„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Од три разбојништва неделава, само за најтешкото за осомничените се барало куќен притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
policija-policaec-35

Од три разбојништва во Македонија за кои обвинителствата покренале постапки во последната недела, само во еден предмет наместо ефективен притвор, побаран и одобрен е куќен притвор. Станува збор за разбојништво кое е извршено во Гевгелија, за кое постапка се води во Обвинителството под раководство на Васка Садикова-Ковачева.

— реклама —

Во овој случај, четири лица натепале маж од Неготино, му го одзеле автомобилот, торбичка со 2.500 евра, телефон „Ајфон“ и други лични предмети. Гевгелиското обвинителство покрена постапка за разбојништво, кривично дело за кое е предвидена затворска казна над десет години. Обвинителството било свесно дека осомничените можат да избегаат и да влијаат на сведоци, но сепак, обвинителот побарал куќен притвор наместо ефективен притвор.

Интересно е што според обвинителската пракса, како што може да се види и од постапките од изминатата недела, во вакви случаи се бара исклучително ефективен притвор. Можноста за осомничените да избегаат е поголема, а особено ако се земе во предвид фактот дека станува збор за лица на кои им е запретена казна од најмалку десет години затвор. Притоа, Гевгелија е град кој се граничи со Грција, а општопознато е дека може илегално да се помине границата.

— реклама —

Овој случај каде осомничените добија куќен притвор благодарение на гевгелиското обвинителство е и најтежок, ако се спореди со остантите два од оваа недела каде осомничените добиле ефективен притвор. Па така, за кражба во Богданци каде маж украл 65.000 денари од казино со употреба на нож и за велешанец кој нападнал две жени и одзел 2.000 денари и 20 литри ракија – осомничените добија ефективен притвор.

Нема објаснување зошто обвинителот за вака тешко кривично дело побарал поблага мерка за разбојнишството во Гевгелија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Casino

Со секира присилил вработена да му даде пари : Битолчанец под истрага за разбојништво во казино

Македонија | пред 1 седмица

lisici

Во скопски трговски центар: Го следеле, го нокаутирале и му украле 8.800 денари, ојо бара притвор, но едниот избегал

Скопје | пред 1 месец

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Планирал љубовна вечер со две жени, но добил ќотек и останал без 200 илјади денари: Поведена истрага против две жени и двајца мажи

Скопје | пред 1 месец

Нема фотографија

Приведен разбојник во Битола

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања