Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

trifun

Трифун Костовски објави граѓанска непослушност кон сите институции во Република Македонија

По повод одлуката на Основниот кривичен суд за замрзнување на имотот на Трифун Костовски и отфрлање на неговата жалба во случајот со „Еуростандард“ како недозволена, бизнисменот се огласи со писмо во кое објавува граѓанска непослушност.Судот пред еден месец му ги замрзна целиот имот и личните сметки на Костовски, на барање на Јавното обвинителство, кое спроведува предистражна постапка околу пропаѓањето на банката, во која бизнисменот беше еден од сопствениците.Во продолжение, ова е целосното обраќање на Костовски:„Почитувани мои сограѓани. Од денес ја објавувам мојата граѓанска непослушност кон сите институции во Република Македонија, бидејќи постапките кои системот ги прави против мене и моето семејство ги надминуваат сите граници.Можеби сум и единствениот Македонец кој сите спечалени пари надвор во белиот свет сум ги донел во земјава и, за жал, изгубил од луѓе кои се занимаваат со матни зделки, а се блиски до политичките структури.На мојата жалба до Основниот кривичен суд Скопје, по основ на замрзнување на мојот приватен имот, добив решение во коешто со големи букви е напишано ЖАЛБАТА СЕ ОТФРЛА КАКО НЕДОЗВОЛЕНА. Што е дозволено во нашава држава? Јас, кој сиот имот го имам стекнато со пари спечалени вон Македонија, денеска истиот ми е замрзнат, и судот ми велат дека МОЈАТА ЖАЛБА Е НЕДОЗВОЛЕНА, а додека политичари коишто недвосмислено во изминатите години говореа дека стекнале богатство колку еден успешен бизнисмен, … ама внимвајте од политиката!! таквите луѓе се високо почитувани во нашето денешно секојдневие.Стојам исправено и гордо и отворено им порачувам на сите институции дека можете да ми земете сè, ама не можете да ми го земете достоинството и мојот непокор. Ако мислите да ме влечкате по судските лавиринти, по основ на моето неприкосновено право, јас потврдувам дека тоа нема да го дозволам со мојата граѓанска непослушност. Судството кое е контролирано од извршната власт е само продолжена рака на организираниот криминал. Во последната колумна пишував за голготата на нас Македонците. Зарем не е срамно својата лична голгота да ја доживеам во својата веќе слободна Македонија, креирана од моите Македонци. ЖАЛНО“, пишува бизнисменот.

Македонија | пред 5 години

IMG-5755540114fbec8e93818c4ea4a8f7d7-V

Одземени 13000 парчиња петарди во продавница во Охрид

Денеска, 25.12.2020 година од страна на Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид по преземени мерки и активности по ОА ,,Петарди,, при претрес во продавница за обувки во Охрид сопственост на И.Ш (46) пронајдени и одземени се 13203 парчиња петарди. По комплетирање на доказниот материјал против И.Ш ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

silkanovska-davkova

Силјановска Давкова: Собранието не е пара-судско тело, доколку се донесе овој закон за решавање на спор очекувам Претседателот на државата да се одважи и да стави вето

На денешната собраниска седница пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова истакна дека Собранието не може и не смее со закон да реши начин на решавање на спор. Може да се донесе закон за заштита на имотот и имотните права на Република Македонија. Но, во овој текст, посочи Силјановска-Давкова тоа го нема. Ако се направи ваков преседан и се усвои ваков текст, таа рече дека очекува Претседателот на државата да се одважи и да стави вето.-Вакви текстови делуваат шокантно и јас не можам да ги наречам закони. Ова што е пред мене е акт кој не знам како да го именувам. Меѓутоа нашата функција треба да биде квази-судска, пара-судска, тоа некои мои колеги би го нарекле надриписарство. Бидејќи да преземе од судските власти и од арбитражите случај и од тоа да направи закон е невозможно. По овој закон би можело да следи и закон за решавање на спорот меѓу господата Заев и Мицкоски на пример, бидејќи тоа е “интер партерс”. Или може да следи серија на закони кога утре ќе имаме не знам со Телеком на пример, ЕВН и така натаму, што е недозволиво во правото. Значи не може да има закон за решавање на спор. Споровите се решаваат пред судовите или со арбитража. Значи не смее Собранието да прерасне во пара-судско тело.Згора на сето ова, додаде Силјановска-Давкова сето ова е по скратена постапка. Бидејќи законот не бил многу важен. И веднаш стапува во сила по објавувањето во весник, значи нема ни “вакацио легис”.-Не можете со закон да решите начин на решавање на спор. Можете да ги заштитите имотот и имотните права, ама да си донесеме ниезакон со кој што ќе речеме закон за имотните права на Република Македонија во таа и таа област, на пример. Тоа овде го нема. Ако направиме ваков преседан и усвоиме ваков текст, не само што ќе го прекршиме основното начело на правото, туку исто така ќе отвориме и нова серија на можно негирање на правото и на правната држава. Ова Собрание може да донесе одлука, а не закон, во која ќе утврди начин на решавање на некои проблеми, меѓутоа со закон да решавате спор значи кршење на принципот на владеењето на правото, кршење на принципот на поделба на власта, мешање во судската власт и мислам нема да ни служи на чест. Јас очекувам, доколку го изгласате овој закон со гимнастичка рачна вежба, Претседателот на државата да се одважи и да стави вето, рече Силјановска-Давкова.

Македонија | пред 5 години

siluvanje

Поднесено обвинение за силување во Скопје - ја удирал и ја влечел за косата, по што извршил обљуба врз неа

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против скопјанец на 55-годишна возраст, кој се товари дека го извршил кривичното дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.На 28 септември, обвинетиот со употреба на сила и закана принудил на обљуба една жена. Оштетената ја пресретнал околу 15:00 часот, кога се враќала од работа, присилно ја внел во возилото кое го управувал, па ја однел во станот на неговата почината мајка. Таму започнал физички и психички да ја малтретира жртвата, упатувајќи закани кон неа и закани за нејзината ќерка. Цело време ја удирал и ја влечел за косата, по што извршил обљуба врз неа. По присилниот сексуален однос, продолжил да ја удира жртвата со боксови и клоци, од кои оштетената се здобила со телесни повреди.Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.​​

Скопје | пред 5 години

stoilkovski-3

Стоилковски: Закони има, но Заев и Спасовски го штитат Харачина, безбедноста мора да е императив

Македонија има закони, ама нема кој да ги спроведува. Криминалци дивеат заради селективното спроведување на законите според тоа кој и дали работи за СДСМ или не. Криминалци, наместо да се во затвор, можат да дивеат и предизвикуваат тешки дела, да предизвикуваат општа опасност среде градски плоштад и да минат со 45 евра смешна казна, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски во продолжение истакна:Најголемото прашање во моментов е кој штити Харачина, за така слободоумно да се однесува, а е човек со повеќе активни кривични пријави? На ова прашање нема да добиете одговор од Оливер Спасовски додека тој е на чело на полицијата, а судството е во пупката на Зоран Заев.Лик со ново Бентли, скап и моќен автомобил влета меѓу пешаци, среде новогодишни тезги, возеше меѓу украсите на Петре Шилегов од 200.000 евра, , предизвикувајќи општа опасност,тоа го снимал за социјалните медиуми, па власта го пронајде дури откако јавноста се побуни!И во немоќ за тоа напишале казна од 45 евра, која што ако веднаш ја плати ќе биде неполни 23 евра! Човек што има кривична за загрозување општа опасност, е повторувач на такво дело, му пишале казна за сообраќаен прекршок!Вистината е дека Заев и Спасовски преку институциите и ЈО го штитат Бурим Ајети викан Маслам или Харачина кој одработуваше за СДСМ за време на избори, за да сега дивее со автомобил низ центарот на Скопје. Заев и Спасовски го штитат затоа што одработува за СДСМ во Арачиново и дозволуваат негово дивеење и загрозување на животите на луѓето.Наместо кривична пријава за предизвикување на општа опасност, Бурим Ајети заштитен од Заев и Спасовски доби само парична казна од 45 евра.Ова отвора и прашање за Петре Шилегов. Дивеењето на Ајети откри и пропусти во безбедносниот систем; Во време пред Новогодишните и Божиќните празници кога во цел свет е зголемен ризикот од напади, а најризични локации се градските центри. А среде Скопје ни се случува влетување со автомобил во плоштад полн со луѓе.Заев и Спасовски, но и Шилегов да одговорат, каде била полицијата која во тој момент кога треба да има засилено присуство како во униформа така и во цивил на прометни места?!По ваков безбедносен пропуст најмалку што може е Оливер Спасовски е да си поднесе оставка.Ниту Скопје, ниту Македонија е безбедна се додека криминалците кои ги штитат Заев и Спасовски слободно дивеат по улиците.Македонија има закони и за вакви дивеења, па ги повикуваме Заев и Спасовски да ги ослободат институциите за да почнат да ги применуваат. Безбедноста на сите граѓани и владеењето на правото мора да е императив, дури и кога станува збор за одработувачите на Зоран Заев.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Се расчистува депонијата со големина од 10 фудбалски игралишта во Визбегово

Градот Скопје денеска почна голема акција за расчистување на дивата депонија во Визбегово, која претставува повеќедецениски еколошки проблем за Скопје, а особено за жителите на околните општини Шуто Оризари, Бутел и Чучер Сандево. Од оваа депонија која се протега на површина од 10 хектари (околу 10 фудбалски игралишта) ќе бидат расчистени околу 50.000 кубни метри шут и комунален отпад.- Овој проблем овде постои повеќе децении и директно влијаеше врз квалитетот на воздухот зашто депонијата често беше предмет или на самозапалување или пак ја палеа несовесни граѓани. Денешната акција е доволен доказ дека извонредната соработка меѓу локалната и централната власт може да резултира со конечно решавање на ваквите проблеми. Голема благодарност до Владата, а особено до министерот за животна средина за неговиот личен ангажман за одвоените средства од страна на Министерството за животна средина за да може да ја реализираме оваа акција. Јас очекувам во наредните 30-на дена да ја исчистиме оваа површина од околу 10 хектари или околу 10 фудбалски игралишта од која ќе бидат подигнати 50.000 кубни метри комунален смет и шут, да се израмни и да се заштити подрачјето, за овој простор од депонија да прерасне во зелена оаза - рече градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на големата акција за расчистување на депонијата во Визбегово.Градот Скопје, додаде тој, во текот на оваа година ја решава четвртата невралгична повеќедецениска точка - акции за расчистување беа спроведени и веќе се зазеленети депонијата во Ѓорче Петров, депонијата во Мичурин и депонијата во Кисела Вода кои прераснаа во паркови.- Очекувам и бизнис заедницата од зоната Визбегово да придонесе овој дел од градот да го заштитиме што е можно повеќе. Да го чуваме нашиот град како што го чуваме нашиот дом. Како што сакаме дома да ни биде чисто, така да се однесуваме и кон нашиот град. Посакувам овој простор во иднина да стане еден убав парк и убаво шеталиште за скопјани – рече Шилегов.Тој напомена дека веќе дојде до здружување на инспекциските служби на Градот Скопје и на скопските општини и дека повеќе нема да се толерира несовесното постапување од страна на поединци кои на вакви точки фрлаат отпад. Тој упати апел до граѓаните одговорно да се однесуваат кон животната средина и отпадот што го создаваат.На денешната акција присуствуваа и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и градоначалниците на општините Бутел и Шуто Оризари, Велимир Смилевски и Курто Дудуш.- Отпадот и нелегалното депонирање е прашање со кое, за жал, сме соочени во повеќе региони, а на кое ние, како Министерство за животна средина посветено работиме. Иако депониите се надлежност на општините, ние како централна власт го разбираме предизвикот и се трудиме на различни начини да ја поддржиме локалната власт за надминување на долгогодишните проблеми во оваа област. Драго ми е што денеска почнуваме со чистење на една од најголемите еколошки закани на подрачјето на Скопје која особено во зимскиот период влијае врз квалитетот на воздухот, но и на почвите. Свесни за тоа, со ребалансот на Буџетот, Министерството побара средства за чистење на депонијата во Визбегово во вредност од 20 милиони денари за да помогне во санација на оваа локација. Очекувам дека ова е последен пат да го гледаме Визбегово во ваква слика и со заложбата заедно со општините и Градот Скопје овој простор да стане успешен пример за рехабилитација и зелена животна средина – нагласи министерот Нуредини.

Скопје | пред 5 години

nina-angelovska-010-960x540

Левица поднесе кривична пријава против Нина Ангеловска

Денес Левица до Основното јавно обвинителство поднесе кривична приjава против поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска. Причината за пријавата е тоа што Ангеловска, додека била на функција, злоупотребувајќи инсајдерски сензитивни информации го повлекла својот депозит во вкупен износ од 250.000 евра од Еуростандард банка непосредно пред банката да пропадне, со што ја искористила службената положба за остварување лична корист и се поставила во привилегирана и фаворизирачка позиција во однос на останатите доверители.По повод оваа пријава, членот на Президиумот, Јована Мојсоска, денес пред ОЈО, одржа прес – конференција, со цел да ја информира јавноста.„Со ваквото умислено и противправно однесување пријавената го прекршила член 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси со што се исполнети условите за кривичен прогон по службена должност за сторено тешко кривично дело Несовесно работење во службата.“За ова кривично дело е предвидена тригодишна затворска казна како јавен деликт насочен против службената положба.Дополнително и Антикорупциска комисија отвори предмет против поранешната министерка, каде констатира етичка и професионална одговорност кај пријавената. Ова е јасна оценка за нарушениот кредибилитет и интегритетот на Ангеловска, како носител на јавна функција и поради тоа сметаме дека треба да се повлече од извршување на сите јавни функции.Потенцираме дека самата постапката е фарсична, каде се констатира само ЕТИЧКА, а не и ПРАВНА одговорност и поради тоа нашите пратеници во координација со спикерот ќе ја повикаат претседателката Билјана Ивановска на првите пратенички прашања, кои ќе се одржат на крајот на месецов.Левица ја разгледува можноста да ја прошири кривичната пријава и против други поранешни или актуелни службени лица.

Македонија | пред 5 години

25122020_Shahpaskapress-3

Шахпаска: Го олеснивме пристапот до права за најранливите категории

Денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска одржа прес–конференција на која информираше за реализираните активности на министерството во првите 100 дена.„Министерството за труд и социјална политика е ресор со бројни предизвици на дневно ниво. Грижата за ранливите категории на граѓани, за лицата со попреченост, за децата без родителска грижа, пензионерите, работниците, децата од предучилишна возраст наметнува сериозна одговорност и целосна посветеност“, истакна министерката Шахпаска.Таа посочи дека во првите 100 дена со многу работа, со одговорен пристап може успешно да се решаваат проблемите на граѓаните дури и во вакви тешки времиња.„Соочени со здравствена и социоекономска криза предизвикана од пандемијата од КОВИД-19 поставивме два приоритети: зачувување на секое работно место и грижа и поддршка за најранливите категории на граѓани што полесно да ја пребродат кризата.Работиме и на реализација на владината програма, за која добивме поддршка од граѓаните и која е наша обврска“, потенцираше министерката.Таа подвлече дека уште во првата недела од нејзиниот мандат во процедура беше доставен Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој беше изгласан во Собранието.„Со овој Закон граѓаните добиваат заштита по сите дискриминаторски основи и добиваат Комисија за заштита и спречување од дискриминација, како професионално и независно тело. Огласот веќе е завршен и останува на Собранието да го направи изборот на членовите на Комисијата“, посочи министерката.Таа потенцираше дека во делот на заштита на човековите права е и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, кој е во собраниска процедура и кој многу јасно ги дефинира институциите кои се должни да преземаат превентивни, но и итни и мерки за заштита на жртвите.„За прв пат во нашата држава е предвидена санкција за непостапување со должно внимание, како и мултидисциплинарен институционален одговор на заштита на жртвите и нивна реинтеграција во системот. Ова се два важни закони од реформската агенда за нашиот евро-интегративен процес“, истакна Шахпаска.Со цел полесно пребродување на кризата министерката посочи дека преку законски измени обезбеден е олеснет пристап на граѓаните до гарантирана минимална помош и образовен додаток.„На ваков начин бројот на семејства приматели на ГМП го зголемивме за 5.500 во однос на февруари оваа година. Создадовме систем кој ги апсорбира семејствата во ризик особено во моменти на криза. Со измените на Законот за заштита на децата создадовме услови околу 16 илјади деца да остварат право на образовен додаток“, подвлече министерката.Таа го истакна учеството на Министерството во подготовката на четвртиот пакет економски мерки со кој беа опфатени 182 илјади пензионери, 84 илјади пасивни баратели на работа, 8 226 приматели на социјална пензија, како 5570 самохрани родители, со што вкупно беа опфатени 283.000 лица.„Борбата за намалување на невработеноста продолжи оваа година и покрај пандемијата. Податоците говорат дека таа е пониска за 0,6 проценти во однос на истиот квартал минатата година и во моментов таа изнесува 16,5 проценти“, посочи Шахпаска.Таа истакна дека и за време на пандемијата имаме реализација на мерките од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување.Некои од нив имаат и до 100 процентна реализација, како што е мерката за субвенционирање на плати, мерката за самовработување, како и младинска гаранција преку која 6.000 млади лица се вработија.„За да го олесниме животот на лицата со попреченост ја спуштивме границата за лична асистенција од 18 на 6 години. Ова е реализација на уште едно наше ветување со кое излеговме пред граѓаните на избори, а е вградено во владината програма“, рече министерката.Таа посочи дека со максимален ангажман и надзор се забрза изградбата на детските градинки и како резултат на тоа отворени се шест нови градинки со вкупен капацитет од 416 деца. Во финална фаза се уште четири нови градинки со капацитет од 200 деца, кои ќе бидат пуштени во употреба во јануари 2021 година.„Во првите 100 дена започнавме изградба на три нови градинки во Крива Паланка, Пробиштип и Чаир, а во тек е изградбата на уште 15 градинки меѓу кои и во Кисела Вода, Ѓорче Петров, Струмица, Кавадарци, Неготино, Кочани, Василево... со што капацитетот во градинките ќе се зголеми за уште околу 1900 деца“, истакна министерката.Таа го истакна и започнатиот процес на децентрализација на социјалните услуги и притоа се потпишани договори со 17 општини. Услугата помош и нега на стари лица и лица со попреченост ќе им биде достапна во домот и во дневни центри.На овој начин услугите се спуштаат на локално ниво и во рурални средини, но истовремено се зголемува бројот на лица кои како даватели на услуги заработуваат за сопствена егзистенција.„Процесот на деинституционализација го продолживме. Склучивме договори за уште две куќи во кои ќе бидат сместени корисници од Заводот во Демир Капија. На овој начин воспоставуваме европски стандарди во грижата за најнемоќните кои се сместени во институции“, истакна министерката.Таа информираше за реконструкцијата на дневниот Центар за корисници од 6 до 26 годишна возраст во Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје, како и дневниот Центар за лица со попреченост во Општина Берово, додека пак во Општина Пробиштип се реконструира јужното крило од здравствениот дом „Нада Михајлова“ во дом за стари лица, а целосно завршија и градежните работи на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства во Битола.„Во моментов работиме на два закони. Законот за работни односи како системски закон кој ги регулира прашањата од сферата на трудот, синдикалното организирање и законската регулатива која ја дефинира недела како неработен ден. Завршена е и драфт верзијата на Законот за родова еднаквост, што е уште еден чекор напред во воспоставување на родовиот баланс во општеството на сите полиња“, истакна министерката.Шахпаска посочи дека ова е само на почетокот од мандатот, како и дека претстои многу работа, многу проекти и законски решенија во интерес на граѓаните.„Човечкиот капитал е најголемото богатство во едно општество, затоа за нас секој човек, секое семејство, секое дете е важно. Продолжуваме да работиме посветено, во служба на граѓаните“, рече министерката на крајот од прес-конференцијата.

Македонија | пред 5 години

policija-3

МВР: Значително намалување на сообраќајните незгоди во државата, за 36 отсто намален бројот на жртви

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи деновиве спроведува засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Куманово, а во текот на вчерашниот ден (24.12.2020) санкционирани се 96 возачи, од кои 14 за возење без возачка дозвола, 12 за нерегистрирани возила..., соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Куманово. „Евидентно е дека имаме подобрување на дисциплината на возачите на целата територија на државата, како резултат на овие засилени контроли, што пак се рефлектира и на значително намалениот број на сообраќајни незгоди и жртви.Споредено ноември 2020 година со ноември 2019 имаме за 21 отсто намален број на сообраќајни незгоди, за 36 отсто намален број на загинати лица, за 75 отсто намален број на загинати пешаци, а за 47 отсто е намален бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди. И на територијата на СВР Куманово е евидентно намалувањето на сообраќајни незгоди, особено оние со тешки телесни повреди, кои се намалени за 80 отсто, а вкупниот број на собраќајни негоди е намаен за 37 отсто. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Македонија | пред 5 години

bacev-1

Единствена Македонија до власта: Побарајте собраниска амнестија за 27 април, си ја исполнивте желбата за одмазда

Јавноста секојдневно е сведок на судската лакрдија со монтираниот политички процес за настаните од 27 април 2017.  Да потсетиме, според обвинението, ВМРО-ДПМНЕ е организатор на терористички чин на 27 април. Но, ова е толку несериозно и смешно ако се знае дека во тој период полицијата и војската е под команда на луѓе избрани од ВМРО-ДПМНЕ (Митко Чавков и Ѓорѓе Иванов), се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото од Единствена Македонија додаваат:Оттука, ако ВМРО-ДПМНЕ организирало тероризам, тогаш кој го спречи терористичкиот удар да биде несуспешен во услови кога оваа партија ја контролира и војската и полицијата. Белким нема до толку наивни да веруваат дека пратеникот Влатко Ѓорчев кој застана со кренати раце пред нападнатите пратеници ја спречи војската и полицијата да изврши терористички удар во Собранието.Единствена Македонија ја повикува власта на законодавна иницијатива за амнестија на лицата од 27 април кои се обвинети и осудени само поради желбата на власта за лична одмазад спрема некои од овие лица. Дотолку повеќе, шамари, клоци, кршење врати во собрание во никој случај не може да се подведе под терористичко дејствување.Единствена Македонија со целосна одговорност тврди дека поседува неспорни и цврсти писмени докази дека осудените и обвинетите за 27 април се политички конструиран случај со точно утврдена намена.

Македонија | пред 5 години

25122020_PVRSM_SovetzaRJA-2

Заев: Државната реорганизација според ЕУ стандарди е стратешка цел на Владата во 2021 година

Советот за реформа на јавната администрација (Совет за РЈА), со кој претседава премиерот Зоран Заев, ја продолжи осмата седница, на која, покрај членовите на Советот, присуствуваа и останатите министри во Владата.Како што во воведното обраќање информираше премиерот Заев, целта на седницата е членовите на Советот, но и присутните министри да дадат свој осврт по разгледување на материјалите и предлозите кои произлегуваат од проектот „Поддршка на државната реорганизација“, финансиран од страна на Европската Унија.„Реформата на јавната администрација е стратешка цел на Владата, а е и наша обврска и кон Европската Унија, но пред сѐ кон нашите граѓани. Планот е до крај на март 2021 година, во координација на сите министерства да се усогласат сите предлози и забелешки на предлог измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа, за да може до јули да се усвои Законот во Собрание“, рече премиерот Заев.Осврт на досега сработеното и изработените предлози за реформа на јавната администрација даде министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири. Како што рече тој, овој проект има за цел ефикасна, ефективна, професионална администрација, и затоа неопходна е вклученост на сите министерства.Во рамки на дискусијата, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, се осврна на важноста од изработка на политика за задржување на професионалните кадри во јавната администрација, особено за кадрите кои работат на ИПА проектите, како и за ИКТ кадрите, во контекст на пристапните преговори со ЕУ.Министерот за правда Бојан Маричиќ, побара во структурата за преговори со Европската Унија да се земе предвид и проектот за спроведување на реорганизацијата.Заклучокот од осмата седница на Советот на РЈА, беше дека следува обемна работа за сите засегнати страни за која премиерот ги задолжи министерствата, агенциите и инспекциските служби да ја продолжат воспоставената комуникација и да овозможат отворена и засилена соработка со ИПА проектот „Поддршка на државната реорганизација“, во функција на навремено развивање на предлог за реорганизација на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби на централно ниво, најдоцна до крајот на март 2021 година и негово преточување во предлог Закон за организација на органите на државната управа најдоцна до крајот на јуни 2021 година.

Македонија | пред 5 години

Mickoski-1

Мицкоски: 27 април е чисто политички монтиран случај, видете кој направи влада потоа и така ќе согледате кој имал најголема корист од настаните

Тоа што го кажав во судот а вие сега го цитиравте е дека народот тој ден, а и не само тој ден, туку и неделите претходно, месеците претходно се само организираше, односно бројката варираше од неколку стотини во некои денови, до неколку илјади во други денови, дел од тие протести кога можев бев и јас. Зошто? Затоа што протестиравме против погрешните политики во најава кои што тогаш беа актуелни во државата и ценам дека на тој начин е демократско право на секој граѓанин во една демократска држава да изрази револт против определени политички девијантни однесувања на определени политички структури и политички партии, во случајот тоа беше СДСМ и сето она кое што во тој период СДСМ го најавуваше доколку е партија која што ќе ја формира владата, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ по денешното судско рочиште за 27 април.Мицкоски во изјавата додаде:Дел од тој народ кој што се само организираше бев и јас, нормално тогаш кога времето ми дозволуваше и кога можев да дадам поддршка на тие протести.Јас сум човек кој што во тој период обавува државна функција, генерален директор на АД Електрани на Македонија, во тој период исто така сум и советник на претседателот на владата, член на Извршниот комитет во тој период на ВМРО-ДПМНЕ, човек од градот кој што познава многу луѓе па и јавни личности и логично е дека дел од тие јавни личности имаат конзервативни десни сфаќања и луѓе кои протестираат против погрешните политики во најава во тој период и се истомисленици со моите сфаќања во тој период за актуелната политичка ситуација и логично е да со тие луѓе се слушаме за разно разни поводи вклучително и за тоа што е актуелно во тој период а тоа е нели само организираното протестирање на граѓаните.Јас дадов изјава и внатре во судницата дека ниту Извршниот комитет ниту било кој член на ВМРО- ДПМНЕ е дел од организацијата на ова самоорганизирање на народот кој што се случуваше во тој период. Ова е очигледно дека станува збор за сериозен и жестоко монтиран политички процес. Политички процес кој што има единствена цел да нанесе штета на ВМРО -ДПМНЕ , политички процес кој што има за цел да врши политички терор врз активистите и членовите на ВМРО – ДПМНЕ и политички поицес од кој некој профитираше, а некој сериозно загуби. Јас ценам дека после 27 Април сериозно загуби ВМРО-ДПМНЕ а веднаш после тие настани влада направи СДСМ и Зоран Заев. Можеби тој одговор на ова прашање ќе ви послужи да истражите и да иницирате кој го осмисли сето тоа, кој го спроведе и зошто се случи. Никако тој што загуби од тој процес не може да биде ниту испиратор, ниту сценарист ниту оперативно да го спроведе. Јас повеќе би се задржал на тоа кој профитираше и кој имаше бенефит од сето тоа. За жал, на грбот на граѓаните и на грбот на демократијата во нашата држава. После тој ден веќе ништо не е исто.Па, се обидов да бидам вицкаст и да внесам една доза на хумор во судницата, бидејќи за прв пат еве се појавувам во судница во својство на сведок. Не сум бил до сега во својство на обвинет, една чудна атмосфера, многу сериозна, која што јас за прв пат ја гледам и се обидов малце да внесам ведрина. Инаку, да, тоа се се мои пријатели и да, не сум со никого замерен ниту пак имало било каква причина да бидам замерен.Не. Немав контакти. Вечерта имавме извршен комитет, дојде од пат тогашниот претседател господинот Груевски имавме ИК и тоа беше единствениот контакт што го имав тој ден со него, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

MG_0835

Отворено новото детско игралиште во ЈУДГ „Кочо Рацин“ – објект Н.Н. Борче, проект на HIPP и Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со Бобан Дамчевски, директор на Дамчевски ДООЕЛ Скопје , главни увозници на германските производи за бебиња HIPP, денеска го пуштија во употреба детското игралиште во објектот „Наум Наумовски Борче“ на центарската градинка „Кочо Рацин“.Употребувани неколку генерации наназад, старите и дотраени детски реквизити се заменети со нови и поквалитетни, со што децата од оваа градинка добија ново забавно, модерно, безбедно и интерактивно катче.„Наша задача е да обезбедиме квалитетни услови за престој на децата во нашите градинки. Затоа, сакам да ја изразам мојата благодарност лично до господинот Бобан, но и до компанијата Дамчевски кои ја препознаа потребата на оваа градинка од ново игралиште и реагираа веднаш со конкретна идеја и проект. Ние ја поддржуваме нивната општествено одговорнаработа и еве, денес децата добија ново игралиште. Апелирам и до останатите компании и индивидуалци кои се во можност, да го следат примерот на Дамчевски и тие да придонесат кон подобрување на условите за престој и живот на децата, но и на сите жители во Општина Центар“, изјави градоначалникот Богдановиќ.Старите реквизити се отстранети, извршена е темелна реконструкција и на 115 м2 поставен е нов гумен бехатон, мултифункционална детска куќичка, нова лулашка и две фигури. Материјалот и изведбата е донација на ЈУДГ „Кочо Рацин“ објект „Наум Наумовски Борче“, од компанијата Дамчевски ДООЕЛ Скопје.„ Компанијата Дамчевски ДООЕЛ Скопје е општествено одговорна компанија и секогаш работиме за доброто на заедницата. Со оваа донација не застануваме во нашето дејствување. Со градоначалникот Богдановиќ разговараме за да се вклучиме во заеднички акции за добробит на сите жители на Центар “,изјави Дамчевски .Градоначалникот Богдановиќ и Општина Центар ги замолуваат граѓаните совесно и одговорно да се однесуваат со опремата во ова, но и во другите детски игралишта кои се наоѓаат на територија на општината, разумно да ги користат и да не ги уништуваат куќичките, лулашките и останатите реквизити, бидејќи тие им припаѓаат на сите деца.

Скопје | пред 5 години

1-5

Маричиќ: Во понеделник Советот за реформи во судството ќе ја потврди методологијата за прочистување на правосудството

Министерот за правда Бојан Маричиќ, на прес-конференцијата по повод 100 дена Влада, кажа дека во понеделник Советот за реформи во судството ќе ја потврди методологијата за прочистување на правосудството и дека овој процес е примарен за враќањето на довербата на граѓаните во системот.-Долги судски рочишта, безброј одложувања, неефикасни постапки. Токму затоа во првите 100 денови со Судскиот совет и Советот на јавни обвинители интензивно работевме на подготовка на методологија по која следната година ќе се филтрира судството и обвинителството. Ова според нас е најдобриот начин, како фелата сама да си ги прочисти своите редови. Сите оние судии или обвинители кои незаконски постапиле, направиле прекршувања во постапките, намерно ги одложувале или нестручно постапиле ќе бидат исфилтрирани од правосудниот систем. Посебен фокус ќе биде ставен на случаите на висока корупција и организиран криминал, потенцираше министерот за правда.Маричиќ кажа дека само во првите 100 дена судската такса е намалена за осум пати, Законот за попис е испратен во Собранието, завршен е Воспитно-поправниот дом во Волковија, со предложени промени за Законот за прекршоци со кој казните за загадувачите на животната средина се зголемуваат до 20 пати, решен е проблемот со судската полиција, а изработен е и информативен сајт за Бесплатна правна помош.-Плановите за иднината ни се амбициозни, намерите јасни и чесни, а посветеноста максимална. Дали тоа некому му се допаѓало или не, Северна Македонија ќе биде правна држава, каде што ќе одговараат сите оние кои ги прекршиле или во иднина ќе ги прекршат законите, кажа Маричиќ.

Македонија | пред 5 години

siluvanje

Гостиварец осомничен за силување

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 49-годишник, на 19 декември, со употреба на сила и закана присилил на обљуба една оштетена. Тој ја однел оштетената во неговата куќа во Гостивар, каде физички ја нападнал со тупаници и клоци и ја принудил на сексуален однос, иако таа цело време давала отпор и се противела. Во еден момент оштетената успела да го оттурне од себе и да избега, а дејствијата на осомничениот ги пријавила во полиција.Бидејќи ценеше дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и донесе Решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Каевски: Со ,, Акција 21" ги искористуваме сите економски потенцијали

СДСМ како одговорна партија, цврсто поставена на европскиот пат, е фокусирана на отворање можности за нови економски потенцијали, врамени во „Акција 21” , со што Европа ја носиме дома. 2021 година ќе биде година на излез од кризата предизвикана од коронавирусот. За таа цел ќе ги искористиме сите економски потенцијали што ни стојат на располагање, истакна Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.Во продолжение каевски додаде:Една од нив е индустријата за одгледување канабис за медицински цели, како и за производство на продукти од оваа билка.Канабисот е една од најдинамичните индустрии во светот. Покрај придонесот во лекувањето на одредени болести, оваа индустрија во нашата земја веќе отвора илјадници добро платени работни места и токму затоа и понатаму е потребна поддршка на компаниите кои влегуваат во овој бизнис.Оваа дејност отвора големи пазари и со донесувањето на измени и дополнувања на Законот за опојни дроги во Собранието, ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели кои ќе поттикнат нови инвестиции, развој и нови високо платени работни места за нашите граѓани.Според проценките, годишниот прилив на средства од оваа дејност е предвиден на околу 250 милиони евра.Како следен приоритет во “Акција 21” се постапките за измени или дополнувања на Законот за данок на имот, на законските можности за легализирање на автомобилите со странски таблички, како и за можностите за стимулирање и погодности за ставање во функција на кеш парите коишто граѓаните ги чуваат дома или на парите од заштеда или добивка.Ставањето на овие пари, од таканаречениот наречениот „мртов капитал“, којшто се чува на несигурни места во домашни услови, ќе донесе добивка за граѓаните, раздвижување на финансискиот пазар, нови инвестиции, а и можност за отворање на нови работни места.Следува и приватизација на државното земјоделско земјиште, согласно строго утврдени критериуми. Според анализите, земјоделското земјиште по пазарни цени што е во државна сопственост вреди повеќе од 2 милијарди евра, а се очекува прилив од 200 до 300 милиони евра или 10 до 12% од тоа што би се продало согласно интересот на граѓаните и на домашните компании.“Акција 21”, Европа дома, значи подобар живот за секој македонски граѓанин, нови можности за развојна, силна и стабилна економија, грижа и просперитет во секоја сфера.

Македонија | пред 5 години

25.12-7

Институтот за физикална медицина и рехабилитација подготви оддел наменет за пациенти за пост-ковид рехабилитација

Министерството за здравство информира дека, поради долгорочните последици кои ги остава инфекцијата со коронавирусот и заради се поголемата потреба за рехабилитација на пациентите кои прележале Ковид-19, Институтот за физикална медицина и рехабилитација со поддршка на министерството подготви еден оддел кој е наменет за пациенти за пост-ковид рехабилитација.Досега, Институтот имаше само индивидуални барања од страна на пациенти кои се третираа амбулантски, но од неодамна оваа јавно здравствена установа во соработка со Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Скопје и ГОБ „8ми септември“ започна со организиран болнички пристап за рехабилитација на пациенти кои прележале ковид-19 и согласно тоа, заедно со специјалисти инфектолози од Клиниката и болницата, Институтот веќе спроведува конзилијарни прегледи од страна на специјалисти физијатри.„Овие пациенти кои со денови, некои и недели биле хоспитализирани заради Ковид-19, се соочуваат со потешкотии и во дишењето и во движењето, кои побрзо и полесно се надминуваат со стручна помош, во смисла на респираторни вежби и физикални вежби за нивно враќање кон нормалните животни активности. Она што досега го гледаме како резултат од рехабилитацијата е исклучителен напредок кај овие пациенти. Некои доаѓаат во колички, неподвижни, изнемоштени, а по само две недели веќе одат самостојно, без помагала. Со ова, практично, одиме чекор понатаму во грижата за пациентите со Ковид-19. Се грижиме не само за превенција, со вакцините кои се во најава и лекување, туку и рехабилитација која е навистина важен сегмент од секој напреден здравствен систем. “ – потенцира министерот Филипче.Процесот на рехабилитација се спроведува согласно најновите протоколи за рехабилитација на пост-ковид пациенти од страна на тим од специјалист физијатар, специјалист интернист и физиотерапевти со долгогодишно работно искуство, кои за секој пациент пристапуваат индивидуално, согласно функционалната состојба на пациентот.„Рехабилитацијата на овие пациенти трае различно, во зависност од тежината на клиничката слика и последиците кои болеста ги оставила кај пациентот, но во просек од 2 до 4 недели. Најголемиот дел од пациентите покажуваат значително подобрување на респираторната функција, олеснување на анксиозноста и депресијата, намалување на компликациите, намалување на попреченоста, побрза вертикализација и оспособување за побрзо и поефективно враќање кон секојдневните животни функции.“ – истакнува д-р. Маја Манолева, директорка на Институтот за физикална медицина и рехабилитација и додава дека пациентите кои досега престојувале во Институтот покажуваат огромен напредок и подобрување.Пациентите кои биле лекувани во домашни услови или се веќе испишани од инфективните одделенија, но се уште чувствуваат слабост и имаат проблеми со компликациите од болеста можат да се јават на преглед во Институтот преку Мој термин, но и преку амбулантите во установата, со цел да бидат упатени за понатамошна амбулантска или болничка рехабилитација.Дополнително, Институтот веќе е во комуникација и со дел од општите болници низ државата за пренесување на искуствата и едукација на кадарот од тие болници со цел нивно понатамошно вклучување за рехабилитација на овие пациенти.

Македонија | пред 5 години

zabava-skopje

(ФОТО) Растурена забава во стан во центарот на Скопје, запленет кокаин, амфетамин...

На 24.12.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје околу 21.30 часот извршија претрес на дом, по претходно обезбедена наредба од Основен кривичен суд Скопје во стан во центарот на Скопје, сопственост на правно лице. При претресот се затекнати 13 лица кои присуствувале на роденденска забава, а пронајдени се повеќе пакувања со кокаин, марихуана, екстази, амфетамин, хашишово масло и друга дрога. Приведени се М.К. (22), В.А. (28), М.И. (28), С.Г. (23), Р.Ј. (22), Р.В. (31), Г.А. (23), Н.К. (22), П.Г. (27), М.И. (21), Н.Ш. (23), Т.П. (22) и В.М. (23). Дел од лицата биле и затекнати додека консумирале наркотични средства. Против лицата ќе биде поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство.

Скопје | пред 5 години

3m

Сподели среќа: Претседателот на Собранието испрати новогодишни пакетчиња

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, испрати новогодишни пакетчиња со книги за дечињата хоспитализирани на Детската клиника во Скопје. До Посебното основно училиште „Иднина“ во Скопје и до Посебното основно училиште „Златан Сремец“, испрати нагледни средства за настава за секое училиште, согласно потребите на учениците и наставниците и соодветните наставни програми.Со оглед на здравствените протоколи во насока на почитување на мерките за заштита, особено на најмалите, претседателот Џафери не присуствуваше на доделувањето на пакетчињата. Тој испрати честитки и писма за благодарност за вработените во споменатите институции, во кои се заблагодари за работата и делата кои вработените ги реализираат секојдневно, за нивната посветеност во работата и во вонредни услови, истакнувајќи дека среќата треба да се споделува, зашто на тој начин таа расте и обзема.Вработените на Детската клиника се заблагодарија за постојаната поддршка на претседателот, како и за отвореноста на Собранието кон нивната институција. Директорките на ПОУ „Иднина“ и „Златан Сремец“, искажаа благодарност за подготвеноста на претседателот да излезе во пресрет на потребите на учениците и училиштата и да ја дополни моменталната радост на отворање на пакетче со радоста на нагледните средства кои ќе им бидат од полза цела година.

Македонија | пред 5 години

Kosta-cestitka-katoicki-bozik

Георгиески: На овој ден славејќи го раѓањето на Бога стануваме свесни за силата на божјата љубов кон човечкиот род којашто не води да правиме чесни дела

Со голема радост и задоволство, на сите припадници на католичката вероисповест, им го честитам најголемиот и најрадосниот христијански празник – Божиќ.На овој ден славејќи го раѓањето на Бога стануваме свесни за силата на божјата љубов кон човечкиот род којашто не води да правиме чесни дела, да се сакаме себеси и да ги сакаме и почитуваме другите. Божиќ е празник на љубовта, на среќата и семејството, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во продолжение на објавата градоначалникот додава:Празнувајте во мир и хармонија и со љубов примете ги пораките на овој ден. Правете добри дела и имајте разбирање еден со друг. Само така ќе го следиме нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено. Тоа е божјиот пат, патот на љубовта и спасението на човековиот род.Со чиста верба кон Бога обединети и сложни имаме можност за заеднички напредок.Нека Бог дарува љубов, нека има успех и бериќет во секое поле од значење за Охрид и нашава држава. Заеднички да се радуваме и да го славиме овој голем христијански празник.

Македонија | пред 5 години

policija-i-inspekcija-3

Кривична пријава за сопственик на угостителски објект во Тетово поради непочитување на работното време

На 24.12.2020 околу 18.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Д.П(28) од Тетово, чиј угостителски објект во Тетово работел по дозволеното време и во објектот престојувале гости. Д.П. бил задржан во Полициската станица Тетово, објектот е времено затворен, а по расчистување и документирање на случајот, против истиот ќе биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик, поради сомннение дека сторил кривично дело„непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Македонија | пред 5 години

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 22 пациент, а вкупно се лекуваат 448 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 448 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 9 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за дерматологија, на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Клиниката за Нефрологија и тројца пациенти на Клиниката за Неврологија.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 5 болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 36 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 27 пациенти, наКлиниката за очни болести 11 пациенти, а на ОРЛ 20 болен. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 132 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти.Вкупно 448 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка

Македонија | пред 5 години

skopje

ФОТО: Скопје во лето се гледа, во зима само магла и загаден воздух

Енормно е загадувањето во главниот град. Густа магла имаше синоќа во сите делови од Скопје, а речиси сите мерни станици се обоени во виолетова боја, која покажува дека концентрацијата на штетните честички во воздухот е опасна.Апликацијата „Мој воздух“, која ги покажува мерењата и на волонтерските и на државните мерни станици, најголемо загадување покажува на мерната станица кај МВР на Водно. Со 229 мерни единици, квалитетот на воздухот е опасен за здравјето на граѓаните.Според мерењата од 20 часот, најзагадено со ПМ10 честички било скопско Маџир Маало, каде што нивната концентрација била седум пати над дозволената со измерени 426 микрограми на еден кубен метар. Дозволена вредност на ПМ 10 честички во воздухот е 50 микрограми на еден кубен метар.Загадување има и во сите останати делови од градот, а државните мерни станици покажуваат загадување и во другите градови.

Скопје | пред 5 години

avtomobil-vo-picerija

(ФОТО) Со автомобил влетал во скопска пицерија, излегол од пасатот и си заминал

Рано утринава автомобил влета во терасата на скопското кафуле Манда на почетокот на булевар „Партизански одреди“ кај семафорите со улицата „Даме Груев“.Возачот од засега непознати причини изгубил контрола врз автомобилот.Причинета е материјална штета, а според очевидци на настанот нема повредени.фото: ЛИДЕР

Скопје | пред 5 години

mickoski-2

Мицкоски: Христовото раѓање е нова надеж за светот, овој ден нека ви донесе мир, спокој и радост во Вашите домови

Дозволете ми од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам големиот Христијански празник - Божиќ на сите верници кои го слават според Грегоријанскиот календар, се вели во честитката по повод празникот Рожденство Христово Божик, до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите припадници на Католичката црква и до сите Христијани кои денеска го слават Христовото раѓање, од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски.Мицкоски во честитката пишува:Христовото раѓање е нова надеж за светот, тој донесе светлина и иднина.Овој голем празник нека донесе мир, спокој и радост во Вашите домови.Оваа година Божиќ го празнуваме во посебни услови. Пандемијата кој го обзема светот е се уште присутна. Во овие тешки моменти за човештвото воопшто да се потсетиме и да ги применуваме Христијанските вредности, како толеранцијата, искреноста, љубовта кон ближниот, да си подадеме рака и заедно да ги пребродиме искушенијата. Но пред се да знаеме дека преку вербата се пребродуваат и најтешките искушенија. Нека Христос ни го осветли патот и ни го покаже правецот.Христос се роди! Среќен Божиќ!

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања