Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

parking

ВИДЕО: На кејот во Скопје секој прави што сака

Кејот 13 Ноември во Скопје никако да се ослободи од паркирани  автомобили.  Секојдневно низ кејот не само што се движат возила, туку секој слободен простор меѓу летните тераси на кафулињата е со паркирани автомобили.Освен што Град Скопје сѐ уште нема решение за овој проблем, на терен ја нема ниту полицијата да казнува, ниту пајак службата да ги подигнува непрописно паркираните возила. Се случува да излезат да интервенираат откако медиумите ќе напишат за состојбата на шеталиштето, но тоа трае само еден ден и потоа состојбата е по старо. 

Скопје | пред 5 години

Plostad-skopje

ВИДЕО: Весело на плоштадот во Скопје, се шета и без маски како да нема корона

Прославите и веселбите во Скопје веќе започнаа. Вечерва плоштадот на Главниот град е полн со граѓани, некои со заштитни маски а некои не. Музика предновогодишна се слуша од сите страни.Зачудува тоа што полиција не патролира и покрај најавите од МВР дека нема да се дозволи групирања и забави поради корона вирусот.

Скопје | пред 5 години

ALI-AHMETI-7

Али Ахмети стана почесен доктор на науки на тетовскиот универзитет

Тетовскиот универзитет му ја додели титулата почесен доктор на науки на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.Тој рече дека оваа титула му ја посветува на Абдилселам Емини по повод 26-годишнината од неговото жртвување за овој универзитет.– Јас денес не подготвив говор за досегашните случувања затоа што сметав дека е подобро да ги потсетам сите овие луѓе, што всушност сториле за образованието на албански јазик. Дами и господа, од овде се обврзувам пред вас, пред сите Албанци, дека ќе продолжам неуморно во воспоставувањето, унапредувањето на албанското образование, во зголемувањето на квалитетот на образованието на албански јазик, во зголемувањето на вредностите и инфраструктурата на универзитетите, во нивно опремување затоа што живееме во еден натпреварувачки век и денеска само со силна конкуренција можеме да чекориме напред – рече Ахмети.Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денешниот чин го оцени како правилна одлука. Груби исто така вели дека Ахмети целиот свој живот работел посветено на нацијата и еднаквоста, на демократијата и интеграцијата, на образованието и развојот, на правата и достоинството. 

Македонија | пред 5 години

17122020_MK_Stefkoska_100-dena-Vlada_2

Стефоска за 100 дена Влада: Тука сум да дадам максимум за доброто на сите во културата

Министерката за култура Ирена Стефоска ја почна прес-конференцијата со информацијата дека минатата недела, на 98-от ден од новиот мандат, Владата ги усвои заклучоците во врска со информацијата за спроведување на планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.Стефоска особено ја истакна важноста на заклучокот кој се однесува на градењето во Охрид, Струга и во Дебрца каде што нема да може ништо да се гради без да се земат предвид заштитно-конзерваторските услови. Како што рече Стефоска, со тоа ќе се запре процесот на упропастување на ова наше и светско природно и културно добро.Во отчетот за своите 100 дена како министерка, Стефоска порача дека ја прифатила оваа одговорна позиција за да даде максимум за доброто на сите во културата.Од активностите што се реализирани досега, Стефоска ги посочи: решавањето на проблемот со неисплатените плати на три илјади и шестотини вработени во културата, новиот концепт за Годишниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за следната година, и додаде дека како министерка останала доследна на законската обврска и на сопственото уверување дека членовите на стручните комисии мора да бидат докажани професионалци во својата област.Стефоска потсети дека, со голема внимателност и неопходна стручност, започнаа конзерваторско-реставраторските интервенции на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, како и дека е обезбеден рекорден буџет за заштита на културното наследство за следната година, а е отворена и нова буџетска програма за културно наследство во опасност. Таа најави дека во планот за работа на штотуку формираниот Национален совет за заштита на културното наследство, е разгледување на елаборатот за прогласување на скопскиот Аквадукт за културно наследство од исклучително значење.Стефоска информираше дека е поднесена иницијатива до Управата за заштита на културно наследство за да се преиспита статусот на „Порта Македонија“ како културно наследство.Таа информираше и дека следната година, заедно со УНЕСКО, ќе ја чествуваме стогодишнината од раѓањето на академикот, лингвист и поет Блаже Конески.Во изминатиов период, на иницијатива од Министерството, културата стана дел од официјалната агенда на Европската Унија за Западен Балкан.Од активностите што се во агендата на Министерството, Стефоска ги посочи: Законот за остварување на јавниот интерес во културата кој е во Собрание, подготовката на Закон за културно наследство, како и работата над измените и дополнувањата на Законот за авторското право.На новинарски прашања, министерката Стефоска одговори дека се одделени буџетски средства за санација, поточно за изградба на оштетеното училиште во Љубојно, како и тоа дека Споменикот на Преспанското советување од НОБ во Отешево ќе биде саниран до напролет. За приоритетите во заштитата, таа одговори дека има голем број културни добра од недвижното наследство на кои ќе се посвети внимание, како што е и Чарши џамијата од 15 век во Прилеп, а од нематеријалното, недвижно наследство, Стефоска ги спомна старите словенски ракописи кои се делумно конзервирани, а се наоѓаат во Заводот и музеј – Охрид. Министерката Стефоска одговори и на прашањата за Албанскиот театар во Скопје, истакнувајќи дека по долги години објектот доби технички прием и се планира наскоро да биде отворен за публиката.

Македонија | пред 5 години

korona5

31 починато лице и нови 657 случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2347 тестирања, а регистрирани се 657 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-323, Куманово-23, Штип-8, Прилеп-38, Тетово-19, Струга-15, Велес-22, Битола-36, Охрид-28, Кавадарци-25, Гостивар-17, Гевгелија-6, Струмица-13, Крива Паланка-6, Радовиш-10, Кочани-12, Пробиштип-4, Македонски Брод-4, Пехчево –1, Берово-7, Валандово-5, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-5, Ресен-5, Неготино-11.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 920 оздравени пациенти од: Скопје-349, Куманово-37, Дебар-8, Штип-29, Прилеп-70, Тетово-29, Струга-60, Велес-37, Битола-36, Охрид-28, Кавадарци-36, Гостивар-45, Гевгелија-5, Струмица-18, Крива Паланка-3, Радовиш-9, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Берово-9, Валандово-2, Виница-4, Делчево-24, Кратово-3, Свети Николе-10, Кичево-20, Ресен-9 и Неготино-14.Починати се 31 лице, десет пациенти од Скопје (93, 79, 73, 76, 69, 40, 84, 70, 61, и 88г), тројца од Куманово (57, 74 и 81г), еден од Дебар (81г), пет од Прилеп (55, 58, 78, 70 и 56г), двајца од Тетово (59 и 81г), еден пациент од Струга (75г), еден од Охрид (47г), еден од Кавадарци (51г), тројца од Гостивар (60, 75 и 68г), двајца од Струмица (72 и 83г), еден од Крушево (76г) и еден пациент од Делчево (65г). Од нив тројца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 76251, бројката на оздравени пациенти е 52413, на починати е 2225, а бројот на активни случаи изнесува 21613. Од вчера се евидентираат три контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 32962, активни 11527• Куманово 4374, активни 600• Дебар 575, активни 161• Штип 3119, активни 393• Прилеп 3812, активни 847• Тетово 4503, активни 999• Струга 1847, активни 419• Велес 2530, активни 637• Битола 2766, активни 826• Охрид 2136, активни 609• Кавадарци 1803, активни 612• Гостивар 3162, активни 739• Гевгелија 995, активни 303 (69 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 169 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2079, активни 586• Крива Паланка 542, активни 123• Радовиш 553, активни 133• Крушево 151, активни 69• Кочани 1477, активни 263• Пробиштип 420, активни 64• Демир Хисар 224, активни 44• Македонски Брод 206, активни 33• Пехчево 123, активни 18• Берово 463, активни 95• Валандово 261, активни 57• Виница 421, активни 103• Делчево 636, активни 287 (177 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 177, активни 25• Свети Николе 992, активни 172• Кичево 1481, активни 335• Ресен 579, активни 167• Неготино 882, активни 367 (141 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2347 теста се преку: ИЈЗ-357, ЦЈЗ Скопје-72, Авицена-237, Биотек-158, МАНУ -168, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Систина со PCR метода -195, лабораторија Лаор –41, Судска медицина-8, ЦЈЗ Битола-37, Инфективна клиника-6, ГАК-0, Синлаб-47, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-17, ЈЗУ (рапид тест) -819, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 373.738 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

tome-hristoski

Градоначалникот на Крушево: Немаше никакви „клоци“ и „шамари“, туку вербална расправија

Немаше никакви „клоци“ и „шамари“, туку вербална расправија, а ситуацијата градоначалникот ја пријави во полициската станица. Ова е реакцијата на крушевскиот градоначалник Томе Христоски и е соопштено преку службата за односи со јавноста на локалната самоуправа, за наводните објави дека градоначалникот физички нападнал активист и член на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево, објави Телма.– Одредени медиуми еднострано пренесуваат информации и одбиваат да ја слушнат и втората страна. Имено, партијата ВМРО-ДПМНЕ од Крушево синоќа објави дека, наводно, градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, физички нападнал граѓанин на општината, односно, како што пишуваат од партијата – член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево, соопштуваат преку службата за односи со јавноста од Општина Крушево.На ваквите наводи Христоски реагирал веднаш на својот профил на социјалните мрежи, негирајќи каква било физичка пресметка. Во неговиот статус на социјалните мрежи стои:-Почитувани сограѓани, како градоначалник и како крушевчанец нема да дозволам никој да им се заканува на граѓаните, ниту пак да прави конструкции и да изнесува лаги за политички профит. Помина времето кога врз основа на „силата” на партијата се заканувале, навредувале и тепале, дури и исценирале случаи во кои напаѓачот се преставувал жртва. Синоќа немаше никакви „клоци” и „шамари” како што очајно се обидува да се прикаже. Вечерва имаше вербална расправија во која цврсто застанав против заканите кон граѓаните од типот „ќе видите вие комуњари кога ќе дојдеме на власт” и други погрдни зборови и провокации. Случајот веднаш го пријавив в полиција поради лична, но и поради безбедноста на сите граѓани, стои во објавата на Христоски, соопштуваат од службата за одоси со јавноста на општина Крушево.Извор: Телма. 

Македонија | пред 5 години

IMG_8756

Биро за образование: Ниту еден наставник нема да остане без работа со новиот план велат од

Реформите не предвидуваат укинување научни дисциплини, туку нов пристап во наставата, наведе Бирото за развој на образованието, додавајќи дека со новиот наставен план ниту еден наставник нема да остане без работа.Бирото кое работеше на новата Концепција за основното образование, најавува дека предлог текстот на Концепцијата ќе биде дадена на јавна расправа и сите засегнати страни ќе може со свои предлози да учествуваат во подобрување на овој концепт. Имплементацијата е предвидено да отпочне од учебната 2021/22 година со учениците од прво и шесто одделение, по усогласување на концепцијата и наставните програми со сите релевантни чинители.По донесувањето на Концепцијата ќе следи изработка на наставни програми за сите одделни наставни предмети. Од Бирото наведуваат дека овој процес, како и до сега, ќе биде транспарентен и инклузивен, а во него ќе учествуваат универзитетски професори и наставници од практиката кои заедно со претставници од Бирото, ќе ги развиваат наставните програми.БРО истакнува дека предлог-наставниот план предвидува изучување на нови интегрирани наставни предмети, но тоа не значи укинување на одделните научни дисциплини – историја, географија, граѓанско образование. Напротив, тие ќе бидат изучувани преку нови пристапи што подразбираат интеграција и интердисциплинарно изучување прилагодено на возраста на учениците.„При изработката на новиот наставен план и застепеноста на задолжителните и изборните предмети осбено внимание е посветено на ангажираност на постоечкиот наставен кадар, искористување на капацитетите со коишто располга секое училиште и одговорно тврдиме дека ниеден наставник нема да остане без работа. Наставниците ќе бидат ангажирани за реализација на наставата, а особено за креирање на сопствена листа на изборни предмети и за изработување наставни програми од интерес на учениците, Исто така, ќе бидат ангажирани во реализација на општествено-хуманитарната работа со учениците и воннаставните активности“, наведуваат од Бирото за развој на образованието.Оттука нагласуваат дека иако фондот на часови е намален по одредени наставни предмети (музичко и ликовно образование), преку изборните предмети и воннаставните активности наставниицте кои ја изведуваат наставата ќе имаат дури и повеќе часови отколку што имале до сега. Според анализите на БРО ќе има и потреба од ангажирање на нови наставници. Целото ангажирање на наставниците ќе биде вреднувано, како преку нивниот кариерен развој, така и преку зголемениот обем на работа (доколку се ангажирани за реализација на различни активности во училиштето).За сите новини, наставни програми, други активности ќе бидат подготвени нови учебници, наставни материјали и прирачници. Бирото за развој на образованието ќе им овозможи на наставниците континуирана обука и поддршка за планирањето, организирањето и реализацијата на наставата и сите предвидени активности во училиштето.БРО ги повикува сите наставници да ја дадат поддршката на предвидените реформи.„Само преку нови, креативни пристапи ќе успеееме заедно да дадеме нов квалитет на основното образование и да овозможиме нашите ученици да бидат среќни и задоволни во училиштето. Ние, како институција ќе ги вложиме сите напори да успее предвидената реформа, но очекуваме, како и до сега, посветеност, доверба и соработка од наставниците. Образованието мора да биде заеднички интерес на сите во државата, без оглед на етничката, верската, политичката, родовата или која било припадност. Да се обидеме интересот на децата и нивното задоволство од учењето и престојот во училиште да не поврзе и да работтиме за доброто на сите ученици. Наставниците ја покажаа својата посветеност оваа година, кога во услови на здравствена криза, без многу време за посебни подготвоки, успеаа целата настава да ја водат од далечина, така што не се сомневаме во нивната успешност сега кога ќе ја добијат целосно поддршката од институциите за претстојната реформа. Институциите тоа го почитуваат, знаат да го вреднуваат и да работат на враќање на достоинството на наставничката професија“, наведе Биро за развој на образование.

Македонија | пред 5 години

zivkovski

Живковски: Веднаш министерството за транспорт и врски да ги одземе ингеренциите на Општина Кисела Вода во областа на урбанизмот, да се стави крај на дивеењето на Темелковски

Се наоѓаме во населбата Расадник. Зошто во населбата Расадник?Бидејќи ова место е симбол за неработењето и празните ветувања на градоначалникот Филип Темелковски. Имено непосредно во оваа близина согласно ветувањата предизборни на Темелковски требаше да биде изградена катна гаража со цел да се реши проблемот со паркирањето на жителите на населбата Расадник.Непосредно од оваа локација требаше да биде поставена и мерна станица со која што граѓаните ќе имаат увид во загадувањето на воздухот од околните загадувачи, истакна Иван Живковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода.Живковски додаде:Во непосредна близина требаше да поминува и ветената гасификација, од која што за жал се уште нема ништо.Меѓутоа тоа не е се од градоначалникот Темелковски.Ова позади мене е Расадникот во Кисела Вода, единствената зелена површина која што е останата во нашата општина. Меѓутоа за жал како што може да видите целата е опколена со ѓубре и со смет, а градоначалникот наместо од нејзе да претвори еден урбан парк во кој што граѓаните ќе можат да се рекреираат истиот предвидува изградба на повеќе од 120 згради. Меѓутоа и тоа не е се од градоначалникот Темелковски. Во изминатиот период на повеќе локации во општина Кисела Вода почнаа да се градат згради за кои што нема издадено никакво одобрение за градење. Урбаниот хаос продолжува да владее и да царува во Кисела Вода. Затоа итно и неодложно го повикуваме министерството за транспорт и врски да ги одземе ингеренциите на Општина Кисела Вода во областа на урбанизмот. И на тој начин да спречи натамошно дивеење и уништување на целата општина Кисела Вода. Затоа бараме од надлежниот министер веднаш да пристапи кон ова наше барање и да помогне на граѓаните на Општина Кисела Вода.Во спротивно ние како ВМРО-ДПМНЕ продолжуваме со нашите активности и во наредниот период ќе ги радикализираме нашите барања се со цел да излеземе во пресрет на граѓаните на Општина Кисела Вода, истакна Живковски.

Скопје | пред 5 години

korona-4

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 780 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 780 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 49 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 91 во ковид центарот во Гостивар 58, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 13 во Кичево 11, Кавадарци 54, во Гевгелија 16 лица, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1275 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

kumanovo-semejstvo5

СДК.МК: Почна да пристигнува помошта -болните сопружници добија храна и мебел

Почна да пристигнува помошта за семејството Димковиќ во кумановското планинско село Алгуња, маалото Татариновац, кое живее во исклучително тешки услови во распадната куќа и без основни средства за егзистенција. Храна, облека, постелнина, мебел, донираа во изминатите неколку дена граѓани и хуманитарни организации, со цел да помогнат сопружниците да се спасат од големата сиромаштија. Презадоволни и среќни од она што им се случува Радован (64) и Борјанка (67), велат дека не можат да поверуваат дека има толку добри луѓе кои дошле во нивното село само за да им донесат помош, објави СДК.МК.Помошта почна да пристигнува веднаш откако викендот САКАМДАКАЖАМ.МК ја објави приказната за тешките услови во кои живее семејството Димковиќ.Својата хуманост на дело како многупати досега и овојпат меѓу првите ја покажа хуманитарната организација „Свети Спас“ од Скопје, за неколку дена двапати однесе помош на семејството.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК

Македонија | пред 5 години

kafic

Од утре на сила новите рестриктивни мерки кои ги усвои Владата, Рестораните ќе работат до 18 часот, забранети се собири по плоштадите и работните организации

Од утре стапува на сила новиот пакет на рестриктивни мерки кои ги усвои Владата на предлог наКомисијата за заразни болести.Новиот пакет мерки кој ќе важи до 21 јануари, има за цел да избегне зголемување на бројот на заболени од ковид 19 во престојниот период на празници.Со новите мерки е предвидена реорганизација на работното време на угостителите и тие од утре ќе затвараат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше до сега. На сила останува забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка.Забрането е групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година како и секаков вид на собири во периодот на празниците, а хотелите ќе треба да ги затворат своите ресторани по 21 часот. Забрана за собири на отворено и ограничен број постетители во затворен простор со задолжително носење на маски ќе важи и за празнување на верските празници кои следат.- Апелираме и препорачуваме да нема домашни собири за празниците. Да празнуваме одговорно заради сите нас - порача министерот д-р Венко Филипче.

Македонија | пред 5 години

misajlovski

Мисајловски: Неприфатлив е законот за државјанство и предлогот тоа да се добие со тројца сведоци, ако ова остане ќе поднесеме огромен број на амандмани и ќе блокираме

На последната седница помина и законот за државјанство и добро е што и некои од вашата коалиција на СДСМ не се согласуваат со овој закон. И тоа е добро знаете затоа што тројца сведоци било од каде можат да кажат за некој и тој да си земе македонско државјанство. Се менува редот и поредокот, затоа ова не е добар закон и затоа граѓаните треба да знаат дека овој закон не е поминат. Тој закон мора суштински да се промени. И ние ќе дадеме многу амандмани и се надевам заедно ќе го смениме текстот, рече Владо Мисајловски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ говорејќи на денешната собраниска седница.Тој укажа дека брзите постапки за носење закони прават голема штета на сите.„Знаете што ќе се случува многу луѓе од многу различни краеви ќе си добиваат државјанство. Се ќе се смени, цел поредок. Со тие ваши брзи постапки се прават многу грешки. Се надевам ќе добиеме поддршка и се надевам на поддршка затоа што ќе имаме фантомски партии, фантомски партии, фантомски гласачи. И не спорам дека некои треба да добијат државјанство, но треба да има основана и јасна процедура“, рече Мисајловски.Мисајловски се осврна и на предлог буџетот за 2021 година и укажа дека јавниот долг е 6,57 милијарди евра.„Висок јавен долг, а нема средства за младите доктори, за нови амбуланти, за образование...за ништо. А да, има само пари за партиски вработувања“, рече Мисајловски.Пратеникот укажа дека е неосновано тоа што го предлага владата со продажба на државни форми и земјоделско земјиште.„Ако така мислите да го полните, вие сте ја утнале стратегијата. Најлесно е да се продадат и да се продава, но така не се полни буџет. Нема средства за капитални инвестиции, нема пари за општините. Имате ли воопшто проекти, еве кажете со кој ќе стартувате, па вие немате никаков проект, немате работници на терен, така не може. Додека имаше вонредна ситуација не се изгради ниту една болница, не се направи ништо. Вас ви е во најава клиничкиот центар, но дали ќе биде така ќе видиме. Јас сум за нов клинички центар, но вие немате проектна документација, вие немате ништо. Има средства за вработувања и што ќе правите, доаѓаат локални избори и ќе треба да се вработуваат многу луѓе, не се прави тоа така. До кога вака е прашањето? Мора да има капитални проекти за да се наполни буџет, а не со продажба на фирми и земјоделско земјиште“, рече Мисајловски.

Македонија | пред 5 години

vasilevska

Василевска: Историјата е наука и не смее да биде производ на одроднички и сервилни политики на Заев

Бришењето на историјата како училишен предмет се води во исто време со квислиншките политики на оваа владејачка гарнитура. Отстапките и сервилноста на Зоран Заев пред барањата на нашиот источен сосед за бришење на македонскиот јазик, бришење на македонската посебност и културниот историски континуитет, се продлабочуваат со информациите кои пристигаат дека Зоран Заев подготвува замена на членовите на комисијата за историски прашања, со цел поставување негови политички поддржувачи кои што ќе прифатат политичко наместо научно решение. Со други зборови, Заев според информациите се подготвува да ги смени историчарите и да постави политички полтрони заради неговата цел - завршување на проектот воден со предавнички политики!Тргањето на историјата од основното образование, се случува истовремено кога сиот народ прашува што содржи понудата напишана од Заев до Софија? Заев ја крие содржината на нонпејперот, која што не би можела да биде подалеку од содржината на скандалозното интервју дадено за бугарски медиум, истакна на денешната прес конференција Иванка Василевска од ВМРО ДПМНЕ.Василевска додаде:Пред вас е обид за бришење на историскиот континуитет на Македонија и на македонскиот народ, обид за бришење на темелот и вековниот државотворен стремеж за Македонија. Пред вас е обид за бришење на научните факти за македонската посебност и обид со предавнички политички зафати да се прифати дека Македонија и Македонците се вештачка творба.Историјата ги содржи сите одговори за она што е содржано во битот на еден народ и едно современо општество и во која насока истото треба да се развива. Историјата го определува идентитетот на еден народ. Бришењето и менувањето на историските факти заради дневно политичките потреби на Зоран Заев, воедно со се тргањето на предметот Историја како засебен училишен предмет е проект кој што не смее да помине!Повторувам и апелирам дека бришењето на предметот историја од основното образование доаѓа во моменти кога Заев ретушира историја и преговара за идентитетот.Историјата е наука и таа не смее да биде производ на одроднички и сервилни политики. Уште еднаш повикуваме на разум и на повлекување на концептот кој што содржи ретуширање на историјата, како личен производ на предавничките политики на Зоран Заев. Повикуваме на отфрлање на ваквиот тенденциозен концепт за образование и апелираме отворање на широка и детална јавна дебата за да не се случи македонската историја да биде одземена од македонската иднина, истакна Василевска.

Македонија | пред 5 години

saso-tockov

Точков: Функцијата Директор за мене беше голем предизвик на кој максимално и без резерви се вложив, јас останувам она што бев, со сите мои особини, вредности и мани

По низата коментари деновиве по социјалните мрежи и медиумите, за случувањата во центарот за јавно здравје - Охрид со свој личен коментар се јави и Сашо Точков кој пред неколку денови го водеше центарот за јавно здравје во Охрид, по што беше разрешен.Во продолжение ви го пренесуваме ставот на Точков во целост:Почитувани мои сограѓани, драги пријатели,После сите овие неколку дневни случувања и ваши реакции предизвикани од моето разрешување од функцијата Директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид, чувствувам потреба да изразам голема и искрена благодарност за поддршката која ми ја давате и воедно да ви се извинам што дел од вас, заради вашите реакции, се изложени на јавни понижувања и навреди.Моето воспитување и достоинство не ми дозволува да се спуштам на нивото наметнато од поединци и да ги коментирам фабрикуваните и пласирани невистини и измислици чија цел е манипулација со јавното мислење и уништување на здравиот разум, човечноста, правилното расудување, ентузијазмот, вербата во вистинските вредности, прогресивните идеи и се она за кое макотрпно се бориме сите, како разумни, одговорни и чесни луѓе. За мене искажувањето лаги и навреди на сметка на мојата личност и работен ангажман, кое доаѓа од поединци затскриени зад некој портал, не ме загрижува. Напротив, тоа е главниот мотиватор, индикатор и потврда дека сум на вистинскиот пат и го правам најдоброро за овој град и за заедницата. Пофалби и поддршка од такви сомнителни личности/портали многу повеќе би ме загрижила и замислила, каде и што сум погрешил?!Функцијата Директор на Центар за јавно здравје Охрид за мене беше голем предизвик на кој максимално и без резерви се вложив за заедно со вработените да го подигнеме квалитетот и достапноста на здравствените услуги што ги нуди Центарот за јавно здравје Охрид. Искрената посветеност, макотрпната работа, високата креативност и професионалност на сите вработени придонесоа Центар за јавно здравје Охрид денес да биде препознатлив како реномирана установа. Благодарам на сите вработени за несебичното и искрено залагање, многу често и надвор од работното време и на сите корисници на нашите услуги кои изразиле пофалби и поддршка на нашите активности.Навистина е болно кога чувствувате неправда, но оваа болка предизвикана од неправда, лицемерие, завист и омраза, кога е споделена со вашата поддршка со сите вас кои ги препознавате, негувате и почитувате вистинските вредности, ја губи силината. Неправдата ми предизвикува огромен порив и желба за правда, но без користење на освета, уцени, омраза и навреди. Затоа, бидете сигурни дека јас останувам она што бев, со сите мои особини, вредности и мани и натаму посветен на мојот професионален ангажман во Центар за јавно здравје Охрид, волонтерскиот ангажман во Црвен крст Охрид и како и досега, со полна сила, воља и желба да бидам достапен во секое време за потребите на луѓето, од моето поле на делување, но и заедно со сите добронамерни и чесни луѓе да се борам за вистината и правдата, кои, верувајте дека се достапни.Останете достоинствени, во добро здравје и чувајте се од коронавирусот, но и од дезинформации, лаги и злобни луѓе.Сашо Точков

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica

СДСМ не ги поддржува измените на Законот за државјанство

Владејачкиот СДСМ не ги поддржува измените на Законот за државјанство во предложената форма. Партијата има забелешки за кои најави дека ќе разговара со пратеничките групи и ќе поднесе амандмани.Измените беа поднесени од пратеници на Алијасна и Алтернатива.„За измените на текстот на Законот, ќе разговараме со предлагачот и со другите пратенички групи и тие измени ќе ги направиме по пат на амандмани, а целта ќе биде обезбедување поширок консензус за да се дојде до соодветно решение. Измените на текстот на Законот за државјанство влегуваат во скратена процедура во Собранието бидејќи се работи за долгогодишен проблем за државата“, наведува СДСМ.Од партијата нагласуваат дека корекциите кои што ќе ги побараат ќе бидат во насока на почитување на меѓународните стандарди за решавање на вакви проблеми. Децидни се дека решението треба да биде системско и одржливо за да не дојдеме во ситуација со решавање на ова прашање да отвораме други прашања.извор: Макфакс 

Македонија | пред 5 години

Sednica-na-Sovet-2

Советот на Скопје ќе гласа за паметно јавно осветлување и платформа за паметен град

Развојниот план за изградба и одржување на паметно јавно осветлување на улици во надлежност на Град Скопје и платформа за паметен град на подрачјето на Град Скопје за период (2021-2023) година е една од главните точки за која ќе расправа Советот на Град Скопје на денешната 60-та седница. Со овој развоен план се утврдува дека Градот има потреба за имплементирање на систем за паметно осветлување и платформа за дигитален град (Digital City), базирана на најсовремена технологија, интернет на нештата (Internet of Things/IoT), која ќе овозможи поврзување на разновидните уреди и компоненти на платформата преку интернет, заради собирање на информации за точно разбирање на настаните во реално време, анализа на истите и преземање на соодветна акција.Имплементацијата на системот за паметно осветлување предвидува набавка и инсталацијата на околу 10.000 нови ЛЕД светилки на сообракајниците, проштадите и јавните површини во надлежност на Градот, а со тоа значително ќе го модернизира постоечкиот систем и ќе ја унапреди енергетската ефикасност на Градот Скопје. Согласно иницијалните анализи, замената на постоечките натриумови и живини светилки со ЛЕД светилки како извори на енергетски ефикасно осветлување и дополнително користење на опцијата за нивна паметна регулација (димирање) на светлосниот интензитет, носи потенцијал за заштеди на потрошувачката на енергија за јавното осветлување, од околу 70% во однос на постоечкиот систем.Покрај паметното осветлување, предвидено е изработка на платформа за дигитален град, подразбира изработка и интеграција на модули за систем за паметно осветлување, систем за паметно паркирање, систем за мониторинг на квалитетот на воздухот, систем за јавно мислење и задоволство на граѓаните, систем за паметно мерење на потрошувачка на вода, како и Градски портал за IoT.На денешната седница Советниците ќе расправаат и за поголем број на програми за работа на Градот Скопје, каде ќе одлучуваат за Програмата за одржување на јавната чистота на подрачјето на Град Скопје за 2021 година; Програмата за украсување на градот Скопје со знамиња по повод државни празници и други прилики, во 2021 година; Програмата за спроведување на дезинсекција на подрачјето на градот Скопје во 2021 година; Програмата за изработување на урбанистички планови на Град Скопје за 2021 година; Програмата за активностите на Градот Скопје од областа на средното oбрaзoвaниe во 2021 година; Програмата за за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје, за 2021 година; Програмата за активностите на Град Скопје од областа на социјална, детска и здравствена заштита, во 2021 година; Програмата за управување со отпад на подрачјето на Град Скопје за 2021, како и за Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на подрачјето на Град Скопје, за 2021 година.Советниците на денешната седница ќе одлучуваат и за субвенции за јавните претпријатија, како и за Одлуката за доделување награда за постигнати резултати на Европското првенство во бокс за млади, со која е предвидено доделување на награда од 100.000 денари на Ардијан Аземи, за постигнатиот успех, освоен бронзен медал на Европското првенство во бокс за млади во Будва - Црна Гора, во тешка категорија од 91 килограм.

Скопје | пред 5 години

tome-hristovski

Градоначалникот од Крушево нападнал дете и му порачал: Фамилијата ќе ти ја сотрам!

ВМРО-ДПМНЕ ОК Крушево вчера преку статус на Фејсбук објави дека градоначалникот на нивниот град Томе Христоски нападнал дете член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.-Почитувани сограѓани, денес е нападнат млад активист од Унијата на млади. Нападот, кој е и физички и вербален, е од страна на градоначалникот на Крушево. Имено, таткото на градот, неможејќи да ги поднесува вмровците, почна да ги напаѓа јавно, среде чаршија. Нападнатиот Валентино Деспотоски, пазарејќи си в чаршија, наишол на непожелниот човек- Томе. Томе Христоски, навредувајќи го Валентино со зборовите „селанец, ропак, сега си Крушево“, го фатил за врат и му удрил шамар и клоца, заканувајќи му се дека цела фамилија ќе му ја сотри!Настанот е пријавен во полиција, но довербата во институциите е изгубена. Згрозени сме од овој чин и јавно прашуваме дали градоначалникот на Крушево ќе ги сотрува сите вмровски фамилии? Очекуваме да бидат преземени сите соодветни мерки, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Македонија | пред 5 години

spasovski-1

Спасовски: Издавањето викендички на групи луѓе е кривично дело, полицијата ќе врши увид и ќе казнува

„Со моето враќање на чело на Министерството за внатрешни работи се обврзав да продолжам онаму каде што застанавме - во посветена изградба на силна институција, која ќе го гарантира редот, безбедноста и владеењето на законите, како и на етаблирање на полицијата како гарант за заштита на законитоста, како квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција посветена на 100 дена Влада.Борбата за спречување на ширење на пандемијата со коронавирусот КОВИД-19 ја истакна како приоритет, а кризата како дополнителен мотив за работење со полна пареа и водење на државата кон излез со што помалку последици.„Започнавме со ревносно спроведување на протоколите за заштита од коронавирусот, што резултираше со 70% повеќе санкции за само 3 месеца, за разлика од претходниот период. Или, вкупно околу 60 илјади преземени мерки, што придонесе за нивно подоследно почитување од страна на граѓаните. Како резултат на тоа, кон крајот на трите месеци за 50% се намали и бројката на санкционирани за неносење заштитини маски. Во насока на надминување на последиците и предизвиците од коронавирусот, во изминатиот период МВР поднесе и над 250 кривични пријави за непочитување на изолација и самоизолација и изврши околу 37.000 контроли во угостителски и други објекти“, посочи тој во своето излагање, додавајќи дека посветеноста за создавање безбедни средини за граѓаните МВР ја преслика и во сообраќајот.Ако во првите седум месеци бројот на сообраќајни контроли беше помал за 73% , а бројот на преземени мерки за 69,4% одошто во истиот период минатата година, со засилените акциски контроли во последниов период, ноември беше завршен со намален број на сообраќајни незгоди за 21%, бројот на незгоди со тешки телесни повреди се намали за 47%, а бројот на жртви за 36%, за разлика од ноември 2019. Или, во периодот септември-ноември беа констатирани и законски санкционирани вкупно 26.530 прекршители, што е за 415,18% повеќе од периодот јануари-јули 2020 (5.150 прекршители).„Но, безбедноста на граѓаните бараше и започнување на бескомпромисна борба со криминалот. Од средината на септември воспоставивме оперативна акција, со насочени активности на целото подрачје на државата за сузбивање на недозволената трговија со дрога. Тоа вроди со плод, па во периодот септември - ноември 2020, месечниот просек на откривачката функција го зголемивме за 48%. Запленивме над 400 килограми разновидна наркотична дрога, како и 4.544 таблети и 3,5 килограми синтетичка дрога, откривме 233 кривични дела, а мерки на кривичен прогон се преземени против 276 сторители“, истакна министерот Спасовски.Тој потсети дека во споменатиот период беа сузбиени и две организирани криминални групи, инволвирани во недозволена трговија со кокаин и марихуана, во кои дејствувале 12 членови, спречени се три меѓународни транспорти на дрога, при што беа запленети над 50 килограми марихуана и околу 100 килограми хашиш, а откриени се и три лаборатории за одгледување на растенија канабис и производство на хашиш масло.„И, како што можете да следите, продолжуваме со несмален интензитет. Само ефикасна и силна полиција, која работи со полн капацитет и легитимитет, испорачува резултати во активностите за справување со криминалот. Особено важни се резултатите постигнати во борбата против недозволената трговија со оружје, при што значајно е зголемен бројот на реализации и заплени на оружје и муниција, и во однос на истиот период од минатата година, но и во однос на периодот од јануари до јули 2020. Во тој период, бројот на откриени кривични дела беше намален за 36%, а намалени беа и количините на запленети парчиња оружје, во споредба со истиот период лани“, предочи министерот за внатрешни работи.Така, за изминатите 100 дена откриени се вкупно 48 кривични дела, за што кривично се пријавени 51 сторител. Притоа, запленети се 84 парчиња огнено оружје, над 4.000 парчиња муниција и над 14.000 петарди, односно за 20% е зголемена заплената на оружје, 88% на муниција и 816% на пиротехнички средства. Спасовски потсети дека интензивно се работеше и во делот на спречување на илегалната миграција и сузбивањето на криумчарење мигранти и трговија со луѓе.„Ефикасноста на овие мерки особено е изразена кон крајот на септември, кога на неделно ниво евидентно се намали бројот на транзитирање мигранти во Република Северна Македонија, а во текот на ноември нивниот број е двојно намален. Акцијата, во која е извршена проверка и е утврден идентитетот на 22.437 лица, извршен преглед на 26.780 возила и спроведени 14.891 останати активности, резултираше со вкупно откриени 10.014 мигранти“, рече министерот Спасовски, додавајќи дека опаѓачки тренд бележи и делувањето на криминалните групи поврзани со криумчарење на мигранти, а за само 100 дена кривично се пријавени 47 сторители за 18 кривични дела.Притоа, од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе детектирани и сузбиени се две криминални групи составени од 18 членови, кои во период од десет месеци нелегално пренеле околу 250 мигранти со потекло од Блискиот Исток од Р. Грција на територијата на Северна Македонија. На подрачјето на сериозниот криминал, пак, Спасовски го посочи сузбивањето на терористичка група – ќелија на терористичката организација ИСИС, која делувала на територијата на Република Северна Македонија, но и разбивање на организираната група од Виница, која незаконски продавала лажни ковид тестови.„Кон зголемување на безбедноста на сите наши граѓани, како наш врвен приоритет, продолживме и преку интензивните активности за приведување на криминалци барани по меѓународна и централна потерница. Притоа, за само 3 месеци, 209 лица се лишени од слобода и спроведени во затворите за отслужување или доотслужување на затворската казна. Ова е уште еден показател дека со чесна, одговорна и транспарентна работа можеме конинуирано да ја продлабочуваме веќе зголемената доверба на граѓаните во полицијата“, истакна министерот Спасовски.Тој укажа дека со враќањето на челната позиција на МВР, продолжи со реализација на заложбата за севкупно подобрување на професионалните услови за работа на полициските службеници, преку продолжување на проектот за реконструкција и изградба на полициските станици.„Ова се рефлектираше во комплетно завршени градежни активности на објектите на Аеродромската база Петровец и Полициското одделение Жеровјане, а во тек е реконструкција на ОВР Кавадарци, ОВР Гевгелија, Регионален центар Југ и Полициска станица Бит Пазар, како и изградбата на Центарот за санирање од катастрофи во Прилеп и на новите современи форензички лаборатории. Впрочем, во таа насока говори и процентот на реализација на капиталните расходи, кој само во 100-те дена изнесува 33,16%“, посочи Спасовски, напоменувајќи дека продолжи и реализацијата на набавките на обувки, униформи и посебна опрема за полициските службеници, како и дека се обезбедени средства за исплата на бонус плата на вработени во МВР за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2020, како и средства за бонус плата за 2017 и 2018 година.„Одговорно тврдам дека во наредниот период со уште поголема енергија ќе се посветиме на градење на европски стандарди во полицијата, согласно владините стремежи Европа да ја донесеме дома. Тука би сакал да се заблагодарам и на граѓаните за дадената доверба за заедничко спроведување на нашите приоритети, како и на медиумите, за воспоставениот партнерски однос кој секојдневно го јакнеме. Затоа, со право верувам дека во наредниот период, продолжувајќи со силна мотивираност да ги градиме севкупните капацитети на оваа наша институција, можеме да претендираме на уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Северна Македонија“, порача министерот Спасовски.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: По 30 илјади денари за 7600 вработени во здравствените установи кои работат со ковид пациенти

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, при денешната посета на Клиничката болница во Штип, во изјава за медиумите информираше дека 7.600 вработени во јавното здравство кои работат со ковид пациенти ќе добијат еднократна награда од 30 илјади денари.„Инвестираме во инфраструктура, медицинска опрема, во здравствените работници со зголемувањето на платите. По имплементирањето на таа политика, сега за новогодишните празници сите вработени во јавно-здравствените установи кои работат со ковид пациенти, а тоа се лекари, медицински сестри, помошно-технички персонал, болничарите, транспортерите, техничките лица кои работат во тие одделенија каде се лекуваат пациенти со ковид-19, ќе добијат еднократна награда. Станува збор за 7.600 вработени во јавното здравство кои ќе добијат по 30 илјади денари“, потенцираше Филипче.

Македонија | пред 5 години

filipce-1

Филипче: Се поставува модуларната болница во Штип, одлично оди динамиката со поставувањето на модуларните болници насекаде низ државата

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово беше во посета на Клиничката болница во Штип, каде почна да се поставува монтажната болница за третман на пациенти со ковид-19.„Одлично оди динамиката со поставувањето на модуларните болници насекаде низ државата, онаму кадешто дефиниравме дека е приоритет. Штип е еден од градовите заедно со Гевгелија, Кичево, Струга. Понатаму, следуваат Струмица и Куманово. Ова е еден модел кој го правиме со помош на Светската банка, која уште на почетокот на кризата излезе во пресрет и со значајна финансиска поддршка ни помогна да го реализираме проектот. За жал, на почетокот на кризата, за време на техничката влада се соочивме со една неразумна блокада од опозицијата која успеа да го одложи проектот, но секако не и да го спречи. Ова е нешто што како проект ќе даде значајно полесен пристап на пациентите кои се заболени од ковид-19 и повисок степен на квалитет на лекување, проект којшто го спроведуваме на територија на целата држава“, потенцираше Филипче.Модуларните болници се опремени со соодветна дијагностичка опрема, лабораторија, мобилни дигитални рентген апарати, ЕХО апарати. Инфективните одделенија насекаде во развиените земји, во развиените болници се физички одделени од останатиот болнички капацитет се со цел останатите други оддели да останат целосно чисти.„Со поставувањето на оваа модуларна болница во Штип, се добива уште една предност, а тоа е веќе потпишаниот договор за целосно реновирање на сегашното инфективно одделение, благодарение на проектот на Европската Унија за меѓугранична соработка. Овој проект го одложивме затоа што сега таму се сместени голем број пациенти и практично ќе продолжи да се спроведува кога пациентите ќе се префрлат во оваа модуларна болница, што очекуваме да се случи некаде на крајот на месец јануари. Со една одредена динамика веќе продолжува да се прави фасадата, скоро е целосно завршена, а интензивно работиме на начинот да се забрзаат активностите“, рече министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

lisici

Приведен сопственик на угостителски објект во Тетово поради непочитување на Ковид мерките

На 16.12.2020 околу 21.45 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.И.(33) од Тетово затоа што неговиот угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово работел со гости по дозволеното време и не ги почитувал мерките за справување со коронавирусот. Ф.И. бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Македонија | пред 5 години

korona-2

ИЈЗ за периодот 7-13 декември 2020: Намалување на бројот на новозаразени и починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 7 до 13 декември 2020г. тестирани се вкупно 15.857 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, намалување од 9,2% во однос на минатата недела. Во истиот период регистрирани сe 5.518 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува намалување од 14,6% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.296; 41,6%), со неделна инциденца – 371,7/100.000.Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на SARS-CoV-2 изнесува 34,8%, намалување од 2% во однос на минатата недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=1.503, 27,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (n=1.042; 18,9%), 50-59  (n=1.040; 18,8%), 40-49 (n=1.030; 18,7%) и 20-29 (n=648; 11,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=73; 1,3%) и 10-19 години (n=182; 3,3%).По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, регистрирани се 5.313 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 0.2% повеќе во споредба со минатата недела.Пријавени се 174 смртни случаи, со намалување од 5,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 142 лица биле над 60 години, 24 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по два случаи од возрасните групи од 20-29 и 30-39 години.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 7 до 13.12.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/

Македонија | пред 5 години

zatvor

Хелсиншки комитет реагира на назначувањето нови директори во затворите

Владата на седница одржана на 15 декември го разреши в.д. директорот на Казнено-поправната установа Скопје, Есад Рахиќ, а за нов директор го назначи Филип Андов, советник на премиерот Заев, кој претходно работел како менаџер на локални барови. Во изминатиот период беше разрешен и директорот на Воспитно – поправниот дом „Волковија“ на негово барање, а за нов директор беше назначен Даниел Антовски, кој претходно работел како наставник.Директорот на установата и неговиот заменик ги именува и разрешува Владата на предлог на директорот на Управата. Потребните услови кои треба да ги исполнува едно лице за да биде назначено за директор или заменик-директор на казнено-поправна установа се таксативно набројани во Законот за извршување на санкциите, а како еден од дополнителните услови е лицето да има најмалку седум години работно искуство, од кои четири години во областа на извршувањето на санкциите или сродни работи.„Истражувачката репортерска лабараторија Македонија информира дека Филип Андов, кој е назначен за нов директор на КПУ Скопје, претходно бил советник на премиерот Заев за креирање политики кои се од посебен интерес на граѓаните на Град Скопје, додека паралелно тој професионално работел и како стопанственик во бизнис-секторот.Оттука, се отвора прашањето дали компетенциите на новоизбраните директори одговараат на висината на задачата, а тоа е раководење со една од најголемите казнено-поправни установи и со единствената воспитно-поправна установа во државата. Лицата кои раководат со овие установи мора да имаат претходно искуство во областа на извршувањето на санкциите. Тие мора добро да ја разбираат проблематиката за да ја застапуваат установата, да се грижат за унапредување на правата на притворените и осудените лица, да одлучуваат за нивните погодности и обврски, за нивниот третман и работен ангажман со цел ресоцијализација и нивна понатамошна социјална интеграција во општествениот живот“, се вели во соопштението на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници.Во последниот период е нотиран некаков напредок во поглед на подобрување на условите и состојбите во казнено-поправните установи во Република Северна Македонија. Така, реконструирана беше најголемата казнено-поправна установа во државата – Идризово во чии нови нови објекти беа трансферирани голем број осудени лица. Заврши и реконструкцијата на КПУ Битола, со комплетно опремување на просториите во кои престојуваат осудените лица, а беше отворен и новиот објект на Воспитно-поправниот дом во општина Волковија. Покрај ова, не смее да се занемари фактот дека во некои установи сè уште постојат системски проблеми, кои се провлекуваат во оваа област подолг период. Пенитенцијарниот систем сè уште се соочува со големи тешкотии и предизвици, особено во поглед на материјалните услови, здравството, образованието и ресоцијализацијата на осудените лица.„Години наназад апелираме на потребата да бидат назначени луѓе на раководните позиции во казнено- поправните установи кои не само што имаат експертиза и искуство во затворскиот систем туку се и сензибилизирани за потребата од унапредување и заштита на основните човекови права на осудените и притворените лица. Поставувањето несоодветни кадри е сосема спротивно на ваквите заложби и може да доведе до уназадување, наместо до унапредување на пенитенцијарниот систем во земјава“, се додава во соопштението.

Македонија | пред 5 години

grcija-korona-2

Од ковид-19 почина 40-годишна медицинска сестра од Геронтолошкиот завод во Скопје

Од последици на COVID-19 почина 40-годишната медицинска сестра Ирена Дојчиновска Милошевска од Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ во Скопје.Таа е најмладата медицинска сестра, жртва на коронавирусот, соопшти Унијатата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС), предводена од Здружението „За нас“.Од Унијата посочуваат дека Дојчиновска Милошевска беше голем борец и хуманитарец во и вон своите работни обврски.– Вирусот е навистина безмилосен и не постојат рамки на возраст во кој тој напаѓа. Ова не е првата жртва медицинска сестра, меѓутоа е најмладата. Медицинските сестри секојдневно го ризикуваат својот живот и животот на своите најблиски за пациентите. Ве молиме придржувајте се до мерките и помогнете на здравствениот систем кој одамна се бори вон своите можности. Унијата на ЗМСТАС сестра Ирена ќе ја памети како некој кој несебично се даваше во сите активности поврзани во нашата борба за сестринските права, ќе ја паметиме како голем човекољубец, лојален соработник и голем пријател. Изразуваме сочувство до семејството и најблиските, истакнуваат од извршниот одбор на Унијата и додаваат дека нејзиниот погреб ќе биде утре, на денот на нејзиниот роденден.

Македонија | пред 5 години

Sednica-na-Sovet-2

Град Скопје го проектираше буџетот за 2021- та: Намалување на средствата поради светската пандемија од КОВИД-19

На денешната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува Предлог – буџетот на Град Скопје за 2021 година. Во услови на значајно влошување на меѓународното економско окружување и голема економска криза, резултат на здравствената пандемија, Буџетот на Град Скопје за 2021 година е подготвен применувајќи ги начелата на економичност, рационалност, фискална одговорност, отчетност и транспарентност, во насока да се обезбеди извршување на сите законски надлежности на Градот Скопје, со подобро буџетското планирање и извршување. Планирањето на средствата преку дефинираните програми допринесува за поголема транспарентност на планираните и извршените расходи како и нивно рационално користење. Согласно со направените проценки и анализи, со Предлог-буџетот на Град Скопје за 2021 година се предлага износ од 7,2 милијарди денари вкупни приходи и други приливи.Во предлогот се планира и дел од вишокот на приходи остварен во минатигодини, во износ од 477.000.000 денари.Споредено со 2020 година, предложениот буџет на Град Скопје за 2021 година, се намалува за 8,5%.Планираните приходи и други приливи во Предлог – буџетот на Град Скопје за 2021 година, по категории се прикажани во табелата подолу, како и поединечното учество на секоја категорија на приходи и други приливи во вкупниот буџет.       Табела 1: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ  2021 година – ПРИХОДИ ПО КАТЕГОРИИ ВКУПЕН БУЏЕТПРИХОДИ     2020 годинаПРИХОДИ     2021 година% на учество2021/ 2020ВКУПНО7.870.317.0007.199.000.00010091,5Даночни приходи (даноци на имот, комунални такси, надоместок за уредување и др.2.394.000.0002.666.000.00030,4111,4Неданочни приходи (административни такси, приходи од закупнина)592.862.000564.248.0007,595,2Капитални приходи (продажба и закуп на градежно земјиште и продажба на деловен простор)513.000.000743.000.0006,5144,8Приходи од дотации1.803.672.0001.871.991.00022,9103,8Трансфери409.000.000304.000.0005,274,3Вишок на приходи од минати години1.310.783.000477.000.00016,736,4Приходи од донации142.000.000152.761.0001,8107,6Домашно задолжување705.000.000420.000.000959,6  Планираните расходи и други одливи во Предлог – Буџетот на Град Скопје за 2021 година, по категории на расходи е прикажано во табела 2, како што следи:  Табела 2: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ  2021 година – РАСХОДИ ПО КАТЕГОРИИ ВКУПЕН БУЏЕТРАСХОДИ     2020 годинаРАСХОДИ     2021 година%на учество2021/ 2020ВКУПНО7.870.317.0007.199.000.000100,091,5ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ5.351.662.0004.813.515.0006889,9плати и надоместоци1.545.107.0001.600.418.00019,6103,6резерви и недефинирани расходи16.000.00012.000.0000,275стоки и услуги2.072.722.0002.009.762.00026,397каматни плаќања12.000.00028.000.0000,2233,3субвенции и трансфери1.537.833.0001.013.335.00019,565,9отплата на главница168.000.000150.000.0002,189,3КАПИТАЛНИ РАСХОДИ2.518.655.0002.385.485.00032,094,7  Износите на секој од поединечните буџети од кои се состои вкупниот буџетот на Град Скопје за 2021 година се наведени подолу во табелата.    Табела 3: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ 2021 год - ПОЕДИНЕЧНИ БУЏЕТИ БУЏЕТ  НА ГРАД СКОПЈЕБУЏЕТ 2020БУЏЕТ 20212021/    2020ВКУПНО7.870.317.0007.199.000.00091,5Основен буџет4.790.000.0004.330.000.00090,4Буџет на дотации1.907.455.0001.966.991.000103,1Буџет на самофинансирачки активности325.862.000329.248.000101Буџет на донации142.000.000152.761.000107,6Буџет на кредити705.000.000420.000.00059,6  Во прикажаниот графикон е претставена споредба помеѓу буџетот на Град Скопје за 2021 година во однос на 2020 година. Графикон 1: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ 2021 год. (поединечни буџети споредено 2021/2020 година)  

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања