Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

stoilkovski-1

Стоилковски: Антикорупциска констатира незаконско работење во тоа што консултантот Шилегов зема пари од адвокатот Шилегов, потврдено со документи

Петре Шилегов има договор за хонорарни советодавни, консултатнтски услуги со Петре Шилегов и за тоа си наплаќа 50 илјади денари месечно или околу 10 илјади евра на годишно ниво. И тоа со години!Дека овој т.н. договор е судир на интереси како влез во корупција и криминал, го констатира и државната антикорупциска и му наредува на Петре Шилегов да го раскине договорот сам со себе, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Едноставно, почитувани, постои документ во државната антикорупциска комисија со кој што се КОНСТАТИРА судир на интереси за односите на Петре со Шилегов. Значи по неколку години консултации сам со себе, на Шилегов не му проработува чесноста, туку е фатен во судир на интереси.Ова е документот од антикорупциска со датум од 1 декември 2020 година, одлука по предмет од 22 мај, за судир на интереси во односот на Петре со Шилегов. Ова е јавно достапен документ на интернет страницата на ДКСК, Одлука број: 09-2034/9 од 01.12.2020 година.Ова фактички е повторување на делото од Шилегов, бидејќи во 2015-тата година, за соработка со својата компанија е констатиран судир на интереси од ДКСК, за сега тој повторно да работи со договор сам со себе како градоначалник од 2017-тата година.Одлична консултација сам со себе - повтори го делото - за хонорар од 50.000 денари месечно.Адвокатот Петре Шилегов е познат по својата работа на стопанското право.Судирот на интереси е основа, стартна позиција за корупција и криминал, и тој тоа го знае, истакна Стоилковски.

Македонија | пред 5 години

20122020_PVRSM_Zaev_poseta_Prespansko-Ezero-4

Заев од Претор: Обезбедивме првични 80 милиони денари за ревитализација на Преспанско Езеро

Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, посетата на преспанскиот регион ја искористи и за увид и обиколка на Преспанското Езеро за прецизирање на спроведувањето на препораките и акцискиот план предложен од експертите за одржливо управување на Преспанското Езеро.Премиерот Заев подвлече дека без разлика што сме соочени со факторите на кои не можеме да влијаеме, како што се климатските промени и актуелната временска ситуација, препораките што произлегуваат од студијата и акцискиот план со конкретни мерки и временски рамки, укажуваат дека излезните решенија за ревитализација на Преспанското Езеро ќе се организираат во три фази.„Првата фаза која опфаќа анализи, студии, препораки, средби на засегнатите страни, во голем дел е веќе спроведена, додека за следните две фази клучна ќе е иницијативата и кај соседите, па во таа насока ќе побараме трите земји да му дадат нова динамика и на проектот за комплетна заштита на Преспанското езеро поддржан од Европската Унија. Во делот на краткорочните мерки, Владата ја подготви одлуката за определување на финансиски средства за општина Ресен во висина од 80 милиони денари кои ќе бидат наменети за чистење на површините на езерото каде што е водата повлечена, посебно во делот кај некои од плажите. Чистењето на овие површини од тињата и од остатоците од дрва и друг материјал ќе се изврши со посебни бродови опремени за таа намена кои нема да наштетат на биодиверзитетот, а ќе го овозможат понирањето на водата и сигурен и стабилен воден режим посебно во летниот период. Во рамките на втората фаза на ревитализација се предвидени и мерки за напредок на активностите за изградба на современи прочистувачи на сите отпадни води кои се влеваат во Преспанското езеро. Дека нашата грижа е континуирана, покажуваат и нашите дела. Владата издвои 80 милиони денари за земјоделците кои претрпеа штети од невремето. Сите граѓани на преспанскиот регион веќе ја препознаваат оваа грижа. Наша обврска е да ја покажеме таа грижа и Преспанското Езеро да се сочува денес за идните генерации“, порача премиерот Заев.При обиколката, градоначалникот Гошаревски изјави дека општината постојано ја следи состојбата со нивото на езерото преку мониторинг станицата во Стење.„Следејќи го падот на нивото на езерото, веднаш ги алармиравме сите надлежни институции, на кој аларм, беше одговорено енергично и од Владата и од Министерството за животна средина. Преку средби со министерот но и со експерти кои се бават со оваа проблематика и како резултат на тоа произлезе и акцискиот план за заштитата на езерото. Проблемот е комплексен и ќе се решава од страна на трите држави кои го делиме езерото“ изјави градоначалникот Гошевски и додаде дека преземените краткорочни мерки даваат надеж дека го спасиме прекрасното Преспанско езеро.

Македонија | пред 5 години

policija-i-inspekcija-3

Приведени четири лица кои биле затекнати во претходно затворен угостителски објект

На 19.12.2020, полициски службеници од СВР Скопје, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контроли во 229 угостителски објекти во однос на тоа дали се почитуваат мерките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на ковид-19.При контролите било констатирано дека еден објект не ги почитува мерките, односно во објект на бул.„Јане Сандански“, кој претходно бил затворен со пломба, биле затекнати А.Д. и И.Г. од Скопје, М.Т. од Нов Дојран и Д.Т. од с.Самоков, Македонски Брод. Тие биле приведени во Полициската станица Аеродром поради сомнение дека извршиле кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак“, предвидено и казниво по член 398 од Кривичниот законик.За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Исто така, при контрола во угостителски објект на подрачјето на Шуто Оризари, сопственост на Ј.Ф., од страна на Државниот пазарен инспекторат изречена е мерка нерегистрирана дејност од Закон за нерегистрирана дејност.

Македонија | пред 5 години

Medicinska-sestra

Почна обуката на медицински сестри за унапредување на примарната здравствена заштита

Министерството за здравство и Светската здравствена организација поддржани од Работната група за унапредување на сестринската дејност ја изготвија обуката за медицински сестри од примарната здравствена заштита (ПЗЗ).Обуката е изготвена како одговор на новиот модел на примарна здравствена заштита промовиран во земјата во почетокот на 2019 година. Двата модули работилници траат до 30 декември, а останатите модули ќе продолжат во 2021 година.Медицинските сестри Миреја Санчез и Рос Брајар ги водат обуките. Миреја е регистрирана медицинска сестра во Шпанија, со работно искуство во различни здравствени средини и во наставната дејност. Рос е регистрирана медицинска сестра во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиното искуство е главно во патронажната и наставната дејност.Целта на програмата за професионален развој е да се развиjат знаењето и вештините на медицинските сестри и акушерките од примарната здравствена заштита за да можат да придонесат на најделотворен можен начин кон спроведување на новиот модел на примарна здравствена заштита во Северна Македонија.Краткорочните цели на програмата се да се подигне нивото на знаење и практични вештини на учесниците и да се придонесе кон нивниот континуиран професионален развој.Северна Македонија е меѓу првите земји на глобално ниво што ја разгледа својата заложба за примарна здравствена заштита (ПЗЗ) во согласност со Декларацијата од Астана.Овој процес го продолживме за време на двата национални форуми за здравствена заштита на ПЗЗ во 2019 и 2020 година.Примарната здравствена заштита е клучна и повеќе од потребна е интервенција за подобрување на квалитетот, континуитетот и севкупното спроведување на здравствените услуги.

Македонија | пред 5 години

Skolo

МОН: Со новата концепција наставата ја доближуваме до современите образовни системи

Промените во работата на воспитно-образовните институции, како и воспоставувањето на целосно нова образовна концепција за основно образование се во интерес на учениците, велат во Анита Анѓеловска, директорка на ОУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци и Иванка Мијиќ, советничка во Бирото за развој на образование, кои учествуваа во подготовката на новата концепција. Анѓеловска и Мијиќ зборуваа за интегрирањето на повеќе научни дисциплини во двата предмета општествени науки и природни науки и како тоа ќе се одрази на учењето на учениците, но и работата на наставниците.“Концепцијата подразбира унапредување на секој поглед следејќи ги промените на законската регулатива преку концептот за граѓанско образование кој беше претходно изработен. Начелата на основното образование поттикнуваат најдобар интерес и целосен развој кај ученикот, еднаквост, достапност, пристапност. За да формирам мислење деновиве многу активно ги следев сите засегнати страни во воспитно-образовниот процес, стартувајќи од родителите, учениците и наставниците но ги анализирав и постоечките наставни програми кои во голем дел се застарени и бараат промена”, вели Анѓеловска.Анѓеловска истакнува дека интегрирањето на историјата со граѓанското образование и содржини по географија е добро и потребно е од повеќе причини.“Пред се затоа што сакаме учениците да ја имаат врската со реалноста, да ги разгледуваат настаните, случувањата и промените од повеќе перспективи да покажуваат проактивност и да развиваат критичко и креативно мислење, да развиваат способности и вештини за истражување и решавање проблеми и да се оспособат за натамошно образование и доживотно учење како изградени личности и активни граѓани на една демократска држава”, вели Анѓеловска.Советничката од БРО, Ивана Мијиќ објаснува дека со новата концепција во основно образование наставниот предмет природни науки ќе биде застапен и ќе се изучува во текот на сите одделенија во основното образование, започнувајќи од прво заклучно со деветто одделение.“Новината во оваа концепција е во третиот развоен период од трето до деветто одделение. Наставните предмети биологија, хемија и физика ќе се интегрираат во единствен предмет природни науки. Во овој наставен предмет од седмо до деветто одделение се интегрираат содржините и наставните теми од трите научни дисциплини биологија, хемија и физика. Тоа значи дека во наставниот предмет Природни науки од седмо до деветто одделение ќе бидат развиени во самиот наставен предмет три поодделни модули како што се модул биологија, хемија и модул физика. Со наставниот предмет Природни науки од седмо до деветто одделение ќе се обезбеди интегриран систем, ќе се обезбеди континуитет во изучувањето на научните дисциплини биологија, хемија и физика и она што е важно модулите биологија, хемија и физика ќе обединуваат содржини од научна област”, вели Мијиќ.Мијиќ вели дека овие модули ќе корелираат меѓусебно, ќе обезбедуваат интегриран пристап и во текот на целата учебна година ќе се изучуваат синхронизирано, паралелно и на таков начин и соработката на наставниците во планирањето и организирањето на наставата ќе се подигне на многу високо ниво.“Ваквиот начин на изучување на предметот природни науки применува во многу модерни образовни системи ширум Европа и светот. Наставните програми коишто ќе се изработуваат за наставниот предмет природни науки во основното образование ќе нудат еден современ концепт односно ќе се учи на база на истражување и примена на експериментот во наставата. Исто така ќе го фаворизираат и форсираат учењето со разбирање и размислување, а ќе развиваат и вештини кај учениците за решавање на проблеми како и примена на усвоените знаења во секојдневен контекст”, вели Мијиќ.Со воспоставувањето на новата образовна концепција освен што го подигаме нивото на образованието формираме генерации коишто ќе развиваат научен поглед на светот. Всушност се овозможува приближување до меѓународните стандарди на учење како впрочем што го поставуваат и многу меѓународни студии, тестирања и истражувања.

Македонија | пред 5 години

zagaduva-skopje

Инспекторите затекнаа низа неправилности кај погон за горење гуми и пластика во Штип

Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден надзор врз „САНС-АГ“ увоз-извоз ДООЕЛ ШТИП на 17 декември, по преставка на Министерството за одбрана за да се утврди влијанието врз лицата што престојуваат во воените објекти: стрелиште Пенуш и полигон Криволак. Ова е нивна втора преставка. Првата била поднесена на 30 септемри, но никој не презел ништо, ниту информацијата била пренесена до новата вд директорка Ана Петровска, соопшти Инспекторатот.Локацијата на објектот се наоѓа во атарот на градот Штип, во поранешна вoена база на КФОР, на оддалеченост од 8,5 километри од центарот на градот и 2 километри од селото Пенуш. На надзорот беше констатирано дека не се применуваат одредбите утврдени со Б интегрираната дозвола број УП I бр.18/17-136 во ниеден аспект од технолошкиот процес, видот на постројката или начинот на складирање на суровините и готовиот производ.Со дозволата се предвидува отпадна гума и пластика да се горат во затворен процес со пиролиза на 450-550оС, при што доаѓа до хемиско раложување и добивање течна фракција – нафта и цврст остаток, а не се врши емисија во воздухот, поради применет систем за ладење (базен и ладилна кула). Била предвидена постројка што спаѓа во најдобри достапни техники, со систем за автоматска декомпресија, автоматско празнење на талог и безопасни и незагадувачки продукти.„При надзорот беше утврдено дека инсталацијата не е целосно изведена, процесот не е затворен, а емисиите од согорувањето на гуми и пластика слободно се испуштаат во атмосферата. При такви процеси вообичаено се испуштаат канцерогени гасови (фурани и диоксини), кои делуваат на повеќе органи и предизвикуваат трајни последици.На локацијата беше видливо дека складирањето на готовиот производ и суровините не се врши на соодветен начин. Течното гориво добиено од горење на гумите се чуваше во цистерни на пелети, наместо да се чува на водонепропусна подлога, што истовремено ќе обезбеди доволен волумен за собирање на потенцијално излеана течност. Пепел од согорувањето, што потенцијално содржи токсични материи, беше собран во џамбо вреќи и складиран на земја во локацијата. Управиителот на објектот информираше дека локацијата на која се врши складирањето на суровини и отпад е во процес на легализација. Поради сите утврдени пропусти, Државниот инспекторат за животна средина даде Предлог до општина Штип за одземање на Б интегрирана дозвола на погонот за горење гуми и пластика „САНС-АГ“ увоз-извоз ДООЕЛ ШТИП“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 5 години

korona-3

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 31 пациент, а вкупно се лекуваат 479 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 31 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 479 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, еден на Институтот за ТБЦ, пет пациенти на Клиниката за дерматовенерологија. На ОРЛ е примен еден нов болен, на Очната клиника четворица, а во ковид центарот на Неврологија двајца.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало осум нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани исто осум болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 14 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 48 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, наКлиниката за очни болести 18 пациенти, а на ОРЛ 23 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 141 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти.Вкупно 479 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

20122020_PVRSM_Ljubojno_Poseta_2

Заев во Љубојно: Обезбедивме 30 милиони денари за Центарот за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно

Премиерот Зоран Заев, при работната посета на преспанскиот регион, изврши увид на напредокот на работите на иницијативата за Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно, заедно со своите соработници, како и градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски и Мери Стојанова, директорка на битолскиот Завод и Музеј.„Денес се наоѓаме пред објектот на старото училиште во с. Љубојно, кое претставува еден од најважните објекти од почетокот на XX век во Преспа. Неговото значење не произлегува во толкава мера од неговите уметничко-стилски и архитектонски карактеристики туку многу повеќе од неговите културни и општествени вредности. Имено тоа претставува лулката, односно второто училиште во Македонија, во кое по завршувањето на Втората светска војна, започна да се одржува настава на македонски јазик.Ова е показател на самосвеста на локалното население за неговата самобитност и посебност, и за неговите напори за втемелување на основните човекови определби.За жал еден долг период ова училиште беше потполно заборавено и напуштено, што може да се забележи од неговиот денешен изглед. Но, по прогласувањето на с. Љубојно за заштитена споменичка целина, и превземените иницијативи од страна на Владата, за обнова на старото училиште, сѐ поизвесна станува реализацијата на сонот на генерации и генерации ученици, кои ги поминале своите училишни денови во овој објект и кои сонуваа, и сѐ уште сонуваат, повторно да го видат во сиот негов сјај“, истакна директорката Стојанова.Во продолжение интегралниот текст од изјавата на премиерот Заев по посетата:„Секогаш со посебна драж му се навраќаме на Љубојно во Преспа следејќи го напредокот на иницијатива за основање на Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно.Оваа иницијатива се покрена по повод две години од потпишувањето на Договорот од Преспа, како и во чест на 76 годишнината од основањето на второто училиште на мајчин, македонски јазик во Љубојно на 15 ноември 1944 година, само една година подоцна, откако првото училиште беше основано во Дебарца и Подвис, уште за време на Втората светска војна во 1943 година.Со Договорот од Преспа ги премостивме речиси три-децениските разлики со Грција и ги обезбедивме нашите перспективи во евроатлантските и европските интеграции.Уште две главни придобивки произлегоа од овој историски договор. Се заштити нашиот идентитет во рамките на меѓународното право да се идентификуваме како Македонци, кои зборуваат македонски јазик, а со тоа се потврдија и нашата култура и културно наследство.Центарот за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно, за кој Владата обезбеди првични 30 милиони денари, треба да се гледа и во контекст на иницијативата за основање на Преспа Форум за Дијалог за кој исто така од Буџетот на државата се издвоени 100 милиони денари.Како дел од овој проект е предвидена изградба на мултимедијален центар за младите, кој соодветно на самата симболика на Преспа ќе биде место каде што би се организирал меѓународен форум за дијалог и соработка. Преспа Форум за дијалог ќе претставува идентитет и бренд, кој ќе биде врзан за нашата држава.Со овој, како и со сите останати проекти кои ќе бидат инспирирани од широките можности за регионална соработка правиме сериозен исчекор за нов лик на регионот како место за инспиративна соработка и поврзување на народите и културите од регионот“.

Македонија | пред 5 години

radar-policija

139 санкции за непрописно престигнување, 66 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.12.2020) спроведе акциска контрола за санкционирање на непрописното престигнување и возење под дејство на алкохол, прекршоци кои се меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици. На територијата на целата држава санкционирани се 139 возачи за непрописно престигнување, а 66 возачи затоа што возеле под дејство на алкохол. Санкционирани се и 418 други прекршоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Македонија | пред 5 години

magla

Внимателно, намалена видливост поради појава на магла на патиштата до 50 метри

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци Тетово – Гајре, Кичево – Пресека, како и на планинските премини Ѓавато и Буково, додека на патниот правец Дебар – Струга видливоста е до 100 метри.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 5 години

Nikolovski

Николоски: Захариева да одговори зошто Македонците не бараа пасоши пред Бугарија да стане член на ЕУ и зошто ги земаа пасошите и заминуваат, а не остануваат во Бугарија

Во вчерашното интервју на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во емисијата „Стадион“ на Канал 77 и одговори на бугарската министерка за надворешни работи, Екатарина Захариева за нејзината изјава за заштита на луѓето кои поседуваат бугарски пасош во Македонија, од страна на бугарската држава.Николовски ја запраша Захариева зошто овие луѓе не побарале бугарски пасоши пред Бугарија да стане членка на ЕУ и зошто овие луѓе не живеат во Република Бугарија.„Она што сакам да и го порачам на Захариева е следното, да ги праша овие 86-7 илјади луѓе, како што вели таа, дали тие воопшто се загрижени за Бугарија и да ги праша уште едно конкретно прашање, како не бараа бугарски пасоши пред Бугарија да стане членка на ЕУ и зошто ако земале бугарски пасоши не живеат во Бугарија“, додаде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека одговорот на овие прашања е од социо-економски карактер и дека овие луѓе вадат бугарски пасоши за да отидат во земјите од ЕУ, да заработат и повторно да се вратат во Македонија.„Одговорот е едноставен, луѓето бараат парче леб, подобар живот, ги земаат тие пасоши и одат работат во Германија, Франција во други земји членки на ЕУ, заработуваат по некои денар и си се враќаат назад во Македонија да можат да живеат“, изјави Николоски.На крај Николоски заклучи дека, токму ваквите изјави на бугарските власти се ударот на Македонската државност кој се обидуваат да го направат.

Македонија | пред 5 години

guzva-aerodorom

(ФОТО) Иселеници се враќаат во Македонија за празниците, на аеродромот во Скопје гужви

Просторот пред влезот на Скопскиот аеродром вечерва - преполн.  Порталот Тетова 1, објавува дека роднини ги чекаат својте блиски да слетаат од европските градови за празниците да ги прослават дома.извор: Тетова 1

Македонија | пред 5 години

siluvanje

30 дневен притвор за професор кој нападнал ученичка

По поднесена кривична пријава од страна на МВР ОВР Прилеп, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 54 – годишно лице поради постоење на основано сомневање дека го сторил кривичното дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 од Кривичниот законик.Осомничениот на 17.12.2020 година околу 10,00 часот, со злоупотреба на својата положба како професор во училиште во Крушево извршил полови дејствија врз детето – оштетена, негова ученичка на возраст од 15 години, која му била доверена заради учење. Кривичното дело осомничениот го сторил напаѓајќи го детето во училница, притоа оштетеното дете го оттурнало од себе и излегло од училницата.Јавен обвинител кој постапува во предметот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Предлогот беше прифатен, па Судот со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

Македонија | пред 5 години

slave-bilbil

Почина Славе Биљбил, познат скопскиот боем

Почина скопскиот боем  Славе Биљбил, а блиските на социјалните мрежи се простуваат од него.Во август годинава наполни 77 години.Во една своја колумна Мојсо Мојсовски пишува:Предизбориево  е вистинскиот момент да се потсетам на една епизода од серијалот шармантни и со дебармалски шмек случувања во кои главен јунак е оваа скопска легенда.Изборниот молк пред првите повеќепартиски избори во Македонија која во 90-те штотуку зачекори во независност и сувереност беше новитет што за многумина,за волја на вистината,беше равенка со повеќе непознати.фото: ФБ

Скопје | пред 5 години

zaev-2

Заев: Изградбата на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп е неспоредливо позначаен за граѓаните од многуте споменици од Скопје 2014

На прашање на новинарите дека опозицијата обвинува дека 1 милион евра е висока цена за изградбата на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп што денеска беше пуштен во употреба, претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев истакна дека е неспоредливо кога ваквите проекти од најголем интерес на граѓаните се гледаат во споредба со непродуктивните трошења на парите на граѓаните што ги правеше ВМРО-ДПМНЕ.„Овој булевар е 800 пати поевтин од Скопје 2014, и 60 пати поевтин од имотот на ВМРО-ДПМНЕ кој што е над 60 милиони евра. Поевтин е и од лавот во Скопје за кој беа платени 1,4 милиони евра или од златните огради во Скопје од 1,8 милиони евра. Тоа се пари и на прилепчани. Овој булевар, со својата подземна инфраструктура, со по две коловозни ленти во двете насоки, со зелениот појас, со велосипедска патека и писта од шеталиште долж булеварот во срцето на Прилеп, е изграден на конкурентска основа, со заштеда за кој наместо 36 милиони денари е набавен за 22 милиони. Ова е вековита градба. Ова останува на сите идни генерации и е неспоредливо со многу од спомениците од Скопје 2014. За жал, само такви се споредбите што можеме да ги направиме“, нагласи премиерот Заев.Заев најави дека продолжува поддршката на општините и во таа насока ги најави новите проекти во Прилеп што ќе бидат поддржани од Владата.„Сакам да најавам дека во овој момент се трансферираат 4,5 милиони денари за изработка на проект за театарот кој што следната година ќе почне да се гради во Прилеп, 6 милиони денари ќе бидат издвоени за кејот „1 мај“, уште 54 милиони денари за два проекти за реконструкција на главниот цевковод на водоводот од Пашалиска ливада до главната шахта во Прилеп и за водоснабдување за манастирот Трескавец. Во март месец ќе започне изведбата на автопатското решение Прилеп-Битола, вреден 100 милиони евра. Следната година започнува и секундарната гасификација на Прилеп затоа што помина првата фаза за која имаме понуда од две големи компании и Прилеп е меѓу првите градови затоа што тука веќе е готова главната цевка од магистралниот гасовод. Интензивно се работи на патот Велес-Кавадарци-Прилеп преку Дреново“, соопшти премиерот Заев и додаде дека е вредно да се инвестира во такви инфраструктурни проекти. Тука да одат парите на граѓаните затоа што таа инфраструктура е трајна придобивка која решава огромни проблеми на граѓаните, обезбедува работа за домашните компании кои од таквите проекти даваат плата и имаат инвестициска можност од која што се враќаат парите назад во Буџетот ќе продолжи поддршката за изградба на проекти во Прилеп и низ сите општини во цела Република Северна Македонија.

пред 5 години

koronavirus-test

20 починати и нови 815 случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2664 тестирања, а регистрирани се 815 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-329, Куманово-37, Дебар-1, Штип-26, Прилеп-46, Тетово-51, Струга-28, Велес-24, Битола-52, Охрид-28, Кавадарци-31, Гостивар-36, Гевгелија-9, Струмица-20, Крива Паланка-12, Радовиш-12, Крушево-2, Кочани-9, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево –1, Берово-5, Валандово-5, Виница-1, Делчево-4, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-9, Неготино-19.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 396 оздравени пациенти од: Скопје-79, Куманово-27, Дебар-1, Штип-21, Прилеп-34, Тетово-29, Велес-20, Битола-37, Кавадарци-15, Гостивар-32, Гевгелија-10, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-14, Пробиштип-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-4, Виница-4, Свети Николе-13, Кичево-14, Ресен-3 и Неготино-6.Починати се 20 лица, осум пациенти од Скопје (76, 65, 84, 64, 71, 80, 51, 74г), еден од Штип (82г), двајца од Прилеп (68 и 72г), еден од Струга (78г), двајца од Велес (70 и 65г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (68г), двајца пациенти од Гостивар (64 и 89г), еден од Струмица (63г) и еден пациент од Берово (77г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77949, бројката на оздравени пациенти е 53345, на починати е 2274, а бројот на активни случаи изнесува 22330. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 33643, активни 11956• Куманово 4448, активни 622• Дебар 586, активни 171• Штип 3177, активни 412• Прилеп 3914, активни 880• Тетово 4587, активни 1009• Струга 1896, активни 440• Велес 2595, активни 652• Битола 2849, активни 829• Охрид 2196, активни 651• Кавадарци 1863, активни 635• Гостивар 3220, активни 720• Гевгелија 1035, активни 318 (70 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 176 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2142, активни 623• Крива Паланка 562, активни 133• Радовиш 576, активни 142• Крушево 154, активни 70• Кочани 1511, активни 280• Пробиштип 424, активни 63• Демир Хисар 227, активни 47• Македонски Брод 209, активни 36• Пехчево 128, активни 21• Берово 468, активни 96• Валандово 274, активни 60• Виница 426, активни 103• Делчево 641, активни 289 (178 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 181, активни 26• Свети Николе 1008, активни 162• Кичево 1500, активни 329• Ресен 592, активни 169• Неготино 917, активни 386 (147 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2664 теста се преку: ИЈЗ-689, ЦЈЗ Скопје-79, Авицена-215, Биотек-167, МАНУ -184, Жан Митрев (Филип Втори)-162, Систина со PCR метода -133, лабораторија Лаор –37, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-66, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-64, Ремедика-29, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -830, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 379.229 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

protest-4-1

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со изјавата дека е подготвен да ја избрише придавката „бугарски“, значи дека е подготвен за ретуширање на историјата

„Со тоа што Заев изјавува дека на спомен обележјата каде пишува „бугарски фасистички окупатор“ е подготвен да ја избрише придавката „бугарски“ значи дека јавно изјавува е подготвен за ретуширање на македонската историја и идентитет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.Според партијата, Заев на јавна сцена признава дека тргува со идентитетот и е подготвен да прифати ноторен факт и вистина дека бугарската држава за време на Втората светска војна била фашистичка и биле окупатор.„Со тоа Заев продолжува со политиката на свиткана кичма и предавнички отстапки кои говорат дека Заев е најдобриот ас во Македонија на бугарската политичка сцена. Заев освен што ја ретушира историјата и идентитетот на Македонците тој и го укинува предметот историја. Заев е прв пример на премиер кој за личен интерес продава идентитет на цел народ и земја“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 5 години

zaev-4

Заев: Спремен сум од спомен плочите да избришам бугарски, да стои само „фашистички окупатор“

За нас Европската Унија е светост, нашата европеизација ја сакаме со постигнување европски вредности дома и ние тоа ќе го правиме со блокади или без блокади. Ние сме пријатели со Бугарија, треба да го решаваме проблемот, а јас не знам во што е проблемот, истакна премиерот Зоран Заев осврнувајќи се на актуелниот проблем со Република Бугарија.Дефиниравме дека долгото и краткото име на државата се едно исто – Република Северна Македонија, немаме територијални претензии, пријатели сме и пренесовме комплетна доверба, рече Заев.-Предложивме нивната авионска ескадрила да го чува македонското небо и тоа е доказ за голема доверба кон нашите соседи. Прва беше Грција, сега Бугарија, а се понудија и пријателска Турција и Италија кои сакаа да ја вршат оваа достоинствена и важна задача согласно НАТО-стандардите, а ние објаснивме дека имаме и втор сосед којшто исполнува услови како што е Бугарија. Реално, подготвен сум иако имам критики во домашната јавност, на спомен-плочите каде што пишува бугарски фашистички окупатор да остане само текст фашистички окупатор. Во духот на пријателството треба да внимаваме и како што Полска и Германија го решија проблемот или како што тоа го направија Германија и Франција, да гледаме низ призмата на пријателството, истакна Заев

Македонија | пред 5 години

stoilkovski

Стоилковски: Шилегов не кажува дека има судир на интереси утврден од Антикорупциска

Народната вели кој краде тој и лаже, а народните поговорки никогаш не се далеку од вистината.Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов има склучено договор за консултации со адвокатското друштво на адвокатот Петре Шилегов, за сума од 50.000 денари месечно, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Тоа што градоначалникот Шилегов денеска не го кажа е дека е констатиран судир на интереси од ДКСК.Оттука, прашуваме зошто е констатиран судир на интереси и што всушност е основа за корупција, односно криминал, ако е така како што вели Шилегов односно дека е се чисто?Подобро Шилегов да размисли за уште една прес конференција за утре, бидејќи јас за утре најавувам дека ќе бидат презентирани документи за овој констатиран судир на интереси од страна на Антикорупциската комисија.

Скопје | пред 5 години

19122020_VRSM_Nebregovo_03

Заев во посета на родната куќа на Конески во Небрегово на денот на неговото раѓање

Премиерот Заев, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и градоначалниците на општините Прилеп и Долнени, Илија Јованоски и Џемил Ќамили денеска ја посетија родната куќа на великанот Блаже Конески, положувајќи цвеќе пред неговиот споменик во чест на неговиот роденден.„Оваа посета ја правиме и во пресрет на 100 годишнината од неговото раѓање која како настан за одбележување е запишан во календарот на УНЕСКО за 2021 година.Во таа насока, 2021 година ќе биде уште една глобална афирмација на македонскиот јазик, наука и култура и во таа насока, денеска, Министерството за култура ја започна подготовката на програмата со која во национални и во меѓународни рамки ќе се одбележи оваа значајна годишнина во текот на целата идна година.Животот и делото на Конески се судбински врзани и со раѓањето на македонската државност, со што се исполни вековниот сон на редици и редици генерации кои го негуваа и учествуваа во остварувањето на тој сон во реалност.Конески ги поврза стремежите на неговите претходници, Рацин, Мисирков, Миладиновци и многу други преродбеници од 19-тиот и 20-тиот век, кои ја прифатија светлината на просветителската мисија на светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум, која тие им ја дарија на сите словенски народи во Европа.Блаже Конески ја проучи и разработи суштината на македонскиот јазик, го насочи неговиот развој како современ литературен јазик сообразен со светски прифатените стандарди.Соочен со отпорот за признавањето на посебноста и на корените на македонскиот јазик, освен на научната сцена, Конески ги запиша најубавите стихови во слава на нашиот национален идентитет.Кога го чествуваме Конески не го чествуваме само неговиот придонес за македонскиот јазик. Ги чествуваме и неговото останато научно дело, неговата поезија, неговата културна и национална мисија, кои ги претставуваат највисоките и највозвишените богатства на македонскиот и на другите народи во земјата.Богатството што Конески го остави зад себе засекогаш ќе ги исполнува со љубов и љубопитство, со постојан интерес за истражување сегашните и идните поколенија научници, поети, и најважно од сѐ – искрените вљубеници во вистината и убавината.Нека му е вечна славата! Вечно ќе го чуваме и негуваме споменот на него и неговото дело“, истакна премиерот Заев во изјава за медиумите.Министерката Стефоска во своето обраќање истакна: „Блаже Конески тивко но упорно извојувал многу битки за самобитноста, за јазичните значенски вредности, за науката. Сите во него го препознаваме нашиот современ Климент Охридски. Министерството за култура и Министерството за образование поведоа иницијатива 2021 да биде година посветена на Блаже Конески, затоа што мирот и довербата, а пред се и самодовербата се клучните поими во книжевната и научната дејност на Конески“.

Македонија | пред 5 години

petardii

Приведен тетовец, запленети над 9.000 пиротехнички средства

Денеска во СВР Тетово, од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција и СВР Тетово, лишен е од слобода Љ.А.(27) од с.Селце.Имено, при преземање мерки и активности од страна на полициски службеници во 13.40 часот пред поштата во Тетово е затекнато патничко возило „форд фиеста“, со тетовски регистарски ознаки, паркирано од приведениот и при преглед во него се пронајдени 9.163 парчиња на различни пиротехнички средства и 87 ракети, сместени во багажникот и во задното седиште.Љ.А. е приведен во полициска станица, а возилото е однесено на увид во кругот во СВР Тетово. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Тетово, по документирање на случајот, против Љ.А. ќе биде поднесен кривичен поднесок, а возилото ќе му биде времено одземено.

Македонија | пред 5 години

19122020_PVRSM_Poseta_REK_Bitola_4

Заев и Ковачевски ги промовираа новите еколошки автобуси за работниците на „РЕК Битола“

Претседателот на Владата Зоран Заев и генералниот директор на АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) Васко Ковачевски, денеска, промовираa шест нови еко-автобуси на природен гас-метан наменети за превоз на работниците на „РЕК Битола“.Инвестицијата вредна 1,4 милиони евра е финансирана со сопствени средства на АД „ЕСМ“ и претставува реализирање на определба опфатена во програмата на Владата.„Набавката на новите автобуси на природен гас е исполнување на ветувањето на Владата и „ЕСМ“ за подобрување на условите за работа во комбинатот, за намалување на трошоците за работа и заштита на животната средина“, нагласи премиерот Заев на настанот.Беше констатирано и дека со набавката на новите, еколошки автобуси се зголемува безбедноста и квалитетот на превозот на работниците од РЕК Битола кои работат во исклучително тешки услови. Од еколошки аспект, автобусите кои до сега ги превезуваа работниците не ги исполнуваат ниту минималните еколошки стандард за разлика од новите, еколошки превозни средства.Што се однесува до „РЕК Битола“, на денешниот настан беше посочено дека во изминатите три години направени се капитални ремонти на секој од трите блока на Термоелектраната. Почнувајќи од 2018 година со Блок 1, продолжувајќи во 2019 година со Блок 2 и завршувајќи годинава со капитален ремонт на Блок 3, АД „ЕСМ“ и „РЕК Битола“ ги направија неопходните зафати со цел зголемување на ефикасноста на постројките.„Со овие зафати покажуваме дека нашите заложби за чиста животна средина и намалување на емисијата на гасови, не се само празни ветувања, туку се спроведуваат во пракса. Тоа не беше случај претходно. И покрај конкретните препораки дадени во 2010 и 2011 кога последно се модернизираа Блоковите 2 и 3, ремонтот да се направи, не подоцна од 6 години, Владата тогаш предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не го направи тоа. Затоа, капиталните ремонти на трите блока во РЕК Битола беа еден од приоритетите на „ЕСМ“ и „РЕК“ со целосна поддршка од Владата и истите беа изведени согласно претходно наведената динамика“, изјави премиерот Заев.Генералниот директор на „АД ЕСМ“, Васко Ковачевски изрази благодарност кон Владата и претседателот Заев за поддршката при инвестирањето во енергетиката и посветеноста на проектите во енергетскиот сектор.,,Нашата определба е сите нови инвестиции, во било кој сегмент од „АД ЕСМ“, да бидат во правец на трендовите кои значат определба да живееме и работиме во знакот на зелената боја, а согласно тоа - и да се движиме на зелено. Овие шест еко-автобуси, кои користат природен гас-метан и кои не произведуваат загадувачки издувни гасови, ја покажуваат нашата определба кон извори на енергија, инвестиции, возила, кои сè помалку ќе загадуваат, и кои ќе не движат кон сè почиста, па и целосно чиста средина во следните години и децении, како поставена цел во светски рамки и тренд кој е веќе трасиран. АД „ЕСМ“ и вчера помогна на Битола. Со три милиони денари, кои ги заштедивме со неизработка на новогодишен рекламен материјал годинава, обезбедивме довод за кислород во модуларните болници во Битола и во Кичево. И тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина“, рече Ковачевски.На денешната промоција на новите еколошки автобуси беше посочено дека тие, во периодите кога нема да превезуваат работници на „РЕК Битола“, согласно можностите и законската регулатива, ќе бидат ставени на располагање за превоз на ученици, студенти, пензионери, членови на спортски клубови, на здруженија и на невладини организации од општините Битола, Новаци и Могила како општини и населени места кои се најблиску до комбинатот.

Македонија | пред 5 години

Pres-19.12-1

Шилегов: Само со груби лаги и манипулации, ВМРО ДПМНЕ може да креира вести за мене

На денешната прес-конференција, градоначалникот Шилегов ги демантираше изнесените лаги поврзани со него од опозициската ВМРО ДПМНЕ.- Очигледна е безидејноста, очигледен е стравот, очигледна е немоќта на ДПМНЕ да одговори на новите градски политики кои јас ги креирам во изминативе три години и чии резултати се од ден на ден се повидливи и добро прифатени од граѓаните. Кога е таа структура во прашање тргнуваат кон креирање на лаги, на манипулации. Денеска од страна на портпаролот беше искажана една голема лага да се прикаже дека јас како градоначалник сум го плаќал сопственото адвокатско друштво за консултантски услуги.Вистината кога е ДПМНЕ во прашање е секогаш на обратна страна. Јас уште како пратеник во Собранието имам склучено договор за консултантски услуги со сопственото адвокатско друштво кое ме плаќа мене. Еве го договорот во 2015 и месечниот приход кој е уредно пријавен во анкетниот лист и предаден во Антикорупцсика комисија кога станав градоначалник. За тие средства од 50.000 денари уредно плаќам данок. Ги повикувам, да се радуваат на развојот на нашиот град, на она што градот изминативе три години чекор по чекор го постигна.Град Скопје и јас како градоначалник немаме склучено никаков договор, ниту еден денар од градската каса не е влезено во моето адвокатско друштво. Јас земам сопствени пари од моето адвокатско друштво – рече денеска градоначалникот Шилегов.Градоначалникот Шилегов приложи и документи коишто многу јасно ја побиваат и демантираат секоја лага и манипулација од ВМРО ДПМНЕ.

Слајдер | пред 5 години

Krvna-palzma

МЗ: Над 400 пациенти со Ковид-19 досега третирани со конвалесцентна плазма

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 502 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од кои 399 единици се обезбедени преку стандардно дарување и 103 единици конвалесцентна плазма, преку аферезна процедура од вкупно 48 донори. Вкупно 449 дарители донирале плазма,со која се третирани над 400 пациенти со Ковид-19.Во овие сензитивни моменти, важно е да ја покажеме нашата хуманост и да даруваме плазма, зашто таа оди на вистинско место - таму каде што е неопходна и со тоа се овозможува да биде спасен нечиј човечки живот. На овој начин и со овој највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени им помагаат на лицата, кои во моментот се борат со коронавирусот. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19.Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти, кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19.Формулар за донор на Ковид-19 конвалесцентна плазма: http://itm.org.mk/%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d0%bc%d0%b5-covid-19-%d0%b4%d0%b0%d1%80%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%98-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%b7%d0%bc%d0%b0-%d1%81%d0%bf%d0%b0%d1%81%d0%b8/ 

Македонија | пред 5 години

3

Одбележан патрониот празник на ООУ „Блаже Конески“ од Аеродром

По повод 99-годишнината од раѓањето на македонскиот лингвист, професор, академик, кодификатор на современиот македонски јазик, Блаже Конески, градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, положи цвеќе пред бистата на великанот во истоименото основно училиште во Аеродром, оддавајќи му почит за неговиот безвременски придонес.Свежо цвеќе положија и претседателката на Советот, Ивана Цветановска и дел од советниците.Честитајќи го патрониот празник на училиштето „Блаже Конески“, градоначалникот Марин порача да се чува и негува неговото богато творештво, кое остави трајни вредности за сегашните и идните генерации.

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања