Промени тема
Контакт

Ковачевски: Цврсто се залагаме за европска иднина и просперитет за граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
24032022_PVRSM_Kovacevski_na-Vonredniot-samit_4

На Форумот „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Северна Македонија” кој се одржа во „Националната опера и балет“, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и министрите на Владата ги сублимираа и презентираа обемните постигнувања на Владата во текот на 100 дена од нејзиното работење и одговараа на прашања од интерес на медиумите и јавноста.

На Форумот воведно обраќање имаше премиерот Димитар Ковачевски, по што следеше панел сесија со премиерот, а потоа и со вицепремиерите и министрите.

Премиерот и министрите ги презентираа постигнувањата на Владата во надворешната политика, владеењето на правото и реформите, економијата, како и стандардите на живеење и животната средина.

На Форумот присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, стопанските комори, граѓански организации, институции, медиуми.

— реклама —

Во оваа пригода премиерот Ковачевски истакна дека Владата ја докажа својата цврста заложба да обезбеди сигурност и континуитет во создавањето услови за подобар живот, како и европска и просперитетна иднина за нашите граѓани. За тоа, како што посочи, е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење.

— реклама —

На прашањето за перспективите на ЕУ интеграциите на Северна Македонија и Албанија и јасните пораки од страна на САД и Франција дека стабилноста на Западен Балкан зависи од овој процес, премиерот Ковачевски посочи дека од огромно значење е тоа што постои огромна поддршка на европските интеграции внатре во нашата државата поради тоа што нашиот народ знае дека ЕУ е унија во која се негуваат основните демократски вредности: слобода на изразување, право на критичко мислење и изразување и социјална правда.

„Ние 30 години и како институции и како граѓани имаме вложувано многу за исполнување на критериумите за членство во ЕУ. Потврда за тоа се и четирите позитивни извештаи од Европската Комисија. Имаме и значајна поддршка од држави како Франција, Германија, САД но на патот кон членството во ЕУ, за жал, имаме предизвик со ветото кое го стави минатата влада на Република Бугарија“, истакна премиерот Ковачевски.

— реклама —

Тој посочи дека во правец на континуирано негување добрососедски односи отворивме дијалог со бугарската влада во кој беа вклучени сите министерства како дел од работни групи преку кои се фокусиравме на теми свртени кон иднината.

„Успехот во овој процес може да се очекува врз основа на дијалог кој ќе се темели врз европски вредности но и врз принципите на почит и принципот на достоинство кои двете страни мора да ги чуваат, негуваат. Мора да се сочува достоинството на граѓаните на двете држави. Така дијалогот ќе вроди со резултат за градење идни одлични односи меѓу соседи и земји членки на ЕУ. Честопати оваа дискусија е преземена од националисти и популисти и тоа не е добро. Ние, како европски влади имаме обврска да наметнеме позитивен наратив-насочен кон иднината кој ќе ни овозможи отпочнување на преговори за членство во ЕУ“, истакна Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ за договорот за вода во Гостивар

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Македонија | пред 3 седмици

mickoski-Ekonomski-socijalen-sovet_6-2

Мицкоски: Изборниот законик останува единственото отворено прашање од реформската агенда, на потег е опозицијата

Македонија | пред 1 месец

media-librarybf9g0lnvm3n9cF0CykI

Мицкоски за планот за Водно: Нема да направиме ниту милиметар чекор спротивен на интересите на граѓаните

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања