Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

viber_image_2020-12-22_10-09-06

Лајка започна кампања: Стоп за петардите! Вдоми куче и прослави ги празниците на поинаков начин!

Моментално сме на прагот на празничната сезона која годинава ќе ја прославиме на малку поинаков начин. Овој празничен период е најстресно време за животните, особено за оние кучиња кои не по своја вина се бездомни и напуштени. Употребата на петарди и останати пиротехнички средства предизвикува не само физички повреди туку и голем стрес, страв, психички шок, доживотни трауми и неретко смрт од срцев удар кај кучињата.Земајќи го во предвид овој проблем кој се провлекува со годинити и истиот претставува сериозна закана и опасност по животот на кучињата, а истовремено поттикнати од реакциите и пријавите од граѓаните, ЈП Лајка ја започна својата кампања СТОП ЗА ПЕТАРДИТЕ! ВДОМИ КУЧЕ И ПРОСЛАВИ ГИ ПРАЗНИЦИТЕ НА ПОИНАКОВ НАЧИН!Нашата цел е да ја подигнеме свеста кај граѓаните за опасноста на која сме изложени сите и да го свртиме вниманите кон превентивните мерки во полза на заштита не само на бездомните кучиња, туку и на домашните миленици.Апелираме до сите граѓани да ја одбегнат употребата на петарди за лична и за сечија безбедност.

Скопје | пред 5 години

apasiev2

Левица: Антикорупциска комисија молчи за вработувањата во М-НАВ на "антикорупционерот" Љупчо Николовски

Иако уште пред две години актуелниот вицепремиер за борба против корупција - Љупчо Николовски призна дека лице со кое е во роднинска врска е вработено во М-НАВ, Антикорупциска комисија се’ уште нема отворено предмет за овој случај. Деновиве повторно се актуелизираа овие сомнителни вработувања, откако во јавноста беа споделени информации дека покрај чичкото на Николовски, во оваа државна компанија вработен е и неговиот братучед, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото се додава:Оваа компанија е претворена во партиско биро за вработување на роднини на високи функционери во последниве неколку години, додека секоја нова влада си назначува свои послушници и блиски лица за плати над петкратно поголеми од просечната. Така, во јавноста беа спомнувани и роднини на пратеници и директори вработени во оваа компанија, како и роднини на поранешниот министер Горан Сугарески, додека за претседател на УО на М-НАВ беше поставен Николче Тасески, зет за сестра на министерката Рената Дескоска.Иако и од самиот Синдикат претходно апелираа дека за систематизацијата на работни мести воопшто не се консултирани и вработувањата се вршат по нарачка, Антикорупциската комисија предводена од Билјана Ивановска две години нема отворено ниту еден случај за спорните вработувања и сомнежи за непотизам во оваа компанија - задолжена за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај во Македонија.Децениското недомаќинско работење со државните компании, цедењето државни пари, како и поставувањето нестручни кадри по пат на непотизам придонесоа за катастрофален квалитет и реализација на јавните услуги поради што сведочиме најави за приватизација на голем дел од државните претпријатија кои беа вештачки донесени во долгови и неликвидност од корумпираните власти.Непостапувањето и инертноста на Антикорупциска комисија во повеќе наврати, како и чувањето на предмети во фиоки, експлицитно покажува дека во Македонија не постојат никакви контролни механизми над режимот на Заев и сите институции се окупирани од самоволието и криминалните политики на владејачкиот естаблишмент. Доколку оваа комисија продолжи да биде соучесник во скандалозното работење на ваквата криминогена структура, Левица не ја исклучува можноста претседателката Билјана Ивановска да биде повикана своето (не)работење да го елаборира во Собранието на Република Македонија пред народните избраници.

Македонија | пред 5 години

lajka-sporedba-1

ЈП Лајка покрај од градот ќе се финансира и со средства од општините во Скопје

Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и општините во Скопје за заловување на кучиња е една од поважните одлуки за која ќе одлучуваат советниците на денешната 61-ва седница.Со оваа одлука, во насока на обезбедување на трајно и квалитетно вршење на дејноста што се однесува на заловување и собирање на бездомните, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, се предвидува секоја од десетте општини во рамки на градот Скопје, да издвојуваат сума од 2 милиона денари годишно за реализацијата на оваа дејност од јавен интерес, додека Градот Скопје ќе учествува со 10 милиони денари. По носењето на одлуката, Градоначалникот на Град Скопје и Директорот на јавното претпријатие „Лајка“ ќе бидат овластени да склучат договор со градоначалниците на општините во градот Скопје со кој би се уредиле поблиску прашањата за начинот и условите за вршење на заедничката надлежност, начинот на исплата на финансиските средства и други прашања од значење за меѓуопштинската соработка.На денешната седница Советот на Град Скопје ќе расправа за повеќе програми за работи на Градот Скопје за 2021 година, а една од нив е и Годишната Оперативна Програма за подигање и одржување на зеленилото на подрачјето на град Скопје за 2021 година. Со истата се предвидува реконструкција и изведба на ново урбаното зеленило на зелените коридори и плоштади до булеварите и магистралните и собирни улици, покрај велосипедските патеки и пешачките патеки, како и засадување на 600.000 цвеќиња и 7.000 високо квалитетни парковски садници и декоративни грмушки.Подигнување на ново урбано зеленило и зелени коридори во 2021 година се планираат на следните локации: на бул. Босна и Херцеговина; ул. Никола Карев (потег од касарната Илинден до раскрсница кај Момин поток); зад зграда Филатрон (по новата ул. Есенинова); ул.11-ти Октомври (потег помеѓу раскрсницата со бул. Кочо Рацин и ул. Филип Втори); бул. Климент Охридски; ул. Скупи, како и уредување на нов зелен плоштад на ул. Васил Ѓоргов (во близина на згрижувачки дом за деца без родители 11-ти Октомври); нов парк во О.Шуто Оризари; нов парк помеѓу бул. Илинден и пешачата патека на реката Вардар (во делот кај депонијата); како и парк помеѓу реката Лепенец и складишата на Маврово.Реконструкција на урбано зеленило и зелени коридори во 2021 годија се планираат на следните локации: ул. Лазар Личеноски; ул. Македонско Косовска Бригада; бул. Гоце Делчев (од раскрсница со ул. Беласица до плоштад Скендербег од двете страни); Парк Чаир (бул. Христијан Тодоровски Карпош); бул. Кочо Рацин (средна жардињера на потег од раскрсница со бул. Кузман Јосифовски Питу до раскрсница со ул.11-ти Октомври); бул. АСНОМ (од раскрсница со бул.Србија до раскрсница на ул.Февруарски поход); ул. Февруарски поход; бул. Александар Македонски; бул. Киро Глигоров; бул. Партизански одреди (жардињерите од левата и од десната страна, потег од раскрсница со ул. Бледски договор до раскрсница со ул. Никола Парапунов); како и ул. Боца Иванова. Во овој дел планирани се реконструкции на повеќе паркови и зелени површини, како што се Паркот Македонија (ул. Христо Татарчев); Парк на пензионери (Драчево); Зелен плоштад позади Собранието на Р.С.Македонија; Зелен плоштад - Дом на АРМ; паркот помеѓу ул. Кемал Сејфула и ул. Ресенска; реконструкција и хортикултурно уредување на кејот на река Вардар од двете страни, како и реконструкција и хортикултурно уредување на зелена површина-Скопско Кале.Друга програма која ќе се најде пред советниците на денешната седница е и Одлуката за давање согласност на Програмата за одржување и реконструкција на сообраќајници во надлежност на Град Скопје, пешачки и велосипедски патеки и јавни рекреативни површини на подрачјето на Град Скопје во 2021 година.За реализацијата на оваа Програма се предвидени средства во износ од 135.001.864 денари, каде истите се поделени во следните подкатегории:- За одржување на коловозните површини на сообраќајниците и тротоарите во надлежност на Град Скопје се предвидени 52.069.754 денари, од кои за одржување на коловози 46.470.535 денари, додека за одржување на тротоари 5.599.218 денари;- За изградба на коловози, тротоари и паркиралишта на јавни сообраќајни површини се предвидени 63.740.001 денари, од кои за изградба на магистрални улици 37.504.500 денари, за изградба на собирни улици 13.267.950 денари, за изградба на паркиралишта 1.924.500 денари и за изградба на игралишта 1.320.000 денари;- За одржување на заштитни огради на булевари се предвидени 14.944.110 денари;- За одржување на делатациони фуги на мостови се предвидени 1.125.720 денари;- За одржување на косини обложени со камен се предвидени 3.122.280 денари ;Покрај овие, Советот на Град Скопје на денешната седница ќе расправа и за одлуките за давање согласност на инвестиционите програми за 2021 година на јавните претпријатија, чии основач е Град Скопје, како и за поголем број на програми за работа на Град Скопје и на јавните градски претпријатија.

Скопје | пред 5 години

filipce

Филипче: Бугарија од своите вакцини дел ќе донира и за Република Северна Македонија

Република Бугарија од секоја практка на вакцини против Ковид 19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Ова утрово беше одлучено на владината седница во Софија каде свое обраќање имаше и министерот за здравство д-р Венко Филипче. Со оваа одлука во нашата земја вакцини против Ковид 19 ќе стигнуваат во исто време како и во останатите земји членки на Европската Унија. Министерот во Софија е на покана на премиерот Бојко Борисов и министерот за здравство проф. Костадин Ангелов. По завршувањето на владината седница, во вестите на телевизија Сител, Филипче ја објасни одлуката на Бугарската валда.На денешната седница од страна на Владата на Република Бугарија се донесе одлука од секоја колична вакцини протви Ковид 19, која стугнува во Република Бугарија , една одредена количина да биде наменета за нашите граѓани и тоа да биде во форма на донација. Со ова ние практично стигнуваме до вакцините со истата временска динамика со која стугнуваат и земјите членки на Европската Унија . Бугарија како членка на ЕУ ја имаше таа привилегија да прави директни преговори со повеќе произведувачи. Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70 % од населението - изјави министерот Филипче.Според информациите од здравствените власти во Република Бугарија, најпрво во Софија ќе стигне вакцината на Фајзер, потоа на Модерна, па на Астра Зенека.- „Веќе разговаравме и за техничките детали во однос на испораката, верувам дека во исто време ќе добиеме дел од вакцините како и земјите од ЕУ“ - изјави Филипче.Освен преку донација од Република Бугарија, нашата земка обезбеди вакцини и преку Ковакс механизмот. Европската Унијата за земјите членки обезбеди 400 милиони вакцини и 100 милиони дополнително за земјите кои не се во Унијата, а вакцините може да ги добиваат со посредување на земји членки. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија Полска и Грција. Република Северна Македонија преговори и со произведувачите за директна набавка на вакцини и од нив.

Македонија | пред 5 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери до Царовска: Предвреме излезе во јавноста со тие тези, потребна е посебна анализа, сериозна дебата -моментот е погрешен

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, синоќа во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 и порача на министерката за образование Мила Царовска да не избрзува со концепцијата за целосна реформа на основното образование.„Царовска предвреме излезе во јавноста со тие тези. Потребна е посебна анализа, сериозна дебата. Моментот е погрешен. Не е вистинско време сега да се отвори таа тема“, рече Џафери на телевизија.Се најавува дека низ образовниот процес ќе се создаваат граѓани кои ги почитуваат вистинските европски вредности како што се родова еднаквост, толеранција и ненасилството.

Македонија | пред 5 години

bugarski-pasosi

И покрај се' пожестоките препирките на релација Скопје - Софија, врие од барања за бугарски пасош - се вади за цена од 800 евра

Осумстотини евра - тоа е цената којашто македонските државјани ја плаќаат за да добијат бугарски документи. Цената, пак, којашто ја плаќа државата е - ненадоместлива.„Посредуваме за добивање на бугарско државјанство, јавете се и се' ќе ви објасниме телефонски во официјалната канцеларија во Струмица“, ова е еден од огласите на социјалните мрежи, но и на сајтовите за огласување, агенции и поединци им нудат на македонските државјани успешно вадење на бугарски документи.„Бизнисот“ со бугарските државјанства, кој е особено актуелен изминативе десетина години, не мирува ниту деновиве, кога стануваат се' пожестоки препирките на релација Скопје - Софија. Историските спорови помеѓу двете земји, кои резултираа со вето за европската интеграција на Северна Македонија, се прелеаја и во меѓусебни обвинувања во земјата - „трн в око“ повторно се двојните државјанства, објави dw.com. На Фејсбук, врие од огласи.Надлежните институции, иако се свесни за оваа масовна појава, велат дека се немоќни да преземат што било. Целата постапка за издавањето на документите се одвива во соседната земја, каде немаат никакви ингеренции да интервенираат. Софија е таа којашто одлучува на кого ќе му даде државјанство, а изборот е личен - секој граѓанин сам одлучува дали да побара двојно државјанство.Текстот во целост на: dw.com. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Во општина Центар ќе се поправаат и санираат 13 кровови и 12 лифтови

Врз основа на Програмата за комунални дејности на Општина Центар за 2020 година, донесена од страна на Советот на Општина Центар, општината трета година по ред објави јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови на станбени згради.Во изминатите три години со проектот за поправка и санација на кровови и лифтови се санирани 53 станбени објекти. Оваа година средства се издвоија за поправка на вкупно 25 кровови и лифтови. Проектот е поддржан со финансиски средства од општинскиот буџет, во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари за реконструкција на постоечки кровни конструкции и висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000,00 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација, поднесена од заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од Управител на станбени згради или Заедница на сопственици. Селекцијата на одбрани апликанти се изврши по принципот „Прв дојден, прв услужен“.Право на учество имаа сите заинтересирани заедници на сопственици на станови, под следните услови: Доколку се работи за реконструкција на постоечки кровни конструкции, тие треба да бидат оштетени, доколку се работи за поправка и санација на лифтови, тие треба да бидат неисправни, но постоечки; сопствениците на станови да имаат регистрирано заедница на сопственици или да имаат избрано управител на станбена зграда; и најмалку 70% од становите во зградата/влезот, да се користат, односно се вселени во текот на целата година, вклучувајќи ги и изнајмените станови.Избрани проекти:Поправка и санација на постоечки лифтови Бул. ВМРО 1/7Ул.Вељко Влаховиќ (Димитрије Чуповски) бр.21Бул. Кочо Рацин бр.26Ул. Народен фронт бр.33Ул. Св.Кирил и Методиј бр.20Ул. 11-ти Октоври бр.16Бул. Илинден бр.83/13Ул. 11-ти Октомври бр.18Ул. Васил Ѓоргов бр.24Ул. Народен Фронт бр.23/1Бул. Партизански одреди бр.14/1Ул.50-та Девизија бр.34 влез 2 Поправка и санација на постоечки кровни конструкцииБул. Кочо Рацин бр.26Ул. Даме Груев бр.3 влез 6Ул. Козара бр.64 влез2Ул. 11-ти Октомври бр.44 влез2Ул. Народен Фрот бр.13Ул. Киро Крстевски Платник бр.11 влез 1 и влез2Ул. Климент Охродски бр.13Ул. Франклин Рузвелт бр.72Ул. Васил Ѓоргов бр.24Ул. Народен Фронт бр.31Ул. Шумадиска бр.16аУл. Антонио Грубишиќ бр.11/1Бул. Климент Охридски бр.13

Скопје | пред 5 години

1-4

Приведен маж од Кочани, пронајдени над 600 пиротехнички средства

На 21.12.2020 во 20.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода З.Р.(56) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 604 парчиња различни пиротехнички средства.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 36 пациенти, а вкупно се лекуваат 482 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 482 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 9 приеми и тоа четири пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија и по еден пациент на Институтот за ТБЦ, на ОРЛ, на Очната клиника, на Неврологија и на Гастроентерохепатологија.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 12 болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 40 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 44 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, наКлиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 23 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент.Вкупно 482 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-5

Времето до крајот на работнава недела умерено облачно со магла по котлините, викендов снег

Времето денеска ќе биде облачно, по котлините во поголем дел од денот значително облачно со појава на магла. Слично време ќе се задржи до крајот на неделава. По котлините значително облачно со појава на магла, особено претпладне. На места ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.За викендов УХМР најавува и облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Министерот Филипче утрово ќе учествува на владината седница во Софија

Министерството за здравство, информира дека министерот д-р Венко Филипче, на покана на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за здравство проф. Костадин Ангелов денеска ќе присуствува на седница на владата на Република Бугарија. На седницата во Софија се очекува да се разговара за тоа Република Северна Македонија да добие дел од правата пратка вакцини што ќе стигнат во Република Бугарија.Поддршката од земјите членки на ЕУ е вториот механизам преку кој нашата земја ќе обезбеди вакцини против Ковид 19. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија и Полска и Грција. Освен со купување одредена количина од вакцините на овие земји членки на ЕУ, нашата земја обезбеди вакцини против Ковид 19 и преку Ковакс механизмот. Во тек се разговори и со произведувачите за евентуална директна набавка од нив.

Македонија | пред 5 години

ohrid-6

(ФОТО) Охрид повторно блеска во новогодишен сјај

Охрид повторно блеска во новогодишен сјај. За жал, испраќаме година одбележана од пандемија, па со тоа и украсувањето е во намален капацитет. Но тоа не значи дека нема да ѝ се радуваме на Новата година која е пред нас.Охрид и покрај сѐ го има препознатливиот новогодишен шарм и декор, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во продолжание на објавата градоначалникот додава:Прошетајте по „Св. Климент Охридски“ и ул „Македонија“ кои го имаат познатото ѕвездено небо или пак видете ги кружните текови на бул. „Туристичка“ и околината на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се разубавени со новогодишни фонтани.Секако не заборавајте да ги почитувате мерките за заштита.

Македонија | пред 5 години

Megunaroden-Aerodrom-Skopje-01

Владата донесе одлука за забрана на летови од Велика Британија и Северна Ирска

Владата на Република Северна Македонија вечерва одржа седница на која донесе одлука за забрана на сите авионски летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија до крајот на 2020 година, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести.Со оваа одлука на Владата ќе биде задолжителна проверка на сите патници кои влегуваат на територијата на Северна Македонија од Велика Британија и Северна Ирска преку копнен граничен премин и на граничните премини на аеродромите во Скопје и Охрид и сите ќе бидат задолжително упатени во самоизолација од 14 дена, како и да пополнат пријава за влез во државата со податоци за местото на сместување.

Македонија | пред 5 години

mickoski-6

Мицкоски: Планот на Заев 20-21 ми личи на оној 3-6-9 што го имаа за ЕУ, доста е од теорија и планови, треба реализација на проекти

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисија на телевизија МРТ. При своето гостување Мицкоски посочи дека планот на Зоран Заев 20-21 наликува на претходниот 3-6-9 од кој граѓаните не видоа ништо. На Македонија не и се потребни теории туку реализација на проекти и реформи.„Претставивте план 20-21, да имав прилика, денеска имав последен ден настава на факултетот, веднаш после наставата имав можност да ја слушам оваа би рекол скандалозна прес конференција на Зоран Заев, кој што само четири години ако направите ревинд на далинското и го вратите ќе ги слушните истите овие празни фрази пред четири години истото тогаш го зборуваше како опозиционер денеска го зборува четири години потоа како премиер. Ова ме потсеќа многу на оној план 3-6-9, кој што се прошири на 18 и кој што никој во државава не знае до каде е овој план и што се случува“, нагласи Мицкоски.Мицкоски додаде дека планот исто така го потсети и на оној бројчаник кој што велеше Заев дека ќе го намести на Триумфалната капија. Но за жал и ова ветување на Заев остана неисполнето како низа други ветувања што ги даваше на граѓаните во предизборијата.„И можам со жалење да истакнам дека повторно ова претставува уште една шарена лага“, потенцира Мицкоски.Мицкоски посочи дека на граѓаните не им се потребни шарени лаги и планови. На граѓаните им се потребни проекти и реформи за да имаат подобар и посигурен живот во државата.„Еве сега ќе ви дадам два одговора првиот е суштински. Денеска на прес конференцијата тоа што беше кажано и е дел од планот 20-21, ако го пролистате буџетот ќе видите дека има нула содржина. Затоа што вие денеска излегувате, ден откако е изгласан буџетот во Парламентот, како прв премиер предлагач нели на тој буџет претседател на таа Влада, излегувате и кажувате ветувања, а од тие ветувања ако го погледате буџетот ништо не е содржано“, појасни Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

120190520_075559

Влада: Започна пријавувањето за еднократна финансиска поддршка 43.500 денари по вработен за центрите за странски јазици и едукативните центри

Во рамките на четвриот пакет економски мерки, денес се објавени јавните повици за издавање на грантови за центри за странски јазици и за едукативни центри за деца, на кој може да се пријават сите регистрирани субјекти кои работат во оваа дејност.Согласно јавниот повик регистрираните центри за странски јазици и едукативните центри за деца, може да аплицираат за финансиска поддршка-грант до 24-ти декември до 23:59 часот, на електронската пошта: Cetvrt.Paket@gs.gov.mk, со што добиваат можност за еднократна финансиска помош, во вредност од 43.500 денари по вработен.Во прилог на барањето за финансиска поддршка преку електронска пошта, правните субјекти треба да ги приложат и следните документи:·         тековна состојба (документ од Централен регистар не постар од 3 (три) месеци;·         уверение за платени даноци и придонеси од УЈП не постаро од 3 (три) месеци и·         список на вработени по даночен обврзник заверен од АВРСМ не постар од 15 (петнаесет) дена.Напоменуваме дека барањата за финансиска поддршка за центрите за странски јазици и едукативните центри за деца ќе се разгледуваат по принципот „прв дојден прв услужен“, а барањата кои нема да бидaт комплетни ќе ги заземат последните места по реден број на поднесување на датумот на комплетирање на барањето.За потврда на веродостојноста на податоците во поднесената документација Владата на Република Северна Македонија ќе изврши проверка со Управата за јавни приходи и Агенцијата за вработување на Северна Македонија.За разгледување на поднесените барања од центрите за странски јазици и едукативни центри за деца, од страна на Владата е формирана Комисија која ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листи на поднесени барања.Листата на одобрени барања на средствата за грантови за центри за странски јазици и за едукативни центри за деца ќе биде објавена на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

Policija-i-inspekcija

Угостителски објект во Кочани работел по дозволеното време

На 20.12.2020 во периодот од 17.00 до 21.00 часот, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле контрола на 30 угостителски објекти на подрачјето на ОВР Кочани во врска со почитувањето на мерките донесени од Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на Ковид 19.При контролата, било констатирано дека еден угостителски објект не го почитувал работното време, односно во угостителски објект на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани во 18.35 часот биле затекнати неколку гости. По консултација со Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик, „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Македонија | пред 5 години

silegov-2

(ВИДЕО) Шилегов при гостување во живо на телевизија, носот го издува во заштитна маска

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов утрово гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител, каде што зборуваше за својот професионален, но и за својот приватен живот.Тој играше и пантомима со водителката, односно погодуваше и објаснуваше најразлични поими.Но, вниманито на гледачите го привлече еден гест на Шилегов по завршувањето на играта. Поточно  скопскиот градоначалник ја зграпчи својата заштитна маска и во неа си го издува носот.https://twitter.com/OffDutyComedian/status/1341104901275803648?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1341104901275803648%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fshilegov-si-go-izduva-nosot-vo-zashtitnata-maska-video%2F

Македонија | пред 5 години

makedonci-redovi

Турканици пред македонската амбасада во Берн, иселеници бараат патни листови за да дојдат за празниците дома

Стотици луѓе во редици направија метеж пред македонската амбасада во главниот град на Швајцарија, Берн. Македонските граѓани велат дека се чекало со часови.„Катастрофа. Со часови се чекаше. Толку многу луѓе се туркаа пред влезот на Амбасадата, среде корона“, вака реагираа оние кои чекале документи пред амбасадата, Објави А1 ОН.За турканиците пред македонската амбасада информира и швајцарскиот портал „20 минути“, кој пишува дека пред Амбасадата интервенирала и полицијата, откако напливот на иселениците кои масовно бараат патни листови ја блокирал работата на Амбасадата.Текстот во целост на: А1 ОН.

Македонија | пред 5 години

delcevo

Запленети близу илјада пиротехнички средства на ГП Делчево

Денеска на Граничен премин Делчево, при влез во Република Северна Македонија, полициски службеници извршиле преглед на багаж на П.П. од Битола, кој пеш ја поминувал границата, при што биле пронајдени 886 парчиња различни видови на пиротехнички средства. Пронајдените предмети биле одземени и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 години

esmerov

Екс-амбасадорот Есмеров: Мицковски има морална одговорност да поднесе оставка, тие се партија без компас

Некогашниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24, ја критикуваше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи ја партија без компас.„Мицкоски вети дека ќе поднесе оставка, има морална одговорност, и двајцата претходни претседатели од морални причини поднесоа оставка. Првпат во 30-годишната историја на ВМРО губите 5 избори по ред, а ги притоа ги земате парите од државата. Мицкоски имаше информации дека ќе се промени името, единствена опција беше да се повикаат гласачите да гласаат против договорот. И на тој начин власта ќе немаше маневарски простор да го промени името. По секое губење на изборите, граѓаните ги валоризираат политиките а СДСМ, а не ги земаат во предвид на ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ сега ми изгледа како партија без компас, има различни ставови за дневна употреба“ вели Есмеров.

Македонија | пред 5 години

2020-12-21_14-30-27

Запленети близу 4000 парчиња пиротехнички средства во Свети Николе

Денеска полициски службеници од ОВР Свети Николе на подрачјето на Полициската станица Свети Николе спроведоа контрола со цел спречување на трговија и употреба на пиротехнички средства. Притоа, кај два правни субјекти во Свети Николе пронајдени и одземени се 3787 парчиња пиротехнички средства. По документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 5 години

21122020_PVRSM_Zaev_odbelezhuvanje_Den_na_nastava_na_turski_jazik-1

Заев: Поддршка за секоја заедница во нашата земја да го негува и чува мајчиниот јазик како европска вредност што ја применуваме

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев се обрати на свечен настан по повод Денот на наставата на турски јазик, каде беа присутни и претседателот на Големото Национално Собрание на Република Турција, проф. д-р Мустафа Шентоп, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, претседателот на Уставен Суд на Република Северна Македонија, Салих Мурат и амбасадорот на Турција во нашата земја господин Хасан Секизќок.-За припадниците на турската заедница денешниот ден е особено важен, бидејќи на 21 декември во далечната 1944 година, за прв пат, во Република Македонија започнала наставата на турски јазик. Традицијата продолжила да се негува низ годините, а по осамостојувањето на нашата земја станува и уставна одредба, чија имплементација е гарантирана од институциите на системот. Денес, кога Република Северна Македонија гради едно општество за сите нејзини граѓани, припадниците на турската заедница се значаен и конструктивен дел од тоа наше заедничко општество. Нашите истакнати сограѓани од турската заедница даваат значаен придонес во развојот на нашето мултикултурно и мултиетничко општество, истакна премиерот Заев.Премиерот во продолжение додаде:Организацијата и учеството во свеченостите по повод националниот празник на припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија, се уште еден доказ за почитта кон другиот и поддршката за секоја заедница во нашата земја да го негува и чува мајчиниот јазик.Тоа е европската вредност што ја негуваме ние во Северна Македонија и која е од огромно значење затоа што ги обединува луѓето.Тоа е голема вредност на која сме горди и која секогаш ќе ја чуваме.Граѓаните од турската заедница во нашата земја истовремено се и најсилната алка на поврзување на традиционалното исклучително добро пријателство и за одличната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Турција.Турција беше прва земја која подаде пријателска рака на самиот почеток на осамостојувањето на нашата земја. Турција тогаш изрази подготвеност за соработка и помош во сите сфери на општественото живеење и граѓаните на Северна Македонија никогаш нема да го заборават тоа.Нашите две земји континуирано вложуваат во развојот на билатералните односи, и пријателството помеѓу нашите две земји е несомнен пример за тоа како треба да се соработува во регионот и пошироко.Најдобра илустрација е присуството на голем број на странски инвестиции во земјата, од Турција, која е најголем странски инвеститор во Северна Македонија од земјите надвор од ЕУ. Според официјалните податоци, од Република Турција во Северна Македонија се регистрирани преку 1.000 правни субјекти чии матични компании се во Турција, како и 48 подружници. Тие вработуваат преку 4.000 лица, со вкупна актива од 392 милиони евра.Оваа година интерес за вложување во секундарната гасификација на нашата земја изразија две големи турски компании и влегоа во завршната фаза од конкурентниот дијалог за воспоставување на јавно приватно партнерство во овој проект вреден 300 милиони евра.Високо го цениме чинот за доделување над 1.400 стипендии од Турција за македонски студенти. Истовремено, огромно е задоволството што околу 2.000 студенти од Турција студираат во македонските универзитети.Исто така, соработката во сферата на културата е интензивна. Отворањето на културни центри во Скопје и во Истанбул ја потврдува важноста на промоција на културата и културното наследство на двете земји.Од оваа година сме сојузници во НАТО и заеднички учествуваме во мисиите за обезбедување на глобалниот мир и безбедност, а Република Турција е меѓу најголемите донатори на опрема за Армијата на нашата земја.Од Република Турција постојано добиваме безрезервна и целосна поддршка и за исполнување на нашите аспирации за членство во ЕУ.Освен денешниот празник, Северна Македонија и Турција секоја година одбележуваат значајни датуми поврзани со една од најзначајните личности во историјата на Турција – Мустафа Ќемал Ататурк.Историските околности посакаа нашите две земји да бидат поврзани и преку ликот и делото на творецот на модерна Турција кој точно пред 121 година се стекна со диплома на воената гимназија во Битола.На крајот, дозволете ми уште еднаш, на сите наши сограѓани од заедницата на Турците во Република Северна Македонија, да ви го честитам националниот празник, Ден на наставата на турски јазик, истакна Заев.

Македонија | пред 5 години

korona-4

Бројот на новоинфицирани опаѓа, но бројот на смрттни случаи и понатака висок

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 591 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4, Штип-4, Прилеп-14, Тетово-7, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-12, Гостивар-2, Гевгелија-4, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пехчево-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1, Кичево-3, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1122 оздравени пациенти од: Скопје-275, Куманово-29, Дебар-35, Штип-25, Прилеп-67, Тетово-34, Струга-3, Велес-51, Битола-89, Охрид-8, Кавадарци-84, Гостивар-43, Гевгелија-20, Струмица-15, Крива Паланка-14, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-17, Пробиштип-13, Демир Хисар-5, Пехчево-7, Берово-21, Валандово-3, Виница-41, Делчево- 79, Свети Николе-11, Кичево-62, Ресен-24 и Неготино-38.Починати се 22 лица, три пациенти од Скопје (44, 61 и 67г.), еден од Куманово (88г.), еден од Дебар (43г.), од Штип (64г.), пријавени се девет пациенти од Прилеп од кои тројца се починати во изминатото деноноќие (85, 81, 87, 87, 70, 96, 69, 79 и 68г.), двајца од Струга (86 и 78г.), еден пациент од Велес (75г.), од Битола (58г.), од Гевгелија (72г.), од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (86г.) и еден пациент од Кичево (69г.). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78434, бројката на оздравени пациенти е 55155, на починати е 2314, а бројот на активни случаи изнесува 20965. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 33844, активни 11609• Куманово 4469, активни 576• Дебар 590, активни 139• Штип 3193, активни 362• Прилеп 3945, активни 792• Тетово 4609, активни 970• Струга 1904, активни 404• Велес 2603, активни 568• Битола 2867, активни 716• Охрид 2218, активни 627• Кавадарци 1892, активни 557• Гостивар 3231, активни 657• Гевгелија 1060 активни 314 (71 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 180 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2158, активни 619• Крива Паланка 567, активни 121• Радовиш 578, активни 133• Крушево 155, активни 68• Кочани 1516, активни 254• Пробиштип 428, активни 52• Демир Хисар 227, активни 39• Македонски Брод 208, активни 33• Пехчево 129, активни 15• Берово 469, активни 76• Валандово 274, активни 55• Виница 430, активни 65• Делчево 643, активни 211 (177 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 181, активни 24• Свети Николе 1010, активни 146• Кичево 1512, активни 275• Ресен 600, активни 149• Неготино 924, активни 339 (147 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 591 теста се преку: ИЈЗ-135, ЦЈЗ Скопје-28, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -79, Жан Митрев (Филип Втори)-93, Систина со PCR метода -155, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-26, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -73, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 381.207 тестирања на Ковид -19.Активни случаи по општини Скопје (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)Гази Баба – 1712Аеродром – 1589Кисела Вода – 1560Карпош – 1522Центар – 1309Ѓорче Петров – 1071Чаир – 697Бутел – 591Илинден – 312Шуто Оризари – 187Сарај – 176Петровец – 113Зелениково – 110Чучер Сандево – 103Сопиште – 85Студеничани – 59Арачиново – 23Странец – 274Нераспределени – 116

Македонија | пред 5 години

Slika-press

АСОМ: Владата итно да ја продолжи уредбата за он-лајн спортско обложување – државата ризикува да изгуби стотици милиони денари во буџетот

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија реагира до Владата дека утре, 22 декември, истекува рокот за преточување на уредбата со законска сила во трајно законско решение или евентуално друго правно решение со кое би се продолжило он-лајн обложувањето преку македонските лиценцирани спортски обложувалници.Со прекин на уредбата, велат од АСОМ, се гасат сервисите на домашните лиценцирани обложувалници, а државата ризикува да изгуби неколку стотици милиони денари на годишно ниво, средства кои, во услови на сериозна глобална економска дестабилизација заради Ковид-19 пандемијата, имаат значаен придонес во државната економија.„Бараме итно, по кратка постапка, Владата да ја имплементира уредбата во Законот за игри на среќа и забавните игри. Владата имаше 6 месеци да најде правно решение за продолжување на уредбата, но тоа не се случи. Ние апелиравме преку медиумите, но и до Владата и Мистерството за финасии со барање за средба за да ги адресираме предизвиците, но и придобивките од индустријата, но досега апсолутно немаше слух за тоа. Затоа ние уште денеска до Владата и Министерството за финансии ќе доставиме предлог текст за имплементирање на Уредбата во Законот за игри на среќа и забавните игри, кој сметаме дека треба итно да се донесе. Несфатливо е како во услови на економска нестабилност предизвикана од ковидкризата, државата не ја гледа вредноста во буџетот која ја донесе он-лајн обложувањето. Од друга страна и здравствениот аспект во смисла дека он-лајн обложувањето го намали физичкото присуство во објектите. За илустрација, од воведувањето на он-лајн обложување преку македонски лиценцирани обложувалници од мај годинава до декември од оваа услуга се слеале повеќе од 100 милиони денари во државната економија. Поконкретно од 4% посебна давачка за он-лајн околу 35 милиони денари и 65 милиони денари од данокот на личен доход.“ – истакнуваат од АСОМ.Од АСОМ укажуваат дека кај нас он-лајн обложувањето е сé уште на почеток. Играчите полека почнаа да стекнуваат навика да ја користат оваа услуга на домашните сајтови на лиценцираните спортски обложувалници. Тоа перспективно во државата би значело многу поголеми средства само од оваа услуга. Но ако сега се прекине и не се најде соодветно правно решение за продолжување на он-лајн обложувањето тоа ќе предизвика недоверба кај играчите и нивно повторно враќање кон нелегалното он-лајн обложување на странските сајтови. Играчите едноставно ќе бараат алтернатива, апелираат од АСОМ, а државата ќе нема контрола врз обложувањето. Парите за данокот, наместо во буџетот, ќе се одлеваат надвор од државата, според некои проценки станува збор за 40 до 50 милиони евра, средства кои се од значаен интерес за нашата домашна економија, одржувањето и отворањето на нови работни места и инвестиции.Дополнително, велат од АСОМ не смее да се занемари фактот дека носењето на уредбата поттикна инвестиции во софтер, хардвер, маркетинг и човечки ресурси за он-лајн обложување кај домашните лиценцирани спортски обложувалници, средства кои практично сега излегува дека се залудно вложени.Инаку, од АСОМ посочуваат дека ниту Државна Видео Лотарија на Македонија (ДВЛМ) нема право да приредува интернет игри на среќа, но изразуваат сомнеж дека ДВЛМ тоа нема да го почитува.„Немањето подзаконски акти значи дека никој не може да приредува интернет игри на среќа, па ни ДВЛМ бидејќи без овие акти никој неможе да ги добие потребните дозволи и лиценци за приредување на интернет игрите на среќа. И во периодот додека важеше Уредбата со законска сила за примена на Законот за игрите на среќа и забавните игри за време на вондредна состојба ДВЛМ работеше според постоечкиот закон и не ја применуваше Уредбата онака како што беше истата пропишана. Сето ова отвора сомневање за селективен пристап кон различни категории на приредувачи на игри на среќа и повластена положба на одредени субјекти во приредувањето на интернет игрите на среќа.“ – истакнуваат од АСОМ.Од Асоцијацијата потсетуваат дека и покрај тоа што он-лајн обложувањето, согласно член 19 од Законот за игри на среќа на странските сајтови е спротивно на законот и ваквиот начин не гарантира никаква безбедност во однос на уплатите и исплатите, играчите сепак практикуваа и сé уште практикуваат он-лајн обложување на странски сајтови. Од друга страна, он-лајн обложувањето на сајтовите на домашните обложувалници се покажа како безбедно, сигурно и едноставно. Асоцијацијата до Министерството за финансии, повикувајќи се на истиот член од Законот за игри на среќа (член 19) испрати допис, со кој побара да се информираат странските приредувачи на игри на среќа кои нелегално и без лиценца приредуваа он-лајн обложување дека е забрането учество на граѓаните на Република Северна Македонија. Согласно ова, доколку Управата за јавни приходи утврди прилив на парични средства од учество во игри на среќа кај странски нелиценцирани приредувачи на игри на среќа, тоа подлежи на високи парични казни за играчите.Со тоа велат од Асоцијацијата, укажавме и алармиравме на сите можни прекршувања на Законот, додека при ноење на уредбата, целосно ги подготвивме и адаптиравме услугите за играчите и ги прифативме условите кои ги наметна државата за овозможување на оваа услуга.„Кога се донесе уредбата, ние како Асоцијација ја поздравивме оваа уредба на Владата. Таа дојде во вистински момент, како соодветен одговор на коронакризата и навистина помогна да се зачуваат многу работни места кои директно и индиректно ги одржува нашата индустрија. Дополнително мора да се земе во предвид дека оваа индустрија има и значаен придонес во државната економија. Ние, во републичкиот и локалните буџети во 2018 година сме придонеле со околу 253 милиони, пари кои се користат директно за потребите на сите граѓани во државава. Нашата индустрија позитивно влијае и врз развојот на други стопански гранки, преку средства кои се слеваат во други дејности и придонесуваат за стопански развој во земјата. Воедно, во спортските обложувалници се вработени околу 4.500 луѓе, а целата индустрија поддржува околу 54.000 работни места.“ – истакнуваат од АСОМ и нагласуваат дека исклучително е важно да и се помогне индустријата за да се зачуваат работните места, да се обезбеди одржливост, а со тоа и финансискиот придонес кој индустијата го има во државната економија.Инаку, спортските обложувалници беа меѓу првите деловни субјекти опфатени со рестриктивните мерки на Владата против Ковид-19, на почетокот на годината. Прво, беше донесена одлука спортските обложувалници да работат со скратено работно време, но набрзо потоа, на 14 март обложувалниците беа целосно затворени до 13 мај, кога Владата донесе одлука за повторно отворање на уплатно-исплатните места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница, со посебно утврдени протоколи за работа. И покрај кризата спортските обложувалници не отпуштија ниту еден вработен. Со повторното отворање на објектите, сите вработени во спортските обложувалници, членки на АСОМ, се вратија на своите работни места. Членките на Асоцијацијата во целост ги почитуваат сите мерки кои ги носи Владата со цел заштита на здравјето на граѓаните и работат согласно пропишаните протоколи.Уредбата со законска сила со која се овозможи он-лајн спортко обложување преку македонските лиценцирани обложувалници се донесе на 24 април со важност до 22 декември, 2020 година.Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е активен чинител во општеството и заедно со своите членки работи одговорно, создава услови за работа и кариера, придонесува во економијата и активно делува на полето на општествената одговорност за поддршка на заедницата. АСОМ е формирана 2013 година, а членки на асоцијацијата се: Моцарт, Спорт Лајф, Златна Копачка, Евротип и Марбет.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Влада: Граѓаните можат да ја користат поддршката од 6.000 денари во било кој период без рокови и ограничувања

Владата на Република Северна Македонија потсетува дека граѓаните, кои ќе добијат 6.000 денари еднократна поддршка, истата може да ја користат во кој било период без рокови и ограничувања. Станува збор за околу 300.000 граѓани кои средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка.Тоа се пари наменети за граѓаните на кои им е потребна поддршка и истите може да се користат непречено веднаш по уплата на сметката. Овие средства се и остануваат за граѓаните. Дополнително целта е и да се поддржи домашната економија, преку стимулирање на личната потрошувачка.Оваа мерка е од четвртиот пакет за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани. По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. За оваа мерка која ќе се реализира преку исплаќање на средствата на постоечката трансакциска сметка на граѓаните, испроектирани се вкупно 27,5 милиони евра. На страницата kupuvamdomasno.gov.mk граѓаните може да проверат дали се на листата со внесување на својот матичен број.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања