Промени тема
Контакт

Ковачевски: Во ек на најголема светска економска криза буџетот е финансиски стабилен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
26042022_PVRSM_Kovacevski_tematska-sednica_1

Премиерот Димитар Ковачевски на тематската седница посветена на првите 100 дена од работењето на Владата истакна дека економските и финансиските показатели се импресивни со оглед на брзорастечката глобална економска криза и дека координираноста на сите чинители овозможи стабилност на финансискиот систем.

„Денарот и покрај сите турбуленции е стабилен. Имаме поставени заштитни механизми во финансискиот систем, што овозможува негово непречено функционирање, а соодветното ниво на девизните резерви овозможува доволна девизна ликвидност на домашната економија“, нагласи Ковачевски.

Претседателот на Владата дополни дека пакетот антикризни мерки и операционализацијата на бескаматните кредити од Развојна банка во вредност од 5 милиони евра за три поволни кредитни линии за поддршка и развој на приватниот сектор, ќе обезбедат поддршка за стопанството и ликвидност на компаниите.

„Со донесената програма за економски реформи за следниот тригодишен период се поттикнува зелената транзиција со цел зголемување на уделот на енергија добиена од обновливи извори, зајакнување на човечкиот капитал, како и подобрување на конкурентноста на домашните претпријатија и нивна интеграција во глобалните вредносни синџири, како и формализација на економијата“, посочи Ковачевски.

— реклама —

Премиерот на тематската седница по повод 100 дена Влада, дополни дека со измени и дополнувања на Законот за царинска тарифа со кој се намалени или укинати царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали се овозможи намалување на трошоците за производство на компаниите, нивна поголема конкретност, проширување на производството и зголемување на бројот на вработени.

— реклама —

Ковачевски се осврна и на политиките на доброто владеење, транспарентноста и отчетноста за кои рече дека остануваат патоказ во сите сфери на работењето.

„Обезбедивме зголемена транспарентност и отчетност во трошењето на буџетските средства при јавните набавки. Институциите сега имаат рок од 30 дена, не само преку Електронскиот систем за јавни набавки, туку и на своите официјални веб страни да објавуваат информации за спроведените јавни набавки, со цел граѓаните да имаат брз, лесен, едноставен и разбирлив пристап до информациите за тоа како институциите ги трошат јавните пари. Заложбата за оваа мерка доаѓа од граѓанскиот сектор и заеднички утврдената потреба за контрола на начинот на кој се трошат јавните пари“, потенцираше премиерот Ковачевски.

— реклама —

Ковачевски уште се задржа и на прашањата за визијата за иднината на земјата и ја нагласи важноста на Националната развојна стратегија 2022-2042 чие креирање има за цел да обезбеди долгорочна визија и патоказ за економскиот, социјалниот, културниот и еколошкиот развој на Република Северна Македонија.

„Примарен фокус на Националната развојна стратегија е отворање можности, но и создавање капацитети и отпорност на општеството за справување со зголемената несигурност и ризици во светски рамки, како и за справување со глобалните трендови како што се климатските промени и дигиталната трансформација“, рече премиерот Ковачевски на тематската седница на Владата посветена на првите 100 дена од работењето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 2 седмици

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ за договорот за вода во Гостивар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања