Николоски: Понудата за лидерска средба се уште важи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
protets-9-nikoloski

Иако формалниот претседател на СДСМ и премиер на македонската Влада, Димитар Ковачевски ја одби понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски за лидерска средба на која, меѓу другото, би се разговарало и за одредување на брз датум за предвремени парламентарни избори, понудата се уште стои отворена.

— реклама —

Ова го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од Неготино запрашан од новинарите, дали и покрај одбивањето на Ковачевски да седне на лидерска средба со Мицкоски, се уште важи понудата, при што додаде дека освен што понудата е отворена, ние сме спремни да разговараме со секој во СДСМ кој што ги носи одлуките, како на пример Зоран Заев, Радмила Шеќеринска или некој друг.

Николоски додаде дека единствен излез од економската и политичка криза на Македонија се предвремените парламентарни избори и тие треба да се одредат час поскоро, но до тогаш ја повика власта да ги прифати четирите тима со високи професионалци од четирите клучни сектори кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, со цел да не се губи време до одржувањето на изборите, овие тима да работат и да нудат решенија за излез од кризите кои ја зафатија Македонија.

— реклама —

„Ние дадовме десетина дена да размисли и еве да повторам оттука, доколку Димитар Ковачевски не е тој кој што ги носи одлуките во СДСМ, спремни сме да седнеме и да разговараме со тој кој што тие ќе го посочат дека ги носи одлуките во СДСМ. Ако е Зоран Заев, Зоран Заев ако е Радмила Шеќеринска, Радмила Шеќеринска ако е некој трет, тој кој што ќе го посочат. Потребно е Македонија да излезе од политичката и економска криза, преку решенија во четирите клучни сектори, економија, надворешни работи евро интеграции и односи со Бугарија и заштита на македонскиот национален идентитет, образование и здравство. И секако определување на брз датум за предвремени избори, затоа што излез од оваа криза се само предвремени избори, а додека да се случат тие предвремени избори, да не се губи времето и овие четири тима да работат. Нашата понуда стои и е отворена, оставаме на нивната политичка свест и одговорност“, рече Николоски.

Николоски посочи дека Македонија е единствената држава во Европа која што се соочува со сериозни кризи, а каде власта одбива комуникација со опозицијата.

„Мислам дека во моментов, Македонија е единствена европска држава која што се соочува со криза во која што власта одбива комуникација со опозицијата, што покажува дека единствена намера им е само продолжување на криминалните практики“, истакна Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања