Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 31 пациент, а вкупно се лекуваат 476 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 31 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 476 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 11 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за неврологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија, еден пациент на Кожната клиника и шестмина на ТБЦ.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 8 болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 45 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 42 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 11 пациенти, а на ОРЛ 21 болен. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 110 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти.Вкупно 476 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците воглавниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 45 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

bacev-1

Единствена Македонија: Со новото пописно решение кое е спротивно на пописниот модел во ЕУ, Албанците ќе излезат преку 40 отсто

Ја информираме јавноста дека доколку биде прифатено предложеното решение за попис, според кое ќе се попишуваат сите жители без оглед на временскиот период на отсуство, тогаш Албанците според договореното сценарио ќе излезат преку 40 отсто од населението во државата, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото се додава:Пописниот фалсификат ќе се изведе на начин што ќе се попишуваат како жители и Албанци кои не живеат и со години не влегле во Македонија само врз основа на изјава на некој член од семејството иако стандарден европски модел во Европската унија е да се регистрираат сите кои барем во последните 12 месеци влегле во државата. Патем, ќе се пребројуваат исти лица по три пати: при спроведување на пописот во Косово, во Албанија и Македонија за да лажно ја претстават нивната бројка во регионот.Јавноста го прашува Заев, нели негови вредности се европските вредности и зошто сега прифаќа решение во Законот за попис кое е спротивно со пописниот модел во ЕУ.Потсетуваме на фалсификуваниот попис од 2002 и лажното прикажување на Албанците дека се 25,17 отсто, со цел, да ги задоволи потребите од т.н. рамковен договор, кој предвидува Албанците да ги добијат правата ако учествуваат над 20 отсто од населението. За ова постои кривична пријава од Единствена Македонија од 24.09.2009 и од приложените факти и докази се гледа дека албанското малцинство е околу 16 отсто од населението. Но, до денешен ден кривичната пријава останува закочена во обвинителската фиока.Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис во 2021, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ. Единствена Македонија, исто како и македонскиот народ, секој обид за фалсификување на пописот ќе го смета за велепредавство спрема Републиката.

Македонија | пред 5 години

gruevski

„Груевски ќе се врати во земјава и ќе ја одлежи својата казна“, тврди министерот Спасовски

Некогашниот премиер на Македонија, Никола Груевски  веќе втората година е во Унгарија. Неговото  бегство предизвика низа реакции и критики кон Министерството за внатрешни работи поради тоа што „дозволиле Груевски да избега“.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е убеден во нешто друго. Тој за ТВ 24 вели:„Груевски ќе се врати во земјава и ќе ја одлежи својата казна“, истакна Спасовски во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24.

Македонија | пред 5 години

skopje-2

Брима галуп: Македонците оптимисти, 2021 година ќе биде подобра од 2020

Македонските граѓани сметаат дека , но не се оптимисти во однос на економскиот просперитет, покажува истражувањето на БРИМА.Според анкетата спроведена од 1 до 9 декември 2020 година на 504 лица постари од 18 години, граѓаните се релативно среќни или 29 отсто одговориле дека се чувствуваат среќно, 38 проценти дека се ниту среќни ниту несреќни, а 32 отсто се чувстуваат несреќно.Глобалниот индекс на надеж во глобални рамки изнесува +19 отсто, а во земјава +24 проценти. Индексот на среќа, пак, на светско ниво е +40 отсто, а во Северна Македонија -3 проценти.-На прашањето „Дали сметате дека 2021 година ќе биде подобра, полоша или иста со 2020 година, повеќе од двајца од пет анкетирани на глобално ниво (43 отсто) одговориле дека следните дванаесет месеци ќе бидат подобри од претходните, 24 отсто сметаат дека ќе биде полошо и 26 проценти дека ќе остане исто. Во земјава скоро двојно повеќе анкетирани очекуваат дека 2021 година ќе биде подобра (50 отсто) во однос на оние кои очекуваат дека ќе биде полоша (26 проценти), 22 отсто сметаат дека ќе биде иста и три проценти не знаат. На прашањето „Дали во споредба со оваа година, следната ќе биде година на економски просперитет, економски потешкотии или ќе остане иста за нашата земја”, во Северна Македонија повеќе од половина анкетирани рекле дека 2021 година ќе биде година на економски потешкотии (52 отсто), наспроти 28 проценти кои сметаат дека ќе биде година на економски просперитет, додека 18 отсто очекуваат дека ќе биде иста како и претходната, покажува истражувањето.На глобално ниво, скоро половината анкетирани граѓани очекуваат дека 2021 година ќе биде година со економски потешкотии (46 отсто), 25 отсто очекуваат дека ќе биде година на економски просперитет и близу на тоа сметаат дека ќе биде иста како и претходната (24 проценти).-Сликата за економскиот просперитет на глобално ниво е под силно влијание на одговорите на граѓаните од ЕУ кај кој изразито доминира песимизмот. Ваквите одговори се должат на фактот дека пандемијата во многу земји на ЕУ не покажува знаци дека е под контрола. Вкупно 63 отсто сметаат дека следната година ќе биде година на економски потешкотии, оценува БРИМА.Во однос на Индексот на среќа и прашањето „Дали, општо земено, лично се чувствувате многу среќно, среќно, ниту среќно ниту несреќно, несреќно или многу несреќно во животот?”, на глобално ниво и покрај економскиот песимизам, среќата доминира. Вкупно 54 отсто од светската популација се опишува себеси како среќна (многу среќни 13 отсто + среќни 41 процент), a 14 отсто како несреќна (несреќни 10 отсто + многу несреќни 4 отсто).Годишниот глобален извештај на Gallup International Association на тема „Очекувањата на граѓаните на светот за 2021 година” беше спроведен во повеќе од 40 земји при што беа анкетирани повеќе од 38.000 граѓани во светот. Генералниот заклучок е дека ако 2020-та ќе биде запамтена како година на пандемија и карантин, светската популација е пооптимистична за 2021 година.Северна Македонија беше дел од ова истражување што го спроведе истражувачката агенција БРИМА, членка на Gallup International.

Македонија | пред 5 години

korona-3

Парична награда за воено - медицинскиот кадар вклучен во борбата со епидемијата

Медицинските работници од Министерството за одбрана кои се вклучени во лекувањето на болните од КОВИД-19 ќе добијат парична награда која, во зависност од специјалноста, се движи од 20.000 до 30.000 денари.-Владата го прифати предлогот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за исплата на еднократна парична награда на медицинските работници од Министерството за одбрана кои што се вклучени во лекувањето на болните од КОВИД-19. Износот на паричната награда за нивната пожртвуваност, во зависност од специјалноста, се движи од 20 000 до 30 000 денари, информираат од Министерството за одбрана.Оттаму додаваат дека во изминатите месеци голем дел од медицинскиот персонал од Воено медицинскиот центар активно се вклучил во борбата со Ковид-19 во Центарот за јавно здравје и во ГОБ 8-ми Септември, а во последниот месец дал поддршка на колегите од јавното здравство во Инфективната клиника, Клиниката за пулмофтизиологија и на пренаменетите Клиники за интерни болести.

Македонија | пред 5 години

niva-so-kanabis

Обвинителен акт за татко и син заради дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против две лица, татко и син на возраст од 56 и 33 години, кои како соизвршители го сториле кривичното дело –Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, а едниот од нив и кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Во планински предел кај место викано Јаворица во близина на викенд куќа во сопственост на осомничените, на 28 септември 2020 година овластени службени лица пронајдоа 65 стебла од растението Канабис Сатива со чија обработка се добива наркотичната дрога марихуана. Осомничените, татко и син, неовластено заради продажба го произведувале растението, за што обезбедиле и опрема за наводнување и обработка на насадите. При претресот, пронајдено е и оружје кое еден од осомничените неовластено го држел и тоа 8 патрони – 12 мм за ловечка пушка, 38 куршуми калибар 7,9 мм и затворач за пушка М-48 и ловечка пушка марка Црвена Застава Крагуевка со калибар 12мм.Заедно со обвинението јавениот обвинител до надлежниот суд достави предлог за продолжување на определената мерка притвор за двајцата осомничени.​​

Македонија | пред 5 години

radar-policija

190 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 24 санкции, 13 за нерегистрирани возила, 7 мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, 17 санкции за користење на мобилен телефон. Изречени се 11 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 54 мерки за непрописно паркирани возила и 51 возило се подигнати со „пајак“ службата.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

Zaev-Borisov-F

Заев му се заблагодари на Борисов за вакцините: Ова е исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ

По одлуката за донации на вакцини, премиерот Зоран Заев на Фејсбук објави дека лично му се заблагодарил на бугарскиот премиер Бојко Борисов, како и на Владата на Бугарија и бугарскиот народ за солидарниот и хуман гест.„Ова е исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Северна Македонија.Во благодарноста на премиерот Борисов му пренесов дека донирањето на дел од вакцините кои ги набави бугарската влада е многу важно и доаѓа во исклучително тешки времиња на силен бран на коронавирусот со кој се соочуваат двата народи, двете држави и целиот свет“, вели Заев.

Македонија | пред 5 години

prostor

Уредување на просторот каде претходно се наоѓаше спомен бистата на Прличев

Се уредува просторот пред охридската библиотека, каде што претходно се наоѓаше спомен бистата на охридскиот лауреат Григор Прличев.Местото во паркот каде што беа поставени бекатон плочки, сега се отстрануваат при што ќе се постави трева и соодветно уреди.

Македонија | пред 5 години

struja-2

ИРЛ: По градежниот бизнис, МПЦ се вклучува и во бизнисот со струја

По градежниот бизнис, Македонската православна црква се вклучува и во бизнисот со струја. МПЦ заедно со уште четворица партнери на 25 ноември основале компанија за производство на електрична енергија, објави irl.mk. Освен МПЦ, основачи на компанијата „Друштво за производство на елекрична енергија Хец Драгов дол коо Кичево“ се и Сретен Миладиновски, Александра Аврамовска, Слободан Јовески и фирмата „Мелничко пекарска индустрија Жито Караорман АД Кичево“.Митрополитот Тимотеј на Дебарско – кичевската епархија за ИРЛ вели дека одлучиле да вложат во изградба на мала хидроцентрала.„Планирано е хидроцентралата да се гради на реката Треска, но идејата се уште е во зародиш. Кај нас често се случува некои работи да се започнат, но не секогаш се завршуваат. Се надевам дека оваа идеја ќе се реализира“, вели Митрополитот Тимотеј за   irl.mk. Управата за јавни приходи лани во јануари најави дека истражува дали МПЦ – ОА работи законски, но досега нема никаков резултат од оваа истрага.Текстот во целост на: irl.mk. 

Македонија | пред 5 години

petardi2

Запленети над 2000 пиротехнички средства, приведен 35-годишен маж

Денеска  во 16.50 часот на плоштад Маршал Тито во Куманово приведен е С.М. (35) од Куманово бидејќи кај него биле пронајдени пиротехнички средства. Извршен е и претрес на дом и вкупно се пронајдени 2059 парчиња пиротехнички средства. Против С.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

Arafat-Muaremi

Се одвиткува клопчето со „Еуростандард банка“, Муареми вели дека се на добар пат да докажат каде завршиле парите

Директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми вечерва изјави дека се на добар пат да докажат каде завршиле парите од „Еуростандард банка“.– На добар пат сме да ја докажеме одговорноста на сите вмешани страни кои се дел од оваа алка. На почеток мислевме дека не е толку организирано, но кога веќе почнавме да истражуваме во самата банка и по добиените банкарски сметки од неколку фирми, веќе утврдивме голема мрежа која може да кажеме дека не се работи за 140, туку за повеќе фирми, истакна рече Муареми во гостувањето во Телевизија 24.Муареми додаде дека тешко е да се докаже каде завршуваат парите, бидејќи не секогаш тие завршуваат во нашата држава, некогаш се прелеваат во друга дражава.

Македонија | пред 5 години

ikoni-crkva

Приведен крадец за тешка кражба во црква

На 21.12.2020 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.В.(38) од Крива Паланка, со живеалиште во Скопје, поради основано сомнение дека на 20.12.2020 извршил тешка кражба, односно со употреба на сила и подесен алат влегол во црквата Св.„Кузман и Дамјан” во атарот на с.Говрлево, општина Сопиште, и одзел пари.Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото. Истиот ден (21.12.2020), врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот каде што престојува, при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Судија на претходна постапка во Кривичен суд Скопје му одредил мерка притвор.

Македонија | пред 5 години

covid-19-vakcina

Владата додели задолженија за итна подготовка на акциски планови за прием, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19

На предлог на Министерството за здравство, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за вакцинацијата против КОВИД-19, и ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Царинската управа и Министерството за здравство во рок од 7 (седум) работни дена да изготват и достават до Министерството за здравство сопствени акциски планови (активност, надлежна внатрешна организациона единица, овластено лице/овластени лица, рокови) и стандардни оперативни процедури (СОП) за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19, согласно нивната надлежност и нивната улога во спроведувањето на Националниот план за вакцинација против КОВИД-19.Во врска со оваа информација Владата му препорачува на ТАВ Македонија ДООЕЛ Скопје во рок од 7 (седум) работни дена да изготви и достави до Министерството за здравство сопствен акциски план (активност, надлежна внатрешна организациона единица, овластено лице/овластени лица, рокови) и стандардни оперативни процедури (СОП) за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19.Министерството за финансии и Бирото за јавни набавки, во соработка со Министерството за здравство, во рок од најдоцна 5 (пет) дена треба да изготват Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки со што ќе се овозможи плаќање на аванс поголем од 20% од цената и ослободување од обврската за обезбедување банкарска гаранција за авансно плаќање во постапките за јавни набавки директно поврзани со справувањето со епидемии и пандемии на заразни болести.На оваа своја седница Владата ја дополни одлуката за спречување на ширењето на КОВИД-19 со обврска за секој патник од Велика Британија и Северна Ирска што влегува во земјата на било кој граничен премин задолжителниот карантин во домашна изолација да ги спроведува врз основа на изјава која ќе ја пополнува на граничниот премин при влез во земјата, а патниците што транзитираат имаат обврска земјата да ја напуштат во рок 24 часа.

Македонија | пред 5 години

prespansko-ezeo

Одобрен Акцискиот план за Преспанското Езеро со првични средства во износ од 44.000.000 денари

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата со анализа и акцискиот план за Преспанското Езеро, подготвена од Експертската работна група за Преспанско Eзеро.Владата ги задолжи надлежните институции утврдени во Акцискиот план за Преспанско Eзеро, да обезбедат финансиски средства за реализација на мерките на Акцискиот план за Преспанското Езеро, и во таа насока донесе Одлука за одобрување првични средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во износ од 44.000.000 денари на општина Ресен, за решавање на проблемот со состојбата на Преспанското Eзеро.Ваква Одлука за одобрување на средства во висина од 30.000.000 денари од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година донесе и за општина Дојран за решавање на проблемот со состојбата на Дојранското Eзеро.

Македонија | пред 5 години

gradezen-otpad

Владата го усвои пакетот закони за селекција и управување со отпадот според ЕУ стандарди

Владата на Република Северна Македонија на денешната 32 седница ги утврди текстовите на предлог законите за управување со отпадот, на законот за проширена одговорност на производителот во управувањето со посебни текови на отпад, на законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, на предлог законот за управување со дополнителни текови на отпад во системот за проширена одговорност на производителите, на предлог законот за управување со пакување и отпад од пакување, како и на предлог законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори.Сите овие предлози за закони се во согласност со регулативата на ЕУ за управување со отпадот и со нив комплетно ќе се имплементираат принципите на циркуларна економија во управувањето со отпадот.Суштинските придобивки од законските решенија што се донесуваат, од кои некои од нив за прв пат во нашата земја, меѓу другото се:- Зајакнување на обврските за производителите и колективните постапувачи, како и општините за да се обезбеди потребното селектирање на отпадот;- Воведување хиерархија во постапувањето со отпадот, утврдување на статус на секундарните суровини и укинување на статусот на отпад за производите кои можат да се реискористат, рециклираат и преработат за да не завршуваат на депонииите;- Воведување финансиска одговорност за производителите на пакување, батерии и акумулатори, електричен и електронски отпад, како и сосема нови текови на отпад со искористени возила, отпадни масла, отпадни гуми и текстил;- Предвидена е забрана за пластични ќеси, еколошки дизајн на пакувањата и можности за кауција и стимулација на повратна амбалажа.Од овие законски решенија кои ќе бидат доставени на усвојување во Собранието, одговорноста за целиот циклус на отпадот од производство до рециклажа е на производителот, а граѓаните ќе бидат задолжени да вршат селекцијата на отпадот, додека општините заедно со колективните постапувачи ќе имаат јасни обврски да им ги овозможат сите неопходни услови за селекција на отпадот на сите граѓани.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Џафери: Наместо цигари, да пушиме марихуана, сметам дека не се создадени перцептивни предуслови кај нас

 -Наместо цигари, да пушиме марихуана, сметам дека не се создадени перцептивни предуслови кај нашите граѓани по ова прашање и не се создадени предуслови за општа легализација за рекреативна употреба – рече претседателот на парламентот Талат Џафери на ТВ 21.Ставот на Џафери доаѓа окако премиерот Зоран Заев најави декриминализација и легализација на употребата на марихуана. 

Македонија | пред 5 години

korona-test

Починати 26 и нови 758 случаи на ковид-19 денеска во земјава, од нив најмногу во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2562 тестирања, а регистрирани се 758 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-324, Куманово-43, Штип-22, Прилеп-46, Тетово-21, Струга-27, Велес-26, Битола-23, Охрид-28, Кавадарци-36, Гостивар-32, Гевгелија-17, Струмица-26, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Кочани-19, Пробиштип-1, Пехчево-2, Берово-2, Валандово-8, Виница-2, Делчево-8, Кратово-4, Свети Николе-6, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-11.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 944 оздравени пациенти од: Скопје-270, Куманово-51, Дебар-24, Штип-25, Прилеп-69, Тетово-36, Струга-43, Велес-51, Битола-53, Охрид-46, Кавадарци-53, Гостивар-44, Гевгелија-30, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-12, Кочани-19, Пробиштип-7, Демир Хисар-1, Пехчево-2, Берово-8, Валандово-6, Кратово-3, Свети Николе-15, Кичево-19, Ресен-13 и Неготино-18.Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (42, 65, 74, 83, 69, 80 и 86г), двајца од Куманово (87 и 52г), еден од Дебар (80г), пет од Прилеп (65, 79, 65, 61 и 76г), еден од Струга (62г), двајца од Битола (77 и 69г), четири пациенти од Охрид (62, 70, 57 и 81г), еден од Свети Николе (65г), двајца од Кичево (64 и 77г) и еден пациент од Неготино (74г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79190, бројката на оздравени пациенти е 56099, на починати е 2340, а бројот на активни случаи изнесува 20751. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 34165, активни 11653• Куманово 4511, активни 565• Дебар 590, активни 114• Штип 3215, активни 359• Прилеп 3992, активни 765• Тетово 4631, активни 956• Струга 1931, активни 387• Велес 2630, активни 544• Битола 2889, активни 683• Охрид 2245, активни 604• Кавадарци 1928, активни 540• Гостивар 3263, активни 645• Гевгелија 1077 активни 301 (73 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 183 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2184, активни 625• Крива Паланка 570, активни 118• Радовиш 583, активни 126• Крушево 155, активни 68• Кочани 1536, активни 255• Пробиштип 429, активни 46• Демир Хисар 227, активни 38• Македонски Брод 208, активни 33• Пехчево 131, активни 15• Берово 471, активни 70• Валандово 282, активни 57• Виница 432, активни 67• Делчево 651, активни 219 (179 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 185, активни 25• Свети Николе 1016, активни 136• Кичево 1526, активни 268• Ресен 602, активни 138• Неготино 935, активни 331 (150 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2562 теста се преку: ИЈЗ-446, ЦЈЗ Скопје-75, Авицена-271, Биотек-256, МАНУ -119, Жан Митрев (Филип Втори)-175, Систина со PCR метода -180, лабораторија Лаор –31, Судска медицина-8, ЦЈЗ Битола-32, Инфективна клиника-1, ГАК-14, Синлаб-66, Ремедика-38, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -830, УК Пулмологија со алергологија –2, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 383.769 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

nuredini

Нуредини: Ќе се забранат пластични ќеси- ќе се воведе еколошки дизајн на пакувањата

„Соочени со бројните долгогодишни предизвици во животната средина во време на пандемија, се фокусиравме на воведување политики кои ќе обезбедат подобра имплементација на еколошките стандарди и заштита на нашата околина, но и преземавме конкретни мерки за обезбедување на правото на здрава животна средина на секој граѓанин“, изјави министерот Насер Нуредини давајќи отчет за работата на Министерството за животна средина и просторно планирање во првите 100 дена од новата Влада.Тој посочи дека до Собранието се поднесени измени на девет закони од областа на животната средина, во кои се предвидени до дваесет пати повисоки казни за загадувачите, и дополнително со новиот Закон за прекршоците е предвидено е секој што ќе ги прекрши законите од областа на животната средина или нема да работи согласно дозволите, покрај тоа што ќе мора да ја плати казната, ќе треба да ја надомести и сторената штета.Подобрувањата на регулативата и построгите стандарди главно се фокусирани во три клучни области: рамковниот закон за животна средина, на воздухот и на отпадот.„Со предложените измени на Законот за животна средина создадовме алатка за справување со историското загадување и жешки точки во државата преку утврдување на методологија за идентификација и систем за ремедијација на историското загадување и жешки точки, со конкретни обврски за ремедијација и со пропишување на содржината на планот со кој истата ќе се спроведува согласно светските стандарди. Дополнително, се утврдија нови надоместоци за животна средина според испуштените емисии, заради стимулирање на еколошки возила. Истовремено, изготвивме и доставивме до Собранието и измени на Законот за квалитет на амбиентниот воздух со кои се утврдија критериуми и донесување на листа на општини кои ќе мораат да изготват планови за чист воздух за своите граѓани. Дополнително, согласно ЕУ-законодавството, се пропиша обврска за донесување краткорочни акциски планови во периодите кога имаме високи концентрации на загадување во одредени општини, кои ќе мора да бидат одобрени од Министерството за животна средина и просторно планирање и да содржат конкретни задолжителни мерки кои се однесуваат на транспортот, индустријата, ранливите групи, работното време и така натаму. Доколку општините не ги спроведат овие мерки, Владата ќе може да предвиди стапување на сила на вакви рестрикции не само како препораки, туку како наредби“, потенцираше Нуредини.Започнати се и нови активности чии резултати во претстојниот период ќе бидат видливи за јавноста. Меѓу нив се законските решенија за кои веќе се изработени нацрт-верзии и за кои ќе следи процес на јавна консултација: нов Закон за природа, Закон за контрола на индустриски емисии и Закон за инспекција во животната средина. Како мошне важен исчекор на Министерството, во поставувањето на повисоки еколошки стандарди во државата, според Нуредини, е изработката на сетот на шест нови закони за управување со отпадот, со кои комплетно ќе се имплементираат принципите на циркуларна економија во управувањето со отпадот. Предлог-законите се веќе во владина постапката и во најкус можен рок ќе бидат испратени во Собранието.Суштинските придобивки, како што нагласи министерот за животна средина, сè што ќе се зајакнат обврските за производителите и колективните постапувачи, како и општините за да се обезбеди потребното селектирање на отпадот. Се воведува хиерархија во постапувањето со отпадот, утврдување статус на секундарните суровини и укинување на статусот на отпад за производите кои можат да се реискористат, рециклираат и преработат за да не завршуваат на депониите.Се воведува финансиска одговорност за производителите на пакување, батерии и акумулатори, електричен и електронски отпад, како и сосема нови текови на отпад со искористени возила, отпадни масла, отпадни гуми и текстил. Предвидена е забрана за пластични ќеси, еколошки дизајн на пакувањата и можности за кауција и стимулација на повратна амбалажа.Одговорноста за целиот финансиски циклус на отпадот од посебните текови од производство до рециклажа е на производителот, а на граѓаните останува селекцијата на отпадот. Општините заедно со колективните постапувачи имаат јасни обврски за овозможување на оваа услуга на сите граѓани.Во делот на планските и стратешки политики, во првите сто дена, МЖСПП изработи Национален план за управување со отпад за периодот 2020-2030 и го заврши процесот на стратегиска оцена на животната средина на Планот. Исто така се изработи и нова Методологија за изработка на просторни планови во Република Северна Македонија, како подготвителна активност и почната е изработка на новиот современ и дигитализиран Просторен план на РСМ, со јасна визија за влијанијата на климатските промени за наредните 20 години.Сериозен прогрес е постигнат и од аспект на климатските заложби, па така, покрај изработката на првата работна верзија на нацрт-законот за климатска акција кој наскоро ќе започне да се разгледува во пошироки консултации во работни групи, доставен до Владата е и Трет двогодишен извештај за климатски промени и Ревидиран Национален утврден придонес кон Договорот од Париз со зголемена амбиција при што како држава ќе се обврземе за до 51% редукција на стакленичките гасови до 2030 година. Со изработка на овие плански документи РСМ е далеку понапред од соседните држави, па дури и од некои држави членки на ЕУ.„Исклучително сум горд што како Влада, на наша иницијатива, во првите сто дена прогласивме ново заштитено подрачје во државата. Осоговските Планини станаа заштитен предел со што на национално ниво процентот на заштитените подрачја се зголеми за 1,9 %, и обележавме значаен придонес во исполнување на Аичи целите на Конвенцијата за биолошка разновидност и препораките на ЕУ Директивите за живеалишта и птици“, рече Нуредини.Покрај тоа, беше изготвен е нацрт-закон за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, и комплетиран процесот на консултација со јавноста. И покрај предизвиците поради пандемијата, експертскиот тим и секторите на Министерството направија напор преку сите електронски канали за комуникација, медиумски презентации, отворени телефони и низа теренски активности и состаноци, да обезбедат учество на јавноста во креирањето на предлогот. Во тек е разгледување на пристигнатите коментари од голем број различни засегнати страни и теренски активности и дополнителни средби за усогласување и добивање финален, усогласен предлог-закон кој ќе ги обезбеди барањата пред сè од локалното население.Во информирањето за работата во првите 100 дена, министерот Нуредини реферираше и за активностите што се преземени во однос на трендот на намалување на водостојот на Преспанското Езеро, што веќе, за жал, достигнува алармантни размери, потенцирајќи дека централната и локалната власт, заедно со стручната јавност со ова прашање се занимава од почетокот на годината на национално и меѓународно ниво.„Во првите сто дена од новиот мандат јас остварив и директни средби и телефонски разговори со ресорните министри и високи претставници на Албанија и Грција заради започнување на работата на трилатералниот Преспа парк комитет и работните групи. Но, она за што сум посебно благодарен и горд е тоа што Експертската работна група за спас на Преспанското Езеро, со претставници од надлежните институции, академијата и невладиниот сектор ја заврши нашата домашна задача. Со исклучителен и студиозен напор Експертската работа група пристапи кон изработката на итен акционен план со мерки и приоритетни активности поради намалувањето на нивото на водата во Преспанско Езеро, прдружен со финансиска конструкција за имплементација на краткорочните и среднорочните документи. Планот е во владина процедура на усвојување, и сите документи се достапни за јавноста на нашата веб-страница. Искрено се надевам дека имплементацијата ќе почне во најкус можен рок, и дека ќе успееме да ги намалиме антропогените притисоци врз оваа клучна жешка точка на биодиверзитетот, која ги трпи последиците од климатските промени, природните циклусни осцилации, но и често пати неодговорното однесување на човекот кон природата“, рече Нуредини.„Со силна верба дека со поставување повисоки еколошки стандарди и дека со заеднички сили во поддршката, примената и контролата на исполнување на истите ќе успееме да ја зазелениме нашата држава и да обезбедиме здрави животни услови за сите нас. Потребно е многу мало невнимание за деградирање на животната средина, а многу време и посветеност за нејзино враќање во живот.Апелирам за вклученост и придонес на сите во борбата со загадувачите, во заложбите на институциите и во остварувањето на целите за одржлив развој. Зелениот развој е возможен, само бара одговорност од сите“, порача Нуредини.

Македонија | пред 5 години

spiro-ristovski

Спиро Ристовки ослободен од куќен притвор

Спиро Ристевски кој беше обвинет во предметот за организаторите на „27 април“ денеска е ослободен од домашен притвор, пренесува „А1ОН“.Судот донел одлука дека треба да се јавува во суд два пати месечно, а одземен му е пасошот и не смее да го напушта Скопје.Ристовски беше во домашен притвор од крајот на мај 2019 година, поради сомневање на Обвинителството дека може да избега или да влијае врз сведоци.Нему по овој предмет не може да му се изрече нова мерка куќен притвор бидејќи според Законот за кривична постапка, таа може да трае најмногу една година за дела чија затворска казна е до 15 години затвор. 

Македонија | пред 5 години

sela

Зијадин Села хоспитализиран, поради болки во градите

Портпаролот на Алијанса за Албанците, Флакрон Беџети преку пост на Фејсбук ја извести јавноста дека здравствената состојба на претседателот Села е стабилна и надвор од животна опасност. Тој истовремено им се заблагодари на медицинскиот персонал на Господ што Села е во добра здравствена состојба.„ Почитувани новинари и граѓани!Во текот на вчерашниот ден, претседателот на нашата партија, г-дин Зиадин Села, имаше болки во градите што беа причина да биде примен во Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. По прегледите, се востановило дека е во добра здравствена состојба и во стабилна состојба. Претседателот Села ќе се врати дома во текот на денешниот ден или утре и ќе продолжи со редовните секојдневни активности.Ви благодариме за интересот и грижата!“, напиша Беџети на Фејсбук.

Македонија | пред 5 години

bojan-lazare

Влада: Бојан Лазаревски поднесе оставка пред да биде назначен за в.д. директор на Агенција за филм

По денешната реакција на Државната комисија за спречување на корупцијата, Владата на Република Северна Македонија соопштува дека на вчерашната седница (21.12.2020 година) ја констатираше оставката на г-дин Бојан Лазаревски од функцијата член на Управниот одбор на Агенцијата за филм.Оставката на г-дин Лазаревски е поднесена неколку дена пред тој да биде назначен за в.д. директор на Агенцијата за филм. Оттаму, во конкретниот случај не постоела никаква можност да настане кумулација на функции.Имено, согласно членот 16, ст. 1, ал. 1 од Законот за филмската дејност мандатот на директорот на Агенцијата му престанува по сила на закон кога тој ќе поднесе оставка во писмена форма. Вчерашната владина одлука има само декларативен карактер, односно со неа само да потврдува приемот на оставката, а таа важи од самиот момент кога е поднесена, односно од пред г-дин Лазаревски да биде воопшто назначен за в.д. директор на Агенцијата за филм. Со други зборови, законската одредба е јасна дека при поднесување на оставка функцијата престанува по сила на закон.Владата на Република Северна Македонија постојано инсистира на задржување на највисоките стандарди при назначување на функционери. Оттаму, состојбите на кумулација на функции се далеку од прифатливи. Владата и владините тела внимателно ги испитуваат сите релевантни факти пред дадено лице да биде назначено за функционер, се вели во владиното соопштение.

Македонија | пред 5 години

2020-12-22_13-13-04

Пронајдени над 15.000 парчиња пиротехнички средства во Гостивар, приведено едно лице

Денеска околу 10.40 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода З.К.(24) од Гостивар. При преглед во неговото возило „мерцедес“ без регистарски ознаки биле пронајдени и одземени над 15 илјади разновидни пиротехнички средства.З.К. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвена кривична пријава по член 396 став 4 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Влада: Достоинствени плати и подобар стандард, во услови на криза просечната нето плата се зголемува - во октомври 27.899 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2020 година изнесува 27.899 денари и е повисока за 8,4% во однос на истиот месец лани, поточно за 2.173 денари. Дополнително, споредено со месец септември истата е повисока за 1,8%, или за 494 денари, објави денеска Државниот завод за статистика.Владата на Република Северна Македонија продолжува со заложбите за економска стабилност и во услови на пандемија, со мерки за ублажување на ефектите од пандемијата и планирања за економски раст на среден и долг рок. Целта е креирање на предвидлив деловен амбиент, стабилен раст, достоинствени плати, нови работни места и намалување на невработеноста.Во консултација со сите релевантни чинители во општеството, синдикати, комори, организации на работодавачи, креираме амбиент за раст на просечната и на минимална плата во следните четири години. Владата е посветена на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и покачување на платите за 20% до 30% односно до 34 илјади денари во следните четири години со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.Согласно Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната нето плата, се должи, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите здравствената и социјалната заштита, потоа уметност, забава и рекреација и преработувачка индустрија.Согласно податоците на ДЗС, просечната бруто-плата, е за 9% повисока од октомври минатата година, а за 2% повисока од септември годинава. Просечната бруто плата изнесува 40.344 денари.

Македонија | пред 5 години

20170524092354

Нинџа не бил во ВМРО-ДПМНЕ како што тврдеше, вели одбраната во „27 април“

Сведокот Александар Василевски-Нинџа не бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во перидот за кој пред судот кажа дека сведочел како се организирале протестите и упадот во Собранието на 27 април од страна на обвинетите. Ова е заклучокот од вештачењето на вештото лице Мирослав Котевски, во кое се анализираат телефонските броеви и контактите на Василевски-Нинџа, објави А1 ОН. Првиот мобилен број на Василевски-Нинџа, според вештачењето, се најавил на микро базната станица „ВМРО“ која го покрива подрачјето каде се наоѓа седиштето на ВМРО-ДПМНЕ дури во 22:08 минути на 27 април 2017 година. Вториот број, пак, во 22:19 минути. Со ова, обвинетите го побиваат исказот на Василевски-Нинџа кој пред судот сведочеше дека во 18:03 минути бил во ВМРО-ДПМНЕ и останал до 19 часот, а од каде се давале наредби за 27 април.„Првпат и единствен пат на базната станица на ВМРО е прикачен во 22:18 минути на 27 април. Во 22:53 се регистрира бројот на базната станица на ССМ. Согласно воспоставениот сообраќај на бројот од Василевски-Нинџа, во периодот од 16 часот до 23 часот неговата позиција е следна: првата регистрација е во 16:05 и е регистриран на зградата на ССМ. Следното е интернет врска во 16:13 од новата базна станица на Македонски Телеком, тоа значи дека се движел од кејот на Вардар кон плоштадот Македонија. Во 17:12 минути е регистриран на зградата на Алмако, а во 17:14 се пререгистрирал на новата зграда на Телеком. Во 18:57 тој се регистрира на базната станица на Дом на АРМ, а по краток период се регистрира на зградата на ЕВН. Се движел северно од Собранието. Потоа бил регистриран кај Работнички дом. Се движел во реонот на Жена парк-Борец. Следното негово конектирсње е во 22:17 минути и тоа ма базната станица на Алмако. Потоа е регистриран на базната станица на ВМРО. Она што е важно дека тој во 22:19 минути првпат се прикачува на базната станица на ВМРО. Тој тогаш добива повик, но не одговорил. Кога престанува ѕвонењето, следната базна станица каде бројот е регистриран е Алмако. Во зградата или вон зградата бил повеќе од една минута“, рече вештакот Мирослав Котевски.Текстот во целост на: А1 ОН. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања