Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Martin-Taleski-18.12.2020

Талески: Владеењето на Богдановиќ е фијаско, и за време на мораториум во Центар зградите никнуваат како печурки

Мораториумот со кој градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ толку многу се фалеше уште еднаш се покажа како голема лага. И за време на мораториум во Центар зградите никнуваат како печурки на секој чекор. Од она што веќе излезе во јавност дозволи за градба се издаваат во целиот досегашен мандат на актуелниот градоначалник во период од 3 години. Како што можете да видите се издаваа одобренија за градба во 2018, 2019 и 2020 година, истакна Мартин Талески од ВМРО ДПМНЕ.Талески додава:Дополнително урбанистичките планови со кои на граѓаните им се овозможи похуман живот се во застој. Од досегашните 34 урбанистички планови кој што ги има на територија на Центар, изработени во период од 3 години се само 5.Ова е доказ дека владеењето на Саша Богдановиќ е фијаско. Ветувањата кои им ги даваше на центарци се покажаа како неостварливи, а мораториумот кој 3 години е на сила е стопиран од Уставниот Суд.Богдановиќ исто така треба да им одговори на граѓаните на општина Центар, колку дозволи за изградба на згради има издадено во неговиот 3 годишен мандат како градоначалник?

Скопје | пред 5 години

uploads_thumbs_resize_800x420_360322

Спречена тешка кражба од возила во Скопје, приведен крадецот

На 18.12.2020 во 04.30 часот во кругот на Педагошки факултет Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода A.Б.(41) од с.Бардовци, скопско, поради сомнение за кривично дело „тешка кражба“. Околу 03.45 часот на ул.„Дрезденска“, полициски службеници го забележале при извршување тешки кражби од патнички возила. Тој бил приведен во полициска станица и му биле одземени украдените предмети. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 5 години

DSC_0132

ДТИРЗ: Индустриските зони со подобри економски индикатори и со потенцијал за значително подобрување

Економските движења во индустриските зони и покрај кризата се со позитивни економски индикатори во однос на државно ниво, а вложените средства се враќаат покажува првичната анализа која ја претстави директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.„Воведуваме нови механизми за отвореност и нови практики во функционирањето на ТИРЗ како најзначајна јавна институција за создавање на ефикасна бизнис клима во земјава. Ќе креираме политики врз база на бројки, а не бројки согласно политики. Целта ни е да видиме што добива државата за секое вложено евро и како да ја зголемиме додадената вредност на инвестициите, но и за луѓето кои работат таму,“ изјави Деспотовски.Бројките покажуваат дека компаниите кои работат во ТИР зоните се носители на извозот во земјава. Само во изминатите 10 месеци оствариле вкупен извоз од 2,1 милијарди евра и сочинуваат 45% од вкупниот извоз на државата. Вкупниот извоз во државата, како последица на кризата е опаднат за 13%, но во индустриските зони е значително помал и изнесува 9%.Зголемено е и учеството во вкупниот увоз на компаниите од зоните кое годинава е речиси 28%, и покрај севкупниот пад на увозот. Особено голема разлика има во однос на нето извозот – индустриските зони имаат позитива од 21%, додека вкупниот нето извоз во државава е во пад од над 23%. Над 70% од компаниите се профитабилни со со пораст на приходите од 8,3%, а расте и нивната уплата во државниот буџет.“Оваа своевидна економија во економија мора да ја мобилизираме да генерира уште поголема додадена вредност. Веќе имаме речиси 49% годишен пораст на позитивната разлика од она што тие го враќаат во буџетот и исплатената државна помош само од ТИРЗ, без Агенцијата за странски инвестиции и царинските ослободувања,“ рече Деспотовски.Во моментов во компаниите во зоните работат над 14.000 лица, но анализата покажува дека иако изминатата година има пораст од 5,9% на бруто платите, сепак компаниите во зоните исплаќаат 5,5% пониска бруто плата во однос на просечната плата во земјава.„Зголемување на платите на работниците ангажирани во индустриските зони за 30% до 50% до 2024 година ни е еден од приоритетите кои си ги поставивме во програмата за работа на ТИРЗ. Ќе креираме посебни државни програми и мерки со кои ќе ги поттикнеме компаните да исплаќаат повисоки плати и да привлечеме инвестиции со повисока додадена вредност кои ќе донесат и подобро платени работни места,“ најави Деспотовски.Странските инвестиции остануваат во фокусот, но целта е да се привлечат и македонсите компании за да се вклучат во глобалните вредносни синџири. ТИРЗ ќе работи и на развој на нови иницијативи во делот на привлекување приватен капитал во развојот на инфраструктурата и инвестициите.Деспотовски најави и рационализација на државни институции во делот на привлекување на странски инвестиции и нивно спојување.„Верувам дека со ова ќе постигнеме уште поголеми успеси од досегашните, и ќе поставиме нови стандарди и практики во создавање на ефикасна бизнис клима и за развој на македонската економија, со цел Северна Македонија да прерасне во меѓународен бизнис центар на Југоисточна Европа,“ рече Деспотовски.

Македонија | пред 5 години

apasiev

Левица: Место да реформираат, најавените реформи се со цел до крај да го расформираат разнишаниот образовен систем

Реформи во основното образование се повеќе од потребни; повеќе од очигледно е дека постојниот модел на образование е нефункционален и непродуктивен. Но, какви реформи очекуваат граѓаните, а што им се нуди со најавените реформи? Граѓаните очекуваат поквалитетно и помалку оптоварувачко образование, односно такво образование кое ќе им помогне на нивните деца да се оформат во личности подготвени да чекорат длабоко во дваесет и првиот век, држејќи чекор со остатокот од развиениот свет, а во склад со личните афинитети и квалитети, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото се додава:Место тоа им се нудат инстант- реформи, кои како алиби и штит го користат изговорот дека се креирани според финскиот образовен модел. Не може да се спроведуваат реформи со градење Потемкинови села на хартија, без претходна сериозна евалуација на состојбите, можностите и потребите.Каква е визијата за иднината на актуелната власт, судејќи според најавените реформи? Мачна и мрачна. Според нивната визија децата, т.е утрешните возрасни, треба да се дехуманизираат, да им се убие секој зрак индивидуалност и самосвест, да располагаат единствено со скудни и ограничени на практичната сфера на живеење знаења, да бидат, едноставно кажано, некој вид самоодржливи машини кои функционално ќе се впрегнат во исполнување на желбите и потребите на капиталистичкиот господар.Покрај ова реформите докрај ја манифестираат намерата за бришење на националниот идентитет. Истата беше најавена со бришење на химната на Македонија од наставните програми по Музичко образование минатата година, за сега да се манифестира во целост преку исфрлање на предметот Историја и обезличување на историските содржини преку нивно сместување во рамки на Општествени науки.Левица, како партија која над сè ги става човечките права и слободи на работниците никако не се согласуваме и со сите средства ќе се бориме против ваквото обезглавување на образованието. Нашата заложба е заложба за реформи, но не по мерка на капиталот, туку во функција на сеопфатен развој на личноста и индивидуалните афинитети и квалитети на секој поединец без оглед на материјалната положба. Образованието е човечко право и не смее да биде привилегија на повластен слој!

пред 5 години

18122020_PVRSM_Pustec-3

Заев во Пустец: Албанија ја негува европската вредност за почитување на малцинските заедници, Македонците во оваа земја имаат институционална поддршка да се школуваат на својот мајчин јазик и да се ор...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска, при посетата на Општина Пустец, Мала Преспа во Албанија, заедно со своите домаќини Васил Стерјоски, пратеник во албанскиот Парламент од партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и градоначалникот на Општината, Пали Колефски го посетија заедничкото основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“, каде беше потврдена донацијата која премиерот Заев ја обезбеди преку македонски компании за поддршка на инфраструктурното уредување на училишниот двор и дворот на градинката. Денеска беа реализирани 15.000 евра од вкупно 30.000 колку што е донацијата. Останатите средства ќе се донираат во февруари 2021 година.„Чест ми што сум овде, бидејќи ова заедничко основно и средно училиште е реновирано со поддршка на Владата на Република Северна Македонија како резултат на заклучоците на заедничката седница со Владата на Албанија што се одржа во Поградец во 2018 година. Реализацијата на оваа иницијатива дојде со покажаната добра волја од страна на Владата во Тирана која прифати во реконструкцијата на 33 основни и средни училишта во Албанија, да биде вклучено и заедничкото основно и средно училиште во Пустец, во кое наставата се изведува на македонски и на албански јазик’, рече премиерот Заев подвлекувајќи дека оваа остварена иницијатива е потврда за успешното градење на пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија кои продолжуваат да се зацврстуваат и со реализација на многу други проекти од заеднички интерес.Тој ја истакна големата важност и посебна нишка на поврзаност на двата народа, која ја претставуваат Македонците во пријателска Албанија и изрази уверување дека заложбите на Владата на Северна Македонија се во насока на помагање во повеќе сегменти од секојдневниот живот на месното население, почнувајќи од образовниот процес па се до прашањата од комуналната сфера, за што и денеска разговараа со градоначалникот Колефски.„Денеска со нас донесовме одреден број книги од кодификаторот на современиот македонски јазик Блаже Конески, како и одреден број учебници кои можат да претставуваат дополнување на наставата во заедничкото основно и средно училиште во Пустец. Со поддршка на Владата и на нашето Министерство за образование и наука ќе ја поттикнеме и поддржиме непосредната соработка на македонските друштва во Албанија и на образовниот кадар по македонски јазик во училиштата од Мала Преспа со Институтот за македонски јазик Крсте Петков Мисирков, со Советот за македонски јазик, со Меѓународниот семинар за македонски јазик и со Филолошкиот факултет при Универзитетот во Битола, за организирање семинари и обуки на наставниците кои држат настава по предмети на македонски јазик“, рече Заев кој додаде дека во делот на образованието се преземаат дополнителни напори за создавање подобри услови за изучување на македонскиот јазик во средините во кои живее македонско население.Премиерот Заев најави започнување на постапка за отворање на почесен Конзулат во Корча, во текот на 2021 година, подвлекувајќи дека тој ќе биде од особена важност и ќе претставува нова алка од повеќекратно значење за Македонците кои живеат во овој дел од Република Албанија.Министерката за образование и наука Мила Царовска најави потпишување на договор за соработка со Република Албанија во делот на образованието.„Среќна сум што денес заедно со премиерот Зоран Заев и мојата колешка Евис Куши, министерката за образование на Албанија, ги посетивме учениците и наставниците од Пустец каде наставата согласно законското право се одвива и на македонски јазик. Со албанската Влада заеднички ќе работиме на унапредување на условите во двете основни и едното средно училиште во Пустец, како и воопшто на унапредување на целокупната соработка помеѓу двете земји во сите сфери на образованието“, рече Царовска.Денешната посета на Општината Пустец, премиерот Заев ја искористи за средба и разговор со пратеникот Васил Стерјовски и градоначалникот Пали Колефски при што беше изразена јасната определба на Северна Македонија за продолжување на меѓусебната соработка со Република Албанија, преку отворен и конструктивен политички дијалог, како најприфатлив можен начин за градење добрососедски односи и просперитетна иднина и остварување на заедничката визија за просперитетен и меѓусебно поврзан регион, интегриран во НАТО и Европската Унија.На средбата беше изразена подготвеност за давање поголема динамика на заедничката комуникација меѓу Северна Македонија и Албанија и продолжување на иницирање и учество во проекти од интерес на двете држави и продлабочување на пријателските односи како потврда дека Албанците во Северна Македонија и Македонците во Албанија се мост за градење блиски односи меѓу двете земји.

Македонија | пред 5 години

48355602_2325087317503323_649044917921775616_n

Вицепремиерот Љупчо Николовски позитивен на Kовид-19

Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски е позитивен на Ковид-19.Информацијата ја објави на Фејсбук, посочувајќи дека има лесни симптоми.„Поради лесни симптоми, направив Ковид-19 тест и резултатот е позитивен. Од овој момент влегувам во изолација и ги следам во целост насоките на лекарите. Чувајте се. Вирусот наоѓа начини, но заедно ќе го победиме“, информира Николовски.Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во понеделникот објави дека има благи симптоми и направил тест на кој добил позитивен резултат.

Македонија | пред 5 години

pretepan

Германски државјанин обвинет за нанесување тешка телесна повреда, тој со умисла тешко телесно повредил едно лице

Обвинителен предлог против германски државјанин поднесе Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето се товари дека сторило кривично дело – Тешка телесна повреда, предвидено и казниво согласно член 131 став 1 од Кривичниот законик.Нa 12 декември, на бензинска пумпа на автопатот Е75, во близина на клучката кај Кадино, тој со умисла тешко телесно повредил едно лице. Откако претходно со својата вереница изнајмиле автомобил на Меѓународниот аеродром Скопје, тие го замолиле оштетениот вработен во рентакар агенцијата да ги вози и да им помогне да ја пронајдат вилата во која требало да престојуваат. Откако му го кажале името на вилата, оштетениот застанал на бензинската пума и телефонски разговарал со вработените во вилата, кои му појасниле дека објектот е во населбата Пинтија. Во тој момент, без никаков повод или причина обвинетиот започнал со висок тон да му се обраќа на оштетениот на англиски јазик, му се доближил, му го одзел мобилниот телефон од раката и со него го удрил по лицето. Притоа оштетениот се здобил со тешка телесна повреда – скршеница на левата јаболчна коска, скршеница на левата орбита и на левиот горновиличен синус.Ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице, на кое претходно со решение на судија на претходна постапка му беше определен куќен притвор.​

Македонија | пред 5 години

DSCN0481

Изградбата на колекторски систем за фекална канализација во Општина Илинден

Општина Илинден започна со реализација на приоритетниот проект за изградба на колекторски систем за прифаќање, третман и одведување на отпадните фекални води од домаќинствата и стопанските објекти во Илинден и Марино со должина од околу 5000 метри, како и изградба на пречистителна станица со капацитет од 2500 еквивалент жители.Колекторскиот систем се гради покрај Главниот отворен канал, којшто поминува низ средината на населените места Илинден и Марино. На системот ќе имаат можност да се приклучат околу 700 домаќинства.За реализација на Проектот за изградба на колекторскиот систем за фекална канализација се планирани 46 милиони денари, сопствени средства обезбедени од буџетот на општина Илинден.Согласно планираните активности, градежните работи за изградба на колекторскиот систем ќе се комплетираат заклучно со месец септември 2021 г.Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски истакна дека и покрај актуелната состојба со Ковид 19 работните активности се одвиваат согласно предвидената динамика, со реализацијата на овој приоритетен проект, повеќе од 60% од домаќинствата во општина Илинден ќе бидат приклучени на систем за фекална канализација со пречистување на отпадни води.- Изградбата на фекална канализација со пречистителни станици е еден од приоритетите во стратешките цели на општина Илинден и претставува капитална инвестиција. Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од витално значење за локалниот економски развој, унапредување и заштита на животната средина како и подобрувањето на квалитетот на живеење, истакна градоначалникот Стојановски.Досега во општината изградена е канализациска мрежа во вкупна должина од повеќе 30 000 метри, како и изградени се 5 пречистителни станици, во 4 населени места.

Скопје | пред 5 години

Goran-Milevski

Милевски: Нова велосипедско – пешачка патека од с.Ваташа до Моклиште, граѓаните да се рекреираат наместо да се групираат

За време на пандемијата граѓаните е потребно да се рекреираат а со тоа да го јакнат својот имунитет затоа што здравјето треба да биде приоритет за сите и наместо да се групираат за празниците граѓаните во овој регион нека повелат со своите велосипеди на новата четири колометарска велосипедско-пешачка патека од мостот во с. Ваташа до Моклиште, порача денеска министерот за локална самоуправа Горан Милевски.- Проектот е во соработка со Вардарски плански регион, финансиран од страна на Бирото за регионален развој под мерката бр.323 – Изградба и реконструкција на патна инфраструктура за пристапност до и околу природните знаменитости во руралните средини, вклучително и нивно уредување и воведување на комплементарни содржини- пешачки, велосипедски и останати спортски патеки и шеталишта, појасни Милевски.Тој додаде дека средствата во износ од над 29 милиони денари се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, а кофинансирањето е на Општина Кавадарци и е во висина од над 5 милиони денари.

Македонија | пред 5 години

pijani

Скопјанец обвинет за тешката сообраќајна незгода во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот 72-годишник, на 11 октомври, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувајќи патничко моторно возило БМВ со скопски регистарски таблици во село Трубарево, во насока од исток кон запад, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Имено, тој постапил спротивно на член 228 став 1 и член 35 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, па возилото го управувал во алкохолизирана состојба со содржина на алкохол во крвта од 1,78 промили и содржина на алкохол во урина 2,43 промили. Низ населено место, автомобилот го управувал со брзина од 91 километри на час, што е значително поголема од дозволената.Поради тоа тој изгубил контрола над управувачот и со десните тркала излегол десно надвор од коловозот, се качил на тротоарот, а со предниот дел од возилото удрил во задното тркало од мопед „Баутијан“, без регистарски таблички управуван од оштетениот Идриз Ќеримовски. Од ударот, оштетениот со мопедот паднал на коловозот, се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал на самото место и починал.Обвинетиот продолжил со автомобилот да се движи во десно излегувајќи надвор од коловозот па со предниот дел од возилото во автобуското стојалиште на ЈСП Скопје и во телото на оштетено дете Ваљтон Битики, кое како пешак стоело на автобуското стојалиште. Од ударот оштетеното дете здобило тешки телесни повреди, на кои им подлегнало во болница.Обвинетиот и натаму со возилото продолжил да се движи по тротоарот, удрил и соборил дрвена бандера и сообраќаен знак, по што со возилото излегол лево надвор од коловозот каде што автомобилот запрел.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на постапката и да се спречи тој да го повтори делото кое му се става на товар.​

Македонија | пред 5 години

18122020_Bekteshi_press2

Бектеши за 100 дена Влада: Поддршката на стопанството за надминување на штетите од пандемијата е наш приоритет, продолжуваме со засилена поткрепа на бизнис секторот и инвестиции во енергетиката

„Главниот предизвик што ги одбележа првите 100 дена од работата на Министерството за економија беше справувањето со негативните ефекти врз стопанството предизвикани од светската пандемија со КОВИД-19. За таа цел го реорганизиравме работењето на Министерството за економија и обезбедивме целосна посветеност за поддршка на сите сектори за успешно надминување на проблемите кои што ги предизвика пандемијата. Веднаш со почетокот на новиот мандат почнавме со реализација на Четвртиот сет економски мерки за поддршка на економијата со што обезбедивме директна финансиска поддршка за туристичкиот сектор, за компаниите од услужните дејности и за организирање настани како свадби, за занаетчиите, но и за компаниите кои што и покрај пандемијата инвестираа во подобрување на својата конкурентност“ кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција посветена на 100 дена Влада.Министерот информираше дека како дел од мерките кои што ги реализира Министерството за економија од почетокот на новиот мандат е потпишувањето на нови договори со 39 компании и 10 анекси на договори со вкупен инвестициски циклус од 56 милиони евра од Законот за финансиска поддршка на инвестициите за 2020 година.“Нашата цел е во првата половина од следната година да направиме измени и дополнувања на Законот за финансиска поддршка на инвестициите преку кој се реализира Планот за економски раст со кои што ќе се дополни и прошири опфатот на компании и проектите кои што ќе бидат поддржани. Целта е да им излеземе во пресрет на компаниите да инвестираат во својот раст и развој што ќе значи отворање на нови работни места, но и нови странски пазари“ потенцираше министерот.Бектеши информираше за реализацијата на мерката за финансиска поддршка на компаниите кои инвестирале за време и пост-ковид периодот со која се поддржаа 400 компании со 17,3 милиони евра директна државна помош како дел од мерките на Владата за справувањето со негативните последици од пандемијата.Сепак како што нотираше Бектеши фокус на работењето на Министерството за економија во овие први 100 дена беше поддршката на туристичко-угостителскиот сектор кој беше најпогоден од ковид-кризата.„Во првите 100 дена од работењето Министерството за економија реализираше пет мерки за поддршка на овој сектор за што се исплатени 212 милиони денари. Како резултат на нивната реализација, вкупно 214 физички и правни лица добија 58 милиони денари за поврат на туристичка такса. Вкупно 276 туристички агенции добија грантови и беа поддржани со вкупно 79,6 милиони денари. Вкупно 81 игротека добија грантови во вкупна вредност од 13,2 милиони денари. Грантови добија 132 ресторани за организирање на свадби за што беше исплатена директна државна помош од вкупно 54,5 милиони денари. Беа поддржани 78 туристички водичи со вкупна вредност на поддршката од 5 милиони денари, кажа Бектеши и додаде дека до крајниот рок 15 декември се искористени 64.675 ваучери за домашен туризам за што беа исплатени околу 400 милиони денари државна помош директно кај сместувачките капацитети во земјата.Министерот информираше дека во првите 100 дена како дел од мерките за справување со ковид кризата во рамки на Министерството за економија е реализирана мерката за кофинансирање на трошоците за алати и репроматеријали кај занаетчиите за што се поддржани 225 занаетчии со 8,8 милиони денари.„Како дел од проектите на кои ќе се фокусираме во наредниот период е дополнително олеснување на условите за водење бизнис. Во таа насока, веќе е започната постапката за законски измени со кои се овозможува основање на фирма со минимален износ на основна главнина од 1 евро. Важно е да се спомене дека во наредниот од почетокот на следната година ќе направиме измени на Законот за трговски друштва со кои ќе се воведе можност за примена на конвертибилниот заем кај Друштва со ограничена одговорност (ДОО) со што ќе се создадат можности за развој на нов пристап до финансии за старт -ап компаниите односно инвестиции од страна на бизнис ангели“ кажа Бектеши и додаде дека во делот на поттикнување на иновативноста во првите шест месеци следната година ќе стартува и „Старт-ап селото“ за отворање на старт-ап бизниси.“Во делот на поддршка на компаниите во првите шест месеци следната година ќе бидат објавени сите јавни повици од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за што е обезбедена рекордна финансиска поддршка од 68,8 милиони денари за поддршка на микро, малите и средни претпријатија, за занаетчиството, индустријата и за поддршка на претприемништвото“ потенцираше министерот.Во делот на енергетиката министерот информираше дека во првите 100 дена од новиот мандат пуштена е во употреба првата фотонапонска централа на приватно земјиште од јавниот повик кој го објави Министерството за економија и најави дека во првиот квартал следната година ќе биде објавен уште еден тендер за доделување на премии за електрична енергија произведена од фотонапонски централи изградени на приватно земјиште.„Приоритет во првите шест месеци во делот на енергетиката ќе биде и реализација на сите јавни повици од Програмата за енергетска ефикасност за што оваа година е предвидена поддршка за субвенции за печки на пелети и зголемување на енергетска ефикасност преку доделување на субвенции за вградување на ПВЦ прозорци и сончеви колектори. За оваа поддршка се предвидени вкупно 52 милиони денари од Буџетот на Министерството за економија“ кажа министерот Бектеши.

Македонија | пред 5 години

slika

Стоилковски: Инспекторите Пауновски и Проја Продановска реагираат само ако СДСМ нема прослава

Стојко Пауновски, Мери Проја Продановска ниту цел Државен Пазарен Инспекторат цела недела нема ниту збор, а не пак акција за прославата на СДСМ во Штип кога локали работеа вон дозволеното работно време.Стојко Пауновски, а ни Мери Проја Продановска не смеат ниту да помислат да направат контрола во локали каде што газди седат на маса со лица од СДСМ. Тогаш за нив законите не важат, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски во продолжение додаде:Ова е фотографијата од банкетот на СДСМ во Штип по локалните избори. На иста маса мегафонот на Заев и Николов седат со газди, полициски инспектори и локални гавази, цела кафана блешти како новогодишна елка, се служат пијалаци и закуски по 9 часот навечер, ама ги нема Стојко Пауновски, а ниту пак колегата на Проја да организираат спектакуларни хистерични акции пред камери. Костадинов и Николов очигледно се над законите.Ова е уште еден доказ за диктаторското владеење и за Инспектори на копче.Инспекторите реагираат само ако СДСМ нема прослава.Тогаш смее да се организираат банкети.Законите важат само за репресија на граѓаните кои што не се во врска со СДСМ! Бидејќи за членови на СДСМ законите не важат.Ова е срамно и не доликува на земја кандидат за членство во ЕУ.Со апаратчици како Стојко Пауновски и Мери Проја Продановска и со Инспекторат кој што се вклучува во прогон само ако е по желба на Зоран Заев и на СДСМ и тогаш се гони опозицијата, и се гонат граѓаните. Македонија тоне во диктатура!

Македонија | пред 5 години

lisici

Фатено лице при извршување на разбојништво во Скопје

На 17.12.2020 во 23.56 часот на ул. „Есперанто“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Ш.Л.(18) од Скопје кој бил затекнат на лице место при вршење кривично дело „разбојништво“ над Ф.А.(33) од Скопје.Тој бил приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Се прави вториот зелен покрив во Скопје

Градот Скопје во соработка со УНДП почна со уредување на вториот зелен покрив во центарот на градот - покривот на Домот на градежници. Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри ќе бидат засадени повеќе од 30 различни видови садници – дрвја, средно и ниско зеленило кое ќе биде функционално распоредено, ќе има тревна површина и вертикално зеленило поставено на ѕидовите, ќе се постават и клупи и друга урбана опрема, а ќе се врати и култното кино.- Денеска почнуваме голема реконструкција на покривот на Домот на градежниците - една култна стара зграда во центарот на Скопје, изградена пред децении, која што во своето златно доба била место каде што се собирале градежните работници и учествувале во своето културно издигнување. Посебно бил значаен покривот на таа зграда каде што се случувале многу културни настани. Познат е како „Киното на Домот на градежници“ кое со овој зелен покрив ќе го вратиме. Она што планираме да го направиме овде е по примерот на покривот на ГТЦ кој што беше огромен успех, го посетија 100.000 луѓе за само една година и стана едно од местата кои скопјани ги користат за своите фото-разгледници и за своите свадбени фотографии. Сега правиме ново место во центарот, во Мал ринг, каде што ја идентификувавме потребата да се бориме против топлотниот остров кој што го создава покривот на оваа зграда. Очекуваме дека по реконструкцијата, просечната температура на годишно ниво ќе биде намалена за три степени, а во лето ќе биде драстично намалена температурата пред околните згради – рече Никола Наумоски, претставник од Град Скопје, на денешната прес-конференција.Тој додаде дека покривот на Домот на градежници има две нивоа, а и на двете нивоа ќе биде поставено зеленило.- Дополнително, околу оградата ќе биде поставен дрворед од густи дрвја за да не им пречиме на граѓаните од околните згради со нашето присуство – објасни Наумоски.Запуштениот и руиниран покрив на Домот на градежници во Стратегијата за климатски промени на проектот „Отпорно Скопје“ беше препознаен како едно од неколкуте места наречени „урбани топлотни острови“ кои влијаат на зголемување на просечната температура во градот.Согласно со податоците од релевантни истражувања температурите на зелениот покрив можат да бидат пониски од 16 до 22 Целзиусови степени споредено со конвенционалните покриви. Со тоа, температурите на околината можат да се намалат до 3 Целзиусови степени, при што потрошувачката на електрична енергија потребна за ладење на овие објекти би се намалила за 0,7%.Проектот за изградбата на Зелен покрив на Домот на градежници е финансиран од буџетот на Град Скопје (во вредност од околу 18,5 милиони денари), а имплементиран е во соработка и со поддршка од УНДП.На почетокот на уредувањето на зелениот покрив на Домот на градежници денеска присуствуваа и заменик постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во нашата земја, Сања Бојаниќ и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.- Овој покрив ќе се трансформира од „топлотен остров“ каков што е сега, во „зелен остров“ кој ќе ја намалува температурата, ќе ја контролира влажноста, ќе го подобрува квалитетот на воздухот и се на се ќе го подобрува квалитетот на животот на граѓаните на Скопје. Ова е придонес Скопје да стане поотпорно и позелено место – рече Бојаниќ.Градоначалникот Богдановиќ го изрази своето задоволство од реализацијата на овој проект, кој ќе придонесе за поотпорно Скопје, а ќе понуди и можност за рекреација за граѓаните, особено за младите луѓе да учествуваат во различни културни активности.

Скопје | пред 5 години

belgiska-politicarka

Белгиска политичарка по грешка го објави ценовникот за вакцините

Европската комисија сè уште не објави колку ќе чини доза oд вакцината против коронавирус која ја нарачува во име на земјите членки.Цените што неодамна ги преговараше Европската комисија со различни производители се строго доверливи, бидејќи се опфатени со клаузули за доверливост.Но, вчера попладне одеднаш се појави твит на белгиската државна секретарка за буџет Ева Де Бликер, кој содржи табела со цените на сите вакцини за кои Белгија се претплатила преку Европската комисија.Иако твитот беше брзо избришан, белгискиот весник Het Laatste Nieuws (HLN) направи скриншот од сликата на која се прикажани цените.https://twitter.com/vadderiVRT/status/1339612425138651137?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1339612425138651137%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0b1d0b5d0bbd0b3d0b8d181d0bad0b0-d0bfd0bed0bbd0b8d182d0b8d187d0b0d180d0bad0b0-d0bfd0be-d0b3d180d0b5d188d0bad0b0-d0b3d0be-d0bed0b1d198%2F Познато беше дека цените на вакцините многу варираат, но сега за првпат точно знаеме колку. Првата вакцина што веќе почна да се употребува во светот, од производителите „Бионтек“ / „Фајзер“, ЕУ ја договорила по цена од 12 евра по доза. Најевтина, пак, е вакцината заеднички произведена од Универзитетот Оксфорд и „Астрацзенека“. Истата чини 1,78 евра по доза.Ова се цените:Оксфорд /Астразенека: 1,78 евраЏонсон и Џонсон: 8,50 долариСанофи/ГСК: 7,56 евраБионтек/Фајзер: 12 евраКјурвак: 10 евраМодерена: 18 долариизвор: Макфакс

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Две лица обвинети за измама во Скопје

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Измама според член 247 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Со цел за себе да прибават противправна имотна корист, обвинетите соизвршители на возраст од 30 и 40 години од Долно Свиларе, од кои едниот бил вработен во Агенцијата за национална безбедност, а другиот бил униформиран полициски службеник во СВР Скопје, довеле во заблуда едно лице на кое лажно му прикажале факти за својот идентитет.На 7 декември тие стапиле во контакт со оштетениот, му се претставиле со лажни имиња и му прикажале лажни факти според кои против семејната фирма од Куманово во сопственост на член на семејството на оштетениот се води постапка од Одделението Интерпол при МВР Скопје. Притоа тие му презентирале електронско досие во кое имало докази за наводно незаконско работење, противправно посредување во средување на визи за косовски државјани, нелегално пренесување и продажба на ПЦР тестови за Ковид-19 и други незаконитости во работењето на фирмата.Оштетениот го одржале во заблуда така што еден од обвинетите, при остварена средба, прикажал оригинална полициска легитимација со логото на МВР. Другиот обвинет, пак презентирал лажен факт дека во Одделението за Интерпол во МВР Скопје наводно работат неговата сопруга и неговиот братучед. Обвинетите побарале пари од оштетениот за да се затвори наводниот предмет против правното лице. На договорена и остварена средба на 8 декември во ресторан во Визбегово, оштетениот на еден од обвинетите му исплатил 600 евра кои претходно биле криминалистичко-технички обработени и фотографирани. По лишување од слобода, парите биле пронајдени кај обвинетиот.Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети, ценејќи дека и натаму постои опасност тие да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон.​

Македонија | пред 5 години

joga-3

Пазарните инспектори затвориле вежбална за јога каде група луѓе вежбале полуголи

Пазарните инспектори затвориле три локали и вежбална за јога, во една вечер. Два угостителски објекти и вежбалната за јога не ја почитувале забраната за работа по 21 часот, а еден угостителски објект си ја скинал пломбата и почнал да работи, без да се регистрираа. Директорот на државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, за „А1он“ вели дека иако е забрането групирање и работа по 21 часот, преку 20-25 луѓе биле затекнати полуголи, како вежбаат јога. Затворен е и кафе-барот „Станица 26“. Полицијата наместо да постапи со инспекторите во овој објект, си заминала. Пауновски објаснува дека тоа се случило додека луѓе со исклучено светло седеле во објектот „Три кичен“ кој е поврзан со „Станица 26“, чекајќи да заминат инспекторите, објави А1ОН.Во случајот со вежбалната, сопствениците претходно, трипати биле предупредувани дека не смеат да ги прекршуваат мерите за заштита од коронавирус.Инспекторите при контрола затекнале и отворен угостителски објект, откако самиот решил да ја отстрани пломбата. Нему му е поднесена кривична пријава.Текстот во целост на: А1ОН.

Скопје | пред 5 години

gjorge-ivanov

Иванов со писмено барање до претседателката на ДКСК: Предметите против мене не се решени 20 месеци, дали чекате насоки за дејствување од некого

Поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов, денес упати писмено барање до претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Биљана Ивановска, за доставување на информација за статусот на отворените предмети кои ги води ДКСК за него. Станува збор за предмет за потпишување укази за унапредување на генерали за време на изборен процес и предмет за зголемување на имотната состојба.Иванов вели дека и за двата предмети не е преземено ништо 20 месеци и ја обвини Ивановска дека ја злоупотребува функцијата и го нарушува угледот на членовите на ДКСК. Исто така, Иванов ја обвини претседателката на Антикорупциска за неспособност и за нестручно и неодговорно работење.Тој вели дека за предметот со потпишување на Укази за унапредување на генерали за време на изборен процес повеќе од 12 месеци нема никакво дејствие.„Вие предметот сѐ уште не го затворате иако два надлежни суда донесоа решенија со кои вашата одлука е незаконита, поради што истата е поништена, не постои. Барам одговор зошто не е постапено согласно судското решение и зошто предметот е сѐ уште отворен и покрај тоа што сите рокови предвидени со Закон се пробиени. Дали чекате насоки за дејствување од некого, иако бевте официјално известени дека е постапено согласно надлежностите на претседателот на Република Македонија пропишани во Уставот и законите на Република Македонија“, прашува Иванов во барањето до Ивановска.Тој во барањето го споменува и предметот за неговата имотна состојба, за кој вели дека бил отворен врз основа на добиени информации од медиум.„Поведени од вашиот личен, јавно искажан анимозитет кон мене, наместо да ја согледате реалната состојба наведена во законски рок доставениот Анкетен лист и сите пријавени промени во целиот мој десетгодишен мандат, како и доставениот Анкетен лист по завршување на мојот мандат, вие одлучивте да поведете лична медиумска кампања против мене и моето семејство од само за вас познати причини. Наместо да постапувате согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси и согласно Деловникот за работа на ДКСК вашата крајна и единствена цел беше да ја нарушите мојата чест, достоинство и углед“, вели Иванов.Тој ја прашува Ивановска зошто и по речиси 20 месеци од завршување на неговиот мандат како претседател сѐ уште нема завршница за предметот иако навремено биле доставени сите информации и податоци кои лесно биле проверливи?„Дали се точни информациите, кои ги имам неофицијално, дека релевантни институции од кои сте барале да ја испитуваат мојата имотна состојба, навремено и професионално ви ги доставиле нивните одговори?Дали и покрај тоа, вие не сакате да донесете одлука пробивајќи ги сите законски утврдените рокови од само за вас познати причини“, прашува поранешниот претседател.Тој вели дека негов адвокат ќе бара увид во сите документи од предметот за имотната состојба кои, како што вели, Ивановска вешто ги крие, за да се утврди колку и како се пробиени законските рокови.„Наведеново ми дава за право да се сомневам дека ја злоупотребувате вашата функција и вие лично го рушите угледот на членовите на ДКСК кои професионално и одговорно ја вршат и сакаат да ја извршуваат својата функција. Со вашата неспособност, нестручно, неодговорно и спротивно на закон и деловник работење и однесување, само нанесувате штета на професионалниот и стручен тим на Државната комисија за спречување на корупцијата. Очекувам дека на ова мое барање лично ќе ми одговорите, а не како минатиот пат, одговорот да го добијам преку партиски гласноговорник, од партиска говорница, кој неуспешно се обидуваше да ја брани вашата неспособност во вршењето на една многу одговорна функција“, наведува Иванов.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Општина Аеродром со поддршка на проектот за интегрирано пливање на децата со попреченост

Општина Аеродром го промовира проектот „Интегрирано пливање за децата со попреченост од основните училишта од Аеродром“ што се одржа во спа-центарот во кулите Џевахир.Општина Аеродром е прва општина што го воведе овој проект за помош и поддршка на учениците со попреченост со кој им се овозможува изведување пливачки активности на оваа категорија деца. Проектот е наменет за ученици од прво до трето одделение, за кои се обезбедени два термина од по еден час со посебен инструктор за секое дете.„Во услови на пандемија, многу е важна поддршката што им ја даваме на овие деца, кои преку пливањето и учењето на пливачките техники ја подобруваат својата психофизичка состојба и полесно се вклучуваат во општеството“, изјави градоначалникот Марин.Неодамна Советот на Општината со ребалансот на буџетот за 2020 година изгласа доделување на 260 000 денари за оваа намена.

Скопје | пред 5 години

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти, а вкупно се лекуваат 477 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 477 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, шестмина во ковид центарот на Клниката за Неврологија, двајца на Институтот за ТБЦ, четири пациенти на Клиниката за дерматовенерологија и еден на Очната клиника. На ОРЛ се примени три нови болни, а во ковид центарот на Клиниката за гастроентерохепатологија еден пациент.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 13 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 11 болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 27 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 24 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.Вкупно 477 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

mos2

ВИДЕО: Полицијата вадела гости од скопски кафич кој работел во 23 часот

Полиција интервенирала во кафе-барот „Мош“ во центарот на Скопје, откако инспектори од Државниот пазарен инспекторат биле спречени да го затворат објектот, кој бил пријавен дека работи по дозволеното работно време.На социјалната мрежа „Твитер“ беше објавено и видео, во кое се вели дека откако дошла полицијата, околу 23 часот, дел од гостите скокале преку оградата и бегале од задната страна на кафулето за да не бидат казнети.Според полицијата, во објектот не се почитувал протоколот за работа на угостителски објекти за исхрана и протоколот за отворање на кафетерии, како и здравствените прописи за време на епидемија, односно организиран бил концерт каде што помеѓу гостите не се почитувало дозволеното растојание од 1,5 до 2 метри и повеќето лица не носеле заштитни маски на лицето, и не биле исполнети и други одредби од пропишаните здравствени протоколи.https://twitter.com/aps_aana/status/1339703888409227264?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1339703888409227264%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2Fmacedonia%2Fvideo-zatvoren-lokalot-mosh-koj-rabotel-vo-23-chasot-gostite-vadeni-so-policija%2FВо објектот имало пијани лица кои ги навредувале инспекторите. Интервенцијата била во  23 часот, односно два часа по дозволеното работно време, согласно препораките за заштита од коронавирусот.Инспекторите ќе треба да одлучат на колку време ќе го затворат „Мош“, а законот дозволува тоа да биде од 10 до 30 дена. Дополнително, ќе се одлучува и за паричната казна од 300 до 3.000 евра која ќе треба да ја плати.  

Скопје | пред 5 години

sportska-oblozuvalnica-640x428

АСОМ: Согласно новите мерки за заштита од Ковид-19, нема да нудиме угостителски услуги во нашите објекти по 18 часот

Асоцијацијата на спортски обложувалници информира дека откако Владата ги усвои препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе новите мерки за заштита од Ковид-19 со кои, меѓу другото, се скрати работното време на угостителските објекти до 18 часот, согласно истите, ниту спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги по 18 часот.„Во спортските обложувалници на нашите членки, почнувајќи од денес, 18 декември, по 18 часот нема да работат шанковите и нема да се послужуваат пијалаци. Ова е во согласност со новите мерки на Владата за заштита од ширење на вирусот Ковид-19, кои ние како Асоцијација во целост ќе ги почитуваме.“ – истакнуваат од АСОМ и додаваат дека спортските обложувалници доследно се придржуваат до протоколите за работа и сите мерки кои досега ги донесе Владата во насока на превенција и заштита на здравјето на граѓаните.Дополнително, АСОМ информира дека сите објекти на спортските обложувалници кои се членки на асоцијацијата, на 31 декември ќе работат до 19 часот.Како и досега, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија апелира на одговорност и максимално почитување на мерките за лична заштита од страна на играчите и придржување кон протоколот по кој работат спортските обложувалници.За АСОМАсоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е активен чинител во општеството и заедно со своите членки работи одговорно, создава услови за работа и кариера, придонесува во економијата и активно делува на полето на општествената одговорност за поддршка на заедницата. АСОМ е формирана 2013 година, а членки на асоцијацијата се: Моцарт, Спорт Лајф, Златна Копачка, Евротип и Марбет.

Македонија | пред 5 години

20171117095751

Вице Заев за Слободен печат: Брат ми е многу толерантен и премногу мек во однос на политичките случувања со Бугарија

Фабриките за производство на канабис во Свети Николе и во Валандово се во сопственост на моите двајца братучеди. Ниту јас, ниту брат ми, Зоран Заев немаме лиценца за одгледување и производство на канабис, вели Вице Заев во интервју за Слободен печат.„Немаме ниту личен дел во фирмите на братучедите. Дури и тие не се сто проценти газди, имаат партнери од Холандија, Германија и Израел. Не сум безгрешен, ама 90 проценти од работите што ми се ставаат на товар не се точни. Самиот факт што никој не се пожалил дека некого сум рекетирал, дека сум влегол во нечиј бизнис или сум му земал нешто што не ми следува зборува дека јас не сум престапник на законот. И тоа што се зборувало е на база на шпекулација, докази нема. Никогаш не „фаќам врски“, истакна братот на премиерот.На прашањето за односот на премиерот Зоран Заев кон Бугарија Вице Заев вели дека премиерот е многу толерантен.- Брат ми е многу толерантен и премногу мек во однос на политичките случувања со Бугарија. Ми смета тоа што не реагира на многу провокации од источниот сосед. Знам дека и тој се согласува со моите ставови дека не треба да биде толку мек, но ја гледа големата слика, има информации повеќе од нас, и затоа води таква политика. А, со тоа како ја води политиката се согласувам целосно затоа што вродува со резултат. Со потезите што ги прави и со Грција и со Бугарија ја става на ризик и сопствената и семејната кариера, но храбар е и тоа треба да се цени, вели братот на премиерот Зоран Заев.Интервјуто во целост на: Слободен печат.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Инцидент во автобус помеѓу контролор и патник

Три пати пробав со телефон да платам, не успевасе. Пријавив на соферот дека не работи апаратот, вика тие со картички шо се им поминува. Пробав пак, нејќеше. Една жена позади мене со беше вика не врти више, може системот нешто. И си седнав. После 3 мин влага контролорот, му раскажав, вика пробај пак. Пробав пред него, нејќеше, се вели во објава на ФБ , во која се пренесува изјава на Скопјанка која имала проблем во автобус во Скопје.Во објавата  се додава:Ми вика од кај да знам дека си на припејд. Му покажав пораки од вчера, завчера дека сум праќала. И тука почнавме да се инатиме, твој проблем со не знаеш лимит дали имаш... Викам каков лимит, на сметка сум. И продолживме некакво натегање, па зема ми се раздра ко непресметлив и ми се стаи у фаца, па се тргна. И затоа извадив телефон и гледаш понатаму.А шоферот ни да мрдне. Цело време гледам. Гледа. Кога отиде овој, му викам на шоферот што не реагираш? Сега двајцата ќе ве пријавам.

Скопје | пред 5 години

silvija

Актерката Силвија Стојановска итно хоспитализирана поради комликации со абдоменот

Актерката Силвија Стојановска која е една година во домашен притвор, вчера била итно хоспитализирана поради комликации со абдоменот. Семејството на Стојановска ја потврди информацијата за „Женски магазин“.Најблиските на актерката велат дека таа за влакно избегнала операција и во моментов нејзината состојба е подобрена. Точно пред една година, Стојановска беше приведена, поради сомнеж дека била дел од мрежа за шверц со дрога. Актерката и нејзиниот сопруг Војислав Будисављевиќ беа изнесени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичниот суд и за нив се бараше мерка притвор од страна на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Целата вест прочитајте ја ТУКА

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања