е поголема во однос на претходната Влада.

— реклама —

„Таа стабилност произлегува од тоа што сите политички партии учествуваа во подготвувањето на програмата на оваа Влада. Значи политичките партии кои што беа дел од претходната Влада, и политичката партија Алтернатива која што на програмска основа се здружи со оваа Влада. Бидејќи на една страна имаме парламентарно мнозинство кое што има јасна западна ориентација, кое што едногласно го поддржа усогласувањето на нашата надворешна политика со ЕУ. Која што едногласно го осуди воениот напад на Русија врз Украина и која што едногласно ги носеше антикризните мерки и сеуште ги носи во однос на заштитата на стандардот на населението во најкритичната година и парламентарно мнозинство кое што уште сега се подготвува за најтешката зима која што ја очекува Европа после Втората светска војна“, нагласи претседателот на Владата, Ковачевски.

— реклама —
— реклама —

Тој додаде дека од друга страна имаме политички партии кои што заговараат активна соработка со Путин и Русија.

„Тоа е основната разлика во стратешката ориентација на тие две коалиции, на владината коалиција која што е прозападно ориентирана, која што е ориентирана кон заштитата на стандардот на граѓаните и справување со економската криза и од друга страна коалиција која што е ретроградна и која што е неодговорна и која што единствено се грижи за своите политички поени во време на најголемата криза“, потенцираше Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 месец

media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања