Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Zoran-Zaev-1

Заев: Водени од пораките на овој голем празник овие светли денови да ги поминеме во кругот на домот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев упати писмо со честитки до д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик кој денеска го прославуваат верниците на Католичката црква.Во писмото и до сите верници на Католичката црква во нашата земја, премиерот Заев пишува дека Божик е еден од најсветлите празници, кој носи нов живот, нова надеж за подобро утре за секој човек и за секое семејство, кој годинава го славиме во посебни услови кои на светско ниво ги донесе пандемијата на коронавирусот КОВИД-19.„Овој голем христијански празник секогаш ги повикува луѓето да се огледаат во делото и учењето на Исус Христос, како најинтимен и најрадосен момент во душата на секој верник, при што во мир и со спокоен дух заедно да го победиме злото и да го преобразиме во добро. Соочени со моќен непријател, но водени од христовата љубов да се потсетиме на потребата да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме скромно и правично, а овие светли денови да ги славиме во кругот на домот за да се заштитиме себеси и здравјето на нашите ближни“, истакнува во писмото премиерот Заев, и додава како одговорни граѓани кон себе, кон своето семејство и кон државата да ги почитуваме препораките за безбедно растојание, носење на заштитна опрема и за одржување на редовна лична хигиена и за време на празниците.Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев ја нагласува пораката на Божикните празници кои поттикнуваат на човечко милосрдие, на добри дела, на разбирање еден со друг и на љубов во кругот на нашите семејства, помеѓу соседите и пријателите и севкупно во нашата држава.„Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божик! Христос се роди! Навистина се роди! Останете дома во добро здравје! Имајте среќни празнични денови меѓу своите сакани!“ пишува во писмото со честитки по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик кој денеска го прославуваат верниците на Католичката црква.

Македонија | пред 5 години

IMG-d17c058bfc7d051d27e2cd363b52a087-V

(ФОТО) Запленети близу 37.000 пиротехнички средства во Кичево, приведен маж од Кичево

На 24.12.2020 полициски службеници од ОВР Кичево, по претходно добиени оперативни сознанија извршија контрола во правно лице во Кичево, чиј управител е Е.Е. (44) од Кичево. При прегледот се пронајдени и одземени пиротехнички средства, по што е извршен и претрес, по добиена наредба од Основен суд Кичево, во дом и други простории на Е.Е., при што е пронајдена поголема количина пиротехнички средства. Вкупно се запленети 36576 пиротехнички средства, а Е.Е. е приведен и протов него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

zeleznicka

Едно од прегазените братчиња со тешки повреди, додека другото е во животна опасност

Двете момчиња кои синоќа беа прегазени на улицата "Железничка" во Охрид се борат за живот.Едното е на возраст од 11 години првично задржано во болницата за Ортопедија и труматологија "Св.Еразмо" во Охрид со скршеници на ногата и потрес на мозокот. Тоа според извори на болницата во костозглобна во стабилизирана состојба во текот на ноќта беше транспортирано во Скопје.Додека пак другото братче е на возраст од 19 години  е со тешки повреди на главата. Веднаш  бил префлен на неврохируршка клиника во Скопје, но на инсистирање на родителите најверојатно момчето ќе биде пренесено во Систина. Тој е во животна опасност.Охридската јавност е видно вознемирена од овој трагичен настан дотолку повеќе што двете лица според првите неофицијални информации се прегазени додека оделе на тротоар.  

Македонија | пред 5 години

sobranie

(ВИДЕО) Милошоски: Нервоза пред полноќ за 33,5 милиони евра шверцерски договор на Заев и Макпетрол

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски вечерва од Собрание пишува: “Нервоза пред полноќ за 33,5 милиони евра шверцерски договор на Заев и Макпетрол“.

Македонија | пред 5 години

karakacanov1

Каракачанов за вакцините: Помагаме не на соседи туку на наши сонародници

Откако Бугарија најави дека ќе и помогне на Македонија со вакцините против Ковид 19, се огласи и бугарскиот вицепрепремиер Красимир Каракачанов.„Тука не станува збор за соседи, станува збор за сонародници“, изјави во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ), прашан зошто, заедно со премиерот Бојко Борисов, решиле да им помогнат на соседите од Република Македонија со вакцини против ковид-19.Тој додава дека не помагаат само на Македонија, туку и во Украина и Молдавија.… И не само во Македонија, туку и во западните покраини во Украина и Молдавија каде има бугарски заедници. Му овозможивме на министерот за здравство да го уреди механизмот. На крајот на краиштата, Бугарија е држава на сите Бугари. Ние имаме сонародници кои живеат и надвор од Европската унија … “, рече Каракачанов.Новинарот на ова искоментира дека „сега и од кај Вардар ќе му се нафрлат“, сакајќи да каже дека ваквата изјава на Каракачанов ќе предизвика незадоволство во Македонија.„Тие одамна се нафрлаат, не знаат веќе од која страна да се нафрлат“, возврати Каракачанов. 

Македонија | пред 5 години

zeleznicka

(ОБНОВЕНО) Прегазените деца - братчиња, во критична состојба пренесени во болница

Повредените малолетни лица во сообраќајната несреќа на ул Железничка во Охрид што се случи вечерва во критична состојба се пренесени во болница. Станува збор за две братчиња. Дознаваме дека децата се на воздраст од 8 и 12 години. Тие се враќале дома од на бербер.Неофицијално возачот на автомобилот кој ги прегази е жител на с. Лабуништа.Увидот сеуште трае. Улицата е затворена за сообраќај.

Македонија | пред 5 години

Pozar

(ФОТО) Семејство на кое им изгори домот има потреба од помош

Би сакала да ви се заблагодарам на сите за досегашната помош и да се извинам на сите на чиишто пораки сеуште не успеав да вратам, но верувам дека ја разбирате ситуацијата, пишува во ФБ објава.Во продолжение на истата се додава:Бидејќи голем дел од вас ми предложија да објавам, во прилог е нашата девизна трансакциска сметка на име на Liljana Bozhinovska на NLB соIBAN Code МК07210501555488072 иSWIFT: TUTNMK22Исто така и трансакциска сметка на име Лилјана Божиновска на NLB 210501555488072 со цел на дознака "за донација" со цел да нема данок, пишува во објавата. Инаку голем пожар во Драчево остави 6 члено семејство без дом.  Граѓаните донираа за да помогнат, но покрај досегашните донации, сеуште недостасуваат средства за да се средат основните потреби на ова семество.

Скопје | пред 5 години

zeleznicka

Сообраќајна несреќа на Железничка - прегазени две малолетни лица

Тешка сообраќајна несреќа на Железничка. Возач прегази две малолетни лица.  Несреќата се случила вечерва на излезот од Охрид.Во моментов се врши увид. Улицата е затворена за сообраќај.Наскоро повеќе...

Македонија | пред 5 години

Boki-13-1

Боки 13 поднесе шест нови кривични пријави против лекари, судии, обвинители ...

Боки 13 денеска поднесе шест нови кривични пријави во обвинителството. Неговиот адвокат не кажа конкретно против кои лица се поднесени. Кривичните пријави се за злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно лекување на болни, тортура како и обид за убиство.Летово Боки 13 поднесе 40 кривични пријави. Тој е осуден на 9 години затвор во случајот „Рекет“ а му се суди за злоупотреби и перење пари во случајот „Меѓународен сојуз“.

Македонија | пред 5 години

cveka-5

Со фалсификувани пари купувал цвеќиња во прилепска цвеќарница

На 23.12.2020 во 16:00 часот во просториите на Одделението за внатрешни работи Прилеп, К.Д.(49) од Прилеп пријавила дека околу 15:40 часот во цвеќарница во Прилеп едно лице сакало да купи производи со банкнота од 50 евра по што, при обид во менувачница да ја замени банкнотата, пријавителката била известена дека е фалсификувана.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 5 години

bolnica-strumica-2

Педесет и осумгодишна жена заболена со коронавирус избегала од болница

Педесет и осумгодишна жена од струмичкото село Вељуса избегала од струмичката болница, каде што била хоспитализирана, соопшти МВР.„Во период од 2.11.2020 до 7.11.2020 пријавената своеволно, без да потпише изјава и да го информира дежурниот медицински персонал, го напуштила Одделението за инфективни болести при Општа болница – Струмица, каде што била хоспитализирана“, се наведува во соопштението на МВР.СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.А.(58), поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Македонија | пред 5 години

korona-2

21 лице починато и нови 592 случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2206 тестирања, а регистрирани се 592 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-259, Куманово-31, Дебар-7, Штип-8, Прилеп-30, Тетово-18, Струга-21, Велес-17, Битола-24, Охрид-28, Кавадарци-35, Гостивар-21, Гевгелија-8, Струмица-12, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Кочани-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-3, Виница-4, Делчево-4, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-10, Ресен-7, Неготино-12.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти од: Скопје-245, Куманово-26, Штип-28, Прилеп-76, Тетово-23, Струга-12, Велес-23, Битола-47, Охрид-13, Кавадарци-25, Гостивар-29, Гевгелија-17, Струмица-19, Крива Паланка-2, Радовиш-5, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Пехчево-1, Берово-16, Валандово-1, Виница-2, Делчево-12, Кратово-4, Свети Николе-7, Кичево-11, Ресен-7 и Неготино-18.Починати се 21 лице, шест пациенти од Скопје (79,78,68,62, 64 и 53г), двајца од Куманово (69 и 78г), двајца од Тетово (60 и 72г), тројца од Прилеп (61,77 и 85г), еден пациент од Штип (87г), еден од Охрид (77г), еден од Струга (69г), двајца пациенти од Битола (64 и 85г), еден од Струмица (83г), еден од Берово (59г) и еден пациент од Валандово (52г).Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80407, бројката на оздравени пациенти е 57434, на починати е 2375, а бројот на активни случаи изнесува 20598. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 34687, активни 11679• Куманово 4577, активни 569• Дебар 605, активни 129• Штип 3233, активни 323• Прилеп 4057, активни 681• Тетово 4668, активни 942• Струга 1958, активни 356• Велес 2669, активни 548• Битола 2934, активни 649• Охрид 2295, активни 588• Кавадарци 1994, активни 578• Гостивар 3308, активни 624• Гевгелија 1098, активни 296 (74 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 186 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2219, активни 629• Крива Паланка 586, активни 121• Радовиш 592, активни 125• Крушево 155, активни 66• Кочани 1561, активни 257• Пробиштип 438, активни 51• Демир Хисар 230, активни 39• Македонски Брод 209, активни 29• Пехчево 133, активни 16• Берово 485, активни 62• Валандово 291, активни 64• Виница 435, активни 67• Делчево 660, активни 216 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 187, активни 20• Свети Николе 1027, активни 135• Кичево 1542, активни 265• Ресен 613, активни 136• Неготино 961, активни 338 (152 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2206 теста се преку: ИЈЗ-502, ЦЈЗ Скопје-60, Авицена-218, Биотек-138, МАНУ -145, Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина со PCR метода -144, лабораторија Лаор –40, Судска медицина-4, ЦЈЗ Битола-73, Инфективна клиника-1, ГАК-16, Синлаб-23, Ремедика-23, лабораторија болница Козле-17, ЈЗУ (рапид тест) -693, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 388.485 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

sudstvo-2

Разрешена судијката Весна Кичеец од Охрид, поради убиството на Матилоски

Судскиот совет на денешната седница разрешил еден судија, а за уште еден утврдил нестручно и несовесно работење. Според неофицијални информации на ТВ24 разрешена е судијката Весна Кичеец од Охрид, која на јавноста и е позната по случајот за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски, 27 годишното момче кое на новогодишната ноќ во 2016-та година беше убиен пред кафе-барот „Табана“ во центарот на Охрид. Истовремено, на Кичеец и се забранува и да суди. Од Судскиот совет официјално не потврдуваат за кој судија станува збор, на веб сајтот објавено е кусо образложение.- Донесена е Одлука со која е разрешен судија од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено е донесена Одлука за времено оддалечување на судијата од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката.Текстот во целост на: ТВ24 

Македонија | пред 5 години

evra

Најмладиот милионер во земјава има само шест години

На денешната прес-конференција, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска соопшти дека врз основа на податоците за исплатен доход од страна на исплатувачите и за доходот кој граѓаните ги оствариле од други физички лица и од странство, како и за доходот од вршење самостојна дејност кои се оданочуваат според вистински доход и паушално, за календарската 2019 година, Управата за јавни приходи изготви пополнета Годишна даночна пријава, за 802.235 граѓани, со искажан 311.347.898.662,00 денари годишен бруто доход и 19.890.696.418,00 денари пресметан данок на личен доход.Лукаревска истакна дека од 1 јануари 2019 година, стапи на сила Законот за данокот на личен доход кој го замени Законот за персонален данок на доход и со кој во 2019 година покрај стапката од 10% беше воведена прогресивна даночна стапка од 18% која се применуваше на износот кој ја надминува годишната даночната основа од 1.080.000 денари за доходот остварен од: работа, самостојно вршење на дејност, авторски права и други стварни права, како и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи. Оттаму за 2019 година, 30.036 граѓани се оданочени со примена на прогресивната даночна стапка и за нив е утврден вкупен данок во износ од 6.631.176.822 денари од кој 1.789.823.499,00 е пресметан со примена на стапка од 18%. Во однос на 2018 година, во 2019 година имаме зголемување на вкупниот доход за 1.802.135.011,00 денари, зголемување на данокот за 1.384.748.313,00 денари и зголемување на бројката за 5256 даночни обврзници за кои е изготвена ГДП.Граѓаните преку своите кориснички профили имаа можност пополнетата Годишна даночна пријава да ја потврдат или да ја коригираат до 31.05.2020. 565.460 ГДП службено беа потврдени од УЈП , со утврден вкупен годишен бруто-доход од 231.141.533.742,00 денари и вкупен износ данок на личен доход од 14.069.767.034,00 денари, граѓаните потврдија 74.034 ГДП со 47.501.169.456,00 денари утврден вкупен годишен бруто-доход и вкупен износ на данок на личен доход од 3.649.716.333,00 денари, а коригирани се 3.597 ГДП за 2019 година, што е помал број во однос на 2018 година кога беа приближно двојно повеќе. Во коригираните пријави искажан е вкупен годишен бруто-доход од 4.521.019.598,00 денари и вкупен износ на данок на личен доход од 466.576.728,00 денари.Лукаревска кажа дека иако општите бројки се зголемени, на индивидуално ниво износот на доход кај највисоко рангираните граѓани, не ги достигнаа износите на доход остварен во 2018 година која беше рекордна во однос на последниве 10 години.„За 35.363 граѓани утврден е бруто-доход над 1 милион денари, додека најголемиот број на граѓани (638.210 лица) оствариле бруто-доход кои се движи во прагот од 100 илјади до 1 милион денари. Во однос на 2018 година имаме намалувања во врвните прагови, кога имавме дури 31 граѓанин кои оствариле над 100 милиони денари и двојно повеќе во прагот од 10 до 100 милиони денари. Скопјани доминираат во листата на граѓани со највисок доход, но првото место за 2019 година за остварен највисок годишен бруто - доход во Република Северна Македонија припадна на граѓанин на Битола, кој пријавил 211.360.619,00 денари годишен бруто - доход. Жителка на Скопје е втора на листата со остварен годишен бруто-доход од 172.166.358,00 денари.Во споредба со 2018 година, кога највисокиот остварен доход беше 1.056.992.055 денари, има значајно намалување, така што прворангираниот во 2019 година, кога би се нашол на таа листа, би бил 9-то рангиран“, рече ЛукаревскаНајвисоката годишна бруто плата во 2019 година исплатена е на граѓанин од Струга. Платата е остварена во индустријата со метали и изнесува 114.854.796,00 денари. На листата на највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во секторот здравство, аптеки, образование, комбинирани канцелариски и административни услужни дејности и производство на горна облека.Највисокото лично примање по друг основ изнесува 48.511.454,00 денари на годишно ниво за повремено или привремено извршени услуги кон градежна компанија.Највисоката капитална добивка 88.352.113 денари остварена е од граѓанин на Скопје од продажба на сопственички удел од странска компанија, додека највисоката исплатена дивиденда е во износ од 210.411.765,00 денари и исплатена е на граѓанин на Битола кој е сопственик на бизнис кој припаѓа на дејностите во градежништвото.Скопјани доминираат на листата со доход од самостојното вршење на дејност, од кој највисокиот изнесува 44.065.522,00 денари. Во 10-те топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, извршители и угостители.Граѓанин од скопско остварил доход од продажба на сопствени земјоделски производи во износ од 32.345.815,00 денари, а Гевгеличанец остварил 11.694.817 денари доход по овој основ. Во 2019 година прворангираниот според вкупно остварен бруто доход од закуп и подзакуп на имот (издавање на земјиште, станови и деловни простории, превозни средства и друг вид на имот) е обврзник од Тетово, кој пријавил 84.039.667 милиони денари.Прворангиран според остварен вкупно бруто доход од авторски права и други стварни права е обврзник од Скопје, со 22.612.966 денари, додека Кумановец остварил бруто доход од 4.161.850 денари од права од индустриска сопственост. Највисоката добивка од лото, обложување, казино и учество во наградни игри, односно пријавен вкупен бруто доход од игри на среќа е жителка на Скопје кој само по овој основ остварила 29.293.930,00 денари.Прворангираниот пензионер е од Штип чија бруто пензија изнесува 8.064.865,00 денари. Прворангираниот осигуреник по основ на уплатени премии и исплатена осигурена сума остварил доход од 7.835.927 денариВо категорија друг доход вклучува доход од различни извори како што е доходот кој не е конкретно опишан во законот за данокот на личен доход и не е изземен од оданочување, доходот остварен од продажба на корисен цврст отпад, доходот остварен со електронска трговија преку интернет, доходот од маркетиншки интернет услуги, износот на неискористената финансиска помош, износот на неискористените донирани финансиски, како и кусоци кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди), кои не се на трошок на платата на одговорното лице.Во оваа категорија прворангираниот е од Скопје со износ 167.595.958,00 денари и овој доход преставува кусок кој не е предизвикан од вонредни настани и кој не е на трошок на платата на одговорното лицеВторорангиран е граѓанин од Тетово кој доброволно го пријавил својот доход во износ од 138.938.218,00 денари кој е исплатен од компании кои работат со мрежни социјални и видео платформи.Нај возрасното лице кое остварило над еден милион денари приход било на возраст од 101 година, додека во групата над 10.000.000 милиони денари највозрасниот има 86 години.Лице кое се родило во 2013 година е најмладиот милионер во 2019 година и истото остварило доход од закупнина над 1.000.000 денари.

Македонија | пред 5 години

24122020_PVRSM-Zaev_pat_Kochani-Ponikva_5

Заев од Кочани: Градењето и поврзувањето е приоритет, со целосната рехабилитација на патот Кочани – Пониква растат туристичките потенцијали

„Со целосната рехабилитација на патот Кочани – Пониква се решава едно од најзначајните инфраструктурни прашања за развој на туризмот – квалитетна сообраќајна поврзаност. На почетокот на зимската сезона, сега граѓаните на Кочани, на регионот и сите граѓани туристи од земјата и од странство имаат модерен и безбеден сообраќаен пристап до туристичката понуда на Осогово и убавините на планината, вклучувајќи го тука и експресниот пат Штип-Кочани кој влезе во неговата последна фаза на изградба“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев, кој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот Николчо Илијев, извршија увид и изразија задоволство од завршените работни активности на регионалниот пат Кочани - Пониква.Премиерот Заев информираше дека патот се реконструираше по целата негова должина од 19,4 километри со средства од буџетот на Министерството за транспорт и врски во вкупна вредност од 2 милини евра.Воедно претседателот на Владата соопшти дека дополнително на Пониква заврши и реконструкцијата на двата ски-лифта, се градат планинарски дом и две велосипедски патеки од Кочани до Пониква.Исто така премиерот Заев наведе дека наскоро ќе започне реализацијата на браната на Арамиска Чешма, којашто ќе го реши водоснабдувањето на туристичкиот комплекс.„Се очекува сите овие проекти да ги зголемат туристичките потенцијали на Пониква и да придонесат за побрз развој на регионот. Градиме и се поврзуваме. Во „Акција 21 – европски стандарди дома“, градењето и поврзувањето го ставивме како приоритет. Европски стандарди дома значи добри патишта за да ни се развива туризмот. Иако сме во време на пандемијата од корона кризата, со посветена работа и добро менаџирање, не дозволивме изведбата на националните, регионалните и локалните капитални проекти да запрат. И во услови на оваа здравствена криза тие и понатаму се мотор на домашната економија“, рече премиерот Заев.Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека со овој патен правец после четириесетина години добиваме квалитетна патна инфраструктура до овој ски-центар.„Во нашиот План 21, инфраструктурата е на високо место во владината агенда. Се гради првиот експресен пат од Штип до Кочани, ја рехабилитиравме обиколницата кај Кочани, патот од Кочани до Делчево и сите патни правци до Бугарија“, посочи министерот Бочварски.Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев нагласи дека со овој патен правец Кочани го има најквалитетното патно поврзување од сите туристички центри во нашата држава и Пониква полека станува посакувана и привлечна дестинација.

Македонија | пред 5 години

korona-4

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 613 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 613 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 53 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 89 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 80 во ковид центарот во Гостивар 38, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 64 пациенти, во Кочани 39 во Кичево 20, Кавадарци 20, во Гевгелија 18 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1072 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

stoilkovski-2

Стоилковски : Возачот на бентлито е осуден криминалец

Правдата на Зоран Заев е кога осуден криминалец среде плоштад во Скопје полн со луѓе ќе се втурне со Бентли и за тоа Спасовски формално ќе го казни со само 45 евра, а Шилегов ќе се пофали и кога на пример нечепнат ќе помине сторителот на сообраќајката кај Млечен кога еден човек загина, мајка го загуби плодот, а таа останаа со тешки телесни повреди, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение Стоилковски додаде:Казната од 45 евра е грубо исмевање на правдата и шамар во лицето на чесниот народ.Тоа што се случи вчера на плоштадот во Скопје е последица на тоа што правниот систем на Заев и Спасовски нефункционира и го штити криминалот и ги штити криминалците. Затоа што осудени криминалци не одговараат за сторени кривични дела а тука Заев, Спасовски и Шилегов глумат правда за прекршок од 45 евра. Срамно!Еве што стои во позадина.Возачот на бентлито е Бурим Маслан познат како Бурим Харачина, познат на полицијата, кој што бил осуден со затворска казна за тешки дела разбојништво и загрозување со предизвикување на општа опасност. Лежел затвор за обид за убиство. И од лани има две кривични пријави за разбојништво и за насилство. Лани и кај него е направен претрес дома при онаа т.н спектакуларна полициска акција во Грчец и Арачиново кога беше пронајдено нелегално оружје и дрога. Кај него било пронајдено најмалку едно парче недозволено оружје. Овој човек поминува неказнето за илегално оружје, обид за убиство и насилство и затоа дивее низ скопските улици.Еве го Харачина кој е заштитен како бела мечка од Заев и Спасовски денес слободно лудува среде Скопје по цена од 45 евра! Објавува снимки по социјалните мрежи како вози со над 220 на час, лудува меѓу украсите на Петре од 200.000 евра, загрозува пешаци на плоштадот, а Заев и Оливер Спасовски прават маркетинг дека му наплатиле 45 евра!!Харачина нема ниту еден ден работен ден стаж, ама има за лудување со луксузни возила, да купува нови како Бентлито купено пред неколку дена, може при претрес да му биде одземено оружје како при акцијата лани, за да потоа во шерифски стил да вози по пешачка зона среде Скопје.Кој му дава сила и храброст на Харачина неказнето да се однесува како шериф среде Скопје, со толку кривични пријави? Можеби и вчера ќе убиеше некого, ама помина со казна од 45 евра.Како е можно луѓе со кривични пријави за тешки дела да лумпуваат среде Скопје и да минуваат со казни од по 45 евра? Вчерашното лумпување е исто предизвикување општа опасност по член 288 од КЗ, особено што е повторување на делото! Па, го штити ли Заев, возачот кој што дивееше со Бетлито, Бурим Харачина?Почитувани, изворот на ова однесување е неказнивоста заради интересите на Заев и на Оливер Спасовски!ЈО има должност да поднесе Кривична пријава за Бурим Харачина за предизвикување општа опасност од член 288 став 3 од КЗ особено затоа што лицето казнето само со 45 евра и до сега има повеќе тешки и притоа слични дела.

Македонија | пред 5 години

MAD_8070

Новата велопатека на Парапунов поврзува 5 постојани велопатеки во Скопје

Градот Скопје денеска и официјално ја стави во употреба велосипедската патека на улицата Никола Парапунов која беше реконструирана оваа есен, како дел од градежната офанзива за 2020 година. Оваа велосипедска патека е во должина од 580 метри и претставува важен конектор на двете главни велосипедски рути во Скопје кои се протегаат по должината на булеварите Партизански одреди и Илинден.- Овде изградивме велосипедска патека која е четврти конектор меѓу Илинденска и Партизанска. Три конектори се направени во последниве две години, како што го развивавме проектот „Вело Скопје“. Инвестирајќи во велосипедските патеки, годинава успеавме да надминеме 100 километри велосипедски патеки во нашиот град – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.Оваа патека, додаде Шилегов, е всушност добар мотив сите заедно да почнеме да работиме на измена на нашите навики, наместо автомобил да користиме велосипед, зашто тоа е побрз и поздрав начин на движење, а во услови на пандемија и попрепорачлив начин на движење.- На локалните жители кои дел од овој простор го користеа како паркиралиште, им поделивме флаери и ги замоливме да не навлегуваат со своите возила на велосипедската патека. Сега засега е коректен односот на граѓаните, но ако видиме дека тоа не ни успева ќе почнеме најпрво со опомени, а потоа и со казнување. Подготвени сме и физички да ја одделиме оваа патека, со столпчиња – додаде Шилегов.На отворањето на новата велопатека на улицата Никола Парапунов денеска присуствуваа и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и в.д. директорот на ЈП „Улици и патишта“, Бобан Црничиќ.

Скопје | пред 5 години

lisici

Приведени пет албански државјани кои илегално ја преминале границата

На 23.12.2020 од полициски службеници од Полициска станица „Богородица“ биле приведени Т.Л.(46), Ч.Е.(33), П.Е.(36), Ш.Е.(33) и Б.А.(40) сите од Р.Албанија, поради непочитување на чл.9 ст.1 од Закон за гранична контрола.Пријавените на 23.12.2020 во раните утрински часови, на место во близина на с.Ума ја преминале државната граница од Р.Грција во Р.С.Македонија надвор од граничен премин, а на место викано „Ѓубриште“, по претходен договор со лице од Гевгелија, пријавените Т.Л., Ч.Е. и П.Е. се качиле во патничко возило „опел вектра“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од К.Ф. од Гевгелија, кој за сума од по 100 евра требало да ги однесе до Граничен премин „Ќафасан“, но при контрола од полициски службеници од Полициска станица „Богородица“, на место викано „Фарма“, во близина на Гевгелија, истите биле затекнати во возилото, додека пак, пријавените Ш.Е. и Б.А.  се качиле во патничко возило „ауди“, со бугарски национални ознаки, управувано од З.К. од Гевгелија, кој за сума од по 60 евра требало да ги превезе до Гевгелија.Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија поднесе барање за поведување на постапка против пријавените, а од судијата во Основен Суд во Гевгелија на пријавените им се изречени глоби и санкција „протерување на странец од територијата на Р.С.Македонија“.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче со младите приватни специјализанти разговараше за регулирање на нивниот статус

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска се сретна со претставници на приватните млади специјализанти кои работат во коивд центрите во Клинички центар. На состанокот се разговараше за регулирањето на нивниот статус, како и условите во коишто работат.Филипче кажа дека Министертсвото за здравство и оваа Влада отворија можности секој млад здравствен работник својата иднина да ја гледа во јавното здравство во земјава и таквата политика ќе продолжи.- Инвестирањето во младите е најважно, затоа што тие се иднината во јавното здравство. Клучно за креирањето на здравствените политики е учеството на младите здравствени работници. Наша цел е да го решиме статусот на малдите лекари во земја со трајно вработување - рече Филипче.Разговорите ќе продолжат, а следниот состанок е закажан за наредната недела.

Македонија | пред 5 години

abaz-emin-2

(ФОТО) Се асфалтира улицата „Абас Емин“ во Охрид

„Абас Емин“ денес се асфалтира на потегот од раскрсницата кај Тубелес до пресекот со ул”Охридска Бригада”.Целосната реконструкција на оваа улица е огромен проект кој трае подолго време, но се гледа крајот.Ова е проект кој побаруваше поставување на нова атмосферска, фекална и водоводна линија, тампонирање на дел од коловозот, поставување нови рабници и секако асфалтирање. Продолжуваме со работа, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

IMG_2507

Спасовски: Ја зголемуваме безбедноста на граѓаните, набавени пет пловни објекти за езерската полиција

Задоволство ми е што денеска ги промовираме петте пловни објекти што ги набавивме за македонската полиција, со што значително ги зајакнуваме капацитетите за заштита на границите, особено овде на Охридското езеро, рече министерот Оливер Спасовски на денешната прес конференција во Охрид по повод набавката на пет пловни објекти за езерската полиција.„Ова е набавка што се прави за прв пат по повеќе од 20 години, а е уште еден пример за нашата посветеност комплетно да ја опремиме македонската полиција и да обезбедиме максимални услови за работа на полициските службеници, што пак носи подобри резултати односно ја зголемува безбедноста на граѓаните. Во оваа прилика сакам да упатам огромна благодарност до Владата на Република Чешка и амбасадата на оваа пријателска земја, кои во изминативе години постојано ни помагаат во оваа цел“, рече министерот Спасовски.Два пловни објекта со цврсто корито се набавени од сопствени средства од буџетот на МВР со вредност од 8.055.511 денари, а согласно склучениот Договор за донација помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерство за внатрешни работи на Република Чешка набавени се два пловни објекти со цврсто корито и еден гумен патролен чамец со вредност од 8.144.074 денари. Пловните објекти се опремени сопрофесионални уреди за навигација GPS, радар и затворена кабина за екипажот, а патролниот чамец е погоден за брзи интервенции во разни инцидентни ситуации и контроли на водениот сообраќај, особено во летниот период во сите три езера, со што значително се зајакнуваат капацитетите за заштита на границите. Поголемите пловни објекти се со јачина од 200 коњски сили, а помалите со мотор од 160 коњски сили. Ова ќе овозможи висока ефикасност на припадниците на граничната полиција во секакви временски услови, како во делот на граничниот надзор и спречување на секаков вид прекуграничен криминал во Охридското и Преспанското езеро, така и во услови кога е потребно да се пружи помош и спасување во водите на езерата од најразлични причини. „Ова е само дел од она што го правиме за да овозможиме што подобри услови за работа на полициските службеници. Набавуваме униформи и опрема за полициските службеници, а посветено работиме и на реновирање на полициските станици. Во тек е реконструкција на ОВР Кавадарци, ОВР Крива Паланка, ОВР Гевгелија, Регионален центар Југ и Полициска станица Бит Пазар. Пред два дена ја исплативме и бонус платата за 2017 година, а во наредните месеци ќе ја исплатиме и бонус платата за 2018 и 2020 година. Обезбедувајќи подобри услови за работа за полициските службеници, добиваме поголема безбедност за граѓаните. За тоа говорат намалениот број на сообраќајни незгоди, големите заплени на дрога, оружје и пиротехника, како и многу други резултати на полицијата во изминатиов период“, рече министерот Спасовски. .

Македонија | пред 5 години

bacev-1

Единствена Македонија: Скандалозно е владата да моли за вакцини од Бугарија, здравјето не трпи политички калкулации

Владата во Скопје и во случајот со вакцините за коронавирусот покажува дека нема институционален капацитет. Додека сите земји членки на ЕУ како и земји не- членки на ЕУ како што се Велика Британија и Србија набавија потребни количини на вакцини, владата во Скопје се определува за понизно молење на вакцини од Бугарија.Политиките на владата во Скопје доживеа целосен неуспех на секој план. Во земјата владее безаконие, криминал, корупција и национално предавство а сега владата калкулира и со здравјето на народот, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото се додава:На Македонија сега и е потребна искрена и вистинска помош и затоа владата треба веднаш да обезбеди количини и од вакцината „Фајзер“, и од руската вакцина „Спутник“ и од кинеската вакцина и народот да има избор помеѓу повеќе вакцини. Свесни сме дека власта е преплашена штом во било кој контекст се спомнува Русија или Кина. Но, сето тоа во овој момент е небитно. Сега е најбитно здравјето на народот. Здравјето на луѓето не трпи политички калкулации.Единствена Македонија е против задолжителноста на вакцините и останува на ставот секој лично да се определи дали ќе се вакцинира или нема да се вакцинира.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Прогласени најдобрите угостителски објекти во Скопје за 2020 година

Градот Скопје во соработка со Агенцијата SWOT Research, специјализирана агенција за анализа на квалитетот на услугата, по 13-ти пат го реализира проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″ во Град Скопје за 2020 година.Годинава поради пандемијата со ковид-19 вирусот, а со цел заштита и превенција од ширење на истиот, не се оддржа традиционалното доделување на плакетите. Денеска, раководителот на Секторот за Локален економски развој на Град Скопје, Марко Тодоров, на претставниците на најдобрите угостителски објекти им ги додели плакетите на отворено пред бараките на Град Скопје.Овој проект произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развојот на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2020 година, а целта на истиот е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет и на целокупниот амбиент во угостителските објекти на територијата на градот.Тајните купувачи, ангажирани од SWOT Research ги завршија посетите на угостителските објекти, кои по случаен избор влегоа во трката за Најдобар угостителски објект во 2020 година, по што следуваше сумирање на резултатите, од кои произлегоа заклучоци и препораки за подобрување на услугата во иднина. Истите се оценети согласно со примарните критериуми (стандарди), а годинава поради пандемијата беа дополнети со нови критериуми, вклучувајќи контрола на почитувањето на Ковид протоколите.Испитувањето беше извршено според следните стандарди:1. Прв контакт - (поздравување и упатување кон место за седење, приоѓање на келнерот, поздравување),2. Хигиена на објектот - (чистота на простор, маси, чаршафи, столови, прибор, мени),3. Тоалет - (хигиена на простор и санитарии, бришачи, заклучување, закачалки),4. Covid – 19 критериуми (носење заштитна маска, дистанца на маси, средства за дезинфекција),5. Амбиент - (осветлување, температура, миризба, музика),6. Услуга на келнерите - (љубезност, проактивност, волја да се излезе во пресрет, посветеност, однесување),7. Општа услуга - (асортиман, адекватно послужување, време на услужување, издавање фискална сметка),8. Квалитет на храната - (свежина, количина, вкус),9. Завршен контакт - (заблагодарување и отпоздравување).Најдобри угостителски објекти во Скопје за 2020 година, во четирите категории се:Категорија Ресторани1 место: Стара Градска куќа2 место: Антица3 место: АмикаКатегорија Гостилници:1 место: Дебар маало2 место: Градска кафеана - Кај Јоле3 место: Градска кафана Досие СкопјеКатегорија Lounge и мезе барови:1 место: Рок кафана Рустикана2 место: Горки3 место: Soul kitchen barКатегорија Кафулиња:1 место: Happy caffe2 место: Добар3 место: Long playОваа година кај сите 4 категории на угостителски објекти беше забележан пад на вкупниот резултат во споредба со минатата 2019 година. Сепак, треба да се земе предвид дека беа мерени дополнителни стандарди и дека оваа година се работеше во вонредни услови на пандемија.

Скопје | пред 5 години

korona-2

Стевановиќ: За 20-30% намален бројот на амбулантските прегледи на инфективната клиника, но не смееме да се релаксираме

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ во вчерашното гостување на Топ Тема на телевизија Телма истакна дека тоа што укажува на лесно намалување на бројките е фактот дека за речиси 17 проценти е намален бројот на новооткриени пациенти со ковид-19 во изминатата недела, а вчерашните бројки зборуваат за намалување и на процентот на позитивни во однос на тестираните, кој конкретно вчера изнесуваше 25 отсто.-Тоа е нешто што навистина влева надеж. Од еден друг аспект гледано, на терен, не можеме да зборуваме дека бројките на клиниката се намалени, затоа што капацитетите се практично се уште речиси целосно исполнети. Но, она што ни дава надеж и се поклопува со бројките што ги покажуваат извештаите на Институтот за јавно здравје е дневната фрекфенција на амбулантски прегледи која е за 20, па и речиси 30 отсто намалена во однос на претходната недела. И ако сме имале просек на пациенти 100-120 па и повеќе прегледи за 24 часа на клиниката, сега таа бројка е сериозна намалена. Тоа е она што остава впечатокот дека бројката лесно се намалува, рече д-р Стевановиќ.Директорката на Инфтктивна клиника, упати апел до граѓаните за време на празничните прослави во домовите да ги почитуваат мерките за заштита, повика граѓаните да се воздржат од групирања, за да не се направи нов тренд на пораст на заразени со Ковид 19.Во емисијата учествуваа и директорот на ИЈЗ, д-р Шабан Мемети и претседателката на Комитетот за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова. Д-р Мемемти се повика на последната неделна анализа на ИЈЗ каде се забележува намалување на нови позитивни случаи со Ковид 19 и тоа за 16,9 % во однос на минатата недела. Професорката Грозданова упати апел до граѓаните за важноста на вакцинацијата против корона вирусот.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања