Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Ковачевски: Иднината на нашиот јазик е иднината на нашата татковина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
05052022_PVRSM_Den-na-makedonskiot-jazik_1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска имаше свое обраќање на настанот по повод Денот на македонскиот јазик.

Премиерот Ковачевски во своето обраќање истакна дека Владата искрено и силно е посветена на негувањето и унапредувањето на македонскиот јазик, бидејќи нашиот јазик е нашиот национален и културен идентитет, и во таа насока прогласувањето на 5 мај за Ден на македонскиот јазик, во чест на денот кога во 1945 година Народната влада на Народна Република Македонија ја усвои азбуката на македонскиот јазик и кириличното писмо како официјална азбука и писмо, е една од обврските за исполнување на овој завет, што ги презеде Владата од 2017 година наваму.

На настанот, на кој присуствуваа бројни претставници на политичката, општествената и академската јавност, свои обраќања имаа и министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорката на Институтот за македонски јазик Елена Јованова-Грујовска, претседателот на Советот за македонски јазик професор Људмил Спасов, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Во продолжение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:

„Јазикот е наша татковина“

Со оваа порака, основоположникот на современиот македонски јазик, Блаже Конески, ни остави завет за негово чување, негување и унапредување, како еден од столбовите на нашиот идентитет.

Прогласувањето на 5 мај за Ден на македонскиот јазик, во чест на денот кога во 1945 година Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик и кириличното писмо како официјална азбука и писмо, беше една од обврските за исполнување на овој завет, што ги презеде Владата од 2017 година наваму.

Денес, македонскиот јазик со својата посебност е признат во целиот свет. Впишан во личната карта на нашата држава во големото семејство на народи и на земјите членки на Обединетите нации.

Оваа Влада искрено и силно е посветена на негувањето и унапредувањето на македонскиот јазик, бидејќи нашиот јазик е нашиот национален и културен идентитет.

Ја продолжуваме поддршката на голем број книжевни дела од издавачката дејност на Институтот за македонски јазик како придонес за збогатувањето и унапредувањето на македонскиот јазик.

— реклама —

Македонскиот јазик е јазикот на Блаже Конески, Гане Тодоровски, Даница Ручигај, на Анте Поповски, Славко Јаневски, Матеја Матевски, Ката Мисиркова Руменова, на Петре М. Андреевски, Видое Подгорец, Оливера Николова, Оливера Ќорвезировска, Румена Бужаровска, Лидија Димковска и на плејада други претходни и сегашни литерати кои низ годините наназад оставија илјадници книги напишани од нивното македонско перо.

На македонски јазик се школувале, се школуваат и ќе се школуваат генерации и генерации успешни академици, доктори, инженери, новинари, културни работници и сите останати.

Денес имаме вистинска мала армија на македонисти во светот - 300 студенти на универзитетите во Анкара, Истанбул, Риека и во Будимпешта со додипломски и последипломски студии. Македонскиот јазик литература и култура се изучуваат и на универзитетите во Торонто, Љубљана и Марибор, Загреб, Лондон, Познањ, Нови Сад, Брно, Братислава и во други универзитетски центри.

Минатата година во календарот на важни настани на УНЕСКО беше вклучена програмата за одбележување на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура Блаже Конески, како најзаслужен за утврдувањето на македонскиот стандарден јазик.

— реклама —

Владата на Република Северна Македонија од 2019 година, откако 5 мај беше прогласен за Ден на македонскиот јазик, презеде низа активности за негова поширока и континуирана афирмација.

Мината година, како иницијатива на Владата, во соработка со Институтот за македонски јазик, ја промовираме интернет платформата makedonski.gov.mk на која е поставен дигитализираниот „Толковен речник на македонскиот јазик“.

Денес дигиталниот толковен речник на македонскиот јазик им стои на располагање на сите што сакаат да го користат македонскиот јазик. На граѓаните од нашата земја, на нашите сонародници од севкупната македонска дијаспора и останатите заинтересирани поединци, научници и деловни луѓе во целиот свет, без никаков надомест.

Дигиталниот толковен речник на македонскиот јазик, како отворен ресурс им е слободно достапен на лингвистите, како и на сите македонисти во светот, да го ползуваат како изворник за создавање многу други специјализирани речници и други проучувања.

Толковниот речник се надоврза на претходната иницијатива на Владата кога беше дигитализиран и Правописот на Македонскиот јазик.

— реклама —

Овие проекти на Владата се дел од врвните приоритети да се изгради и постојано да се надградува корпусот на дигитализирани дела на македонски јазик за вклучување во светската ризница на јазици. Како израз на нашата постојана грижа за македонскиот јазик и неговото претставувањето пред светската лингвистика.

Годинешното одбележување на Денот на македонскиот јазик не обврзува уште еднаш да испратиме јасна порака: Оваа Влада, искрено и силно е посветена да го негува и да го унапредува македонскиот јазик, вечниот паметник на нашето постоење како народ.

И денес наш приоритет останува поттикнувањето на развојот и афирмацијата на македонскиот јазик како наш постојан влог за неговата иднината. Иднината на нашиот јазик е иднината на нашата татковина.

Јазикот е жива материја и најочигледно ќе покажеме дека се грижиме за него, преку начинот како го говориме, како го пишуваме, како го читаме македонскиот литературен јазик. Така даваме пример со каков јазик сакаме да раснат младите генерации.

Да го чуваме и унапредуваме, и достојно да му го предаваме на сите генерациите после нас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Македонија | пред 3 дена

mickoski-Ekonomski-socijalen-sovet_6-2

Мицкоски: Изборниот законик останува единственото отворено прашање од реформската агенда, на потег е опозицијата

Македонија | пред 1 седмица

media-librarybf9g0lnvm3n9cF0CykI

Мицкоски за планот за Водно: Нема да направиме ниту милиметар чекор спротивен на интересите на граѓаните

Македонија | пред 1 седмица

media-library4vurusd1p6jad0zHUaH

Владата ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања