Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Kosta

Честитка на градоначалникот Герогиески по повод Денот на наставата на турски јазик

По повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември, градоначалникот Константин Георгиески упати честитка до припадниците на турската заедница во Охрид и Република Северна Македонија.-На нашите сограѓани од турска националност им упатувам најискрени честитки по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик, празнување на денот кога официјално го добиваат правото да се образуваат и да творат на мајчиниот јазик. Велат дека учењето на мајчиниот јазик е основно човеково право и дека е основа за меѓусебно почитување и соработка меѓу граѓаните од различни националности.Свесни дека со почитување на различностите, како фундамент на демократијата, ние постојано ги унапредуваме условите за негување на соживотот и градењето на меѓусебната доверба. Турската заедница во Охрид била и ќе биде важен чинител за градење на посветла иднина на нашиот град и негова промоција како вековен крстопат на цивилизаците. Денешното празнуваање на Денот на наставата на турски јазик, нека биде уште еден заеднички и светол пример за меѓусебното почитување и градењето на соживот меѓу различните етнички заедници- се вели во честитката на градоначалникот Константин Георгиески по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик.

Македонија | пред 5 години

mehanizacija

Крпење дупки на “Даме Груев”

Од страна на Локалната самоуправа во текот на денот ќе биде извршена санација на дупките на улицата “Даме Груев” како и улицата непосредно пред економското училиште.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Поранешната дива депонија во Мичуринсега е нов зелен парк за граѓаните

Повеќедецениската дива депонија во населбата Мичурин од која годинава екипите на Град Скопје расчистија 15.000 кубни метри отпад, денес е нов зелен парк за граѓаните. Во овој парк изминативе денови беа засадени 520 нови висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја кои веќе напролет ќе развијат убави крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци. Овде е засадено и највисокото дрво за оваа сезона кое е високо 7,4 метри.Новоуредената јавна површина на околу 6.000 квадратни метри е поделена на прекрасен нов парк со детско игралиште и паркинг-простор кој ќе го стопанисува ЈП „Градски паркинг“ со што ќе се надмине проблемот со паркирањето на околните згради. Наскоро, паркот ќе добие и соодветно осветлување и нови рекреативни содржини.Град Скопје продолжува со уредување на местата кои претходно биле диви депонии, а кои сега прераснуваат во мали зелени оази со цел поздрава и поубава животна средина за сите граѓани. Продолжуваме и со засилениот инспекциски надзор за да се спречи повторното создавање ѓубришта на истите места.Град Скопје согласно со новите стандарди на квалитет продолжува со подигнување нови дрвореди со квалитетни дрвја со просечна висина од околу 5,5 метри коишто веднаш ќе се вклопат во екосистемот на нашиот град, толку потребно за прочистување на воздухот. Есенското раззеленување на Скопје продолжува на голем број локации во сите скопски општини.

Скопје | пред 5 години

21122020_PVRSM_Zaev_pres-konferencija-4

Заев: Со „Акција 21 – за европски стандарди дома“ ги забрзуваме процесите за европска Северна Македонија и за да ги почнеме преговорите со ЕУ во секое време

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска одржа прес-конференција на која ги презентираше проектите и програмите од владината „Акција 21 – за европски стандарди дома!” за 2021 година.Без разлика што ЕУ испрати лош сигнал за проширувањето, сите ние, и како држава, и како Влада, и како народ, остануваме посветени на истиот стратешки колосек. Нема отстапување од стремежите за остварување на стратешките цели кои се поставени едногласно и кои секогаш уживале широка поддршка: Постигнување и одржување на добрососедски односи, активно учество во алијансата како членка во НАТО и непоколеблива посветеност кон членството во ЕУ.Дома, нема да дозволиме неуспехот на ЕУ со неодобрувањето на преговарачката рамка, да предизвика застој во внатрешните реформи. Напротив, со уште повеќе верба, посветеност и единство, ќе се посветиме на градењето европски стандарди дома.Испорачавме полноправно членство во НАТО, ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ, со заштитен македонски идентитет и македонски јазик! Ќе продолжиме со реформите со уште посилен интензитет, истакна Заев.Премиерот додаде дека ги повикува на обврска сите владини функционери и службеници да продолжат да даваат максимум на целите кои ги утврдивме како највисок интерес на граѓаните и за кои добивме мандат да ги реализираме. Ве повикувам и вас почитувани граѓани, приклучете се, дајте максимум сега, кога сме најподготвени да си го направиме животот дома подобар и поубав.-Во финалето сме на длабоките и суштински реформи во правосудството преку ефикасно и објективно прочистување на судството и обвинителството. Стигнавме до тука после тешка битка со противниците на правдата. За некои од нив, за Мицкоски на пример, во неколку наврати јавно чувме дека се единствени на браникот на криминалот – го знаевме тоа, затоа беа против Законот за јавно обвинителство кој како владејачко мнозинство го донесовме во Собранието.Како резултат на тој закон, предметите за висока корупција се живи и тие добиваат и ќе добиваат судски разрешници. Високи функционери, министри, веќе издржуваат затворски казни за тешки кривични дела. Изминатава година од страна на Судскиот совет биле покренати 80тина предмети, а осум судии биле разрешени. Процесите се почнати, нема назад. Моделот за прочистување или филтрација, е во завршна фаза. На него работеа првенствено претставници на Судскиот совет, на Советот на јавни обвинители, со поддршка на академската јавност и тие ќе бидат тие што ќе го усвојат моделот што сами го креираат и што ќе го спроведуваат.Ќе се ревидираат цели досиеја. Секој судија ќе биде оценуван. Ќе има листа на критериуми кои ќе се прегледуваат за сите судии: Како воделе постапка, како изведувале докази, како се сослушувани сведоци и особено во врска со одредени постапувања по предмети кои беа доведени до застареност со одлагање. Сите тие работи ќе ги поминува Судскиот совет или Советот на јавните обвинители и сето тоа во утврдена временска рамка и транспарентност, истакна Заев.Според премиерот ќе се иницира носење законски измени врз основа на кои Јавното обвинителство ќе мора редовно и постојано да ја информира јавноста за својата работа и за напредокот во предметите кои ги следат граѓаните и за коишто постои посебен јавен интерес.Тука пред сѐ мислам на предметите од организиран криминал и корупција, како и други предмети од јавен интерес.Целиот процес ќе оди во фази и постепено, ама ќе се проверат сите.Во оваа активност е вклучена и проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите од страна на Државната комисија за спречување на корупција.Паралелно на овој процес, на почетокот на наредната година, најдоцна на пролет, се очекува да започне и ЕУ мониторингот на судските случаи од висок профил, околу 50 предмети годишно, во кој ќе учествуваат стручни лица од странство и домашните експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ.Ние сме прва држава во регионот која од Европската Унија побара веднаш да ја стартува иницијативата за мониторинг на судските предмети врзани за високата корупција. И тоа никако нема да зависи од стартот на преговорите со ЕУ, истакна Заев.Премиерот вели дека ги носиме најдобрите европски стандарди и практики дома.-Вториот приоритет е борбата против корупција, преку воспоставување јасни механизми за интензивна соработка меѓу сите надлежни чинители, преку силна политичка волја и преку мотивација на секој граѓанин, на сите нас, да се ангажираме во искоренувањето на оваа девијантна појава, којашто го враќа општеството назад. Го намаливме бројот на министри и формиравме ефикасна, отворена и одговорна Влада, подготвена да работи и да сработи посветено, исклучиво во интерес на граѓаните и државата.-Како одговорни политичари, но пред сѐ како граѓани, се обврзуваме на силна, бескомпромисна борба за заштита на животната средина и најавувам засилен ангажман во акцијата за чиста и здрава животна средна, како приоритет број 3 од иницијативата Европски стандарди дома.За 2021 година во Програмата за намалување на аерозагадувањето се предвидени 100 милиони денари за објекти за општините за замена на нееколошки системи за греење, зголемување на енергетската ефикасност, обновување на урбаното зеленило.До 20 пати ги зголемивме казните за прекршоци во животната средина и воведовме 24/7 контрола на Државниот инспекторат за животна средина и локалните инспекторати, а преку вмрежување со локалните капацитети ги зајакнавме и нивните ингеренции. Првите резултати ги очекуваме уште во првото тромесечје од 2021 година, истакна Заев.Премиерот се осврна и на ковир кризата, предизвиката од корона вирусот.-Имаме уплата за 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамки на Ковакс механизмот.Согласно планот за дистрибуција вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021.Покрај овој механизам, започнавме преговори и за директна набавка од компаниите кои ги произведуваат вакцините.Предвиден е и трет механизам преку Европската унија која е во постапка за набавка на 200 милиони вакцини за земјите членки и за уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата. Ние аплициравме за дополнителни 800.000 дози од овие 100 милиони.Се подготвуваме и набавуваме фрижидери за секој тип вакцини и за сите температури. Ова е така бидејќи ќе има повеќе достапни вакцини кои сигурно ќе ги користиме, а се складираат на различна температура.Порачувам до секој наш граѓанин – и во 2021 ќе продолжи државната економска помош за сите кои се соочуваат со штети како резултат на пандемијата – државата е во добра финансиска кондиција и ќе биде тука за секого. Ќе помогнеме да исплаќаат плати, да се зачуваат и да се отвораат нови работни места, ќе ги поддржиме фирмите да ги трансформираат своите дејности – тоа е новата реалност, тоа е новата македонска економија.Во исто време, апелирам силно, да останеме внимателни и најдисциплинирано да се придржуваме до активните мерки, истакна Заев.Што се однесува до лиценците за производство за канабис, премиерот рече:-Во Северна Македонија досега се одобрени 59 лиценци за оваа дејност и сакам да истакнам дека Владата е во комуникација со претставниците на компаниите со цел оваа индустриска гранка да се развива согласно светските текови и европските регулативи. Во европските и светските пазари имаме стотици исклучително важни лекови кои се решение за здравјето на многу граѓани.Маслата од канабис и другите продукти, влијаат позитивно на многу симптоми на болести како што се мултиплекс склероза, ХИВ, Паркинсонова болест, епилепсија и други малигни заболувања.Тоа отвора огромни потенцијали и пазари, верувам дека во таа насока Парламентот е подготвен да ги усвои предложените законски измени за кои што имавме одредено блокирање во изминатиот период. Со донесување на измени и дополнувања на Законот за опојни дроги ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели кои ќе поттикнат нови инвестиции, развој и нови работни места, истакна Заев.Заев продолжи дека 2021 е година и на новата македонска енергетика!-Темелно ги следиме трендовите и политиките на ЕУ во поглед на енергетската транзиција и целта до 2050 година европскиот континент да има нула емисии од секторот енергетика. Ние сме дел од Европа, така и се однесуваме – одлучно се движиме кон енергетската транзиција.За новата енергетска иднина имаме и огромна поддршка од нашите партнери ЕУ, НАТО и САД, кои преку своите фондови и развојни агенции пружаат огромна поддршка.Во 2021 година очекуваме реализација на проект со кој термоелектраната Осломеј ќе се замени со фотонапонска електрана. На местото на стариот рудник во РЕК Осломеј сега се градат капацитети за 10 мегавати, а ќе се изградат уште две фотонапонски електрани од по 50 MW. Проценетата инвестиција е околу 60 милиони евра.АД ТЕЦ Неготино распиша оглас за изработка на Физибилити студија и во првата половина на 2021 ќе се оцени дали ќе се гради нова гасна електрана на истата локација по моделот на јавно приватно партнерство или ќе се продава АД ТЕЦ Неготино. Можната инвестиција е од 200 до 500 милиони евра со нови стотина мегавато зелена енергијаДополнително обезбедени се грант средства за физибилити студии за три нови фотонапонски електрани со вкупен капацитет од 160 MW во РЕК Битола.Во изминатата година успешно беа спроведени првите транспарентни постапки за доделување на премиум тарифи за изградба на фотонапонски електрани во вкупен инсталиран капацитет од 62,5 MW, од кои веќе неколку се пуштени во употреба. Во првиот квартал од 2021 ќе биде објавен нов тендер за дополнителни 60 MW фотонапонски електрани по истиот принцип. Инвестицијата е над 35 милиони евра.Во текот на 2021 ќе започне изградбата на втората фаза од ветерниот парк Богданци 2, со кој ќе се зголеми инсталираната моќност на постојниот ветерен парк Богданци за 13.8 MW. Проценетата инвестиција е 21 милион евра, истакна Заев.Што се однесува за инфраструктурата премиерот истакна:-Започнува реализацијата и на нови ветерни паркови во Богданви, Св. Николе, Демир Капија и во Дебрца.Идната година и официјално започнува проектот изградба на гасовод помеѓу Северна Македонија и Грција со кој ќе се обезбедат дополнителни количини на природен гас од други извори со конкурентна цена, со сигурност и безбедност во снабдувањето. Обезбедуваме гас од Азербејџан преку ТАП (Trans Adriatic Pipeline). Ова e клучен проект за енергетски – економски развој на Северна Македонија. Инвестицијата само за интерконекторот со Грција проценета на 50 милиони евра, од кои 10 милиони се грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан.Во фаза на проектирање е гасоводна врска со Косово и со овие два проекти, Северна Македонија ќе биде транзитна држава со природен гас и еден од главните играчи со природен во регионот.Продолжува изградбата на магистралните гасоводи низ целата држава со засилено темпо. Идната година завршуваме со кракот до Битола, и до Тетово и Гостивар, а потоа продолжуваме со Гостивар – Кичево, Св. Николе – Велес, и делницата до Гевгелија и до ТЕЦ Неготино, и со заокружување на прстенот кон Охрид и Ресен до Битола.Во 2021 година започнува втората фаза од тендерската постапка за избор на приватен партнер за изградба на дистрибутивната мрежа на природен гас во сите општини. Двете турски компании АКСА и ПАЛЕТ ИНСААТ се во втората фаза од натпреварот за стекнување на привилегијата за приватен партнер со проценета инвестиција од околу 300 милиони евра.Штип и Крива Паланка се веќе подготвени, тие се првите македонски градови после Струмица и Куманово, со комплетирана проектна документација за секундарната мрежа, а во фаза на изработка е и документацијата за Прилеп, Битола и Тетово. 2021 ќе биде годината кога ќе започне изградбата на секундарната гасоводна мрежа во 10 македонски градови со што цевките за гас ќе стигнат до домаќинствата.Веќе во јануари 2021 година ќе стигнат анализите и проценките за нашето учество во изградба и сопственост на Терминалот за течен природен гас во Александропулос и Гасната електрана Александропулос. Во текот на 2021 Владата ќе донесе соодветни одлука за инвестирањето во овие проекти, потенцираше премиерот и додаде:-Градиме во енергетиката и градиме и се поврзуваме преку Коридорот 8 и преку другите капитални проекти.Буџетот за 2021 година на Министерството за транспорт и врски е развоен и во него во најголем дел од проектираните средства или 83 проценти се наменети за капитални проекти. Со Буџетот планираме да обезбедиме високо ниво на реализација на капиталните инвестиции во делот на гасификацијата, железничката и комуналната инфраструктура како и за изградба на социјални станови.Клучен капитален проект на кој ќе посветиме големо внимание е изградба на железницата на Коридор 8 во втората и третата фаза вредни 600 милиони евра.Коридор 8 е главната артерија која и инфраструктурно ја поставува Северна Македонија како крстопат помеѓу соседите, а ги поврзува Црното со Јадранското море.Само во северо-источниот и источниот регион реализираме инвестиции од над 80 милиони евра и интензивирана е изградбата на патната инфраструктура како никогаш досега.За поквалитетен живот на граѓаните обезбедивме 937 милиони денари за изградба и реконструкција на канализации и водоводи во општините. За следната година веќе обезбедивме 615 милиони денари за изградба и санација на локални улици и патишта во општините, многу значаен проект за подобрување на урбаното живеење. Започнува изградбата на браната Отиња во Штип.Што се однесува за одбраната од сајбер нападите,  премиерот истакна дека е завршена процедурата за усогласување на Меморандум за соработка на нашето Министерство за одбрана со НАТО, на полето на сајбер одбраната и документот е подготвен за потпишување, што ќе овозможи координирана реакција на сојузниците во случај на сајбер напади.-Европа дома значи подобар живот за секој македонски граѓанин, за секој еден човек што живее во нашата заедничка Северна Македонија, истакна Заев.

Македонија | пред 5 години

policija-i-inspekcija-3

Затворени два угостителски објекта во Гостивар, поради непочитување на мерките за спречување на ковид-19

Вчера  околу 19.15 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Љ.Н.(50) од Гостивар, затоа што неговиот угостителски објект бил отворен по 18.00 часот и во него престојувале неколку лица. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ (член 206 од Кривичниот законик). Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.Во текот на вчерашниот ден околу 22.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Џ.В.(62) од Гостивар, затоа што неговиот угостителски објект на ул.„Илинденска“ во Гостивар, работел по дозволеното време и во него се наоѓале неколку лица. По документирање на случајот, против Џ.В. ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. И овој објект бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Македонија | пред 5 години

2020-12-20_20-26-20

Контролирани 18 пазари, на Бит Пазар пронајдени и одземени над 1000 парчиња пиротехника

На 20.12.2020 во периодот од 10.00 до 16.00 часот, на подрачјето на СВР Скопје, беше спроведeна акцискa контрола, со цел спречување на трговија и употреба на пиротехнички средства. Од страна на Единиците за внатрешни работи во соработка и содејство со Државниот пазарен инспекторат извршени се 10 контроли на пазари, додека самостојно се контролирани осум пазари. Воедно, извршени се контроли и на два парка, пет трговски центри, пет раскрсници и седум маркети, при што се пронајдени и одземени над 1000 парчиња пиротехнички средства, сите на Бит Пазар.Од преземените дополнителни мерки и активности на наведените локации, констатирани се вкупно 62 прекршока од Законот за заштита на населението од заразни болести.

Македонија | пред 5 години

davitkov

Доктор Перица Давитков е меѓу првите Македонци кои ја примиле вакцината на Фајзер против Ковид-19.

Давитков се вакцинираше пред 4 дена во Универзитетската болница во Кливленд, САД каде работи и истражува, а вели дека засега нема никакви реакции.Искрено се чувствувам помалку анксиознен, среќен и горд дека медицината и науката не доведоа до чекор поблиску во справување со пандемијата, вели доктор Перица Давитков кој е меѓу првите Македонци кои ја примиле вакцината на „Фајзер“ против ковид-19, објави Сител.– Во однос на симптомите после вакцинацијата ја имав само очекуваната болка во рамото каде беше аплицирана вакцината и траеше 24 часа. Втората доза планирам да ја примам за 3 недели иако што е за Фајзер вакцината и после втората доза се очекува малку повеќе симптоми, а тоа се сепак благи како секоја друга вируза, како обична настинка, малку покачена температура, малаксаност, можна е и болка во мускулите и зглобовите и тоа ќе трае 24 до 48 часа, изјави за Сител д-р Перица Давитков, асс. проф. во Универзитетската болница во Кливленд и заменик шеф на катедрата за гастроентерологија.

Македонија | пред 5 години

dete

Десет-годишната Махира пронајдена жива и здрава завиткана во ќебе кај државна болница

Десет-годишната Махира Куртиш од Скопје по која пет дена трагаше семејството и полицијата, синоќа ја пронашол нејзиниот татко, само неколку часа откако фотографија од девојчето беше објавена во медиумите и на социјалните мрежи, објави Фокус. Таа била во друштво на неколку години повозрасно девојче, а на таткото му било јавено дека е забележана кај државна болница, по што со пријатели веднаш се упатил таму. Ја пронашле завиткана во ќебе, седела заедно со поголемо девојче.

Македонија | пред 5 години

Megunaroden-Aerodrom-Skopje-01

Забрана за летови од Велика Британија и 14 дена задолжителна самоизолација

Министерството за здравство информира дека на Главниот координативен кризен штаб е усвоен заклучок за нови рестриктивни мерки односно забрана за летови од нашата земја до и кон Велика Британија до крајот на годината.Дополнително мерката за задолжителна 14 дневна самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Англија, ќе важи и за патниците кои од Велика Британија по копнен пат ќе стигнат во нашата земја.Комисјата за заразни болести мерката за самоизолација ја усвои на утринскиот состанок превентивно по информациите дека нова мутација на корона вирусот, се шири во Велика Британија и според првичните епидемиолошки анализи е позарзана.

Македонија | пред 5 години

korona6

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 30 пациенти, а вкупно се лекуваат 497 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 497 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, тројца на Институтот за ТБЦ, тројца пациенти на Клиниката за дерматовенерологија. На ОРЛ се примени шест нови болни, а на Очната клиника двајца.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало шест нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани девет болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 13 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 20 пациенти, а на ОРЛ 24 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 107 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 145 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 43 пациенти.Вкупно 497 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Комисијата за заразни болести предлага 14 дневна самоизолација за патниците од Велика Британија

Министерството за здравство информира дека на утринскиот состанок, Комисијата за заразни болести усвои нова мерка - 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија.Оваа нова предлог рестриктивна мерка, за влез во земјава ќе биде предложена на Главниот координативен штаб,а е донесена превентивно по информациите дека нова мутација на корона вирусот, се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позарзана.Комисијата за заразни болести засега не ја разгледува опцијата да предложи дополнителна мерка - како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја, односно да предложи рестриктивна мерка за влез или излез од земјава.Министерството за здравство апелира до сите граѓани кои патуваат да ги почитуваат здравствените протоколи, како задолжително носење заштитна маска во автомобил или друго превозно средство, а превозниците да ја почитуваат мерката за бројот на патници се со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска почнува зимата

Зимата во земјава и на северната хемисфера на Земјата календарски почнува денеска во 11 часот и 2 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото.На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути.Понеделник, 21 декември, е 356-иот ден во 2020 година, која како престапна има 366 дена. До крајот на годината остануваат уште 10 дена.Зимата ќе трае до 20 март 2021 година во 10 часот и 37 минути кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента. 

Македонија | пред 5 години

budzet-5

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот за 2021 година е неразвоен, СДСМ планира да троши стотици милиони без да каже на што

„Буџетот за 2021 година е неразвоен, не е насочен кон граѓаните и создава додадена вредност. СДСМ планира да троши стотици милиони без да каже на што. Заев одвојува дури 641 милион евра за други трансфери, а никој не знае каде одат овие пари. Само за споредба со 50 милиони евра се прави болница како Клиничкиот центар во Штип, то се 12 Клинички. 641 милион евра се и два автопати. 641 милион евра се пари кои можеа да се потрошат за подобра иднина, но спротивно од тоа ќе бидат потрошени на работи за кои никој никогаш нема да знае“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.Според партијата, Владата ќе потроши историски највисоки средства само за плати, во 2021 година за плати на администрацијата ќе се потрошат 20 милиони евра повеќе, споредбено со оваа 2020 година, и издатоците од Буџетот за плати ќе изнесуваат оваа година фантастични и рекордни 510 милиони евра.„Заев планира и 347 милиони евра за стоки и услуги. Од шупло во празно. Буквално!Ваквото расипништво ќе биде проследено со високо задолжување. За две години владата ќе се задолжи за 1 милијарда и 600 милиони евра.И додека се троши на се и сешто. Пари за здравството нема. Средствата за здравството се непроменети во однос на 2020 година. За жал и во 2021 година ќе се собираат донации преку смс пораки, а ќе се фрлаат милиони на непродуктивни трошоци.Власта која фрла пари за се и сешто ќе потроши само 374 милиони евра за капитални инвестиции, за споредба само Косово троши 1 милијарда евра за капитални инвестиции“, се додава во соопштението.

Македонија | пред 5 години

saturn

(ВИДЕО) "Божиќен бакнеж" или голема конјункција на двата гасовити џинови - Сатурн и Јупитер

На 21 декември (утре) 2020 година, после точно 794 години, Јупитер и Сатурн погледнати од Земјата, ќе се приближат толку блиску што ќе изгледаат како „двојна планета“, или како една ѕвезда на небото. Овој феномен, астрономите тврдат дека ќе изгледа спектакуларно. Двете најголеми планети во нашиот Сончев Систем ќе бидат поблиску од било кога, за создавање на т.н. „Божиќната Ѕвезда“. Имено, последниот ваков феномен е забележан на 4 март, 1226 година. Според тоа, вакво приближување на Јупитер и Сатурн е доста ретка појава. Астрономите предвидуваат дека следна ваква конјукција нема да се повтори до 15 март 2080 година. Во таа смисла, оваа ретка појава, позната како „Божиќна Ѕвезда“ целиот свет ќе има можност да ја види и секако да фотографира, објави igeografija.mk.Орбитите на Јупитер и Сатурн се на иста линија на секои 20-тина години и поради тоа многу се доближуваат една до друга. Ова е затоа што Јупитер кружи околу Сонцето на секои 12 години, додека револуцијата на Сатурн трае 30 години. Поминаа скоро 400 години откако планетите поминаа блиску една до друга на небото и скоро 800 години, откако се случи усогласувањето на Сатурн и Јупитер во текот на ноќта, како што ќе се случи за оваа година, односно утре, дозволувајќи им на сите ширум светот, да бидат сведоци на овој голем и значаен астрономски настан. Од гледна точка на Земјата, огромните гиганти (најголеми планети во Сончевиот Систем) ќе се појават многу близу една до друга, но тие ќе останат стотици милиони километри оддалечени во вселената, објави igeografija.mk.Како пак оваа ретка појава ја толкуваат астролозите ?Голема конјункција на Сатурн и Јупитер во водолија како воздушен елемент. Претходно, во последниве 200 година (од 1802 навака) оваа конјунција секогаш се случувала во земјени знакови. Земјените знакови се поврзани со материјализам, поседување, капитал, тешка работа, контрола на ресурсите и сл. Во такви услови се случува индустриската револуција. Во следните 200 години пак, оваа конјункција ќе се случува во воздушни елементи, што е поврзано со филозофија, концепти, апстракција, спиритуалност, едноставно материјалните елементи почнуваат по малку да ја губат важноста.Јупитер е планета на експанзија, интеграција, соработка, подржувач на градење на нешто ново. Сатурн е нешто сосема спротивно - Сатурн е планета на контракција, сепарација, натпреварување и уништување на старото.Овде има неколку синхроницитети. Спој, конјункција помеѓу уништување на старото и изградбата на новото. Се тоа се случува на солстициј (најкраткиот ден во годината) и ден кој е симбол на раѓањето на Сонцето, односно светлото. И се тоа во воздушен елемент кој е поврзан со експанзија, со учење, со информации.Сатурн сака да напредуваме и да бидеме одговорни за своите постапки, па ако сме еволуирале (наместо да стагнираме) во минатото, Јупитер ќе нè благослови.Сепак, ништо не може да се генерализира во астрологијата, така што може со сигурност само да се каже дека следната година ќе биде во знак на будење. Астролозите претпоставуваат дека ќе има револуција, бидејќи Водолијата ги претставува луѓето, но позитивен крај ќе доживеат само оние кои се одговорни.Зошто Витлеемската Sвезда е несекојдневен настан?Бидејќи спојот на Јупитер и Сатурн се случува на 0 степени, а во астрологијата нула го означува почетокот.Сатурн и Јупитер се двете најголеми и најважни планети кои влијаат на сè.Инаку овој феномен е токму она што се случило кога се родии Христос и затоа овој феномен е познат како Витлеемска Sвезда или Божиќна sвезда.Ова преклопување се случува утре, на 21.12.2020.      

Магазин | пред 5 години

paun-3

(ФОТО) Улични кучиња го распарчија белиот паун во Храмот Свети Архангел Михаил во Автокоманда

Толку било убавецу наш.Белиот паун кој го красеше дворот на нашиот Храм беше нападнат од улични кучиња и буквално растргнат на парчиња. Нападот најпрвин се случил во дворот на Храмот. Белан бегајки прелетал надвор од дворот и налетал на глутница од улични кучиња, се вели во објавата на социјалната мрежа Фејсбук од Храмот Свети архангел Михаил - Автокоманда.Во објавата се додава:Нашиот домакин веднаш реагирал, но за жал било доцна.Ги замолуваме сите кои можат да помогнат на било каков начин да се дислоцираат уличните кучиња кои се во кругот на студентскиот дом Стив Наумов.Сите сме сведоци дека изминатиот период во дворот на Храмот имаше: зајачиња, шатки,пауни,гулаби,коковчиња,дукатки...и други животинчиња кои ја заокружуваа убавината на овој Храм, но за жал уличните кучиња ја прекинаа таа убавина убивајки се што ќе дофатеа со крволочните заби.

Скопје | пред 5 години

Nikoloski-20122020

Николоски: Заев од овој Буџет ќе потроши фантастични и рекордни 510 милиони евра за плати на администрацијата, расипнички се крадат парите на граѓаните

-Во 2021 година со коронакриза Владата очекува од даноци да собере повеќе пари од 2019-та година кога немаше корона криза, вака проектираните даночни приходи се на ниво од една милијарда и 918 милиони евра, споредно со една милијарда и 898 милиони евра во 2019-та година, не слушнавме дебата на што го темели Владата овој оптимизам, како и возможно во кризна година да очекуваат да соберат повеќе пари од 2019-та година кога немаше криза ниту во Македонија, ниту во светот, Владата врз основа што очекува да собере 142 милиони евра повеќе оваа година, праша вечерва од собраниската говорница Александар Николовски, потретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание.Во однос на трошоците во Буџетот, Николоски вели дека граѓаните треба да знаат дека Владата ќе потроши историски највисоки средства само за плати, во 2021 година за плати на администрацијата ќе се потрошат 20 милиони евра повеќе, споредбено со оваа 2020 година, и издатоците од Буџетот за плати ќе изнесуваат оваа година фантастични и рекордни 510 милиони евра.-Значи за плати за администрацијата која очекуваат дека ќе им гласа на следните локални избори, Владата на Заев на СДСМ и ДУИ планира да потроши фантастични и рекордни 510 милиони евра, споредено со 2008 година во време на криза сме трошеле 339, а 2011 година 376 милиони евра, значи оваа година ќе се трошат 20 милиони евра повеќе од 2020 година каде исто така е соберен рекорд од 490 милиони евра, нема намалување на администрацијата, напротив има рекордни 510 милиони евра за плати во 2021 година, наместо да се трошат во капитални инвестиции, критикуваше Николоски од собраниската говорница вечерва.Во врска со трошењата на Владата за стоки и услуги, Николоски праша е каде одат 347 милиони евра кои Владата треба да ги потроши за стоки и услуги и зошто истите не се во капитални расходи, туку се во дискрециони трошења на генералниот секретар на Владата?-За стоки и услуги најматната категорија од Буџетот, со овој Буџет се проектирани на историски највисоко ниво во историјата на Македонија од 347 милиони евра, што е повеќе за 55 милиони евра споредбено со 2020 година, и некаде 83 милиони евра повеќе споредбено со 2009 кризна година и повече од 120 милиони евра споредбено со 2011 година исто така кризна година – објасни Николоски.Во однос на социјалните трансфери од Буџетот, Николоски истакна дека тие одат некаде во околу 29 % од вкупните расходи што покажува дека политиките кои што тука се презентираат во однос на пензионирањето на пример, одат целосно во спротивност на начинот на кој се проектира Буџетот.-Треба граѓаните да знаат дека средствата предвидени за здравствена заштита се непроменети во однос на 2020 година, а во 2020 година беа за 59 милиони евра повисоки од 2019 година, значи дека во 2020-2021 година ќе се потрошат дополнително само 118 милиони евра за здравствена заштита во ек на здравствена криза, а задолжување или дефицитот на Буџетот според проекциите на Владата кои ги спорам и мислам дека ќе е повисоко, е една милијарда и 600 милиони евра, што значи дека е лага дека ќе се инвестира во здравството, само 118 милиони евра за две години да потрошите за здравството покажува каков однос има Владата кон здравствената заштита на граѓаните, - критикуваше Николоски.Николоски во врска со „други трансфери“ од Буџетот истакна дека за дотации за невладин сектор, за договорни услуги и слично Владата историски највиско ќе издвои 641 милиони евра, споредбено со 2009 година е повеќе од 295 милиони евра, а од 2011 277 милиони евра повеќе, значи Владата ќе издвои 300 милиони евра повеќе само за дискреционите „други трансфери“, тој праша каде одат овие пари, зошто граѓаните не ги гледаат, и зошто истите не се вложуваат за изградба на болници или автопати?За дискрециони трошења Владата троши повеќе отколку што е дупката во Буџетот, ако се менаџирани добро овие трошења кои се 641 милиони евра од Буџетот, задолжувањето од 568 милиони евра нема да биде потребно, па дупката во Буџетот би била многу мала, објасни Николоски.Во однос на капиталните расходи Николоски појасни дека оваа година се проектирани 374 милиони евра, што како процент е некаде околу 9, 3% што споредбено од 2008 е 14%, а 2011 година е некаде околу 11%, но мислам дека со реализацијата следната година нема да се стигне ни до пола во овој износ, што значи дека прашање е само дали ќе гледаме капитални инвестирања.-Косово троши некаде околу милијарда евра на капитални расходи, а Македонија проектира 374 милиони евра, истакна Николоски. На плати троши 127 денари, на стоките и услугите кои никој не знае што се троши 86 денари, на социјални трансфери за купување социјален мир и поткуп троши 487 денари, на поддршка за пензии троши 288 денари, на здравствена заштита само 139 денари, на други странсфери или црна дупка за лоја никој не знае што е троши 159 денари, а за капоитални расходи и инвестиции троши само 93 денари, а во исто време се задолжува во вредност од 141 денар – објасни Николоски и порача дека ниеден домаќин не го прави ова, затоа расипнички се крадат парите на граѓаните со овој Буџет.

Македонија | пред 5 години

dete

Исчезнато десет годишно дете, ако го имате видено пријавете

Почитувани сограѓани, ве МОЛИМЕ да ни се приклучите во акцијата за пронаоѓање на малата 10 годишна Махира Куртиш. Девојчето за последен пат во Вторникот е излезена од дома и од тука веќе и се губи трагата, случајот истот така е пријавен и во полиција. Ве МОЛИМЕ доколку го имате некаде видено девојчето или имате било каква информација да го известите МВР или директно семејството на следите телфонски броеви 070298970 i 077583051 Молиме за помош, се вели во објавата на социјалните мрежи.

Македонија | пред 5 години

2020-12-20_20-33-57

(ФОТО) Запленети близу 30.000 парчиња пиротехнички средства, приведен тетовец

Вечерва околу 17.30 часот од страна на полициски службеници од ПС Тетово во објект на улица Илинденска, сопственост на лицето С. М. (41) од М.Речица Тетово пронајдени му се и одземени 27594 парчиња разни пиротехнички средства . Лицето е лишено од слобода за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-3

Трајановски: Шилегов своевремено протестираше под маска за загадувањето, за сега Скопје да е меѓу петте најзагадени градови во светот

Вечерва во Дневникот на Сител телевизија гостуваше поранешниот градоначалник на Град Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, кој истакна дека градот Скопје од 31 мерка за реализација за решавање на проблемот со загадувањето има реализирано само една, после протестите под маски на Шилегов и останатите од СДСМ, три години ништо не е сторено за загадувањето.Во однос на загадувањето во градот тој истакна дека неуспешно се справува градот со проблемот за загадувањето, ги нема веќе ни протестите, ниту организациите кои протестираа, господинот Шилегов, Макрадули, и останати се шетаа со маски тогаш и ветуваа дека имаат програма за справување со загадувањето, како и дека многу брзо ќе го решат овој проблем, меѓутоа не само што не го решија проблемот со загадувањето туку Скопје влезе во првите пет најзагадени градови во светот.Тоа јасно зборува дека не се реализираат мерките кои треба да се реализираат за загадувањето во градот Скопје, но и како потврда за тоа е фактот дека од 31 мерка за загадувањето, градот исполнил само една мерка, така да на тој план не е направено ништо, посочи Трајановски.Во однос на проектот за Универзална сала Трајановски вели дека конструкцијата е толку стара на тој објект што не може да издржи повторно реконструирање.-Истиот тој готов проект ги имав однесено кај господинот Алаѓозовски кој беше министер за култура, подоцна рекоа дека ќе треба да се дислоцира, па под притисок на јавноста се одлучи повторно да се реконстрира, но морам да кажам дека Универзалната сала не може да биде реконструирана,затоа што стручните лица уште тогаш рекоа дека нејзината конструкција е толку стара што не може да издржи повторна реконструкција, туку треба од темел да се направи нова конструкција, вели Трајановски.Во врска со проектот Скопје 2014-та Трајановски истакна дека на Градот Скопје истиот му има донесено четири пати повеќе туристи отколку што имаше, сметам дека овој проект му има донесено добро на градот, своевидна атракција, но и ако ги погледнеме сликите за тоа како Скопје претходно изгледало, па тој изглед се пресликуваше, но и голем дел на државни институции си добија свои енергетски ефикасни простории за вршење на својата работа.Сметам дека никаква дислокација на споменици не треба да се изврши затоа што тоа е дел од историјата на Македонија, а со тоа се брише идентитетот на овој народ, вели Трајановски.

Македонија | пред 5 години

korona5

Починати 18 лица и 357 нови случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1387 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-132, Куманово-15, Дебар-4, Штип-11, Прилеп-17, Тетово-14, Струга-9, Велес-4, Битола-18, Охрид-24, Кавадарци-18, Гостивар-8, Гевгелија-18, Струмица-18, Крива Паланка-5, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-5, Валандово-1, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-8, Ресен-8, Неготино-6.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 689 оздравени пациенти од: Скопје-263, Куманово-36, Штип-40, Прилеп-43, Тетово-27, Струга-37, Велес-40, Битола-39, Охрид-34, Кавадарци-23, Гостивар-31, Гевгелија-8, Струмица-5, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Валандово-2, Виница-1, Кратово-2, Свети Николе-7, Кичево-3, Ресен-3 и Неготино-16.Починати се 18 лица, седум пациенти од Скопје (72, 34, 73, 83, 51, 56, 58г), еден од Куманово (60г), двајца од Струга (70 и 82г), двајца од Битола (48 и 78г), четири пациенти од Охрид (84, 82, 70 и 78г), еден од Кочани (55г) и еден пациент од Ресен (72г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78305, бројката на оздравени пациенти е 54034, на починати е 2292, а бројот на активни случаи изнесува 21979. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 33779, активни 11822• Куманово 4463, активни 600• Дебар 590, активни 175• Штип 3188, активни 383• Прилеп 3931, активни 854• Тетово 4602, активни 997• Струга 1905, активни 410• Велес 2599, активни 616• Битола 2866, активни 805• Охрид 2215, активни 632• Кавадарци 1880, активни 629• Гостивар 3229, активни 698• Гевгелија 1053 активни 328 (71 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 178 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2160, активни 636• Крива Паланка 567, активни 135• Радовиш 577, активни 139• Крушево 155, активни 70• Кочани 1519, активни 274• Пробиштип 428, активни 65• Демир Хисар 227, активни 44• Македонски Брод 209, активни 33• Пехчево 128, активни 21• Берово 468, активни 96• Валандово 275, активни 59• Виница 427, активни 103• Делчево 642, активни 290 (178 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 181, активни 24• Свети Николе 1010, активни 157• Кичево 1509, активни 335• Ресен 600, активни 173• Неготино 923, активни 376 (147 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1387 теста се преку: ИЈЗ-466, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена-220, Биотек-130, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори)-84, Систина со PCR метода -141, лабораторија Лаор –40, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-74, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-18, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -59, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 380.616 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

zoran

Зоран Крстевски: Нов почеток

Пишува Зоран Крстевски за vecer.press (авторот е доцент доктор по филозофски науки и универзитетски професор)Утре ќе бидеме сведоци на исклучително блиско планетарно порамнување (конјункција) помеѓу двете најголеми планети во нашиот Сончев Систем, Јупитер и Сатурн, во знакот на Водолија. Овој редок небесен феномен последен пат се случил на 5 март 1226 година. Слична најблиска конјункција на Јупитер и Сатурн имало и на 16. 7. 1623 година, но тогаш таа била во соѕвездието на Лав.Конјункцијата на Јупитер и Сатурн во соѕвездието на Водолија е космичка појава која се случува исклучително ретко. Наредна голема конјункција помеѓу овие две планети во знакот на Водолија ќе се случи на 15. 3. 2080 година, а следната ќе биде дури во2.400 година.Утрешната конјункција се поклопува со зимската краткоденица (солстициј) кога Сонцето е на најниската точка и кога денот е најкраток, а ноќта најдолга. Овој период за христијаните има големо значење бидејќи според грегоријанскиот календар го означува Божик, а за Римјаните бил мошне популарен празник наречен „Сатурналија“, во кој го славеле богот на Сонцето. Христовото рождество се случило кога на небото била присутна Витлеемската ѕвезда, која ги водела трите мудреци (астролози) до местото на раѓање на Исус Христос. Германскиот астроном и астролог Јохан Кеплер во почетокот на 17 век предочил теорија дека на денот на Христовото раѓање се случила конјункција помеѓу Јупитер и Сатурн, а некои современи астрономи сметаат дека е можно планетарниот настан, кој е малку пред Божик, да има врска со Витлеемската ѕвезда.Астролошки гледано зимскиот солстициј претставува будење на Сонцето, завршување на еден космички циклус и почеток на друг и време кога надежта, волјата и виталноста почнуваат да се зголемуваат напоредно со зголемувањето на денот и со посилното зрачење на Сонцето. Дека од 21. 12. 2020 година ќе треба да се подготвиме за нови предизвици и големи промени укажува и поставеноста на дури четири планети на нулта степенот (Сонце и Меркур во Јарец и Јупитер и Сатурн во Водолија). Во нумерологијата бројот нула го означува почетокот. Дали тоа е зародиш на новиот светски поредок, будење на позитивните сили или почеток на крајот на многу нешта, ќе покаже времето кое е пред нас.Што треба да очекуваме од овој редок планетарен настан?Позицијата на Сатурн во Јарец, која беше актуелна во текот на 2020 година, максимално го промени животот на луѓето, предизвикувајќи им стресни ситуации, внатрешни немири, страв од болести, сиромаштија, економска рецесија, изолација и општо чувство на несигурност. Добрата страна е што Сатурн конечно го напушти знакот со кој владее и сè до 23. 10. 2047 година нема да транзитира во соѕвездието на Јарец. Колку за илустрација ќе наведеме дека кога Сатурн престојувал во знакот на Јарец се случила големата светска депресија (економска криза) во триесеттите години од минатиот век; а во текот на 1989 и 1990 година почнал да се насетува крајот на социјалистичкото општествено уредување во Европа, се појавува огромна безработица, пропаѓање на фабриките и распад на системот во многу социјалистички земји. Мошне интересно е што градењето (1961) и рушењето (1989) на Берлинскиот ѕид се поклопува со транзитот на Сатурн во знакот Јарец, кој всушност и владее со градби, камења, затвори, стеги и ограничувања. Како владател на времето, Сатурн одредува крај на сè и поставува разни ограничувања кои често можат да се сфатат како забрана, дисциплинирање или како некој вид на казна. Од тие причини, Сатурн во астрологијата е познат како противник на развојот, односно како планета која донесува награди по многу проживеани маки и страдања.Сето ова дава надеж дека можеби со влегувањето на Сатурн во Водолија нештата ќе бидат многу подобри, ќе се најде функционален лек за коронавирусот, луѓето ќе се ослободат од наталожените стравови, ќе можат послободно да функционираат и поопуштено да размислуваат за својата иднина. Впрочем, зодијачкиот знак Водолија е поврзан со сè што е напредно, иновативно и оригинално, тој владее со хуманоста, социјалната правда, новиот начин на размислување, дејствување и организирање. Сето ова зборува дека човештвото ќе се соочи со нови предизвици и специфични егзистенцијални околности. Сатурн во знакот на Водолија ќе се задржи до 7. 3. 2023 година, по што ќе го почне својот планетарен од во мистичните и креативни Риби.Присуството на Јупитер и Сатурн во Водолија во игра ќе стави две можни сценарија.Првата опција е човештвото да тргне кон правецот на позитивноста, солидарноста, помагањето и будењето на свеста за повисоките основи на постоењето. Осознавањето на стегите, ограничувањата и манипулациите наметнати од „елитите“ ќе создаде нова основа на дејствување насочена кон визијата за креирање похумано живеење. Втората опција е луѓето целосно да се подредат на технологизацијата и да станат робови на новите научни пронајдоци, посебно на иновациите кои се создадени со цел да контролираат, набљудуваат и подјармуваат. Опасноста е човекот целосно да ја загуби врската со природата на сопствената личност, како и со еко-средината.Технократското општество оди кон тоа да ги роботизира луѓето и да ги направи зависни од надворешните влијанија. Сето тоа е дел од негативното влијание на Уран. Таа планета моментално транзитира во знакот на Бик кој ги претставува финансиите, банките и општото чувство на сигурност, така што човештвото неизбежно ќе се најде пред економска рецесија и ќе се соочи со радикална промена на системот на вредности во однос на семејството и меѓучовечките релации.Конјункцијата на Јупитер и Сатурн во Водолија зборува за суштинската потреба да се спојат две спротивности во нас самите. Јупитер владее со правдата, благосостојбата, мудроста, позитивноста, добронамерноста и моралот, а Сатурн со себичноста, крутоста, затворениот дух, конзервативноста, контролата, но и со дисциплината, одговорноста, работливоста и постојаноста. Кога овие две планети се во конјункција една со друга, отвораат шанса да се спојат различностите и да се создаде нова похармонична основа на постоењето. Суштината е да се спојат личниот интерес и поширокиот стремеж за напредок на општеството и човештвото. Токму во периодот кога пандемијата зема сè поголем замав, неопходно е луѓето да се сплотат и со заеднички сили да работат на искоренување на оваа голема здравствена и егзистенцијална криза. Ако интересот е ставен врз профитот, манипулациите, лагите и подјармувањето на слободарскиот дух на човекот, тогаш на човештвото не му се пишува ништо добро. Можеби токму ова планетарно порамнување на површина ќе ги изнесе размислите на Никола Тесла дека „време е фантазијата, духовноста и науката да се спојат во едно“. Сè поинаку ќе создаде хаос, несигурност, апатија, отуѓување и победа на темнината. Негативната страна на конјункцијата на Јупитер и Сатурн е што може да предизвика немири на улиците, револуции поради одземени права и слободи, да создаде економско ропство, разни борби и анархични ситуации. Позитивната страна на овој аспект е во можноста со подигнување на колективната свест да дојдеме до нови подобрени општествени состојби на живеење и до будење на личните потенцијали со цел нам и на другите да ни биде добро. Како и да е, промените ќе се случуваат бавно и ќе се спроведуваат со голем напор и откажувања.Во годините кога Јупитер и Сатурн транзитирале во знакот на Водолија се случувале мошне интересни настани за македонскиот народ. За време на одржувањето на Берлинскиот конгрес во март 1878 година, Јупитер се наоѓал на истата планетарна позиција како што е и денес. Тогаш е поништена одлуката од Санстефанскиот договор која наметнала територијата на Македонија целосно да ѝ припадне на Бугарија. На 8. 9. 1991 година за време на одржувањето на референдумот за независност на Република Македонија, Сатурн бил на истата планетарна позиција на која се наоѓа и денес. Илинденското востание 1903 година е подигнато кога Сатурн транзитирал во знакот на Водолија, а во 1874 година е роден Крсте Петков-Мисирков, еден од најголемите македонски просветители и национални дејци, токму кога Сатурн престојувал во Водолија. Дали сите овие историски и планетарни коинциденции ѝ понатаму ќе имаат големо значење за опстанокот и развојот на македонската нација, ќе покаже периодот кој е пред нас.

Македонија | пред 5 години

1img

Приведени двајца тетовци што продавале пиротехника

Денеска (20.12.2020) во 14.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Р.Ш.(46) и Б.А.(20), двајцата од Тетово, затоа што биле затекнати како продаваат пиротехнички средства. Кај нив биле пронајдени и одземени околу 300 парчиња разновиден пиротехнички материјал. Двајцата биле приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 8 од Законот за заштита од експлозивни материи.

Македонија | пред 5 години

3-5

(ФОТО) Извршен претрес во викенд-куќа, запленети околу 60 кг дрога

Вчера (19.12.2020) од страна на Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со полициски службеници од ОВР Прилеп се лишени од слобода Т.С.(22) од Скопје, В.К. (35) од Р.Албанија и Р.К. (22) од Р.Косово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело неодзволена трговија со дрога.Имено, поради постоење основи на сомнение дека во викенд куќа во с.Врбоец, крушевско, се наоѓа поголема количина наркотична дрога марихуана, за која постои сомнение дека е одземена од простории на правно лице од крушевско за производство на медицински канабис, со наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп извршен е претрес во викенд куќата, при што се пронејдени и одземени шест вреќи со околу 60 килограми марихуана. При претресот било затекнато едно лице кое се дало во бегство, но за кратко време било лишено од слобода, при што е констатирано дека станува збор за Т.С.(22) од Скопје.Исто така, со судска наредба од Основен суд-Крушево, претрес бил извршен и во изнајмени соби од сместувачки објект во Крушево, во кои престојувале лицата: В.К., Р.К., Л.С.(23) и Т.С., при што биле пронајдени и одземени масло од хашиш и марихуана. В.К. и Р.К. биле лишени од слобода.На приведените лица, во координација со Јавен обвинител од ОЈО Прилеп, им е одредена мерка притвор, по што од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје против нив ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение дека како организирана криминална група сториле кривично дело предвидено и казниво по член 215, ст.3 од Кривичниот законик.Истрагата на Одделот за криминалистичка полиција продолжува и во текот на денешниот ден, во соработка со Министерството за здравство, при што во моментов се врши инспекциски надзор на правното лице за производство на медицински канабис.

Македонија | пред 5 години

2-4

Зајакнати контроли по пазарите, парковите, трговските центри - запленети над 2.500 пиротехнички средства

Со наближувањето на новогодишните и божиќните празници се наметнува потребата за подигање на свеста кај граѓаните во врска со опасноста и можните последици кои што можат да настанат од неконтролирана употреба на пиротехничките средства, од нестручно и невнимателно ракување од страна на малолетни лица, од несоодветно транспортирање и чување, како и во поглед на санкционирање на недозволената трговија од страна на физички и правни лица со пиротехнички средства и други запаливи средства и распрскувачки материјали, без поседување на одобрение за тргување, со кои се нарушува мирот и безбедноста на граѓаните и имотот.Со цел спречување на оваа појава, на 19.12.2020 во периодот од 10:00 до 16:00 часот на подрачјето на СВР Скопје, од страна на Единиците за внатрешни работи во соработка и содејство со Државниот пазарен инспекторат се извршени контроли во поглед на трговија и употреба на пиротехнички средства.Притоа, реализирани се контроли на 18 пазари, три паркови, шест трговски центри, 12 раскрсници и 13 маркети. Во текот на контролите на пазарот „Бит пазар“ се пронајдени и одземени вкупно: 2.532 парчиња петарди, четири парчиња огномет, две петарди-бомба, две парчиња Мр-30 панда, две парчиња тандер флеш и 16 парчиња ракети.По преземените дополнителни мерки и активности на наведените локации се констатирани вкупно 43 прекршоци од Законот за заштита на населението од заразни болести за носење на лична заштита на лицето, а од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се две мерки по чл.2 од Законот за трговија на подрачјето на Гази Баба. За време на преземањето на мерките и активностите, лишени се од слобода две лица, и тоа е Ќ.Ш.(30) по чл.15 од Законот за лична карта и А.А.(23) по распишана телеграма.

Македонија | пред 5 години

20122020_PVRSM_Zaev_novinarski_prashanja

Заев: Странските инвестиции постојано се зголемуваат и во година на корона кризата имаме 12 нови

Претседателот на Владата, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со странските инвестиции во Северна Македонија, подвлече дека, само во изминатите три години, 35 нови странски фирми, компании, инвестираа тука.„Во 2018 година го надминавме рекордот на странски инвестиции, со 625 милиони евра нето странски инвестиции, со девизен прилив во државата. Во 2019 година, над 300 милиони евра. Оваа година се случи корона кризата, сепак имаме 12 директни странски инвестиции, кои се во фаза на реализација, на потпишување на договори или во фаза на преговори. Една е инвестицијата на Кромберт и Шуберт, со сосема нов погон, инвестиција, дуплирање на сите капацитети низ територијата на целата држава. Дополнително, нова инвестиција е Дура, поголема од 100 милиони евра, Магна во Струга, Костел со втората инвестиција во државата, и многу други странски компании“, потсети премиерот Заев.Тој се осврна и на помошта и поддршката што ја добиваат и домашните фирми, со цел проширување и јакнење на своите капацитети.„400 домашни компании добија поддршка од 17,3 милиони евра од државата, за нови инвестиции за време на КОВИД-19. Дополнителните инвестиции во енергетиката се нешто што ја движи нашата економија, и продолжуваме во тој правец“, истакна Заев.Како што рече премиерот Заев, членството во НАТО е сериозно охрабрување и гарантира стабилност и сигурност при инвестирање во нашата земја и покрај тоа што се случи во време на пандемија, и ефектите не се почувствуваа во целост.Премиерот Заев информираше и за фирми со кои во моментов се преговара.„Разговараме за инвестиции во гасна електрана со Генерал Електрик Инвестмент во Битола. За 800 мегаватна електрана, вредна 400 милиони евра. Разговараме и за ТЕЦ Неготино, за што има заинтересирани повеќе од 50 инвеститори“, рече премиерот Заев.Одговарајќи на новинарско прашање, тој информираше дека заврши и рокот за доставување на понуди за огромниот проект Чебрен. Тој информираше дека после 11 години неуспешни обиди на претходната власт, сега има 10 понуди, од големи компании од шпанското, француското, грчкото електростопанство, ЕВН заедно со австриска компанија, а има понуди и од турска и кинеска компанија. Станува збор за проект вреден меѓу 600 и 800 милиони евра.„Сите овие инвестиции се поради поволната политичка клима, идните перспективи, членството во НАТО и пријателството кое е изградено. Верувам дека и дома ќе постигнеме политички консензус, соработка помеѓу власт и опозиција, помали и поголеми партии, за да можеме да очекуваме уште по поволна бизнис клима“, заклучи премиерот Заев.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања