Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

policija-skopje-koronavirus-4

226 санкционирани возачи во Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на Центар изречени се вкупно 226 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 8, 12 санкции за нерегистрирани возила, 7 мерки за технички неисправни во јавен превоз, 26 санкции за користење мобилен телефон. Изречени се 14 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 7 санкционирани пешаци и 15 мерки за неносење заштитна маска.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

sudstvo-2

СДСМ: Прочистување на правосудството - прв приоритет на новата стратешка рамка Акција 21

Прочистување на правосудството е првиот приоритет на новата стратешка рамка „Акција 21“ со која Владата предводена од СДСМ ги поставува европските стандарди во нашата држава, ја носи Европа дома. Длабоките и суштински реформи во правосудството, преку ефикасно и објективно прочистување на судството и обвинителството влегуваат во своето финале, се вели во соопштението од СДСМ.Тие во истото додаваат:Со Законот за јавно обвинителство, донесен и покрај опструкциите на опозицијата се обезбедува продолжение на предметите за висока корупција. Високи функционери, министри, веќе издржуваат затворски казни за тешки кривични дела.Во завршна фаза е моделот за прочистување на судството, по кој сите судии ќе бидат оценувани за тоа како воделе постапка, како изведувале докази и сослушувале сведоци, а особено за тоа како постапувале со предмети кои се доведени до застарување.Во оваа активност е вклучена и проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите од страна на Државната комисија за спречување на корупција.На почетокот на наредната година, најдоцна на пролет, се очекува да започне и ЕУ мониторингот на судските случаи од висок профил, околу 50 предмети годишно, во кој ќе учествуваат стручни лица од странство и домашни експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ.Додека Мицкоски стои на браникот на криминалот, СДСМ забрзано работи на воведување европските стандарди дома, на градење силна, независна правна држава и неселективно владеење на правото.

Македонија | пред 5 години

23122020-PVRSM_Zaev_TV-Alsat-M_1

Заев: Медицинскиот канабис е огромен потенцијал за здравствени цели и економски развој

Премиерот Зоран Заев во емисијата „Економски магазин“ на Алсат М, одговарајќи на прашањето за економските потенцијали на земјата и планираниот развој зборуваше на темата, легализација и декриминализација на канабисот.„Во смисла на декриминализацијата, потребно е да се сменат Закони, дел од Кривичниот закон, делот за опојни дроги. Тоа ќе го отвориме во првото полугодие на 2021 година и генерално реакциите за ова прашање се позитивни“, рече Заев кој во однос на прашањето, која е основната идеја која се сака да се постигне со легализацијата на канабисот, инсистираше да се осврне на важноста на медицинскиот канабис, кој како што истакна е огромен потенцијал за економски развој.„Ние имаме 59 лиценци, сакам да ја истакнам пораката за разумноста на Парламентот. Законот таму седи една и пол година. Се работи за медицински потреби на канабисот. Овде го развиваме, веќе пакетот на позитивните листи на лекови за користење. Се користи на 68 позитивни лекови на германската позитивна листа, насекаде во Европа, насекаде во светот. Одлично дава резултати за Паркинсова болест, за епилепсија, за психолошки растројства, за карциноми и за други болести“, рече Заев повикувајќи се на повеќе анализи на научници кои мапирале канабиноидни центри (рецептори) кои помагаат во болеста и во најмала рака ја намалуваат болката, го стабилизираат организмот и слично.Тој подвлече дека одгледувањето на медицинскиот канабис е огромна потенцијална економска можност и за оваа опција има поддржувачи од припадници на различни партии.„Овде нема политика, ова е нешто национално. Треба да го подржиме Законот и следни се дебатите, коишто ги отворивме. Гледам има голема прифатеност на опцијата за декриминализација, луѓето зборуваат за тој пола грам, како што велат невладините организации, кој се користи дома, да се затвораат луѓе, навистина не е во ред“, оцени Заев подвлекувајќи дека останува заложбата на Министерството за внатрешни работи да води борба против шверцот и тргувањето со дрога и наркотички средства.Заев истакна дека во земјите каде е легализиран канабисот, се чувствува економскиот потенцијал за развој на сите услужни дејности и многу од конзументите се откажуваат од хероин, кокаин, од сите тие тешки дроги.„Во едни такви околности, јас ја отворам дебатата, верувајќи дека ќе доминираат помладите, поавангардните сили во државата. Логично ми е, постарите да бидат порезервирани, повнимателни и тоа опстојува. Но, конечната цел, остварува одличен економски раст и развој. Отвора нови работни места, внесува девизен прилив во државата, помага многу во борбата против користењето на други наркотички средства“, рече Заев кој подвлече дека во наредниот период ќе биде јавна оваа дебата и дека треба да го искористиме овој сериозен економски потенцијал.Премиерот Заев го подвлече и тоа дека во Законот за опојни дроги се предвидува 20 проценти, наместо десет, од данокот на добивка, да одат на децата со ретки болести, за поддршка на здравствениот систем, за поддршка на спортот, културата, на граѓанскиот сектор и за медицински потреби.Премиерот Заев посочи дека дебатата во јавноста ќе биде отворена и за прашањето за легализацијата медицинскиот канабис, со отворање кафетерии, прво во одреден дел од територијата на државата, како на пример во туристичките центри како Охрид, Струга, Ресен, Дојран, Маврово, Берово, но и Скопје како голем туристички центар.

Македонија | пред 5 години

penzioneri

Одбележана 70 годишнината од формирањето на Здружението на пензионерите од Охрид и Дебарца

Денес со пригодна свеченост беше одбележана 70 годишнината од формирањето на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца. На свеченоста на Општина Охрид и беше врачена Плакета со благодарност за досегашната успешна соработка. Плакетата во име на локалната самоуправа ја прими Живка Ангелоска, претседателка на Советот на Општина Охрид, која во оваа прилика истакна.Ја имам таа чест и задоволство во името на Општина Охрид и во свое лично име, да Ви заблагодарам за укажаната чест и да ви посакам долговечост, добро здравје и успешно спроведување на вашите активности.За пензионерите се вели дека го живеаат третото доба, но јас би рекла дека Вие почитувани, го живеете времето кога нештата Ви се можеби најјасни, кога настаните и случувањата ги доживувате со толку потребната смиреност, кога Вашите размисли и совети ни се потребни токму нам, на помладите генерации. Вашата помош во секојдневието на традиционалното македонско семејство е немерлива, а Вашите активности во општеството драгоцени за сите граѓани.Особено е за поздрвување активноста на Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца на најразличните манифестаци на државно ниво, каде Вие почитувани имате забележителни резултати достојни за почит.Дозволете ми да истакнам дека локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена да излезе во пресрет на барањата и потребите на пензионерите, за успешно реализирање на вашата програма и активности.Уште еднаш ви посакувам долговечност, крепко здравје и мноштво радосни моменти во Вашето секојдневие.На свеченоста покрај на Општина Охрид, плакети и благодарници им беа доделени и на повеќе поединци и институции за ниванта активност и успешната повеќе децениска соработка со Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.

Македонија | пред 5 години

kosta-6

Владата додели 38 милиони денари за реконструкција на кејот

Езерскиот кеј во Охрид ќе добие нов изглед. Како дел од проектите на актуелната власт во општина Охрид, кејот, едно од најпрепознатливите обележја на градот по долг период ќе биде целосно реконструиран.– За овој проект дел од средствата во висина од 38 милиони денари веќе се обезбедени со одлука на Владата за реконструкција и целосна обнова на кејот во Охрид. Се прават напори во соработка со Владата да се обезбедат уште дополнителни 45 милиони денари, со што целосно ќе се затвори финансиската конструкција за овој капитален проект – изјави денеска градоначалникот Константин Георгиески.Од секторот за урбанизам на општина Охрид највуваат дека со реконструкцијата е предвидено да се опфати должина од 992 метри квадратни на крајбрежниот дел во градската зона.Во рамки на реконструкцијата ќе биде изведена заштитна потпорна конструкција, а предвидено е отстранување на постоечките бекатон плочки и поставување на слој од полупропусен цемент, врз кој ќе бидат поставени гранитни плочи.Проектот за обнова на кејот вклучува и замена на канделабрите и на клупите за седење. Целиот кеј е планиран да биде партерно и хоритикултурно уреден. Со реконструкцијата Кејот ќе добие нов и урбан лик а градот ќе добие јавни површини достојни за еден културен и туристички центар.Реконструкцијата на кејот, за која има целосна документација, се очекува да започне во пролетните месеци од 2021 година и да трае околу една година. Ќе се гради во фази за да се обезбеди нормално функционирање на овој фреквентен дел од градското крајбрежје- појасни градоначалникот Георгиески. Тој изрази благодарност за поддршката на Владата која помогна во раздолжувањето на општината, во реконструкцијата на улиците „ 15 Корпус“ и „ Абаз Емин“ и најавената реконструкција на улиците „ Македонски просветители“ и „ Гоце Делчев“, како и во други заеднички проекти.

Македонија | пред 5 години

vlada-19.02-pak

Владата го усвои анексот на договор со ТАВ за активирање на средствата наменети за 99 инфраструктурни проекти за 75 општини

Владата на Република Северна Македонија вечерва ја одржа редовната 33-та седница на која е утврден текстот на Анексот на Договорот за концесија склучен помеѓу Република Северна Македонија и ТАВ Македонија ДООЕЛ, со кој практично е ставена во функција одлуката за распределба на средствата што беа предвидени за карго аеродром во штипско и со која финансискиот износ за таа намена сега се пренаменува за 99 инфраструктурни проекти за 75 општини во државата, како и за проширување на капацитетите на аеродромските згради во Скопје и Охрид.На седницата што се одржа вечерва Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец декември 2020 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.12.2020 година за да се обезбеди пензионерите да може да располагаат со декемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.12.2020 година.Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:- За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 28.12.2020 година (понеделник);- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 29.12.2020 година (вторник);- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30.12.2020 година (среда), и- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.12.2020 година (четврток).На оваа своја седница Владата го утврди и го достави на усвојување во Собранието текстот на Законот за основање на државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, со кои се гарантира правото на жалба во областа на управна постапка и постапка од работен однос и правото на жалба во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.Основна цел на предложените дополнувања е поедноставување на системот на одлучување по жалби, преку намалување на институциите кои одлучуваат по жалби, со поедноставена административна постапка, преку унапредување на организацијата на работата на Комисијата, со одлучување во совети во жалбените постапки.

Македонија | пред 5 години

avtomobil

Пронајден и казнет возачот на „бентлито“ што влета на плоштад

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вечерва околу 19 часот е пронајден и санкциониран Б.А. од Арачиново, кој со патничко возило се движел по плоштадот во Скопје и ја загрозил сигурноста на присутните граѓани. Министерството за внатрешни работи и во наредниот период најостро ќе ги санкционира сите кои ќе го нарушат јавниот ред и мир и ќе ја загрозат безбедноста на граѓаните.

Скопје | пред 5 години

12-23_17-02-36.jpg

Запленети 2400 парчиња пиротехнички средства во Битола

Денеска (23.12.2020) полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во дом на Ѓ.Ф. (38) од Битола, при што се пронајдени 2404 парчиња пиротехнички средства, а Ѓ.Ф. е приведен. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Влада: Граѓаните со блокирани сметки, ќе ја добијат финансиската помош од 6.000 денари

Ажурираната листа на корисници е објавена и поставени се сите категории на граѓани кои добиваат еднократна помош од 6.000 денари како мерка од 4-тиот пакет помош во време на пандемија со КОВИД-19. Во тек е процесот на обработка на приговорите. Граѓаните се упатуваат да ја проверуваат веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk на која се ажурираат податоците така како што пристигнуваат од институциите во зависност од категориите на граѓани за кои се надлежни.Оние граѓани коишто се со блокирани сметки, согласно законот, се прераспределуваат во банка која има техничка можност да ги исплати средствата на засебна сметка.Владата на Република Северна Македонија стори сé да ги ослободи граѓаните од административни процедури со цел средствата да стигнат до сите на кои им се потребни во најбрз можен рок, а средствата да може да се користат за она за што на граѓаните им се најпотребни.

Македонија | пред 5 години

frckovski

Фрчковски хоспитализиран на Инфективна

Универзитетскиот професор Љубомир Данаилов Фрчковски е хоспитализаран на Клиниката за инфективни болести откако му бил дијагностициран вирусот Ковид-19.Како што јавуваат дел од медиумите, тој има потешка клиничка слика, но ситуацијата засега е под контрола.

Македонија | пред 5 години

avtomobil

(ВИДЕО) Автомобил влета на Скопскиот плоштад, граѓаните бегаат испаничено

Снимка од возило марка „Бентли“ како влегува со голема брзина на плоштадот „Македонија е објавено на социјалната мрежа „Тикток“. Снимката е направена изминатиов период, со оглед дека автомобилот за да стигне до плоштадот проаѓа под украсите поставени на плоштадот.Возилото е со скопски регистарски таблици, а видеото беше објавено од профилот „Бурим Харачина“. Откако беше споделено на други социјални мрежи, тоа е повлечено.извор: А1ОН

Скопје | пред 5 години

vitamini

Може ли да се дозволи: Едно четричлено семејство треба да даде 3300 денари за 25 дена да има витамини

ФБ објава:°Витамин Д 4000 за 60 апчиња 400 денари°Витамин Ц 1000 100 таблети 980 денари°Селен 100 таблети 680 денари°Цинк 100 таблети 500 денари°Витамин Е 100 таблети 770 денариЕдно четричлено семејство за 25 дена има витамини кои го чинат околу 3300 денари.Пулсоксиметар сега е околу 1000денари.Ламба за дезинфекција околу 5000 денари.Јонизатор и навлажнувач за воздух околу 2000 денари.Тоа се отприлика основните нешта кои треба да ги имаат моментално сите граѓанини (посебно медицинскиот персонал) .Колку луѓе можат да си го дозволат истото?!Која е таа леснотија и ноншалантност за омаловажување на медицинскиот персонал кој ви помага(притоа плата на медицинска сестра е околу 20 000 денари)Ризикот кој го превземаат на себе и нивното семејство и таа Хипократова заклетва најчесто ништо не значат за оние најнеодговорните кои откога ќе оздрават одат наоколу со тоа колку вирусот ништо не значел, се вели во објавата на ФБ.

Македонија | пред 5 години

2020-12-23_16-33-04

Запленети 13500 пиротехнички средства на Бит Пазар, приведен маж од Студеничани

Денеска (23.12.2020) околу 13.00 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје го приведоа И.К.(27) од Студеничани, Скопје бидејќи кај него се пронајдени 13525 парчиња пиротехнички средства. Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 5 години

23122020_Inspekciski_press-2

Филиповска – Грашкоска: Инспекцискиот совет во активна соработка со МВР гарантира одговорно прославување на претстојните празници

На денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет, претседателката Магдалена Филиповска-Грашкоска потенцираше за интензивирање на активностите пред новогодишните празници и продолжување на активната соработката со Министерството за внатрешни работи и во следниот период како би се загарантирано одговорно прославување на претстојните празници.Во периодот од 14 декември до 20 декември, седумте инспекциски служби, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, спроведоа вкупно 5.858 надзори и контроли.Поединечно, Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши 98 надзори и издаде 10 решенија. Во истиот период издадени се и 9065 решенија за изолација за лица заболени од коронавирус и лица кои биле во контакт со лица заболени од коронавирус.Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат изврши 4338 контроли и 546 надзори. При истите, изречени се 39 прекршочни пријави, 58 решенија за констатирани неправилности и 49 прекршочни платни налози. За 8 угостителски објекти во Скопје, Гостивар и Куманово изречена е мерка забрана за вршење дејност, односно се затворени за работа на лице место, а дополнително се изречени и соодветни прекршочни платни налози.Инспекторатот за транспорт спроведе 53 надзори и издал 11 прекршочни пријави и 8 решенија. Поради непочитување на Протоколот за превоз на патници издадени се 3 решенија, од кои 1 прекршочна пријава за превоз на патници во Ресен и 2 прекршочни пријави за превоз на патници на граничен премин Деве Баир.Од страна на Државниот инспекторат за труд извршени се 450 надзори во правни субјекти на целата територија на Република Северна Македонија и инспекторатот изрекол 12 решенија и 5 прекршочни пријави за непочитување на здравствен протокол и превентивни мерки на работни места.МАЛМЕД, агенцијата за лекови и медицински помагала во зададениот период спроведе 28 надзори во аптеки и издал 2 решенија согласно Законот за лекови и медицински помагала.Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство изврши 303 надзори, издаде 9 решенија, 14 едукации и 6 ППН по основ на нерегистриран оператор, непостапување по наредени мерки, неизвршени здравствени прегледи, неправилно складирање и означување производи.Во текот на изминатата недела, Државниот инспекторат за животна средина изреализира вкупно 42 надзори и издаде 3 решенија за констатирани неправилности, 2 платни налози и 1 прекршочна пријава. Дополнително е поднесен предлог за одземање Б интегрирана дозвола при утврдени неправилности кои се однесуваат на неплатени надоместоци за водно право, горење отпадно масло и непочитување на условите од издадената дозвола.Ги повикуваме граѓаните и стопанствениците да бидат совесни и трпеливи. Да ги почитуваат протоколите и препораките за ширење на коронавирусот и сигурно и тивко да ги прослават претстоечките празници.Инспекциските служби не застануваат со работа и за време на новогодишните празници. Секој еден кој на било кој начин ќе го загрози јавното здравје ќе биде неселективно и навремено санкциониран.

Македонија | пред 5 години

korona-test

14 починати и нови 627 случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2510 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-250, Куманово-36, Дебар-8, Штип-12, Прилеп-35, Тетово-21, Струга-6, Велес-25, Битола-25, Охрид-21, Кавадарци-31, Гостивар-24, Гевгелија-12, Струмица-23, Крива Паланка-8, Радовиш-4, Кочани-20, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-13, Валандово-6, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-7, Ресен-4, Неготино-14.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 644 оздравени пациенти од: Скопје-241, Куманово-33, Штип-25, Прилеп-66, Тетово-26, Струга-44, Велес-12, Битола-29, Охрид-51, Кавадарци-2, Гостивар-37, Гевгелија-8, Струмица-11, Крива Паланка-11, Радовиш-5, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-2, Берово-5, Виница-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-8, Ресен-6 и Неготино-1.Починати се 14 лица, четири пациенти од Скопје (82, 73, 67 и 58г), еден од Куманово (52г), четири од Прилеп (82, 66, 78 и 71г), еден од Струга (84г), еден од Битола (74г), еден од Охрид (59г), еден од Кавадарци (56г) и еден пациент од Гевгелија (80г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79815, бројката на оздравени пациенти е 56743, на починати е 2354, а бројот на активни случаи изнесува 20718. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 34417, активни 11660• Куманово 4547, активни 567• Дебар 598, активни 122• Штип 3226, активни 345• Прилеп 4027, активни 730• Тетово 4652, активни 951• Струга 1937, активни 348• Велес 2655, активни 557• Битола 2913, активни 677• Охрид 2266, активни 573• Кавадарци 1960, активни 569• Гостивар 3287, активни 632• Гевгелија 1089, активни 304 (73 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 185 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2207, активни 637• Крива Паланка 577, активни 114• Радовиш 587, активни 125• Крушево 155, активни 66• Кочани 1555, активни 264• Пробиштип 436, активни 51• Демир Хисар 229, активни 40• Македонски Брод 208, активни 33• Пехчево 132, активни 16• Берово 483, активни 77• Валандово 288, активни 63• Виница 432, активни 66• Делчево 656, активни 224 (181 лице од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 186, активни 23• Свети Николе 1022, активни 137• Кичево 1533, активни 267• Ресен 606, активни 136• Неготино 949, активни 344 (150 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2510 теста се преку: ИЈЗ-704, ЦЈЗ Скопје-65, Авицена-229, Биотек-182, МАНУ -145, Жан Митрев (Филип Втори)-94, Систина со PCR метода -162, лабораторија Лаор –25, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-4, ГАК-11, Синлаб-40, Ремедика-18, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -752, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 386.279 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

Маж преку фејсбук се обидел да намами на средба 11-годишно девојче

Беровската полиција поднесе кривична пријава против Д.С. (36) од беровското село Двориште поради сомнение за сторено кривично дело намамување на обљуба или друго полово дејствие на малолетник кој не наполнил 14 години.Како што информираат од МВР, 36-годишникот во повеќе наврати преку социјалната мрежа „Фејсбук“ и преку телефонски повици, пишувал и се јавувал на 11-годишно девојче од беровско село наведувајќи го на средба.

Македонија | пред 5 години

23122020_Portparoli_press-2

Хоџа: Немаме известување од Косово дека е потребен ПЦР-тест

„Сè уште официјално не сме известени дека за Косово е потребен ПЦР-тест. Немаме известување за ваква одлука од страна на Косово или од нашите власти. Ако има ваква одлука, нашата јавност ќе биде информирана. Владата нема донесено ниту одлука за реципроцитет за државјаните на Косово“, вели владиониот портпарол Муамед Хоџа на прашањето дали за влез во Косово од нашата земја е потребен ПЦР-тест. Според него, засега таква информација не е пристигната до Владата.Во врска со смртноста во последните неколку месеци на ковид-пациенти, беше одговорено дека Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје водат евиденција за возраста, полот, местото од кое доаѓа и коморбидитетите на сите пациенти што се починати во здравствените установи во земјата, а биле позитивни на Ковид-19. Повеќето од егзитираните пациенти се со други болести, кои дополнително ја влошиле нивната состојба. Околу 90 проценти од сите пациенти што се починати имале најмалку една до две други болести, што дополнително ја влошиле нивната здравствена состојба и довеле до смртен исход. Најчести болести што ги имале пациентите заразени од Ковид-19 се кардиоваскуларни болести, дијабетес, болести на бубрезите и пулмолошки болести. Некои од пациентите што починале биле со карцином во понапредна фаза или имале тешка хируршка интервенција по која настапила смрт, информираа владините портпароли, кои посочија дека детаљна анализа за морталитетот на сите лица од Ковид-19 за целиот период од почетокот на пандемијата ќе биде објавена дополнително.

Македонија | пред 5 години

Foto-1-2

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го додели признанието „Успешни млади“ на 8 добитници, во рамки на проектот инициран за поттикнување на научната, истражувачката и креативна работа на младите луѓе од земјава.Претседателот Пендаровски во своето обраќање по повод доделувањето на признанието, изрази уверување дека преку оваа иницијатива ќе се придонесе кон вреднување на трудот и знаењето на младите, зголемувајќи ја мотивацијата за нови достигнувања на младите научници, таленти, уметници, креативци и ќе ги охрабри да продолжат да го вложуваат својот труд и да го развиваат својот талент.„Имаме многу успешни, креативни млади кои се иднината на нашата земја. Очекувам тие да си го заземат своето место во општеството, да бидат дел од образовните и научните институции, компаниите, креативните индустрии и да придонесуваат за нашето општество“, рече претседателот Пендаровски.„Ако професионалната кариера сепак ги одведе и надвор од границите на нашата земја посакувам и понатаму не само емотивно, туку и професионално да бидат поврзани со својата татковина преку иницирање и започнување на проекти, заеднички програми и други модалитети на соработка. Нашиот најголем ресурс е човечкиот потенцијал и затоа не смееме така лесно да се откажуваме од него“, истакна претседателот Пендаровски.Во таа насока, ја нагласи неговата лична заложба за покренување и поддршка на иницијативи и проекти чија цел е да се намали одливот на млади луѓе од земјава, да се создадат перспективи за младите и успешни кадри да останат и да ја градат својата кариера во Северна Македонија. Тоа, рече претседателот Пендаровски, треба да биде цел на секоја институција и на сите што донесуваат одлуки и креираат политики.Годинашните носители на признанието „Успешни млади“ изразија задоволство што нивните професионални достигнувања се препознати и вреднувани од нашата држава, особено имајќи ја предвид силната конкуренција во сите 8 категории. Добитниците на „Успешни млади“ се заблагодарија на претседателот Пендаровски и на Комисијата, истакнувајќи дека овие признанија се дополнителен поттик и мотивација да продолжат со професионалното усовршување, секој во својата област.Признанието „Успешни млади“ се доделува за прв пат. Од вкупно 79 апликации за изминатата календарска година за постигнати резултати согласно осумте категории, за најдобар млад научник во општествените науки е избран Анастас Вангели, доктор по општествени науки во полето на социологијата, кој е професор на кинеско–европските бизнис студии, на Високата школа за комерцијални науки од Анже, Франција. Најдобар млад научник во хуманистичките науки е Борче Арсов, доктор по филолошки науки од областа македонски јазик. Во моментов работи на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ како научен соработник, а ангажиран e и на Филолошкиот факултет во Скопје. Најдобар млад научник во природно-математичките и техничките науки е Кимет Јусуфи, чиешто поле на истражување се гравитацијата и квантната механика. Во моментов е професор по физика во Гимназијата „Гостивар“ во Гостивар и доцент на Државниот Универзитет во Тетовo. Најдобра млада научничка во медицинските науки е Моника Ѓорѓиева, која докторирала на Универзитетот Клод Бернард Лион 1. Во моментов таа е фокусирана на не-геномски молекуларни промени во црниот дроб коишто може да доведат до развој на тумори во овој орган. Најдобра млада иноваторка е Весна Бачева која завршила на светски познатиот Федерален технолошки институт на Швајцарија, а магистерскиот труд го изработила во IBM Research во Цирих, една од 12-те лаборатории на IBM во светот. Во категоријата млад талент, за ученици и ученички од средните училишта, признанието „Успешни млади“ е врачено на Ангела Бушеска која освоила златни и сребрени медали за најдобар дебатер на интернационалните олимпијади World Scholar’s Cup и Owlypia. Таа е вљубеник и во математиката, а досега спровела и неколку истражувања во областа на екологијата, физиката и хемијата. Добитник на признанието за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата за млади со попреченост е Ардиан Шабани, кој е активен спортист во здружението „Активен живот“ во Тетово и редовен член на Спортската федерација на Северна Македонија. Ардиан во март минатата година, на светските специјални игри во Абу Даби освоил бронзен и сребрен медал во две различни категории. За најдобара млада уметничка е избрана Симона Димковска, која по завршениот Архитектонски факултет 2015-та дипломирала и на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје. На нејзината листа на добиени награди се вбројува и минатогодишната награда за млада актерка за улогите коишто ги толкувала во претставата „Физика на тагата“, награда од македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.Изборот на носителите на признанието го прави посебна комисија составена од 23 членови, меѓу кои академици од МАНУ, реномирани проефесори од областа на природните, техничките и општествените науки од универзитети во Република Северна Македонија и од странство, експерти од областа на медицината, бизнис заедницата и културата.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Општина Аеродром објави јавен повик за избор на асистенти за деца со посебни образовни потреби

Општина Аеродром денеска објави јавен повик на кој можат да се пријават сите невработени лица и студенти што се заинтересирани да се вклучат за поддршка на процесот на инклузија на децата со посебни образовни потреби, ученици од прво до трето одделение во основните училишта на подрачјето на Општината.Проектот опфаќа работно ангажирање на лица со скратено работно време за период од пет месеци, со скратено работно време од дваесет работни часа неделно.Кандидатите што ќе се пријават на јавниот повик треба да ги исполнуваат следниве услови:1. Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник со завршено образование VII/1 степен т. е. VI А според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т. е. VI А според МРК или 240 ЕКТС), односно наставник во предметна настава (VII/1 степен т. е. VI А според МРК или 240 ЕКТС);2. Студенти од завршната година на педагошки и наставнички факултети (специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, наставник во одделенска настава и наставник во предметна настава).Заинтересираните кандидати треба да достават Пријава со прилог доказ за завршено образование (фотокопија) или потврда од соодветниот факултет на следнава адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ бр. 109 Б, 1000 Скопје, до Сектор за образование, спорт, култура и заштита.Доколку на огласот не се пријави лице со образование наведено во точка 1 и 2, образовен асистент може да биде и лице со завршено најмалку четврто ниво на квалификации според македонската рамка на квалификации (МРК).Избраните кандидати треба да достават доказ од Основен суд 1 – Скопје дека не им е изречена со правосилна судска пресуда казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.Месечниот паричен надоместок изнесува 15.000,00 денари бруто износ, со вклучени персонален данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.Крајниот рок за доставување на апликациите е 15.01.2021 година, до 15:00 часот.

Скопје | пред 5 години

Policija-i-inspekcija

Кривична пријава за сопственик на објект што работел по дозволеното време

На 23.12.2020 во 00.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово, констатирале дека угостителски објект во с.Пирок, тетовско, сопственост на Г.П.(45), работел по дозволеното време и во него се наоѓале неколку лица, поради што на сопственикот на објектот ќе му биде поднесена соодветна пријава по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Македонија | пред 5 години

covid-19-vakcina

Вакцините за КОВИД-19 се очекуваат во првите месеци од 2021 година

На денешната прес-конференција, на која портпаролите на Владата информираа за заклучоците и одлуките од вчерашната 32-ра седница, на прашањето во врска со набавката и пристигнувањето на вакцината против КОВИД-19 беше одговорено дека се користат сите инструменти, вклучувајќи го и КОВАКС механизмот, кој беше прв на располагање.„Веќе се обезбедени 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамки на КОВАКС механизмот. Согласно планот за дистрибуција, вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021. Покрај овој механизам, започнавме преговори и за директна набавка од компаниите, кои ги произведуваат вакцините. Предвиден е и трет механизам преку Европската Унија која е во постапка за набавка на 200 милиони вакцини за земјите членки и за уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од унијата. Ние аплициравме за дополнителни 800.000 дози од овие 100 милиони. Дел од првата пратка на вакцини што ќе стигнат во Грција ќе бидат наменети за нашите граѓани. Ова e потврдено уште еднаш во телефонски разговор со грчкиот премиер Мицотакис“, одговори портпаролот Душко Арсовски.Во врска со планот за тоа по кој редослед ќе се вакцинираат граѓаните во нашата држава, портпаролите на Владата, истакнаа дека, штом биде достапна вакцината во земјава, први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други на првата линија во борбата со пандемијата, потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и останатите на приоритетната листа. Потоа, ќе се вакцинираат политичарите и како што најави премиерот Заев и тој ќе даде личен пример во насока на давање поддршка во напорите за сузбивање на Ковид-19.Беше истакнато дека според следењето на процесот на развој, кој нашата држава го прави од сите клинички студии за вакцината, Владата верува во нејзината безбедност и во тврдењата на научниците дека со неа ќе се подигне имунитетот на луѓето.На прашањето дали за влез во Косово од нашата земја е потребен ПЦР тест, портпаролот Муамед Хоџа одговори дека засега таква информација не е пристигната до Владата.„Сè уште официјално не сме известени дека за Косово е потребен ПЦР тест. Немаме известување за ваква одлука од страна на Косово или од нашите власти. Ако има ваква одлука, нашата јавност ќе биде информирана. Владата нема донесено ниту одлука за реципроцитет за државјаните на Косово“, рече портпаролот Хоџа.Во врска со смртноста во последните неколку месеци на КОВИД пациенти, беше одговорено дека Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје водат евиденција за возраста, полот, местото од кое доаѓа и коморбидитети, на сите пациенти кои се починати во здравствените установи во земјава, а биел позитивни на Ковид 19. Најголем дел од егзитирани пациенти се со други болести кои дополнително ја влошиле нивната состојба. Околу 90 проценти од сите пациенти кои се починати, имале најмалку една, до две други болести, што дополнително ја влошиле нивната здравствена состојба и довеле до смртен исход. Најчести болести кои ги имале тие пациенти, заразени со КОВИД-19, се кардиоваскуларни болести, дијабет, болести на бубрезите и пулмолошки болести. Дел од пациентите кои починале биле со карцином во понапредна фаза или имале тешка хируршка интервенција после која настапила смрт, информираа Владините портпароли, кои посочија дека детална анализа за морталитетот на сите лица од КОВИД-19 за целиот период од почетокот на пандемијата ќе биде објавена дополнително.

Македонија | пред 5 години

chebren

Отворени понудите во претквалификацијата за Чебрен на десет големи светски енергетски и градежни компании

Десет големи светски компании од областа на енергетиката и градежништвото поднесоа понуди во фазата за претквалификација за проектот Чебрен, односно за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроцентрали на Црна Река.Комисијата формирана од Владата во наредниот период ќе изврши евалуација на пристигнатите апликации дали ги исполнуваат условите од тендерската документација. Квалификуваните понудувачи ќе бидат поканети во втората фаза, во која ќе можат да достават комплетни понуди за проектот и за нивно учество во Јавно-приватно партнерство со АД Електрани на Северна Македонија за изградба на овој капитален енергетски објект.Комисија надлежна за тендерот за Чебрен денеска ги отвори пристигнатите понуди за квалификација и утврди дека се пријавени 10 компании.1. CONSORTIUM ЕNКА – COLIN - ТУРЦИЈА2. CONSORTIUM PPC – ARCHIRODON -ГРЦИЈА3. EDF - ФРАНЦИЈА4. CONSORTIUM COBRA - COBRA HIDRAULIKA - ШПАНИЈА5. CONSORTIUM EVN - VERBUND - АВСТРИЈА6. WEBUILD SPA ITALIA (SALINI) - ИТАЛИЈА7. GEZHOUBA GROUP CHINA - КИНА8. POWER CONSTRUCTION CORPORATION OF CHINA - КИНА9. CONZORTIUM OZALTIN - YAPI MERKEZI - ТУРЦИЈА10. CONSORCIUM EIFFAGE-WATERLU-ANDRITZ-NORCONSULT - ФРАНЦИЈА, АВСТРИЈАВладата на Северна Македонија, преку АД ЕСМ ќе ангажира трансакциски советник кој треба да ја изработи тендерската документација за втората фаза, со цел успешна реализација на проектот.За проектот Чебрен се правени бројни обиди наназад низ годините оваа голема хидроелектрана да се изгради, но проектот до денес не успеа да се спроведе. Оваа Влада направи сериозни напори и подготовки одново да го стартува проектот и овој пат да се реализира успешно.ХЕ Чебрен се планира да се оствари по принципот на јавно-приватно партнерство (ЈПП ), во кое ЕСМ ќе биде јавниот партнер во име на државата во овој голем проект чија инвестициска вредност ќе изнесува минимум 500 - 600 милиони евра.Хидроелектраната ќе има инсталирана моќност од 333-458 MW, за годишно производство од 1000-1200 GWh електрична енергија (ЕСМ сега вкупно годишно произведува околу 4000 GWh) и со годишна заштеда од 913 000 тони на CО2.

Македонија | пред 5 години

23122020_press_bochvarski-1

Бочварски: За 100 дена Влада капиталните проекти ги реализиравме со голем интензитет, продолжуваме со исто темпо

Министерството за транспорт и врски и во услови на оваа здравствена криза и понатаму останува мотор на домашната економија. Проектите што ги реализираме не само што не се забавени, туку во овие стотина дена од новата Влада, добија на поголем интензитет, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција на која информираше за реализираните активности на министерството во првите 100 дена.Показател за тоа, потенцираше министерот Бочварски е движењето на градежниот сектор кој во третиот квартал оствари раст од 3,4 процентни поени како и фактот што во градежните компании нема отпуштање на вработени.“Завршивме со изградба на првиот дел од експресниот пат Штип-Кочани, односно ја пуштивме во употреба делницата Штип-Крупиште. Интензивно продолживме со изградба на експресниот пат Штип-Радовиш и експресниот пат Ранковце-Крива Паланка. На вчерашната седница на Влада донесовме одлука на Влада за преземање на градежните активности од нов изведувач на експресниот пат од Градско до Прилеп, односно делница Градско–Дреново. Тоа значи дека сега имаме чист терен за работа и активно продолжуваме со изградба на оваа значајна патна врска кон Пелагонија.Понатаму, ги завршивме сите нови проекти што беа пропуштени при изградба на автопатот Кичево-Охрид и сега имаме забрзана динамика на изградба. Уште еден значаен проект кој го работи Министерството за транспорт и врски е проектот за изградба и санација на локални патишта вреден 70 милиони евра. Деновиве ќе потпишеме договор со изведувач и отпочнуваме со реконструкција на 27 патишта во 13 општини” изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.Во делот на железничкиот сообраќај министерот истакна дека е завршена изградбата на пругата Битола – Кременица, а министерството е во фаза на издавање на употребна дозвола за користење на пругата.Понатаму министерот Бочварски се осврна и на проектите во комуналната инфраструктура каде активно се работи на преку 20 проекти за изградба и реконструкција на канализациона и водоводна мрежа, на отпочнување наизработка на нов Закон за градење како и договор за изработка на ГУП за Град Скопје.“Во насока на обезбедување на дом за ранливи категории граѓани, преку АД за стопанисување со станбен и деловен простор, започнавме со изградба на две нови социјални згради во Демир Капија со 16 станови и Гевгелија со 52 станови. Набрзо очекуваме започнување на нова зграда и во Велес со 29 станови. Во овој момент се градат вкупно 576 социјални станови”, потенцираше министерот Благој Бочварски.

Македонија | пред 5 години

nova-pesna

(ВИДЕО) Продуцентско трио „Би-Ди-Ем“ ја промовираше новата песна „Stay“

Македонското продуцентско трио „Би-Ди-Ем“, односно Бранко и Дуле Вељановски и Мартин Делимитов денес го промовира шестиот сингл, песната Stay, која е во соработка со Јова. Ова е нивни втор заеднички проект, откако во летото 2018 година ја направија песната Lee. Покрај македонската, песната Stay ќе има и светска помоција на најголемите музички платформи, Amazon, Spotify, Deezer, iTunes и други.Од „Би-Ди-Ем“ најавија дека на почетокот на 2021 година ќе излезе и ремиксот за Stay, а го работат со холандскиот продуцент Марко. 

Магазин | пред 5 години

kej-1

Охрид ќе добие нов кеј, Владата ги обезбеди првите 38 милиони денари наменети за реконструкција

Охрид ќе добие нов кеј, најави на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, константин Георгиески.Георгиески во својата објава пишува:Со гордост можам да кажам дека со одлука на Влада се обезбедени првите 38 милиони денари наменети за реконструкција на кејот.Градот заслужува да има вистински современ лик, достоен за еден културен и туристички центар на земјата.Наскоро, насекаде познатиот кеј во Охрид, ќе блесне во ново современо руво.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања