Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

prst-6

ВМРО-ДПМНЕ предлага при спроведување на пописот да има и отпечаток од прст

ВМРО-ДПМНЕ предлага да се набават апарати за отпечаток од прст при спроведувањето на пописот.Портпаролот на опозициската партија, Наум Стоилковски, истакна дека на тој начин сите ќе бидат сигурни во резултатите на пописот и ќе се уверат дека не станува збор за политичко решение заради мир во коалицијата на власт.Стоилковски на новинарско прашање зошто ВМРО-ДПМНЕ најавува дека нема да ги поддржи Закон за попис вака како што е пуштен во процедура, одговори дека законот за попис не е закон кој што треба да го носи европското знаменце, односно да се злоупотребува скратената постапка.„Ова е закон за попис којшто всушност е за една употреба за еден пописен процес во деценијата. Ова е закон кој што треба да определи едно статистичка операција, пребројување на населението, а во него како секогаш до сега била вклучена методологијата, но овој пат изостанува методологијата според која што ќе биде вршена оваа статистичка операција. Тоа е така затоа што, во моментот овака како што е предложена и објаснета не станува збор за статистичка операција туку за политички договор кој што се потврдува со два врзани потписи“, рече Стоилковски.Тој додаде дека предложен на овој начин, законот може да даде резултат од неверојатни 3 милиони жители во Република Македонија.

Македонија | пред 5 години

korona-vakcina

Единствена Македонија: Власта да овозможи избор меѓу повеќе видови вакцини, а вакцинирањето да биде лична одлука на секој поединец

Јавноста е сведок дека започнува вакцинирањето против коронавирусот во земјите членки на ЕУ како и во земји кои не се членки на ЕУ како што се Србија, Велика, Британија Швајцарија... Македонија и во случајот со вакцините покажува дека нема институционален капацитет и се уште моли за вакцини од Бугарија и Грција, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Тие во истото додаваат:Вчера се појави и скандалозна информација дека власта во Скопје ја одбила руската вакцина „Спутник“ која била понудена од руска страна. Свесни сме дека власта е преплашена со било кое спомнување на Русија, но, одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации. Сега е најбитно здравјето на народот.Единствена Македонија ја повикува власта во Скопје да овозможи избор меѓу повеќе вакцини со увоз и на „Фајзер“, и на „Спутник“, и на кинеската вакцина, а вакцинирањето да биде лична одлука на секој поединец.

Македонија | пред 5 години

at01

Таравари: ЕУ не е машина за перење за корумпирани политичари кои го подржуваат Путин и Руската агресија, додека бараат интеграција во ЕУ од друга страна

Причина за ова прес-конференција е тоа што сме крајно загрижени во врска со неусогласување на надворешната политика на Република Северна Македонија со она од ЕУ, особено во врска со европските санкции против Русија, во врска со руската агресија во Украина. Надворешната и безбедноста политика на ЕУ се базира во законски акти и политички документи, како што се санкции и ограничувања. Земјите кандидати како Северна Македонија, имаат законски обврски да се наредат со декларациите на ЕУ и да ги применуваат европските санкции кога тоа се бара од страна на Брисел, истакна на денешната прес конференција генералниот секретар на АА, Арбен Таравари.Таравари додаде:Во Март 2014 година, ЕУ одлучила ограничувачки мерки против Русија, кои опфатат дипломатски мерки, замрзнувања на средствата, забрани во патувања како и економски санкции.Одделот за еуро-интеграции на Алијанса за Албанците и Алтернатива, ги анализирала сите декларации од Високиот Претставник на ЕУ за надворешна политика, кои ги земат во обѕир санкциите од страна на ЕУ, каде резултатите и нашите заклучоци се многу загрижувачки за РСМ.Од кога Зоран Заев стана Премиер на Северна Македонија, Советот на ЕУ донесе 21 одлуки за продолжување и проширување на санкциите против Русија.Владата на Северна Македонија, никогаш не е наредена во страната на овие одлуки. Така да, Владите Заев 1 и Заев 2, полни 21 пати одбиле санкции против Русија.Ова е загрижувачки тренд на ова Влада! Од друга страна ја имаме Албанија и Црна Гора кои потполно се наредени со ЕУ. Додека, во друга страна ја имаме Северна Македонија на Зоран Заев и Србија на Вучич, кои одбијат европски санкции против Русија.Но тоа што најмногу не загрижува во овој случај, е фактот што Министерството за Надворешни Работи се води од министер Албанец, кој на стави на страна на Вучич, Додик и Путин.На 10 Септември 2020 година и на 1 Октомври 2020 година, ЕУ продолжи и прошири санкциите против Русија и Бујар Османи како Министер за Надворешни Работи во кабинетот на Зоран Заев 2, не е нареден со земјите на ЕУ.Бујар Османи, кој лесно ги обвинува другите како испружена рака на Кремлин, но всушност тој од кога е именуван , успешно го спроведува про-руската надворешна политика на Димитров.Граѓаните имаат право да знаат како една влада која се произнесува Про-Европска и еден Министер кој се преправа дека неговото сонце изгрева во Запад, не ги исполнува обврските на земја кандидат за ЕУ, но претпочитува да се нареди со Русија?Дали ова е заради тоа што владата ги брани богатствата на луѓе на Путин и слободата во нивното движење?Или е за да се бранат руските економски интереси во Северна Македонија?Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, бара од Бујар Осамани да одговара на овие прашања пред граѓаните и веднаш да се усогласува надворешната политика со тоа на ЕУ, во сите работи кога тоа се бара.ЕУ не е машина за перење за корумпирани политичари кои го подржуваат Путин и Руската агресија, додека бараат интеграција во ЕУ од друга страна.Северна Македонија треба да се однесува како земја кандидат, а не како некоја земја од поранешен советски сојуз, бидејќи ова го чекаат и граѓаните и тоа го наметнува и нашите законски обврски кон ЕУ.

Македонија | пред 5 години

dete-plostad-ohrid

Фокус: „Девојчето“ кое бара пари за преглед на очи всушност е момчето кое беше киднапирано пред четири години!

Фотографија на дете кое седи на улица и во рацете држи испишана порака дека собира 2.500 денари кои му се потребни за преглед на очи во клиниката Промедика во Скопје, ги преплави социјалните мрежи пред два дена. Во описот на фотографијата беше наведено дека се работи за девојче, кое било фотографирано во Охрид истата вечер, објави fokus.mk. По социјалните мрежи следеа многу реакции и апели детето да се пронајде. Многу граѓани понудија парична помош за прегледот, но и за понатамошното лекување. Се пријавија и поликлиники кои  упатија јавен апел, до сите кои имаат контакт со детето на фотографијата, веднаш да ги контактираат, појаснувајќи дека целиот трошок за лекувањето ќе биде покриен од страна на клиниката.Но и покрај апелите конкретни податоци кое е детето немаше. Сепак, на крај се испостави дека целата фама која што се крена поради фотографијата е лажна, а од клиниката објавија детали за кој случај всушност станува збор, како и медиумски објави на темата за детето. Тие велат дека станува збор за Марјан С., тогаш седумнаесет годишник, исчезнал од дома.Текстот во целост на: fokus.mk. 

Македонија | пред 5 години

vodici-Ohrid

МПЦ-ОА ги откажа масовните прослави за Водици

За прв пат по три децении од возобновувањето, ќе нема масовни прослави за Водици на реките и езерата во Македонија. Синодот на МПЦ-ОА, одлучи годинава да го одложи чествувањето поради панедемијата, но сепак Богјавление, или големиот водосвет, црковно ќе се слави во дворот на Храмовите.Тоа практично значи, оваа година нема да има скокање по светиот Крст и нема да ги има масовните собири на бреговите околу реките и езерата.-Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква — Охридска Архиепископија, во духот на препораките добиени од страна на Министерството за здравство до верските заедници, препорачува претстојните празници да се прославуваат со одговорност кон јавното здравје, да се почитуваат епидемиолошките здравствени мерки, па Божикните и Богојавленските празници да се прославуваат без нарушување на законските нормативи за јавни собири, определени од Владата. Тоа подразбира верниците во храмовите да носат маски, да одржуваат пристојно меѓусебно растојание, а богојавленското осветување на водите во 2021 година да се одржи во кругот на храмовите. Запазувајќи ги овие мерки, како Црква ќе придонесеме за зачувување на општото здравје на нашиот народ, во овие тешки времиња кога целиот свет е исправен пред предизвикот да се избори против опасниот вирус, стои во соопштението од канцеларијата на САС на МПЦ — ОА.

Македонија | пред 5 години

borko

Ристовски: Со спорт да го јакнеме имунитетот и да спречиме ширење на заразата од КОВИД-19

Драго ми е што успеавме да направиме една компонента на еден тим од доктори и професори кои што ја направивме една организација која што ќе помогне во ова црнило кое што не снајде со пандемијата меѓутоа и да помогнеме во превенцијата, во спречување но и јакнењето на имунитетот со што би спречиле и заразување на тој КОВИД-19.Мислам дека вакви акции треба да се прават почесто и мислам дека можеби ова ќе биде само една иницијална каписла за тоа што планираме вакви активности да правиме и низ целата држава, низ цела Македонија, истакна Борко Ристовски.Ристовски додава:Уште еднаш можам само да изразам благодарност до сите кои земаа дел од оваа организација до сите кој дојдоа да бидат со нас и да спортуваат во природа.Да оставиме во следна прилика сите заедно уште помасовно да се дружиме и нека биде ова почеток на една убава приказна со која што ќе направиме да сите луѓе кои што активно, непрофесионално се занимаваат со спорт, со планинарење, велосипедизам или било што и да е ќе ни се приклучат и заедно ќе го омасовиме овој настан и ќе успее да помогне колку толку на сите оние луѓе кои што едноставно не се чувствуваат, нели пешачењето на Водно им е неприродна средина и ќе помогнеме да ги извлечеме од дома, да ги тргнеме дечињата од пред компјутери, од пред телефони и да сите заедно се дружиме и да испратиме една силна порака.

Македонија | пред 5 години

korona-4

На инфективните одделенија во земјава се лекува 631 пациент, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 631 пациент позитивен и суспектен на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 44 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 36 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 72 во ковид центарот во Гостивар 35, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 61 пациент, во Кочани 19 во Кичево 20, Кавадарци 36, во Гевгелија 19 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1045 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

Pirotehnika

Одземени над 3000 пиротехнички средства во Вевчани и Свети Николе

На 25.12.2020 година, при извршен претрес во домот на М.К. (68) од Вевчани, полициски службеници од ОВР Струга, пронашле и одзеле 2200 парчиња пиротехнички средства, М.К е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.На 26.12.2020 во 10.00 часот од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе по добиении сознанија дека на градскиот пазар во Свети Николе се врши продажба на пиротехнички средства , извршена е контрола кај Р.И.(68) од Куманово, при што пронајдени и одземени се 900 парчиња пиротехника. Против Р.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 години

policija-i-inspekcija-3

Санкции за сопственици на локали во Карпош и Аеродром, работеле по дозволеното време

На 25.12.2020 во 18.55 часот на подрачје на Аеродором при извршена контрола на угостителски објект од полициски службеници на СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат, утврдено е дека објектот работи по дозволеното време и во него имало шест гости, при што околу 19.00 часот се лишени од слобода Б.Т.(60) и И.Д.(34) двајцата од Скопје, бидејќи истите не ги почитувале наредбите на полициските службеници да го напуштат објектот. Приведена е и Л.М. (55), одговорно лице во објектот. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.На 25.12.2020 во времето од 18.00 до 22.00 часот на подрачје на Карпош при извршена контрола на угостителски објект од полициски службеници на СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат, констатирано е дека угостителскиот објект во сопственост на И.Ч.(26) од Скопје работи по дозволеното време и во него имало гости. Објектот е времено затворен, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.На 25/12/2020 година во временскиот период од 16:00 до 23:00 часот на подрачјето на СВР Скопје во соработка со ДПИ извршени се контроли во 270 угостителски објекти.

Скопје | пред 5 години

brza-pomos-bolnica

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти, а вкупно се лекуваат 441 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 441 лице сомнително и потврдено за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, на Клиниката за неврологија и на ТБЦ и тројца на Клиниката за дерматологија.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 26 болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 30 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 23 пациенти, на Клиниката за очни болести 11 пациенти, а на ОРЛ 20 болен. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 94 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 142 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 43 пациенти.Вкупно 441 пациент потврден и сомнителен за КОВИД- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 76 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

filipce-1

Филипче:Извозот на цвет од канабис ќе значи бенефит и за пациентите

Новите измени во Закон за опојни дроги е процес кој вклучува повеќе државни институции, граѓански организации, здруженија на пациенти и невладин сектор, истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче во синоќешното гостување во емисијата 360 на Алсат. Законската надлежност во моментов на Министерството за здравство согласно Законот за опојни дроги е издавањето лиценци за одгледувањето на канабис за медицински цели, како и препишување на канабис за медицинска употреба. Со измените на Законот за опојни дроги, поточно измена во извозот на цветот од канабис, економскиот бенефит ќе го почувствуваат и пациентите.-Економскиот бенефит, директно ќе го осетат нашите пациенти. Таа програма на Владата преку која ќе се регулира како ќе се користат средствата од даноците ќе биде наменета, меѓудругото и на програмите во Министерството за здравство. Така почнавме, да ги зголемиме програмите во делот на ретките болести, а за тоа имаме согласност и поддршка од здруженијата на пациенти со ретки болести. Понатаму, размислуваме во делот на проширување на дијагнозите, како проширување на лекари специјалисти оди во прилог на тоа дека еден од приоритетите е интересот на пациентите, имајќи го предвид и сегашниот интерес на сегашните специјализанти кои имаат лиценца да ги даваат овие два рецепти за медицински канабис - рече Филипче.Декриминализацијата на канабисот е комплексно прашање, рече Филипче опфаќа повеќе сектори и повеќе институции. Од голема важност во тој процес се идеите на граѓанските организации, здруженијата на пациенти, Министерството за здравство, Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи.-Оваа дебата треба да се развие. Следен чекор е промена не само на Законот за опојни дроги туку и на други закони на пример Кривичниот законик за кој мора да се вклучат и претставници на Министерството за правда. Сегашниот систем кој го регулира одгледувањето, лиценцирањето на компаниите за одгледување на медицински канабис, извозот понатаму во делот на препишување од страна на лекари специјалисти е нешто што е само наша активност меѓутоа ова бара една навистина широка дебата во општеството да се слушнат буквално сите чинители - изјави Филипче.Министерството за здравство согласно Законот за опојни дроги досега има издадено 60-тина лиценци на компании кои направиле инвестиција со вработување на млади кадри, експерти од областа на фармацијата, агрикултура итн. Овој закон предвидува препишување на канабис за медицинска употреба согласно концентрацијата на ТХЦ, што го користат повеќе лекари-специјалисти кои лекуваат болести за кои е индицирана употребата на канабисот.

Македонија | пред 5 години

kolona-vozi

(ВИДЕО) Да не чека колона, со автомобилот се префрли на велосипедска лента

На апликацијата за ТикТок се појави ново видео на кое се гледа како возач на автомобил во Скопје, немајќи трпение да чека во колоната возила, се префрла на велосипедската патека и ги поминува останатите возила што чекаат во ред.Видеото предизвика само осуди на социјалните мрежи, а повеќето упатија повици МВР да почне да си ја врши својата работа.https://twitter.com/Malo_eKspreso/status/1342582506487504897?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1342582506487504897%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpress24.mk%2Fvideo-ne-mu-se-chekashe-vo-kolona-so-avtomobil-vozeshe-na-velosipedska-i-pokazha-kako-se-snaogja-vo

Скопје | пред 5 години

avtomobil-skopje

(Фото) Автомобил влета во нотарска канцеларија во Скопје

Автомобил влетал во нотарска канцеларија и целосно ја уништил, ноќеска во Автокоманда, дознава 24 Инфо.На социјалните мрежи има фотографии од несреќата, а засега нема информации за повредени.Слична сообраќајка се случи вчера во центарот на Скопје кога автомобил влета во пицерија.извор: 24 Инфо.

Скопје | пред 5 години

bajden-2

Бајден во писмо до Заев: Очекувам интензивна соработка на прашања од интерес на двете земји и двата народа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев прими писмо од новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден во кое се заблагодарува за честитките на премиерот Заев по повод изборот на Бајден за претседател на САД.Новоизбраниот претседател Џозеф Бајден, во свое име и во име на потпретседателката Камила Харис, со благодарноста за честитките истакнува дека тој стапува на должност во услови на исклучително сериозни глобални предизвици – од коронавирусот до климатските промени – кои ги надминуваат државните граници и за кои е неопходна меѓународна соработка.Во писмото, новоизбраниот претседател на САД Бајден пишува дека очекува интензивна соработка помеѓу него и премиерот Заев на овие и на други прашања од интерес на двете земји и двата народа.

Македонија | пред 5 години

26122020_PVRSM_Zaev_podarocigrupnidomovi-5

Заев испрати новогодишни подароци за 126 деца во 23 групни домови низ државата, како и во Дневниот центар за деца на улица и Прифатниот центар за бездомни деца

Премиерот Зоран Заев испрати новогодишни подароци за 126 деца во 23 групни домови низ државата, како и во Дневниот центар за деца на улица и Прифатниот центар за бездомни деца, а со некои од нив имаше прилика и да се види на настани врзани за новогодишните празници.„Во овој период од годината, изминатите години секогаш заедно, со што поголем број деца се дружевме и се гушкавме посакувајќи си здравје, среќно детство и исполнување на сите желби. Годинава нè затекна сите во сосема поинакви услови, и поради пандемијата од корона вирусот не можеме со повеќе дечиња и заедно да и се радуваме на Новата година. Како Влада ние сме посветени на поттикнувањето и развивањето на децата, да им се даде слобода за правилно изразување на нивните способности, чувства, креативност, снаодливост, да се оспособат за донесување на храбри одлуки во животот. Да одат низ животот самоуверено и сигурно", истакна премиерот Заев во фабриката за кондиторски производи "Европа" која ја посети заедно со децата со Даунов синдром од групата "Ветерница".За време на посетите една од најважните работи кои може да се забележат во малите групни домови беше радоста заради празниците, како и тоа дека не се само место за живеење, туку место на кое децата растат во љубов и ја споделуваат таа топлина и љубов меѓу себе и со нивните гости.

Македонија | пред 5 години

Nikoloski-20122020

Николоски: Власта не успеа да го изгласа спорниот законот за преценета продажба на ГА-МА

„21 час непрекината битка во Собрание! Власта не успеа да го изгласа спорниот законот за преценета продажба на ГА-МА“, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.„Ќе се обидат пак деновиве, но оваа битка во текот на два дена, две ноќи и едно утро покажа дека против ВМРО ДПМНЕ власта не може! Честитки за големата и силна битка на сите пратеници од опозицијата! Продолжуваме со борбата за правда и борба со криминалот во Македонија!“, истакна тој.Собранието утрово ја прекина расправата по Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје. Законското решение предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.

Македонија | пред 5 години

policija-2

258 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 258 мерки, меѓу кои 16 за возење без возачка дозвола, 9 санкции за некористење на сигурносен појас, 19 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон и 8 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 84 мерки за непрописно паркирање и 76 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 23 санкции.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

lisici

Приведен сопственик на угостителски објект во Тетово, работел по дозволеното време

На 25.12.2020 околу 20.00 часот извршена е контрола во угостителски објект во Тетово, сопственост на А.Ш. (24) од Тетово и констатирано е дека објектот работи по дозволеното време и имало послужено 12 гости. А.Ш. е лишен од слобода, а објектот е времено затворен инспектори од СВР-Тетово во соработка со Државниот пазарен инспекторат по документирање на случајот ќе поднесат соодветна пријава против А.Ш., а во врска со чл.206 од КЗ на РСМ.

Македонија | пред 5 години

25122020_PVRSM_Samo_Vistina_1

Заев: Не сум пробал џоинт, но за да се залагате за некоја кауза не мора да имате личен бенефит

Премиерот Зоран Заев, во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, доби невообичено прашање. Дали некогаш пушел џоинт (марихуана свиткана во цигара).  Ова прашање беше кажано во  делот од интервјуто во кој се разговараше за размислувањата на Владата да ја декриминализира употребата на марихуаната, па дури и да ја легализира.,,Јас во исто време сум Македонец, ама се залагам за правата на Албанците. Јас сум стрејт, а се залагам за правата на ЛГБТИ. Не сум сиромашен ама се залагам за правата на сиромашните” , рече Заев во ,,Само интервју’ и објави на Твитер .https://twitter.com/Zoran_Zaev/status/1342548000116273152?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1342548000116273152%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fzaev-ne-sum-probal-djoint-no-za-da-se-zalagate-za-nekoja-kauza-ne-mora-da-imate-lichen-benefit%2Fa454280

Македонија | пред 5 години

oklopni-vozila-sad

Влада: Одобрена е постапката за набавка лесни оклопни возила од САД

Владата на Република Северна Македонија на денешната 34-та седница, ја разгледа и усвои Информацијата со предлог за продолжување на набавката на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Северна Македонија со склучување на амандман/анекс на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија со Владата на Соединетите Американски Држави и донесе одлука да се продолжи со реализација на овој договор со прифаќање на Писмото на понуда и прифаќање на понудата од 21 декември 2020 година.Владата го овласти државниот секретар на Министерството за одбрана во име на Владата на Република Северна Македонија, по информирањето на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Северна Македонија, да го потпише амандманот/анексот MK-B-UCC (A1) од 21 декември 2020 година на договорот за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Северна Македонија со Владата на Соединетите Американски Држави со што ќе се смета дека меѓувладиниот договор за амандман/анекс на Договорот за набавка на ЛОВ е доделен и склучен.Со оваа одлука Министерството за одбрана е задолжено веднаш по потпишувањето на амандманот/анексот на договорот, да изврши уплата на договорените финансиски средства од Буџетот на Министерството за одбрана за 2020 година во висина од 762.000.000 денари до Владата на Соединетите Американски Држави.Заклучоците за потребата од склучување на анекс на договор со Владата на Соединетите Американски Држави за набавка на лесни оклопни возила за потребите на Армијата на Република Северна Македонија ќе бидат доставени како Информација за известување до Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

popis-696x522

Законот за попис и Законот за Агенцијата добиваат европско знаме во Собрание

На денешната седница Владата, заради посебен јавен интерес, донесе одлука Предлог - законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија за 2021 година, и Предлогот на закон за Агенцијата за разузнавање во Собранието да бидат усвоени со постапка предвидена за закони со европско знаме.

Македонија | пред 5 години

kisela-voda-avtomobil

(ВИДЕО) Во населбата Кисела Вода, изгоре автомобил

Во скопската населба Кисела Вода изгоре автомобил. Според првичните информации автомобилот почнал да гори од предниот дел кај моторот, објави dosie.mk. 

Скопје | пред 5 години

09122020_PVRSM_Zaev_obrakanje

Заев: Со Договорот со Бугарија тргнавме да станеме браќа, но тие решија да ни бидат татко, недозволиво еден народ да му наметнува историја на друг

„Нашиот народ е пријателски народ. Ние немаме претензии, не се закануваме на никој. Низ Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија тргнавме да станеме браќа и се движевме кон атмосфера да станеме браќа, како што се вика кон најдоброто пријателство. Но, наеднаш решија татковци да ни станат, и тука се појавува проблемот. Обидувајќи се да градиме братство, нашите пријатели решија да ни станат татко, а тоа не е така. Сите ние имаме своја национална посебност, свои национални корења, имаме наша чест и достоинство. Никаде во светот не се преговара за идентитет и јазик. И ние не преговаравме“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев за македонско - бугарските односи во гостувањето на емисијата „Само интервју“ на Канал 5.Премиерот Заев посочи дека актуелниот однос на Бугарија кон нашата земја станува проблематичен бидејќи нашите идентитетски атрибути официјална Софија сака да ги сврзе со нивното толкување на историјата.„Дел од историјата ни е заедничка, дел нормално ни е посебна. Низ вековите имаме дел од историјата којашто ни е заедничка. Во географскиот регион Македонија живееле и Македонци кои зборуваат македонски јазик, Бугари што зборуваат бугарски јазик. Тоа и денес го има. Тоа е така и немаме дилема околу тоа. Но низ времето се јавиле двата современи народи – македонскиот и бугарскиот народ со свои современи и стандардни литературни јазици - македонскиот и бугарскиот јазик. Не можете да ја присвојувате историјата еден на друг“, истакна премиерот Заев и додаде дека е недозволиво еден народ да му наметнува историја на друг.Претседателот на Владата нагласи дека заедничка историја имаат не само Република Северна Македонија со Република Бугарија, туку заедничка историја има целиот Балкан, целата Европа, заедничката историја сите нé поврзува заедно низ вековите.Премиерот Заев истакна дека историјата е работа на историчарите, а дека за политичарите важно е каква историја денеска пишуваат.Воедно претседателот на Владата изрази задоволство од професионалноста од работата на македонскиот дел на Мешовитата историска комисија и истакна дека е можно да се оствари решение, откако ќе помине изборната атмосфера во Бугарија.Тој додаде дека причина за ваквата реторика од страна на Бугарија и блокадата која ни ја наметнаа на патот кон Европската Унија, се изборите кои напролет го очекуваат нашиот сосед, поради што, за жал, некогаш се прават и нерационални потези.Премиерот истакна дека Европската Унија го признава и афирмира македонскиот јазик и македонскиот идентитет како додадена вредност на богатството од разноликост и никогаш останатите 26 немале проблем со тоа, при што нагласи дека токму затоа и инсистираме на тоа Бугарија да ја признае оваа реалност.Воедно премиерот Заев наведе дека ги разбира критиките на граѓаните за донацијата од Бугарија на дел од нивните вакцини за КОВИД-19 по блокадата нашата земја, но секоја донација за вакви сериозни здравствени прашања е пријателски акт и неевропски би било ако не ја прифатевме.Претседателот на Владата нагласи дека и покрај горчината остануваме посветени на градењето пријателство со Бугарија и на европската агенда.

Македонија | пред 5 години

25122020_PVRSM_Samo_Vistina_1

Заев: Вакцинирањето не е натпревар и ќе се спроведува експедитивно и по протоколи најдоцна од почетокот на март

Во интервју за емисијата „Само интервју“ на Канал 5, премерот Заев најави дека вакцинацијата за КОВИД-19 во земјата ќе започне најдоцна во март, дека вакцини ќе има доволно и дека целиот процес ќе се одвива според строго зацртани протоколи пропишани од Светската здравствена организација.„Гледаме да работиме професионално и системски кога станува збор за вакцинацијата. Ги следиме и другите земји и системи. Очекуваме вакцинирањето да започне во март согласно протоколите. Околу 417.000 граѓани треба да бидат вакцинирани, односно околу 20% од населението. Имаме предвидена динамика на вакцинирање. Вакцинација ќе се одвива преку „Ковакс“ системот. Прво се очекува да пристигне вакцината од „Модерна“, па „Фајзер“ па „Спутник“. Инаку постои цел режим на вакцинација на населението“, подвлече премиерот.Тој истакна дека граѓаните на нашата земја ќе се вакцинираат паралелно со граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ.„На целиот наш народ му треба вакцинација со цел да стопираме пандемија. Кој, кога почнал е навистина ирелевантно. Јас не гледам на ова како на натпревар. Средства за набавување на вакцини се предвидени во буџетот. Порачавме вакцини од ЕУ, а ја прифативме и помошта во вакцини од Грција, Бугарија, Полска, Австрија. Секоја количина е добредојдена. За нас беше важно да направиме навремени чекори за да ги обезбедиме вакцините“, рече премиерот Заев.Тој истакна дека при вакцинацијата ќе се следат протоколите – прво ќе биде вакциниран медицинскиот персонал, па хронично болните и постари граѓани, па семејствата кои загубиле член на семејството. Исто така во оваа група спаѓаат наставничките како и воспитувачките во градинките. Тој подвлече дека треба да го следиме системот на набавка и дека штом пристигнат вакцините, имунизацијата ќе се врши експедитивно и по протокол.„Ако е предвидено вакцините да се донација, тоа ќе го почитуваме. Но за сите вакцини – дали од „Ковакс“ систем, дали од ЕУ, ние имаме буџетски средства да ги платиме. Што се однесува до руската вакцина „Спутник“ која исто така е во „Ковакс“ системот се очекува дел од неа да стигне и кај нас и дека има можност таа да пристигне пред вакцината „Модерна“, рече Заев.Премиерот истакна дека се обезбедени и соодветни услови за чување на сите видови вакцини од онаа на „Фaјзер“ која се чува на температура до минус 70 степени, до сите други. Тој информираше дека кога ќе пристигнат вакцините, откако ќе се вакцинираат приоритетните групи граѓани, тој ќе биде првиот што ќе ја прими вакцината, и додаде дека вакцината нема да биде задолжителна, но дека очекува со кампањата да се подигне свеста и одговорноста на граѓаните кон јавното здравје.

Македонија | пред 5 години

korona-1

Починати 26 лица и нови 489 нови случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1892 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-230, Куманово-28, Штип-7, Прилеп-21, Тетово-18, Струга-15, Велес-11, Битола-13, Охрид-26, Кавадарци-18, Гостивар-16, Гевгелија-14, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Крушево-4, Кочани-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Валандово-5, Виница-3, Делчево-1, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-4, Неготино-3.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациенти од: Скопје-349, Куманово-29, Штип-12, Прилеп-57, Тетово-27, Струга-22, Велес-28, Битола-36, Охрид-40, Кавадарци-22, Гостивар-19, Гевгелија-9, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Берово-7, Валандово-2, Виница-3, Делчево-11, Свети Николе-10, Кичево-10, Ресен-6 и Неготино-11.Починати се 26 лица, девет пациенти од Скопје (69, 58, 71, 60, 49, 74, 44, 66 и 89г), двајца од Куманово (60 и 46г), еден од Штип (61г), тројца од Прилеп (72, 88 и 63г), еден од Струга (69г), двајца од Велес (61 и 72г), двајца од Битола (52 и 75г), еден пациент од Охрид (84г), еден од Гостивар (54г), еден од Струмица (71г), еден од Берово (79г), еден од Делчево (66г) и еден пациент од Кичево (51г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80896, бројката на оздравени пациенти е 58182, на починати е 2401, а бројот на активни случаи изнесува 20313. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 34919, активни 11553• Куманово 4605, активни 566• Дебар 605, активни 129• Штип 3240, активни 317• Прилеп 4077, активни 641• Тетово 4686, активни 933• Струга 1972, активни 347• Велес 2680, активни 529• Битола 2947, активни 624• Охрид 2322, активни 574• Кавадарци 2010, активни 572• Гостивар 3323, активни 619• Гевгелија 1112, активни 301 (75 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 188 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2238, активни 636• Крива Паланка 590, активни 118• Радовиш 598, активни 128• Крушево 160, активни 70• Кочани 1569, активни 253• Пробиштип 440, активни 49• Демир Хисар 231, активни 40• Македонски Брод 210, активни 30• Пехчево 137, активни 20• Берово 485, активни 54• Валандово 296, активни 67• Виница 438, активни 67• Делчево 662, активни 206 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 189, активни 22• Свети Николе 1030, активни 128• Кичево 1545, активни 257• Ресен 617, активни 134• Неготино 963, активни 329 (152 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1892 теста се преку: ИЈЗ-403, ЦЈЗ Скопје-47, Авицена-144, Биотек-100, МАНУ -114, Жан Митрев (Филип Втори)-97, Систина со PCR метода -139, лабораторија Лаор –19, Судска медицина-83, ЦЈЗ Битола-34, Инфективна клиника-5, ГАК-15, Синлаб-26, Ремедика-8, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -656, УК Пулмологија со алергологија –2, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 390.377 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања