Промени тема
Контакт

Што е направено во здравството за 100 дена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bekim-sali-3118

„Во континуитет обезбедуваме нова најсовремена медицинска опрема за јавните здравствени установи, со цел унапредување на условите за третман на пациентите и подигнување на квалитетот на здравствените услуги. На Институтот за радиологија, деновиве се инсталирани четири нови апарати за компјутерска томографија и за магнетна резонанца, обезбедени во соработка со Светска банка. Со оваа инвестиција овозможуваме побрз пристап на пациентите до потребните дијагностички услуги, а со тоа и побрза детекција и третман на заболувањата, особено ако станува збор за малигни заболувања каде раната детекција е клучна. Со грант од Јапонија е обезбедена современа медицинска опрема за повеќе клиники наменета за третман на пост-ковид пациенти (дефибрилатори, електрокардиограми, анализатори за крв, централни монитори, рендген апарат и мобилни ЕХО апарати). На Клиниката за пулмологија е промовиран нов Компјутерски центар за дијагностика, а преку проектот „Снабдување со опрема за одговор на здравствени закани“ се обезбедуваат три апарати за МР за Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид, ОБ Струмица и ОБ Прилеп и пет апарати за КТ за Клиника за пулмологија и општите болници во Куманово, Кичево, Гевгелија и Кавадарци“, вели Министерството за здравство.

Тие додаваат:

„Од аспект на зајакнување на дијагностиката, во соработка со Управата за електронско здравство, изработивме веб платформа skrining.mk, преку која жените првпат имаат можност по електронски да закажат преглед во рамки на бесплатниот организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка. Со организиран скрининг оваа година се опфатени жените на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години немаат направено ПАП тест.

Покрај набавката на нова опрема, фокусирани сме и на обнова на инфраструктурата. Целосно е реконструиран одделот за онкологија на Клиниката за детски болести. Станува збор за оддел кој е единствен од овој карактер во регионот, ќе ги згрижува сите деца со малигни болести, а ќе се лекуватт и пациенти од Косово и Јужна Србија.

— реклама —

Извршена е целосна гасификација на ОБ Куманово, што овозможува значително позитивен ефект врз животната средина, квалитетот на воздух, а се овозможува и финансиско олеснување за установата која ќе може финансиските средства да ги пренасочи за други инвестиции и проекти. Станува збор за инвестиција во вредност над 20 милиони денари.

— реклама —

Во насока на стручно доусовршување и надградба на кадарот - првпат на Државниот универзитет во Тетово воведуваме нова Програма за специјализација по семејна медицина. Ова е долгорочна инвестиција, од која ќе произлезат стручни кадри во оваа специјалност. Исто така, инициравме проширување на дејноста на Клиничката болница – Тетово за вршење специјалистичко – консултативна и болничка здравствена заштита на секундарно ниво од областа на градната хирургија. Уште една новина за докторите кои аплицираат за специјализација или супспецијализација е дека сите универзитети, вклучувајќи го и ДУТ ќе добијат еднакви оцени при формирање на оценката за стекнување со право за специјализација или супспецијализација, за разлика од претходно кога една од компонентите на оцената било рангирањето на универзитетот каде кандидатот се стекнал со диплома согласно рангирањето според Шангајската листа.

Паралелно работиме и на нов концепт и реформа на примарната здравствена заштита во соработка со Светска банка и СЗО. Подготвена е нова листа на услуги во електронскиот систем, а во тек е надградба на протоколите за ХОББ, хипертензија, дијабетес и хипотироидеоза. Лекарите од примарното ниво ќе имаат поголема палета на услуги коишто ќе ги пружаат, место пациентите веднаш да се упатуваат на терциерно ниво.

— реклама —

Согласно методологијата за цени на лековите и оваа година, по спроведени успешни преговори со фармацевтските компании, постигнавме намалување на цените на одредени лекови, целосно почитувајќи ги меѓународните тенденции за движење на цените на лековите во регионот. Новите намалени цени за тие лекови почнаа да се применуваат од 1 април. Станува збор за 102 оригинаторни лекови и 123 генерички лекови кои наоѓаат примена како на примарно ниво, така и во болнички услови. За мнозинството на генерики на лекови пациентите имаат на располагање избор на лек без доплата од позитивната листа и останати лекови со делумна доплата, по избор на пациентот. Наша тенденција е да се обезбедуваат се повеќе лекови без доплата за пациентите.

Во пресрет на Европската недела за имунизација стартувавме со заедничка кампања со УНИЦЕФ и СЗО за потенцирање на важноста на редовната имунизација, како најдобра превентивна мерка за заштита од заболувањата. Тековно се спроведува и вакцинацијата против Ковид-19, со која досега се опфатени 46.5% од населението“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ за договорот за вода во Гостивар

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Македонија | пред 3 седмици

mickoski-Ekonomski-socijalen-sovet_6-2

Мицкоски: Изборниот законик останува единственото отворено прашање од реформската агенда, на потег е опозицијата

Македонија | пред 1 месец

media-librarybf9g0lnvm3n9cF0CykI

Мицкоски за планот за Водно: Нема да направиме ниту милиметар чекор спротивен на интересите на граѓаните

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања