Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

vevcani-6

Општина Вевчани се откажува од организирање на концертите за Василица

Поради пандемијата Вевчанскиот карневал симболично ќе биде одбележан. Ќе изостане богатата програма збогатена со културно забавните содржини кои се во организација на општината но поворка од василичарските друштва ќе има согласно протоколите за заштита од ширењето на заразата.За да нема шпекулации дали оваа година Свети Василија некој ја “откажал” или не, Ви го соопштуваме следното:Општина Вевчани се откажува од организирање на концертите на 12- ти и 13- ти јануари за да се спречи масовно собирање поради пандемијатата со Ковид-19. Но, ниту некогаш се мешала, ниту има право да се меша, а најмалку да ја одлага Свети Василија.Организацијата на поворките со Василичари е на Василичарските друштва Горно и Долно мало и тоа е нивно право но обврска. Го повторувам она што го кажав и за медиумите:Општина Вевчани нема право да се меша во тоа дали ќе има поворки на василичарските друштва, меѓутоа ќе апелираме да нема групно собирање, да нема посети на домовите, да се запазат мерките што ги налага Комисијата за заразни болести. Сигурен сум дека ќе се применат тие мерки за да може да го славиме Свети Василиј онака како што сме го славеле со векови, вели Грдоначалник на Општина Вевчани Сашо Јанкоски.Вевчанскиот карневал е стар над 1.400 години, колку и Вевчани, и се разликува од сите други карневали во светот.

Македонија | пред 5 години

pistol

Кривична пријава за кумановец, организирал семејна веселба и пукал со оружје

На 26.12.2020 во СВР Куманово било пријавено дека В.Б. (25) во својата семејна куќа во с. Лопате, кумановско, организирал семејна веселба и пукал со оружје. Полициски службеници од СВР Куманово во координација со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, каде затекнале околу 30 гости, а пронајдени се и чаури. Поради постоење на основано сомнение дека В.Б. сторил кривични дела „непостапување според здравстеви прописи за време на епидемија“ по член 206 и „предизвикување општа опасност“ по чл. 288 од КЗ, по целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 5 години

korona5

Починати 18 лицa и регистрирани нови 296 случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1253 тестирања, а регистрирани се 296 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-90, Куманово-19, Дебар-9, Штип-13, Прилеп-23, Тетово-14, Струга-9, Велес-16, Битола-9, Охрид-15, Кавадарци-12, Гостивар-4, Гевгелија-7, Струмица-17, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир , Хисар-2, Валандово-3, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-9, Неготино-9.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 511 оздравени пациенти од: Скопје-231, Куманово-26, Штип-20, Прилеп-35, Тетово-25, Струга-16, Велес-21, Битола-23, Охрид-17, Кавадарци-3, Гостивар-19, Гевгелија-7, Струмица-2, Крива Паланка-1, Радовиш-4, Кочани-14, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-1, Виница-4, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-10, Кичево-8, Ресен-6 и Неготино-3.Починати се 18 лица, двајца пациенти од Скопје (59 и 54г), тројца од Штип (49, 82 и 68г), еден пациент од Прилеп (81г), еден од Тетово (64г), еден од Струга (65г), еден од Велес (65г), еден од Битола (61г), еден од Охрид (84г), еден од Кавадарци (75г), двајца пациенти од Гостивар (73 и 52г), еден од Струмица (57г), еден од Крива Паланка (75г) и двајца пациенти од Кичево (82 и 68г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81721, бројката на оздравени пациенти е 59231, на починати е 2445, а бројот на активни случаи изнесува 20045. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 35241, активни 11376• Куманово 4661, активни 571• Дебар 614, активни 127• Штип 3263, активни 303• Прилеп 4137, активни 636• Тетово 4706, активни 894• Струга 1995, активни 350• Велес 2710, активни 520• Битола 2980, активни 612• Охрид 2363, активни 594• Кавадарци 2051, активни 588• Гостивар 3339, активни 594• Гевгелија 1128, активни 299 (75 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 189 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2272, активни 650• Крива Паланка 601, активни 121• Радовиш 603, активни 121• Крушево 161, активни 71• Кочани 1577, активни 241• Пробиштип 441, активни 45• Демир Хисар 234, активни 40• Македонски Брод 210, активни 25• Пехчево 145, активни 25• Берово 487, активни 50• Валандово 302, активни 70• Виница 442, активни 65• Делчево 664, активни 200 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 192, активни 23• Свети Николе 1033, активни 113• Кичево 1551, активни 246• Ресен 634, активни 143• Неготино 984, активни 332 (153 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1253 теста се преку: ИЈЗ-492, ЦЈЗ Скопје-34, Авицена-199, Биотек-118, МАНУ -111, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода -14, лабораторија Лаор –46, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-72, Инфективна клиника-0, ГАК-0, Синлаб-24, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -47, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 393.629 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Спасовски: Секој што ќе се дрзне да организира журка ќе добие кривична пријава

Министерот Оливер Спасовски најави засилени контроли по викендиците, становите и апартманите и рече дека никој нема да биде изземен од одговорност доколку организира журки и забави со групирања. Тој повтори дека ваквите дејствија подлежат на кривична одговорност за загрозување на здравјето и безбедноста на граѓаните.Уште еднаш апелираме, да прославуваме одговорно, да го сочуваме здравјето на граѓаните. Еве имаме тендеција на намалување на ширењето на виросот, затоа да бидеме дома за празниците, да бидеме безбедни. Секој кој нема да почитува, било тоа да е сопственик на вила, куќа или граѓани кои учествуваат во тие настани на сите ќе им бидат поднесени кривични пријави за нарушување на здравјето на граѓаните. Ова е оперативен план, го разработвуваат полициските служби и согласно него секаде и во секое време, имаме екипи и тие се подготвени да излезат на терен по секоја дојава, сознание или пријава. Откако ќе се констатира одговорност полицијата го известува Јавниот обвинител и тој постапува согласно законските прописи – рече Спасовски.Што се однесува до растурената журка во Волково, Спасовски рече дека има приведени лица кои биле дел од ораганизацијата на настанот и најави повеќе детали во текот на утрешниот ден.

Македонија | пред 5 години

sovetnik-grubi

Советник на вицепремиерот Груби фатен во Ѓорче Петров со две пакетчиња дрога

Познатиот албански пејач Шпат Касапи од неодама е советник на вицепремиерот Артан Груби. Шпат ќе го советува Артан за култура и општество. Тој има 35 години и e голема звезда на албанската музичка сцена.Но, Касапи пред еден месец бил фатен со две пакетчиња прашката материја во Ѓорче Петров во близина на СП Планет. Дрогата му била одземена а тој бил приведен, објави Република.

Македонија | пред 5 години

sekerinska

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ не сака да има попис, нивниот предлог е уште еден обид да се одложува и проблематизира пописот

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска барањето на опозцијата за набавка на 10 илјади апарати за отпечаток од прст, го оцени како неодговорно, и со намера да се купи време и да пропадне идејата за пописот. Таа рече дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го проблематизира пописот и затоа нуди идеи кои не се прифатливи и спроведливи. Порача дека е време државата да покаже одговорност кон оваа статистичка операција која е неопходно да се спроведе на пролет.„Кога една парија неколку месеци пред пописот кој го чекаме со години ќе даде предлог да се купат илјадиници апарати кои не само што чинат пари, туку треба и време тоа да се споведе, ни укажува дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не сака да има попис. И тоа е истата партија која еднаш тргна во попис, која самата ги рушеше правилата на пописот, потроши 4 или 7 милиони евра не ме фаќајте за збор и рече пу-пу не важи. Оваа држава не може веќе ништо да планира и личи на сериозна држава, ако уште еднаш го одложи пописот.Овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ е уше еден обид да се одложува и проблематизира пописот. Сличен предлог имаше пред неколку години, кога имавме време да планираме изборна реформа да гарантираме дека граѓанинот кој што е на избирачката листа е гласач. ВМРО-ДПМНЕ тогаш целосно го блокираше, иако имаше време тогаш тоа да го направиме. Не само што се лицемери, не само што едно говорат пред неколку години, а сега друго, туку прават да се претставиме како неодговорна држава која треба да увиди какви социјални, економски и демографски проблеми има. Ова е само нов предлог да се купи време и да пропадне идејата за попис“, рече Шекеринска во однос на барањето на опозицијата за набавка на 10.000 терминали за отпечаток од прст.

Македонија | пред 5 години

popis-1

Единствена Македонија: Ќе се реактивира патриотскиот блок „Македонија - Бојкотира“ за бојкот на пописот доколку власта турка фалсификат попис

Единствена Македонија како партија која секогаш е на првата линија во одбрана на македонските интереси се залага за поништување на пописот во 2002 година со кој Албанците беа лажно прикажани дека се 25,17 отсто и спроведување на нов попис кој реално ќе ја отслика бројноста на населението во Република Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото се додава:Власта во Скопје најавува попис во април следната година, но, со законските решенија за пописот кои се подготвуваат уште сега е јасно дека СДСМ и ДУИ спремаат уште еден фалсификуван попис според кој Албанците ќе излезат преку 40 отсто. Што е поинтересно, овие законски решенија се спротивни на пописниот модел во земјите членки на Европската Унија а устата на власта е полна со европски вредности.Јавноста очекува одговор, зошто власта се плаши и не овозможи поширока стручна дебата за пописниот закон туку го турка набрзина со т.н. европско знаменце а механзиамот со т.н европско знаменце е всушнот суптилна форма за шверцерско носење на закони.Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис во 2021, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ. Единствена Македонија, исто како и македонскиот народ, секој обид за фалсификување на пописот ќе го смета за велепредавство спрема Републиката.Оттука, доколку во Собранието се усвојат пописни решенија за нов фалсификат на пописот во април догодина, Единствена Мкаедонија ќе иницира повторно активирање на патриотскиот блок „Македонија - Бојкотира„ за кампања за бојкот на пописот.

Македонија | пред 5 години

kolona-vozi

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје: Шилегов да објасни како кај него стигнуваат полициски белешки и каде пишува дека се одзема возилото

Петре Шилегов кога веќе не постигна ништо како градоначалник ја презема улогата портпарол на МВР, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.Во продолжение на соопштението се додава:Бидејќи објавува казни кои се прашуваме како стигнале до него, тогаш го повикуваме да одговори:Колкава е казната која ќе ја плати возачот кој возеше по велосипедската патека?Дали тоа не се прениско 50 евра или 3000 денари за возење по велосипедска патека и тротоар?Каде на казната пишува дека се одзема возилото, тоа никаде не може да се забележи од документите кои се објавени.Како полициски белешки стигаат до градоначалникот на Скопје? Дали Шилегов има ново работно место а јавноста не знае или пак продолжува да се злоупотребува МВР?

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Новогодишна радост на детската клиника - Дедо Мраз го донесоа пожарникарите, Филипче подели пакетчиња

Во пресрет на предновогодишните празници утрово, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје заедно со Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на еден поинаков начин ги израдуваа децата хоспитализирани на Универзитетската клиника за детски болести.Точно во 9 часот, противпожарното возило ги вклучи сирените и го најави доаѓањето на Дедо Мраз, кој годинава поради пандемијата новогодишните пакетчиња ги донесе користејќи пожарникарски скали. Министерот Филипче ги пречека подароците на терасата на Клиниката и им ги подели на децата.Филипче кој традиционално присуствува на предновогодишниот настан за најмалите пациенти, на децата и нивните родители им посака среќна Нова Година исполнета со безгрижност и радост, што поскоро да оздрават и да се вратат дома кај своите семејства.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-bolnica

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 610 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 610 пациенти позитивен и суспектен на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 44 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 34 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 82 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 74 во ковид центарот во Гостивар 40, а во Струга 37 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 55 пациент, во Кочани 15 во Кичево 18, Кавадарци 35, во Гевгелија 14 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1036 и има околу 320 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

popis-1

СДСМ: Пописот кај нас е по стандарди на ЕВРОСТАТ и треба да биде со европско знаменце, концептот на ВМРО-ДПМНЕ за политичка операција на пописот е погрешна

Целосна лага е дека Законот за попис не треба да биде со европско знаменце, има бројни аргументи и причини зошто е и треба да биде така.  Пописот кај нас се реализира според бројни правила на Евростат. Дополнително, токму во Извештајот на ЕК пописот се споменува како потребна обврска на нашата држава која треба да биде реализирана, се вели во реакцијата од СДСМ.Во продолжение на истата од СДСМ додаваат:Колку е неразумното ваквото тврдење и кочење на пописот од страна на ВМРО-ДПМНЕ говори фактот што Законот за попис и во првото предлагање беше со европско знаменце.Пописот не е и не смее да биде политичка операција како што тврди ВМРО-ДПМНЕ.Граѓаните не сакаат пописот да биде политичка политичка операција туку статистичка, како што е правилно.Тој погрешен концепт на ВМРО ДПМНЕ, пописот да биде политичка операција се потврди како погрешен во 2011 година и затоа пропадна.18 години не е спроведен попис во земјава и недзволиво е да се одложува затоа што е потребен за развојот на татковината.Република Северна Македонија конечно ќе добие попис според меѓународните прописи и стандарди на ЕВРОСТАТ.СДСМ, Владата што ја предводи и пратениците од мнозинството се подготвени да прифатат конструктивни идеи и предлози кои се реално спроведливи.

Македонија | пред 5 години

popis

Стојаноски: Заев и СДСМ туркаат фалсификат попис, наместо статистичка операција прават политички договор

Заев и СДСМ туркаат фалсификат попис. Наместо статистичка операција прават политички договор.  Пописот е најголемата статистичка операција во една држава, која се темели на стриктна методологија, со цел да се добијат податоци за бројот на населението, неговата возраст, распореденост по општини и региони. Податоците од пописот се исклучително важни за државата и нејзините институции во планирањето на политиките на среден и долг рок, затоа и тој се спроведува на 10 години. Пописот во ниту еден случај не смее да биде исполитизиран и спроведен нестручно, но токму тоа го прави СДСМ, истакна Пратеникот Бојан Стојаноски.Стојаноски во продолжение на денешната прес конференција додаде:Зоран Заев од пописот наместо статистичка операција прави политичка операција. Власта го турка целиот процес без поширока консултација со опозицијата и другите релевантни чинители.Заев целосно ја исклучува јавноста и предлозите на опозицијата водејќи го процесот без консензус.Зоран Заев исто како што организира талибански избори, сега сака да организира талибански попис. За таквиот талибански попис, Заев го злоупотребува европското знаменце за носење на закони, со што пописот, кој што не е закон за усогласување со европската пракса го турка по брза постапка во Собранието.Зоран Заев да се откаже од спроведување на талибанскиот попис, затоа што не само што ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае, туку и државата нема да има релевантни статистички податоци. Оттука ја повикуваме власта да ги прифати предлозите кои ги даде ВМРО-ДПМНЕ:1.Да се набават 10.000 терминали за отчитување на отпечатоци од прст и да се попише резидентното население. Тие терминали ќе бидат со можност за отисок од прст и само така ќе се изврши реален попис, кој ќе ни даде реални статистички информации.Со терминали за отисок од прст ќе се изврши реален увид на сите резидентни граѓани и со тоа ќе се изврши дистинкција од граѓаните кои имаат државјанство, од актуелните резиденти.2.Објавување на методологијата според која се планира пописот, и овозможување на пошироката засегната и стручна јавност да даде допринос во насока на подобрување.Овие две работи власта мора да ги прифати, доколку целта и е спроведување на попис, а не политички договор кој ќе има само употреба за едни избори.Туркање на пописот на сила е кобно за државата. Токму затоа попис каков што сака СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нема да признае.

Македонија | пред 5 години

27122020_Portparoli_Press_1

Хоџа - Арсовски: Со 35 милиони евра ќе се реализираат 99 инфраструктурни проекти во 75 градови

Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Муамет Хоџа и Душко Арсовски, на денешната прес-конференција ги презентираа детали од одлуката за прераспределба на парите од концесионерот „ТАВ“, кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип, а сега со нив ќе се финансираат проекти низ целата држава.Како што истакна Арсовски, со 35 милиони евра почнува реализацијата на 99 инфраструктурни проекти во 75 градови.Станува збор за реализација на инфраструктурни проекти кои ќе им го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните. Парите се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на детски градинки, реконструкција на основни и средни училишта, резервоари за вода, системи за водоснабдување и останати проекти.Портпаролот Хоџа, презентираше дел од проектите предвидени со оваа пренамена.Над 1 милиони евра ќе добијат: Шуто Оризари, Штип, Чаир, Струмица, Тетово, Кичево, Струга за проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеењето на граѓаните.Градот Скопје ќе има на располагање над 6 милиони евра за два проекти: kлучката „Момин Поток“ и мостот „Карпош“.Во Тетово со вкупно 1,1 милион евра ќе се реконструира училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ и ќе се изгради патот „Благоја Тоска“.И Кичево со 1,1 милион евра следната година ќе реализира 4 проекти: Реконструкција на Центарот на градот, капела кај православните гробишта, центар за кучиња скитници и блок А, Б, В и котлара.Во Струмица парите ќе бидат насочени за регулација на порој „Св. Илија“ на потег од базна преграда до слив на река „Водочница“ во Општина Струмица со вкупна проектирана вредност од 1,4 милиони евра.Во Штип ќе се гради линија 2 со резервоар „Мерите“ - Општина Штип, во вредност од 1,2 милиони евра.Со 1,1 милион евра ќе се гради атмосферска канализација во Општина Шуто Оризари, и тоа на 4 улици.Во Струга со над 1 милион евра ќе се градат неколку патишта на територијата на оваа општина.Општина Чаир парите од 1 милион евра ќе ги насочи за да се реконструираат дел од водоводните мрежи како и мрежите за канализација и фекални води.Според договорот со компанијата „ТАВ“ склучен во 2008 година и дополнет со 4 анекси, беше предвидено со 49 милиони евра да се изгради и карго аеродром. Промената е направена врз основа на анализа за проценка на економска оправданост од февруари 2020.Евентуалната позитивна разлика помеѓу проектираната и изведбената цена, ќе биде уплатена на посебна сметка на Генералниот секретаријат на Владата и парите ќе бидат наменети за чистење на линданот од кругот на фабриката „ОХИС“.

Македонија | пред 5 години

Nova-godina

„Новогодишна Зоо Бајка“ утре во Скопје Зоо

Традиционално, трета година по ред во Зоолошката градина во Скопје се одржува настанот „Новогодишна Зоо Бајка“. Во пресрет на Нова година, најмалите ќе имаат можност да уживаат во детска претстава, а потоа и доаѓање на Дедо Мраз со волшебното вовче. Сите деца ќе добијат подароци и пакетчиња, а влезот за настанот е 80 денари.Настанот ќе биде по сите здравствени протоколи, безбеден за сите и на отворено.Носењето маска е задолжително.Поради временските неприлики, „Новогодишна Зоо Бајка“ наместо на првично најавениот датум 27.12, се префрла за 28.12 ( понеделник), со почеток во 13:30.

Скопје | пред 5 години

MLS-27.12.2020-Demir-Hisar-11

Милевски: Ново возило за комунален отпад за Демир Хисар

Со проектните активности за развој на Пелагониски плански регион обезбедивме современо возило за собирање на комунален отпад со капацитет од 12 метри кубни кое што ги исполнува стандардите и потребите на Јавното комунално претпријатие во општина Демир Хисар, рече министерот Горан Милевски за време на посетата на општината.- И покрај Ковид кризата Министерството за локална самоуправа во 2020-та година не застанавме со реализација и имплементација на своите проекти, од најразлична области. Проблемот со собирање на отпадот е одамна јасно дефиниран во сите општини, но се уште постои, пред сè, поради финансиската слабост на јавните комунални претпријатија. Со проектот го унапредуваме квалитетот на општинските комунални услуги и ги зајакнуваме општинските функции и надлежности на општините од Пелагонискиот регион уредени со Законот за локална самоуправа и Законот за управување со отпад. Министерството и во 2021 година ќе ги развива општините преку проекти за подобар животен стандард на граѓаните, појасни Милевски.- Овој три-годишен мандат од кога сум јас градоначалник ова ни е второ возило за собирање на комунален отпад кое е набавено со програма преку Пелагонискиот плански регион. Основна цел на ова возило ќе биде подобрување на животната средина, a со тоа се подобруваат и условите за живот на граѓаните. Со секоја набавка на вакво возило се проширува бројот на населени места каде што се собира комуналниот отпад и ова возило ќе го користи Јавното комунално претпријатие, изјави градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски.Од директорот на Јавно Комунално Претпријатие Демир Хисар, Ацко Трајковски истакна благодарност до институциите за набавеното возило а со тоа покажуваат дека се грижат градот да биде почист и граѓаните да ги користат овие комунални услуги.- Во соработка со градоначалниците заедно се трудиме да ја подобриме животната средина а со тоа да го подобриме животот на граѓаните во овој регион, токму овој проект е уште еден показател за заложбите на градоначалникот за почист Демир Хисар, додаде директорот на Пелагониски плански регион, Гого Видимче.Вкупната вредност на овој проект за зајакнување на техничките капацитети за собирање на комунален отпад е над 6 милиони денари, од кои една третина се обезбедени од општинскиот буџет на Демир Хисар.

Македонија | пред 5 години

policija-i-inspekcija-2

Кривични пријави за сопственици на четири угостителски објекти во Скопје, работеле по дозволеното време

Полициски службеници од СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат на 26/12/2020 година во периодот од 16:00 до 23:00 часот на подрачјето на СВР Скопје вршеа контроли за почитување на мерките од Законот за заштита на население од заразни болести и новите одлуки за промени на работното време угостителските објекти. Контролирани се 285 објекти и констатирани се четири непочитувања на работното време (едно во Аеродром, едно во Гази баба и две во Сарај), кое согласно последната одлука се ограничува на 18:00 часот, за што ќе бидат изготвени соодветни кривични пријави за сопствениците на објектите, а од страна на ДПИ изречена забрана за работа.Во угостителски објект на ул. Перо Наков во 18.40 часот е констатирано дека работи и во него има гости. Сопственичката В.Н. е лишена од слобода и против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок Во објект на бул. Трета македонска бригада во 20.30 часот се затекнати гости, а одговорното лице Д.Ј:, кое е затекнат во обхектот е лишено од слобода и по документирање на случајот ќе следи соодветна пријава. Непочитување на работното време и присуство на гости е констатирано и во чајџилница во с. Копаница и кафе бар во с. Чајлане и против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Скопје | пред 5 години

trajce

Страотно сведоштво на скопско семејство: Никој не го лекувал, па им рекле “Ставете огледало под нос за да видите дали е починат”

Јас бев во кујна, подготвував вечера, Трајче си потпевнуваше „Дафино вино црвено, момчето ти е...“, кога престана, не можеше да ја доврши песната оти секрет му се слеа во грлото“, раскажува скопјанката Лиле Петровска, која сѐ уште не може да се соземе од шокот што го доживеала пред неколку недели, објави samoprasaj.mk.„Ми рече дека изгледа настинал, а јас потрчав со „Парацетамол“ и „Риностоп“ да му помогнам“, продолжува Петровска.И следните два дена симптомите биле слични, но Трајче снемувал сила. Не пеел, поткашлувал и бил топол на челото. На прашањата на Лиле одговарал кусо и отсечно, немал желба за муабет, а и апетитот го напуштал.Сомнежот дека може да е подмолниот вирус бил сѐ поголем, па Лиле ѝ се јавила на матичната лекарка.Иако ординацијата е во близина на нивниот дом во скопска Автокоманда, за него немало физички преглед. Таа ѝ дала инструкции по телефон.Состојбата се влошувала наредните денови.Дошол викендот, а прстите на рацете и на нозете на Трајче почнале да помодруваат. Очајна, Лиле одлучила да се јави во приватна клиника.„Оттаму љубезен женски глас ми рече да дојдеме и да донесеме 12.000 евра како сигурност и дека нивен тим ќе дојде и ќе го земе веднаш од дома. Без разлика што немал тест, ќе го лекувале како КОВИД-пациент“, раскажува Петровска.Таа додава дека живееле од пензијата на Трајче што изнесува 15.000 денари плус 5.000 денари додатоци и дека со таква сума не располагале.Понеделник наутро, Трајче веќе не бил контактибилен. Тој не станувал од кревет, тешко дишел и не одговарал на прашања. Помалата ќерка Маре повторно се јавувала по лекари и Итна помош, но немало промена во одговорите, освен дека мора итно да се хоспитализира.Taa се јавила во приватна лабораторија и закажала тестирање дома. Ѝ побарале 3.700 денари, 3.100 денари за земање брис и 650 денари за лаборантите коишто ќе направат домашна посета. Објасниле дека за 40-ина минути ќе бидат на нивната адреса.Никој не сакал да констатира смртТекстот во целост на:  samoprasaj.mk.

Македонија | пред 5 години

policija-udri-mercedes

(ФОТО) Бегале од полиција и се забиле во бандера

Вечерва после полноќ во Радишани, при вршење на рутинска контрола од страна на полициските службеници, на даден знак да запре, автомобил “мерцедес” почнал да бега, дознава 24 Инфо.Полицијата почнала да ги брка, па “мерцедесот” се забил во бандера, а во нив се удрило и полициското возило. Повредени се неколку лицa.извор:  24 Инфо.

Скопје | пред 5 години

policija-3

288 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 288 мерки, меѓу кои 32 за возење без возачка дозвола, 10 санкции за некористење на сигурносен појас, 21 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 7 за користење на мобилен телефон и 2 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 49 мерки за непрописно паркирање и 27 мерки за неносење на заштитна маска.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

policija-3

Растурена уште една забава: Се журкале во скопска викендица, полицијата пронајде и дрога

Полицијата вчера растури забава во викендица во скопско Волково. Приведени се 29 лица, меѓу кои ди-џејот и сопственикот на објектот. Сите биле однесени во полициска станица, поради сомневање дека сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Полицајците постапувале по претходни оперативни сознанија.„При претрес кај ди џејот била пронајдена и прашкаста материја. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВРОва е втора забава во изминативе два дена која е прекината од полицијата. Во петокот, во стан во Скопје беа уапсени 13 лица кои биле фатени како слават, спротивно на забраните од Владата. И овде беа пронајдени поголема количина дрога, пакувања кокаин, марихуана, екстази, амфетамини и друга дрога.Во пресрет на новогодишните и божиќни празници, Владата забрани собирања и групирања со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави зајакнати контроли во идниот период.

Скопје | пред 5 години

27122020_PVRSM_Zaev_obrakjanje_povod_pretstojnite_praznici

Заев: Да празнуваме одговорно, да се грижиме за сопственото здравје, здравјето на блиските и за јавното здравје

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев преку видео обраќање се обрати на сите наши сограѓани со апел за одговорно да се прослават претстојните празници.Посебно се заблагодари на сите оние кои се во првите редови во борбата со коронавирусот. Ги спомена лекарите и целиот медицински и помошен персонал во болниците, припадниците на полицијата, на армијата, инспекциите и сите останати ангажирани за време на оваа кризна состојба, притоа нарекувајќи ги херои.Во продолжение интегралното обраќање на Премиерот:„Годинава што изминува ќе остане запаметена по здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, кај нас и во целиот свет. Беше и сѐ уште е многу тешко. Но, сите сме ангажирани – секој од нас е загрижен и придонесува со помош и поддршка бидејќи се работи за сопственото здравје, за здравјето на најблиските и за јавното здравје.Но во оваа борба, во првите редови сте ВИЕ, лекарите и целиот медицински и помошен персонал во болниците. Сите ВИЕ, изминативе месеци, сте на првата линија во борбата со опасниот вирус – го штитите нашето здравје, а тоа значи дека сопственото го ризикувате, заради сите нас. На првата линија сте и вие, припадниците на полицијата, на армијата и сите останати ангажирани за време на оваа кризна состојба.Сите вие на првата борбена линија, сте нашите херои. Ви благодарам за сета пожртвуваност и храброст!Почитувани граѓани,Ве повикувам, огромната поддршка и почит кон лекарите, кон медицинските работници, кон полицијата и армијата, да ја изразиме со најодговорно однесување и со целосно почитување на мерките во периодот пред нас! Еве ги новогодишните и божиќните празници. Да си посакаме здравје, но пред сѐ да придонесеме со нашето однесување кон здравје. Ако имаме здравје, ќе можеме да работиме, да заработиме, да се дружиме, да живееме и да се сакаме во кругот на семејството и блиските.Затоа „ПРАЗНУВАЈ ОДГОВОРНО“ – носи маска, не се групирај, не слави, туку скромно одбележи. Мораме така додека не се спроведе вакцинацијата. Апелирам уште еднаш, да се грижиме за сопственото здравје, за здравјето на блиските и за јавното здравје. Да ги почитуваме мерките - да ги поддржиме сите кои се на првата линија на борбата.Да празнуваме одговорно!“

Македонија | пред 5 години

grcija-korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 14 пациенти, а вкупно се лекуваат 426 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 14 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 426 лица сомнителни и потврдено за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, на Клиниката за неврологија, на Гастроентерохепатологија и на Очната клиника, а двајца на Клиниката за дерматологија.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани двајца болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 29 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 12 пациенти, а на ОРЛ 17 болен. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 21 пациент.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 103 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има пациенти.Вкупно 426 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Наградени најдобриот скопски пожарникар, полицаец и крводарител за 2020 година

Градоначалникот Шилегов ги додели наградите на најдобриот пожарникар, полициски службеник и крводарител во Скопје за 2020 година.- Скопје е град на солидарноста и ние ја чуваме таа традиција, а хуманоста и солидарноста стана дел од нашите животи, од начинот на живеење на скопјани. Во овие тешки времиња, особено тешки животни услови и ситуации предизвикани од ковид 19, не можеме да ги заборавиме оние што се истакнале со својата хуманост преку своите дела. Се надевам дека овие награди ќе бидам мотив за добитниците, за нивни колеги, како и за сите нас, како колеги и граѓани да бидеме похумани и посолидарни и да се обидеме да помогнеме секогаш кога можеме, кога на некого ќе му биде потребна помош – рече Шилегов.За своите заслуги во работењето и за својата пожртвуваност награди денеска добија:1. Никола Мајнов, Пожарникар спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, најдобар пожарникар за 2020 година.2. Дарко Јовановски, вработен во Полициска станица од општа надлежност „Гази Баба“, кој ја добива наградата за најдобар полициски службеник.3. Звонко Васев е истакнат крводарител кој ја потврдил својата хуманост со 89 дарувања крв и ја добива наградата за крводарител на годината.

Скопје | пред 5 години

kolona-vozi

Тик ток „фраерот” што возеше по вело патека идентификуван и казнет

Лицето кое се снимаше како вози по вело патеката на бул. 8-ми Септември од хотел Александар Палас кон Илинденска, а снимката се појави на социјалните мрежи, доби парична казна и привремено му е одземено возилото.„Тик ток „фраерот” што возеше по вело патеката на 8-ми Септември, идентификуван, казнет од страна на МВР, казнет од Град Скопје, возилото времено одземено…“, напиша Шилегов на својот Фејсбук профил.Според објавените записници од Шилегов, несовесниот возач доби вкупна казна од 70 евра.

Скопје | пред 5 години

korona-test

Разбиена група што продавала лажни ковид тестови

Одделот за криминалистичка полиција и Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Тетово и Куманово во координација со Агенцијата за национална безбедност во текот на денов (26.12.2020) изврши претреси на 11 локации и приведе седум лица под сомнение за продажба на лажни ковид тестови. При претресите се одземени мобилни телефони, персонални компјутери, лап топ компјутери, мемориски картички, 118 бланко договори, 13 пополнети со различни податоци, четири негативно пцр тестови, печати, факсимил од австриски нотари друга документација. По документирање на случајот,до надлежните обвинителства ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 378 од Кривичниот законик за фалсификување на исправа.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања